Струшки вечери на поезијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strushki-vecheri-na-poezijata/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Aug 2024 10:12:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Струшки вечери на поезијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strushki-vecheri-na-poezijata/ 32 32 Поетот и писател Владо Јаневски од Австралија е добитник на наградата „Стојан Христов“ на Струшките вечери на поезијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/poetot-i-pisatel-vlado-janevski-od-avstralija-e-dobitnik-na-nagradata-stojan-hristov-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Sat, 24 Aug 2024 19:03:11 +0000 https://republika.mk/?p=809825

Македонскиот поет, писател и ликовен уметник, Владо Јаневски од Австралија е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво, во рамки на „Струшките вечери на поезијата“.

Жири-комисијата во состав Митко Гогов, претседател и Иван Шопов и Игор Трпески членови од пристигнатите пет книги, одлучи ова признание да го додели на Јаневски за поетската збирка „На грбот на неповратот“.

Поетската збирка „На грбот на неповратот“ од македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија несомнено се издвојува од останатите по квалитетот, поетскиот пристап, како и естетските вредности со кои се одликува. Јаневски пишува приказно и прецизно, стилски префинето, а стиховите се надоврзуваат ритмично, честопати со наративните тонови балансирајќи меѓу личното и колективното, интимното и општочовечкото, стои во образложението на жири-комисијата.

Како што е наведено во соопштението, песните се испишани со куси, слободни стихови, а тоновите во нив се меланхолични, рефлексивни, на моменти мрачни, но и имплицитно бунтовни.

Евидентна е и јасно видлива грижата за структурата на книгата при поделбата на пет тематски кохерентни циклуси, кои сочинуваат цврста заокружена целина, соопшти жири-комисијата.

The post Поетот и писател Владо Јаневски од Австралија е добитник на наградата „Стојан Христов“ на Струшките вечери на поезијата appeared first on Република.

]]>

Македонскиот поет, писател и ликовен уметник, Владо Јаневски од Австралија е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво, во рамки на „Струшките вечери на поезијата“. Жири-комисијата во состав Митко Гогов, претседател и Иван Шопов и Игор Трпески членови од пристигнатите пет книги, одлучи ова признание да го додели на Јаневски за поетската збирка „На грбот на неповратот“.
Поетската збирка „На грбот на неповратот“ од македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија несомнено се издвојува од останатите по квалитетот, поетскиот пристап, како и естетските вредности со кои се одликува. Јаневски пишува приказно и прецизно, стилски префинето, а стиховите се надоврзуваат ритмично, честопати со наративните тонови балансирајќи меѓу личното и колективното, интимното и општочовечкото, стои во образложението на жири-комисијата.
Како што е наведено во соопштението, песните се испишани со куси, слободни стихови, а тоновите во нив се меланхолични, рефлексивни, на моменти мрачни, но и имплицитно бунтовни.
Евидентна е и јасно видлива грижата за структурата на книгата при поделбата на пет тематски кохерентни циклуси, кои сочинуваат цврста заокружена целина, соопшти жири-комисијата.

The post Поетот и писател Владо Јаневски од Австралија е добитник на наградата „Стојан Христов“ на Струшките вечери на поезијата appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова ги прими лауреатот, наградените и организаторите на 63. Струшки вечери на поезијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/silanovska-davkova-gi-primi-laureatot-nagradenite-i-organizatorite-na-63-strushki-vecheri-na-poezijata/ Fri, 23 Aug 2024 16:13:49 +0000 https://republika.mk/?p=809550

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги прими лауреатот и добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2024 година, Жан-Пјер Симеон, добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“, Катица Ќулавкова, добитничката на наградата „Мостови на Струга“, Катрин Пиц и добитничката на возобновената награда „Млада Струга“, Филипа Сара Попова, информираат од претседателскиот кабинет.

На средбата присуствуваа Тодорче Тасевски, директорот на Струшките вечери на поезијата, Елизабета Шелева, претседателка на Управниот одбор на фестивалот и Јордан Плевнеш, поранешниот македонски амбасадор во Франција и препејувач на поезијата на лауреатот Жан-Пјер Симеон.

Посочувајќи дека Струшките вечери на поезијата, со повеќе од шест децениското постоење и автентичност, го имаат приматот на еден од најстарите и најзначајни светски поетски фестивали, претседателката ја поздрави годинашната богата програмска содржина и ја истакна неговата непроценлива важност за презентација на македонското и светското поетско творештво, известуваат од Кабинетот на Сиљановска Давкова.

На средбата, претседателката упатила честитки до годинашниот лауреат, францускиот поет, драматург и есеист Жан-Пјер Симеон и до добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“, академик Катица Ќулавкова,  истакнувајќи го нивниот значаен творечки, литературен и поетски придонес, како и до младите поетеси Катрин Пиц и Филипа Сара Попова, изразувајќи очекување дека овие престижни награди ќе претставуваат охрабрување и поттик за нивни натамошни меѓународни успеси.

Соговорниците разменија мислења за значењето и придонесот на Струшките вечери на поезијата во севкупната афирмација на македонската држава и култура, како и за важноста од постојано надградување на фестивалот и негово отворање за нови содржини и форми на поетска презентација, информираат од претседателскиот Кабинет.

Претседателката го поздрави возобновувањето на наградата „Млада Струга“ како можност за промоција на авторите дебитанти и поетите од помладата генерација, како и издавањето на специјалното издание со Брајово писмо на избор од антологиски песни на Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски и Матеја Матевски, со што се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо и им се овозможува на лицата со оштетен вид да ја доживеат убавината на поезијата.

The post Сиљановска Давкова ги прими лауреатот, наградените и организаторите на 63. Струшки вечери на поезијата appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги прими лауреатот и добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2024 година, Жан-Пјер Симеон, добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“, Катица Ќулавкова, добитничката на наградата „Мостови на Струга“, Катрин Пиц и добитничката на возобновената награда „Млада Струга“, Филипа Сара Попова, информираат од претседателскиот кабинет. На средбата присуствуваа Тодорче Тасевски, директорот на Струшките вечери на поезијата, Елизабета Шелева, претседателка на Управниот одбор на фестивалот и Јордан Плевнеш, поранешниот македонски амбасадор во Франција и препејувач на поезијата на лауреатот Жан-Пјер Симеон.
Посочувајќи дека Струшките вечери на поезијата, со повеќе од шест децениското постоење и автентичност, го имаат приматот на еден од најстарите и најзначајни светски поетски фестивали, претседателката ја поздрави годинашната богата програмска содржина и ја истакна неговата непроценлива важност за презентација на македонското и светското поетско творештво, известуваат од Кабинетот на Сиљановска Давкова.
На средбата, претседателката упатила честитки до годинашниот лауреат, францускиот поет, драматург и есеист Жан-Пјер Симеон и до добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“, академик Катица Ќулавкова,  истакнувајќи го нивниот значаен творечки, литературен и поетски придонес, како и до младите поетеси Катрин Пиц и Филипа Сара Попова, изразувајќи очекување дека овие престижни награди ќе претставуваат охрабрување и поттик за нивни натамошни меѓународни успеси.
Соговорниците разменија мислења за значењето и придонесот на Струшките вечери на поезијата во севкупната афирмација на македонската држава и култура, како и за важноста од постојано надградување на фестивалот и негово отворање за нови содржини и форми на поетска презентација, информираат од претседателскиот Кабинет.
Претседателката го поздрави возобновувањето на наградата „Млада Струга“ како можност за промоција на авторите дебитанти и поетите од помладата генерација, како и издавањето на специјалното издание со Брајово писмо на избор од антологиски песни на Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски и Матеја Матевски, со што се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо и им се овозможува на лицата со оштетен вид да ја доживеат убавината на поезијата.

