стрептокока Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/streptokoka/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Feb 2023 08:30:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стрептокока Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/streptokoka/ 32 32 Шестгодишно момче од Британија починало од стрептокока https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shestgodishno-momche-od-britanija-pochinalo-od-streptokoka/ Wed, 22 Feb 2023 08:30:40 +0000 https://republika.mk/?p=611751

Шестгодишниот Броди Ли Морган починал кон крајот на ноември од стрептокока А. Мајката го пронашла телото на својот син на подот во бањата.

Таа веднаш повикала брза помош, но момчето не можело да се спаси, пишува Дејли Мејл.

Во Обединетото Кралство од 12 септември досега починале 40 деца од инвазивниот облик на оваа бактериска инфекција.

Аутопсијата спроведена од патологот Ендрју Бамбер утврди дека причината за смртта е стрептокока А.

По неговата смрт, семејството на Броди формирало фонд за помош на самохраната мајка Џејми Ли Морган.

Момчето, како што истакнало семејството деновите пред неговата смрт, било многу активно, сакал да си игра со другарите и да оди на училиште.

Неодамна почна да тренира таеквондо и земаше часови по шпански. Тој исто така играше рагби за локален клуб, го поддржуваше Ливерпул ФК и го сакаше Мо Салех.

Д-р Дерен Реди, директор на британската агенција за здравствена безбедност, рече дека бројот на пациенти е намален од врвот во декември, но дека бактеријата што ја предизвикува инфекцијата сè уште циркулира.

Британските здравствени експерти наведуваат дека инфекцијата на почетокот е обично блага и ги повикуваат родителите да одат на лекар при првите симптоми на болеста, пренесе Телеграф.рс

The post Шестгодишно момче од Британија починало од стрептокока appeared first on Република.

]]>

Шестгодишниот Броди Ли Морган починал кон крајот на ноември од стрептокока А. Мајката го пронашла телото на својот син на подот во бањата. Таа веднаш повикала брза помош, но момчето не можело да се спаси, пишува Дејли Мејл. Во Обединетото Кралство од 12 септември досега починале 40 деца од инвазивниот облик на оваа бактериска инфекција. Аутопсијата спроведена од патологот Ендрју Бамбер утврди дека причината за смртта е стрептокока А. По неговата смрт, семејството на Броди формирало фонд за помош на самохраната мајка Џејми Ли Морган. Момчето, како што истакнало семејството деновите пред неговата смрт, било многу активно, сакал да си игра со другарите и да оди на училиште. Неодамна почна да тренира таеквондо и земаше часови по шпански. Тој исто така играше рагби за локален клуб, го поддржуваше Ливерпул ФК и го сакаше Мо Салех. Д-р Дерен Реди, директор на британската агенција за здравствена безбедност, рече дека бројот на пациенти е намален од врвот во декември, но дека бактеријата што ја предизвикува инфекцијата сè уште циркулира. Британските здравствени експерти наведуваат дека инфекцијата на почетокот е обично блага и ги повикуваат родителите да одат на лекар при првите симптоми на болеста, пренесе Телеграф.рс

The post Шестгодишно момче од Британија починало од стрептокока appeared first on Република.

]]>
Епидемија со стрептокока ја зафати Хрватска https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/epidemija-so-streptokoka-ja-zafati-hrvatska/ Thu, 02 Feb 2023 09:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=603715

Во Хрватска на коронавирусот и грипот оваа зима им се придружи бактериската стрептококна инфекција. Според податоците на Хрватскиот завод за јавно здравство (ХЗЈЗ), од почетокот на септември минатата година до средината на јануари, 3.502 лица заболеле од стрептококна ангина и 965 од шарлах, а дури 12 лица заболеле од инвазивни стрептококни болести кои вклучуваат сепса и менингитис, од кои четворица починале и овој број од ден на ден се зголемува.

Стрптококи се бактерии кои се широко распространети во природата, а досега се откриени 103 видови на стрептококи.

Стрептокока од групата А е бактерија која често се појавува, многу луѓе ја носат во грлото (микроб) и на кожата (колонизација), понекогаш и во аногениталниот тракт и не секогаш резултира со развој на болеста.

