струга трим и лум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/struga-trim-i-lum/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Aug 2024 05:54:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png струга трим и лум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/struga-trim-i-lum/ 32 32 Уште нема август, а ни една наша екипа не остана во европските купови https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ushte-nema-avgust-a-ni-edna-nasha-ekipa-ne-ostana-vo-evropskite-kupovi/ Wed, 31 Jul 2024 14:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=802037

Тренерот на македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ, Ќатип Османи ги искажа своите впечатоци по натпреварот со Пјуник во Ереван. Стружани загубија со 3:1 и се елиминирани од Конференциската лига.

Третиот гол противничкиот ерменскиот тим го постигна 90+6. минута.

- Во првото полувреме не бевме на вистинското ниво. На противникот му дозволивме многу простор да не нападне пред нашиот гол и како резултат ги примивме двата гола. Благодарение на Ибрахим, успеавме да се вратиме на крајот од првото полувреме. Можам да кажам дека второто полувреме беше рамноправно, неколку пати се обидовме да ризикуваме кон противничкиот гол, но безуспешно. На крајот се случи тоа што се случи, го примивме и третиот гол со кој не елиминиравме од европските натпреварувања, изјави Османи.

Иако амбициите на Струга ТЛ беа многу поголеми, овој пат натпреварувањето го завршија во второто елиминациско коло. Победата од 2:1 на првиот меч во Охрид се покажа како недоволна за македонскиот претставник

The post Уште нема август, а ни една наша екипа не остана во европските купови appeared first on Република.

]]>

Тренерот на македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ, Ќатип Османи ги искажа своите впечатоци по натпреварот со Пјуник во Ереван. Стружани загубија со 3:1 и се елиминирани од Конференциската лига. Третиот гол противничкиот ерменскиот тим го постигна 90+6. минута.
- Во првото полувреме не бевме на вистинското ниво. На противникот му дозволивме многу простор да не нападне пред нашиот гол и како резултат ги примивме двата гола. Благодарение на Ибрахим, успеавме да се вратиме на крајот од првото полувреме. Можам да кажам дека второто полувреме беше рамноправно, неколку пати се обидовме да ризикуваме кон противничкиот гол, но безуспешно. На крајот се случи тоа што се случи, го примивме и третиот гол со кој не елиминиравме од европските натпреварувања, изјави Османи.
Иако амбициите на Струга ТЛ беа многу поголеми, овој пат натпреварувањето го завршија во второто елиминациско коло. Победата од 2:1 на првиот меч во Охрид се покажа како недоволна за македонскиот претставник

The post Уште нема август, а ни една наша екипа не остана во европските купови appeared first on Република.

]]>
Струга го смени тренерот, на три кола до крајот три екипи имаат ист број бодови https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/struga-go-smeni-trenerot-na-tri-kola-do-krajot-tri-ekipi-imaat-ist-broj-bodovi/ Thu, 02 May 2024 12:22:45 +0000 https://republika.mk/?p=773382

Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум денес информира за раскинување на соработката со шефот на стручниот штаб, Шпетим Дуро.

- Со меѓусебен договор е прекината соработката со тренерот Дуро. Во оваа прилика, ФК Струга му се заблагодарува на Дуро за неговиот придонес во периодот додека го водеше нашиот тим во државното првенство и европските натпреварувања, а исто така му посакуваме многу успеси во иднина, стои во соопштението на стружани.

На три кола пред крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, Струга ТЛ е на делба на првата позиција заедно со Шкендија и со Шкупи. Трите екипи имаат по 58 бодови.

Во последните три кола, Струга ќе игра со Гостивар (дома), па со Шкендија (на гости) и на крајот со Шкупи (дома).

The post Струга го смени тренерот, на три кола до крајот три екипи имаат ист број бодови appeared first on Република.

]]>

Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум денес информира за раскинување на соработката со шефот на стручниот штаб, Шпетим Дуро.
- Со меѓусебен договор е прекината соработката со тренерот Дуро. Во оваа прилика, ФК Струга му се заблагодарува на Дуро за неговиот придонес во периодот додека го водеше нашиот тим во државното првенство и европските натпреварувања, а исто така му посакуваме многу успеси во иднина, стои во соопштението на стружани.
На три кола пред крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, Струга ТЛ е на делба на првата позиција заедно со Шкендија и со Шкупи. Трите екипи имаат по 58 бодови. Во последните три кола, Струга ќе игра со Гостивар (дома), па со Шкендија (на гости) и на крајот со Шкупи (дома).

