стратешки дијалог со САД Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strateshki-dijalog-so-sad/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Jul 2022 16:03:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стратешки дијалог со САД Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strateshki-dijalog-so-sad/ 32 32 МНР: Стратешкиот дијалог со САД ги испорача првите резултати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-strateshkiot-dijalog-so-sad-gi-isporacha-prvite-rezultati/ Wed, 27 Jul 2022 16:03:37 +0000 https://republika.mk/?p=533951

Во рамки на реализацијата на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, американската Администрација донесе одлука за издвојување на дополнителни средства за зајакнување на владеење на правото во земјава, за што се издвоени дополнителни средства во износ од 4,318 милиони американски долари, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Со отпочнувањето на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија – САД,  се посочува во соопштението, пријателските односи меѓу двете земји се подигнати на ново, повисоко ниво во име на продлабочување на стратешкото партнерство.

Стратешкиот дијалог започна на 2 јуни во Вашингтон, меѓу владината делегација предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, од наша страна и  делегацијата, предводена од помошникот државен секретар на САД за европски и евро-азиски работи, Карен Донфрид, од американска страна.

– Стратешкиот дијалог претставува форум кој обезбедува врамување на билатералните односи и соработката во одбраната, економијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борба против корупција, владеењето на правото, трговијата и други теми од заемен интерес, се наведува во соопштението од МНР.

The post МНР: Стратешкиот дијалог со САД ги испорача првите резултати appeared first on Република.

]]>

Во рамки на реализацијата на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, американската Администрација донесе одлука за издвојување на дополнителни средства за зајакнување на владеење на правото во земјава, за што се издвоени дополнителни средства во износ од 4,318 милиони американски долари, соопшти денеска Министерството за надворешни работи. Со отпочнувањето на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија – САД,  се посочува во соопштението, пријателските односи меѓу двете земји се подигнати на ново, повисоко ниво во име на продлабочување на стратешкото партнерство. Стратешкиот дијалог започна на 2 јуни во Вашингтон, меѓу владината делегација предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, од наша страна и  делегацијата, предводена од помошникот државен секретар на САД за европски и евро-азиски работи, Карен Донфрид, од американска страна. – Стратешкиот дијалог претставува форум кој обезбедува врамување на билатералните односи и соработката во одбраната, економијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борба против корупција, владеењето на правото, трговијата и други теми од заемен интерес, се наведува во соопштението од МНР.

The post МНР: Стратешкиот дијалог со САД ги испорача првите резултати appeared first on Република.

]]>
Османи: Стратешкиот дијалог е признание дека САД се најблиски со нас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-strateshkiot-dijalog-e-priznanie-deka-sad-se-najbliski-so-nas/ Thu, 09 Jun 2022 20:32:06 +0000 https://republika.mk/?p=513356

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во вечерашното гостување на Канал 5 зборуваше и за стратешкиот дијалог со САД.

-Со тоа што  САД почна стратешки дијалог прво со Македонија од сите земји од регионот, САД призна дека со нас се најблиски во партнерството. Тоа им укажува и на другите дека и доколку и вие сакате да бидете на ова ниво на партнерство, тогаш треба да бидете на исто ниво во демократијата, меѓуетничките односи и така натаму.
Привлекувањето на американски инвестиции го поставивме за приоритет. Во однос на укинување на визите за САД, тоа е долг процес кој зависи од исполнување многу критериуми. Треба да работиме, јас работам на тоа и тоа нема да се случи за кратко време. Битно е дека сме во разговори, рече Османи.

The post Османи: Стратешкиот дијалог е признание дека САД се најблиски со нас appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во вечерашното гостување на Канал 5 зборуваше и за стратешкиот дијалог со САД. -Со тоа што  САД почна стратешки дијалог прво со Македонија од сите земји од регионот, САД призна дека со нас се најблиски во партнерството. Тоа им укажува и на другите дека и доколку и вие сакате да бидете на ова ниво на партнерство, тогаш треба да бидете на исто ниво во демократијата, меѓуетничките односи и така натаму. Привлекувањето на американски инвестиции го поставивме за приоритет. Во однос на укинување на визите за САД, тоа е долг процес кој зависи од исполнување многу критериуми. Треба да работиме, јас работам на тоа и тоа нема да се случи за кратко време. Битно е дека сме во разговори, рече Османи.

The post Османи: Стратешкиот дијалог е признание дека САД се најблиски со нас appeared first on Република.

]]>
Силно сме фокусирани на продлабочување на билатерално партнерство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silno-sme-fokusirani-na-prodlabochuvanje-na-bilateralno-partnerstvo/ Fri, 03 Jun 2022 12:13:29 +0000 https://republika.mk/?p=510647

Вчера во Вашингтон се одржа првиот состанок од процесот за Стратешки дијалог меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија, и по тој повод Владите на двете земји објавија заедничка изјава во која се истакнува дека дијалогот е фокусиран на продлабочување на билатералното партнерство.

Во заедничката изјава се потврдуваат силните односи меѓу нивните две земји и се радуваат на заедничко унапредување на заедничките приоритети за безбедност и просперитет на билатерален план, на европскиот континент и во целиот свет.

Соединетите Американски Држави и Македонија ја истакнуваат нивната силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина изборот за европска иднина и ја повикаа Русија веднаш да ја прекине војната и целосно да се повлече од Украина.

Соединетите Американски Држави и Македонија со оваа изјава ја потврдуваат посветеноста на регионалната интеграција на Западен Балкан преку политички, економски и безбедносни иницијативи и ја истакнаа својата поддршка за економската интеграција и просперитетот на регионот.

Соединетите Американски Држави ја истакнаа важноста за унапредување на процесот на пристапување во ЕУ за Македонија и Албанија што е можно поскоро. Тие го поддржаа конструктивното вклучување на Македонија во регионалните иницијативи за стабилност и безбедност, како и намерата на Македонија да стане членка на Иницијативата Три Мориња.

Соединетите Американски Држави, се наведува во изјавата, со нетрпение очекуваа да ја поддржат работата на Македонија со претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.

Во однос на одбраната и безбедноста во заедничката изјава на САД и Македонија ја истакнуваат стратешката важност од развивање на одбранбени капацитети од висока класа, спроведување билатерални вежби и активности за обука за подобрување на интероперабилноста и подготвеноста, како и важноста од исполнување на обврските на НАТО за поддршка на колективната безбедност.

Соединетите Држави оддаваат признание за достигнувањата на Македонија во однос на модернизацијата и опремувањето на нејзините вооружени сили со напредни воени средства, како и напорите за унапредување на нејзината сајбер-безбедност и сајбер-одбранбени капацитети.

Соединетите Американски Држави честитаа на развојот на центарот за воена обука Криволак во Македонија за да им служи на сложените обуки на сојузниците и партнерите во НАТО.

Соединетите Американски Држави и Македонија ја потврдија својата соработка во рамките на САД - Јадранската повелба (А5), и со нетрпение ја очекуваат тесната соработка за време на претстојното претседавање на Македонија со Повелбата во 2023 година.

На планот на енергијата и животната средина двете земји ја повторија својата посветеност за зголемување на енергетската диверзификација и независност во поддршка на националната безбедност и на начин што ќе ги спречи најлошите влијанија од климатските промени.

