стрелиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strelishte/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jul 2024 14:21:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стрелиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strelishte/ 32 32 Вака изгледа сопственикот на стрелиштето кој му давал да пука на Коста https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vaka-izgleda-sopstenikot-na-strelishteto-koj-mu-daval-da-puka-na-kosta/ Thu, 04 Jul 2024 14:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=793463

Петмесечна казна домашен затвор му беше изречена денеска од Вишиот суд во Белград на Ратко Ивановиќ, сопственикот на стрелиште каде што научил да пука малолетникот кој го изврши масакрот во училиштето на Владислав Рибникар, јавија белградските медиуми.  Ивановиќ е прогласен за виновен за кривичното дело давање лажен исказ, објавија од тој суд. Пресудата е донесена по спогодба со Судот.

Казната ќе ја издржува во просториите каде што живее и кои не смее да ги напушти, освен во случаите пропишани со законот за извршување на кривичните санкции, без користење електронски надзор.

Јавните обвинители, обвинетиот и неговите бранители се откажаа од правото на жалба на таа одлука, и таа е конечна.

За овој случај, судењето на родителите на момчето и инструкторот на стрелиштето продолжува. За давање лажен исказ е обвинет и инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ.

Малолетниот К.К. на 3 мај минатата година уби девет соученици и еден училишен чувар во училиштето Владислав Рибникар во Белград. Со оглед на тоа дека во моментот на убиството имал 13 години, К.К. не може кривично да биде гонет.

The post Вака изгледа сопственикот на стрелиштето кој му давал да пука на Коста appeared first on Република.

]]>

Петмесечна казна домашен затвор му беше изречена денеска од Вишиот суд во Белград на Ратко Ивановиќ, сопственикот на стрелиште каде што научил да пука малолетникот кој го изврши масакрот во училиштето на Владислав Рибникар, јавија белградските медиуми.  Ивановиќ е прогласен за виновен за кривичното дело давање лажен исказ, објавија од тој суд. Пресудата е донесена по спогодба со Судот. Казната ќе ја издржува во просториите каде што живее и кои не смее да ги напушти, освен во случаите пропишани со законот за извршување на кривичните санкции, без користење електронски надзор. Јавните обвинители, обвинетиот и неговите бранители се откажаа од правото на жалба на таа одлука, и таа е конечна. За овој случај, судењето на родителите на момчето и инструкторот на стрелиштето продолжува. За давање лажен исказ е обвинет и инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ. Малолетниот К.К. на 3 мај минатата година уби девет соученици и еден училишен чувар во училиштето Владислав Рибникар во Белград. Со оглед на тоа дека во моментот на убиството имал 13 години, К.К. не може кривично да биде гонет.

The post Вака изгледа сопственикот на стрелиштето кој му давал да пука на Коста appeared first on Република.

]]>
Сопственикот на стрелиштето призна дека дал лажна изјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sopstvenikot-na-strelishteto-prizna-deka-dal-lazhna-izjava/ Wed, 26 Jun 2024 08:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=790885

Сопственикот на стрелиштето призна дека дал лажен исказ во истрагата за масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Откако на главниот претрес пред Високиот суд во Белград на 21 јуни 2024 година доброволно повлекол лажна изјава во своја одбрана, тамошното Вишо јавно обвинителство склучило договор за признавање на кривично дело со претседателот и одговорното лице на спортскиот клуб „Партизан Практично стрелање“ .

Обвинетиот признал дека сторил кривично дело давање лажен исказ и врз основа на овој договор ќе му биде изречена казна затвор од пет месеци кои ќе ги издржува во просториите каде што живее, односно во куќен притвор.

Исто така, според договорот, обвинетиот ќе ги плати трошоците на кривичната постапка во висина што ќе ја определи судот.

Јавните обвинители, обвинетиот и неговите бранители се откажаа од правото на жалба на судската одлука што ќе биде донесена врз основа на овој договор. Договорот ќе биде доставен до Вишиот суд во Белград на одлука за потврда.

Според оценката на Вишото јавно обвинителство во Белград, обвинетиот дал вистинит исказ на главната расправа пред Вишиот суд во Белград на 21.06.2024 година, што е во согласност со другите предложени докази.

Во Вишиот суд во Белград, во тек е кривичната постапка против таткото и мајката на момчето Коста Кецмановиќ кое на 3 мај 2023 година уби девет деца и училишниот чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар.