The post Сиљановска Давкова ги прими лауреатот, наградените и организаторите на 63. Струшки вечери на поезијата appeared first on Република.

]]>
Запален фестивалскиот оган на 63. Струшки вечери на поезијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zapalen-festivalskiot-ogan-na-63-strushki-vecheri-na-poezijata/ Thu, 22 Aug 2024 22:45:24 +0000 https://republika.mk/?p=809213

Со музичко-поетски перформанс на македонскиот пијанист Дино Имери и традиционалното палење на поетскиот оган вечерва свечено се отвори 63. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“.

Свеченоста се одржа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во присуство на голем број поети од земјава и од странство, како и на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претставници на дипломатскиот кор, претставници на политичкиот и културниот живот во земјава и почитувачи на пишаниот збор.

Чествувајќи ја 200-годишнината од кодифицирањето на Брајовото писмо, за првпат титуларната песна на „Струшките вечери на поезијата“, Константиновата “Т’га за југ“, беше прочитана од лицето со оштетен вид Беира Салифоска со помош на Брајовото писмо.

Со мотото „Допир на убавината“, оваа година оддаваме почит и одбележуваме 200 години од кодифицирањето на Брајовото писмо. Ако постои објективна реалност, каде убавината се восприема преку очите, тогаш Брајовото писмо е „окото“ за лицата со оштетен вид и слепите лица. Преку неговата рељефност, допирајќи го, тие се допрени од убавината на поезијата. Од врвот на прстите до дното на душата, рече актерката Софија Насевска-Трифуновска, која ја водеше свеченоста.

Поетската порака ја испрати македонскиот писател Веле Смилевски, кој посебен акцент стави на годинешниот лауреат, добитник на „Златниот венец“, Жан Пјер Симеон, а министерот за култура Зоран Љутков, отворајќи го Фестивалот посочи дека низ годините дел од фестивалот биле најкултните светски поетски имиња.

Вечерта продолжи со традиционалното поетското читање насловено „Меридијани“ на кое свои стихови прочитаа добитникот на „Златниот венец“, истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон, добитничката на „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, нашата истакната поетеса и книжевен теоретичар, Катица Ќулавкова, добитничката на наградата „Мостови на Струга“, германската поетеса Катрин Пиц, истакнатиот шведски поет Бенгт Берг, кој годинава ќе биде претставен и во рамки на едицијата „Плејади“, германската поетеса Ана Хофман, турскиот поет Ѓокченур Челебиоглу, монголскиот поет Галсансух Дежидмаа како и многу други странски и домашни поети.

Оваа година, церемонијата на свеченото отворање се случуваше со специјално подготвена сценографија од ОТП студио, на начин што ги истакнува потенцијалите на сценскиот простор преку поврзување на главната со летната сцена. Со ваквото поврзување се добива импресивен волумен, кој нуди безброј можности за мултимедијални настани од различен вид. Последен пат, ова е направено пред повеќе од 30 години.

The post Запален фестивалскиот оган на 63. Струшки вечери на поезијата appeared first on Република.

]]>

Со музичко-поетски перформанс на македонскиот пијанист Дино Имери и традиционалното палење на поетскиот оган вечерва свечено се отвори 63. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“. Свеченоста се одржа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во присуство на голем број поети од земјава и од странство, како и на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претставници на дипломатскиот кор, претставници на политичкиот и културниот живот во земјава и почитувачи на пишаниот збор. Чествувајќи ја 200-годишнината од кодифицирањето на Брајовото писмо, за првпат титуларната песна на „Струшките вечери на поезијата“, Константиновата “Т’га за југ“, беше прочитана од лицето со оштетен вид Беира Салифоска со помош на Брајовото писмо.
Со мотото „Допир на убавината“, оваа година оддаваме почит и одбележуваме 200 години од кодифицирањето на Брајовото писмо. Ако постои објективна реалност, каде убавината се восприема преку очите, тогаш Брајовото писмо е „окото“ за лицата со оштетен вид и слепите лица. Преку неговата рељефност, допирајќи го, тие се допрени од убавината на поезијата. Од врвот на прстите до дното на душата, рече актерката Софија Насевска-Трифуновска, која ја водеше свеченоста.
Поетската порака ја испрати македонскиот писател Веле Смилевски, кој посебен акцент стави на годинешниот лауреат, добитник на „Златниот венец“, Жан Пјер Симеон, а министерот за култура Зоран Љутков, отворајќи го Фестивалот посочи дека низ годините дел од фестивалот биле најкултните светски поетски имиња. Вечерта продолжи со традиционалното поетското читање насловено „Меридијани“ на кое свои стихови прочитаа добитникот на „Златниот венец“, истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон, добитничката на „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, нашата истакната поетеса и книжевен теоретичар, Катица Ќулавкова, добитничката на наградата „Мостови на Струга“, германската поетеса Катрин Пиц, истакнатиот шведски поет Бенгт Берг, кој годинава ќе биде претставен и во рамки на едицијата „Плејади“, германската поетеса Ана Хофман, турскиот поет Ѓокченур Челебиоглу, монголскиот поет Галсансух Дежидмаа како и многу други странски и домашни поети. Оваа година, церемонијата на свеченото отворање се случуваше со специјално подготвена сценографија од ОТП студио, на начин што ги истакнува потенцијалите на сценскиот простор преку поврзување на главната со летната сцена. Со ваквото поврзување се добива импресивен волумен, кој нуди безброј можности за мултимедијални настани од различен вид. Последен пат, ова е направено пред повеќе од 30 години.

The post Запален фестивалскиот оган на 63. Струшки вечери на поезијата appeared first on Република.

]]>
Почнуваат Струшките вечери на поезијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnuvaat-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Thu, 22 Aug 2024 06:10:49 +0000 https://republika.mk/?p=808857

Со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 година, истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон, денеска во Струга почнува 63. издание на Струшките вечери на поезијата.

Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ во Домот на поезијата, а ќе продолжи со Меѓународното поетско читање „Меридијани“. За отворањето на Фестивалот, директорот Тодорче Тасевски најави дека ќе има специјално подготвена сценографија, која ги истакнува потенцијалите на сценскиот простор преку поврзување на главната со летната сцена.

Покрај лауреатот, на 63-тите Струшки вечери на поезијата свои стихови ќе читаат и добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ македонската поетеса и книжевен теоретичар, Катица Ќулавкова, „Мостови на Струга“, германската поетеса Катрин Пиц, како и поетите Бенгт Берг од Шведска, Ана Хофман од Германија, Ѓокченур Челебиоглу од Турција, Галсансух Дежидмаа од Монголија.

Годинашното мото е „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица преку неговата тактилност и рељефност со допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата.

Во рамките на програмата предвидени се меѓународни поетски читања, како и поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024. Неизоставен дел се и портретите на добитниците на „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“, како и традиционално портрет на лауреатот во црквата „Света Софија“ во Охрид.

На програмата се и чествување на годишнините на петмина македонски поети и одбележување 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, 95 години од раѓањата на Гане Тодоровски и Матеја Матевски“, како и традиционалното поетско кафе со поети од платформата Версополис. Ќе биде отворена и изложба на Литов Намдаг Јанчивин, почесен конзул на Монголија, по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

Фестивалот завршува в недела на манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“„Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ на годинашните лауреати Жан Пјер Симеон, ,Катрин Пиц, Катица Ќулафкова и Филипа Сара Попова.

Поради активностите за поставување на сценографија, од 15 часот ќе биде затворена за сообраќај улицата кеј „Борис Кидрич“ пред платото на Центарот за култура, а в недела во 12 часот ќе биде затворена улицата „Партизанска“ за свеченото затворање на манифестацијата „Мостови“

The post Почнуваат Струшките вечери на поезијата appeared first on Република.

]]>

Со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 година, истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон, денеска во Струга почнува 63. издание на Струшките вечери на поезијата. Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ во Домот на поезијата, а ќе продолжи со Меѓународното поетско читање „Меридијани“. За отворањето на Фестивалот, директорот Тодорче Тасевски најави дека ќе има специјално подготвена сценографија, која ги истакнува потенцијалите на сценскиот простор преку поврзување на главната со летната сцена. Покрај лауреатот, на 63-тите Струшки вечери на поезијата свои стихови ќе читаат и добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ македонската поетеса и книжевен теоретичар, Катица Ќулавкова, „Мостови на Струга“, германската поетеса Катрин Пиц, како и поетите Бенгт Берг од Шведска, Ана Хофман од Германија, Ѓокченур Челебиоглу од Турција, Галсансух Дежидмаа од Монголија. Годинашното мото е „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица преку неговата тактилност и рељефност со допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата. Во рамките на програмата предвидени се меѓународни поетски читања, како и поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024. Неизоставен дел се и портретите на добитниците на „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“, како и традиционално портрет на лауреатот во црквата „Света Софија“ во Охрид. На програмата се и чествување на годишнините на петмина македонски поети и одбележување 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, 95 години од раѓањата на Гане Тодоровски и Матеја Матевски“, како и традиционалното поетско кафе со поети од платформата Версополис. Ќе биде отворена и изложба на Литов Намдаг Јанчивин, почесен конзул на Монголија, по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Фестивалот завршува в недела на манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“„Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ на годинашните лауреати Жан Пјер Симеон, ,Катрин Пиц, Катица Ќулафкова и Филипа Сара Попова. Поради активностите за поставување на сценографија, од 15 часот ќе биде затворена за сообраќај улицата кеј „Борис Кидрич“ пред платото на Центарот за култура, а в недела во 12 часот ќе биде затворена улицата „Партизанска“ за свеченото затворање на манифестацијата „Мостови“  

The post Почнуваат Струшките вечери на поезијата appeared first on Република.

]]>
На поетски фестивал во Ротердам претставена поетесата Ива Дамјановски и монографии на македонските добитници на „Златен венец“, Матеја Матевски и Влада Урошевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-poetski-festival-vo-roterdam-pretstavena-poetesata-iva-damjanovski-i-monografii-na-makedonskite-dobitnitsi-na-zlaten-venets-mateja-matevski-i-vlada-uroshevik/ Tue, 11 Jun 2024 07:47:18 +0000 https://republika.mk/?p=786449

Македонската поетеса Ива Дамјановски беше претставена на поетскиот фестивал Poetry International, кој се одржа од 6 до 9 јуни во Ротердам, Холандија.

Фестивалот кој е еден од најреномираните европски поетски фестивали, член на платформата Версополис, оваа година го имаше своето 54. издание со исклучително богата и разновидна програма. Ива Дамјановски настапи во главната програма, на поетското читање што се одржа во мултимедијалниот центар Зудплејн, каде што секој автор пред неговиот настап беше преставен со специјално создадено мултимедијално видео. Според традицијата, Фестивалот секоја година кани различен режисер што во зависност од темата на фестивалот, осмислува сценски амбиент во кој се одвиваат настапите на поетите. Оваа година, тоа беше режисерот Пук ван Дијк во соработка со Себастијан Сминк.

Ива Дамјановски исто така беше дел од интерактивната и мошне интересно осмислена „просторна“ поетска дебата, каде што поетите учесници ги изразуваа своите ставови и преку просторно позиционирање на сцената.
Главното претставување на Дамјановска се случи на 8 јуни во мултимедијалниот центар Лантаренвенстер, каде што имаше прилика во траење од половина час да прочита избор од нејзината поезија, а потоа да ги претстави нејзините поетички ставови во разговор со модератор. Нејзиниот настап наиде на исклучително добар прием кај публиката која ја исполни салата до последното место.

Инспирирани од поезијата на Ива Дамјановски, студентите од академијата Вилијам де Кенинг, дизајнираа специјален плакат во склоп на серијата плакати инспирани од поезијата на учесниците во главната програма на Фестивалот. Учеството на Ива Дамјановски беше овозможено од платформата Версополис, која почнувајќи од 2014 година ја зголемува мобилноста и афирмацијата на младите поети во подем.

Поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ се дел од Версополис и директорот Тодорче Тасевски оствари повеќе средби со директорите на фестивали и поетски колективи. На средбите беа разменети искуства поврзани со организацијата на фестивали и беа договорени идни потенцијални соработки. Тодорче Тасевски, на директорката на Poetry International, Диана Чин-А-Фат ѝ врачи примероци од Монографиите на македонските добитници на „Златен венец“, Матеја Матевски и Влада Урошевиќ. Овие монографии, во кои значителен дел од поезијата е преведен на англиски јазик ќе бидат уште една можност за увид во творештвото на нашите двајца истакнати поети, но и можност за холандските издавачи да пројават интерес за изданија на холандски јазик.

