стрип Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strip/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jun 2024 12:37:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стрип Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strip/ 32 32 Фестивалот „Стрип трип“ викендов во МКЦ со познати стрип-автори од Италија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/festivalot-strip-trip-vikendov-vo-mkts-so-poznati-strip-avtori-od-italija/ Wed, 05 Jun 2024 12:37:01 +0000 https://republika.mk/?p=784992

Второ издание на фестивалот „Стрип трип“ ќе се одржи викендов (8 и 9 јуни) во Младинскиот културен центар, на кој годинава земја во фокусот е Италија. Со поддршка на Амбасадата на Италија во Скопје, ќе гостуваат двајца познати автори кои, како што беше речено на прес-конференција, се „кремот на италијанскиот стрип“ - сценаристот Роберто Рекиони и цртачот Андреа Акарди.

На трибина во сабота во МКЦ, на која тие ќе гостуваат, ќе биде  промовирана и книга со првите две епизоди од македонскиот превод на стрип-серијалот „Чанбара“ што за нашата публика ги објавува стрип-издавачот „Бункер“.

Организаторите на „Стрип трип“ ја соопштија дводневната програма во која покрај овие настани ќе има и три изложби – првата е изложба на стрип од земјата во фокус (Италија), втората е изложба на стрип дела од селектирани девет македонски автори, маѓу кои и  Миле Топуз, доајенот на македонскиот стрип кој годинава на фестивалот ќе ја добие наградата „Македонско стрип наследство“. На третата изложба ќе бидат претставени стрип дела што пристигнале на отворениот конкурс „Самураи во твојот град“.

Како што соопшти Давор Драмиќанин, на конкурсот пристигнале над 60 дела од млади автори од десет градови. За наградата „Македонска стрип иднина“ ќе одлучува тричлено жири, во состав: Корнелија Коневска од галерија „Остен“, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри и Здравко Гиров од Здружението МакСтрипови.

-Не очекувавме толкав одѕив на конкурсот. Се покажа дека љубовта кон стрип-културата во Македонија е нешто кое ги руши сите предизвици и препреки, а ние сме горди што оваа уметност повторно станува тренд кај помладите генерации, рече Драмиќанин.

Трите изложби се основата на фестивалот, рече тој, но ќе има и комбинирање на стрип со театар односно сценски подготвени ликови на Дилан Дог и самураи кои се главните теми на второто фестивалско издание.

Ќе бидат промовирани неколку нови македонски стрип-изданија, како и првата книга од преводот на серијалот „Чанбара“ во издание на „Бункер“.

Владимир Битољану од „Бункер“ рече дека ќе бидат промовирани три-четири изданија од домашната стрип-продукција , нагласувајќи дека „состојбата е алармантна“.

-На кревки нозе сме. Ако во СФРЈ имаше по илјада стрипови годишно, кај нас тие се бројат на прстите од една рака во една година... Да не се споредуваме со други земји, како на пример Италија, која е лидер во производството на стрипови во Европа. Со тие стрипови и сме пораснале во 1970-тите, 1980-тите, 1990-тите години, рече Битољану.

Фестивалот го организираат само со свои сили и ентузијазам и со помош на љубители и колекционери на стрипот, голема поддршка имале од Амбасадата од Италија, а од Министерството за култура не добиле средства во Годишната програма.

-Од државата нема слух, а не се работи за големи пари. Треба само да има разбирање. Од Министерството за култура добивме нула денари за фестивалот, а од друга страна финансира учество на македонски автори на стрип фестивал во Србија, додаде Битољану.

Во врска со „Чанбара“ (термин од јапонската култура за кодекс на самураите во 17 век), посочи дека „Бункер“ ги откупил правата од италијанскиот издавач за превод на целиот серијал, а во оваа пригода во една книга ќе бидат промовирани првите две епизоди. Во план е во иднина да биде покриен целиот серијал со девет епизоди.

Организаторите особено се горди што на фестивалот ќе ги имаат реномираните италијански стрип автори - Роберто Рекиони и Андреа Акарди кои заедно работат на серијалот „Чанбара“.

-Одлично кликнале Рекиони и Акарди во слулчајот и, според мене, направиле една безвременска приказна која се надевам ќе наиде на добар одек и овде, кај нас, нагласи Битољану.

Сценаристот Рекиони  работел на многу познати серијали, од кои кај нас најпознат е  Дилан Дог за кој  потпишал неколку познати епизоди. Десет години бил и главен уредник на италијанскиот гигантски издавач на стрипови „Серџо Бонели“.  Стрип цртачот Андреа Акарди, пак, работи на повеќе серијали и е познат по вестерн стрипот „Текс Вилер“ - најдолговечниот и најпопуларен стрип во Италија кој излегува од 1949 година.

Здравко Гиров од Здружението МакСтрипови соопшти дека покрај промоции на дела од македонски стрип автори кои, како што рече, „во нашата држава се помаргинализирани и од самиот стрип како уметност“, на хартија ќе бидат објавени и дела создадени од одржаната Стрип школа за средношколци.

За второто издание на фестивалот „Стрип трип“ е подготвен и постер на авторот Гоце Илиевски. „Стрип трип“ првпат се одржа минатата година кога земја во фокусот беше Србија.

The post Фестивалот „Стрип трип“ викендов во МКЦ со познати стрип-автори од Италија appeared first on Република.

