стружанец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/struzanec/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 19:29:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стружанец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/struzanec/ 32 32 Стружанецот по кој се трагаше два дена е пронајден мртов https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/struzhanetsot-po-koj-se-tragashe-dva-dena-e-pronajden-mrtov/ Wed, 23 Oct 2024 19:29:12 +0000 https://republika.mk/?p=830341

Во атарот на струшкото село Глобочица околу пладне е пронајдено безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој пред два дена беше пријавен за исчезнат, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според него, телото на К.М. било без траги на насилство, а смрт констатирала медицинска екипа.

Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител. Телото на починатиот е предадено на обдукција.

Лицето било пријавено за исчезнато во понеделникот доцна попладнето во реонот на селото Брчево, каде собирал шумски плодови и не се вратил во својата викенд куќа, а не можело да се воспостави ниту телефонска комуникација.

По него трагаше екипа на полицијата, Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид и локално население.

The post Стружанецот по кој се трагаше два дена е пронајден мртов appeared first on Република.

]]>

Во атарот на струшкото село Глобочица околу пладне е пронајдено безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој пред два дена беше пријавен за исчезнат, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Според него, телото на К.М. било без траги на насилство, а смрт констатирала медицинска екипа. Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител. Телото на починатиот е предадено на обдукција. Лицето било пријавено за исчезнато во понеделникот доцна попладнето во реонот на селото Брчево, каде собирал шумски плодови и не се вратил во својата викенд куќа, а не можело да се воспостави ниту телефонска комуникација. По него трагаше екипа на полицијата, Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид и локално население.

The post Стружанецот по кој се трагаше два дена е пронајден мртов appeared first on Република.

]]>
Стружанецот Ангеле Илоски ќе трча од Струга до Охрид за поддршка на лицата со ретки болести https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/struzhanetsot-angele-iloski-ke-trcha-od-struga-do-ohrid-za-poddrshka-na-litsata-so-retki-bolesti/ Thu, 29 Feb 2024 07:54:33 +0000 https://republika.mk/?p=749470

Стружанецот Ангеле Илоски денеска ќе трча од Струга до Охрид за поддршка на лицата со ретки болести.

Љубовта кон спортот реши да ја искористи за да искаже почит и поддршка за овие лица и нивните семејства со претрчување на рутата од хотелот „Боград“ во Струга, до охридскиот хотел „Су“.

Четиринаесет километарската рута, очекува да трае околу два часа. Вели дека нема да му биде многу тешка, затоа што трчањето е активност што секојдневно ја практикува, а на денот посветен на ретките болести ќе има посебна инспирација која ќе го однесе до целта.

Идејата беше лично моја. Штом се работи за хумани иницијативи веднаш се сетив на тимот на хотел „Боград“, ги исконтактирав и веднаш се согласија да ме поддржат. Рутата ќе трае околу два часа. Мислам дека нема да ми биде многу тешко. Трчањето е моја култура на живеење, а сега имам дополнителен мотив. Мислам дека секој човек може да најде начин да се обиде да ја разбуди свеста за сите предизвици и потешкотии со кои се соочуваат ретките болести и нивните семејства, изјави Илоски.

Во овој хуманитарен подвиг на велосипед ќе го придружува Дејан Наумоски, а ќе ги следи и цел тим до крајната дестинација.

 

The post Стружанецот Ангеле Илоски ќе трча од Струга до Охрид за поддршка на лицата со ретки болести appeared first on Република.

]]>

Стружанецот Ангеле Илоски денеска ќе трча од Струга до Охрид за поддршка на лицата со ретки болести. Љубовта кон спортот реши да ја искористи за да искаже почит и поддршка за овие лица и нивните семејства со претрчување на рутата од хотелот „Боград“ во Струга, до охридскиот хотел „Су“. Четиринаесет километарската рута, очекува да трае околу два часа. Вели дека нема да му биде многу тешка, затоа што трчањето е активност што секојдневно ја практикува, а на денот посветен на ретките болести ќе има посебна инспирација која ќе го однесе до целта.
Идејата беше лично моја. Штом се работи за хумани иницијативи веднаш се сетив на тимот на хотел „Боград“, ги исконтактирав и веднаш се согласија да ме поддржат. Рутата ќе трае околу два часа. Мислам дека нема да ми биде многу тешко. Трчањето е моја култура на живеење, а сега имам дополнителен мотив. Мислам дека секој човек може да најде начин да се обиде да ја разбуди свеста за сите предизвици и потешкотии со кои се соочуваат ретките болести и нивните семејства, изјави Илоски.
Во овој хуманитарен подвиг на велосипед ќе го придружува Дејан Наумоски, а ќе ги следи и цел тим до крајната дестинација.  

The post Стружанецот Ангеле Илоски ќе трча од Струга до Охрид за поддршка на лицата со ретки болести appeared first on Република.

]]>
Стружанец загина на Велигден откако со „фолксваген“ излета од патот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/struzhanets-zagina-na-veligden-otkako-so-folksvagen-izleta-od-patot/ Mon, 17 Apr 2023 09:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=631389

Вчера во 13.55 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Елевци – с.Евла, Центар Жупа, патничко возило „фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(31) од с.Враништа, излетало надвор од коловозот.

„На местото на несреќата починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар.

