странски медиуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stranski-mediumi/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 18:22:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png странски медиуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stranski-mediumi/ 32 32 Успехот на АфД – шлаканица за владата на Шолц, пишуваат странските весници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uspehot-na-afd-shlakanitsa-za-vladata-na-sholts-pishuvaat-stranskite-vesnitsi/ Mon, 02 Sep 2024 18:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=812459

Британскиот весник „Фајненшал тајмс“ ги коментира изборните резултати во Тирингија и Саксонија како израз на растечката фрустрација во Источна Германија од сојузната влада, пишува „Дојче веле“.

Многу луѓе, според весникот, владата ја поврзуваат со „висока инфлација, економска стагнација, зголемени трошоци за енергија и постојани внатрешни спорови“. 34 години по повторното обединување, се покажа дека „мнозинството луѓе во два региони од поранешниот комунистички Исток на земјата се разочарани од етаблираните партии од центарот и фрустрирани од начинот на кој се управува со Германија“.

Британскиот весник „Гардијан“ забележува дека 35 години подоцна, визијата на поранешниот канцелар Вили Брант, дека по повторното обединување „она што припаѓало заедно, ќе расте заедно“ се чини премногу оптимистичка. Наместо тоа, резултатите од изборите покажуваат дека источните и западните региони на Германија се повеќе и повеќе се оддалечуваат, се анализира во весникот. „Воспоставувањето на СфД како доминантна регионална сила“  покренува „загрижувачки прашања за политичкиот идентитет на Германија“ и за тоа како во иднина да се ограничи подемот на таквите сили.

Весникот „Ел Мундо“ по изборните резултати предупредува од политички колапс во Германија, „земјата која традиционално стои на чело на европската економија“. Се посочува дека уште пред изборите имало алармантен пораст на екстремистички и анти-доселенички дискурс. Таквиот развој, според весникот, го загрозува европскиот проект.

„Слабиот резултат на Социјалдемократите и пресвртот на ЦДУ во мигрантската политика“ маркира промена на парадигмата, која се одразува на сите земји од Унијата, пишува весникот. Најголемиот предизвик за западните демократии сега е да се справуваат со оние кои ја инструментализираат имиграцијата, без притоа да се западне во поедноставување.

Италијанскиот дневен весник „Ла Република“ смета дека резултатите од изборите се загрижувачка победа за рускиот претседател Владимир Путин, која ги загрозува европските демократии. „Семето на Путинизмот“ расте и во земји со утврдени демократски традиции како што е Германија, пишува весникот.  Успесите на десно-екстремната АфД и на левицата во овие региони, покажуваат дека Русија сега има „заговарачи во срцето на Европа“. Тие, заедно со „Националниот фронт во Франција и со Лега во Италија, се „предворје на Путин во ЕУ“. Весникот оценува дека неодговорноста на овие партии спрема војната во Украина, се кашира со „навидум стремеж за мир“.

„Ноје Цирхер цајтунг“ од Швајцарија го опишува изборниот пораз на владејачките партии СПД, Зелените и Либералите како дебакл. Угледот на владиниот кабинет на канцеларот Олаф Шолц  според весникот, е во „слободен пад“.  Триумфот на АфД покажува дека многу гласачи не се импресионирани од предупредувањата за партијата. Политика што ги игнорира потребите на центарот, не треба да биде изненадена кога маргините стануваат посилни. „Партијата заради која е направен, може најмногу да има корист од заштитниот ѕид“, се посочува во весникот.

И швајцарскиот весник „Тагес-анцајгер“ го коментираше исходот од покраинските избори. Весникот наведува дека АфД и Сојузот Сара Вангенкнехт успеале „незадоволството од владата во Берлин  да го свртат на своја воденица“ и дека во тоа биле поуспешни отколку ЦДУ - најважната опозициска партија во Германија. Сепак, и ЦДУ е меѓу победниците од овие избори и како „последна партија од широкиот центар“, таа сè уште може да формира влади во Тирингија и Саксонија. За СПД, од друга страна, денот на изборите беше „катран црн“. Доколку овој тренд продолжи и во Бранденбург на изборите што се одржуваат за три недели, веќе не може да се исклучи внатрепартиски бунт против канцеларот Шолц.

И американските медиуми се занимаваат со исходот од вчерашните избори. „Њујорк тајмс“ истакнува дека „Германците од истокот имаат тенденција да одат во крајности на покраинските избори“ и зборува за алармен сигнал за здравјето на германската демократија. За прв пат по нацистичката ера партија од десните маргини победи на покраински избори. Исходот на изборите ќе ја заостри дилемата дали и како мејнстрим партиите можат да ги изолираат екстремистите и да спречат учество во владина коалиција.

Конзервативниот „Вол Стрит Журнал“ под насловот „Десните маргини постигнаа постигнаа историска победа на изборите во Источна Германија“ пишува за нов срам за владата на канцеларот Олаф Шолц. Победата на АфД предизвика политички земјотрес и е пресврт за еден континент, на кој партиите од центарот се повеќе се во дефанзива.