The post Струга го смени тренерот, на три кола до крајот три екипи имаат ист број бодови appeared first on Република.

]]>
Македонија остана без стадион, Струга ќе игра во Елбасан, Албанија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/makedonija-ostana-bez-stadion-struga-ke-igra-vo-elbasan-albanija/ Fri, 18 Aug 2023 07:11:33 +0000 https://republika.mk/?p=673200

Македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ ќе игра во плејофот на Лигата на Конференции. Стружани вчерва загубија со 2:1 од Есперанж на гостувањето во Луксембург, но во Скопје победија со 3:1 и со вкупни 4:3 одат понатаму.

Струга од 15.минута играше без исклучениот Марјан Радески. Но по само две минути од исклучувањето Бесарт Ибраими постигна гол кој се покажа решавачки за вкупниот победник.

Домаќините реализираа во 70.минута преку Густаво и во 90+4 преку Акалаија.

Според ждрепката, за влез во групната фаза, Струга ТЛ ќе игра со Бреидаблик од Исланд. Но, бидејќи Градскиот стадион е затворен од УЕФА поради лошиот терен, Струга најверојатно ќе биде домаќин во Елбасан, Албанија

The post Македонија остана без стадион, Струга ќе игра во Елбасан, Албанија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ ќе игра во плејофот на Лигата на Конференции. Стружани вчерва загубија со 2:1 од Есперанж на гостувањето во Луксембург, но во Скопје победија со 3:1 и со вкупни 4:3 одат понатаму. Струга од 15.минута играше без исклучениот Марјан Радески. Но по само две минути од исклучувањето Бесарт Ибраими постигна гол кој се покажа решавачки за вкупниот победник. Домаќините реализираа во 70.минута преку Густаво и во 90+4 преку Акалаија. Според ждрепката, за влез во групната фаза, Струга ТЛ ќе игра со Бреидаблик од Исланд. Но, бидејќи Градскиот стадион е затворен од УЕФА поради лошиот терен, Струга најверојатно ќе биде домаќин во Елбасан, Албанија

The post Македонија остана без стадион, Струга ќе игра во Елбасан, Албанија appeared first on Република.

]]>
Хет-трик на Ибраими донесе значајна предност за Струга пред реваншот во Луксембург https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/het-trik-na-ibraimi-donese-znachajna-prednost-za-struga-pred-revanshot-vo-luksemburg/ Thu, 10 Aug 2023 18:10:23 +0000 https://republika.mk/?p=670889

Со три голови на Бесарт Ибраими, македонскиот фудбалски шампион, Струга Трим и Лум го победи Есперанж од Луксембург со 3:1 во првиот натпревар од третото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА.

До хет-трик, Ибраими стигна со два гола од пенал во 40. и 77. минута, а својата серија ја отвори откако ја искористи големата грешка на противничкиот голман во 21 минута.

Голот за тимот од Луксембург го постигна Доминик Штолц во 46. минута.

Реваншот ќе се игра по седум дена на теренот на Есперанж.

The post Хет-трик на Ибраими донесе значајна предност за Струга пред реваншот во Луксембург appeared first on Република.

]]>

Со три голови на Бесарт Ибраими, македонскиот фудбалски шампион, Струга Трим и Лум го победи Есперанж од Луксембург со 3:1 во првиот натпревар од третото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА. До хет-трик, Ибраими стигна со два гола од пенал во 40. и 77. минута, а својата серија ја отвори откако ја искористи големата грешка на противничкиот голман во 21 минута. Голот за тимот од Луксембург го постигна Доминик Штолц во 46. минута. Реваншот ќе се игра по седум дена на теренот на Есперанж.

The post Хет-трик на Ибраими донесе значајна предност за Струга пред реваншот во Луксембург appeared first on Република.

]]>
Струга со почит за противникот, но со цел да го изоди патот до групната фаза во Конференциската лига https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/struga-so-pochit-za-protivnikot-no-so-tsel-pat-do-grupnata-faza-vo-konferentsiksta-liga/ Wed, 09 Aug 2023 17:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=670494

Тренерот на македонскиот фудбалски шампион, Струга Трим и Лум, Шпетим Дуро, е умерен оптимист пред натпреварот против шампионот на Луксембург, Есперанж, во 3. квалификацискоколо од Конференциската лига на УЕФА.

