стратегија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strategija/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 11:28:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стратегија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strategija/ 32 32 Ковачки: СДС да се охрабрат и да ја поддржат визијата на претседателот Мицкоски за стратегија за Македонија до 2050 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-sds-da-se-ohrabrat-i-da-ja-poddrzhat-vizijata-na-pretsedatelot-mitskoski-za-strategija-za-makedonija-do-2050/ Thu, 24 Oct 2024 11:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=830566

Македонија има потреба од сеопфатна стратегија за правецот во кој ќе се движи во наредните децении. Визијата на претседателот Христијан Мицкоски за стратегија на државата до 2050 година е столб кој мора да нè обедини како општество, рече на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДС да ги напушти теснопартиските интереси и да го прифати предлогот на претседателот Мицкоски. Важно е како опозиција да покажат конструктивност и чувство на одговорност кон државата.
Ги повикуваме СДС да се произнесат, повика Ковачки.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-manu-i-univerzitetskata-zaednitsa-ke-rabotat-na-seopfatna-strategija-za-prioritetite-i-idninata-na-makedonija/

Тој додаде дека визијата на Мицкоски за стратегија на државата до 2050 година ги опфаќа приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели и како да се стигне до нив, земјоделски и технолошки развој, енергетски и транспортен развој, подобрување на животната средина, образование и здравство во тек со светските достигнувања.

Македонија има потреба од нова парадигма, која ќе ја внесе државата во новото време.
Ние не смееме да заостануваме кога се’ во светот се менува, а научните и економски процеси забрзано се развиваат.
Македонија не смее да биде заложник на нечии теснопартиски интереси, ниту пак да биде монета за поткусурување на нечии политички кариери.
Интересот на државата и на генерациите кои доаѓаат после нас мора да биде врвен приоритет. Тоа може да се оствари само со една сеопфатна стратегија, која ќе го трасира патот за развој на државата, каде граѓанинот и неговиот интерес ќе бидат јадрото.
СДС да излезат од својата деструктивна матрица во која се затворени со години, и да покажат конструктивност и одговорност, затоа што потоа нема да имаат можност со ништо да се оправдаат пред идните генерации.
Имаме одговорност како генерација да ја унапредиме државата и да овозможиме подобра стартна основа на генерацијата после нас, од таа што сме ја имале ние. И нека тоа биде императив за секоја идна генерација, така Македонија ќе биде секогаш држава која расте и се развива.
Претседателот Мицкоски отвори дебата, ги повикуваме сите чинители во општеството да се вклучат, повика Ковачки.

https://youtu.be/BUSbM0_ZCtk?si=rSQk5CGPhq7ADdXk

The post Ковачки: СДС да се охрабрат и да ја поддржат визијата на претседателот Мицкоски за стратегија за Македонија до 2050 appeared first on Република.

]]>

Македонија има потреба од сеопфатна стратегија за правецот во кој ќе се движи во наредните децении. Визијата на претседателот Христијан Мицкоски за стратегија на државата до 2050 година е столб кој мора да нè обедини како општество, рече на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДС да ги напушти теснопартиските интереси и да го прифати предлогот на претседателот Мицкоски. Важно е како опозиција да покажат конструктивност и чувство на одговорност кон државата. Ги повикуваме СДС да се произнесат, повика Ковачки.
https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-manu-i-univerzitetskata-zaednitsa-ke-rabotat-na-seopfatna-strategija-za-prioritetite-i-idninata-na-makedonija/ Тој додаде дека визијата на Мицкоски за стратегија на државата до 2050 година ги опфаќа приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели и како да се стигне до нив, земјоделски и технолошки развој, енергетски и транспортен развој, подобрување на животната средина, образование и здравство во тек со светските достигнувања.
Македонија има потреба од нова парадигма, која ќе ја внесе државата во новото време. Ние не смееме да заостануваме кога се’ во светот се менува, а научните и економски процеси забрзано се развиваат. Македонија не смее да биде заложник на нечии теснопартиски интереси, ниту пак да биде монета за поткусурување на нечии политички кариери. Интересот на државата и на генерациите кои доаѓаат после нас мора да биде врвен приоритет. Тоа може да се оствари само со една сеопфатна стратегија, која ќе го трасира патот за развој на државата, каде граѓанинот и неговиот интерес ќе бидат јадрото. СДС да излезат од својата деструктивна матрица во која се затворени со години, и да покажат конструктивност и одговорност, затоа што потоа нема да имаат можност со ништо да се оправдаат пред идните генерации. Имаме одговорност како генерација да ја унапредиме државата и да овозможиме подобра стартна основа на генерацијата после нас, од таа што сме ја имале ние. И нека тоа биде императив за секоја идна генерација, така Македонија ќе биде секогаш држава која расте и се развива. Претседателот Мицкоски отвори дебата, ги повикуваме сите чинители во општеството да се вклучат, повика Ковачки.
https://youtu.be/BUSbM0_ZCtk?si=rSQk5CGPhq7ADdXk

The post Ковачки: СДС да се охрабрат и да ја поддржат визијата на претседателот Мицкоски за стратегија за Македонија до 2050 appeared first on Република.