Левичарскиот либерален „Вашингтон пост“ истакнува дека АфД е класифицирана како екстремистичко здружение во неколку германски сојузни покраини и дека на партијата и успеа да ги надмине длабоките табуа во националистичката политика. Алијансата Сара Вангенкнехт весникот ја опишува како „проруска популистичка партија на екстремната левица“. Партијата, според весникот има потенцијал да привлече гласачи од целиот политички спектар на сојузните избори следната година.

извор: Дојче веле

The post Успехот на АфД – шлаканица за владата на Шолц, пишуваат странските весници appeared first on Република.

]]>

Британскиот весник „Фајненшал тајмс“ ги коментира изборните резултати во Тирингија и Саксонија како израз на растечката фрустрација во Источна Германија од сојузната влада, пишува „Дојче веле“. Многу луѓе, според весникот, владата ја поврзуваат со „висока инфлација, економска стагнација, зголемени трошоци за енергија и постојани внатрешни спорови“. 34 години по повторното обединување, се покажа дека „мнозинството луѓе во два региони од поранешниот комунистички Исток на земјата се разочарани од етаблираните партии од центарот и фрустрирани од начинот на кој се управува со Германија“. Британскиот весник „Гардијан“ забележува дека 35 години подоцна, визијата на поранешниот канцелар Вили Брант, дека по повторното обединување „она што припаѓало заедно, ќе расте заедно“ се чини премногу оптимистичка. Наместо тоа, резултатите од изборите покажуваат дека источните и западните региони на Германија се повеќе и повеќе се оддалечуваат, се анализира во весникот. „Воспоставувањето на СфД како доминантна регионална сила“  покренува „загрижувачки прашања за политичкиот идентитет на Германија“ и за тоа како во иднина да се ограничи подемот на таквите сили. Весникот „Ел Мундо“ по изборните резултати предупредува од политички колапс во Германија, „земјата која традиционално стои на чело на европската економија“. Се посочува дека уште пред изборите имало алармантен пораст на екстремистички и анти-доселенички дискурс. Таквиот развој, според весникот, го загрозува европскиот проект. „Слабиот резултат на Социјалдемократите и пресвртот на ЦДУ во мигрантската политика“ маркира промена на парадигмата, која се одразува на сите земји од Унијата, пишува весникот. Најголемиот предизвик за западните демократии сега е да се справуваат со оние кои ја инструментализираат имиграцијата, без притоа да се западне во поедноставување. Италијанскиот дневен весник „Ла Република“ смета дека резултатите од изборите се загрижувачка победа за рускиот претседател Владимир Путин, која ги загрозува европските демократии. „Семето на Путинизмот“ расте и во земји со утврдени демократски традиции како што е Германија, пишува весникот.  Успесите на десно-екстремната АфД и на левицата во овие региони, покажуваат дека Русија сега има „заговарачи во срцето на Европа“. Тие, заедно со „Националниот фронт во Франција и со Лега во Италија, се „предворје на Путин во ЕУ“. Весникот оценува дека неодговорноста на овие партии спрема војната во Украина, се кашира со „навидум стремеж за мир“. „Ноје Цирхер цајтунг“ од Швајцарија го опишува изборниот пораз на владејачките партии СПД, Зелените и Либералите како дебакл. Угледот на владиниот кабинет на канцеларот Олаф Шолц  според весникот, е во „слободен пад“.  Триумфот на АфД покажува дека многу гласачи не се импресионирани од предупредувањата за партијата. Политика што ги игнорира потребите на центарот, не треба да биде изненадена кога маргините стануваат посилни. „Партијата заради која е направен, може најмногу да има корист од заштитниот ѕид“, се посочува во весникот. И швајцарскиот весник „Тагес-анцајгер“ го коментираше исходот од покраинските избори. Весникот наведува дека АфД и Сојузот Сара Вангенкнехт успеале „незадоволството од владата во Берлин  да го свртат на своја воденица“ и дека во тоа биле поуспешни отколку ЦДУ - најважната опозициска партија во Германија. Сепак, и ЦДУ е меѓу победниците од овие избори и како „последна партија од широкиот центар“, таа сè уште може да формира влади во Тирингија и Саксонија. За СПД, од друга страна, денот на изборите беше „катран црн“. Доколку овој тренд продолжи и во Бранденбург на изборите што се одржуваат за три недели, веќе не може да се исклучи внатрепартиски бунт против канцеларот Шолц. И американските медиуми се занимаваат со исходот од вчерашните избори. „Њујорк тајмс“ истакнува дека „Германците од истокот имаат тенденција да одат во крајности на покраинските избори“ и зборува за алармен сигнал за здравјето на германската демократија. За прв пат по нацистичката ера партија од десните маргини победи на покраински избори. Исходот на изборите ќе ја заостри дилемата дали и како мејнстрим партиите можат да ги изолираат екстремистите и да спречат учество во владина коалиција. Конзервативниот „Вол Стрит Журнал“ под насловот „Десните маргини постигнаа постигнаа историска победа на изборите во Источна Германија“ пишува за нов срам за владата на канцеларот Олаф Шолц. Победата на АфД предизвика политички земјотрес и е пресврт за еден континент, на кој партиите од центарот се повеќе се во дефанзива. Левичарскиот либерален „Вашингтон пост“ истакнува дека АфД е класифицирана како екстремистичко здружение во неколку германски сојузни покраини и дека на партијата и успеа да ги надмине длабоките табуа во националистичката политика. Алијансата Сара Вангенкнехт весникот ја опишува како „проруска популистичка партија на екстремната левица“. Партијата, според весникот има потенцијал да привлече гласачи од целиот политички спектар на сојузните избори следната година. извор: Дојче веле

