Стразбург Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strazburg/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Apr 2024 18:58:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стразбург Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strazburg/ 32 32 Одбраната на Жан Митрев ќе се жали во Стразбур поради нарушена пресумпција на невиност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odbranata-na-zhan-mitrev-ke-se-zhali-vo-strazbur-poradi-narushena-presumptsija-na-nevinost/ Thu, 11 Apr 2024 18:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=765093

Одбраната на Жан Митрев на последното судско рочиште најави дека ќе се жали во Судот за човекови права во Стразбур откако Основниот суд во Скопје не дозволи одлука за прекршување на пресумпција на невиност со соопштението на Јавното обвинителство за случајот Жан Митрев. Првично беше поднесено барање за повреда на чл. 2 став 1 и 2 од Законот за кривична постапка и чл. 6 став 2 од Конвенцијата за заштита на човековите права, како основни елементи за заштита на правото за фер и непристрасно судење и заштита на пресумпцијата на невиност дека никој не смее, ниту суд, ниту државен орган особено Јавно обвинителство да прејудицира вина.

Обвинителството со објавување на соопштението директно ја повреди пресумпцијата на невиност на обвинетиот. Во повеќе наврати во содржината на соопштението е нагласено дека обвинетиот за д-р Митрев и клиниката лажно ги презентирале фактите во однос на употребата на хемофилтрација, дека за тоа обвинителството презентирало силни докази и дека обвинителството е уверено дека Судот врз тие докази ќе донесе одлука. Со тоа категорично се рефлектира мислењето на јавниот обвинител дека обвинетите го сториле кривичното дело пред тоа да биде утврдено со правосилна пресуда согласно закон.

Одбраната во своето излагање потенцираше дека согласно практиката на Судот во Стразбур, со ваков тип соопштение се прејудицира оцената на фактите од надлежниот судски орган и се охрабрува јавноста да верува дека обвинетиот е виновен пред тоа да биде докажано согласно законот.

Врз таа основа одбраната побара Судот да ја утврди повредата на пресумпцијата на невиност сос воја одлука, но со оглед дека беше одбиено да се донесе таква одлука, одбраната најави продолжување на постапката пред Стразбур.

Инаку обвинителката изјави дека соопштението го пишувале службите, а пак барањето на одбраната е губење време.

По ова продолжи сведочењето на двајца сведоци.

Едната од сведоците чиј татко бил донесен во Клиниката Жан Митрев со сатурација 45% од Клиниката за очни болести, објасни дека никогаш не се видела со Жан Митреви не разговарала со него, но мислела дека со хемофилтрација ќе го спаси татко ѝ. Верувала во методата, а информацијата ја добила од јавноста, од луѓе, од медиуми, но ни еден не бил доктор во Клиника Жан Митрев.

Вториот сведок го однела својот татко во Клиника Жан Митрев зашто сметала дека таму ќе добие најдобра грижа. Како што посочи одбраната во вкрстеното испрашување,нејзината мајка и сестра испраќале пораки со благодарност до докторскиот тим, затоа што лавовски се бореле, внимавале на пациентот, па дури и му пуштале музика. Таа објасни дека никогаш не разговарала со доктор Митрев, но дека нема да се смири додека тој не биде обвинет за виновен.

The post Одбраната на Жан Митрев ќе се жали во Стразбур поради нарушена пресумпција на невиност appeared first on Република.

