Струшки вечери на поезија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strushki-vecheri-na-poezija/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Aug 2023 08:10:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Струшки вечери на поезија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strushki-vecheri-na-poezija/ 32 32 Почнува 62. издание на Струшките вечери на поезијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-62-izdanie-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Thu, 24 Aug 2023 08:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=675205

Со традиционалното садење на дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2023 година - македонскиот поет и писател Влада Урошевиќ, денеска во Струга почнува 62. издание на Струшките вечери на поезијата.

Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата „Т`га за југ“ пред платото на Домот на поезијата.

Годинашното мото на Фестивалот е „Чувствотворен јазик“, јазик што создава чувства.

Во рамките на програмата предвидени се меѓународни поетски читања, поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, како и портрети на добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ Димитар Башевски, „Златен венец“ Влада Урошевиќ и „Мосотви на Струга“ Гевин Бредли, изложби во чест на 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“...

Фестивалот завршува в недела на манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мосотви на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ на годинашните лауреати Влада Урошевиќ, Гевин Бредли и Димитар Башевски.

 

The post Почнува 62. издание на Струшките вечери на поезијата appeared first on Република.

]]>

Со традиционалното садење на дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2023 година - македонскиот поет и писател Влада Урошевиќ, денеска во Струга почнува 62. издание на Струшките вечери на поезијата. Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата „Т`га за југ“ пред платото на Домот на поезијата. Годинашното мото на Фестивалот е „Чувствотворен јазик“, јазик што создава чувства. Во рамките на програмата предвидени се меѓународни поетски читања, поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, како и портрети на добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ Димитар Башевски, „Златен венец“ Влада Урошевиќ и „Мосотви на Струга“ Гевин Бредли, изложби во чест на 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“... Фестивалот завршува в недела на манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мосотви на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ на годинашните лауреати Влада Урошевиќ, Гевин Бредли и Димитар Башевски.  

The post Почнува 62. издание на Струшките вечери на поезијата appeared first on Република.

]]>
„Струшките вечери на поезијата“ ќе бидат достапни и во дигитален формат https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/strushkite-vecheri-na-poezijata-ke-bidat-dostapni-i-vo-digitalen-format/ Tue, 14 Feb 2023 13:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=608921

Согласно Меморандумот потпишан од страна на Државниот архив и Меѓународниот фестивал „Струшки вечери на поезијата", Охридскиот архив започнува со дигитализација на фестивалската документација.

Со проектот ќе бидат опфатени сите документи и богатото културно наследство на Струшките вечери на поезијата за периодот од 1963 до 1990 годин.

Со дигитализацијата на обемниот материјал собран во повеќе од 50 кутии ќе се заокружи и зачува вредната документација на фестивалот со светско реноме.

Проектот целосно го спроведува Државниот архив и подрачното одделение во Охрид, а на процесот на дигитализација ќе работат архивистите Викторија Костоска, Елизабета Јованоска, Едис Абди, Мартин Ристески и Сеадете Османи, објави МИА.

 

The post „Струшките вечери на поезијата“ ќе бидат достапни и во дигитален формат appeared first on Република.

]]>

Согласно Меморандумот потпишан од страна на Државниот архив и Меѓународниот фестивал „Струшки вечери на поезијата", Охридскиот архив започнува со дигитализација на фестивалската документација. Со проектот ќе бидат опфатени сите документи и богатото културно наследство на Струшките вечери на поезијата за периодот од 1963 до 1990 годин. Со дигитализацијата на обемниот материјал собран во повеќе од 50 кутии ќе се заокружи и зачува вредната документација на фестивалот со светско реноме. Проектот целосно го спроведува Државниот архив и подрачното одделение во Охрид, а на процесот на дигитализација ќе работат архивистите Викторија Костоска, Елизабета Јованоска, Едис Абди, Мартин Ристески и Сеадете Османи, објави МИА.  

The post „Струшките вечери на поезијата“ ќе бидат достапни и во дигитален формат appeared first on Република.

]]>
Зоран Анчевски за збирката „Збунети компаси“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zoran-anchevski-za-zbirkata-zbuneti-kompasi-e-dobitnik-na-nagradata-brakja-miladinovci/ Wed, 10 Aug 2022 07:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=538579

Познатиот македонски поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на „Струшките вечери на поезијата“ за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија.

Анчевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка „Збунети компаси“ во издание на „ИЛИ- ИЛИ“.

Тој е добитник по вторпат на ова највисоко признание, откако во 2018 година ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за стихозбирката „Небесна пантомима“

Жири-комисијата во состав Наташа Аврамовска (претседател), Иван Додовски (член), Марија Ѓорѓиева-Димова (член), Габриела Стојаноска-Станоеска (член) и Иван Антоновски (секретар) после прочитот на сите 39 пристигнати книги направи заедничка селекција и во потесен круг од пет книги влегоа збирките (редоследот е според почетните букви од презимињата на авторите):

  1. „Секој секому огледало“(„ПНВ Публикации“) од Андреј Ал-Асади;
  2. „Збунети компаси“ („ИЛИ-ИЛИ“) од Зоран Анчевски;
  3. „Политики на стравот“ („Восток@2021“) од Славица Гаџова-Свидерска;
  4. „Чинук“ („Дијалог“) од Ристо Лазаров;
  5. „Капе времето“ („Паблишер“) од Виолета Танчева-Златева.

Од овие пет поетски збирки во најтесен круг влегоа „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски и „Политики на стравот“ од Славица Гаџова- Свидерска. Со мнозинство гласови (три гласа за „Збунети компаси“ наспроти два гласа за „Политики на стравот“) жири- комисијата донесе одлука наградата „Браќа Миладиновци“ на „Струшките вечери на поезијата“ за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот да ѝ биде доделена на книгата „Збунети компаси“ на поетот Зоран Анчевски

- Поетската книга „Збунети компаси “ на Зоран Анчевски (Скопје: Или-Или, 2021), е зрело и интимно, во извесна смисла и исповедно поетско, односно автопоетичко огласување на Зоран Анчевски. Книгата е доследно изградена како суштествено лирски, поетски израз во рамновеесието на сензуалната доживелица на мигот и воедно мигот на медитативната сосредоточеност во наслушнувањето на душевните напливи. Лирскиот израз на Анчевски во оваа поетска книга се огласува од средиштето на длабоката вкотвеност во појавноста на светот што нѐ опкружува, среде нејзината мена, која е воедно и тежиште на јарболот на аксиолошката вертикала по која угоре заблазува и удолу, пред стрмоглавоста, зазира духот - стои во образложението на одлуката.

Зоран Анчевски (1954) е поет, универзитетски професор, преведувач, есеист.

Има објавено девет поетски збирки што се одлично примени од критиката, високо оценети и наградени со различни награди во земјата и во странство, како што се наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга „Патување низ скршени слики“ (1984), меѓународната награда „Џакомо Леопарди“ во Италија (2004), највисоката национална награда за поезија  „Браќа Миладиновци“ на СВП за книгата „Небесна пантомима“ (2018) и други. Исто така има објавено голем број есеи, критички осврти, и студија од доменот на книжевната теорија „За традицијата“ (2007). Неговата најнова поетска книга „Збунети компаси“ е објавена во едицијата „Поеза“ на реномираната издавачка куќа „ИЛИ-ИЛИ“. Приредил и превел на англиски јазик неколку антологиски избори македонска поезија и куса проза, а речиси да нема позначаен македонски или англо-американски поет што го не го превел на македонски или на англиски јазик. За неговото преведувачко дело ја добил највисоката национална награда за превод „Григор Прличев“ (2001). Учествувал на многу поетски фестивали во земјата и во светот.

Избори од неговата поезија се преведени и објавени на над дваесет јазици во значајни странски списанија и антологии. Неговите Избрани песни на македонски и англиски јазик се објавени во 2011 година, а СВП ја објави на англиски јазик и наградената книга „Небесна пантомима“ (Celestial Pantomime, 2019).

Член е на Друштвото на писатели на Македонија, бил двапати секретар на македонскиот ПЕН центар и негов актуелен претседател, а раководел и со УО на СВП (2002-2007). Живее и работи во Скопје.

Преостанатите четворица кандидати во потесен избор, исто така, според вообичаената пракса, ќе бидат дел од програмата на фестивалот.

„Струшките вечери на поезијата“ годинава ќе се одржат од 25 до 29 август во своето редовно издание на препознатливите локации.