Албанскиот стратег, на прес-конференцијата пред натпреварот, истакна дека противникот е многу квалитетен противник, што не смее да биде потценет. Сепак, Дуро порача дека кај фудбалерите на Струга може да се забележи мотивацијата да се направи нов чекор во европското нклупско натпреварување.

Ова е натпревар кој го чекаме со големо нетрпение. Знаеме дека пред нас е историска шанса да дојдеме до плејофот и затоа секој во тимот носи огромен мотив за надигрување и успек. Всушност секој натпревар за нас во Европа е голем предизвик. Така ќе биде и утре посакувајќи позитивен резултат пред реваншот.

 

Тргнуваме двете екипи со израмнети шанси, но јасно е дека наша цел ќе биде победа на домашен терен. Нема што многу да менуваме во формацијата затоа што досега победувавме на тој начин. Секако дека крајна наша цел е да дојдеме до групната фаза во Конференциската лига. Ќе се обидеме иако знаеме дека ќе биде тешко“, изјави Дуро.

Убеденост во успех против тимот од Луксембург, изрази и Марјан Радески, кој летово е играчите на Струга, коишто покажуваат најдобра форма

Знаеме дека не очекува тежок меч и покрај тоа што се работи за тим од Луксембург. Имаат сериозен индивидуален квалитет во своите редови. Максимално ги респектираме, но веруваме дека ние имаме поголеми шанси да се пласираме во следното коло. Ако одиграме како што игравме досега во Европа, со силен мотив на ниво на тимот тогаш успехот ќе дојде“, изјави Радески.

Натпреварот Струга Трим Лум против Есперанж ќе го игра в четврток со почеток од 17 часот на тренинг-центарот на ФФМ во Скопје.

 

The post Струга со почит за противникот, но со цел да го изоди патот до групната фаза во Конференциската лига appeared first on Република.

]]>

Тренерот на македонскиот фудбалски шампион, Струга Трим и Лум, Шпетим Дуро, е умерен оптимист пред натпреварот против шампионот на Луксембург, Есперанж, во 3. квалификацискоколо од Конференциската лига на УЕФА. Албанскиот стратег, на прес-конференцијата пред натпреварот, истакна дека противникот е многу квалитетен противник, што не смее да биде потценет. Сепак, Дуро порача дека кај фудбалерите на Струга може да се забележи мотивацијата да се направи нов чекор во европското нклупско натпреварување.
Ова е натпревар кој го чекаме со големо нетрпение. Знаеме дека пред нас е историска шанса да дојдеме до плејофот и затоа секој во тимот носи огромен мотив за надигрување и успек. Всушност секој натпревар за нас во Европа е голем предизвик. Така ќе биде и утре посакувајќи позитивен резултат пред реваншот.   Тргнуваме двете екипи со израмнети шанси, но јасно е дека наша цел ќе биде победа на домашен терен. Нема што многу да менуваме во формацијата затоа што досега победувавме на тој начин. Секако дека крајна наша цел е да дојдеме до групната фаза во Конференциската лига. Ќе се обидеме иако знаеме дека ќе биде тешко“, изјави Дуро.
Убеденост во успех против тимот од Луксембург, изрази и Марјан Радески, кој летово е играчите на Струга, коишто покажуваат најдобра форма
Знаеме дека не очекува тежок меч и покрај тоа што се работи за тим од Луксембург. Имаат сериозен индивидуален квалитет во своите редови. Максимално ги респектираме, но веруваме дека ние имаме поголеми шанси да се пласираме во следното коло. Ако одиграме како што игравме досега во Европа, со силен мотив на ниво на тимот тогаш успехот ќе дојде“, изјави Радески.
Натпреварот Струга Трим Лум против Есперанж ќе го игра в четврток со почеток од 17 часот на тренинг-центарот на ФФМ во Скопје.  

The post Струга со почит за противникот, но со цел да го изоди патот до групната фаза во Конференциската лига appeared first on Република.