]]>

Одбраната на Жан Митрев на последното судско рочиште најави дека ќе се жали во Судот за човекови права во Стразбур откако Основниот суд во Скопје не дозволи одлука за прекршување на пресумпција на невиност со соопштението на Јавното обвинителство за случајот Жан Митрев. Првично беше поднесено барање за повреда на чл. 2 став 1 и 2 од Законот за кривична постапка и чл. 6 став 2 од Конвенцијата за заштита на човековите права, како основни елементи за заштита на правото за фер и непристрасно судење и заштита на пресумпцијата на невиност дека никој не смее, ниту суд, ниту државен орган особено Јавно обвинителство да прејудицира вина. Обвинителството со објавување на соопштението директно ја повреди пресумпцијата на невиност на обвинетиот. Во повеќе наврати во содржината на соопштението е нагласено дека обвинетиот за д-р Митрев и клиниката лажно ги презентирале фактите во однос на употребата на хемофилтрација, дека за тоа обвинителството презентирало силни докази и дека обвинителството е уверено дека Судот врз тие докази ќе донесе одлука. Со тоа категорично се рефлектира мислењето на јавниот обвинител дека обвинетите го сториле кривичното дело пред тоа да биде утврдено со правосилна пресуда согласно закон. Одбраната во своето излагање потенцираше дека согласно практиката на Судот во Стразбур, со ваков тип соопштение се прејудицира оцената на фактите од надлежниот судски орган и се охрабрува јавноста да верува дека обвинетиот е виновен пред тоа да биде докажано согласно законот. Врз таа основа одбраната побара Судот да ја утврди повредата на пресумпцијата на невиност сос воја одлука, но со оглед дека беше одбиено да се донесе таква одлука, одбраната најави продолжување на постапката пред Стразбур. Инаку обвинителката изјави дека соопштението го пишувале службите, а пак барањето на одбраната е губење време. По ова продолжи сведочењето на двајца сведоци. Едната од сведоците чиј татко бил донесен во Клиниката Жан Митрев со сатурација 45% од Клиниката за очни болести, објасни дека никогаш не се видела со Жан Митреви не разговарала со него, но мислела дека со хемофилтрација ќе го спаси татко ѝ. Верувала во методата, а информацијата ја добила од јавноста, од луѓе, од медиуми, но ни еден не бил доктор во Клиника Жан Митрев. Вториот сведок го однела својот татко во Клиника Жан Митрев зашто сметала дека таму ќе добие најдобра грижа. Како што посочи одбраната во вкрстеното испрашување,нејзината мајка и сестра испраќале пораки со благодарност до докторскиот тим, затоа што лавовски се бореле, внимавале на пациентот, па дури и му пуштале музика. Таа објасни дека никогаш не разговарала со доктор Митрев, но дека нема да се смири додека тој не биде обвинет за виновен.

The post Одбраната на Жан Митрев ќе се жали во Стразбур поради нарушена пресумпција на невиност appeared first on Република.

]]>
Николоски: Во Стразбур има најмалку 17 нови тужби од Македонците против Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vo-strazbur-ima-najmalku-17-novi-tuzhbi-od-makedontsite-protiv-bugarija/ Thu, 26 Oct 2023 17:55:52 +0000 https://republika.mk/?p=695351

Пратеникот Александар Николоски, кој ја предводи македонската пратеничка група во Стразбур, објави дека во Судот за човекови права има барем уште 17 тужби од Македонците против бугарската држава и дека ако бидат прифатени, бројката на пресуди ќе надмине 30.

Во Советот на Европа има огромно разбирање за Македонија. Бугарија во моментов е во пост мониторинг, можеби ќе биде и вратена во мониторинг поради кршење на основните човекови права на етничките Македонци како што беше кажано од страна на известителот за Бугарија. ,Се работи за докажана пратеничка од Исланд која го прави извештајот за Бугарија - рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во емисијата „За или против“ што се емитува на телевизија Алфа.

Николоски потсети дека Европскиот суд за човекови права од Стразбур кој е највисока судска инстанца во Европа, а под надлежност на Советот на Европа, има донесено 14 пресуди во корист на Македонците од Бугарија.

Еве ексклузивно во моментов во процедура има уште најмалку 17 тужби поднесени од Македонците во Бугарија против бугарската држава. Многу е веројатно дека сите 17 ќе ги добијат, односно ќе бидат во нивна корист - информираше Николоски.

Николоски посочи дека бројката на предмети кои ќе ги имаат Македонците од Бугарија добиено против бугарската држава видно ќе се зголеми.

Со овие 17 тужби кои се подготвуваат бројката на добиени предмети во Стразбур ќе оди над 30 предмети во корист на Македонците во Бугарија како етничко малцинство, а против Бугарија. Значи ако некоја институција покажува коректен однос кон Македонија тоа е Советот на Европа - рече Николоски.

The post Николоски: Во Стразбур има најмалку 17 нови тужби од Македонците против Бугарија appeared first on Република.

А дали се реални пресудите од Стразбург: Милошоски ѝ возврати на Захариева по изјавата дека Бугарите се реалност во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/a-dali-se-realni-presudite-od-strazburg-miloshoski-vozvrati-na-zaharieva-po-izjavata-deka-bugarite-se-realnost-vo-makedonija/ Wed, 16 Aug 2023 10:36:11 +0000 https://republika.mk/?p=672657

Поранешната министерка за надворешни работи на соседна Бугарија денеска изјави дека Бугарите се дел од реалноста на Македонија и дека не е голема работа тоа да се преслика во Уставот, за да отпочнат преговорите со ЕУ. Кога сме кај фактите, прашање е дали за Захариева се реалност десетината пресуди од Судот за човекови права во Стразбург, кои се однесуваат на оневозможување на правото на здружување на Македонците во Бугарија?

Ова, на својот Фејсбук профил го напиша пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој ѝ порача на Захариева дека ќе биде многу продуктивно за двете соседни држави доколку Бугарија реално ги почитува пресудите на оваа пан-европска судска институција.