The post На поетски фестивал во Ротердам претставена поетесата Ива Дамјановски и монографии на македонските добитници на „Златен венец“, Матеја Матевски и Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>

Македонската поетеса Ива Дамјановски беше претставена на поетскиот фестивал Poetry International, кој се одржа од 6 до 9 јуни во Ротердам, Холандија. Фестивалот кој е еден од најреномираните европски поетски фестивали, член на платформата Версополис, оваа година го имаше своето 54. издание со исклучително богата и разновидна програма. Ива Дамјановски настапи во главната програма, на поетското читање што се одржа во мултимедијалниот центар Зудплејн, каде што секој автор пред неговиот настап беше преставен со специјално создадено мултимедијално видео. Според традицијата, Фестивалот секоја година кани различен режисер што во зависност од темата на фестивалот, осмислува сценски амбиент во кој се одвиваат настапите на поетите. Оваа година, тоа беше режисерот Пук ван Дијк во соработка со Себастијан Сминк. Ива Дамјановски исто така беше дел од интерактивната и мошне интересно осмислена „просторна“ поетска дебата, каде што поетите учесници ги изразуваа своите ставови и преку просторно позиционирање на сцената. Главното претставување на Дамјановска се случи на 8 јуни во мултимедијалниот центар Лантаренвенстер, каде што имаше прилика во траење од половина час да прочита избор од нејзината поезија, а потоа да ги претстави нејзините поетички ставови во разговор со модератор. Нејзиниот настап наиде на исклучително добар прием кај публиката која ја исполни салата до последното место. Инспирирани од поезијата на Ива Дамјановски, студентите од академијата Вилијам де Кенинг, дизајнираа специјален плакат во склоп на серијата плакати инспирани од поезијата на учесниците во главната програма на Фестивалот. Учеството на Ива Дамјановски беше овозможено од платформата Версополис, која почнувајќи од 2014 година ја зголемува мобилноста и афирмацијата на младите поети во подем. Поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ се дел од Версополис и директорот Тодорче Тасевски оствари повеќе средби со директорите на фестивали и поетски колективи. На средбите беа разменети искуства поврзани со организацијата на фестивали и беа договорени идни потенцијални соработки. Тодорче Тасевски, на директорката на Poetry International, Диана Чин-А-Фат ѝ врачи примероци од Монографиите на македонските добитници на „Златен венец“, Матеја Матевски и Влада Урошевиќ. Овие монографии, во кои значителен дел од поезијата е преведен на англиски јазик ќе бидат уште една можност за увид во творештвото на нашите двајца истакнати поети, но и можност за холандските издавачи да пројават интерес за изданија на холандски јазик.

The post На поетски фестивал во Ротердам претставена поетесата Ива Дамјановски и монографии на македонските добитници на „Златен венец“, Матеја Матевски и Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>
Во спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга откриена бистата на Томас Транстромер https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-spomen-domot-na-brakata-miladinovtsi-vo-struga-otkriena-bistata-na-tomas-transtromer/ Sat, 25 May 2024 09:15:09 +0000 https://republika.mk/?p=781598

Во спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга, во седиштето на Струшките вечери на поезијата, вчера била откриена биста на Томас Транстромер, добитникот на Златниот венец во 2003 година.

Националната установа Струшки вечери на поезијата денеска информира дека автор на делото е академскиот вајар Сокол Цфарку, а е донација од македонскиот иселеник во Шведска, Антонијо Трпeвски и неговата сопруга Пирко Т. Киленен.

Монографијата со избрани песни од Томас Транстромер, според директорот на СВП, Тодорче Тасевски, е мостот што ги зближува двете култури и жив паметник на силата на поетскиот збор, како на авторот, така и на препејувачот.

Од денес, имаме уште еден споменик отелотворен во ова прекрасно дело од нашиот истакнат акедемски вајар Сокол Цфарку, кој исто така мајсторски го долови ликот на Томас Транстромер, истакнал Тасевески.

На настанот, како што е наведено, биле прочитани песни од Томас Транстромер на македонски и на шведски јазик, а меѓу присутните биле гости од Шведска, под водство на Антонијо Трпeвски и покровителство на Дан Олофсон, познат шведски бизнисмен и филантроп. Присуствувал и Миодраг Станковски, преведувачот на Томас Транстромер од шведски на македонски јазик и неговата сопруга Мариан Станковски.

Томас Транстромер е еден од најпознатите шведски поети. Неговата поезија се карактеризира со чувството на мистерија и на чудо под површината на рутината на секојдневието, што им дава една религиозна димензија на неговите песни. Роден на 15 април 1931 година, а починал на 26 март 2015 година. Добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 2003 година, а добитник на Нобеловата награда за книжевност во 2011 година.

The post Во спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга откриена бистата на Томас Транстромер appeared first on Република.

]]>

Во спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга, во седиштето на Струшките вечери на поезијата, вчера била откриена биста на Томас Транстромер, добитникот на Златниот венец во 2003 година. Националната установа Струшки вечери на поезијата денеска информира дека автор на делото е академскиот вајар Сокол Цфарку, а е донација од македонскиот иселеник во Шведска, Антонијо Трпeвски и неговата сопруга Пирко Т. Киленен. Монографијата со избрани песни од Томас Транстромер, според директорот на СВП, Тодорче Тасевски, е мостот што ги зближува двете култури и жив паметник на силата на поетскиот збор, како на авторот, така и на препејувачот.
Од денес, имаме уште еден споменик отелотворен во ова прекрасно дело од нашиот истакнат акедемски вајар Сокол Цфарку, кој исто така мајсторски го долови ликот на Томас Транстромер, истакнал Тасевески.
На настанот, како што е наведено, биле прочитани песни од Томас Транстромер на македонски и на шведски јазик, а меѓу присутните биле гости од Шведска, под водство на Антонијо Трпeвски и покровителство на Дан Олофсон, познат шведски бизнисмен и филантроп. Присуствувал и Миодраг Станковски, преведувачот на Томас Транстромер од шведски на македонски јазик и неговата сопруга Мариан Станковски. Томас Транстромер е еден од најпознатите шведски поети. Неговата поезија се карактеризира со чувството на мистерија и на чудо под површината на рутината на секојдневието, што им дава една религиозна димензија на неговите песни. Роден на 15 април 1931 година, а починал на 26 март 2015 година. Добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 2003 година, а добитник на Нобеловата награда за книжевност во 2011 година.

The post Во спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга откриена бистата на Томас Транстромер appeared first on Република.