 

The post Стружанец загина на Велигден откако со „фолксваген“ излета од патот appeared first on Република.

]]>

Вчера во 13.55 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Елевци – с.Евла, Центар Жупа, патничко возило „фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(31) од с.Враништа, излетало надвор од коловозот. „На местото на несреќата починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар.  

The post Стружанец загина на Велигден откако со „фолксваген“ излета од патот appeared first on Република.

]]>
Уапсен стружанец шеф на наркогрупа која растурала кристален мет и кокаин низ Австралија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-struzanec-shef-na-narkogrupa-koja-rasturala-kristalen-met-i-kokain-niz-avstralija/ Fri, 28 Oct 2022 10:25:07 +0000 https://republika.mk/?p=566766

Дваесет и седумгодишен стружанец И.Р. е приведен под сомнение дека е координатор на меѓународна организирана криминална група која дејствувала главно на територијата на Австралија, како и други 13 лица поврзани со групата која ја координирал тој Запленета била голема количина наркотична дрога метиламфетамин и кокаин во вредност од над 10.000.000 австралиски долари, како и голем износ на парични средства.

МВР денеска соопшти дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги, Единица за недозволена трговија со дрога заедно со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во директна соработка и размена на докази со Австралиската федерална полиција и полициските сили од Западна Австралија, а во координација и со американската ДЕА, по едногодишна истрага, во Струга го лишиле од слобода И.Р.(27) од Струга, со македонско – австралиско државјанство, за кого постојат основи на сомнение дека е координатор на меѓународна организирана криминална група која дејствувала главно на територијата на Австралија, користејќи софистициран начин на комуникација, преку енкриптирани телефонски уреди и договарање на зделките со дрога.

Во текот на оваа меѓународна операција во Австралија лишени се од слобода 13 лица кои биле припадници на криминални групи поврзани со групата која ја координирал И.Р., при што била запленета голема количина наркотична дрога метиламфетамин и кокаин во вредност од над 10.000.000 австралиски долари, како и голем износ на парични средства, информира МВР.

Според соопштението, за време на претресите кај И.Р. во Струга биле пронајдени повеќе предмети за кои постоело сомнение дека се користени при извршување на кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл. 215 став 1 и „Злосторничко здружување“ по чл.394 ст.1 од Кривичниот законик.

Лицето е приведено и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО за ГОКК за наведените кривични дела, а од страна на Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје одредена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена, стои во соопштението на полицијата.

The post Уапсен стружанец шеф на наркогрупа која растурала кристален мет и кокаин низ Австралија appeared first on Република.

]]>

Дваесет и седумгодишен стружанец И.Р. е приведен под сомнение дека е координатор на меѓународна организирана криминална група која дејствувала главно на територијата на Австралија, како и други 13 лица поврзани со групата која ја координирал тој Запленета била голема количина наркотична дрога метиламфетамин и кокаин во вредност од над 10.000.000 австралиски долари, како и голем износ на парични средства. МВР денеска соопшти дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги, Единица за недозволена трговија со дрога заедно со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во директна соработка и размена на докази со Австралиската федерална полиција и полициските сили од Западна Австралија, а во координација и со американската ДЕА, по едногодишна истрага, во Струга го лишиле од слобода И.Р.(27) од Струга, со македонско – австралиско државјанство, за кого постојат основи на сомнение дека е координатор на меѓународна организирана криминална група која дејствувала главно на територијата на Австралија, користејќи софистициран начин на комуникација, преку енкриптирани телефонски уреди и договарање на зделките со дрога.
Во текот на оваа меѓународна операција во Австралија лишени се од слобода 13 лица кои биле припадници на криминални групи поврзани со групата која ја координирал И.Р., при што била запленета голема количина наркотична дрога метиламфетамин и кокаин во вредност од над 10.000.000 австралиски долари, како и голем износ на парични средства, информира МВР.
Според соопштението, за време на претресите кај И.Р. во Струга биле пронајдени повеќе предмети за кои постоело сомнение дека се користени при извршување на кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл. 215 став 1 и „Злосторничко здружување“ по чл.394 ст.1 од Кривичниот законик.
Лицето е приведено и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО за ГОКК за наведените кривични дела, а од страна на Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје одредена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена, стои во соопштението на полицијата.

The post Уапсен стружанец шеф на наркогрупа која растурала кристален мет и кокаин низ Австралија appeared first on Република.

]]>
Приведено лице од струшко, запленети 4.400 парчиња пиротехнички средства https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeno-lice-od-strushko-zapleneti-4-400-parchinja-pirotehnichki-sredstva/ Sat, 01 Jan 2022 14:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=439323

На 31.12.2021 година, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на М.М.(47), од струшкото село Лабуништа.

Како што соопшти МВР, притоа, полициските службеници од ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа 4.400 парчиња пиротехнички средства – петарди што неовластено ги поседувал.

Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведено лице од струшко, запленети 4.400 парчиња пиротехнички средства appeared first on Република.

]]>

На 31.12.2021 година, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на М.М.(47), од струшкото село Лабуништа. Како што соопшти МВР, притоа, полициските службеници од ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа 4.400 парчиња пиротехнички средства – петарди што неовластено ги поседувал. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведено лице од струшко, запленети 4.400 парчиња пиротехнички средства appeared first on Република.

]]>