Страшко Стојановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strashko-stojanovski/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jul 2023 08:47:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Страшко Стојановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strashko-stojanovski/ 32 32 Ги пакуваат куферите за Словенија и Бугарија: 21 отсто од македонските матуранти ќе студираат во странство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gi-pakuvaat-kuferite-za-slovenija-i-bugarija-21-otsto-od-makedonskite-maturanti-ke-studiraat-vo-stranstvo/ Sun, 02 Jul 2023 08:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=657341

Квалитетот на студиските програми, рејтингот на универзитетите и студирањето на некој близок надвор од државата се причина 21 процент од матурантите од четири региони годинава да заминат на некој од факултетите во странство. Атрактивни дестинации за студирање се Словенија и Бугарија, покажуваат најновите истражувања на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Универзитетскиот професор Страшко Стојановски, во разговор за МИА, вели дека ова истражување е дел од поголем проект, којшто заеднички го работат неколку професори и студенти. Истражувањата се со наслов „Млади миграции, образование“. Вакво истражување и анкета се направени и пред пет години што дозволува компорација на резулатите.

Стојановски посочува дека со овие истражувања може да се забележи дека интересот за студирање на средношколците надвор од државата е речиси дуплирано односно од 13 проценти пред пет години, сега процентот е зголемен на 21 процент.

И можеме веќе да согледаме некои податоци и одредени тенденции иако премногу рано би рекол, бидејќи имаме само две вакви истражувања. Има уште едно истражување што се однесуваше на миграции што минатата година го презентиравме. Тоа се општи ставови на младите по однос на прашања на миграции, а ова истражување се однесуваше на образовна мотивација за миграција на младите во прв ред, и се однесуваше на матуранти односно на ученици во трета и четврта година во средните училишта. Од четири плански региони, најголем дел од училиштата беа опфатени. Значи тоа се дваесетина средни училишта од 13-14 градови во овие региони, почнувајќи од Североисточниот, Источниот, Југоисточниот и Повардарскиот плански регион, вели Стојановски.

Прашан кои се причините и зошто младите сакаат да студираат во толкав процент надвор од земјава, Стојановски посочува дека мотивацијата главно е поврзана со перспективи и со некакви економски критериуми, а тоа се повторува и од претходното истражување од минатата година.

Младите во анкетата велат дека економскиот фактор е клучен фактор за миграција и градење на професионалната кариера надвор од државата.

Околу 30 проценти не би студирале од средношколците. Кога се работи за образовна мотивација, тука не можеме да зборуваме веднаш „ад хок“ за трајно иселување на младите, односно тоа е само индикатор дека може да постои тенденција. Тоа иселување привремено, коешто би било поврзано со надополнување на образованието, односно премин од секундарно кон терцијално, понатаму во иднина се придвижува кон трајно иселување. Младите доколку по претпоставка се социјализираат во тие држави, доколку изградат доволно конекции, доколку имаат можности за вработување, тие се разбира дека би останале, вели Стојановски.

Во разговорот за МИА, Стојановски забележува дека сериозен индикатор е како ќе ги третираме образовните политики на некои од државите. Во прв ред тука е Словенија, а, како што вели, тие дошле до заклучок дека не се работи за класично образовна политика на Словенија, туку за класична демографска стратегија, а образовниот аспект е само елемент во таа демографска стратегија на Словенија да привлекува население од други држави. Забележува дека сите земји имаат проблеми со демографските потенцијали, а младото население е она коешто ја придвижува државата и коешто обезбедува државата да има некаква перспектива.

Словенија го има тоа решено. Еден од аспектите е само оваа образовна политика којашто ја прават на начин со којшто би привлекле евентуално население, бидејќи овие образовни програми се однесуваат на државите од Југоисточна Европа, коишто се дел од Западен Балкан, со исклучок на Хрватска, и привлекуваат население буквално од бившите југословенски простори. Претпоставка е дека културолошки се блиски, претпоставувам дека правеле анализи и сумирања пред да ги направат ваквите стратегии и тоа го реализираат во пракса привлекувајќи студенти. Понатаму кога ќе бидат тие студенти во трета или четврта година, на добар дел од нив им се нудат и работни места и едноставно општеството е поинклузивно кога се работи за инкорпорирање на потенцијалните млади луѓе кои доаѓаат од околните региони, појаснува Стојановски.