Доколку болеста се развие, стрептококната инфекција од групата А обично се манифестира како блага болест која се манифестира со болки во грлото, т. е. со ангина, заедно со други симптоми (зголемена телесна температура, отежнато голтање, зголемени лимфни јазли), но стрептококата може да предизвика и низа инфекции на респираторниот тракт, кожата и меките ткива, како што се шарлах, импетиго, целулитис (инфекција на кожата), еризипела (вид на целулитис) и воспаление на белите дробови, пишува Службата за епидемиологија на Наставниот институт за јавно здравје „Др. Андрија Стампар“.

Стрептокока од групата А е најчеста причина за бактериски фарингитис (воспаление на фаринксот/ждрелото) кај децата и може да се изолира кај приближно 20 до 30 отсто од децата со фарингитис. Стрептококниот фарингитис најчесто се појавува кај деца на возраст од 5 до 11 години и во зимските и раните пролетни месеци, секоја година. Појавата на болеста често се забележува во градинките и училиштата.

Инфекцијата најчесто се пренесува преку близок контакт меѓу луѓето, респираторните капки на болните кога зборуваат, кивање, кашлање и директен контакт со оштетена кожа. Исто така, може да се пренесе и индиректно, преку контакт со предмети контаминирани со секрети на заболените, како што се предмети кои често се допираат со раце (кваки на вратите, славини, играчки итн.).

Стрептококната ангина се дијагностицира со микробиолошки преглед, бактериска култура од брис од грло или брз антиген тест, а се третира со антибиотици и симптоматска терапија.

Во ретки случаи, пациентите по инфекцијата може да развијат постстрептококни компликации, како што се: ревматска треска и гломерулонефритис. Понекогаш, во склоп на стрептококната инфекција, се развива инвазивна форма на болеста, како резултат на продор на стрептококи подлабоко во телото и крвотокот, што бара соодветна болничка нега.

Како што информираат од Наставниот завод за јавно здравје „Др. Андрија Штампар“, како и секоја зима (освен во последните две пандемични години), така и оваа година се бележи зголемен број на заболени од стрептококни инфекции, најмногу кај деца. Појавата на сите респираторни инфекции, вклучително и стрептококните, ја поттикнува сместувањето и престојот во послабо проветрени простории, каде што престојуваат многу луѓе.

 

The post Епидемија со стрептокока ја зафати Хрватска appeared first on Република.

]]>

Во Хрватска на коронавирусот и грипот оваа зима им се придружи бактериската стрептококна инфекција. Според податоците на Хрватскиот завод за јавно здравство (ХЗЈЗ), од почетокот на септември минатата година до средината на јануари, 3.502 лица заболеле од стрептококна ангина и 965 од шарлах, а дури 12 лица заболеле од инвазивни стрептококни болести кои вклучуваат сепса и менингитис, од кои четворица починале и овој број од ден на ден се зголемува. Стрптококи се бактерии кои се широко распространети во природата, а досега се откриени 103 видови на стрептококи. Стрептокока од групата А е бактерија која често се појавува, многу луѓе ја носат во грлото (микроб) и на кожата (колонизација), понекогаш и во аногениталниот тракт и не секогаш резултира со развој на болеста. Доколку болеста се развие, стрептококната инфекција од групата А обично се манифестира како блага болест која се манифестира со болки во грлото, т. е. со ангина, заедно со други симптоми (зголемена телесна температура, отежнато голтање, зголемени лимфни јазли), но стрептококата може да предизвика и низа инфекции на респираторниот тракт, кожата и меките ткива, како што се шарлах, импетиго, целулитис (инфекција на кожата), еризипела (вид на целулитис) и воспаление на белите дробови, пишува Службата за епидемиологија на Наставниот институт за јавно здравје „Др. Андрија Стампар“. Стрептокока од групата А е најчеста причина за бактериски фарингитис (воспаление на фаринксот/ждрелото) кај децата и може да се изолира кај приближно 20 до 30 отсто од децата со фарингитис. Стрептококниот фарингитис најчесто се појавува кај деца на возраст од 5 до 11 години и во зимските и раните пролетни месеци, секоја година. Појавата на болеста често се забележува во градинките и училиштата. Инфекцијата најчесто се пренесува преку близок контакт меѓу луѓето, респираторните капки на болните кога зборуваат, кивање, кашлање и директен контакт со оштетена кожа. Исто така, може да се пренесе и индиректно, преку контакт со предмети контаминирани со секрети на заболените, како што се предмети кои често се допираат со раце (кваки на вратите, славини, играчки итн.). Стрептококната ангина се дијагностицира со микробиолошки преглед, бактериска култура од брис од грло или брз антиген тест, а се третира со антибиотици и симптоматска терапија. Во ретки случаи, пациентите по инфекцијата може да развијат постстрептококни компликации, како што се: ревматска треска и гломерулонефритис. Понекогаш, во склоп на стрептококната инфекција, се развива инвазивна форма на болеста, како резултат на продор на стрептококи подлабоко во телото и крвотокот, што бара соодветна болничка нега. Како што информираат од Наставниот завод за јавно здравје „Др. Андрија Штампар“, како и секоја зима (освен во последните две пандемични години), така и оваа година се бележи зголемен број на заболени од стрептококни инфекции, најмногу кај деца. Појавата на сите респираторни инфекции, вклучително и стрептококните, ја поттикнува сместувањето и престојот во послабо проветрени простории, каде што престојуваат многу луѓе.  