]]>

Второ издание на фестивалот „Стрип трип“ ќе се одржи викендов (8 и 9 јуни) во Младинскиот културен центар, на кој годинава земја во фокусот е Италија. Со поддршка на Амбасадата на Италија во Скопје, ќе гостуваат двајца познати автори кои, како што беше речено на прес-конференција, се „кремот на италијанскиот стрип“ - сценаристот Роберто Рекиони и цртачот Андреа Акарди. На трибина во сабота во МКЦ, на која тие ќе гостуваат, ќе биде  промовирана и книга со првите две епизоди од македонскиот превод на стрип-серијалот „Чанбара“ што за нашата публика ги објавува стрип-издавачот „Бункер“. Организаторите на „Стрип трип“ ја соопштија дводневната програма во која покрај овие настани ќе има и три изложби – првата е изложба на стрип од земјата во фокус (Италија), втората е изложба на стрип дела од селектирани девет македонски автори, маѓу кои и  Миле Топуз, доајенот на македонскиот стрип кој годинава на фестивалот ќе ја добие наградата „Македонско стрип наследство“. На третата изложба ќе бидат претставени стрип дела што пристигнале на отворениот конкурс „Самураи во твојот град“. Како што соопшти Давор Драмиќанин, на конкурсот пристигнале над 60 дела од млади автори од десет градови. За наградата „Македонска стрип иднина“ ќе одлучува тричлено жири, во состав: Корнелија Коневска од галерија „Остен“, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри и Здравко Гиров од Здружението МакСтрипови. -Не очекувавме толкав одѕив на конкурсот. Се покажа дека љубовта кон стрип-културата во Македонија е нешто кое ги руши сите предизвици и препреки, а ние сме горди што оваа уметност повторно станува тренд кај помладите генерации, рече Драмиќанин. Трите изложби се основата на фестивалот, рече тој, но ќе има и комбинирање на стрип со театар односно сценски подготвени ликови на Дилан Дог и самураи кои се главните теми на второто фестивалско издание. Ќе бидат промовирани неколку нови македонски стрип-изданија, како и првата книга од преводот на серијалот „Чанбара“ во издание на „Бункер“. Владимир Битољану од „Бункер“ рече дека ќе бидат промовирани три-четири изданија од домашната стрип-продукција , нагласувајќи дека „состојбата е алармантна“. -На кревки нозе сме. Ако во СФРЈ имаше по илјада стрипови годишно, кај нас тие се бројат на прстите од една рака во една година... Да не се споредуваме со други земји, како на пример Италија, која е лидер во производството на стрипови во Европа. Со тие стрипови и сме пораснале во 1970-тите, 1980-тите, 1990-тите години, рече Битољану. Фестивалот го организираат само со свои сили и ентузијазам и со помош на љубители и колекционери на стрипот, голема поддршка имале од Амбасадата од Италија, а од Министерството за култура не добиле средства во Годишната програма. -Од државата нема слух, а не се работи за големи пари. Треба само да има разбирање. Од Министерството за култура добивме нула денари за фестивалот, а од друга страна финансира учество на македонски автори на стрип фестивал во Србија, додаде Битољану. Во врска со „Чанбара“ (термин од јапонската култура за кодекс на самураите во 17 век), посочи дека „Бункер“ ги откупил правата од италијанскиот издавач за превод на целиот серијал, а во оваа пригода во една книга ќе бидат промовирани првите две епизоди. Во план е во иднина да биде покриен целиот серијал со девет епизоди. Организаторите особено се горди што на фестивалот ќе ги имаат реномираните италијански стрип автори - Роберто Рекиони и Андреа Акарди кои заедно работат на серијалот „Чанбара“. -Одлично кликнале Рекиони и Акарди во слулчајот и, според мене, направиле една безвременска приказна која се надевам ќе наиде на добар одек и овде, кај нас, нагласи Битољану. Сценаристот Рекиони  работел на многу познати серијали, од кои кај нас најпознат е  Дилан Дог за кој  потпишал неколку познати епизоди. Десет години бил и главен уредник на италијанскиот гигантски издавач на стрипови „Серџо Бонели“.  Стрип цртачот Андреа Акарди, пак, работи на повеќе серијали и е познат по вестерн стрипот „Текс Вилер“ - најдолговечниот и најпопуларен стрип во Италија кој излегува од 1949 година. Здравко Гиров од Здружението МакСтрипови соопшти дека покрај промоции на дела од македонски стрип автори кои, како што рече, „во нашата држава се помаргинализирани и од самиот стрип како уметност“, на хартија ќе бидат објавени и дела создадени од одржаната Стрип школа за средношколци. За второто издание на фестивалот „Стрип трип“ е подготвен и постер на авторот Гоце Илиевски. „Стрип трип“ првпат се одржа минатата година кога земја во фокусот беше Србија.

The post Фестивалот „Стрип трип“ викендов во МКЦ со познати стрип-автори од Италија appeared first on Република.

]]>
Млади стрип автори од Македонија на Фестивал во Краков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mladi-strip-avtori-od-makedonija-na-festival-vo-krakov/ Sat, 23 Mar 2024 11:29:29 +0000 https://republika.mk/?p=757744

Како резултат на воспоставената меѓународна соработка , неколкумина млади стрип автори од Македонија ,преку нивните стрип дела учествуваа на 13 Стрип фестивал во Краков, Полска. Тоа се : Ангела Петрушевска, Методија Стојановски, , Матеа Аризановска, Славица Купенкова ,Ѓоре Ѓелев, како и Војдан Андонов и Цанко Стефанов (од групата ПАРАГОНС) Овој фестивал се одржува од 22 до 24 март.

Како што извести Томе Трајков од Македонскиот стрип центар од Велес , оваа изложба и каталог се продукт на соработката започната во август 2023 и гостувањето на стрип уметници од земјите на Вишеград групата на стрип колонијата во Велес.

 

Инаку, стрип фестивалот во Краков е најголемиот годишен состанок на љубителите на стрипови, илустрации, анимации и други форми на визуелно раскажување приказни во јужна Полска. Програмата на секое издание вклучува атракции за сите возрасни групи: средби со автори, панели за дискусија, предавања, работилници, косплеј шоуа и изложби.

Јадрото на програмата на 13-тиот фестивал на стрипови во Краков (22-24 март) се состои од средби со уметници од Полска, Чешка, Франција, Германија, Велика Британија и Аргентина. Ќе има индивидуални и групни изложби со уметници од целиот свет. Фестивалот ќе биде проследен и со стрип прошетки низ Краков.

 

Организатори на 13-тиот фестивал на стрипови во Краков се: Здружението на стрипови во Краков, Фондацијата музеј на стрипови и Канцеларијата на фестивалот во Краков – оператор на програмата Град на литературата на УНЕСКО во Краков и палатата Потоцки.

Свесни сме ,завршува Трајков, дека иднината на македонскиот стрип не завршува со споменатите автори ,таа категорија е е доста побројна . Заради тоа Стрип центарот од Велес континуирано организира едукативни активности и мегународни промоции ,што нема да изостане и во 2024. За истото македонската стрип јавност ќе биде благовремено информирана.

The post Млади стрип автори од Македонија на Фестивал во Краков appeared first on Република.

]]>

Како резултат на воспоставената меѓународна соработка , неколкумина млади стрип автори од Македонија ,преку нивните стрип дела учествуваа на 13 Стрип фестивал во Краков, Полска. Тоа се : Ангела Петрушевска, Методија Стојановски, , Матеа Аризановска, Славица Купенкова ,Ѓоре Ѓелев, како и Војдан Андонов и Цанко Стефанов (од групата ПАРАГОНС) Овој фестивал се одржува од 22 до 24 март. Како што извести Томе Трајков од Македонскиот стрип центар од Велес , оваа изложба и каталог се продукт на соработката започната во август 2023 и гостувањето на стрип уметници од земјите на Вишеград групата на стрип колонијата во Велес.   Инаку, стрип фестивалот во Краков е најголемиот годишен состанок на љубителите на стрипови, илустрации, анимации и други форми на визуелно раскажување приказни во јужна Полска. Програмата на секое издание вклучува атракции за сите возрасни групи: средби со автори, панели за дискусија, предавања, работилници, косплеј шоуа и изложби. Јадрото на програмата на 13-тиот фестивал на стрипови во Краков (22-24 март) се состои од средби со уметници од Полска, Чешка, Франција, Германија, Велика Британија и Аргентина. Ќе има индивидуални и групни изложби со уметници од целиот свет. Фестивалот ќе биде проследен и со стрип прошетки низ Краков.   Организатори на 13-тиот фестивал на стрипови во Краков се: Здружението на стрипови во Краков, Фондацијата музеј на стрипови и Канцеларијата на фестивалот во Краков – оператор на програмата Град на литературата на УНЕСКО во Краков и палатата Потоцки. Свесни сме ,завршува Трајков, дека иднината на македонскиот стрип не завршува со споменатите автори ,таа категорија е е доста побројна . Заради тоа Стрип центарот од Велес континуирано организира едукативни активности и мегународни промоции ,што нема да изостане и во 2024. За истото македонската стрип јавност ќе биде благовремено информирана.