САД и Македонија ја истакнуваат својата посветеност за зајакнување на партнерството во транзитот и производството на обновливи извори на енергија.

Во заедничката изјава по повод почетокот на процесот за Стратешки дијалог, САД и Македонија ја потврдија својата посветеност да ги прошират образовните, културните и професионалните размени кои поттикнуваат меѓусебно разбирање меѓу луѓето од двете нации и ги одразуваат заедничките вредности, аспирации и цели.

САД го истакнаа како особено значајно приклучувањето на Македонија во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот како полноправна членка во 2022 година.

Двете земји се посветени на промовирање на демократијата, владеењето на правото и човековите права и на регионално и на глобално ниво, и се надоврзуваат на обврските од Самитот за демократија чиј домаќин беше претседателот Бајден.

Поздравен е интересот на Македонија да стане земја партнер во Глобалната програма на САД за заштита на царинската и гранична безбедност.

Во заедничката изјава по повод почетокот на процесот за Стратешки дијалог, двете земји ја потврдија заедничката посветеност за проширување и продлабочување на билатералната економска и трговска соработка.

Во изјавата се посочува дека САД ја препознаваат Македонија како стратешки важен пазар во развој со висок потенцијал за раст.

Македонија и Соединетите Американски Држави изразија подготвеност да ги искористат трговските потенцијали, да ги унапредат реформите во деловната клима и да продолжат со идентификување и намалување на бариерите за трговија и инвестиции.

The post Силно сме фокусирани на продлабочување на билатерално партнерство appeared first on Република.

]]>

Вчера во Вашингтон се одржа првиот состанок од процесот за Стратешки дијалог меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија, и по тој повод Владите на двете земји објавија заедничка изјава во која се истакнува дека дијалогот е фокусиран на продлабочување на билатералното партнерство. Во заедничката изјава се потврдуваат силните односи меѓу нивните две земји и се радуваат на заедничко унапредување на заедничките приоритети за безбедност и просперитет на билатерален план, на европскиот континент и во целиот свет. Соединетите Американски Држави и Македонија ја истакнуваат нивната силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина изборот за европска иднина и ја повикаа Русија веднаш да ја прекине војната и целосно да се повлече од Украина. Соединетите Американски Држави и Македонија со оваа изјава ја потврдуваат посветеноста на регионалната интеграција на Западен Балкан преку политички, економски и безбедносни иницијативи и ја истакнаа својата поддршка за економската интеграција и просперитетот на регионот. Соединетите Американски Држави ја истакнаа важноста за унапредување на процесот на пристапување во ЕУ за Македонија и Албанија што е можно поскоро. Тие го поддржаа конструктивното вклучување на Македонија во регионалните иницијативи за стабилност и безбедност, како и намерата на Македонија да стане членка на Иницијативата Три Мориња. Соединетите Американски Држави, се наведува во изјавата, со нетрпение очекуваа да ја поддржат работата на Македонија со претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. Во однос на одбраната и безбедноста во заедничката изјава на САД и Македонија ја истакнуваат стратешката важност од развивање на одбранбени капацитети од висока класа, спроведување билатерални вежби и активности за обука за подобрување на интероперабилноста и подготвеноста, како и важноста од исполнување на обврските на НАТО за поддршка на колективната безбедност. Соединетите Држави оддаваат признание за достигнувањата на Македонија во однос на модернизацијата и опремувањето на нејзините вооружени сили со напредни воени средства, како и напорите за унапредување на нејзината сајбер-безбедност и сајбер-одбранбени капацитети. Соединетите Американски Држави честитаа на развојот на центарот за воена обука Криволак во Македонија за да им служи на сложените обуки на сојузниците и партнерите во НАТО. Соединетите Американски Држави и Македонија ја потврдија својата соработка во рамките на САД - Јадранската повелба (А5), и со нетрпение ја очекуваат тесната соработка за време на претстојното претседавање на Македонија со Повелбата во 2023 година. На планот на енергијата и животната средина двете земји ја повторија својата посветеност за зголемување на енергетската диверзификација и независност во поддршка на националната безбедност и на начин што ќе ги спречи најлошите влијанија од климатските промени. САД и Македонија ја истакнуваат својата посветеност за зајакнување на партнерството во транзитот и производството на обновливи извори на енергија. Во заедничката изјава по повод почетокот на процесот за Стратешки дијалог, САД и Македонија ја потврдија својата посветеност да ги прошират образовните, културните и професионалните размени кои поттикнуваат меѓусебно разбирање меѓу луѓето од двете нации и ги одразуваат заедничките вредности, аспирации и цели. САД го истакнаа како особено значајно приклучувањето на Македонија во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот како полноправна членка во 2022 година. Двете земји се посветени на промовирање на демократијата, владеењето на правото и човековите права и на регионално и на глобално ниво, и се надоврзуваат на обврските од Самитот за демократија чиј домаќин беше претседателот Бајден. Поздравен е интересот на Македонија да стане земја партнер во Глобалната програма на САД за заштита на царинската и гранична безбедност. Во заедничката изјава по повод почетокот на процесот за Стратешки дијалог, двете земји ја потврдија заедничката посветеност за проширување и продлабочување на билатералната економска и трговска соработка. Во изјавата се посочува дека САД ја препознаваат Македонија како стратешки важен пазар во развој со висок потенцијал за раст. Македонија и Соединетите Американски Држави изразија подготвеност да ги искористат трговските потенцијали, да ги унапредат реформите во деловната клима и да продолжат со идентификување и намалување на бариерите за трговија и инвестиции.

The post Силно сме фокусирани на продлабочување на билатерално партнерство appeared first on Република.

]]>
Продолжува Стратешкиот дијалог со САД, презентирани можностите за инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prodolzuva-strateshkiot-dijalog-so-sad-prezentirani-moznostite-za-investicii/ Fri, 03 Jun 2022 06:00:44 +0000 https://republika.mk/?p=510436

Македонија има стратешка географска позиција. За странските инвеститори е од клучна важност тоа што земјата е главна транспортна рута низ Европа. Даваме голема поддршка на странските инвеститори кои ќе донесат одлука да реализираат инвестициски проекти во земјата, а преку оваа поддршка за странските инвеститори директно се поттикнува целокупната економија, порача министерот за економија Крешник Бектеши на работниот состанок на тема „Трговија и инвестиции“ во рамки на Стратешкиот дијалог САД-Македонија што денеска се одржува во Вашингтон.

Во рамки на работниот состанок министерот ги презентираше можностите и поволностите кои што ги има земјата за развој на стратешки инвестиции.

Побара поддршка за Македонија во делот на развој на механизми за проверка на странските инвестиции, како главна цел за зајакнување на надлежноста на властите за заштита на националната безбедност, притоа зачувувајќи ја долгогодишната политика на отвореност за странски инвестиции.

Двете страни, како пто соопшти Министерството за економија, ја потврдија заедничката посветеност за проширување и продлабочување на билатералната економска и комерцијална соработка и споделија идеи за зголемување на трговијата и инвестициите во различни сектори.