Според Стојановски, реформите не се задоцнети, но проблемот, како што вели, е во системскиот пристап.

Тоа го имам потенцирано неколкупати досега, можеби затоа што профилот ми е таков како социолог па малку гледам популистички на проблемите, не еднонасочно. Се разбира во одредени аспекти, јас би имал погрешни познавања отколку некои кои се директно инволвирани, на пример, во креирање на образовните политики. Меѓутоа, од аспект на методологија на спроведување на реформи потребни се прво клучни истражувања, нешто што не го гледам во јавната дебата. Понатаму потребна е фаза на пилот проекти. Имам одредени индикации дека паралелно се спроведуваат пилот проекти и се имплементираат реформи во образованието. Тоа не е во ред. Се прават пилот проекти, па се алудираат тие пилот проекти, па дури тогаш пристапуваме кон реформи на кој и да било систем, вели Стојановски.

Тој потенцира дека не може да се зборува за „ад хок“ реформи што би се спровеле во рок од еден мандат на политичките партии што доаѓаат на власт. Тој мандат, како што вели, би траел евентуално четири години во нормални околности, туку се потребни осеопфатни истражувања коишто не се врзани директно со носење на политички одлуки.

Бев критичен и кон процесот на реформирање пред повеќе од една декада кога се инкорпорираше Кембриџ системот. Не велам дека нема позитивни аспекти, можеби има и простор за критики. Меѓутоа и тогаш некако набрзина се имплементираше без да се направат длабински, соодветни истражувања за тоа и преку јавна дебата врз база на критики низ тие фази, да дојдеме до одредени решенија што не се непроменливи. Меѓутоа ако зборуваме за младите, треба да имаме некаква среднорочна или долгорочна стратегија што нема да се гради врз база на теоретски познавања и никако врз база на копирање на туѓи системи, вели Стојановски.

Тој смета дека нашиот образовниот систем и не е толку лош, што го покажуваат и резулатите на македонските студенти кои студираат во Словенија.

Сме разговарале со колеги од Љубљанскиот Универзитет. Од топ 10 студенти кои се на Љубљанскиот универзитет, пет се со потекло од Македонија. Значи имаме квалитетен систем. Треба да не креираме стереотипи, затоа што и тоа исто така влијае врз перспективите на младите и треба да се истакнуваат добрите примери. Имаме добри примери на млади успешни луѓе. Не е лошо понекогаш да имаме и такви приказни, а не само доминација на негативни вести, дневна политика на медиумите, порачува Стојановски.

The post Ги пакуваат куферите за Словенија и Бугарија: 21 отсто од македонските матуранти ќе студираат во странство appeared first on Република.