The post Млади стрип автори од Македонија на Фестивал во Краков appeared first on Република.

]]>
Тејлор Свифт ќе добие стрип посветен на нејзиниот живот и кариера https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/tejlor-svift-ke-dobie-strip-posveten-na-nejziniot-zhivot-i-kariera/ Sat, 18 Nov 2023 10:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=702813

Најавен е биографски стрип за американската пејачка Тејлор Свифт. Илустрираната книшка со 22 страници го прикажува подемот на современата „поп-кралица“, со нагласка на некои од нејзините достигнувања во кариерата.

Стрипот е дел од серијата „Силата на жените“ (Female Force) на „Тајдалвејв комикс“ (TidalWave Comics) којашто раскажува за „успешни и влијателни личности“ во литературата, забавната индустрија, политиката и други категории.

Секако дека Тејлор Свифт заслужува свој стрип! Таа носи шарени хулахопки и се бори со корпоративните негативци кои се обидуваат да ги искористат своите пари за да ја контролираат. Единствената друга личност што одговара на тој опис е Кларк Кент (Супермен, з.п.)... Но, дури и тој не би можел да го напише (албумот) „1989“, изјави Ерик М. Ескивел, кој е автор на стрипот.

Стрипот ќе излезе на 13 декември и ќе биде достапен со мек и тврд повез како и дигитална верзија.

The post Тејлор Свифт ќе добие стрип посветен на нејзиниот живот и кариера appeared first on Република.

]]>

Најавен е биографски стрип за американската пејачка Тејлор Свифт. Илустрираната книшка со 22 страници го прикажува подемот на современата „поп-кралица“, со нагласка на некои од нејзините достигнувања во кариерата. Стрипот е дел од серијата „Силата на жените“ (Female Force) на „Тајдалвејв комикс“ (TidalWave Comics) којашто раскажува за „успешни и влијателни личности“ во литературата, забавната индустрија, политиката и други категории.
Секако дека Тејлор Свифт заслужува свој стрип! Таа носи шарени хулахопки и се бори со корпоративните негативци кои се обидуваат да ги искористат своите пари за да ја контролираат. Единствената друга личност што одговара на тој опис е Кларк Кент (Супермен, з.п.)... Но, дури и тој не би можел да го напише (албумот) „1989“, изјави Ерик М. Ескивел, кој е автор на стрипот.
Стрипот ќе излезе на 13 декември и ќе биде достапен со мек и тврд повез како и дигитална верзија.

The post Тејлор Свифт ќе добие стрип посветен на нејзиниот живот и кариера appeared first on Република.

]]>
Отворено е пријавувањето за регионалниот стрип-настан „24 часовно цртање на стрипови“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoreno-e-prijavuvaneto-za-regionalniot-strip-nastan-24-chasovno-tsrtane-na-stripovi/ Fri, 03 Nov 2023 18:33:26 +0000 https://republika.mk/?p=696612

Во тек е пријавувањето за 14 регионална манифестација „24 часовно цртање на стрипови“ која е отворена за стрип автори од регионот, меѓу кои и македонски автори, а почна на 28 октомври и ќе трае до 9 ноември годинава.

Програмскиот координатор на Стрип центарот на Македонија-Велес, кој е македонски координатор за оваа манифестација, Томе Трајков, информира дека манифестацијата се одржува во сабота, 11 ноември 2023 година од 12 часот и ќе трае до следниот ден 12 ноември 2023 до 12 часот.

Тој појаснува дека се црта во живо од определени пунктови во градовите: Госпиќ, Херцег Нови, Љубљана, Осиек, Риека, Сплит, Загреб, а се овозможува и цртање од дома и објавување на изготвени стрип на онлајн платформата https://www.24satnocrtanjestripa.com/

Како што истакнува Трајков, од страна на негови стрип соработниците и пријатели од Хрватска била прифатена неговата иницијатива за мобилизирање на македонските стрип автори во оваа стрип манифестација.

Што се однесува до организацијата, таа е спонтана и нема посебен организатор. На светско ниво ја создава реномираниот стрип теоретичар Скот Мек Клоуд, а во регионот авторот Дарко Мацан на Академијата во Загреб во 2010. Оваа акција низ годините бргу се проширува, вели Трајков.

Тој потенцира дека една специфика е што оваа регионална иницијатива е сосема независна од светската истоветна акција, што се организира во месец октомври.

The post Отворено е пријавувањето за регионалниот стрип-настан „24 часовно цртање на стрипови“ appeared first on Република.

]]>

Во тек е пријавувањето за 14 регионална манифестација „24 часовно цртање на стрипови“ која е отворена за стрип автори од регионот, меѓу кои и македонски автори, а почна на 28 октомври и ќе трае до 9 ноември годинава. Програмскиот координатор на Стрип центарот на Македонија-Велес, кој е македонски координатор за оваа манифестација, Томе Трајков, информира дека манифестацијата се одржува во сабота, 11 ноември 2023 година од 12 часот и ќе трае до следниот ден 12 ноември 2023 до 12 часот. Тој појаснува дека се црта во живо од определени пунктови во градовите: Госпиќ, Херцег Нови, Љубљана, Осиек, Риека, Сплит, Загреб, а се овозможува и цртање од дома и објавување на изготвени стрип на онлајн платформата https://www.24satnocrtanjestripa.com/ Како што истакнува Трајков, од страна на негови стрип соработниците и пријатели од Хрватска била прифатена неговата иницијатива за мобилизирање на македонските стрип автори во оваа стрип манифестација.
Што се однесува до организацијата, таа е спонтана и нема посебен организатор. На светско ниво ја создава реномираниот стрип теоретичар Скот Мек Клоуд, а во регионот авторот Дарко Мацан на Академијата во Загреб во 2010. Оваа акција низ годините бргу се проширува, вели Трајков.
Тој потенцира дека една специфика е што оваа регионална иницијатива е сосема независна од светската истоветна акција, што се организира во месец октомври.

The post Отворено е пријавувањето за регионалниот стрип-настан „24 часовно цртање на стрипови“ appeared first on Република.

]]>
Ден на бесплатни стрипови https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/den-na-besplatni-stripovi/ Sat, 07 Oct 2023 07:48:38 +0000 https://republika.mk/?p=688822

Стрип книжарницата „Бункер“ денеска го организира 3. „Ден на бесплатни стрипови“. Во рамки на настанот бесплатно ќе бидат поделени околу 700 стрипови, а целта е промовирање и ширење на стрип-културата.

Во понудата е широк спектар на изданија наменети за различни возрасни групи.

Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“, секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови стрип, „Бункер“ ќе понуди и 30 отсто попуст на целокупниот асортиман.

Бројката расте, бидејќи во акцијата се вклучуваат и голем број домашни издавачи и поединци. Настанот ќе трае до 15 часот или додека не се потрошат количествата. Во соработка со „Светот на Биби“, еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер, информираат од „Бункер“.