]]>
Владата, МАНУ и универзитетската заедница ќе работат на сеопфатна стратегија за приоритетите и иднината на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-manu-i-univerzitetskata-zaednitsa-ke-rabotat-na-seopfatna-strategija-za-prioritetite-i-idninata-na-makedonija/ Thu, 24 Oct 2024 07:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=830404

Од кога почнав да се занимавам со политика тврдам - на македонското прашање му е потребна енергија. И сметам дека денес дојде денот да отпочнеме еден сериозен проект, рече во вчерашниот говор по повод 23 Октомври премиерот Христијан Мицкоски иницирајќи го проектот кој Владата ќе проба да го договори со Македонската академија на науките и уметностите и со универзитетската заедница. Проект кој, како што објасни, ќе биде сеопфатен и преточен во стратегија на државата до 2050та година, со кој ќе се дефинираат приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели, и како да се стигне до нив, земјоделски, технолошки развој, енергетски и транспортен развој, и така натаму.

Значи сеопфатна стратегија која ќе ја дефинира новата парадигма на современата држава. Ние мора да ги користиме знаењата на сите кои можат да помогнат, ние мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за развој на државата, а потоа ќе побарам широк партиски консензус за прифаќање на таа стратегија. На државата тоа и недостасуваше со години. МАНУ и научните умови беа маргинализирани и насочени само кон своите проекти и научни цели, но мора да се вклучат и да помогнат во развојот и во поставување на нејзините цели и приоритети. И сега знам дека во јавноста ќе почне да зборува за ваква или таква академија, па заради тоа го кажувам сето ова. Науката, целите и стратегијата не треба да се етнизираат, рече Мицкоски.

Додаде дека на граѓаните им е потребна им е стратегија и преку глава им е од водење на државата ден за ден.

Ако имало стратегија и заеднички приоритети и патоказ како да се постигнат, немаше да чекаме 20 и кусур години да не признаваат земји под уставното тогашно име, според стратегијата на Глигоров, дека времето работи за нас, која не велам дека не била исправна во тоа време, сигурно имале свои причини зошто правеле таква стратегија. Затоа за да не доаѓаме до такви тешки моменти потребно е долгорочна стратегија чии главни точки и стратешки цели нема да зависат од лакомоста на политичарите, ниту од нивното незнаење. Или што ќе беше ако прашањето за името се решеше 1990та година? Каде ќе беше денеска нашата татковина? Јас не викам дека јас сум најдобар, напротив и јас има работи кои ги учам со оваа професија, и самиот си увидувам грешки па се трудам да ги исправам, сакам да слушнам различни мислења и охрабрувам дебата, јас верувам во демократијата и во потенцијалот на демократијата, но истовремено јас сакам да ги соберам околу себе најдобрите и заедно да работиме да одиме напред. Луѓе сме, знаеме по некогаш и да погрешиме. Но, уште повеќе грешно ќе биде ако сме констатирале дека сме погрешиле не се корегираме. Сите оние кои ќе констатираат дека погрешиле бескрајно ги почитувам.  Потекнувам од универзитетската заедница и знам што значи титулата која ја имаат сите оние кои ги повикувам да се вклучат во овој проект. Од нив може многу да научиме и тие се духот на нашата земја и дел од нашиот идентитет, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека секоја Академија на науки од соседството соработува со својата државата, и придонесува кон градење на стратегиите на државата и дека нашата мора да го добие заслуженото место на почит, но и на одговорност.

Еве да ја почнам јавно дебатата кон која треба да се насочиме: Последните 70 години сме на добар пат да исчезниме како држава. Тоа е една генерација од сега. Зошто никој до сега не ја отворил оваа тема? Според анализите на Стратфорд од земјава до 2050та ќе има 400 илјади луѓе помалку. Дали знаете што значи тоа за општеството, економијата и за државата? Населението кое се иселува е работоспособно. Сериозни држави планираат со десетици и стотици години нанапред. После договорот за Хонг Конг и Британците и Кинезите излегле среќни. Кога ги прашале Британците зошто се радосни, тие одговориле во наредните 100 години Хонг Конг ќе биде наш, а кога ги прашале Кинезите зошто сте вие радосни, тие рекле, после 100 години Хонг Конг ќе биде наш. 100 години оттогаш одамна поминаа. Хонг Конг е сега кинески, рече Мицкоски.