]]>

Квалитетот на студиските програми, рејтингот на универзитетите и студирањето на некој близок надвор од државата се причина 21 процент од матурантите од четири региони годинава да заминат на некој од факултетите во странство. Атрактивни дестинации за студирање се Словенија и Бугарија, покажуваат најновите истражувања на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Универзитетскиот професор Страшко Стојановски, во разговор за МИА, вели дека ова истражување е дел од поголем проект, којшто заеднички го работат неколку професори и студенти. Истражувањата се со наслов „Млади миграции, образование“. Вакво истражување и анкета се направени и пред пет години што дозволува компорација на резулатите. Стојановски посочува дека со овие истражувања може да се забележи дека интересот за студирање на средношколците надвор од државата е речиси дуплирано односно од 13 проценти пред пет години, сега процентот е зголемен на 21 процент.
И можеме веќе да согледаме некои податоци и одредени тенденции иако премногу рано би рекол, бидејќи имаме само две вакви истражувања. Има уште едно истражување што се однесуваше на миграции што минатата година го презентиравме. Тоа се општи ставови на младите по однос на прашања на миграции, а ова истражување се однесуваше на образовна мотивација за миграција на младите во прв ред, и се однесуваше на матуранти односно на ученици во трета и четврта година во средните училишта. Од четири плански региони, најголем дел од училиштата беа опфатени. Значи тоа се дваесетина средни училишта од 13-14 градови во овие региони, почнувајќи од Североисточниот, Источниот, Југоисточниот и Повардарскиот плански регион, вели Стојановски.
Прашан кои се причините и зошто младите сакаат да студираат во толкав процент надвор од земјава, Стојановски посочува дека мотивацијата главно е поврзана со перспективи и со некакви економски критериуми, а тоа се повторува и од претходното истражување од минатата година. Младите во анкетата велат дека економскиот фактор е клучен фактор за миграција и градење на професионалната кариера надвор од државата.
Околу 30 проценти не би студирале од средношколците. Кога се работи за образовна мотивација, тука не можеме да зборуваме веднаш „ад хок“ за трајно иселување на младите, односно тоа е само индикатор дека може да постои тенденција. Тоа иселување привремено, коешто би било поврзано со надополнување на образованието, односно премин од секундарно кон терцијално, понатаму во иднина се придвижува кон трајно иселување. Младите доколку по претпоставка се социјализираат во тие држави, доколку изградат доволно конекции, доколку имаат можности за вработување, тие се разбира дека би останале, вели Стојановски.
Во разговорот за МИА, Стојановски забележува дека сериозен индикатор е како ќе ги третираме образовните политики на некои од државите. Во прв ред тука е Словенија, а, како што вели, тие дошле до заклучок дека не се работи за класично образовна политика на Словенија, туку за класична демографска стратегија, а образовниот аспект е само елемент во таа демографска стратегија на Словенија да привлекува население од други држави. Забележува дека сите земји имаат проблеми со демографските потенцијали, а младото население е она коешто ја придвижува државата и коешто обезбедува државата да има некаква перспектива.
Словенија го има тоа решено. Еден од аспектите е само оваа образовна политика којашто ја прават на начин со којшто би привлекле евентуално население, бидејќи овие образовни програми се однесуваат на државите од Југоисточна Европа, коишто се дел од Западен Балкан, со исклучок на Хрватска, и привлекуваат население буквално од бившите југословенски простори. Претпоставка е дека културолошки се блиски, претпоставувам дека правеле анализи и сумирања пред да ги направат ваквите стратегии и тоа го реализираат во пракса привлекувајќи студенти. Понатаму кога ќе бидат тие студенти во трета или четврта година, на добар дел од нив им се нудат и работни места и едноставно општеството е поинклузивно кога се работи за инкорпорирање на потенцијалните млади луѓе кои доаѓаат од околните региони, појаснува Стојановски.
Според Стојановски, реформите не се задоцнети, но проблемот, како што вели, е во системскиот пристап.
Тоа го имам потенцирано неколкупати досега, можеби затоа што профилот ми е таков како социолог па малку гледам популистички на проблемите, не еднонасочно. Се разбира во одредени аспекти, јас би имал погрешни познавања отколку некои кои се директно инволвирани, на пример, во креирање на образовните политики. Меѓутоа, од аспект на методологија на спроведување на реформи потребни се прво клучни истражувања, нешто што не го гледам во јавната дебата. Понатаму потребна е фаза на пилот проекти. Имам одредени индикации дека паралелно се спроведуваат пилот проекти и се имплементираат реформи во образованието. Тоа не е во ред. Се прават пилот проекти, па се алудираат тие пилот проекти, па дури тогаш пристапуваме кон реформи на кој и да било систем, вели Стојановски.
Тој потенцира дека не може да се зборува за „ад хок“ реформи што би се спровеле во рок од еден мандат на политичките партии што доаѓаат на власт. Тој мандат, како што вели, би траел евентуално четири години во нормални околности, туку се потребни осеопфатни истражувања коишто не се врзани директно со носење на политички одлуки.
Бев критичен и кон процесот на реформирање пред повеќе од една декада кога се инкорпорираше Кембриџ системот. Не велам дека нема позитивни аспекти, можеби има и простор за критики. Меѓутоа и тогаш некако набрзина се имплементираше без да се направат длабински, соодветни истражувања за тоа и преку јавна дебата врз база на критики низ тие фази, да дојдеме до одредени решенија што не се непроменливи. Меѓутоа ако зборуваме за младите, треба да имаме некаква среднорочна или долгорочна стратегија што нема да се гради врз база на теоретски познавања и никако врз база на копирање на туѓи системи, вели Стојановски.
Тој смета дека нашиот образовниот систем и не е толку лош, што го покажуваат и резулатите на македонските студенти кои студираат во Словенија.
Сме разговарале со колеги од Љубљанскиот Универзитет. Од топ 10 студенти кои се на Љубљанскиот универзитет, пет се со потекло од Македонија. Значи имаме квалитетен систем. Треба да не креираме стереотипи, затоа што и тоа исто така влијае врз перспективите на младите и треба да се истакнуваат добрите примери. Имаме добри примери на млади успешни луѓе. Не е лошо понекогаш да имаме и такви приказни, а не само доминација на негативни вести, дневна политика на медиумите, порачува Стојановски.