„Денот на бесплатни стрипови“ е најмасовниот настан во светот на стрипот - ден во годината кога во специјализираните книжарници за стрипови на посетителите им се делат бесплатни примероци. Манифестацијата прв пат се одржа во САД во 2002, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите шест години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји.

The post Ден на бесплатни стрипови appeared first on Република.

]]>

Стрип книжарницата „Бункер“ денеска го организира 3. „Ден на бесплатни стрипови“. Во рамки на настанот бесплатно ќе бидат поделени околу 700 стрипови, а целта е промовирање и ширење на стрип-културата. Во понудата е широк спектар на изданија наменети за различни возрасни групи. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“, секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови стрип, „Бункер“ ќе понуди и 30 отсто попуст на целокупниот асортиман.
Бројката расте, бидејќи во акцијата се вклучуваат и голем број домашни издавачи и поединци. Настанот ќе трае до 15 часот или додека не се потрошат количествата. Во соработка со „Светот на Биби“, еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер, информираат од „Бункер“.
„Денот на бесплатни стрипови“ е најмасовниот настан во светот на стрипот - ден во годината кога во специјализираните книжарници за стрипови на посетителите им се делат бесплатни примероци. Манифестацијата прв пат се одржа во САД во 2002, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите шест години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји.

The post Ден на бесплатни стрипови appeared first on Република.

]]>
Македонскиот стрип на изложба во Сомбор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-strip-na-izlozhba-vo-sombor/ Thu, 18 May 2023 18:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=642409

Како почетен дел од 8. Сомборски стрип фестивал од понеделникот во Сомбор, Србија отворена е изложба на која се претставени повеќе македонски стрип автори. Како што информира Томе Трајков од СЦМ-Велес, селектор кој ја подготви изложбата, наместо првично планираното, заради актуелната ситуација во Србија изложбата е отворена за посетители во детското одделение на градската библиотека „Карло Бијелицки“ во Сомбор.

Избрани се стрипови од разни генерации, пријавени преку јавен повик и обезбедени авторски права. Доминираат стрипови од актуелните македонски автори што изложувале на Меѓународниот стрип-салон во Велес и во магазинот „Креатор“, единственото постојано стрип-издание кај нас,

Изложените стрипови се дела на цртачите: Ангела Петрушевска –Скопје , Дамјан Шокев -Скопје ,Дарко Богданов-Виница, Ѓургица Варела-Гевгелија , Илко Стојановски –Велес,Јана Бутеска –Скопје ,Лазар Ангелков-Велес, Максим Ристески-Скопје, ,Методија Стојановски-Куманово,Оливер Цветковски –Велес, Славица Купенкова-Скопје, Тоде Блажевски –Скопје и Цанко Стефанов од Скопје.

Како сценаристи на некои од делата беа застапени: Александар Стеванов од Штип, Ване Трајков од Велес, како и Александра Ристески, Војдан Андонов, Ѓоре Гелев (сите од Скопје).

Трајков информира дека организирањето на гостувањето во Сомбор вклучено и оваа изложба е неколку годишна заложба којашто конечно се реализира. Истото претставува збогатување на досегашната соработка којашто се изведуваше преку учества на стрип конкурси и меѓусебно информирање за други стрип настани во регионот и пошироко.

Избрани се стрипови од разни генерации, пријавени преку јавен повик и обезбедени авторски права.

Воедно изложбата на избрани македонски стрип автори претставува воведен дел на 8-миот Сомборски мегународен салон на стрип и фантастика кој ќе се одржи претстојниот викенд во Сомбор Србија.

The post Македонскиот стрип на изложба во Сомбор appeared first on Република.

]]>

Како почетен дел од 8. Сомборски стрип фестивал од понеделникот во Сомбор, Србија отворена е изложба на која се претставени повеќе македонски стрип автори. Како што информира Томе Трајков од СЦМ-Велес, селектор кој ја подготви изложбата, наместо првично планираното, заради актуелната ситуација во Србија изложбата е отворена за посетители во детското одделение на градската библиотека „Карло Бијелицки“ во Сомбор. Избрани се стрипови од разни генерации, пријавени преку јавен повик и обезбедени авторски права. Доминираат стрипови од актуелните македонски автори што изложувале на Меѓународниот стрип-салон во Велес и во магазинот „Креатор“, единственото постојано стрип-издание кај нас, Изложените стрипови се дела на цртачите: Ангела Петрушевска –Скопје , Дамјан Шокев -Скопје ,Дарко Богданов-Виница, Ѓургица Варела-Гевгелија , Илко Стојановски –Велес,Јана Бутеска –Скопје ,Лазар Ангелков-Велес, Максим Ристески-Скопје, ,Методија Стојановски-Куманово,Оливер Цветковски –Велес, Славица Купенкова-Скопје, Тоде Блажевски –Скопје и Цанко Стефанов од Скопје. Како сценаристи на некои од делата беа застапени: Александар Стеванов од Штип, Ване Трајков од Велес, како и Александра Ристески, Војдан Андонов, Ѓоре Гелев (сите од Скопје). Трајков информира дека организирањето на гостувањето во Сомбор вклучено и оваа изложба е неколку годишна заложба којашто конечно се реализира. Истото претставува збогатување на досегашната соработка којашто се изведуваше преку учества на стрип конкурси и меѓусебно информирање за други стрип настани во регионот и пошироко. Избрани се стрипови од разни генерации, пријавени преку јавен повик и обезбедени авторски права. Воедно изложбата на избрани македонски стрип автори претставува воведен дел на 8-миот Сомборски мегународен салон на стрип и фантастика кој ќе се одржи претстојниот викенд во Сомбор Србија.

The post Македонскиот стрип на изложба во Сомбор appeared first on Република.

]]>
Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ вечер во Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/multimedijalnata-patuvachka-strip-izlozhba-can-for-balkans-vecher-vo-veles/ Fri, 03 Mar 2023 11:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=615520

По Романија, Албанија, Белгија и Србија, токму Велес ќе биде центар на стрип културата во земјава. Уметници и сценаристи, стрип теоретичари, професори, љубители на стрипот и гости од земјава и од странство ќе присуствуваат на отворањето на изложбата „CAN for Balkans“ вечер во 20 часот во Ликовниот салон во Велес, информираше Томе Трајков од Стрип-центарот на Македонија-Велес.

Трајков кој воедно е и член на меѓународното стрип жири „Can for Balkans“ рече дека изложбата „CAN for Balkans” е составена од две тематски целини, од кои на првата се презентирани графичко-секвенцијални дела пристигнати на минатогодишниот меѓународен стрип-конкурс на тема „Балканот низ историјата”.

На втората, која е резултат од повеќегодишните истражувачки студии за историскиот стрип на Балканот, изложени се најрепрезентативните историски стрипови на романски, српски, албански и македонски автори, односно на историски стрипови од земјите од каде што се партнерските организации на проектот. Посетителите ќе можат да ја посетат оваа изложба посветена на историјата на Балканот се до 27 март.