The post Епидемија со стрептокока ја зафати Хрватска appeared first on Република.

]]>
Во Велика Британија од септември починале најмалку 30 деца од стрептокока А https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-velika-britanija-od-septemvri-pochinale-najmalku-30-detsa-od-streptokoka-a/ Fri, 30 Dec 2022 10:11:14 +0000 https://republika.mk/?p=591782

Најмалку 30 деца починаа во Велика Британија од инвазивни стрептококи А од 19 септември, јави Би-Би-Си.

Британската здравствена агенција соопшти дека од тој датум досега во Англија починале 122 лица од инвазивна форма на бактериска инфекција.

Меѓу починатите има 25 лица помлади од 18 години, а уште три смртни случаи на деца се потврдени во Северна Ирска и Велс. Во средата, јавното здравство на Шкотска потврди дека две деца починале.

The post Во Велика Британија од септември починале најмалку 30 деца од стрептокока А appeared first on Република.

]]>

Најмалку 30 деца починаа во Велика Британија од инвазивни стрептококи А од 19 септември, јави Би-Би-Си. Британската здравствена агенција соопшти дека од тој датум досега во Англија починале 122 лица од инвазивна форма на бактериска инфекција. Меѓу починатите има 25 лица помлади од 18 години, а уште три смртни случаи на деца се потврдени во Северна Ирска и Велс. Во средата, јавното здравство на Шкотска потврди дека две деца починале.

The post Во Велика Британија од септември починале најмалку 30 деца од стрептокока А appeared first on Република.

]]>
Нов смртен случај на стрептокока во Британија, за неколку недели починаа осум деца https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nov-smrten-sluchaj-na-streptokoka-vo-britanija-za-nekolku-nedeli-pochinaa-osum-deca/ Mon, 05 Dec 2022 21:42:05 +0000 https://republika.mk/?p=582339

Во Бријанија почина уште едно дете од стрептокока. За неколку недели се регистрирани осум смртни случаи поради оваа инфекција. Станува збор за ученик во основно училиште во Ватерлувил, Хемпшир, пренесува Sky News.

Инвазивна форма на стрептокок А инфекцијата се шири низ Велика Британија во последните месеци, а владата ги предупредува родителите да внимаваат на симптомите.

Пиогениот стрептокок предизвикува воспаление на грлото, кое често е придружено со гнојна содржина на крајниците.

Стрептококот се пренесува преку респираторни капки од заразено лице. Може да се пренесе и со допир, со допирање на устата, носот или очите.

Пиогените стрептококи се еден од најважните бактериски патогени кои предизвикуваат болести кај луѓето. Предизвикува бројни болести со различна локализација

The post Нов смртен случај на стрептокока во Британија, за неколку недели починаа осум деца appeared first on Република.

]]>

Во Бријанија почина уште едно дете од стрептокока. За неколку недели се регистрирани осум смртни случаи поради оваа инфекција. Станува збор за ученик во основно училиште во Ватерлувил, Хемпшир, пренесува Sky News. Инвазивна форма на стрептокок А инфекцијата се шири низ Велика Британија во последните месеци, а владата ги предупредува родителите да внимаваат на симптомите. Пиогениот стрептокок предизвикува воспаление на грлото, кое често е придружено со гнојна содржина на крајниците. Стрептококот се пренесува преку респираторни капки од заразено лице. Може да се пренесе и со допир, со допирање на устата, носот или очите. Пиогените стрептококи се еден од најважните бактериски патогени кои предизвикуваат болести кај луѓето. Предизвикува бројни болести со различна локализација

The post Нов смртен случај на стрептокока во Британија, за неколку недели починаа осум деца appeared first on Република.

]]>