стручен испит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/struchen-ispit/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Dec 2023 11:47:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стручен испит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/struchen-ispit/ 32 32 Годинава 440 лекари положија стручен испит https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/godinava-440-lekari-polozhija-struchen-ispit/ Wed, 27 Dec 2023 11:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=727089

Во 10 испитни сесии кои беа организирани во текот на 2023 година стручен испит положија вкупно 440 доктори на медицина кои ги исполнуваат условите за добивање на лиценца за работа, соопшти Лекарската комора на Македонија.

Најголем интерес за полагање на стручен испит и оваа година имало во декемвриската испитна сесија кога положиле 232 доктори на медицина.

Докторите на медицина по завршување на медицинскиот факултет и приправничкиот стаж, најдоцна во рок од една година треба да полагаат стручен испит за да може да се стекнат со лиценца за работа. Организацијата на полагањето на стручниот испит е една од надлежностите на Комората, покрај издавањето на лиценци, водење на Регистар на лиценци, акредитација за континуираната медицинска едукација и спроведување на стручен надзор.

Минатата 2022 година стручен испит положиле 435 доктори на медицина, во 2021 уверенија за положен стручен испит добиле 350, а во 2019 година оваа бројка била 420.

Од Комората најавуваат дека во 2024 година ќе го модернизираат процесот на полагање на стручен испит, по примерот на останатите коморски асоцијации од западно-европските држави со кои се остварува блиска соработка.

Базата на испитни прашања е обновена и дополнета и веќе е објавена на интернет страницата на Комората. Новина ќе биде тоа што писмениот дел од испитот ќе се полага на компјутер, каде посебен програм ќе генерира тест со испитни прашања и понудени одговори од кои само еден ќе биде точен. Откако ќе бидат одговорени сите прашања, компјутерскиот програм автоматски ќе го дава и бројот на точни одговори, стои во соопштението.

Докторите кои точно ќе одговорат 60 проценти од прашањата ќе се упатуваат на полагање на практичен и устен дел од испитот. Во практичниот дел докторите ќе добиваат студија на случај на пациент и тие треба да објаснат како ќе го лекуваат.

Во последниот устен дел, како и досега, како што се наведува, акцентот се става на познавањето на етичните норми и правила кои лекарот треба да ги почитува во практикувањето на докторската дејност.

The post Годинава 440 лекари положија стручен испит appeared first on Република.

]]>

Во 10 испитни сесии кои беа организирани во текот на 2023 година стручен испит положија вкупно 440 доктори на медицина кои ги исполнуваат условите за добивање на лиценца за работа, соопшти Лекарската комора на Македонија. Најголем интерес за полагање на стручен испит и оваа година имало во декемвриската испитна сесија кога положиле 232 доктори на медицина. Докторите на медицина по завршување на медицинскиот факултет и приправничкиот стаж, најдоцна во рок од една година треба да полагаат стручен испит за да може да се стекнат со лиценца за работа. Организацијата на полагањето на стручниот испит е една од надлежностите на Комората, покрај издавањето на лиценци, водење на Регистар на лиценци, акредитација за континуираната медицинска едукација и спроведување на стручен надзор. Минатата 2022 година стручен испит положиле 435 доктори на медицина, во 2021 уверенија за положен стручен испит добиле 350, а во 2019 година оваа бројка била 420. Од Комората најавуваат дека во 2024 година ќе го модернизираат процесот на полагање на стручен испит, по примерот на останатите коморски асоцијации од западно-европските држави со кои се остварува блиска соработка.
Базата на испитни прашања е обновена и дополнета и веќе е објавена на интернет страницата на Комората. Новина ќе биде тоа што писмениот дел од испитот ќе се полага на компјутер, каде посебен програм ќе генерира тест со испитни прашања и понудени одговори од кои само еден ќе биде точен. Откако ќе бидат одговорени сите прашања, компјутерскиот програм автоматски ќе го дава и бројот на точни одговори, стои во соопштението.
Докторите кои точно ќе одговорат 60 проценти од прашањата ќе се упатуваат на полагање на практичен и устен дел од испитот. Во практичниот дел докторите ќе добиваат студија на случај на пациент и тие треба да објаснат како ќе го лекуваат. Во последниот устен дел, како и досега, како што се наведува, акцентот се става на познавањето на етичните норми и правила кои лекарот треба да ги почитува во практикувањето на докторската дејност.  