]]>
Познати можните противници: Струга со добри шанси да влезе во групната фаза од Конференциската лига https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/poznati-mozhnite-protivnitsi-struga-so-dobri-shansi-da-vleze-vo-grupnata-faza-od-konferentsiskata-liga/ Mon, 07 Aug 2023 09:13:17 +0000 https://republika.mk/?p=669503

Доколку Струга Трим Лум во четврток го помине Есперанж ќе има уште една пречка до групната фаза од Конференциската лига, а денеска ќе го дознае можниот противник.

На нашиот шампион во плејофот ќе им се падне некој од поразените од овие мечеви: Зрински (БиХ) - Бреидаблик (ИСЛ), Карабах (АЗЕ) - Хелсинки (ФИН) и Астана (КАЗ) - Лудогорец (БУГ).

The post Познати можните противници: Струга со добри шанси да влезе во групната фаза од Конференциската лига appeared first on Република.

]]>

Доколку Струга Трим Лум во четврток го помине Есперанж ќе има уште една пречка до групната фаза од Конференциската лига, а денеска ќе го дознае можниот противник. На нашиот шампион во плејофот ќе им се падне некој од поразените од овие мечеви: Зрински (БиХ) - Бреидаблик (ИСЛ), Карабах (АЗЕ) - Хелсинки (ФИН) и Астана (КАЗ) - Лудогорец (БУГ).

The post Познати можните противници: Струга со добри шанси да влезе во групната фаза од Конференциската лига appeared first on Република.

]]>
Добра ждрепка за Струга, нешто полоша за Шкупи https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/dobra-zhdrepka-za-struga-neshto-polosha-za-shkupi/ Mon, 24 Jul 2023 12:35:52 +0000 https://republika.mk/?p=664754

 Македонските претставници ги добија противниците во квалификациите Конференциската лига на УЕФА.

Шкупи ако го мине Левски ќе се соочи против подобриот од дуелот меѓу Хапоел Бер Шева oд Израел  и Паневезис од Литванија.

Шампионот Струга доби супер ждрепка доколку го мине црногорски Будуќност ќе се бори против победникот од средбата меѓу ТНС од Велс и Свифт Хеспер Есперанж од Луксенбург.

The post Добра ждрепка за Струга, нешто полоша за Шкупи appeared first on Република.

]]>

 Македонските претставници ги добија противниците во квалификациите Конференциската лига на УЕФА.
Шкупи ако го мине Левски ќе се соочи против подобриот од дуелот меѓу Хапоел Бер Шева oд Израел  и Паневезис од Литванија. Шампионот Струга доби супер ждрепка доколку го мине црногорски Будуќност ќе се бори против победникот од средбата меѓу ТНС од Велс и Свифт Хеспер Есперанж од Луксенбург.

The post Добра ждрепка за Струга, нешто полоша за Шкупи appeared first on Република.

]]>
Уште сме јули, а две македонски екипи веќе испаднаа од европските купови https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ushte-sme-juli-a-dve-makedonski-ekipi-veke-ispadnaa-od-evropskite-kupovi/ Fri, 21 Jul 2023 07:34:28 +0000 https://republika.mk/?p=663762

По вчерашната елиминација на Шкендија и Македонија Ѓорче Петров, бројот на македонски екипи на европската клупска сцена се преполови на две пред жрепката за третото коло во Конференциската лига на која в понеделник Струга и Шкупи ќе ги дознаат можните противници.

Шкендија синоќа во Кардиф претрпе сензационална елиминација во првото квалификациско коло во Конференциската лига од велшки Хаверфордвест, додека Македонија ЃП беше елиминирана од летонска Рига.

По триумфот пред една недела во Скопје од 1-0, Шкендија со идентичен резултат загуби на реваншот во Кардиф, а велшкиот тим беше поуспешен при изведувањето пенали со 3-2.

Претходно Македонија ЃП загуби на реваншот во Рига со 4-1 и со вкупен резултат од 5-1 го заврши настапот сезонава на европската сцена.

Настапот во најмладото европско клупско натпреварување го продолжуваат шампионот Струга која в среда во Охрид го пречекува црногорски Будуќност, додека Шкупи в четврток во Скопје ќе биде домаќин на првиот натпревар против бугарски Левски.

Жрепката за третото коло во Лигата на конференции е закажана за в понеделник во седиштетот на УЕФА во Нион од 14 часот

The post Уште сме јули, а две македонски екипи веќе испаднаа од европските купови appeared first on Република.