]]>
60 наслови од издавачката продукција на „Струшки вечери на поезијата“ од денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/60-naslovi-od-izdavachkata-produktsija-na-strushki-vecheri-na-poezijata-od-deneska-vo-gradskata-biblioteka-braka-miladinovtsi/ Thu, 11 Apr 2024 12:44:32 +0000 https://republika.mk/?p=764985

„Струшки вечери на поезијата“ ѝ донираше на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ шеесеттина наслови од нивната богата издавачка продукција, кои сега се достапни и за читателите на Градската библиотека, информираат оттаму.

Изданијата добија посебна полица во Одделот за странска литература (популарниот Британски оддел) и ќе можат да се користат само во просториите на Библиотеката

Снежана Стојчевска, директорката на ГБСК и Тодорче Тасевски директорот на СВП, разговараа и за понатамошното збогатување на збирката, како и за идни соработки меѓу двете институции.

The post 60 наслови од издавачката продукција на „Струшки вечери на поезијата“ од денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

Врачени наградите на 62. „Струшки вечери на поезијата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vracheni-nagradite-na-62-strushki-vecheri-na-poezijata/ Sun, 27 Aug 2023 20:11:25 +0000 https://republika.mk/?p=676490

Со поетското читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ на Мостот на поезијата свечено беше затворено 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.

На настанот им беа врачени награди на годинашниот лауреат и добитник на „Златен венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ, на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, Димитар Башевски.

На фестивалот настапија странски и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација.

Утре е последниот фестивалски ден, кој ќе биде одбележан со „Поезија на пат“, поетско читање во Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, а фестивалот официјално ќе заврши со Меѓународен поетски митинг на платотот пред Музејот на современа уметност во Скопје.

https://www.youtube.com/watch?v=azd8D7RBbak&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Врачени наградите на 62. „Струшки вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Со поетското читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ на Мостот на поезијата свечено беше затворено 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. На настанот им беа врачени награди на годинашниот лауреат и добитник на „Златен венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ, на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, Димитар Башевски. На фестивалот настапија странски и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација. Утре е последниот фестивалски ден, кој ќе биде одбележан со „Поезија на пат“, поетско читање во Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, а фестивалот официјално ќе заврши со Меѓународен поетски митинг на платотот пред Музејот на современа уметност во Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=azd8D7RBbak&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Врачени наградите на 62. „Струшки вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво, еден ден овде ќе имаме шума, рече лауреатот Влада Урошевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prekrasna-e-idejata-sekoj-poet-shto-ke-dobie-zlaten-venets-da-zasadi-drvo-eden-den-ovde-ke-imame-shuma-reche-laureatot-vlada-uroshevik/ Thu, 24 Aug 2023 11:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=675367

Со традиционалното садење дрво во „Паркот на поезијата“ неофицијално се означи почетокот на „Струшките вечери на поезијата“. Во паркот дрво засади годинешниот лауреат, добитник на „Златен венец“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ.

На ова место, не толку големо по површина, колку по суштина се вишнеат дрвјата засадени од некои од најзначајните поети на 20 век: Адонис, Ајги, Вознесенски, Сенегор, Фатос Арапи, Ив Бонфoа, Ален Гинзберг, Махмуд Дарвиш, Маргарет Атвуд, Нанси Морехон, Десанка Максимовиќ итн. Гранките на тие дрвја остануваат симболично продолжение на нивните гласови, на нивните стихови прочитани, токму тука во Струга.

Денеска со посебна чест се радуваме дека меѓу овие фиданки ќе биде засадено, ќе расне и виншее и дрвото кое ќе го засади нашиот годинашен лауреат, човекот кој и самиот е вграден во „Струшките вечери на поезијата“од нивните почетоци пред шест децении, Влада Урошевиќ - рече модераторката Александра Јуруковска.

Годинешниот лауреат, во присуство на македонските и странските поети, изјави задоволство што ја има честа и неговото дрво да се најде во леата со светските поетски великани.

Струга има свој мост, дом и парк на поезијата. Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво. Еден ден овде ќе имаме и шума. Еден ден кога нас ќе нѐ нема ова дрво ќе продолжи да расте и да се развива - рече Урошевиќ.

Свеченото отворање на 62. издание на фестивалот ќе се случи вечерва со почеток во 20 часот на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

На „Струшките вечери на поезијата“ најавено е присуство на околу 25 поети од странство и 40-тина од државата.

Фестивалот, кој ќе трае до 28 август, се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“.

The post Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво, еден ден овде ќе имаме шума, рече лауреатот Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>

Со традиционалното садење дрво во „Паркот на поезијата“ неофицијално се означи почетокот на „Струшките вечери на поезијата“. Во паркот дрво засади годинешниот лауреат, добитник на „Златен венец“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ.
На ова место, не толку големо по површина, колку по суштина се вишнеат дрвјата засадени од некои од најзначајните поети на 20 век: Адонис, Ајги, Вознесенски, Сенегор, Фатос Арапи, Ив Бонфoа, Ален Гинзберг, Махмуд Дарвиш, Маргарет Атвуд, Нанси Морехон, Десанка Максимовиќ итн. Гранките на тие дрвја остануваат симболично продолжение на нивните гласови, на нивните стихови прочитани, токму тука во Струга. Денеска со посебна чест се радуваме дека меѓу овие фиданки ќе биде засадено, ќе расне и виншее и дрвото кое ќе го засади нашиот годинашен лауреат, човекот кој и самиот е вграден во „Струшките вечери на поезијата“од нивните почетоци пред шест децении, Влада Урошевиќ - рече модераторката Александра Јуруковска.
Годинешниот лауреат, во присуство на македонските и странските поети, изјави задоволство што ја има честа и неговото дрво да се најде во леата со светските поетски великани.
Струга има свој мост, дом и парк на поезијата. Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво. Еден ден овде ќе имаме и шума. Еден ден кога нас ќе нѐ нема ова дрво ќе продолжи да расте и да се развива - рече Урошевиќ.
Свеченото отворање на 62. издание на фестивалот ќе се случи вечерва со почеток во 20 часот на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. На „Струшките вечери на поезијата“ најавено е присуство на околу 25 поети од странство и 40-тина од државата. Фестивалот, кој ќе трае до 28 август, се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“.

The post Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво, еден ден овде ќе имаме шума, рече лауреатот Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>
Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ утревечер свечено ќе се отворат „Струшките вечери на поезијата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-traditsionalnoto-chitane-na-t-ga-za-jug-utrevecher-svecheno-ke-se-otvorat-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Wed, 23 Aug 2023 16:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=675063

Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ утревечер свечено ќе се отворат „Струшките вечери на поезијата“

Со традиционално читање на „Т’га за југ“ и палењето на поетскиот оган утревечер свечено ќе биде отворено 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, коешто ќе се случува на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ со почеток во 20 часот.

Меѓутоа, фестивалските настани ќе почнат точно напладне во Паркот на поезијата со садење дрво во чест на годинешниот лауреат и добитник на „Златниот венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ.