The post Сопственикот на стрелиштето призна дека дал лажна изјава appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на стрелиштето призна дека дал лажен исказ во истрагата за масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Откако на главниот претрес пред Високиот суд во Белград на 21 јуни 2024 година доброволно повлекол лажна изјава во своја одбрана, тамошното Вишо јавно обвинителство склучило договор за признавање на кривично дело со претседателот и одговорното лице на спортскиот клуб „Партизан Практично стрелање“ . Обвинетиот признал дека сторил кривично дело давање лажен исказ и врз основа на овој договор ќе му биде изречена казна затвор од пет месеци кои ќе ги издржува во просториите каде што живее, односно во куќен притвор. Исто така, според договорот, обвинетиот ќе ги плати трошоците на кривичната постапка во висина што ќе ја определи судот. Јавните обвинители, обвинетиот и неговите бранители се откажаа од правото на жалба на судската одлука што ќе биде донесена врз основа на овој договор. Договорот ќе биде доставен до Вишиот суд во Белград на одлука за потврда. Според оценката на Вишото јавно обвинителство во Белград, обвинетиот дал вистинит исказ на главната расправа пред Вишиот суд во Белград на 21.06.2024 година, што е во согласност со другите предложени докази. Во Вишиот суд во Белград, во тек е кривичната постапка против таткото и мајката на момчето Коста Кецмановиќ кое на 3 мај 2023 година уби девет деца и училишниот чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар.

The post Сопственикот на стрелиштето призна дека дал лажна изјава appeared first on Република.

]]>
Eве зошто таткото на Коста го носел синот на стрелиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eve-zoshto-tatkoto-na-kosta-go-nosel-sinot-na-strelishte/ Sat, 27 May 2023 18:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=645308

Мајката на малиот Коста тврди дека нејзиниот сопруг сметал дека треба да го освести синот за опасностите од оружјето и затоа го носел во стрелиште.

Мајката во сведочењето раскажала и како нејзиниот сопруг, таткото на момчето, чувствувал дека треба да го запознае синот со опасностите од оружјето, бидејќи имал негативно искуство во младоста.

Мајката тврди дека не се согласувала момчето да оди на стрелиште, но дека не се сомневала во размислувањето на нејзиниот сопруг, како татко, и во неговите добри намери. Таа додала дека нејзиниот сопруг сакал да му укаже на опасноста од оружјето на неговиот син, а во исто време да му покаже како функционира, од причина што оружјето „не би било егзотично и предизвикувачко“ за момчето. Момчето двапати отишло на стрелиште со татко му и пукало, -се  вели во истрагата.

The post Eве зошто таткото на Коста го носел синот на стрелиште appeared first on Република.

]]>

Мајката на малиот Коста тврди дека нејзиниот сопруг сметал дека треба да го освести синот за опасностите од оружјето и затоа го носел во стрелиште. Мајката во сведочењето раскажала и како нејзиниот сопруг, таткото на момчето, чувствувал дека треба да го запознае синот со опасностите од оружјето, бидејќи имал негативно искуство во младоста.
Мајката тврди дека не се согласувала момчето да оди на стрелиште, но дека не се сомневала во размислувањето на нејзиниот сопруг, како татко, и во неговите добри намери. Таа додала дека нејзиниот сопруг сакал да му укаже на опасноста од оружјето на неговиот син, а во исто време да му покаже како функционира, од причина што оружјето „не би било егзотично и предизвикувачко“ за момчето. Момчето двапати отишло на стрелиште со татко му и пукало, -се  вели во истрагата.

The post Eве зошто таткото на Коста го носел синот на стрелиште appeared first on Република.

]]>
Дали се познавале? Убијците Коста и Урош вежбале пукање во исто стрелиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dali-se-poznavale-ubijtsite-kosta-i-urosh-vezhbale-pukane-vo-isto-strelishte/ Tue, 09 May 2023 07:54:30 +0000 https://republika.mk/?p=638611

Убијците Коста и Урош чии злосторства ја потресоа Србија и регионот вежбале пукање во исто стрелиште, објави весникот „Информер“.

Малиот Коста во стрелиштето доаѓал во својот татко а Урош од Младеновац често доаѓал сам.

Српската полиција допрва ќе испитува дали двајцата убијци се познавале и дали имале контакти лично или преку социјалните мрежи бидејќи е неверојатна сличноста на убиството и временскиот интервал.

The post Дали се познавале? Убијците Коста и Урош вежбале пукање во исто стрелиште appeared first on Република.

]]>

Убијците Коста и Урош чии злосторства ја потресоа Србија и регионот вежбале пукање во исто стрелиште, објави весникот „Информер“. Малиот Коста во стрелиштето доаѓал во својот татко а Урош од Младеновац често доаѓал сам. Српската полиција допрва ќе испитува дали двајцата убијци се познавале и дали имале контакти лично или преку социјалните мрежи бидејќи е неверојатна сличноста на убиството и временскиот интервал.

The post Дали се познавале? Убијците Коста и Урош вежбале пукање во исто стрелиште appeared first on Република.

]]>