стрела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strela/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Aug 2023 12:38:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стрела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strela/ 32 32 Во Швајцарија пронајден врв од стрела стар 3.000 години, направен од железо од метеорит https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-shvajtsarija-pronajden-vrv-od-strela-star-3-000-godini-napraven-od-zhelezo-od-meteorit/ Wed, 09 Aug 2023 12:38:34 +0000 https://republika.mk/?p=670418

Врв од стрела откриен во Швајцарија, според наодите, потекнува од бронзеното време, а е направен од железо од метеорит, посочува тимот истражувачи од Природонаучниот музеј во Берн.

Врвот од стрела долг 39 милиметри, што датира од времето меѓу 900. и 800. година п.н.е., бил пронајден во Мериген на езерото Биел, за време на ископување во 19 век, се вели во научниот труд објавен во „Списанието за археолошки науки“. Артефактот стар речиси 3.000 години е направен од метеорит што паднал во Естонија. Ова покажува дека железото од метеорит било тргувано во Европа и во 800 година п.н.е. или порано, пренесува „Си-ен-ен“.

Истражувачите велат дека доказите за раната употреба на железо од метеорит се исклучително ретки, се вели во написот. Постојат само три познати наоѓалишта со метеорит со сличен хемиски состав во Европа, но археолозите сметаат дека најверојатниот извор во случајов бил во Калијарва, Естонија, каде што метеор ја погодил Земјата околу 1500 година п.н.е. и се создале многубројни мали фрагменти.

- Некои од овие откршоци подоцна биле пренесени во Швајцарија преку трговски пат, изјави водечкиот автор на истражувањето, Беда Хофман, раководител на Одделот за науки за Земјата во Природонаучниот музеј.

Слични откритија се пронајдени во Турција, Грција, Сирија, Ирак (Месопотамија), Либан, Египет, Иран, Русија, Кина и само на две наоѓалишта во Европа - и двете во Полска. Научниците потврдија дека Мериген е третото европско археолошко наоѓалиште.

The post Во Швајцарија пронајден врв од стрела стар 3.000 години, направен од железо од метеорит appeared first on Република.

]]>

Врв од стрела откриен во Швајцарија, според наодите, потекнува од бронзеното време, а е направен од железо од метеорит, посочува тимот истражувачи од Природонаучниот музеј во Берн. Врвот од стрела долг 39 милиметри, што датира од времето меѓу 900. и 800. година п.н.е., бил пронајден во Мериген на езерото Биел, за време на ископување во 19 век, се вели во научниот труд објавен во „Списанието за археолошки науки“. Артефактот стар речиси 3.000 години е направен од метеорит што паднал во Естонија. Ова покажува дека железото од метеорит било тргувано во Европа и во 800 година п.н.е. или порано, пренесува „Си-ен-ен“. Истражувачите велат дека доказите за раната употреба на железо од метеорит се исклучително ретки, се вели во написот. Постојат само три познати наоѓалишта со метеорит со сличен хемиски состав во Европа, но археолозите сметаат дека најверојатниот извор во случајов бил во Калијарва, Естонија, каде што метеор ја погодил Земјата околу 1500 година п.н.е. и се создале многубројни мали фрагменти. - Некои од овие откршоци подоцна биле пренесени во Швајцарија преку трговски пат, изјави водечкиот автор на истражувањето, Беда Хофман, раководител на Одделот за науки за Земјата во Природонаучниот музеј. Слични откритија се пронајдени во Турција, Грција, Сирија, Ирак (Месопотамија), Либан, Египет, Иран, Русија, Кина и само на две наоѓалишта во Европа - и двете во Полска. Научниците потврдија дека Мериген е третото европско археолошко наоѓалиште.

The post Во Швајцарија пронајден врв од стрела стар 3.000 години, направен од железо од метеорит appeared first on Република.

]]>
Германците ќе испратат во Украина советски ракетни фрлачи од Источна Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germancite-kje-ispratat-vo-ukraina-sovetski-raketni-frlachi-od-istochna-germanija/ Thu, 03 Mar 2022 09:39:05 +0000 https://republika.mk/?p=466856

Германија одобри испорака на 2.700 противавионски ракети за украинската армија. Станува збор за рачни лансери од типот „Стрела“ од советско производство, што биле дел од оружените сили на поранешна Демократска Република Германија (Источна Германија).

Владата на канцеларот Олаф Шолц пред неколку дена ја смени долгогодишната извозна политика на Германија со што се дозволи непосреден извоз на оружје за Украина.

Германското Министерство за одбрана изминатите денови проверуваше со кое друго оружје би можело да биде помогната украинската армија во борбите против руските оружени сили.

Германија години наназад одбиваше извоз на оружје за воените жаришта, дури и снабдување на таквите подрачја со германско оружје преку трети земји.

The post Германците ќе испратат во Украина советски ракетни фрлачи од Источна Германија appeared first on Република.

]]>

Германија одобри испорака на 2.700 противавионски ракети за украинската армија. Станува збор за рачни лансери од типот „Стрела“ од советско производство, што биле дел од оружените сили на поранешна Демократска Република Германија (Источна Германија). Владата на канцеларот Олаф Шолц пред неколку дена ја смени долгогодишната извозна политика на Германија со што се дозволи непосреден извоз на оружје за Украина. Германското Министерство за одбрана изминатите денови проверуваше со кое друго оружје би можело да биде помогната украинската армија во борбите против руските оружени сили. Германија години наназад одбиваше извоз на оружје за воените жаришта, дури и снабдување на таквите подрачја со германско оружје преку трети земји.

The post Германците ќе испратат во Украина советски ракетни фрлачи од Источна Германија appeared first on Република.

]]>