Пред изложбата, во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од 11.30 часот ќе се одржи презентација на македонски историски стрип од Александар Стеванов. Од 13.00 до 14.30 часот ќе има разговор со Бошко Караџов, автор на книгата „Естетика на стрипот“. Од 16.30 до 17.30 часот ќе биде промовирана книгата „Стрип и моќ – Хероите и суперхероите како геололитичка алатка“ од Андреа Силвестри, амбасадор на Италија во земјава.

Од 18 до 19.30 часот ќе има дебата „Can for Balkans – Балканот во историјата низ призмата на пропаганда, клишеа и стереотипи“.

Настанот е во организација на Стрип-центар на Македонија како партнер во проектот CAN for Balkans, кофинансиран од Европската унија преку програмата „Креативна Европа“, а локални партнери се Општина Велес и ЛУ Народен музеј – Велес.

The post Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ вечер во Велес appeared first on Република.

]]>

По Романија, Албанија, Белгија и Србија, токму Велес ќе биде центар на стрип културата во земјава. Уметници и сценаристи, стрип теоретичари, професори, љубители на стрипот и гости од земјава и од странство ќе присуствуваат на отворањето на изложбата „CAN for Balkans“ вечер во 20 часот во Ликовниот салон во Велес, информираше Томе Трајков од Стрип-центарот на Македонија-Велес. Трајков кој воедно е и член на меѓународното стрип жири „Can for Balkans“ рече дека изложбата „CAN for Balkans” е составена од две тематски целини, од кои на првата се презентирани графичко-секвенцијални дела пристигнати на минатогодишниот меѓународен стрип-конкурс на тема „Балканот низ историјата”. На втората, која е резултат од повеќегодишните истражувачки студии за историскиот стрип на Балканот, изложени се најрепрезентативните историски стрипови на романски, српски, албански и македонски автори, односно на историски стрипови од земјите од каде што се партнерските организации на проектот. Посетителите ќе можат да ја посетат оваа изложба посветена на историјата на Балканот се до 27 март. Пред изложбата, во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од 11.30 часот ќе се одржи презентација на македонски историски стрип од Александар Стеванов. Од 13.00 до 14.30 часот ќе има разговор со Бошко Караџов, автор на книгата „Естетика на стрипот“. Од 16.30 до 17.30 часот ќе биде промовирана книгата „Стрип и моќ – Хероите и суперхероите како геололитичка алатка“ од Андреа Силвестри, амбасадор на Италија во земјава. Од 18 до 19.30 часот ќе има дебата „Can for Balkans – Балканот во историјата низ призмата на пропаганда, клишеа и стереотипи“. Настанот е во организација на Стрип-центар на Македонија како партнер во проектот CAN for Balkans, кофинансиран од Европската унија преку програмата „Креативна Европа“, а локални партнери се Општина Велес и ЛУ Народен музеј – Велес.

The post Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ вечер во Велес appeared first on Република.

]]>
Стрип-авторот Златко Крстевски награден во Сеул https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/strip-avtorot-zlatko-krstevski-nagraden-vo-seul/ Fri, 17 Feb 2023 12:48:00 +0000 https://republika.mk/?p=610175

На 11-та манифестација за современа уметничка карикатура СИКАКО 2022/23 во Сеул, Кореја на која учествуваа уметници од 60 земји: САД, Франција, Чешка, Иран, Турција, Египет, Кина, кои се претставија со над 1500 дела на современ сатиричен цртеж и уметничка карикатура, награден е македонскиот стрип автор Златко Крстевски.

Правилата за учество на изложбата се праќаат исклучиво  оригинални  дела , на тема ,,Криза “ , потпишани од уметниците. Организатор  е меѓународниот Институт за современа карикатурална уметност СИЈОНГ од Сеул Кореја. Делата се предходно жирирани, а во моментов се изложени во Сити Паблик Галери во Сеул. Куратор на ликовната поставка е Др.Лим Ченг Сан. По завршување на настанот сите 20 дела од Крстевски ќе бидат дел од фондот на Сити Галери од Сеул .

Крстевски со свои дела застапен е и во антологијата ,,Бест Картунс оф Нипон ,, публикувана од Музејот Саитама Сити -Јапонија во чест на таткото на манга уметноста Ракутен Китазава . Крстевски покрај стрип,сатиричен цртеж активно се занимава со сликарство, масло на платно. Член е на ДЛУБ Битола, ГАПИ-Кореја, ХДК-Загреб. Застапен е и во најголемата енциклопедија на деветтата уметност  ЛАМБИЕК од Амстердам, Холандија .

The post Стрип-авторот Златко Крстевски награден во Сеул appeared first on Република.

]]>

На 11-та манифестација за современа уметничка карикатура СИКАКО 2022/23 во Сеул, Кореја на која учествуваа уметници од 60 земји: САД, Франција, Чешка, Иран, Турција, Египет, Кина, кои се претставија со над 1500 дела на современ сатиричен цртеж и уметничка карикатура, награден е македонскиот стрип автор Златко Крстевски. Правилата за учество на изложбата се праќаат исклучиво  оригинални  дела , на тема ,,Криза “ , потпишани од уметниците. Организатор  е меѓународниот Институт за современа карикатурална уметност СИЈОНГ од Сеул Кореја. Делата се предходно жирирани, а во моментов се изложени во Сити Паблик Галери во Сеул. Куратор на ликовната поставка е Др.Лим Ченг Сан. По завршување на настанот сите 20 дела од Крстевски ќе бидат дел од фондот на Сити Галери од Сеул . Крстевски со свои дела застапен е и во антологијата ,,Бест Картунс оф Нипон ,, публикувана од Музејот Саитама Сити -Јапонија во чест на таткото на манга уметноста Ракутен Китазава . Крстевски покрај стрип,сатиричен цртеж активно се занимава со сликарство, масло на платно. Член е на ДЛУБ Битола, ГАПИ-Кореја, ХДК-Загреб. Застапен е и во најголемата енциклопедија на деветтата уметност  ЛАМБИЕК од Амстердам, Холандија .

The post Стрип-авторот Златко Крстевски награден во Сеул appeared first on Република.

]]>
Македонскиот стрип на балканска изложба во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-strip-na-balkanska-izlozhba-vo-srbija/ Mon, 06 Feb 2023 07:43:36 +0000 https://republika.mk/?p=605177

На 3 февруари, во 19 часот, во Лесковачкиот културен центар, во соседна Србија, беше отворена изложбата „CAN for Balkans“, дел од истоимениот меѓународен проект во чија имплементација е вклучен и Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес. Станува збор за мултимедијална, групна изложба, која е меѓу досега најобемните во регионот, посветена на историскиот стрип на Балканот. Покрај неколкуте стотици стрип-табли на автори од Романија, Србија и Албанија, изложени се и такви во авторство на Македонци.

Изложбата „CAN for Balkans“ е составена од две тематски целини, од кои на првата се презентирани графичко-секвенцијални дела пристигнати на минатогодишниот меѓународен стрип-конкурс на тема „Балканот низ историјата“, на кој меѓу наградените беше и Славица Купенкова од Скопје. На втората, која е резултат од повеќегодишните истражувачки студии за историскиот стрип на Балканот, изложени се најрепрезентативните историски стрипови на романски, српски, албански и македонски автори, односно на историски стрипови од земјите од каде што се партнерските организации на проектот.

