странство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stranstvo/ За подобро да се разбереме Fri, 10 May 2024 12:14:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png странство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stranstvo/ 32 32 Ќе бидеме нација без медицински сестри, ако не се подобрат условите за работа, велат од Здружението „За нас“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ke-bideme-natsija-bez-meditsinski-sestri-ako-ne-se-podobrat-uslovite-za-rabota-velat-od-zdruzhenieto-za-nas/ Fri, 10 May 2024 12:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=776796

Медицинските сестри не заминуваат само во странство, туку и во приватните здравствени установи, а заминуваат и воопшто од професијата, ја напуштат, кажа денеска Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри - „За нас“.

Бешлиовска говореше непосредно пред традиционалната свечена академија, на која ќе се доделуваат признанија за најхумана медицинска сестра.

Има голем одлив на медицински сестри во странство. Затоа многу е важно да се има автономност во професијата, здрава работна околина, подобри услови за работа, веднаш да се реагира, за да не се бидеме нација што ќе остане без медицински сестри, изјави Бешлиовска.

Неофицијално, вели Бешлиевска, според побарувањата за исписници и потврди што ги бараат од Здружението, за да си ја комплетираат документацијата за во регионот и Европа, имаме многу голем одлив.

Имавме дури период после пандемијата со Ковид-19, кога на месечно ниво до четириесет медицински сестри заминуваа од сите нивоа на јавниот здравствен систем, појасни таа, одговарајќи на новинарско прашање.

Нашето мото на оваа манифестација во рамките на неделата на сестринството, е „Инвестицијата во образованието на сестрите е инвестиција во здрава нација“. Сестрите се силата на здравата нација. Континуирано на различни начини ја браниме професијата, нагласи таа, потсетувајќи и на хуманитарни активности организирани во изминатиот период.

Бешлиовска рече и дека биле маргинализирани во однос на многу нивни барања досега, иако редовно го кревале гласот и реагирале. Изрази надеж дека конечно професијата ќе се изрегулира со закон.

Денешниот настан започна со донациски базар „Сестрите за сестрите“. Со собраните финансиски средства, како што беше појаснето на настанот, ќе се помогне на неколку медицински сестри кои побарале помош, а се лекуваат од малигни заболувања, како и на една медицинска сестра чие малолетно дете се лекува во Белград.

The post Ќе бидеме нација без медицински сестри, ако не се подобрат условите за работа, велат од Здружението „За нас“ appeared first on Република.

]]>

Медицинските сестри не заминуваат само во странство, туку и во приватните здравствени установи, а заминуваат и воопшто од професијата, ја напуштат, кажа денеска Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри - „За нас“. Бешлиовска говореше непосредно пред традиционалната свечена академија, на која ќе се доделуваат признанија за најхумана медицинска сестра.
Има голем одлив на медицински сестри во странство. Затоа многу е важно да се има автономност во професијата, здрава работна околина, подобри услови за работа, веднаш да се реагира, за да не се бидеме нација што ќе остане без медицински сестри, изјави Бешлиовска.
Неофицијално, вели Бешлиевска, според побарувањата за исписници и потврди што ги бараат од Здружението, за да си ја комплетираат документацијата за во регионот и Европа, имаме многу голем одлив. Имавме дури период после пандемијата со Ковид-19, кога на месечно ниво до четириесет медицински сестри заминуваа од сите нивоа на јавниот здравствен систем, појасни таа, одговарајќи на новинарско прашање.
Нашето мото на оваа манифестација во рамките на неделата на сестринството, е „Инвестицијата во образованието на сестрите е инвестиција во здрава нација“. Сестрите се силата на здравата нација. Континуирано на различни начини ја браниме професијата, нагласи таа, потсетувајќи и на хуманитарни активности организирани во изминатиот период.
Бешлиовска рече и дека биле маргинализирани во однос на многу нивни барања досега, иако редовно го кревале гласот и реагирале. Изрази надеж дека конечно професијата ќе се изрегулира со закон. Денешниот настан започна со донациски базар „Сестрите за сестрите“. Со собраните финансиски средства, како што беше појаснето на настанот, ќе се помогне на неколку медицински сестри кои побарале помош, а се лекуваат од малигни заболувања, како и на една медицинска сестра чие малолетно дете се лекува во Белград.

The post Ќе бидеме нација без медицински сестри, ако не се подобрат условите за работа, велат од Здружението „За нас“ appeared first on Република.

]]>
Граѓаните кои живеат во странство до 18 март можат да се пријавуваат за гласање за претседателските избори во ДКП-та https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/graganite-koi-zhiveat-vo-stranstvo-do-18-mart-mozhat-da-se-prijavuvaat-za-glasane-za-pretsedatelskite-izbori-vo-dkp-ta/ Fri, 16 Feb 2024 13:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=744902

Од 14 февруари тече пријавувањето за гласање за претседателските избори закажани на 24 април годинава на државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство.

Нашите државјани можат да се пријавуваат електронски на следниот линк или со пополнува на формулар во хартиена форма во дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) во земјите каде што живеат.