]]>

По вчерашната елиминација на Шкендија и Македонија Ѓорче Петров, бројот на македонски екипи на европската клупска сцена се преполови на две пред жрепката за третото коло во Конференциската лига на која в понеделник Струга и Шкупи ќе ги дознаат можните противници. Шкендија синоќа во Кардиф претрпе сензационална елиминација во првото квалификациско коло во Конференциската лига од велшки Хаверфордвест, додека Македонија ЃП беше елиминирана од летонска Рига. По триумфот пред една недела во Скопје од 1-0, Шкендија со идентичен резултат загуби на реваншот во Кардиф, а велшкиот тим беше поуспешен при изведувањето пенали со 3-2. Претходно Македонија ЃП загуби на реваншот во Рига со 4-1 и со вкупен резултат од 5-1 го заврши настапот сезонава на европската сцена. Настапот во најмладото европско клупско натпреварување го продолжуваат шампионот Струга која в среда во Охрид го пречекува црногорски Будуќност, додека Шкупи в четврток во Скопје ќе биде домаќин на првиот натпревар против бугарски Левски. Жрепката за третото коло во Лигата на конференции е закажана за в понеделник во седиштетот на УЕФА во Нион од 14 часот

The post Уште сме јули, а две македонски екипи веќе испаднаа од европските купови appeared first on Република.

]]>
Наместо со Галатасарај, Струга ќе игра со Будуќност https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/namesto-so-galatasaraj-struga-ke-igra-so-buduknost/ Wed, 19 Jul 2023 06:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=662898

Екипата на Струга Трим и Лум вчера загуби од Жалгирис со 1:2 во првото квалификациско коло на фудбалската Лига на шампионите.

 

Домаќините беа блиску до пласман во второто квалификациско коло, имаа позитивен резултат до 15-ина минути пред крајот, но набрзина примија два гола за целосен резултатски пресврт.

На натпреварот одигран во Охрид по многу топло време, Бесарт Ибраими во 76. минута од пенал донесе водство за стружани. По само две минути Јури Кендиш го изедначи резултатот. До победата литванскиот тим стигна со автоголот на Сава Радиќ во 84. минута.

 

Првиот натпревар одигран во Каунас заврши нерешено 0:0, па Жалгирис со вкупни 2:1 оди на пресметка со Галатасарај, додека Струга оди во 2.коло квалификации за Конференциската лига каде ќе се сретне со Будуќност

The post Наместо со Галатасарај, Струга ќе игра со Будуќност appeared first on Република.

]]>

Екипата на Струга Трим и Лум вчера загуби од Жалгирис со 1:2 во првото квалификациско коло на фудбалската Лига на шампионите.   Домаќините беа блиску до пласман во второто квалификациско коло, имаа позитивен резултат до 15-ина минути пред крајот, но набрзина примија два гола за целосен резултатски пресврт. На натпреварот одигран во Охрид по многу топло време, Бесарт Ибраими во 76. минута од пенал донесе водство за стружани. По само две минути Јури Кендиш го изедначи резултатот. До победата литванскиот тим стигна со автоголот на Сава Радиќ во 84. минута.   Првиот натпревар одигран во Каунас заврши нерешено 0:0, па Жалгирис со вкупни 2:1 оди на пресметка со Галатасарај, додека Струга оди во 2.коло квалификации за Конференциската лига каде ќе се сретне со Будуќност

The post Наместо со Галатасарај, Струга ќе игра со Будуќност appeared first on Република.

]]>
Динамо и Јанг Бојс ја освоија титулата, се чека на Струга или Шкендија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/dinamo-i-jang-bojs-ja-osvoija-titulata-se-cheka-na-struga-ili-shkendija/ Wed, 03 May 2023 12:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=636411

Трката за шампионската титула во фудбалските првенства во Хрватска, Швајцарија и Босна и Херцеговина заврши изминатиот викенд.

Загрепски Динамо, во чиј редови настапува капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски, ја обезбеди 24 шампионска титула во клупска историја одигрувајќи во неделното хрватско дерби против директниот конкурент Хајдук 0-0.

Освоениот бод беше доволен Динамо да ја освои шестата хрватска титула во серија на четири кола до крајот на првенството.

Во швајцарското првенство фудбалерите на Јанг Бојс од Берн ја освоија титулата со вчерашниот триумф на домашен терен (5-1) против Луцерн, обезбедувајќи недостижни 18 бодови предност пред второпласираниот Лугано на пет кола до крајот на сезоната.

