Стратегија за паметна специјализација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strategija-za-pametna-specijalizacija/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Feb 2022 11:20:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стратегија за паметна специјализација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strategija-za-pametna-specijalizacija/ 32 32 Се изработува Стратегија за паметна специјализација, стратешки документ кој ќе обезбеди модерен пристап за економски напредок на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-izrabotuva-strategija-za-pametna-specijalizacija-strateshki-dokument-koj-kje-obezbedi-moderen-pristap-za-ekonomski-napredok-na-makedonija/ Wed, 16 Feb 2022 11:20:56 +0000 https://republika.mk/?p=459271

Се интензивира процесот за креирање на Стратегија за паметна специјализација кој започна во 2019 година. Целта е Македонија час поскоро да добие стратешки документ кој обезбедува модерен пристап за економски развој, преку меѓусебно поврзување на академската заедница, бизис секторот, владините институции и граѓанскиот сектор за заедничко детектирање и делување во областите во кои државата има најголем потенцијал и доволно ресурси да инвестира. Со тоа ќе се забрза севкупниот државен напредок и конкурентност во глобалната економија.

Ова е заеднички став на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министрите за образование и наука и за економија Јетон Шаќири и Крешник Бектеши, кои денес на настан во Владата го означија продолжувањето на следната фаза од процесот на креирање на стратефијата која воедно е и еден од предусловите за пристапување кон членство во Европската унија.

Ова е процес започнат пред 3 години. Вклучени се институциите на системот, а најважни учесници се бизнис заедницата, научно - академската фела и невладиниот сектор. Овие четири страни заеднички работеа и веќе првично детектираа четири области во кои Македонија има потенцијали за голем развој и кон кои треба да се насочи. Се работи за паметно земјоделство и прехрамбена индустрија; информатичко - комуникациска индустрија; индустрија 4.0 каде спаѓаат електро - машинска, металопреработувачка и автомобилска индрустрија, и последната област е паметни објекти и материјали, рече министерот Шаќири, нагласувајќи дека детектирањето е направено согласно методологија на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

„Нотирано е дека треба да се вложува и во туризмот и во енергетиката како сегменти кои ги поврзуваат четирите области кои ги споменав“, додаде министерот за образование и наука.

Тој информираше дека за секоја од четирите области формирани се посебни работни групи и тие од денес започнуваа интерни дебати кои ќе траат до крајот на мај, со цел јакнење на меѓусебната доверба, промовирање на нови форми на соработка, детално скенирање на потенцијалните области за инвестирање и допрецизирање на најдобриот пристап за тоа како и што да се вложи во тие области.

Веќе видовме дека Стратегијата за паметна специјализација дава позитивен ефект кај многу од земјите членки на ЕУ. Ќе ги земам за пример Хрватска и Словенија. Ги разгледавме нивните позитивни искуства и констатиравме дека и ние како земја имаме капацитет да изработиме таков стратешки документ и да го имплементираме, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој рече дека усвојувањето на оваа Стратегија, ќе обезбеди повеќекратен ефект.

Ќе знаеме точно каде, во кои области имаме добар потенцијал што може да се искористи и што треба да направиме, да го одбереме најдобриот пристап за да го оствариме целосно тој потенцијал. Друга важна работа е што со самото усвојување на овој документ, нам како земја ни се отвораат нови финансиски можности. Всушност оваа стратегија е предуслов за искористување на структурните фондови на ЕУ. А тоа се пари кои ќе значат стимулација на нови мерки и активности во областа на образование, економијата, развој на иновации и генерално на науката, додаде Бектеши.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи истакна дека од денес па во следните неколку месеци ќе се организираат повеќе јавни настани поврзани со процесот на изработка на Стратегијата за паметна специјализација, за, како што рече да се сензибилира јавноста за оваа тема, да се појасни што побразбира овој процес кој терминолошки звучи непознато и апстрактно, но и да се вклучат што повеќе луѓе во истиот.

Сега сме во фаза од процесот на изработка на Стратегијата за паметна специјализација која подразбира „претприемничко откривање“, во која преку принципот „од базата кон врвот“ повеќе категории на општествени чинители ќе дадат удел во попрецизно дефинирање на областите за кои би требало да се специјализираме, ќе ја развијат меѓусебната доверба, ќе постават заеднички цели и ќе трасираат пат за остварување на тие цели, рече Битиќи.

Информираше дека поддршка за креирање на Стратегијата е обезбедена од Светска Банка, GIZ и ИМЕ програмата финaнсирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а подоцна, како што рече вицепремиерот, ќе се вклучи и Развојната банка и други релевантни домашни и меѓународни институции.

Битиќи потсети и дека претходната година е започнат и процес за креирање на Националната развојна стратегија 2021 – 2041, што претставува стратешки документ кој во себе ќе ги инкорпорира сите важни стратешки документи кои нашата држава ги развива, вклучително и стратегијата за смарт специјализација.