-Правната рамка во Македонија е генерално поволна за странските инвеститори, а странските директни инвестиции постојано растат. Меѓутоа, имајќи предвид дека Македонија стана членка на НАТО и го продолжува својот пат кон интеграција во ЕУ, треба да обезбеди правни механизми за контрола на странските директни инвестиции од гледна точка на националната безбедност, со цел заштита на националните интереси, преку транспонирање на Регулативата на ЕУ 2019 година, кажа министерот Бектеши.

Министерот информираше дека Владата работи на развој на сеопфатен и транспарентен Регистар на државна помош за инвеститорите со цел да и да се создаде поефективен систем за известување за државната помош.

-Работиме на активности за поголема координација на различните програми кои како државна поддршка за инвеститори ги даваат различни институции со цел поголема транспарентност, истакна Бектеши.

Билатералната трговска соработка почнувајќи од 4 април 2003 година, откако Македонија стана полноправна членка на Светската трговска организација (СТО), се одвива според правилата, принципите и законските прописи на СТО.

САД се рангирани на 13-то место во вкупната трговска размена на Република Македонија со светот во 2020 и 2021 година.

Во трите месеци од 2022 година, САД се рангирани на 16-то место. Билатералната трговска размена е 76 милиони американски долари во трите месеци од 2022 година, при што извозот е 39,5 милиони американски долари, а увозот 36,6 милиони американски долари.

На работната средба беше отворена и дискусија за регионалните иницијативи на кои што учествува Македонија, каде министерот Бектеши информираше за најновиот развој во рамките на Отворен Балкан, Енергетската заедница, Коридорот 8 и градење на заедничка трговска политика во рамки на Заедничкиот регионален пазар како што се Слободно движење на стоки, услуги, капитал и работници.

The post Продолжува Стратешкиот дијалог со САД, презентирани можностите за инвестиции appeared first on Република.

]]>

Македонија има стратешка географска позиција. За странските инвеститори е од клучна важност тоа што земјата е главна транспортна рута низ Европа. Даваме голема поддршка на странските инвеститори кои ќе донесат одлука да реализираат инвестициски проекти во земјата, а преку оваа поддршка за странските инвеститори директно се поттикнува целокупната економија, порача министерот за економија Крешник Бектеши на работниот состанок на тема „Трговија и инвестиции“ во рамки на Стратешкиот дијалог САД-Македонија што денеска се одржува во Вашингтон. Во рамки на работниот состанок министерот ги презентираше можностите и поволностите кои што ги има земјата за развој на стратешки инвестиции. Побара поддршка за Македонија во делот на развој на механизми за проверка на странските инвестиции, како главна цел за зајакнување на надлежноста на властите за заштита на националната безбедност, притоа зачувувајќи ја долгогодишната политика на отвореност за странски инвестиции. Двете страни, како пто соопшти Министерството за економија, ја потврдија заедничката посветеност за проширување и продлабочување на билатералната економска и комерцијална соработка и споделија идеи за зголемување на трговијата и инвестициите во различни сектори. -Правната рамка во Македонија е генерално поволна за странските инвеститори, а странските директни инвестиции постојано растат. Меѓутоа, имајќи предвид дека Македонија стана членка на НАТО и го продолжува својот пат кон интеграција во ЕУ, треба да обезбеди правни механизми за контрола на странските директни инвестиции од гледна точка на националната безбедност, со цел заштита на националните интереси, преку транспонирање на Регулативата на ЕУ 2019 година, кажа министерот Бектеши. Министерот информираше дека Владата работи на развој на сеопфатен и транспарентен Регистар на државна помош за инвеститорите со цел да и да се создаде поефективен систем за известување за државната помош. -Работиме на активности за поголема координација на различните програми кои како државна поддршка за инвеститори ги даваат различни институции со цел поголема транспарентност, истакна Бектеши. Билатералната трговска соработка почнувајќи од 4 април 2003 година, откако Македонија стана полноправна членка на Светската трговска организација (СТО), се одвива според правилата, принципите и законските прописи на СТО. САД се рангирани на 13-то место во вкупната трговска размена на Република Македонија со светот во 2020 и 2021 година. Во трите месеци од 2022 година, САД се рангирани на 16-то место. Билатералната трговска размена е 76 милиони американски долари во трите месеци од 2022 година, при што извозот е 39,5 милиони американски долари, а увозот 36,6 милиони американски долари. На работната средба беше отворена и дискусија за регионалните иницијативи на кои што учествува Македонија, каде министерот Бектеши информираше за најновиот развој во рамките на Отворен Балкан, Енергетската заедница, Коридорот 8 и градење на заедничка трговска политика во рамки на Заедничкиот регионален пазар како што се Слободно движење на стоки, услуги, капитал и работници.

The post Продолжува Стратешкиот дијалог со САД, презентирани можностите за инвестиции appeared first on Република.

]]>
Османи-Блинкен: Отвораме ново поглавје на стратешкото партнерство меѓу двете земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-blinken-otvorame-novo-poglavje-na-strateshkoto-partnerstvo-megju-dvete-zemji/ Thu, 02 Jun 2022 21:32:04 +0000 https://republika.mk/?p=510419

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на посетата на Вашингтон, оствари средба со државниот секретар, Ентони Блинкен.

На средбата беше изразено задоволство од денешното одржување на Стратешки дијалог меѓу Македонија и САД, што претставува нов исчекор во билатералните односи и надградба на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

„Нам ни претставува посебна чест што Македонија е прва земја од Западен Балкан која одржува стратешки дијалог со САД, значаен процес преку кој се продлабочува нашето стратешко партнерство и поконкретно се врамува нашата билатералната соработка. Ваквиот исчекор во билатералните односи е уште една потврда за силното пријателство и взаемниот интерес за зајакнување на сојузништвото меѓу двете земји.“ – истакна Османи

На средбата стана збор и за актуелните безбедносни состојби, при што беше изразена заедничка осуда на руската воена инвазија, како и силна поддршка и солидарност со Украина. Воедно, беше нагласено дека актуелните состојби налагаат нова динамика во евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, со што ќе се потврди кредибилноста на ЕУ и ќе се охрабрат процесите за надминување на разликите и помирување во Регионот.

„Процесот на проширување на ЕУ претставува безбедносно прашање, а европските перспективи на земјите од Западниот Балкан, и кредибилитетот на овој процес, од суштинска важност за регионалната и европската стабилност. Благодарни сме за силната американска поддршка за што поскоро започнување на процесот на преговори на Македонија, што во моментов преставува и најдобриот начин да се зачува кредибилитетот на овие процеси,“ – истакна Османи

На средбата, министерот Османи го поздрави партнерството меѓу Македонија и САД, особено во контекст на НАТО, истакнувајќи го притоа стратешкото партнерство меѓу двете земји, сега веќе надградено и со Стратешкиот дијалог, како еден од најважните столбови за долгорочната стабилност на Македонија, како и за нејзината демократска и цивилизациска надградба.

