стручен колегиум на Онкологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/struchen-kolegium-na-onkologija/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Sep 2023 11:46:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стручен колегиум на Онкологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/struchen-kolegium-na-onkologija/ 32 32 Меџити присустувал на стручниот колегиум на Онкологија: Терапијата е соодветна, нема никакви злоупотреби со лековите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/medhiti-prisustuval-na-struchniot-kolegium-na-onkologija-terapijata-e-soodvetna-nema-nikakvi-zloupotrebi-so-lekovite/ Wed, 06 Sep 2023 11:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=679298

Министерот за здравство Фатмир Меџити утрово присуствувал на стручниот онколошки колегиум на Клиниката за радиотерапија и онкологија, кој се одржува еднаш неделно, односно секоја среда во месецот, соопштија од Министерството за здравство (МЗ).

Меџити со лекарите разговараше за воспоставениот систем на работа на оваа клиника од скопскиот Клинички центар, начинот на контрола на терапијата, соодветна и навремена терапија за секој пациент, како и за механизмите за елеминирање на какви било злоупотреби со терапиите, велат од МЗ.

Клиниката за онкологија има воведено нов начин на работа од ноември лани, при што конзилиум од 12 раководителите на оддели ги разгледуваат историите на пациентите на кои би требало да им се дава биолошка терапија и заеднички се одлучува дали има основa пациентот да прима одредена терапија.

На овој начин, исклучена е можноста за евентуални злоупотреби односно поединечно носење одлуки за биолошката терапија. За аплицирање на назначената терапија постои уредна евиденција во амбулантниот дневник кој се води во дневната болница, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

На клиниката се води и електронска евиденција за контрола на секој лек кој влегува во складот. Во електронската евиденција на оваа клиника за секој лек постои „картица на артикл”, кој ги содржи следните податоци: име и презиме на пациент, број на евидентиран преглед, датум на преглед, датум на апликација на лек, количина на лек.

Министерот на состанокот упати апел за максимална посветеност на лекарите кон пациентите, со оглед на случувањата поврзани со Онкологија, кои иако во минатото, сепак раѓаат загриженост. Лекарите на состанокот побарале да бидат заштитени од генерализирање на одговорност и од јавниот линч, бидејќи професионално и посветено работат, што е показател за многу излекувани пациенти и спасени животи, велат од МЗ.

Посетата на Меџити на оваа клиника следи по бројните реакции во јавноста во однос на сомнежот за злоупотреби со терапијата на болните од рак на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија.

The post Меџити присустувал на стручниот колегиум на Онкологија: Терапијата е соодветна, нема никакви злоупотреби со лековите appeared first on Република.

]]>