струшка музчка есен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strushka-muzchka-esen/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Sep 2023 10:09:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png струшка музчка есен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strushka-muzchka-esen/ 32 32 Струшка музичка есен во хотел „Дрим“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/strushka-muzichka-esen-vo-hotel-drim/ Sat, 09 Sep 2023 10:09:27 +0000 https://republika.mk/?p=680217

Во рамките на претстојниот празничен викенд, од 8-ми до 10-ти септември во хотелот „Дрим“ во Струга, во организација на Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ, по четириесет и седми пат се одржува манифестацијата „Струшка музичка есен“. Манифестацијата која речиси пет децении се реализира на струшкото крајбрежје, нуди можност музиколозите, музичките и балетските педагози, музичките теоретичари, музичките медиависти, етномузиколозите заеднички да ги разгледаат прашањата и темите од нивните потесни научни области и да ги презентираат пред своите колеги и стручната јавност.

Оваа година манифестацијата носи наслов „Македонското музичко творештво и постмодерната“. Во рамките на дводневната конференциска програма ќе бидат претставени девет научни реферати, поделени во секции според тематиката која ја обработуваат, од страна на истакнати македонски истражувачи, музиколози, етномузиколози и византолози. Рефератите третираат различни аспекти и состојби на македонското музичко творештво и музичката култура во контекст на историјата и на постмодерната, но обработувват и теми од областа на фолклорот, музичката анализа и византиската музика.

Манифестацијата, чии годинашни селектори се музиколозите и членови на СОКОМ - Јулијана Жабева - Папазова и Елени Новаковска, свечено беше отворена на 8 септември) во 18 часот со концерт на гудачкиот квартет на СМЕ кој ќе изведе дела од Ристо Аврамовски, Гоце Гавриловски, Горан Начевски и Благој Цанев.

„Струшка музичка есен“ е единствената платформа на годишно ниво во нашата земја која ги третира сите прашања поврзани со науката, теоријата и праксата во македонското музичко творештво и македонската музичка култура.

The post Струшка музичка есен во хотел „Дрим“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на претстојниот празничен викенд, од 8-ми до 10-ти септември во хотелот „Дрим“ во Струга, во организација на Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ, по четириесет и седми пат се одржува манифестацијата „Струшка музичка есен“. Манифестацијата која речиси пет децении се реализира на струшкото крајбрежје, нуди можност музиколозите, музичките и балетските педагози, музичките теоретичари, музичките медиависти, етномузиколозите заеднички да ги разгледаат прашањата и темите од нивните потесни научни области и да ги презентираат пред своите колеги и стручната јавност. Оваа година манифестацијата носи наслов „Македонското музичко творештво и постмодерната“. Во рамките на дводневната конференциска програма ќе бидат претставени девет научни реферати, поделени во секции според тематиката која ја обработуваат, од страна на истакнати македонски истражувачи, музиколози, етномузиколози и византолози. Рефератите третираат различни аспекти и состојби на македонското музичко творештво и музичката култура во контекст на историјата и на постмодерната, но обработувват и теми од областа на фолклорот, музичката анализа и византиската музика. Манифестацијата, чии годинашни селектори се музиколозите и членови на СОКОМ - Јулијана Жабева - Папазова и Елени Новаковска, свечено беше отворена на 8 септември) во 18 часот со концерт на гудачкиот квартет на СМЕ кој ќе изведе дела од Ристо Аврамовски, Гоце Гавриловски, Горан Начевски и Благој Цанев. „Струшка музичка есен“ е единствената платформа на годишно ниво во нашата земја која ги третира сите прашања поврзани со науката, теоријата и праксата во македонското музичко творештво и македонската музичка култура.

The post Струшка музичка есен во хотел „Дрим“ appeared first on Република.

]]>