Share

The post Османи-Блинкен: Отвораме ново поглавје на стратешкото партнерство меѓу двете земји appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на посетата на Вашингтон, оствари средба со државниот секретар, Ентони Блинкен. На средбата беше изразено задоволство од денешното одржување на Стратешки дијалог меѓу Македонија и САД, што претставува нов исчекор во билатералните односи и надградба на стратешкото партнерство меѓу двете земји.
„Нам ни претставува посебна чест што Македонија е прва земја од Западен Балкан која одржува стратешки дијалог со САД, значаен процес преку кој се продлабочува нашето стратешко партнерство и поконкретно се врамува нашата билатералната соработка. Ваквиот исчекор во билатералните односи е уште една потврда за силното пријателство и взаемниот интерес за зајакнување на сојузништвото меѓу двете земји.“ – истакна Османи
На средбата стана збор и за актуелните безбедносни состојби, при што беше изразена заедничка осуда на руската воена инвазија, како и силна поддршка и солидарност со Украина. Воедно, беше нагласено дека актуелните состојби налагаат нова динамика во евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, со што ќе се потврди кредибилноста на ЕУ и ќе се охрабрат процесите за надминување на разликите и помирување во Регионот. „Процесот на проширување на ЕУ претставува безбедносно прашање, а европските перспективи на земјите од Западниот Балкан, и кредибилитетот на овој процес, од суштинска важност за регионалната и европската стабилност. Благодарни сме за силната американска поддршка за што поскоро започнување на процесот на преговори на Македонија, што во моментов преставува и најдобриот начин да се зачува кредибилитетот на овие процеси,“ – истакна Османи На средбата, министерот Османи го поздрави партнерството меѓу Македонија и САД, особено во контекст на НАТО, истакнувајќи го притоа стратешкото партнерство меѓу двете земји, сега веќе надградено и со Стратешкиот дијалог, како еден од најважните столбови за долгорочната стабилност на Македонија, како и за нејзината демократска и цивилизациска надградба.
Share

The post Османи-Блинкен: Отвораме ново поглавје на стратешкото партнерство меѓу двете земји appeared first on Република.

]]>
Бектеши на Стратешкиот дијалог САД-Македонија: Силно сме посветени во инвестиции за енергетскиот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-na-strateshkiot-dijalog-sad-severna-makedonija-silno-sme-posveteni-vo-investicii-za-energetskiot-sektor/ Thu, 02 Jun 2022 17:20:24 +0000 https://republika.mk/?p=510371

Се работи на изградба на дистрибутивната мрежа на природен гас со соседните земји, како и создавање на услови за инвестиции во обновливи извори на енергија истакна министерот за економија Крешник Бектеши на работниот состанок на тема “Енергија и животна средина“ во рамки на Стратешкиот дијалог САД-Македонија што денеска се одржува во Вашингтон.

Силно сме посветени на обезбедување на енергетска безбедност на државата, на диверзификација на изворите со снабдување со енергенси, енергетска транзиција и инвестиции во зелена енергија.

Во таа насока Бектеши ги презентираше активностите кои што се во тек во Република Македонија, односно инвестициите во делот на изградба на капацитети од обновливи извори на енергија како што се хидроцентрали и фотовлотаични централи, мерки за декарбонизација во рамки на Националниот план за енергија и клима и мерките за развој на пазарот на електрична енергија.
Овие мерки се наменети за создавање на независност во енергетскиот сектор кој водат кон поддршка на националната безбедност и градењето на мрежа и информациски систем за сајбер безбедност.

„До крајот на годината е предвидено да започне изградбата на интерконективниот гасовод помеѓу Македонија и Грција, и преку јавни повици за изградба на фотонапонски централи на државно и приватно земјиште ќе се потикнат инвестиции во обновливи извори на енергија“, кажа министерот Бектеши.

Сајбер безбедноста е нов поттик за Македонија за што министерот потенцираше дека во план е најпрво да се воспостави правна рамка за безбедност на мрежни информациски системи во енергетиката, одобено на критичната инфраструктура на енергетиката со што ќе се транспонира соодветната европска директива.

Двете страни истакнаа дека постои посветеност за јакнење на партнерството за соработка во енергетскиот дел, со посебен акцент на темите кои се разговараа во рамките на Стретшкиот дијалог и заложбите кои што произлегуваат од Парискиот договор за постепено укинување на јагленот до 2030 година што произлегува од Националната стратегија за развој на енергетиката на Севрна Македонија до 2040 година и препораките на Министерскиот совет на енергетската заедница за подготвување на Интегриран национален план за енергија и клима.

The post Бектеши на Стратешкиот дијалог САД-Македонија: Силно сме посветени во инвестиции за енергетскиот сектор appeared first on Република.

]]>

Се работи на изградба на дистрибутивната мрежа на природен гас со соседните земји, како и создавање на услови за инвестиции во обновливи извори на енергија истакна министерот за економија Крешник Бектеши на работниот состанок на тема “Енергија и животна средина“ во рамки на Стратешкиот дијалог САД-Македонија што денеска се одржува во Вашингтон. Силно сме посветени на обезбедување на енергетска безбедност на државата, на диверзификација на изворите со снабдување со енергенси, енергетска транзиција и инвестиции во зелена енергија. Во таа насока Бектеши ги презентираше активностите кои што се во тек во Република Македонија, односно инвестициите во делот на изградба на капацитети од обновливи извори на енергија како што се хидроцентрали и фотовлотаични централи, мерки за декарбонизација во рамки на Националниот план за енергија и клима и мерките за развој на пазарот на електрична енергија. Овие мерки се наменети за создавање на независност во енергетскиот сектор кој водат кон поддршка на националната безбедност и градењето на мрежа и информациски систем за сајбер безбедност.
„До крајот на годината е предвидено да започне изградбата на интерконективниот гасовод помеѓу Македонија и Грција, и преку јавни повици за изградба на фотонапонски централи на државно и приватно земјиште ќе се потикнат инвестиции во обновливи извори на енергија“, кажа министерот Бектеши.
Сајбер безбедноста е нов поттик за Македонија за што министерот потенцираше дека во план е најпрво да се воспостави правна рамка за безбедност на мрежни информациски системи во енергетиката, одобено на критичната инфраструктура на енергетиката со што ќе се транспонира соодветната европска директива. Двете страни истакнаа дека постои посветеност за јакнење на партнерството за соработка во енергетскиот дел, со посебен акцент на темите кои се разговараа во рамките на Стретшкиот дијалог и заложбите кои што произлегуваат од Парискиот договор за постепено укинување на јагленот до 2030 година што произлегува од Националната стратегија за развој на енергетиката на Севрна Македонија до 2040 година и препораките на Министерскиот совет на енергетската заедница за подготвување на Интегриран национален план за енергија и клима.

The post Бектеши на Стратешкиот дијалог САД-Македонија: Силно сме посветени во инвестиции за енергетскиот сектор appeared first on Република.

]]>
Заврши првиот дел од Стратешки дијалог Македонија – САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-prviot-del-od-strateshki-dijalog-makedonija-sad/ Thu, 02 Jun 2022 16:37:33 +0000 https://republika.mk/?p=510329

Во рамките на стратешкиот дијалог досега се одржаа неколку сесии на кои делегациите на Македонија и САД ги отвораа темите од интерес за соработка меѓу двете земји.