Премиерот потенцираше дека историјата може многу да нè научи и стратешкото размислување и планирање може и мора многу да ни помогне во периодот кој следи.

Кој ако не МАНУ, требаа да се организира во изнаоѓање лек за ова и во дефинирање на најголемите предизвици во иднина на државата. Како ќе функционира држава со таква диспропорција на население и толку малку луѓе кои ќе работат, да не кажам од нив повеќе под пола во администрацијата. Кој ќе ја одржува таа држава?  Знае ли некој од овие кои досега ја воделе државата - каде оди државата??? Размислил ли некој и отворил дискусија за клучните прашања? Демографија со миграцијата и наталитетот? Вредностите кои треба да ги имаме? Приоритетите кои мора да ги решаваме. Како да посадиме денес, за идните генерации да жнеат плодови. Дајте да дефинираме што а најважно, кои се нашите приоритети и да одиме напред. Ние како Влада имаме јасен план што да правиме во својот мандат. Имаме програма, имаме генерална стратегија и ги имаме предвид овие работи кои ги спомнувам при носењето одлуки, но искрено се сомневам дека има уште многумина кои мислат на овој начин. Овде еден од главните проблеми е политиката купи ден продај. И толку. Никој не размислува стратешки и долгорочно, потенцираше Мицкоски.

The post Владата, МАНУ и универзитетската заедница ќе работат на сеопфатна стратегија за приоритетите и иднината на Македонија appeared first on Република.

Владата одлучи да се формира Совет за следење и имплементација на Развојната стратегија за правосудството (2024–2028 г.) https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-odluchi-da-se-formira-sovet-za-sledene-i-implementatsija-na-razvojnata-strategija-za-pravosudstvoto-2024-2028-g/ Tue, 26 Mar 2024 19:45:09 +0000 https://republika.mk/?p=759078

Владата на денешната седница донела одлука за формирање Совет за следење на имплементацијата на Развојната секторска стратегија за правосудство (2024–2028 г.), соопштија попладнево од Министерството за правда.

Советот, информираат оттаму, треба да обезбеди континуитет на досегашната пракса за следење на реформите во правосудството.

Од Правда потсетуваат дека Владата претходно на седницата одржана на 26 декември минатата година ја усвои Развојната секторска стратегија за правосудството (2024–2028 г.) со нејзиниот Акциски план.

Советот ќе се грижи за навремено спроведување на мерките и активностите согласно Акцискиот план, следење на приоритетите, временската рамка и роковите за имплементација и оценување на постигнатите резултати во спроведување на Акцискиот план, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Со Советот ќе претседава министерот за правда, а останати членови по функција во телото ќе бидат министрите за внатрешни работи, за информатичко општество и администрација и за финансии, потоа вицепремиерите за европски прашања и за политики за добро владеење, државниот јавен обвинител, претседателите на Врховниот суд, на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители.

Составот на Советот ќе го сочинуваат и други членови, експерти од областа на правото, како и претставник од невладините организации специјализирани за следење на состојбите во правосудниот систем на земјава.

Според соопштението на Министерството за правда другите членови во Советот се:

академик Владо Камбовски;
Вера Коцо, судија во пензија;
Аднан Јашари, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово;
Слаѓана Тасева, поранешна претседателка на Транспаренси интернешнл – Македонија;
Беса Арифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово,
Неда Здравева, професор на Правниот факултет ,,Јустинијан Први‘‘ – Скопје;
Абдула Азизи, професор на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово;
Никола Прокопенко, државен советник за кривично законодавство во Министерството за правда;
Марија Николовска-Ѓорѓиев, кабинетски службеник во кабинетот на заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања;
Жарко Хаџи Зафиров, претставник од Блупринт-групата за реформи во правосудството.
Од Министерството за правда додаваат дека на седниците на Советот по потреба ќе присуствуваат и неговата работа ќе ја следат и други министри, заменик-министри и функционери кои раководат со органи на државната управа, домашни и меѓународни експерти, стручни лица и претседателите на Здрженијата на судии, на јавни обвинители, на судската служба и јавнообвинителска служба.

Академик Владо Камбовски, кој е претседател на работната група на Министерството за правда за реформи во правосудството и ресорниот министер Кренар Лога на 28 декември лани, на брифинг со новинарите ја образложија Развојната стратегија за правосудство (2024–2028 г.). Како што појасни тогаш Камбовски, таа се фокусира на пет клучни области – судството и јавното обвинителство, капацитетите на посебните институции на правосудниот систем, индивидуалните професии и јавни служби, Уставниот суд и кривичната и граѓанска материја.