The post Ги пакуваат куферите за Словенија и Бугарија: 21 отсто од македонските матуранти ќе студираат во странство appeared first on Република.

]]>
Професор Стојановски: Младите сакаат европски плати, не им е привлечена ниту македонската просечна плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/profesor-stojanovski-mladite-sakaat-evropski-plati-ne-im-e-privlechena-nitu-makedonskata-prosechna-plata/ Sun, 02 Jul 2023 07:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=657316

Македонските студенти не се толку врзани кон и за професијата, за којашто се стекнале во рамки на формалното образование, туку се многу поадаптибилни последните генерации и сакаат да работат за поголем приход, покажува истражувањето на универзитетскиот професор на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Страшко Стојановски.

Праксата покажува дека добар дел од оние кои завршуваат, сакаат да работат за странски компании и не им се привлечни ниту минималната, ниту просечната плата во земјава.

Дури и тие што се тука, добар дел би сакале да работат за странски компании. Не, компании што се странски инвестиции во Македонија, туку странски компании преку онлајн сервери, значи да работат далечински. Во ваквите компании имаат навистина прилично високи приходи. Младите повеќе не сакаат да го губат своето време. Помина времето кога можеа да работат за минимална плата, па дури и просечната плата не е веќе нивна цел, барем од она што јас можам да го согледам, вели Стојановски во видео интервјуто снимено во прес центарот на МИА во Штип.

Тој смета дека за задржување на младите во земјава, може да придонесе и децентрализацијата. и посочува дека во моментов, сите институции се во Скопје, токму поради ова младите не остануваат во своите села, градови и региони.

Ако сакаме европски пракси, ајде да видиме колку од министерствата во Германија се во Берлин, колку од министерствата се во Рим. Тоа не се прави случајно, туку со цел да имаме рамномерен економски развој на сите региони. Ако знаеме дека Струмица е земјоделски регион, зошто да ги обременуваме луѓето со административни проблеми да одат во Скопје. Тоа Министерство може да се лоцира на друго место, нагласува Стојановски.

Професорот забележува дека инфраструктурата е значително подобрена и затоа, како што вели, од аспект на комуникација може да се сервисираат ваквите дисперзии или да се тргне од децентрализација на општините.

Стојановски посочува дека не мора да значи дека децентрализацијата е клучот за решавање, меѓутоа дека сериозно треба да се размислува за овој процес.

Ние имаме сериозен одлив на квалитетно младо население, се уште внатрешно изразена миграција од помалите градови кон Скопје. Сите зборуваме за надворешната миграција и тоа е многу видливо. Немаме дилема тука. Кога зборуваме за надворешната миграција, таа се класифицира како бренд дека најумните отишле од државата, а што прават оние што останале тука, тие не спаѓаат во таа категорија, вели Стојановски.