Според роковникот објавен од Државната изборна комисија, државјаните кои се на привремена работа или престој во странство можат да се пријавуваат за гласање до 18 март во ДКП-та на нашата држава во земјите каде живеат.

Нашите државјани во странство од 28 февруари до 18 март до 24 часот можат да извршат јавен увид во ДКП-та.

The post Граѓаните кои живеат во странство до 18 март можат да се пријавуваат за гласање за претседателските избори во ДКП-та appeared first on Република.

]]>

Од 14 февруари тече пријавувањето за гласање за претседателските избори закажани на 24 април годинава на државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Нашите државјани можат да се пријавуваат електронски на следниот линк или со пополнува на формулар во хартиена форма во дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) во земјите каде што живеат. Според роковникот објавен од Државната изборна комисија, државјаните кои се на привремена работа или престој во странство можат да се пријавуваат за гласање до 18 март во ДКП-та на нашата држава во земјите каде живеат. Нашите државјани во странство од 28 февруари до 18 март до 24 часот можат да извршат јавен увид во ДКП-та.  

The post Граѓаните кои живеат во странство до 18 март можат да се пријавуваат за гласање за претседателските избори во ДКП-та appeared first on Република.

]]>
Израел ги повика своите граѓани да не патуваат во странство бидејќи антисемитизмот се зголемува https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-gi-povika-svoite-gragani-da-ne-patuvaat-vo-stranstvo-bidejki-antisemitizmot-se-zgolemuva/ Fri, 03 Nov 2023 16:41:18 +0000 https://republika.mk/?p=697905

Израел денеска ги повика своите граѓани да не патуваат во странство, со образложение дека антисемитизмот е во пораст ширум светот.

Израелските власти „гледаат значително зголемување на антисемитизмот“ и поттикнување на антисемитски акти, како и „напади што можат да ги загрозат животите на Израелците и Евреите ширум светот“, се вели во соопштението на израелскиот Национален совет за безбедност.

The post Израел ги повика своите граѓани да не патуваат во странство бидејќи антисемитизмот се зголемува appeared first on Република.

]]>

Израел денеска ги повика своите граѓани да не патуваат во странство, со образложение дека антисемитизмот е во пораст ширум светот. Израелските власти „гледаат значително зголемување на антисемитизмот“ и поттикнување на антисемитски акти, како и „напади што можат да ги загрозат животите на Израелците и Евреите ширум светот“, се вели во соопштението на израелскиот Национален совет за безбедност.

The post Израел ги повика своите граѓани да не патуваат во странство бидејќи антисемитизмот се зголемува appeared first on Република.

]]>
Поразително: 81 ученик од основните и средните училишта во Штип на полугодие заминале во странство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/porazitelno-81-uchenik-od-osnovnite-i-srednite-uchilishta-vo-shtip-na-polugodie-zaminale-vo-stranstvo/ Mon, 23 Jan 2023 12:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=599986

Осумдесет и еден ученик од штипските основни и средни училишта се испишани поради нивно заминување во странство. Раководителот на Секторот за образование во Општина Штип, Снежана Санева, денеска истакна дека оваа бројка на испишани ученици е од септември до декември 2022 година, односно за време на првото полугодие од учебната 2022/2023 година.

Податоците ги добивме од директорите на училиштата, во средните училишта имаме 12 испишани ученици на ниво на општина, додека кај основните училишта ситуацијата е малку позагрижувачка бидејќи таму имаме околу 69 ученици за кои е побарана исписница. Меѓутоа, добивме информација од некои директори дека се случува семејствата кои заминуваат во странство по еден месец и да се вратат повторно во своите домови. Значи има и таква тенденција - вели Санева.

На прашање колку од овие ученици се вратени по еден месец, Санева одговори дека во проценти се од 20 до 30.

Родителите на овие ученици кога заминуваат во странство, отсуството го земаат за еден месец, бидејќи толку и можат да бидат отсутни од настава и кога отсуствуваат, го нагласуваат тоа и во тој месец знаат дали ќе останат таму или ќе се вратат и се случува да се вратат - вели Санева.

The post Поразително: 81 ученик од основните и средните училишта во Штип на полугодие заминале во странство appeared first on Република.

ФЗОМ реагира: Сè почеста е злоупотребата од граѓани кои собираат донации за лекување во странство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fzom-reagira-se-pochesta-e-zloupotrebata-od-gragjani-koi-sobiraat-donacii-za-lekuvanje-vo-stranstvo/ Fri, 18 Mar 2022 12:43:01 +0000 https://republika.mk/?p=474970

Фондот за здравствено осигурување реагира како што велат, поради се почестата злоупотреба од граѓани кои собираат донации за лекување во странство.

Во последно време има наплив на барања кои кружат на социјалните мрежи со молба граѓаните да се солидаризираат и да помогнат со уплата на телефонските броеви за донација или директно на сметка во банка.

Од ФЗОМ појаснуваат дека станува збор за собирање на донации за случаи каде што воопшто не било поднесено конзилијарно мислење, односно не било побарано лекување на товар на Фондот.