The post Владата одлучи да се формира Совет за следење и имплементација на Развојната стратегија за правосудството (2024–2028 г.) appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница донела одлука за формирање Совет за следење на имплементацијата на Развојната секторска стратегија за правосудство (2024–2028 г.), соопштија попладнево од Министерството за правда. Советот, информираат оттаму, треба да обезбеди континуитет на досегашната пракса за следење на реформите во правосудството. Од Правда потсетуваат дека Владата претходно на седницата одржана на 26 декември минатата година ја усвои Развојната секторска стратегија за правосудството (2024–2028 г.) со нејзиниот Акциски план. Советот ќе се грижи за навремено спроведување на мерките и активностите согласно Акцискиот план, следење на приоритетите, временската рамка и роковите за имплементација и оценување на постигнатите резултати во спроведување на Акцискиот план, се наведува во соопштението од Министерството за правда. Со Советот ќе претседава министерот за правда, а останати членови по функција во телото ќе бидат министрите за внатрешни работи, за информатичко општество и администрација и за финансии, потоа вицепремиерите за европски прашања и за политики за добро владеење, државниот јавен обвинител, претседателите на Врховниот суд, на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители. Составот на Советот ќе го сочинуваат и други членови, експерти од областа на правото, како и претставник од невладините организации специјализирани за следење на состојбите во правосудниот систем на земјава. Според соопштението на Министерството за правда другите членови во Советот се: академик Владо Камбовски; Вера Коцо, судија во пензија; Аднан Јашари, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово; Слаѓана Тасева, поранешна претседателка на Транспаренси интернешнл – Македонија; Беса Арифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово, Неда Здравева, професор на Правниот факултет ,,Јустинијан Први‘‘ – Скопје; Абдула Азизи, професор на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово; Никола Прокопенко, државен советник за кривично законодавство во Министерството за правда; Марија Николовска-Ѓорѓиев, кабинетски службеник во кабинетот на заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања; Жарко Хаџи Зафиров, претставник од Блупринт-групата за реформи во правосудството. Од Министерството за правда додаваат дека на седниците на Советот по потреба ќе присуствуваат и неговата работа ќе ја следат и други министри, заменик-министри и функционери кои раководат со органи на државната управа, домашни и меѓународни експерти, стручни лица и претседателите на Здрженијата на судии, на јавни обвинители, на судската служба и јавнообвинителска служба. Академик Владо Камбовски, кој е претседател на работната група на Министерството за правда за реформи во правосудството и ресорниот министер Кренар Лога на 28 декември лани, на брифинг со новинарите ја образложија Развојната стратегија за правосудство (2024–2028 г.). Како што појасни тогаш Камбовски, таа се фокусира на пет клучни области – судството и јавното обвинителство, капацитетите на посебните институции на правосудниот систем, индивидуалните професии и јавни служби, Уставниот суд и кривичната и граѓанска материја.  

The post Владата одлучи да се формира Совет за следење и имплементација на Развојната стратегија за правосудството (2024–2028 г.) appeared first on Република.

]]>
Човек кој има ретка болест се соочува и со стравот дали ќе остане жив, а ако е жив, каков квалитет на живот има https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/chovek-koj-ima-retka-bolest-se-soochuva-i-so-stravot-dali-ke-ostane-zhiv-a-ako-e-zhiv-kakov-kvalitet-na-zhivot-ima/ Thu, 29 Feb 2024 11:45:05 +0000 https://republika.mk/?p=749605

Ретките болести се тест за декларираната социјална правда, еднаквост и хуманост на македонското општество. Покрај соодветното лекување, суштински се и социјалниот ефект, прифаќањето од средината, психичката состојба. На Светскиот ден на ретките болести, 29 февруари, Националната алијанса за ретки болести на Македонија (НАРБМ) организираше панел дискусија каде што се дискутираше за моменталната состојба на лицата со ретки болести и нивните семејства, како и потребите за системски решенија прку усвојување на Стратегија за ретки болести.

Наташа Анѓелеска од НАРБМ пред панел дискусијата изјави дека не е само предизвик достапноста на терапијата туку предизвик се и сите други сегменти од секојдневното живеење. Како што посочи, човек кој има ретка болест не ретко се соочува и со стравот дали ќе остане жив, а доколку е жив, каков квалитет на живот ќе има.

Човек кој има ретка болест не ретко се соочува и со стравот дали ќе остане жив, а доколку е жив, каков квалитет на живот има и колку е можно да се реализира себеси како личност било тоа да е дали ќе заврши образование, дали ќе се вработи, дали ќе функционира во општеството. Значи, не е само предизвикот достапноста на терапијата или достапноста на дијагноза иако во одредени ситуации сме имале отежнувачки околности во тој поглед, меѓутоа, и сите оние други сегменти од секојдневното живеење, рече Анѓелеска.