Фестивалот, кој ќе трае до 28 август, ќе се одржи под мотото „Чувствотворен јазик“.

Оваа година главните поетски читања ќе ги предводат повеќе од 25 странски и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација.

Во рамки на програмата ќе се одржи поетски портрет на лауреатот на наградата „Златен венец“, Влада Урошевиќ. Настанот ќе биде на 26 август во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид.
Пред поетскиот портрет на Урошевиќ, во црквата „Св. Софија“ ќе се одржи свечен настан по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов, кој бил и претседател на првиот фестивалски одбор.

Чествувањето на Шопов ќе продолжи со изложба на фотографии поврзани со неговото учеството на „Струшките вечери на поезијата“ и неговиот придонес за основањето и развојот на фестивалот. Ќе бидат промовирани и негови преведени изданија на неколку јазици.

Годинешната програма предвидува и портрети на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, Димитар Башевски.

Во рамки на програмата на СВП ќе биде организиран специјален настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „Версополис“.
По повод јубилејот „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“, во рамки на прогрмата на СВП ќе биде отворена изложба за животот и делото на овој унгарски поет. Од СВП најавија и Тркалезна маса на тема „Поетскиот јазик и вештачката интелигенција“.

Во чест на јубилејот 60 години од востановувањето на наградата „Браќа Миладиновци“, оваа година ќе биде издадена Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“ чиј приредувач е македонскиот поет и филозоф Иван Џепароски.

Програмата на фестивалот целосно се пренесува во живо на официјалниот јутјуб-канал на СВП.

The post Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ утревечер свечено ќе се отворат „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ утревечер свечено ќе се отворат „Струшките вечери на поезијата“ Со традиционално читање на „Т’га за југ“ и палењето на поетскиот оган утревечер свечено ќе биде отворено 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, коешто ќе се случува на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ со почеток во 20 часот. Меѓутоа, фестивалските настани ќе почнат точно напладне во Паркот на поезијата со садење дрво во чест на годинешниот лауреат и добитник на „Златниот венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ. Фестивалот, кој ќе трае до 28 август, ќе се одржи под мотото „Чувствотворен јазик“. Оваа година главните поетски читања ќе ги предводат повеќе од 25 странски и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација. Во рамки на програмата ќе се одржи поетски портрет на лауреатот на наградата „Златен венец“, Влада Урошевиќ. Настанот ќе биде на 26 август во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид. Пред поетскиот портрет на Урошевиќ, во црквата „Св. Софија“ ќе се одржи свечен настан по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов, кој бил и претседател на првиот фестивалски одбор. Чествувањето на Шопов ќе продолжи со изложба на фотографии поврзани со неговото учеството на „Струшките вечери на поезијата“ и неговиот придонес за основањето и развојот на фестивалот. Ќе бидат промовирани и негови преведени изданија на неколку јазици. Годинешната програма предвидува и портрети на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, Димитар Башевски. Во рамки на програмата на СВП ќе биде организиран специјален настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „Версополис“. По повод јубилејот „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“, во рамки на прогрмата на СВП ќе биде отворена изложба за животот и делото на овој унгарски поет. Од СВП најавија и Тркалезна маса на тема „Поетскиот јазик и вештачката интелигенција“. Во чест на јубилејот 60 години од востановувањето на наградата „Браќа Миладиновци“, оваа година ќе биде издадена Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“ чиј приредувач е македонскиот поет и филозоф Иван Џепароски. Програмата на фестивалот целосно се пренесува во живо на официјалниот јутјуб-канал на СВП.

The post Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ утревечер свечено ќе се отворат „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
Објавени плакатот и промотивното видео за Струшките вечери на поезијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objaveni-plakatot-i-promotivnoto-video-za-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Fri, 11 Aug 2023 11:00:15 +0000 https://republika.mk/?p=671108

Во пресрет на годинешното издание на Струшките вечери на поезијата што ќе се одржи од 24 до 28 август, објавен е плакатот и промотивното видео.

Графичкиот дизајн на плакатот е дело на познатиот графички уметник и дизајнер од Струга, Енкел Дика, видео продукцијата е на ЗООТРОП студио, а автор на музиката е Џијан Емин.

Плакатот и промотивното видео го илустрираат мотото на годинешното издание на Струшките вечери на поезија, ЧУВСТВОТВОРЕН ЈАЗИК. Во описот на промотивното видео се истакнува:

ЧУВСТВОТВОРЕН ЈАЗИК Јазик создаден од чувства. Јазик што создава чувства. Чувствотворен јазик. Поетскиот јазик ја има моќта да ги пресоздаде чувствата во нови зборови што ќе ја сменат нашата претстава за светот, па така станува и чудотворен јазик. Предизвик за поетот е низ вдахновена потрага да ги пронајде вистинските зборови со кои ќе ги сврзе Убавината и Смислата во песна. Но денес, поетскиот јазик станува предизвик и за најновите трендови на алгоритмите на вештачката интелигенција коишто генерираат јазик врз поинакви принципи, врз принципите на семантички корелации и математички пресметки. Дали поетскиот јазик може да се симулира? Ги допираме ли границите на човекувањето. Во постојаниот порив да го совладаме светот, ќе бидеме ли заробени во матриксот на невронските мрежи?

Во Програмата на Струшките вечери оваа година е предвидена Тркалезна маса на тема: Поетскиот јазик и вештачката интелигенција.

Македонски поет, романсиер, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија.

Башевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка „Дни, години“ во издание на „Слово“.

https://youtu.be/8y0x4HNQ748

The post Објавени плакатот и промотивното видео за Струшките вечери на поезијата appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на годинешното издание на Струшките вечери на поезијата што ќе се одржи од 24 до 28 август, објавен е плакатот и промотивното видео. Графичкиот дизајн на плакатот е дело на познатиот графички уметник и дизајнер од Струга, Енкел Дика, видео продукцијата е на ЗООТРОП студио, а автор на музиката е Џијан Емин. Плакатот и промотивното видео го илустрираат мотото на годинешното издание на Струшките вечери на поезија, ЧУВСТВОТВОРЕН ЈАЗИК. Во описот на промотивното видео се истакнува:
ЧУВСТВОТВОРЕН ЈАЗИК Јазик создаден од чувства. Јазик што создава чувства. Чувствотворен јазик. Поетскиот јазик ја има моќта да ги пресоздаде чувствата во нови зборови што ќе ја сменат нашата претстава за светот, па така станува и чудотворен јазик. Предизвик за поетот е низ вдахновена потрага да ги пронајде вистинските зборови со кои ќе ги сврзе Убавината и Смислата во песна. Но денес, поетскиот јазик станува предизвик и за најновите трендови на алгоритмите на вештачката интелигенција коишто генерираат јазик врз поинакви принципи, врз принципите на семантички корелации и математички пресметки. Дали поетскиот јазик може да се симулира? Ги допираме ли границите на човекувањето. Во постојаниот порив да го совладаме светот, ќе бидеме ли заробени во матриксот на невронските мрежи?
Во Програмата на Струшките вечери оваа година е предвидена Тркалезна маса на тема: Поетскиот јазик и вештачката интелигенција. Македонски поет, романсиер, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Башевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка „Дни, години“ во издание на „Слово“. https://youtu.be/8y0x4HNQ748

The post Објавени плакатот и промотивното видео за Струшките вечери на поезијата appeared first on Република.