The post Годинава 440 лекари положија стручен испит appeared first on Република.

]]>
Загрозено е полагањето на матурата, синдикатот на ДИЦ го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zagrozeno-e-polaganeto-na-maturata-sindikatot-na-dits-go-prodolzhi-shtrajkot-bidejki-ne-dobile-zadovolitelen-odgovor-od-ministerstvoto-za-finansii-za-zgolemuvane-na-platite/ Thu, 14 Dec 2023 10:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=722859

Загрозено е полагањето на државаната матурата, синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) од 11 декември го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите на вработените во оваа институција. Тие бараат изедначување на нивните плати со платите на наставник ментор.

Платите на вработените во ДИЦ се за 25 проценти помали од платите на наставник ментор. Станува збор околу 26 вработени лица во ДИЦ.

Ова денеска го соопшти Емилија Бошковска од Синдикатот на ДИЦ, која кажа дека штрајкот кој беше ставен во мирување годинава, во мај, продолжува. Бошковска кажа дека нема да се спроведе стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници, а нема да се реализира ниту основната обука за директори.

Во овој момент требаше да се случува стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници. Тоа е нешто во кое се инволвирани и засегнати околу 700 лица кои се пријавени во овој испитен рок. Тие 700 лица очекуваат да полагаат да го положат испитот и да им се трансформира работниот однос до крајот на годината, но во овој случај испитот нема да се случи. Тоа е нешто што сега можеби е поактуелно и од матурата и покрај тоа што матурата од 1 јануари ќе биде пополнување и изјаснување на учениците и внесување во системот на предмети, рече Бошковска.

Таа потенцира дека во меѓувреме се изготвуваат прашања за матурата и се доставуваат кај нив, но нивните координатори нема да ги примат.

Минатиот пат штрајкот беше непосредно пред матурата па не обвинија дека сакаме да уценуваме. Матурата и во овој момент кога го почнуваме штрајкот повторно ќе биде загрозена, затоа што тоа е процес што се случува во текот на целата година. Повеќе процеси кои се во тек ќе бидат стопирани. Основната обука за директори нема да се реализира, нема да почнат нови групи, додаде Бошковска.

Таа додаде дека последните седум месеци имаат директни и индиректни преговори со Министерството за финансии, со посредство на Министерство за образование.

Во овој период изготвивме неколку измени на колективниот договор и по два месеци чекавме одговори од Министерството за финансии. На последниот предлог уште немаме одговор и најпосле ни е јасно дека сето ова беше одолговлекување и решивме дека и покрај тоа што не сакаме, ќе мораме да преминеме во реактивирање на штрајкот кој што веќе беше активен во претходниот период, потенцираше Бошковска.

Таа појасни дека реално решение за нивниот проблем не е понудено, а потенцираше и дека во моментов имаат недостиг од правник, но постојано добиваат и одбивање за вработување.

The post Загрозено е полагањето на матурата, синдикатот на ДИЦ го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите appeared first on Република.

]]>

Загрозено е полагањето на државаната матурата, синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) од 11 декември го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите на вработените во оваа институција. Тие бараат изедначување на нивните плати со платите на наставник ментор. Платите на вработените во ДИЦ се за 25 проценти помали од платите на наставник ментор. Станува збор околу 26 вработени лица во ДИЦ. Ова денеска го соопшти Емилија Бошковска од Синдикатот на ДИЦ, која кажа дека штрајкот кој беше ставен во мирување годинава, во мај, продолжува. Бошковска кажа дека нема да се спроведе стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници, а нема да се реализира ниту основната обука за директори.