По воведните обраќања на шефовите на Делегациите, Бујар Османи и Карен Донфрид, се одржаа и панелите за Регионалните иницијативи, Поврзувањето на граѓаните, Безбедноста и одбраната, како и панелот за Енергетика и животна средина. Соодветно на темите и областите кои ги покриваат панелите, покрај Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, со свои излагања и интервенции настапија и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, , министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Во рамките на дијалогот беше направен преглед на состојбите и напредокот на земјата по сите теми, како и улогата и поддршката која САД ја обезбедуваат во сите области од взаемен интерес. Беа усогласени голем број теми, кои по завршувањето на дијалогот ќе станат дел од заедничката декларација меѓу Македонија и САД.

Во вториот дел од дијалогот што следи ќе се одржат панелите за Владеење на право и Добро владеење, Трговија и инвестиции, се очекува биде направен и пресек на билатералната соработка. Соодветно, покрај присутните министри, преку видео конференциска врска ќе се вклучи и Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД претставува надградба на стратешкото партнерство меѓу двете земји и отвора ново поглавје во билатералните односи, како и конкретно врамување и дефинирање на соработката во периодот што следи, соопшти МНР.

The post Заврши првиот дел од Стратешки дијалог Македонија – САД appeared first on Република.

]]>

Во рамките на стратешкиот дијалог досега се одржаа неколку сесии на кои делегациите на Македонија и САД ги отвораа темите од интерес за соработка меѓу двете земји. По воведните обраќања на шефовите на Делегациите, Бујар Османи и Карен Донфрид, се одржаа и панелите за Регионалните иницијативи, Поврзувањето на граѓаните, Безбедноста и одбраната, како и панелот за Енергетика и животна средина. Соодветно на темите и областите кои ги покриваат панелите, покрај Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, со свои излагања и интервенции настапија и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, , министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска. Во рамките на дијалогот беше направен преглед на состојбите и напредокот на земјата по сите теми, како и улогата и поддршката која САД ја обезбедуваат во сите области од взаемен интерес. Беа усогласени голем број теми, кои по завршувањето на дијалогот ќе станат дел од заедничката декларација меѓу Македонија и САД. Во вториот дел од дијалогот што следи ќе се одржат панелите за Владеење на право и Добро владеење, Трговија и инвестиции, се очекува биде направен и пресек на билатералната соработка. Соодветно, покрај присутните министри, преку видео конференциска врска ќе се вклучи и Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД претставува надградба на стратешкото партнерство меѓу двете земји и отвора ново поглавје во билатералните односи, како и конкретно врамување и дефинирање на соработката во периодот што следи, соопшти МНР.

The post Заврши првиот дел од Стратешки дијалог Македонија – САД appeared first on Република.

]]>
Османи-Донфрид: Се зајакнува партнерството меѓу САД и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-donfrid-se-zajaknuva-partnerstvoto-megju-sad-i-makedonija/ Thu, 02 Jun 2022 15:46:37 +0000 https://republika.mk/?p=510298

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи информираше дека имал средба со помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид.

На средбата било утврдено задоволство од одржувањето на Стратешкиот дијалог Македонија – САД, преку кој дополнително се зајакнува партнерство и се надградуваат билатералните односи меѓу двете земји.

Поздравено сојузништвото во рамки на НАТО, како исклучително значајно во контекст на актуелните безбедносни предизвици. Благодарност за безрезервната американска поддршка за евроинтегративниот процес на Македонија, наведува Османи.

На средбата присуствувала и американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнз.

The post Османи-Донфрид: Се зајакнува партнерството меѓу САД и Македонија appeared first on Република.

]]>

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи информираше дека имал средба со помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид. На средбата било утврдено задоволство од одржувањето на Стратешкиот дијалог Македонија – САД, преку кој дополнително се зајакнува партнерство и се надградуваат билатералните односи меѓу двете земји.
Поздравено сојузништвото во рамки на НАТО, како исклучително значајно во контекст на актуелните безбедносни предизвици. Благодарност за безрезервната американска поддршка за евроинтегративниот процес на Македонија, наведува Османи.
На средбата присуствувала и американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнз.

The post Османи-Донфрид: Се зајакнува партнерството меѓу САД и Македонија appeared first on Република.

]]>
Османи го потпиша Договорот од Отава, еден од фундаментите на членството на земјата во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-go-potpisha-dogovorot-od-otava-eden-od-fundamentite-na-chlenstvoto-na-zemjata-vo-nato/ Thu, 02 Jun 2022 15:21:28 +0000 https://republika.mk/?p=510293

За време на посетата на САД, во име на Владата на Република Македонија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи го потпиша Договорот за правната положба на Организацијата на Северноатлантскиот договор, националните претставници и меѓународниот персонал, усвоен во Отава на 20 септември 1951 г., познат како Договор од Отава.

Договорот од Отава, чиј депозитар е Владата на САД, претставува правна рамка неопходна за функционирање на Организацијата на Северноатлантскиот договор и за извршување на службените задачи и обврски на националните претставници на државите членки на НАТО и на меѓународниот персонал во организацијата.

Со овој Договор се регулира внатрешно-правната положба, привилегиите и имунитетите на организацијата, статусот и привилегиите и имунитетите на националните претставници од државите членки на НАТО и на меѓународниот персонал во НАТО.

The post Османи го потпиша Договорот од Отава, еден од фундаментите на членството на земјата во НАТО appeared first on Република.

]]>

За време на посетата на САД, во име на Владата на Република Македонија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи го потпиша Договорот за правната положба на Организацијата на Северноатлантскиот договор, националните претставници и меѓународниот персонал, усвоен во Отава на 20 септември 1951 г., познат како Договор од Отава. Договорот од Отава, чиј депозитар е Владата на САД, претставува правна рамка неопходна за функционирање на Организацијата на Северноатлантскиот договор и за извршување на службените задачи и обврски на националните претставници на државите членки на НАТО и на меѓународниот персонал во организацијата. Со овој Договор се регулира внатрешно-правната положба, привилегиите и имунитетите на организацијата, статусот и привилегиите и имунитетите на националните претставници од државите членки на НАТО и на меѓународниот персонал во НАТО.

The post Османи го потпиша Договорот од Отава, еден од фундаментите на членството на земјата во НАТО appeared first on Република.

]]>
Во Вашингтон почна Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-vashington-pochna-strateshkiot-dijalog-megju-severna-makedonija-i-sad/ Thu, 02 Jun 2022 15:17:12 +0000 https://republika.mk/?p=510282

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид, го отворија Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД.
„Стратешки дијалог со САД претставува ново поглавје во нашите меѓусебни односи, кое ќе го надгради нашето Стратешко партнерство и ќе постави рамка за понатамошно унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји. Особено нѐ прави горди што Македонија е прва земја од Западниот Балкан која го одржува овој значаен процес, што претставува признание и за нашата регионална улога и јасен сигнал за пријателството и силното сојузништво меѓу двете земји" – подвлече Османи.

По официјалното отворање, следеше сесијата посветена на регионалните иницијативи, што беше предводена од страна на министерот Османи и помошникот државен секретар, Карен Донфрид. Во фокусот на дискусиите беше важноста на регионалните иницијативи за реформските процеси како особено значајни за евроинтегративните перспективи, помирувањето и целокупната стабилност на Западниот Балкан.