Анализите покажуваат дека  први кои заминаа во странство не беа високообразовни, туку беа ниска и средно квалификувана работна рака.

Тоа и е најпотребно денес на Македонија. Децентрализацијата е есенцијално нужна. Значи ако сакаме да зборуваме за рамномерен развој или да ги привлечеме младите, тогаш регионите треба да може да реализираат одредени нивни идеи и политики, да имаат соодветна инфраструктура, да имаат соодветни институции. Зборуваме за тоа дали ќе имаме базен во Штип или нема да имаме, дали ќе имаме соодветна сала, училишни спортови.... За се тоа се потребни финансиски средства, а општините тоа очигледно не можат да си го дозволат, потенцира Стојановски.

Ова за него се агрументи зошто децентрализацијата е нужна, со цел, како што вели, барем делумно задржување на младите. И анализата од истражувањето реализирано во 2011/2012 година меѓу средношколците и студентите покажува дека децентрализацијата може да ги задржи младите во своите родни места.

Беа опфатени студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Уште тогаш имавме прашање што се однесуваше на нивните идни професии, но и на прашања поврзани со внатрешната и надворешната миграција. Околу 45 проценти од средношколците од овие региони, се гледаа во Скопје, над 40 проценти се гледаа надвор од државата, а околу 10 или под десет проценти се гледаа во локалното место, од каде што потекнуваат.  Кај студентите кои се веќе посозреани личности, а кои беа од Универзитетот „Гоце Делчев“, над 40 проценти се гледаа надвор од државата и тука немавме некакви поместувања. Во локалното место, од каде потекнуваа, се гледаа речиси половина од нив. И под 10 проценти се гледаа во Скопје. Што зборува ова? Имавме децентрализација на високо образование. Таа децентрализација предизвика студентите кои студираат таму, да ја гледаат својата иднина во локалните места од каде што потекнуваат, посочува Стојановски.

The post Професор Стојановски: Младите сакаат европски плати, не им е привлечена ниту македонската просечна плата appeared first on Република.

]]>

Македонските студенти не се толку врзани кон и за професијата, за којашто се стекнале во рамки на формалното образование, туку се многу поадаптибилни последните генерации и сакаат да работат за поголем приход, покажува истражувањето на универзитетскиот професор на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Страшко Стојановски. Праксата покажува дека добар дел од оние кои завршуваат, сакаат да работат за странски компании и не им се привлечни ниту минималната, ниту просечната плата во земјава.
Дури и тие што се тука, добар дел би сакале да работат за странски компании. Не, компании што се странски инвестиции во Македонија, туку странски компании преку онлајн сервери, значи да работат далечински. Во ваквите компании имаат навистина прилично високи приходи. Младите повеќе не сакаат да го губат своето време. Помина времето кога можеа да работат за минимална плата, па дури и просечната плата не е веќе нивна цел, барем од она што јас можам да го согледам, вели Стојановски во видео интервјуто снимено во прес центарот на МИА во Штип.
Тој смета дека за задржување на младите во земјава, може да придонесе и децентрализацијата. и посочува дека во моментов, сите институции се во Скопје, токму поради ова младите не остануваат во своите села, градови и региони.
Ако сакаме европски пракси, ајде да видиме колку од министерствата во Германија се во Берлин, колку од министерствата се во Рим. Тоа не се прави случајно, туку со цел да имаме рамномерен економски развој на сите региони. Ако знаеме дека Струмица е земјоделски регион, зошто да ги обременуваме луѓето со административни проблеми да одат во Скопје. Тоа Министерство може да се лоцира на друго место, нагласува Стојановски.
Професорот забележува дека инфраструктурата е значително подобрена и затоа, како што вели, од аспект на комуникација може да се сервисираат ваквите дисперзии или да се тргне од децентрализација на општините. Стојановски посочува дека не мора да значи дека децентрализацијата е клучот за решавање, меѓутоа дека сериозно треба да се размислува за овој процес.