Од македонските стрип-автори, со свои дела на групната изложба „CAN for Balkans“ се претставени: Љубомир Филиповски, Диме Иванов-Димано, Миле Топуз, Драган Ташковски, Илија Јордановски, Дарко Богданов и Александар Стеванов, од кои последниот се јавува и во улога на истражувач и селектор на изложените македонски дела. Воедно, на изложбата беше претставена и публикација во која се објавени истражувачките студии за историскиот стрип на Балканот, со акцент на стереотипите и клишеата, вклучително и студијата на стрип-хроничарот Стеванов од Штип.

– Истражувачкиот дел од овој проект покажа и докажа дека Македонија има своја историја на стрипот, но и дека историјата е застапена во македонската деветта уметност. Натпреварувачкиот дел , т.е. конкурсот, исто така покажа убава слика за талентот на македонските стрип-автори. Сѐ на сѐ, „Македонецот“ одамна не е „Македонче“ и во оваа културна област, наспроти тезите од т.н. „пријатели“, кои што имаат проблем со македонското културно (и стриповско) миље, македонскиот идентитет, но и јазик, изјави Томе Трајков, стрип-промотор и член на жирито на меѓународниот стрип-конкурс организиран во рамките на проектот „CAN for Balkans“.

На предлог на Стеванов, како најемблематичен лик од македонските историски стрипови е избран едноокиот Самуилов војник Никола, кој на изложбата е поставен на посебно пано, отпечатено во реална величина. Се работи за измислен лик, протагонист во стрипот „Одмазда на еднооките“, премиерно објавен во далечната 1966 година. Како комплетен автор на овој стрип од 30 табли, кој е на тема од македонското средновековие, се потпишува Љубомир Филиповски од Скопје, еден од најплодните македонски стрип-творци.

Отворањето на изложбата беше претходено од тркалезната маса „Балканот во стрипот, стрипот на Балканот“ и од презентацијата на книгата „Југот и стрипот во теоријата“. Осврнувајќи се на целите на проектот, непосредно пред отворањето на изложбата беше одржана дебата на која учесниците дискутираа на тема борба против стереотипите, клишеата и пропагандата во историските стрипови. Освен претставници од партнерските организации на проектот, меѓу кои и Ване Трајков од Велес, на дебатата учествуваа и гости од Босна и Херцеговина и Бугарија.

Проектот и мултимедијалната меѓународна патувачка изложба на историски стрип „CAN for Balkans“, на кураторот Николае Пепене, се реализира со поддршка од Европската Унија, во рамките на проектот „Креативна Европа“. Покрај Стрип центарот на Македонија – Велес, во него се вклучени и Регионалниот музеј во Брашов, Националниот историски музеј во Тирана, Музејот на стрип во Брисел, како и Лесковачкото стрип-училиште „Никола Митровиќ-Кокан“.

Изложбата „CAN for Balkans“ е поставена во Лесковац во рамките на Балканската смотра на млади стрип-автори, што годинава се одржува по дваесет и петти пат. Минатата година оваа изложба на историски стрип беше претставена и во главните градови на Белгија и Албанија, како и во Брашов, Романија. Само во Музејот на стрип во Брисел, европскиот центар на стрипот, неа ја посетија околу 30 000 вљубеници во деветтата уметност. По нејзиното затворање во Лесковац, во март изложбата ќе биде преселена во Велес, а има најави дека ќе биде поставена и во Бугарија и одново во Романија.

 

The post Македонскиот стрип на балканска изложба во Србија appeared first on Република.

]]>

На 3 февруари, во 19 часот, во Лесковачкиот културен центар, во соседна Србија, беше отворена изложбата „CAN for Balkans“, дел од истоимениот меѓународен проект во чија имплементација е вклучен и Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес. Станува збор за мултимедијална, групна изложба, која е меѓу досега најобемните во регионот, посветена на историскиот стрип на Балканот. Покрај неколкуте стотици стрип-табли на автори од Романија, Србија и Албанија, изложени се и такви во авторство на Македонци. Изложбата „CAN for Balkans“ е составена од две тематски целини, од кои на првата се презентирани графичко-секвенцијални дела пристигнати на минатогодишниот меѓународен стрип-конкурс на тема „Балканот низ историјата“, на кој меѓу наградените беше и Славица Купенкова од Скопје. На втората, која е резултат од повеќегодишните истражувачки студии за историскиот стрип на Балканот, изложени се најрепрезентативните историски стрипови на романски, српски, албански и македонски автори, односно на историски стрипови од земјите од каде што се партнерските организации на проектот. Од македонските стрип-автори, со свои дела на групната изложба „CAN for Balkans“ се претставени: Љубомир Филиповски, Диме Иванов-Димано, Миле Топуз, Драган Ташковски, Илија Јордановски, Дарко Богданов и Александар Стеванов, од кои последниот се јавува и во улога на истражувач и селектор на изложените македонски дела. Воедно, на изложбата беше претставена и публикација во која се објавени истражувачките студии за историскиот стрип на Балканот, со акцент на стереотипите и клишеата, вклучително и студијата на стрип-хроничарот Стеванов од Штип. – Истражувачкиот дел од овој проект покажа и докажа дека Македонија има своја историја на стрипот, но и дека историјата е застапена во македонската деветта уметност. Натпреварувачкиот дел , т.е. конкурсот, исто така покажа убава слика за талентот на македонските стрип-автори. Сѐ на сѐ, „Македонецот“ одамна не е „Македонче“ и во оваа културна област, наспроти тезите од т.н. „пријатели“, кои што имаат проблем со македонското културно (и стриповско) миље, македонскиот идентитет, но и јазик, изјави Томе Трајков, стрип-промотор и член на жирито на меѓународниот стрип-конкурс организиран во рамките на проектот „CAN for Balkans“. На предлог на Стеванов, како најемблематичен лик од македонските историски стрипови е избран едноокиот Самуилов војник Никола, кој на изложбата е поставен на посебно пано, отпечатено во реална величина. Се работи за измислен лик, протагонист во стрипот „Одмазда на еднооките“, премиерно објавен во далечната 1966 година. Како комплетен автор на овој стрип од 30 табли, кој е на тема од македонското средновековие, се потпишува Љубомир Филиповски од Скопје, еден од најплодните македонски стрип-творци. Отворањето на изложбата беше претходено од тркалезната маса „Балканот во стрипот, стрипот на Балканот“ и од презентацијата на книгата „Југот и стрипот во теоријата“. Осврнувајќи се на целите на проектот, непосредно пред отворањето на изложбата беше одржана дебата на која учесниците дискутираа на тема борба против стереотипите, клишеата и пропагандата во историските стрипови. Освен претставници од партнерските организации на проектот, меѓу кои и Ване Трајков од Велес, на дебатата учествуваа и гости од Босна и Херцеговина и Бугарија. Проектот и мултимедијалната меѓународна патувачка изложба на историски стрип „CAN for Balkans“, на кураторот Николае Пепене, се реализира со поддршка од Европската Унија, во рамките на проектот „Креативна Европа“. Покрај Стрип центарот на Македонија – Велес, во него се вклучени и Регионалниот музеј во Брашов, Националниот историски музеј во Тирана, Музејот на стрип во Брисел, како и Лесковачкото стрип-училиште „Никола Митровиќ-Кокан“. Изложбата „CAN for Balkans“ е поставена во Лесковац во рамките на Балканската смотра на млади стрип-автори, што годинава се одржува по дваесет и петти пат. Минатата година оваа изложба на историски стрип беше претставена и во главните градови на Белгија и Албанија, како и во Брашов, Романија. Само во Музејот на стрип во Брисел, европскиот центар на стрипот, неа ја посетија околу 30 000 вљубеници во деветтата уметност. По нејзиното затворање во Лесковац, во март изложбата ќе биде преселена во Велес, а има најави дека ќе биде поставена и во Бугарија и одново во Романија.  