Министерот Османи го нагласи активното учество на Македонија во голем број регионални иницијативи, притоа истакнувајќи ги Берлинскиот процес, Отворен Балкан, Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Регионалниот совет за соработка и др. Воедно, ја поздрави нивната улога во делот на економската интеграција и регионалниот просперитет, нагласувајќи дека истите не претставуваат замена за членството на земјите од Западен Балкан во Европската унија, туку ги потпомагаат и забрзуваат нивните евроинтегративните процеси.

„Македонија како иницијатор на И8 и Б6 е земја предводник на регионалните иницијативи со визија за забрзување на реформските процеси, зајакнување на економската интеграција и забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан. Ваквиот пристап е особено значаен за надминување на разликите меѓу земјите од регионот и нивно што поскоро интегрирање во ЕУ. Особено сме благодарни на САД за нивната континуирана и недвосмислена поддршка на нашите заложби во оваа насока." – нагласи Османи.

Иницијативата осум (И8) претставува регионална платформа, иницирана од Македонија, за трилатерална соработка меѓу Македонија, Албанија и Бугарија. Целта на иницијативата е зајакнување на политичката соработка меѓу земјите долж паневропскиот Коридор 8, или таканаречената балканска оска исток – запад која ги спојува Јадранското со Црното море, преку поттикнување на соработката во областите на безбедноста, енергетиката, туризмот, културата и сл. Од друга страна, иницијативата Б6 претставува неформална платформа за политичка соработка на министрите за надворешни работи од Западен Балкан, иницирана минатата година од Министерот Османи, а чија цел е поттикнување на меѓусебната комуникација меѓу предводниците на дипломатиите во земјите од регионот, слично на веќе етаблираните регионални соработки во Европа, како што е В4 (Вишеград) или иницијативата на земјите од централна Европа Ц5.

На сесијата стана збор и за актуелните безбедносни состојби, при што беше упатена заедничка осуда за руската воена инвазија, како и поддршка на Украина и украинскиот народ. Дополнително, беа поздравени постигнувањата на Македонија во рамки на евроинтегративните процеси и беше упатена порака за што поскоро започнување на пристапните преговори со ЕУ.

Нашето претседавање со ОБСЕ во 2023 г. беше исто така високо на агендата, што беше поздравено и поддржано од страна на САД.

The post Во Вашингтон почна Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид, го отворија Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД. „Стратешки дијалог со САД претставува ново поглавје во нашите меѓусебни односи, кое ќе го надгради нашето Стратешко партнерство и ќе постави рамка за понатамошно унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји. Особено нѐ прави горди што Македонија е прва земја од Западниот Балкан која го одржува овој значаен процес, што претставува признание и за нашата регионална улога и јасен сигнал за пријателството и силното сојузништво меѓу двете земји" – подвлече Османи. По официјалното отворање, следеше сесијата посветена на регионалните иницијативи, што беше предводена од страна на министерот Османи и помошникот државен секретар, Карен Донфрид. Во фокусот на дискусиите беше важноста на регионалните иницијативи за реформските процеси како особено значајни за евроинтегративните перспективи, помирувањето и целокупната стабилност на Западниот Балкан. Министерот Османи го нагласи активното учество на Македонија во голем број регионални иницијативи, притоа истакнувајќи ги Берлинскиот процес, Отворен Балкан, Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Регионалниот совет за соработка и др. Воедно, ја поздрави нивната улога во делот на економската интеграција и регионалниот просперитет, нагласувајќи дека истите не претставуваат замена за членството на земјите од Западен Балкан во Европската унија, туку ги потпомагаат и забрзуваат нивните евроинтегративните процеси. „Македонија како иницијатор на И8 и Б6 е земја предводник на регионалните иницијативи со визија за забрзување на реформските процеси, зајакнување на економската интеграција и забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан. Ваквиот пристап е особено значаен за надминување на разликите меѓу земјите од регионот и нивно што поскоро интегрирање во ЕУ. Особено сме благодарни на САД за нивната континуирана и недвосмислена поддршка на нашите заложби во оваа насока." – нагласи Османи. Иницијативата осум (И8) претставува регионална платформа, иницирана од Македонија, за трилатерална соработка меѓу Македонија, Албанија и Бугарија. Целта на иницијативата е зајакнување на политичката соработка меѓу земјите долж паневропскиот Коридор 8, или таканаречената балканска оска исток – запад која ги спојува Јадранското со Црното море, преку поттикнување на соработката во областите на безбедноста, енергетиката, туризмот, културата и сл. Од друга страна, иницијативата Б6 претставува неформална платформа за политичка соработка на министрите за надворешни работи од Западен Балкан, иницирана минатата година од Министерот Османи, а чија цел е поттикнување на меѓусебната комуникација меѓу предводниците на дипломатиите во земјите од регионот, слично на веќе етаблираните регионални соработки во Европа, како што е В4 (Вишеград) или иницијативата на земјите од централна Европа Ц5. На сесијата стана збор и за актуелните безбедносни состојби, при што беше упатена заедничка осуда за руската воена инвазија, како и поддршка на Украина и украинскиот народ. Дополнително, беа поздравени постигнувањата на Македонија во рамки на евроинтегративните процеси и беше упатена порака за што поскоро започнување на пристапните преговори со ЕУ. Нашето претседавање со ОБСЕ во 2023 г. беше исто така високо на агендата, што беше поздравено и поддржано од страна на САД.

The post Во Вашингтон почна Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД appeared first on Република.

]]>
Почнува Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-strateshkiot-dijalog-megju-makedonija-i-sad-2/ Thu, 02 Jun 2022 09:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=510057

Билатералните односи меѓу Скопје и Вашингтон, но и прашања од глобален интерес ќе бидат во фокусот на стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД што почнува денеска во Вашингтон, а на кој значајно место во разговорите ќе имаат и темите од областа на регионалната соработка, одбраната и безбедноста, енергетиката, економската соработка, трговијата и инвестициите, културната соработка, како и прашањата од областа на образованието, демократскиот развој и борбата против корупција.

На разговорите воедно, ќе стане збор и за евроинтегративните процеси на Македонија и регионот, идното претседавање на земјава со ОБСЕ во 2023 година, како и за актуелните безбедносни предизвици и нивните импликации врз трансатлантската безбедност,.

Делегацијата на Македонија ја предводи шефот на дипломатијата Бујар Османи, а во нејзин состав се и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за економија Крешник Бектеши и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Дополнително, преку видео-конференциска врска на Стратешкиот дијалог ќе се приклучи и вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска. Официјален домаќин од американска страна ќе биде помошникот државен секретар Карен Донфрид, која неодамна ја посети Македонија.

По завршувањето на Стратешкиот дијалог предвидено е да биде донесена Заедничка изјава меѓу Македонија и САД, со која ќе бидат реафирмирани заедничките заложби за понатамошно надградување на билатералните односи и соработката меѓу двете земји.

Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз во пресрет на Стратешкиот дијалог нагласи дека идејата е да се опфатат повеќе теми, како економскиот просперитет, јакнењето на демократските институции, одбраната и безбедноста, како и донесување експерти кои би разговарале за приоритетите на секоја страна.