Таа информираше дека во нашата држава нема точна бројка колку лица се дијагностицирани или колку имаат ретка болест. Тоа е заради тоа што секој се уште не добива дијагноза. Меѓутоа, согласно податоците што ги објавува Министерството за здравство, на крајот на минатата година биле регистрирани 822 лица во регистарот за ретки болести.

Додаде дека изминативе години буџетот на Програмата за ретки болести преку која се обезбедуваат терапиите постојано се зголемува, но од друга страна пак, терапиите се енормно скапи и ретко кога е можно да бидат достапни веднаш кога ќе излезат на пазарот.

Од нив, помалку од половина добиваат терапија, не заради тоа што терапија не сака државата да обезбеди, туку затоа што не постојат терапии за сите ретки дијагнози. За оние за коишто постојат, терапијата е достапна. Изминативе години буџетот на Програмата за ретки болести преку која се обезбедуваат терапиите постојано се зголемува. Меѓутоа, секогаш имаме ново откриени пациенти, секогаш имаме нови дијагнози. Проблемот е што тие терапии се енормно скапи, што ретко кога е можно да бидат достапни веднаш кога ќе излезат на пазарот и проблемот е всушност што ние како мала држава немаме некои претставништва на фармацевтските компании, додаде Анѓелеска.

Министерот за здравство Илир Демири на панел дискусијата посочи дека во континуитет се следи развојот во светот и се инвестира во унапредување на дијагностички процедури, како и обезбедување на терапија за пациенти со ретки болести.

Во 2009 година кога на државно ниво беа одвоени 25 милиони денари средства за пациенти со ретки болести, денеска се одвојуваат некаде околу 950 милиони денари. Не само во обезбедување на терапија, туку инвестираме и во дијагностички процедури. Министерство за здравство ќе продолжи да се грижи за оваа категорија на пациенти, рече Демири.

Душан Томшиќ од Комисијата за антидискриминација изјави дека децата со ретки болести не смеат да бидат сегрегирани по основ на својата состојба бидејќи се случува тие почесто да отсуствуваат од образовниот систем. Тој појасни дека треба да се обезбедат услови за да можат овие деца да ја продолжат својата настава во домот или пак да имаат некои дополнителни часови.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација апелира до државата час поскоро да ја донесе Стратегијата за ретки болести во која што се претставени сите овие предизвици и сите овие области коишто сега се напоменати. Се надевам дека со една таква стратегија и добра буџетска рамка дека можат да се отстранат сите овие слабости, рече Томшиќ пред почетокот на панел дискусијата.

Тој појасни дека треба да се работи на подигнување на свеста, дека овие деца воопшто не се опасни и дека ова се состојби коишто на секој може да му се случат, а со соодветен третман ќе можат подеднакво да посетуваат настава.

Сопругата на претседателот на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска на панел дискусијата појасни дека се идентификуваат околу шест илјади ретки болести, со кое се соочуваат околу 300 милиони луѓе во светот. Меѓу нив, како што рече, е и нашата мала и храбра заедница која достоинствено се справува со сите здравствени предизвици кои ги носат ретките болести.

Првата работа кога станува збор за ретките болести е дијагностицирањето, кое за нив е исклучително тешко, сложено и скапо и се разбира уште поскапо е лечење кое изискува специфични протоколи и медикаменти. Покрај соодветното лекување, суштински се и социјалниот ефект, прифаќањето од средината, психичката состојба. Клучно е што покрај неопходната здравствена грижа и нега која сама за себе е комплексна и со огромни финансиски импликации како заедница како општество, неопходно е да понудиме топлина, љубов, грижа, рече Ѓоргиевска.

The post Човек кој има ретка болест се соочува и со стравот дали ќе остане жив, а ако е жив, каков квалитет на живот има appeared first on Република.

