СЦ Дуња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sts-duna/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 08:19:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СЦ Дуња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sts-duna/ 32 32 Концерти на Junaït и Хана Корнети во Социјалниот центар „Дуња” https://arhiva3.republika.mk/scena/kontserti-na-junait-i-hana-korneti-vo-sotsijalniot-tsentar-duna/ Mon, 19 Aug 2024 08:19:53 +0000 https://republika.mk/?p=807851

На 20 август (вторник), со почеток во 20 часот, во Социјалниот центар „Дуња”, ќе се одржат концерти на германското трио Junaït и македонската музичарка Хана Корнети.

Junaït се германско трио составено од Клара Вигер (кларинет / бас кларинет), Каролине Колдиц (гитара) и Лин Хартфил (контрабас). Свират комплексна музика, во која се слуша блиско-источен фолклор покрај авангарден експресионизам, камерен џез покрај современ класичен израз, зацртани аранжмани покрај слободно импровизирани - сѐ ова во спонтани и игриви концертни изведби. Ова им е второ гостување во Македонија, каде во моментов работат на својот деби албум.

Повеќе околу музиката  на триото Junaït можете да дознаете на нивната веб страница и на Инстаграм.

Хана Корнети е музичарка од Скопје. Во формат на поет-раскажувач пишува и изведува микрокосмички минијатури. Во описот за нејзиниот деби албум „Голи песни” (Шарла, 2023) нејзиниот музички соработник Давид Ангелевски ќе напише: „Нејзиното форте е шармот, искреноста, но и вештината да ги претвори книжевните вибрации во музички далги од мелодии и сеќавања, звуци и воздишки кои лесно ќе ве вовлечат во нејзиниот имагинариум. Да не ви се излегува. Првокласен е раскажувач, заводливо е игрива, но и политички гласна кога ќе препознае неправда, а ги има, нели?”

 

The post Концерти на Junaït и Хана Корнети во Социјалниот центар „Дуња” appeared first on Република.

]]>

На 20 август (вторник), со почеток во 20 часот, во Социјалниот центар „Дуња”, ќе се одржат концерти на германското трио Junaït и македонската музичарка Хана Корнети. Junaït се германско трио составено од Клара Вигер (кларинет / бас кларинет), Каролине Колдиц (гитара) и Лин Хартфил (контрабас). Свират комплексна музика, во која се слуша блиско-источен фолклор покрај авангарден експресионизам, камерен џез покрај современ класичен израз, зацртани аранжмани покрај слободно импровизирани - сѐ ова во спонтани и игриви концертни изведби. Ова им е второ гостување во Македонија, каде во моментов работат на својот деби албум. Повеќе околу музиката  на триото Junaït можете да дознаете на нивната веб страница и на Инстаграм. Хана Корнети е музичарка од Скопје. Во формат на поет-раскажувач пишува и изведува микрокосмички минијатури. Во описот за нејзиниот деби албум „Голи песни” (Шарла, 2023) нејзиниот музички соработник Давид Ангелевски ќе напише: „Нејзиното форте е шармот, искреноста, но и вештината да ги претвори книжевните вибрации во музички далги од мелодии и сеќавања, звуци и воздишки кои лесно ќе ве вовлечат во нејзиниот имагинариум. Да не ви се излегува. Првокласен е раскажувач, заводливо е игрива, но и политички гласна кога ќе препознае неправда, а ги има, нели?”  

The post Концерти на Junaït и Хана Корнети во Социјалниот центар „Дуња” appeared first on Република.

]]>