]]>
„Чувствотворен јазик“ е мотото на годинашното издание на „Струшки вечери на поезијата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/chuvstvotvoren-jazik-e-mototo-na-godinashnoto-izdanie-na-strushki-vecheri-na-poezijata/ Mon, 26 Jun 2023 16:30:45 +0000 https://republika.mk/?p=655423

„Струшките вечери на поезијата“ како еден од најстарите и најзначајните светски поетски фестивали и оваа година ќе се одржи во стандардниот фестивалски термин од 24 до 28 август, во своето автентично издание и на веќе препознатливите локации, со свечено отворање на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Како што беше истакнато на денешната прес-конференција на која беше претставена фестивалската програма, годинешното фестивалско издание ќе се одржува под мотото „Чувстотворен јазик“, со намера да се потенцира оној аспект на поезијата и на поетскиот јазик, како јазик творен односно создаден од чувства, но и јазик што создава чувства.

Сакаме да ја потенцираме моќта на поезијата да создава нови зборови, да ја збогатува и да ја менува нашата престава за светот, па во таа смисла таа е и чудотворен јазик. Таквиот поетски јазик е предизвик и за најновите трендови на алгоритмите на вештачката интелигенција кои што генерираат јазик врз поинакви принципи, врз принципите на семантички корелации и математички пресметки. Оттаму во програмата на СВП оваа година е предвидена и тркалезна маса на тема „Поетскиот јазик и вештачката интелигенција“, рече директорот на НУ „Струшки вечери на поезијата“, Тодорче Тасевски.

На СВП 2023 поетски читања ќе имаат повеќе од 25 странски поети, како и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација.

Оваа година во рамки на јубилејот на одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, на програмата на Фестивалот се предвидени неколку содржини. Меѓу нив, изложба на фотографии од учеството на Шопов на СВП и неговиот огромен придонес за основањето и развојот на Фестивалот, промоција на неколку преведени изданија на Шопов на неколку јазици, како и свечен настан по повод јубилејот, кој ќе се одржи во Св. Софија на 26 јуни пред портретот на лауреатот на годинешното издание.

Во рамки на програмата, предвидени се портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ (годинешниот добитник е ирскиот поет Гевин Бредли, кој живее и работи во Канада) како портретот на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, кој ќе биде објавен на самиот почеток на август.

Дел од Фестивалот ќе биде и специјалниот настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „ВЕРСОПОЛИС“, проект поддржан од Европската Комисија, во кој СВП се дел 2014 година.

Од изданијата на струшките вечери, освен „Монографијата“ за добитникот на Златен Венец, „Зборникот“ на Фестивалот кој оваа година ќе биде во проширено издание, а ќе има и електронско издание, тријазичното издание на минатогодишниот добитник на наградата Браќа Миладиновци, изданието на добитникот на наградата Мостови, во чест на јубилејот 60 години од востановувањето на наградата „Браќа Миладиновци“, ќе биде издадена Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“ чиј приредувач е нашиот истакнат македонски поет, универзитетски професор и филозоф Иван Џепароски. Оваа антологија содржи избор од поетското творештво на досегашните добитници на наградата, во чии песни се застапени мотивите на флората и го актуелизира книжевно - теорискиот пристап на еко поезијата и еко критиката, рече Тасевски.

По повод јубилејот „200 години од раѓањето на Шандор Петефи во соработка со Унгарската амбасада, на СВП ќе биде отворена изложба за животот и делото на тој славен унгарски поет.

Презентирајќи делови од програмата, Тасевски ги издвои и поетскиот портрет што годинава е посветен на Владо Урошевиќ, што на 26 август според традицијата ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид.

Инаку, на прес-конференцијата беше презентирана редизајнираната и оптимизираната Интернет-страница на Фестивалот, со нови технички и аудио-визуелни можности и проширени капацитети за вметнување нови содржини.

Семјуел Кенеди, од компанијата „Кенеди технолоџис“ која како општествено одговорна компанија без надомест ја изработи новата веб-страница, ја искористи моќноста да посочи дека „Струшките вечери на поезијата“ е фестивал кој одамна се стекнал со широка препознатливост на глобално ниво.

Дигитализацијата на фестивалската хронологија и поетската колекција овозможува лесно пристапна содржина за поетските ентузијасти насекаде низ светот и промоција на самиот фестивал. Со овозможување на лесно пристапен, дигитален формат, ние ги инспирираме и мотивираме идните генерации да се стекнат со интерес кон поезијата и да негуваат постојана љубов кон ваквата форма на уметност. Дигитализираната хронологија и поетска колекција ќе обезбеди постојана достапност на фестивалот надвор од фестивалските денови, што значи целогодишен ангажман, рече Кенеди на презентацијата.

Изработена е силна техничка основа што може лесно да се приспособи на идни потреби и да даде простор за развивање на идни специјалности и подобрувања, вклучувајќи виртуелни настани, мултимедијална содржина и интерактивни простори. Како што беше истакнато, собирањето обемна документација ќе обезбедува континуирана еволуција и навремено ажурурање и одржување на веб-страницата.

The post „Чувствотворен јазик“ е мотото на годинашното издание на „Струшки вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