Процесот на креирање на Стратегијата за паметна специјализација го координира Министерството за образование и наука со поддршка на Министерството за економија, а под покровителство на вицепремиерот за економски прашања.

 

The post Се изработува Стратегија за паметна специјализација, стратешки документ кој ќе обезбеди модерен пристап за економски напредок на Македонија appeared first on Република.

]]>

Се интензивира процесот за креирање на Стратегија за паметна специјализација кој започна во 2019 година. Целта е Македонија час поскоро да добие стратешки документ кој обезбедува модерен пристап за економски развој, преку меѓусебно поврзување на академската заедница, бизис секторот, владините институции и граѓанскиот сектор за заедничко детектирање и делување во областите во кои државата има најголем потенцијал и доволно ресурси да инвестира. Со тоа ќе се забрза севкупниот државен напредок и конкурентност во глобалната економија.
Ова е заеднички став на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министрите за образование и наука и за економија Јетон Шаќири и Крешник Бектеши, кои денес на настан во Владата го означија продолжувањето на следната фаза од процесот на креирање на стратефијата која воедно е и еден од предусловите за пристапување кон членство во Европската унија. Ова е процес започнат пред 3 години. Вклучени се институциите на системот, а најважни учесници се бизнис заедницата, научно - академската фела и невладиниот сектор. Овие четири страни заеднички работеа и веќе првично детектираа четири области во кои Македонија има потенцијали за голем развој и кон кои треба да се насочи. Се работи за паметно земјоделство и прехрамбена индустрија; информатичко - комуникациска индустрија; индустрија 4.0 каде спаѓаат електро - машинска, металопреработувачка и автомобилска индрустрија, и последната област е паметни објекти и материјали, рече министерот Шаќири, нагласувајќи дека детектирањето е направено согласно методологија на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.
„Нотирано е дека треба да се вложува и во туризмот и во енергетиката како сегменти кои ги поврзуваат четирите области кои ги споменав“, додаде министерот за образование и наука. Тој информираше дека за секоја од четирите области формирани се посебни работни групи и тие од денес започнуваа интерни дебати кои ќе траат до крајот на мај, со цел јакнење на меѓусебната доверба, промовирање на нови форми на соработка, детално скенирање на потенцијалните области за инвестирање и допрецизирање на најдобриот пристап за тоа како и што да се вложи во тие области.
Веќе видовме дека Стратегијата за паметна специјализација дава позитивен ефект кај многу од земјите членки на ЕУ. Ќе ги земам за пример Хрватска и Словенија. Ги разгледавме нивните позитивни искуства и констатиравме дека и ние како земја имаме капацитет да изработиме таков стратешки документ и да го имплементираме, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој рече дека усвојувањето на оваа Стратегија, ќе обезбеди повеќекратен ефект.
Ќе знаеме точно каде, во кои области имаме добар потенцијал што може да се искористи и што треба да направиме, да го одбереме најдобриот пристап за да го оствариме целосно тој потенцијал. Друга важна работа е што со самото усвојување на овој документ, нам како земја ни се отвораат нови финансиски можности. Всушност оваа стратегија е предуслов за искористување на структурните фондови на ЕУ. А тоа се пари кои ќе значат стимулација на нови мерки и активности во областа на образование, економијата, развој на иновации и генерално на науката, додаде Бектеши.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи истакна дека од денес па во следните неколку месеци ќе се организираат повеќе јавни настани поврзани со процесот на изработка на Стратегијата за паметна специјализација, за, како што рече да се сензибилира јавноста за оваа тема, да се појасни што побразбира овој процес кој терминолошки звучи непознато и апстрактно, но и да се вклучат што повеќе луѓе во истиот.
Сега сме во фаза од процесот на изработка на Стратегијата за паметна специјализација која подразбира „претприемничко откривање“, во која преку принципот „од базата кон врвот“ повеќе категории на општествени чинители ќе дадат удел во попрецизно дефинирање на областите за кои би требало да се специјализираме, ќе ја развијат меѓусебната доверба, ќе постават заеднички цели и ќе трасираат пат за остварување на тие цели, рече Битиќи.
Информираше дека поддршка за креирање на Стратегијата е обезбедена од Светска Банка, GIZ и ИМЕ програмата финaнсирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а подоцна, како што рече вицепремиерот, ќе се вклучи и Развојната банка и други релевантни домашни и меѓународни институции. Битиќи потсети и дека претходната година е започнат и процес за креирање на Националната развојна стратегија 2021 – 2041, што претставува стратешки документ кој во себе ќе ги инкорпорира сите важни стратешки документи кои нашата држава ги развива, вклучително и стратегијата за смарт специјализација. Процесот на креирање на Стратегијата за паметна специјализација го координира Министерството за образование и наука со поддршка на Министерството за економија, а под покровителство на вицепремиерот за економски прашања.  

The post Се изработува Стратегија за паметна специјализација, стратешки документ кој ќе обезбеди модерен пристап за економски напредок на Македонија appeared first on Република.

]]>