Во спротивно, додаде тој, хипокризија е да се говори за реалноста во дворот на соседите, а да не ја почитуваш реалноста во сопствената држава.

А за уставните измени, европскиот принцип е секоја земја да одлучува самостојно за Уставот, како највисок правен акт, кој е заедничка општествена повелба на граѓаните во секоја држава. Но, за жал, за ваквите лекомислено преземени обврски не ни се толку криви претставниците на официјална Софија како Екатерина Захариева, Кирил Петков или Румен Радев. Примарната кривица е кај Ковачевски, Бујар Османи, Маричиќ и другите политички главоклимачи, кои се надеваат дека нивниот мандат ќе трае ден подолго доколку тие дадат согласност на секој диктат што Македонија ќе ја доведе во потчинета положба. Токму затоа ова е убедливо најслабата владина екипа во последниве 30 години, која ѝ носи повеќе штета отколку корист на Македонија, напиша Милошоски.

The post А дали се реални пресудите од Стразбург: Милошоски ѝ возврати на Захариева по изјавата дека Бугарите се реалност во Македонија appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за надворешни работи на соседна Бугарија денеска изјави дека Бугарите се дел од реалноста на Македонија и дека не е голема работа тоа да се преслика во Уставот, за да отпочнат преговорите со ЕУ. Кога сме кај фактите, прашање е дали за Захариева се реалност десетината пресуди од Судот за човекови права во Стразбург, кои се однесуваат на оневозможување на правото на здружување на Македонците во Бугарија? Ова, на својот Фејсбук профил го напиша пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој ѝ порача на Захариева дека ќе биде многу продуктивно за двете соседни држави доколку Бугарија реално ги почитува пресудите на оваа пан-европска судска институција. Во спротивно, додаде тој, хипокризија е да се говори за реалноста во дворот на соседите, а да не ја почитуваш реалноста во сопствената држава. А за уставните измени, европскиот принцип е секоја земја да одлучува самостојно за Уставот, како највисок правен акт, кој е заедничка општествена повелба на граѓаните во секоја држава. Но, за жал, за ваквите лекомислено преземени обврски не ни се толку криви претставниците на официјална Софија како Екатерина Захариева, Кирил Петков или Румен Радев. Примарната кривица е кај Ковачевски, Бујар Османи, Маричиќ и другите политички главоклимачи, кои се надеваат дека нивниот мандат ќе трае ден подолго доколку тие дадат согласност на секој диктат што Македонија ќе ја доведе во потчинета положба. Токму затоа ова е убедливо најслабата владина екипа во последниве 30 години, која ѝ носи повеќе штета отколку корист на Македонија, напиша Милошоски.

The post А дали се реални пресудите од Стразбург: Милошоски ѝ возврати на Захариева по изјавата дека Бугарите се реалност во Македонија appeared first on Република.

]]>
Стразбур не ги прифати бугарските амандмани кои го негираат македонскиот јазик и идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/strazbur-ne-gi-prifati-bugarskite-amandmani-koi-go-negiraat-makedonskiot-jazik-i-identitet/ Fri, 07 Oct 2022 10:50:27 +0000 https://republika.mk/?p=558360

Амандманите на бугарските пратеници Александар Јорданов и Сергеј Станишев, кои побараа да се избрише од препораките на Мешовитиот парламентарен комитет на Македонија и ЕУ дека се почитува македонскиот културен идентитет и се гарантира признавањето на македонскиот јазик беа отфрлени од мнозинството европарламентарци во Стразбур.

На изјавата на бугарскиот европратеник Јорданов, во која тој посочи дека треба да се промени македонскиот Устав за да отпочнат преговорите со ЕУ, пратеничката Соња Мираковска му реплицираше со зборовите:

Вие на мене ниту на моите сограѓани никогаш не можете да им кажете дека зборуваат на погрешен јазик. Јас сум Македонка, зборувам на македонски јазик и живеам во Македонија која сега се нарекува Cеверна Македонија и тоа е мојот идентитет.

Таа додаде дека е потребно взаемно разбирање и почитување и дека не може Бугарија да им кажува на македонските граѓани дека тие зборуваат погрешен јазик. Мираковска го нагласи мултиетничкиот карактер на македонското општество кое е пример во Европа.

Ги признавам моите сограѓани Албанци, Турци, па и Бугари ако ги има. Македонија е пример за мултиетничко општество. Овде се нашите колеги кои тоа можат да го потврдат. Се појави еден голем проблем поради нашето долго чекање, а тоа е земањето бугарски пасоши: за да се купи џип на почетокот, за да се отиде во Европа - нагласи Мираковска.