-Често се случува да се злоупотреби ФЗО бидејќи барањата кружат со изговор дека„ Фондот не одобрува“, иако пациентот воопшто не поднел документи во ФЗО, а со тоа не побарал лекување во странство преку Фондот. Со ова, не само што се злоупотребува институцијата, Фонд за здравствено осигурување, туку се манипулира и со граѓаните. Фондот е запознаен со повеќе случаи кои на ваков начин собираат финансиски средства од граѓаните. Еден од низата е случајот каде што се бараат 16.500 евра за итна операција на 13-годишно девојче на Институтот за ортопедија во Бањица. Под фотографијата на девојчето која се споделува на социјалните мрежи каде со зелени крупни букви пишува „УРГЕНТНО“, стои дека операцијата во Бањица „Фондот не ја поддржува“. Ја информираме јавноста дека за конкретниот случај во ФЗОРСМ ВООПШТО нема поднесено барање за лекување во странство, се вели во соопштението.

Оттаму појаснуваат дека контактиран е родителот кој објасни дека не му е потребно лекување преку ФЗО, туку се решил да собира донации за операција во Бањица и објасни зошто се одлучил на ваков чекор, процедура од која евидентно е дека не е запознаен со деталите од постапката.

Од Фондот ја објаснуваат постапката за упатување на лекување во странство која се поведува по барање на осигуреното лице.

Кон барањето осигуреното лице поднесува:
– предлог за упатување на лекување во странство од соодветната универзитетска клиника во Скопје;
– потребна медицинска и друга документација за текот на лекувањето во здравствените установи во Р.Македонија.

Согласно член 4 став 1 од Правилникот за начинот на користење на здравствени услуги на осигурените лица во странство, предлогот за упатување на лекување во странство го дава клиничкиот конзилиум од најмалку тројца лекари субспецијалисти/специјалисти и директорот на соодветната универзитетска клиника во Скопје и важи шест месеци од денот на издавањето.

Понатаму предметот со целокупната документација се разгледува од страна на лекарските комисии, при што по донесување на оценка и мислење се носи соодветен управен акт од страна на Фондот.

-Укажуваме, да не се пишуваат дезинформации во барањата кои се споделуваат на социјалните мрежи и да не се злоупотребува ФЗОРСМ во случаите каде воопшто не било побарано лекување преку Фондот бидејќи на ваков начин се руши угледот на институцијата, се создава погрешна перцепција во јавноста, а се манипулираат и граѓаните, велат од Фондот.

The post ФЗОМ реагира: Сè почеста е злоупотребата од граѓани кои собираат донации за лекување во странство appeared first on Република.

]]>

Фондот за здравствено осигурување реагира како што велат, поради се почестата злоупотреба од граѓани кои собираат донации за лекување во странство. Во последно време има наплив на барања кои кружат на социјалните мрежи со молба граѓаните да се солидаризираат и да помогнат со уплата на телефонските броеви за донација или директно на сметка во банка. Од ФЗОМ појаснуваат дека станува збор за собирање на донации за случаи каде што воопшто не било поднесено конзилијарно мислење, односно не било побарано лекување на товар на Фондот.
-Често се случува да се злоупотреби ФЗО бидејќи барањата кружат со изговор дека„ Фондот не одобрува“, иако пациентот воопшто не поднел документи во ФЗО, а со тоа не побарал лекување во странство преку Фондот. Со ова, не само што се злоупотребува институцијата, Фонд за здравствено осигурување, туку се манипулира и со граѓаните. Фондот е запознаен со повеќе случаи кои на ваков начин собираат финансиски средства од граѓаните. Еден од низата е случајот каде што се бараат 16.500 евра за итна операција на 13-годишно девојче на Институтот за ортопедија во Бањица. Под фотографијата на девојчето која се споделува на социјалните мрежи каде со зелени крупни букви пишува „УРГЕНТНО“, стои дека операцијата во Бањица „Фондот не ја поддржува“. Ја информираме јавноста дека за конкретниот случај во ФЗОРСМ ВООПШТО нема поднесено барање за лекување во странство, се вели во соопштението.
Оттаму појаснуваат дека контактиран е родителот кој објасни дека не му е потребно лекување преку ФЗО, туку се решил да собира донации за операција во Бањица и објасни зошто се одлучил на ваков чекор, процедура од која евидентно е дека не е запознаен со деталите од постапката. Од Фондот ја објаснуваат постапката за упатување на лекување во странство која се поведува по барање на осигуреното лице. Кон барањето осигуреното лице поднесува: – предлог за упатување на лекување во странство од соодветната универзитетска клиника во Скопје; – потребна медицинска и друга документација за текот на лекувањето во здравствените установи во Р.Македонија. Согласно член 4 став 1 од Правилникот за начинот на користење на здравствени услуги на осигурените лица во странство, предлогот за упатување на лекување во странство го дава клиничкиот конзилиум од најмалку тројца лекари субспецијалисти/специјалисти и директорот на соодветната универзитетска клиника во Скопје и важи шест месеци од денот на издавањето. Понатаму предметот со целокупната документација се разгледува од страна на лекарските комисии, при што по донесување на оценка и мислење се носи соодветен управен акт од страна на Фондот.