Намерата за Стратешкиот дијалог е да се разгледаат областите коишто сѐ уште ги немаме потполно истражено. Сѐ уште има простор да се работи на прашања од областа на одбраната и безбедноста, но и на многу други области како економија, енергетика, климатски промени, работа со младите, културна размена, едукација…мислам дека Стратешкиот дијалог нуди интересни можности за во иднина и испраќа сигнал дека САД сакаат уште повеќе да вложат во него. Тоа може да е добар патоказ двете земји да продолжат да го градат своето партнерство, изјави амбасадорката Брнз во гостување на телевизија Алсат.

Таа оцени дека стратешкиот дијалог е добра можност за континуирана соработка меѓу двете земји и е одличен патоказ за продолжување на партнерството помеѓу САД и Македонија.

Во рамки на престојот на Вашингтон, предвидено е членовите на владината делегација да остварат повеќе билатерални средби. Османи, како што е најавено, ќе има билатерални средби со високи државни претставници на САД, како и истакнати личности од граѓанскиот сектор и тинк-тенк организации.

Бектеши вчера се сретна со американскиот помошник секретар за енергетика Ендру Лајт, а предвиедно е да учествува и на состаноци со претставници на Американскo-централноевропското бизнис здружение (АЦЕВА) и со претставници на Националниот демократски институт и Националниот републикански институт.

Министерката Петровска вчера имаше неколку средби со тинк-тенк заедницата, како и официјална вечера со помошничката на секретарот за одбрана, Селесте Валандер, а положи и венец на Гробот на незнајниот војник на Националните воени гробишта „Арлингтон” во Вашингтон. Таа во Пентагон ќе се сретне и со потсекретарот за одбрана, задолжен за политички прашања Колин Кал, со командантот на Националната гарда на САД, генералот Даниел Хокансон, командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и секретарот на Копнената војска на САД, Кристин Вормунт. Петровска во Стејт департментот ќе има средба и со помошничката на државниот секретар и шеф на Бирото за воено-политички работи, Џесика Луис.

Костадиновска-Стојчевска, пак ќе ги посети Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а предвидено е еден сегмент од дискусиите да биде посветен на практика што е потребна во нашата држава за да се спречи нелегалната трговија на уметнички дела и артефакти.

Инаку, Македонија е прва земја од Западен Балкан што отвора Стратешки дијалог со САД, кој воедно претставува надградба на досегашното стратешко партнерство меѓу двете земји и подигнување на билатералните односи на повисоко ниво.

The post Почнува Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД appeared first on Република.

]]>

Билатералните односи меѓу Скопје и Вашингтон, но и прашања од глобален интерес ќе бидат во фокусот на стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД што почнува денеска во Вашингтон, а на кој значајно место во разговорите ќе имаат и темите од областа на регионалната соработка, одбраната и безбедноста, енергетиката, економската соработка, трговијата и инвестициите, културната соработка, како и прашањата од областа на образованието, демократскиот развој и борбата против корупција. На разговорите воедно, ќе стане збор и за евроинтегративните процеси на Македонија и регионот, идното претседавање на земјава со ОБСЕ во 2023 година, како и за актуелните безбедносни предизвици и нивните импликации врз трансатлантската безбедност,. Делегацијата на Македонија ја предводи шефот на дипломатијата Бујар Османи, а во нејзин состав се и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за економија Крешник Бектеши и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Дополнително, преку видео-конференциска врска на Стратешкиот дијалог ќе се приклучи и вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска. Официјален домаќин од американска страна ќе биде помошникот државен секретар Карен Донфрид, која неодамна ја посети Македонија. По завршувањето на Стратешкиот дијалог предвидено е да биде донесена Заедничка изјава меѓу Македонија и САД, со која ќе бидат реафирмирани заедничките заложби за понатамошно надградување на билатералните односи и соработката меѓу двете земји. Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз во пресрет на Стратешкиот дијалог нагласи дека идејата е да се опфатат повеќе теми, како економскиот просперитет, јакнењето на демократските институции, одбраната и безбедноста, како и донесување експерти кои би разговарале за приоритетите на секоја страна.
Намерата за Стратешкиот дијалог е да се разгледаат областите коишто сѐ уште ги немаме потполно истражено. Сѐ уште има простор да се работи на прашања од областа на одбраната и безбедноста, но и на многу други области како економија, енергетика, климатски промени, работа со младите, културна размена, едукација…мислам дека Стратешкиот дијалог нуди интересни можности за во иднина и испраќа сигнал дека САД сакаат уште повеќе да вложат во него. Тоа може да е добар патоказ двете земји да продолжат да го градат своето партнерство, изјави амбасадорката Брнз во гостување на телевизија Алсат.
Таа оцени дека стратешкиот дијалог е добра можност за континуирана соработка меѓу двете земји и е одличен патоказ за продолжување на партнерството помеѓу САД и Македонија. Во рамки на престојот на Вашингтон, предвидено е членовите на владината делегација да остварат повеќе билатерални средби. Османи, како што е најавено, ќе има билатерални средби со високи државни претставници на САД, како и истакнати личности од граѓанскиот сектор и тинк-тенк организации. Бектеши вчера се сретна со американскиот помошник секретар за енергетика Ендру Лајт, а предвиедно е да учествува и на состаноци со претставници на Американскo-централноевропското бизнис здружение (АЦЕВА) и со претставници на Националниот демократски институт и Националниот републикански институт. Министерката Петровска вчера имаше неколку средби со тинк-тенк заедницата, како и официјална вечера со помошничката на секретарот за одбрана, Селесте Валандер, а положи и венец на Гробот на незнајниот војник на Националните воени гробишта „Арлингтон” во Вашингтон. Таа во Пентагон ќе се сретне и со потсекретарот за одбрана, задолжен за политички прашања Колин Кал, со командантот на Националната гарда на САД, генералот Даниел Хокансон, командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и секретарот на Копнената војска на САД, Кристин Вормунт. Петровска во Стејт департментот ќе има средба и со помошничката на државниот секретар и шеф на Бирото за воено-политички работи, Џесика Луис. Костадиновска-Стојчевска, пак ќе ги посети Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а предвидено е еден сегмент од дискусиите да биде посветен на практика што е потребна во нашата држава за да се спречи нелегалната трговија на уметнички дела и артефакти. Инаку, Македонија е прва земја од Западен Балкан што отвора Стратешки дијалог со САД, кој воедно претставува надградба на досегашното стратешко партнерство меѓу двете земји и подигнување на билатералните односи на повисоко ниво.

The post Почнува Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД appeared first on Република.

]]>
Почнува Стратешкиот дијалог САД-Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-strateshkiot-dijalog-sad-makedonija/ Tue, 31 May 2022 08:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=509104

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска од Токио патува за Вашингтон, каде што ќе ја предводи владината делегација на претстојниот Стратешки дијалог меѓу Република  Македонија и Соединетите Американски Држави. Македонија е прва држава од Западен Балкан што отпочнува ваков значаен процес со САД.

Во рамки на посетата на Вашингтон, Османи, како што е најавено, ќе оствари и повеќе билатерални средби со високи државни преставници на САД, како и истакнати личности од граѓанскиот сектор и тинк-тенк организации.