The post Македонскиот стрип на балканска изложба во Србија appeared first on Република.

]]>
Првпат македонскиот стрип претставен пред публиката во Романија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prvpat-makedonskiot-strip-pretstaven-pred-publikata-vo-romanija/ Mon, 31 Oct 2022 08:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=567651

Во рамки на мултимедијалната изложба „CAN for Balkans“ во трговскиот центар „Кореси“ во Брашов, Романија, првпат е претставен македонскиот стрип.

Изложени се фрагменти од стрипови на Љубомир Филиповски, Илија Јордановски, Миле Топуз, Драган Ташковски, Диме Иванов-Димано и Дарко Богданов, вели стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип.

Освен како селектор на македонскиот дел од овој сегмент, Стеванов воедно е автор и на студијата за македонските историски стрипови, извадоци од која се искористени за текстуална експликација и контекстуализација на изложените стрип-табли што се на теми од богатата македонска национална историја.

На предлог на Стеванов, како најемблематичен лик од македонските историски стрипови е избран едноокиот Самуилов војник Никола, кој на изложбата е поставен на посебно пано, отпечатено во реална величина. Се работи за фиктивен лик, протагонист во стрипот „Одмазда на еднооките“, премиерно објавен во далечната 1966 година, во 69-тиот број на популарната горњимилановачка едиција „Никад робом“. Како комплетен автор на овој стрип од 30 табли, кој е на тема од македонското средновековие, се потпишува Љубомир Филиповски од Скопје, еден од најплодните македонски стрип-творци.

Иако Филиповски го создава на почетокот од својата кариера, како деветнаесетгодишен, „Одмазда на еднооките“ според мое мислење е не само еден од најдобрите македонски историски стрипови, туку и еден од најдобрите македонски стрипови воопшто. Мешајќи ги историските факти со имагинацијата, во него тој ја раскажува приказната за тројца храбри Самуилови војници – Никола, Владимир и Стамен – на кои им било оставено по едно око за поразената војска да ја вратат на својот цар. Но наместо тоа, во желбата за посветлото утре на родната грутка, тие ја продолжуваат битката против Ромеите, што овој стрип го прави безвременска авантура, изјави Стеванов.

Во втората секција на изложбата е претставена современата перспектива за Балканот во историските стрипови, во форма на 64 дела. Меѓу изложените стрипови на 67 автори, од кои 27 уметници од осум земји беа избрани на меѓународен конкурс, е и стрип на Славица Купенкова од Скопје, на која на манифестација ѝ беше доделено специјално признание. Покрај Купенкова, како гости на Меѓународниот фестивал на историски стрип во Брашов, на отворањето на изложбата присуствуваат и претставниците на Стрип центарот на Македонија – Ване Трајков и Александра Андреева.

Изложбата, чиј куратор е Никола Пепене, е поставена во рамки на петтиот Меѓународен фестивал на историски стрип во Брашов, а е составена од две одделни секции. Во првата од нив, на мултимедијален начин и во креативна форма се прикажани резултатите од истражувачкиот проект за историјата на историските стрипови на Балканот, фокусирајќи се на споделените стереотипи и клишеа.

„CAN for Balkans“, која е дел од истоимениот меѓународен проект, ќе биде поставена во Брашов до 13 ноември, по што ќе се пресели во Брисел, Лесковац, Тирана и во Велес.

The post Првпат македонскиот стрип претставен пред публиката во Романија appeared first on Република.

]]>

Во рамки на мултимедијалната изложба „CAN for Balkans“ во трговскиот центар „Кореси“ во Брашов, Романија, првпат е претставен македонскиот стрип.
Изложени се фрагменти од стрипови на Љубомир Филиповски, Илија Јордановски, Миле Топуз, Драган Ташковски, Диме Иванов-Димано и Дарко Богданов, вели стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип.
Освен како селектор на македонскиот дел од овој сегмент, Стеванов воедно е автор и на студијата за македонските историски стрипови, извадоци од која се искористени за текстуална експликација и контекстуализација на изложените стрип-табли што се на теми од богатата македонска национална историја. На предлог на Стеванов, како најемблематичен лик од македонските историски стрипови е избран едноокиот Самуилов војник Никола, кој на изложбата е поставен на посебно пано, отпечатено во реална величина. Се работи за фиктивен лик, протагонист во стрипот „Одмазда на еднооките“, премиерно објавен во далечната 1966 година, во 69-тиот број на популарната горњимилановачка едиција „Никад робом“. Како комплетен автор на овој стрип од 30 табли, кој е на тема од македонското средновековие, се потпишува Љубомир Филиповски од Скопје, еден од најплодните македонски стрип-творци.
Иако Филиповски го создава на почетокот од својата кариера, како деветнаесетгодишен, „Одмазда на еднооките“ според мое мислење е не само еден од најдобрите македонски историски стрипови, туку и еден од најдобрите македонски стрипови воопшто. Мешајќи ги историските факти со имагинацијата, во него тој ја раскажува приказната за тројца храбри Самуилови војници – Никола, Владимир и Стамен – на кои им било оставено по едно око за поразената војска да ја вратат на својот цар. Но наместо тоа, во желбата за посветлото утре на родната грутка, тие ја продолжуваат битката против Ромеите, што овој стрип го прави безвременска авантура, изјави Стеванов.
Во втората секција на изложбата е претставена современата перспектива за Балканот во историските стрипови, во форма на 64 дела. Меѓу изложените стрипови на 67 автори, од кои 27 уметници од осум земји беа избрани на меѓународен конкурс, е и стрип на Славица Купенкова од Скопје, на која на манифестација ѝ беше доделено специјално признание. Покрај Купенкова, како гости на Меѓународниот фестивал на историски стрип во Брашов, на отворањето на изложбата присуствуваат и претставниците на Стрип центарот на Македонија – Ване Трајков и Александра Андреева. Изложбата, чиј куратор е Никола Пепене, е поставена во рамки на петтиот Меѓународен фестивал на историски стрип во Брашов, а е составена од две одделни секции. Во првата од нив, на мултимедијален начин и во креативна форма се прикажани резултатите од истражувачкиот проект за историјата на историските стрипови на Балканот, фокусирајќи се на споделените стереотипи и клишеа. „CAN for Balkans“, која е дел од истоимениот меѓународен проект, ќе биде поставена во Брашов до 13 ноември, по што ќе се пресели во Брисел, Лесковац, Тирана и во Велес.