]]>

Ретките болести се тест за декларираната социјална правда, еднаквост и хуманост на македонското општество. Покрај соодветното лекување, суштински се и социјалниот ефект, прифаќањето од средината, психичката состојба. На Светскиот ден на ретките болести, 29 февруари, Националната алијанса за ретки болести на Македонија (НАРБМ) организираше панел дискусија каде што се дискутираше за моменталната состојба на лицата со ретки болести и нивните семејства, како и потребите за системски решенија прку усвојување на Стратегија за ретки болести. Наташа Анѓелеска од НАРБМ пред панел дискусијата изјави дека не е само предизвик достапноста на терапијата туку предизвик се и сите други сегменти од секојдневното живеење. Како што посочи, човек кој има ретка болест не ретко се соочува и со стравот дали ќе остане жив, а доколку е жив, каков квалитет на живот ќе има.
Човек кој има ретка болест не ретко се соочува и со стравот дали ќе остане жив, а доколку е жив, каков квалитет на живот има и колку е можно да се реализира себеси како личност било тоа да е дали ќе заврши образование, дали ќе се вработи, дали ќе функционира во општеството. Значи, не е само предизвикот достапноста на терапијата или достапноста на дијагноза иако во одредени ситуации сме имале отежнувачки околности во тој поглед, меѓутоа, и сите оние други сегменти од секојдневното живеење, рече Анѓелеска.
Таа информираше дека во нашата држава нема точна бројка колку лица се дијагностицирани или колку имаат ретка болест. Тоа е заради тоа што секој се уште не добива дијагноза. Меѓутоа, согласно податоците што ги објавува Министерството за здравство, на крајот на минатата година биле регистрирани 822 лица во регистарот за ретки болести. Додаде дека изминативе години буџетот на Програмата за ретки болести преку која се обезбедуваат терапиите постојано се зголемува, но од друга страна пак, терапиите се енормно скапи и ретко кога е можно да бидат достапни веднаш кога ќе излезат на пазарот.
Од нив, помалку од половина добиваат терапија, не заради тоа што терапија не сака државата да обезбеди, туку затоа што не постојат терапии за сите ретки дијагнози. За оние за коишто постојат, терапијата е достапна. Изминативе години буџетот на Програмата за ретки болести преку која се обезбедуваат терапиите постојано се зголемува. Меѓутоа, секогаш имаме ново откриени пациенти, секогаш имаме нови дијагнози. Проблемот е што тие терапии се енормно скапи, што ретко кога е можно да бидат достапни веднаш кога ќе излезат на пазарот и проблемот е всушност што ние како мала држава немаме некои претставништва на фармацевтските компании, додаде Анѓелеска.
Министерот за здравство Илир Демири на панел дискусијата посочи дека во континуитет се следи развојот во светот и се инвестира во унапредување на дијагностички процедури, како и обезбедување на терапија за пациенти со ретки болести.
Во 2009 година кога на државно ниво беа одвоени 25 милиони денари средства за пациенти со ретки болести, денеска се одвојуваат некаде околу 950 милиони денари. Не само во обезбедување на терапија, туку инвестираме и во дијагностички процедури. Министерство за здравство ќе продолжи да се грижи за оваа категорија на пациенти, рече Демири.
Душан Томшиќ од Комисијата за антидискриминација изјави дека децата со ретки болести не смеат да бидат сегрегирани по основ на својата состојба бидејќи се случува тие почесто да отсуствуваат од образовниот систем. Тој појасни дека треба да се обезбедат услови за да можат овие деца да ја продолжат својата настава во домот или пак да имаат некои дополнителни часови.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација апелира до државата час поскоро да ја донесе Стратегијата за ретки болести во која што се претставени сите овие предизвици и сите овие области коишто сега се напоменати. Се надевам дека со една таква стратегија и добра буџетска рамка дека можат да се отстранат сите овие слабости, рече Томшиќ пред почетокот на панел дискусијата.
Тој појасни дека треба да се работи на подигнување на свеста, дека овие деца воопшто не се опасни и дека ова се состојби коишто на секој може да му се случат, а со соодветен третман ќе можат подеднакво да посетуваат настава. Сопругата на претседателот на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска на панел дискусијата појасни дека се идентификуваат околу шест илјади ретки болести, со кое се соочуваат околу 300 милиони луѓе во светот. Меѓу нив, како што рече, е и нашата мала и храбра заедница која достоинствено се справува со сите здравствени предизвици кои ги носат ретките болести.
Првата работа кога станува збор за ретките болести е дијагностицирањето, кое за нив е исклучително тешко, сложено и скапо и се разбира уште поскапо е лечење кое изискува специфични протоколи и медикаменти. Покрај соодветното лекување, суштински се и социјалниот ефект, прифаќањето од средината, психичката состојба. Клучно е што покрај неопходната здравствена грижа и нега која сама за себе е комплексна и со огромни финансиски импликации како заедница како општество, неопходно е да понудиме топлина, љубов, грижа, рече Ѓоргиевска.
 
The post Човек кој има ретка болест се соочува и со стравот дали ќе остане жив, а ако е жив, каков квалитет на живот има appeared first on Република.

]]>
Одржан првиот координативен состанок за имплементација на новата Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odrzhan-prviot-koordinativen-sostanok-za-implementatsija-na-novata-strategija-za-pravata-na-litsata-so-poprechenost-2023-2030-godina/ Mon, 19 Feb 2024 16:14:45 +0000 https://republika.mk/?p=745790

Денеска, во организација на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата на Република Македонија, се одржа првиот координативен состанок за имплементација на новата Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година, со Акциски план 2023-2026 година.