Стратешкиот дијалог беше најавен од страна на власта откако стана јасно дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

 

The post Почнува Стратешкиот дијалог САД-Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска од Токио патува за Вашингтон, каде што ќе ја предводи владината делегација на претстојниот Стратешки дијалог меѓу Република  Македонија и Соединетите Американски Држави. Македонија е прва држава од Западен Балкан што отпочнува ваков значаен процес со САД. Во рамки на посетата на Вашингтон, Османи, како што е најавено, ќе оствари и повеќе билатерални средби со високи државни преставници на САД, како и истакнати личности од граѓанскиот сектор и тинк-тенк организации. Стратешкиот дијалог беше најавен од страна на власта откако стана јасно дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.  

The post Почнува Стратешкиот дијалог САД-Македонија appeared first on Република.

]]>
Бујар Османи на 2 јуни ќе ја предводи владината делегација на отворањето на Стратешкиот дијалог во Вашингтон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bujar-osmani-na-2-juni-kje-ja-predvodi-vladinata-delegacija-na-otvoranjeto-na-strateshkiot-dijalog-vo-vashington/ Tue, 17 May 2022 16:39:51 +0000 https://republika.mk/?p=503501

Владата на Република Македонија на денешната 45-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за почеток на Стратешки дијалог меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.

За координатор на процесот за Стратешки дијалог меѓу Република Македонија и САД го определи министерот за надворешни работи Бујар Османи кој на 2 јуни ќе ја предводи делегацијата на Владата на Република Македонија на отворањето на процесот во Вашингтон во чиј состав ќе бидат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Стратешкиот дијалог претставува подигнување на односите на повисоко ниво со САД и е од особено значајно во контекст на актуелните безбедносни закани. Во рамките на дијалогот ќе бидат опфатени теми од билатералните односи за соработка во економијата, трговијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борбата против корупција, владеењето на правото, како и безбедносните сегменти од соработката, од миграција, борба против тероризам, па се до справување со организираниот и меѓународен криминал.

Дијалогот ги опфаќа и актуелните безбедносни состојби, соработката на двете земји како НАТО партнери, аспирациите на Македонија за зачленување на ЕУ, претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ, нашите заложби во рамки на Самитот за демократија на претседателот Бајден и други теми од интерес.

The post Бујар Османи на 2 јуни ќе ја предводи владината делегација на отворањето на Стратешкиот дијалог во Вашингтон appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија на денешната 45-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за почеток на Стратешки дијалог меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави. За координатор на процесот за Стратешки дијалог меѓу Република Македонија и САД го определи министерот за надворешни работи Бујар Османи кој на 2 јуни ќе ја предводи делегацијата на Владата на Република Македонија на отворањето на процесот во Вашингтон во чиј состав ќе бидат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Стратешкиот дијалог претставува подигнување на односите на повисоко ниво со САД и е од особено значајно во контекст на актуелните безбедносни закани. Во рамките на дијалогот ќе бидат опфатени теми од билатералните односи за соработка во економијата, трговијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борбата против корупција, владеењето на правото, како и безбедносните сегменти од соработката, од миграција, борба против тероризам, па се до справување со организираниот и меѓународен криминал. Дијалогот ги опфаќа и актуелните безбедносни состојби, соработката на двете земји како НАТО партнери, аспирациите на Македонија за зачленување на ЕУ, претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ, нашите заложби во рамки на Самитот за демократија на претседателот Бајден и други теми од интерес.

The post Бујар Османи на 2 јуни ќе ја предводи владината делегација на отворањето на Стратешкиот дијалог во Вашингтон appeared first on Република.

]]>
Погрешен чекор е да речеме доста е со ЕУ, смета Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pogreshen-chekor-e-da-recheme-dosta-e-so-eu-smeta-mickoski/ Wed, 11 May 2022 18:59:50 +0000 https://republika.mk/?p=501173

Погрешен чекор е да речеме доста е со ЕУ, рече вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Телма, одговарајќи на прашање поврзано со најавениот стратешки дијалог со САД.

Нашиот пат кон ЕУ не е пат затоа што е некаква награда, на крајот пехарот ќе го добиете и златната медаља, туку е пат со кој треба како општество да смениме менталитет и да практикуваме поинакви вредности. Не е тоа пат во кој треба да се стремиме да одиме затоа што на крај некој нешто ќе ни даде и ние сите наеднаш ќе си ги смениме животите. Не! Тоа е пат кој мора да го изодиме и да седнеме на таа маса, за генерациите по нас да ја продолжат оваа државност врз основа на некакви поинакви вредности, нагласи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на прашањето дали е прифатлив за партијата стратешкиот дијалог со САД, потенцира дека дијалогот со САД и патот за полноправно членство во ЕУ не се конкурентни, туку се два паралелни процеса.

Не се тие во конкуренција процеси. Тоа се два паралелни процеси кои еден со друг немаат никаква врска. Да, сакам и ова да важи, да, сакам и ова да важи. Едното не го исклучува другото. Дајте да ги водиме двата процеса. Тој дијалог нека се води, но нека се водат и преговорите со ЕУ, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека не е информиран што ќе значи стратешкиот дијалог и, како што рече, очекува од премиерот Димитар Ковачевски да биде брифиран.

Јас не седам на таа маса, не ги знам принципите на кои ќе се води тој стратешки дијалог. Очекувам Ковачевски да не брифира. Ние сме тотално екскомуницирани, заклучи Мицкоски.

The post Погрешен чекор е да речеме доста е со ЕУ, смета Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Погрешен чекор е да речеме доста е со ЕУ, рече вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Телма, одговарајќи на прашање поврзано со најавениот стратешки дијалог со САД.
Нашиот пат кон ЕУ не е пат затоа што е некаква награда, на крајот пехарот ќе го добиете и златната медаља, туку е пат со кој треба како општество да смениме менталитет и да практикуваме поинакви вредности. Не е тоа пат во кој треба да се стремиме да одиме затоа што на крај некој нешто ќе ни даде и ние сите наеднаш ќе си ги смениме животите. Не! Тоа е пат кој мора да го изодиме и да седнеме на таа маса, за генерациите по нас да ја продолжат оваа државност врз основа на некакви поинакви вредности, нагласи Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на прашањето дали е прифатлив за партијата стратешкиот дијалог со САД, потенцира дека дијалогот со САД и патот за полноправно членство во ЕУ не се конкурентни, туку се два паралелни процеса.
Не се тие во конкуренција процеси. Тоа се два паралелни процеси кои еден со друг немаат никаква врска. Да, сакам и ова да важи, да, сакам и ова да важи. Едното не го исклучува другото. Дајте да ги водиме двата процеса. Тој дијалог нека се води, но нека се водат и преговорите со ЕУ, вели Мицкоски.
Мицкоски посочи дека не е информиран што ќе значи стратешкиот дијалог и, како што рече, очекува од премиерот Димитар Ковачевски да биде брифиран.
Јас не седам на таа маса, не ги знам принципите на кои ќе се води тој стратешки дијалог. Очекувам Ковачевски да не брифира. Ние сме тотално екскомуницирани, заклучи Мицкоски.

The post Погрешен чекор е да речеме доста е со ЕУ, смета Мицкоски appeared first on Република.

]]>