The post Првпат македонскиот стрип претставен пред публиката во Романија appeared first on Република.

]]>
Ден на италијански стрип во рамки на 10. фестивал „Џифони Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/den-na-italijanski-strip-vo-ramki-na-10-festival-dzifoni-makedonija/ Tue, 04 Oct 2022 10:32:19 +0000 https://republika.mk/?p=557172

Соработката меѓу Италијанската амбасада во Скопје и Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, кој годинава го одбележува десетгодишниот јубилеј, ќе биде збогатена со нова иницијатива. На 6 октомври ќе се одржи „Comics Day/Ден на италијанскиот стрип“, иницијатива посветена на стрипот, со особено внимание на најпопуларните ликови креирани во Италија и нивното значење во Македонија.

Како што соопшти Амбасадата на Италија во Скопје, во иницијативата ќе бидат вклучени двајца познати уметници: дизајнерот Серџо Џерази и сценаристот Алесандро Билота, автори, меѓу другото на „Дилан Дог“, познатата серија стрипови на Серџо Бонели Едиторе. Покрај средбата со двајцата уметници и други македонски карикатуристи, ќе бидат изложени и цртежи направени од Билота и Џерази и ќе бидат објавени победниците на конкурсот за постер посветен на ликовите на италијанскиот стрип.

Иницијативата ќе биде дел и од 22-то издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот што ќе се одржи од 17 до 27 октомври, а оваа година ќе биде посветена на италијанскиот јазик што го зборуваат младите.

Денот на италијанскиот стрип и средбата со гостите од Италија ќе се одржи во Младинскиот културен центар во четврток од 16 часот.

The post Ден на италијански стрип во рамки на 10. фестивал „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Соработката меѓу Италијанската амбасада во Скопје и Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, кој годинава го одбележува десетгодишниот јубилеј, ќе биде збогатена со нова иницијатива. На 6 октомври ќе се одржи „Comics Day/Ден на италијанскиот стрип“, иницијатива посветена на стрипот, со особено внимание на најпопуларните ликови креирани во Италија и нивното значење во Македонија. Како што соопшти Амбасадата на Италија во Скопје, во иницијативата ќе бидат вклучени двајца познати уметници: дизајнерот Серџо Џерази и сценаристот Алесандро Билота, автори, меѓу другото на „Дилан Дог“, познатата серија стрипови на Серџо Бонели Едиторе. Покрај средбата со двајцата уметници и други македонски карикатуристи, ќе бидат изложени и цртежи направени од Билота и Џерази и ќе бидат објавени победниците на конкурсот за постер посветен на ликовите на италијанскиот стрип. Иницијативата ќе биде дел и од 22-то издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот што ќе се одржи од 17 до 27 октомври, а оваа година ќе биде посветена на италијанскиот јазик што го зборуваат младите. Денот на италијанскиот стрип и средбата со гостите од Италија ќе се одржи во Младинскиот културен центар во четврток од 16 часот.

The post Ден на италијански стрип во рамки на 10. фестивал „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Нов македонски стрип: „Бестрашниот“ ќе има промоција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nov-makedonski-strip-bestrashniot-kje-ima-promocija/ Wed, 29 Jun 2022 07:34:08 +0000 https://republika.mk/?p=520954

Во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница ќе се одржат промоции на стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов.

Овој стрип според хронологијата на работите е всушност моето прво долгометражно завршено дело. Требаше да излезе како издание многу одамна, во друга држава и на друг јазик, но околностите во тоа далечно време за жал не дозволија. Потоа следуваа нови проекти низ годините, кои секогаш го ставаа „Бестрашниот“ во заден план. Но еве сега, конечно по повеќе од 13 години чекање, стрипот е пред читателската публика, доработен и подобрен, со нов изглед - изјави Дарко Богданов.

Стрип албумот е во издание на Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ и е финансиски поддржан од Министерството за култура како дел од годишната програма од национален интерес за 2021 година.

Стрип албумот „Бестрашниот“ утре ќе биде промовиран и во КИЦ „Култура 365“ во Охрид. Почетокот и на двете промоции ќе биде во 20 часот.

The post Нов македонски стрип: „Бестрашниот“ ќе има промоција appeared first on Република.

]]>

Во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница ќе се одржат промоции на стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов.
Овој стрип според хронологијата на работите е всушност моето прво долгометражно завршено дело. Требаше да излезе како издание многу одамна, во друга држава и на друг јазик, но околностите во тоа далечно време за жал не дозволија. Потоа следуваа нови проекти низ годините, кои секогаш го ставаа „Бестрашниот“ во заден план. Но еве сега, конечно по повеќе од 13 години чекање, стрипот е пред читателската публика, доработен и подобрен, со нов изглед - изјави Дарко Богданов.
Стрип албумот е во издание на Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ и е финансиски поддржан од Министерството за култура како дел од годишната програма од национален интерес за 2021 година. Стрип албумот „Бестрашниот“ утре ќе биде промовиран и во КИЦ „Култура 365“ во Охрид. Почетокот и на двете промоции ќе биде во 20 часот.

The post Нов македонски стрип: „Бестрашниот“ ќе има промоција appeared first on Република.

]]>
Страница од стрип „Спајдермен“ продадена на аукција за 3,36 милиони долари https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/stranica-od-strip-spajdermen-prodadena-na-aukcija-za-3-36-milioni-dolari/ Fri, 14 Jan 2022 21:05:57 +0000 https://republika.mk/?p=441451

Страница од стрип за „Спајдермен“ е продадена за 3,36 милиони долари на аукција на „Херитиџ окшнс“ (Heritage Auctions) во Тексас.

Илустрацијата датира од 1984 година и на неа уметникот Мајк Зек првпат го прикажува популарниот лик од стриповите, во црн костим.

Џо Мадалена, потпретседател на аукциската куќа, изјави дека покрај страницата од стрипот „Спајдермен“, продаден е и исклучително редок примерок од првото издание на „Супермен“. Тој чинеше 3,18 милиони долари.

Картички „Покемон“ и други стрипови, исто така биле предмет на високи наддавања на неодамнешните аукции. Според аукционерите, „колекционерите плаќаат за својата носталгија“.

The post Страница од стрип „Спајдермен“ продадена на аукција за 3,36 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Страница од стрип за „Спајдермен“ е продадена за 3,36 милиони долари на аукција на „Херитиџ окшнс“ (Heritage Auctions) во Тексас. Илустрацијата датира од 1984 година и на неа уметникот Мајк Зек првпат го прикажува популарниот лик од стриповите, во црн костим. Џо Мадалена, потпретседател на аукциската куќа, изјави дека покрај страницата од стрипот „Спајдермен“, продаден е и исклучително редок примерок од првото издание на „Супермен“. Тој чинеше 3,18 милиони долари. Картички „Покемон“ и други стрипови, исто така биле предмет на високи наддавања на неодамнешните аукции. Според аукционерите, „колекционерите плаќаат за својата носталгија“.

The post Страница од стрип „Спајдермен“ продадена на аукција за 3,36 милиони долари appeared first on Република.

]]>