„Струшките вечери на поезијата“ како еден од најстарите и најзначајните светски поетски фестивали и оваа година ќе се одржи во стандардниот фестивалски термин од 24 до 28 август, во своето автентично издание и на веќе препознатливите локации, со свечено отворање на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Како што беше истакнато на денешната прес-конференција на која беше претставена фестивалската програма, годинешното фестивалско издание ќе се одржува под мотото „Чувстотворен јазик“, со намера да се потенцира оној аспект на поезијата и на поетскиот јазик, како јазик творен односно создаден од чувства, но и јазик што создава чувства.
Сакаме да ја потенцираме моќта на поезијата да создава нови зборови, да ја збогатува и да ја менува нашата престава за светот, па во таа смисла таа е и чудотворен јазик. Таквиот поетски јазик е предизвик и за најновите трендови на алгоритмите на вештачката интелигенција кои што генерираат јазик врз поинакви принципи, врз принципите на семантички корелации и математички пресметки. Оттаму во програмата на СВП оваа година е предвидена и тркалезна маса на тема „Поетскиот јазик и вештачката интелигенција“, рече директорот на НУ „Струшки вечери на поезијата“, Тодорче Тасевски.
На СВП 2023 поетски читања ќе имаат повеќе од 25 странски поети, како и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација. Оваа година во рамки на јубилејот на одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, на програмата на Фестивалот се предвидени неколку содржини. Меѓу нив, изложба на фотографии од учеството на Шопов на СВП и неговиот огромен придонес за основањето и развојот на Фестивалот, промоција на неколку преведени изданија на Шопов на неколку јазици, како и свечен настан по повод јубилејот, кој ќе се одржи во Св. Софија на 26 јуни пред портретот на лауреатот на годинешното издание. Во рамки на програмата, предвидени се портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ (годинешниот добитник е ирскиот поет Гевин Бредли, кој живее и работи во Канада) како портретот на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, кој ќе биде објавен на самиот почеток на август. Дел од Фестивалот ќе биде и специјалниот настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „ВЕРСОПОЛИС“, проект поддржан од Европската Комисија, во кој СВП се дел 2014 година.
Од изданијата на струшките вечери, освен „Монографијата“ за добитникот на Златен Венец, „Зборникот“ на Фестивалот кој оваа година ќе биде во проширено издание, а ќе има и електронско издание, тријазичното издание на минатогодишниот добитник на наградата Браќа Миладиновци, изданието на добитникот на наградата Мостови, во чест на јубилејот 60 години од востановувањето на наградата „Браќа Миладиновци“, ќе биде издадена Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“ чиј приредувач е нашиот истакнат македонски поет, универзитетски професор и филозоф Иван Џепароски. Оваа антологија содржи избор од поетското творештво на досегашните добитници на наградата, во чии песни се застапени мотивите на флората и го актуелизира книжевно - теорискиот пристап на еко поезијата и еко критиката, рече Тасевски.
По повод јубилејот „200 години од раѓањето на Шандор Петефи во соработка со Унгарската амбасада, на СВП ќе биде отворена изложба за животот и делото на тој славен унгарски поет. Презентирајќи делови од програмата, Тасевски ги издвои и поетскиот портрет што годинава е посветен на Владо Урошевиќ, што на 26 август според традицијата ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид. Инаку, на прес-конференцијата беше презентирана редизајнираната и оптимизираната Интернет-страница на Фестивалот, со нови технички и аудио-визуелни можности и проширени капацитети за вметнување нови содржини. Семјуел Кенеди, од компанијата „Кенеди технолоџис“ која како општествено одговорна компанија без надомест ја изработи новата веб-страница, ја искористи моќноста да посочи дека „Струшките вечери на поезијата“ е фестивал кој одамна се стекнал со широка препознатливост на глобално ниво.
Дигитализацијата на фестивалската хронологија и поетската колекција овозможува лесно пристапна содржина за поетските ентузијасти насекаде низ светот и промоција на самиот фестивал. Со овозможување на лесно пристапен, дигитален формат, ние ги инспирираме и мотивираме идните генерации да се стекнат со интерес кон поезијата и да негуваат постојана љубов кон ваквата форма на уметност. Дигитализираната хронологија и поетска колекција ќе обезбеди постојана достапност на фестивалот надвор од фестивалските денови, што значи целогодишен ангажман, рече Кенеди на презентацијата.
Изработена е силна техничка основа што може лесно да се приспособи на идни потреби и да даде простор за развивање на идни специјалности и подобрувања, вклучувајќи виртуелни настани, мултимедијална содржина и интерактивни простори. Како што беше истакнато, собирањето обемна документација ќе обезбедува континуирана еволуција и навремено ажурурање и одржување на веб-страницата.

The post „Чувствотворен јазик“ е мотото на годинашното издание на „Струшки вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
Врачени највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vracheni-najvisokite-priznanija-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Sun, 28 Aug 2022 19:52:50 +0000 https://republika.mk/?p=545066

Кенсаку Таникава, синот на лауреатот на 61. издание на Струшките вечери на поезијата, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, во име на својот татко вечерва на Мостот на поезијата во Струга го прими највисокото фестивалско признание „Златен венец“.

Во рамки на свеченоста наградата „Златен венец“ му беше врачена и на лауреатот од 2020 година, израелскиот поет Амир Ор.

На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ беа врачени и наградите „Браќа Миладиновци“ на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски и „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант на италијанскиот поет Џерардо Мазучо.

Покрај добитниците на наградите, на поетскиот митинг поезија читаа и поети од разни страни на светот, правејќи ја Струга по 61-ви пат престолнина на поезијата.

Годинашното издание на Струшките вечери на поезијата, според директорот на Фестивалот Тодорче Тасевски, по две изданија во услови на пандемија, се врати во препознатливиот формат.

Можам да кажам дека сум задоволен од изданието. Понудивме еден нов и смел концепт на свеченото отворање и затворање, авторска преработка на Т`га за југ од страна на „Пијан славеј“. Режијата на настаните беше на Зоја Бузалковска, сценографијата на ОТП студио, а дизајнот на плакатот на струшкиот уметник Енкел Дика - изјави Тасевски за МИА.

Во знакот на годинашното мото „Ритамот на стихот, ритам на животот“, додаде тој, СВП издаде антологија „Музика, секогаш и уште (поезијата во дијалог со музиката)“, која ја нагласила врската меѓу поезијата и музиката.

Физичкото отсуство на Шунтаро Таникава, кој заради возраста не беше физички присутен, беше премостено со присуството на неговиот син, истакнатиот јапонски композитор и пијанист, Кенсаку Таникава, кој го прими „Златниот венец“ во име на неговиот татко, а во рамки на портретот на лауреатот во црквата „Света Софија“, одржа импресивен музички настап - истакна Тасевски.

Манифестацијата почна во четвртокот со традиционално палење на фестивалскиот оган и поетското читање „Меридијани“. Во рамките на Струшките вечери на поезијата утре ќе се одржи меѓународно поетско читање на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје.

The post Врачени највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата appeared first on Република.

]]>

Кенсаку Таникава, синот на лауреатот на 61. издание на Струшките вечери на поезијата, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, во име на својот татко вечерва на Мостот на поезијата во Струга го прими највисокото фестивалско признание „Златен венец“. Во рамки на свеченоста наградата „Златен венец“ му беше врачена и на лауреатот од 2020 година, израелскиот поет Амир Ор. На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ беа врачени и наградите „Браќа Миладиновци“ на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски и „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант на италијанскиот поет Џерардо Мазучо. Покрај добитниците на наградите, на поетскиот митинг поезија читаа и поети од разни страни на светот, правејќи ја Струга по 61-ви пат престолнина на поезијата. Годинашното издание на Струшките вечери на поезијата, според директорот на Фестивалот Тодорче Тасевски, по две изданија во услови на пандемија, се врати во препознатливиот формат.