 

The post Зоран Анчевски за збирката „Збунети компаси“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>

Познатиот македонски поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на „Струшките вечери на поезијата“ за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Анчевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка „Збунети компаси“ во издание на „ИЛИ- ИЛИ“. Тој е добитник по вторпат на ова највисоко признание, откако во 2018 година ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за стихозбирката „Небесна пантомима“ Жири-комисијата во состав Наташа Аврамовска (претседател), Иван Додовски (член), Марија Ѓорѓиева-Димова (член), Габриела Стојаноска-Станоеска (член) и Иван Антоновски (секретар) после прочитот на сите 39 пристигнати книги направи заедничка селекција и во потесен круг од пет книги влегоа збирките (редоследот е според почетните букви од презимињата на авторите):
  1. „Секој секому огледало“(„ПНВ Публикации“) од Андреј Ал-Асади;
  2. „Збунети компаси“ („ИЛИ-ИЛИ“) од Зоран Анчевски;
  3. „Политики на стравот“ („Восток@2021“) од Славица Гаџова-Свидерска;
  4. „Чинук“ („Дијалог“) од Ристо Лазаров;
  5. „Капе времето“ („Паблишер“) од Виолета Танчева-Златева.
Од овие пет поетски збирки во најтесен круг влегоа „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски и „Политики на стравот“ од Славица Гаџова- Свидерска. Со мнозинство гласови (три гласа за „Збунети компаси“ наспроти два гласа за „Политики на стравот“) жири- комисијата донесе одлука наградата „Браќа Миладиновци“ на „Струшките вечери на поезијата“ за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот да ѝ биде доделена на книгата „Збунети компаси“ на поетот Зоран Анчевски - Поетската книга „Збунети компаси “ на Зоран Анчевски (Скопје: Или-Или, 2021), е зрело и интимно, во извесна смисла и исповедно поетско, односно автопоетичко огласување на Зоран Анчевски. Книгата е доследно изградена како суштествено лирски, поетски израз во рамновеесието на сензуалната доживелица на мигот и воедно мигот на медитативната сосредоточеност во наслушнувањето на душевните напливи. Лирскиот израз на Анчевски во оваа поетска книга се огласува од средиштето на длабоката вкотвеност во појавноста на светот што нѐ опкружува, среде нејзината мена, која е воедно и тежиште на јарболот на аксиолошката вертикала по која угоре заблазува и удолу, пред стрмоглавоста, зазира духот - стои во образложението на одлуката. Зоран Анчевски (1954) е поет, универзитетски професор, преведувач, есеист. Има објавено девет поетски збирки што се одлично примени од критиката, високо оценети и наградени со различни награди во земјата и во странство, како што се наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга „Патување низ скршени слики“ (1984), меѓународната награда „Џакомо Леопарди“ во Италија (2004), највисоката национална награда за поезија  „Браќа Миладиновци“ на СВП за книгата „Небесна пантомима“ (2018) и други. Исто така има објавено голем број есеи, критички осврти, и студија од доменот на книжевната теорија „За традицијата“ (2007). Неговата најнова поетска книга „Збунети компаси“ е објавена во едицијата „Поеза“ на реномираната издавачка куќа „ИЛИ-ИЛИ“. Приредил и превел на англиски јазик неколку антологиски избори македонска поезија и куса проза, а речиси да нема позначаен македонски или англо-американски поет што го не го превел на македонски или на англиски јазик. За неговото преведувачко дело ја добил највисоката национална награда за превод „Григор Прличев“ (2001). Учествувал на многу поетски фестивали во земјата и во светот. Избори од неговата поезија се преведени и објавени на над дваесет јазици во значајни странски списанија и антологии. Неговите Избрани песни на македонски и англиски јазик се објавени во 2011 година, а СВП ја објави на англиски јазик и наградената книга „Небесна пантомима“ (Celestial Pantomime, 2019). Член е на Друштвото на писатели на Македонија, бил двапати секретар на македонскиот ПЕН центар и негов актуелен претседател, а раководел и со УО на СВП (2002-2007). Живее и работи во Скопје. Преостанатите четворица кандидати во потесен избор, исто така, според вообичаената пракса, ќе бидат дел од програмата на фестивалот. „Струшките вечери на поезијата“ годинава ќе се одржат од 25 до 29 август во своето редовно издание на препознатливите локации.  

The post Зоран Анчевски за збирката „Збунети компаси“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>