На настанот освен членовите на Националното координативно тело беа присутни претставници од Државен завод за статистика, Агенција за млади и спорт, Државен инспекторат за градежништво, Државна изборна комисија, Биро за развој на образованието, Фонд за здравствено осигурување, Агенција за вработување, Агенција за аудио и аудио-визуелни услуги,  ЗЕЛС и Центар за управување со кризи, кои имаат обврска за реализација на активности планирани во Стратегијата.

Фокусот на состанокот беше координација на институциите во процесот на имплементацијата на Акцискиот план, преку воспоставување на механизми за соработка, следење и известување за напредокот.  Во тој контекст, се дискутираше и за дигиталната алатка која е во фаза на изработка од страна на СЕМОС, а со поддршка на партнерите односно Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Дигиталната алатка ќе ја користат институциите во фазата на имплементација и ќе овозможи ефективно следење на напредокот и реализацијата на Стратегијата.

Националната стратегија за правата на лицата со попреченост за периодот 2023-2030, со Акциски план 2023-2026 година е усвоена од страна на  Владата на 26 декември 2023 година. Таа е мултисекторски стратешки документ, подготвен во широк партиципативен процес, со вклучување на 216 учесници од 31 институција и 27 граѓански организации, меѓу кои и Агенциите на ОН во земјата, и со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

Стратегијата содржи одредници за унапредување на правата на лицата со попреченост во Република Македонија, темелејќи се на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Европската Стратегија за правата на лицата со попреченост 2021-2030, како и Агендата 2030 и целите за одржлив развој. Стратегијата е заснована на принципот на човекови права и основниот принцип „Никој да не биде изоставен“ („Leave No One Behind“) од Агендата 2030.

Носител на Стратегијата е Министерството за труд и социјална политика, а НКТ за имплементација на КПЛП беше активно вклучено во целиот процес- комуникација со донатори, со граѓанските организации, академската заедница, обезбедување присутност на различни чинители при подготовката, а ќе ја има и главната улога во процесот на координација на спроведувањето на активностите.

Националната стратегија за правата на лицата со попреченост опфаќа девет приоритетни области, одредени врз основа на потребите, а усогласени со Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост (КПЛП) и Стратегија за правата на лицата со попреченост 2021-2030 на Европската Унија. Во секоја од деветте приоритетни области се утврдени цели, мерки и активности коишто овозможуваат унапредување на правата на лицата со попреченост, независност, еднакви можности, квалитет на живот, како и градење инклузивно општеството. Како приоритетни области се дефинирани: пристапност, еднаквост, пристап до правда и активно учество во јавниот и политичкиот живот, пристап до здравствена заштита, детска, социјална заштита и независно живеење, право на образование, вработување и право на работа, локални инклузивни заедници, јавна свест, култура, спорт и рекреација.

The post Одржан првиот координативен состанок за имплементација на новата Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година appeared first on Република.

]]>

Денеска, во организација на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата на Република Македонија, се одржа првиот координативен состанок за имплементација на новата Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година, со Акциски план 2023-2026 година. На настанот освен членовите на Националното координативно тело беа присутни претставници од Државен завод за статистика, Агенција за млади и спорт, Државен инспекторат за градежништво, Државна изборна комисија, Биро за развој на образованието, Фонд за здравствено осигурување, Агенција за вработување, Агенција за аудио и аудио-визуелни услуги,  ЗЕЛС и Центар за управување со кризи, кои имаат обврска за реализација на активности планирани во Стратегијата. Фокусот на состанокот беше координација на институциите во процесот на имплементацијата на Акцискиот план, преку воспоставување на механизми за соработка, следење и известување за напредокот.  Во тој контекст, се дискутираше и за дигиталната алатка која е во фаза на изработка од страна на СЕМОС, а со поддршка на партнерите односно Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Дигиталната алатка ќе ја користат институциите во фазата на имплементација и ќе овозможи ефективно следење на напредокот и реализацијата на Стратегијата. Националната стратегија за правата на лицата со попреченост за периодот 2023-2030, со Акциски план 2023-2026 година е усвоена од страна на  Владата на 26 декември 2023 година. Таа е мултисекторски стратешки документ, подготвен во широк партиципативен процес, со вклучување на 216 учесници од 31 институција и 27 граѓански организации, меѓу кои и Агенциите на ОН во земјата, и со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Стратегијата содржи одредници за унапредување на правата на лицата со попреченост во Република Македонија, темелејќи се на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Европската Стратегија за правата на лицата со попреченост 2021-2030, како и Агендата 2030 и целите за одржлив развој. Стратегијата е заснована на принципот на човекови права и основниот принцип „Никој да не биде изоставен“ („Leave No One Behind“) од Агендата 2030. Носител на Стратегијата е Министерството за труд и социјална политика, а НКТ за имплементација на КПЛП беше активно вклучено во целиот процес- комуникација со донатори, со граѓанските организации, академската заедница, обезбедување присутност на различни чинители при подготовката, а ќе ја има и главната улога во процесот на координација на спроведувањето на активностите. Националната стратегија за правата на лицата со попреченост опфаќа девет приоритетни области, одредени врз основа на потребите, а усогласени со Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост (КПЛП) и Стратегија за правата на лицата со попреченост 2021-2030 на Европската Унија. Во секоја од деветте приоритетни области се утврдени цели, мерки и активности коишто овозможуваат унапредување на правата на лицата со попреченост, независност, еднакви можности, квалитет на живот, како и градење инклузивно општеството. Како приоритетни области се дефинирани: пристапност, еднаквост, пристап до правда и активно учество во јавниот и политичкиот живот, пристап до здравствена заштита, детска, социјална заштита и независно живеење, право на образование, вработување и право на работа, локални инклузивни заедници, јавна свест, култура, спорт и рекреација.