За Јанг Бојс ова е петта титула во Швајцарија во последните шест години.

На четири кола до крајот на Премиер лигата на БиХ, шампионската титула ја заверија фудбалерите на мостарски Зрињски, со победа на гостински терен над Посушје (2-0) со што дојдоа до недостижни 17 бодови повеќе од второпласираниот Борац од Бања Лука.

За најтрофејниот босански клуб ова е осма титула во домашното првенствио.

The post Динамо и Јанг Бојс ја освоија титулата, се чека на Струга или Шкендија appeared first on Република.

]]>

Трката за шампионската титула во фудбалските првенства во Хрватска, Швајцарија и Босна и Херцеговина заврши изминатиот викенд. Загрепски Динамо, во чиј редови настапува капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски, ја обезбеди 24 шампионска титула во клупска историја одигрувајќи во неделното хрватско дерби против директниот конкурент Хајдук 0-0. Освоениот бод беше доволен Динамо да ја освои шестата хрватска титула во серија на четири кола до крајот на првенството. Во швајцарското првенство фудбалерите на Јанг Бојс од Берн ја освоија титулата со вчерашниот триумф на домашен терен (5-1) против Луцерн, обезбедувајќи недостижни 18 бодови предност пред второпласираниот Лугано на пет кола до крајот на сезоната. За Јанг Бојс ова е петта титула во Швајцарија во последните шест години. На четири кола до крајот на Премиер лигата на БиХ, шампионската титула ја заверија фудбалерите на мостарски Зрињски, со победа на гостински терен над Посушје (2-0) со што дојдоа до недостижни 17 бодови повеќе од второпласираниот Борац од Бања Лука. За најтрофејниот босански клуб ова е осма титула во домашното првенствио.

The post Динамо и Јанг Бојс ја освоија титулата, се чека на Струга или Шкендија appeared first on Република.

]]>
Струга во Штип ќе граби кон титулата https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/struga-vo-shtip-ke-grabi-kon-titulata/ Sun, 30 Apr 2023 13:40:03 +0000 https://republika.mk/?p=635500

Со четири натпревари со почетокот во 16 часот денеска ќе биде комплетирано 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во рамки на кое Шкендија вчера во воведниот дуел ја совлада на домашен терен Македонија Ѓорче Петров со 3-1.

Со триумфот Шкендија ѝ се приближи на табелата на водечката Струга на два бода заостанување и ќе чека кикс на лидерот на денешното гостување кај штипска Брегалница.

Актуелниот првак Шкупи му гостува на Силекс во Кратово, додека Тиквеш е домаќин на Работнички, а Победа го пречекува Скопје.

ПМФЛ: 30 коло

Брегалница – Струга

Победа – Скопје

Силекс – Шкупи

Тиквеш – Работнички

Шкендија – Македонија ЃП 3:1 (одиграно в сабота)

Слободна во ова коло е Академија Пандев.

Табела: Струга 56, Шкендија 54, Шкупи 49, Силекс 44, Брегалница 37, Македонија ЃП 36, Тиквеш 31, Работнички 31, Академија Пандев 26, Скопје 19, Победа 13

The post Струга во Штип ќе граби кон титулата appeared first on Република.

]]>

Со четири натпревари со почетокот во 16 часот денеска ќе биде комплетирано 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во рамки на кое Шкендија вчера во воведниот дуел ја совлада на домашен терен Македонија Ѓорче Петров со 3-1. Со триумфот Шкендија ѝ се приближи на табелата на водечката Струга на два бода заостанување и ќе чека кикс на лидерот на денешното гостување кај штипска Брегалница. Актуелниот првак Шкупи му гостува на Силекс во Кратово, додека Тиквеш е домаќин на Работнички, а Победа го пречекува Скопје. ПМФЛ: 30 коло Брегалница – Струга Победа – Скопје Силекс – Шкупи Тиквеш – Работнички Шкендија – Македонија ЃП 3:1 (одиграно в сабота) Слободна во ова коло е Академија Пандев. Табела: Струга 56, Шкендија 54, Шкупи 49, Силекс 44, Брегалница 37, Македонија ЃП 36, Тиквеш 31, Работнички 31, Академија Пандев 26, Скопје 19, Победа 13

The post Струга во Штип ќе граби кон титулата appeared first on Република.

]]>