Македонската пратеничка, притоа образложи како македонски државјани земале бугарски пасоши и како е тоа проблем на Бугарија што треба да си го истражи.

Поради нашето долго чекање за членство во ЕУ се појави проблем, а тоа е земањето бугарски пасоши. Прво беше тоа да се купи џип и да се оди во Европа. Вие имате бугарски пасоши на македонски граѓани регистрирани на една бандера во град во Бугарија. Тие пасоши се на нелегален начин дадени и тоа треба да се истражува, тоа е ваш проблем - рече Мираковска.

Таа повика дека кризата која што претстои е можност луѓето да се погледаат во очи и да си подадат рака.

Оваа криза ќе е тешка за нас како мала земја, но ние сме навикнати на тешки услови. Кризата ќе биде потешка за другите, кои се навикнати поубаво да живеат. Ние долго време тешко минуваме и нашите граѓани минуваат тежок пат. Кога сте така научени, полесно ги минувате кризите. Но да се освестиме и да бидеме луѓе меѓу себе, за да можеме да се движиме по патот - нагласи Мираковска.

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, по излагањето на бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, кој зборуваше за односите помеѓу  Македонија и Бугарија, рече дека две вистини треба да се прифатат во двете земји, а тоа е дека „Втората светска војна е завршена пред повеќе од 70 години, а второ дека Студената војна заврши пред повеќе од 30 години.“

Бидејќи изгледа не сме ја извлекле лекцијата дека сите несреќи на Балканот во последните 30 години произлегоа од неприфаќањето на овие две вистини. Тоа е оптоварување од двете страни на границата. И битката не е ниту национална, ниту етничка меѓу  Македонија и Бугарија. Туку е битката меѓу оние сили коишто сакаат овие две држави да живеат во мир, пријателство и со заедничка европска иднина, како што сме денес сојузници во НАТО, и оние што сакаат да профитираат од вечно замрзнат или затоплен конфликт, зависно од потребата помеѓу нашите два народи, нашите две држави кои се соседни и многу блиски, и кои е природно да бидат блиски - реплицираше Маричиќ.

Тој притоа потсети дека добрососедските односи и продлабочувањето на регионалната соработка се високо на агендата на Владата, бидејќи тоа е од заеднички интерес и на Македонија и на Бугарија, додавајќи дека земјата останува посветена на добра волја за да се спроведуваат билатералните договори и дополнително да се зајакнуваат добрососедските односи, со што помалку емоции, а што повеќе факти и заеднички активности.

Важно е напорите да се од двете страни на границата. Само така ќе имаме стабилно пријателство. Се друго ќе биде разбрано како уцена, како притисок, и тоа може да раѓа фрустрација и такви изливи какви што видовме на стадионот во Скопје - посочи Маричиќ.

На обвинувањата од европратеникот Џамбаски за сепаратизам од страна на  Македонија, Маричиќ одговори дека ние сме држава членка на НАТО, докажан партнер и која нема на ниту ден начин посегнато по кој било сосед, туку напротив дека добрососедските односи ни се постојана тема.

Дури и нашите граѓани во еден дел сметаат дека единствена тема на европските интеграции се добрососедските односи и дека европските интеграции постојат за да им удоволиме нешто на сите соседи. Знаеме дека не е така, но таква е перцепцијата - рече Маричиќ во Европскиот Парламент, пред европратениците, и повика на соработка и на работа, од двете страни на границата и посочи дека од наша страна веќе има подадена рака.

The post Стразбур не ги прифати бугарските амандмани кои го негираат македонскиот јазик и идентитет appeared first on Република.

]]>

Амандманите на бугарските пратеници Александар Јорданов и Сергеј Станишев, кои побараа да се избрише од препораките на Мешовитиот парламентарен комитет на Македонија и ЕУ дека се почитува македонскиот културен идентитет и се гарантира признавањето на македонскиот јазик беа отфрлени од мнозинството европарламентарци во Стразбур. На изјавата на бугарскиот европратеник Јорданов, во која тој посочи дека треба да се промени македонскиот Устав за да отпочнат преговорите со ЕУ, пратеничката Соња Мираковска му реплицираше со зборовите: Вие на мене ниту на моите сограѓани никогаш не можете да им кажете дека зборуваат на погрешен јазик. Јас сум Македонка, зборувам на македонски јазик и живеам во Македонија која сега се нарекува Cеверна Македонија и тоа е мојот идентитет. Таа додаде дека е потребно взаемно разбирање и почитување и дека не може Бугарија да им кажува на македонските граѓани дека тие зборуваат погрешен јазик. Мираковска го нагласи мултиетничкиот карактер на македонското општество кое е пример во Европа.