The post Одржан првиот координативен состанок за имплементација на новата Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година appeared first on Република.

]]>
Анализа на британски воен експерт: Главната руска офанзива е на југ, се обидуваат методично да ги преземаат градовите еден по еден https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/analiza-na-britanski-voen-ekspert-glavnata-ruska-ofanziva-e-na-jug-se-obiduvaat-metodichno-da-gi-prezemaat-gradovite-eden-po-eden/ Mon, 28 Mar 2022 11:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=479722

Воениот експерт Џек Ватлинг, научен соработник за копнена војна во Кралскиот одбранбен институт на Обединетите нации во Лондон, за „Би-Би-Си“ ја дава најновата оценка за движењето на руските воени сили во Украина.

Ватлинг вели дека Русите веќе ги ангажирале повеќето сили што ги имале акумулирано, дека повеќето од тие сили се веќ во Украина и дека Русија не е во можност да ги прераспредели тие сили низ целата земја.

Значи, тие сега напредуваат онаму каде што вложуваат големи напори во однос на ресурсите и логистиката. Главните напори во моментот се на југ, каде што руските сили се обидуваат да ја завршат битката за Мариупол и потоа да ги опколат украинските воени единици во Донбас, со цел да ги отсечат потиснувајќќи ги од југ кон север - вели Вотлинг.

Тој додава дека Руските трупи меѓу Херсон и Миколаев се статични и малку е веројатно дека ќе можат да напредуваат во тој дел.

Експертот вели и дека Русите се фокусираат на потиснување на украинските сили од Крим на север по реката Днепар со цел да се обидат да ја опколат областа каде што се наоѓаат голем дел од најдобрите украински единици.

Русите во првиот дел од конфликтот напредуваа по повеќе оски отколку што можеа да задржат, а сега се во позиција да напредуваат само по една оска во исто време. Се чини дека нивниот сегашен приоритет е да ги поразат украинските сили во Донбас ако можат. Откако ќе завршат во Мариупол, веројатно ќе ја зајакнат оската кон Харков северно од Донбас - вели Ватлинг.

Тој заклучува дека намерата на руските сили е полека и методично да ги преземаат градовите еден по еден.

The post Анализа на британски воен експерт: Главната руска офанзива е на југ, се обидуваат методично да ги преземаат градовите еден по еден appeared first on Република.

]]>

Воениот експерт Џек Ватлинг, научен соработник за копнена војна во Кралскиот одбранбен институт на Обединетите нации во Лондон, за „Би-Би-Си“ ја дава најновата оценка за движењето на руските воени сили во Украина. Ватлинг вели дека Русите веќе ги ангажирале повеќето сили што ги имале акумулирано, дека повеќето од тие сили се веќ во Украина и дека Русија не е во можност да ги прераспредели тие сили низ целата земја.
Значи, тие сега напредуваат онаму каде што вложуваат големи напори во однос на ресурсите и логистиката. Главните напори во моментот се на југ, каде што руските сили се обидуваат да ја завршат битката за Мариупол и потоа да ги опколат украинските воени единици во Донбас, со цел да ги отсечат потиснувајќќи ги од југ кон север - вели Вотлинг.
Тој додава дека Руските трупи меѓу Херсон и Миколаев се статични и малку е веројатно дека ќе можат да напредуваат во тој дел. Експертот вели и дека Русите се фокусираат на потиснување на украинските сили од Крим на север по реката Днепар со цел да се обидат да ја опколат областа каде што се наоѓаат голем дел од најдобрите украински единици.