The post Успехот на АфД – шлаканица за владата на Шолц, пишуваат странските весници appeared first on Република.

]]>
ЗНМ реагира до Митрески за вчерашниот непринципиелен третман кон странски новинари на сметка на домашните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-reagira-do-mitreski-za-vcherashniot-neprintsipielen-tretman-kon-stranski-novinari-na-smetka-na-domashnite/ Mon, 29 Jan 2024 12:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=738164

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска упати реакција и барање за објаснување за непринципиелниот третман кон странски новинари во Собранието на Македонија до новоизбраниот Претседател на Собранието, Јован Митрески.

По пријава до ЗНМ од страна на новинари и според медиумски објави во текот на вчерашниот ден, четворица новинари биле привилегирани од страна на службите за сметка на новинарите и медиумските работници од домашните медиуми. Според видео прилогот и укажувањата на порталот Portal X, четворицата странски новинари биле сместени да седат во дипломатскиот дел на терасата во пленарната сала и исто така во текот на нивната посета биле пренесувани со владини службени возила.

Сметаме дека досега ова не било пракса и укажуваме дека со ваквите постапки се прави преседан кој може да остави впечаток дека некој е привилигиран за сметка на друг во новинарската фела. Ваквиот третман во најмала рака ги омаловажува останатите новинари и создава перцепција дека се влијае на странските новинари да известуваат во полза на домашните чинители од политичките партии во собранието, додека пак нееднаквиот третман на новинарите придонесува за недостаток на транспарентност и отчетност, се вели во соопштението.

Привилегирањето на одредени новинари во однос на други од страна на службите на Република Македонија предизвикува сериозна загриженост за слободата и интегритетот на новинарството во земјата.

Таквото фаворизирање може да резултира со пристрасно известување, цензура и сузбивање на различни гласови, што на крајот ќе го загрози правото на јавноста за пристап до точни и непристрасни информации.

 

The post ЗНМ реагира до Митрески за вчерашниот непринципиелен третман кон странски новинари на сметка на домашните appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска упати реакција и барање за објаснување за непринципиелниот третман кон странски новинари во Собранието на Македонија до новоизбраниот Претседател на Собранието, Јован Митрески.
По пријава до ЗНМ од страна на новинари и според медиумски објави во текот на вчерашниот ден, четворица новинари биле привилегирани од страна на службите за сметка на новинарите и медиумските работници од домашните медиуми. Според видео прилогот и укажувањата на порталот Portal X, четворицата странски новинари биле сместени да седат во дипломатскиот дел на терасата во пленарната сала и исто така во текот на нивната посета биле пренесувани со владини службени возила. Сметаме дека досега ова не било пракса и укажуваме дека со ваквите постапки се прави преседан кој може да остави впечаток дека некој е привилигиран за сметка на друг во новинарската фела. Ваквиот третман во најмала рака ги омаловажува останатите новинари и создава перцепција дека се влијае на странските новинари да известуваат во полза на домашните чинители од политичките партии во собранието, додека пак нееднаквиот третман на новинарите придонесува за недостаток на транспарентност и отчетност, се вели во соопштението.
Привилегирањето на одредени новинари во однос на други од страна на службите на Република Македонија предизвикува сериозна загриженост за слободата и интегритетот на новинарството во земјата. Таквото фаворизирање може да резултира со пристрасно известување, цензура и сузбивање на различни гласови, што на крајот ќе го загрози правото на јавноста за пристап до точни и непристрасни информации.  

The post ЗНМ реагира до Митрески за вчерашниот непринципиелен третман кон странски новинари на сметка на домашните appeared first on Република.

]]>
Москва ќе акредитира странски новинари во зависност од „однесувањето“ на западните медиуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moskva-ke-akreditira-stranski-novinari-vo-zavisnost-od-odnesuvaneto-na-zapadnite-mediumi/ Sat, 17 Jun 2023 11:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=652407

При доделувањето акредитација за медиумски работници од западните земји на големите форуми во Русија, официјална Москва ќе го земе предвид „однесувањето“ на нивните медиуми и односот кон руските новинари во странство, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Новинарите од земјите кои Русија ги нарекува „непријателски“ не добија акредитација за Меѓународниот економски форум што се одржува во Санкт Петербург.

На прашањето дали Москва во иднина ќе им дозволи на западните новинари да присуствуваат на форуми во Русија, Песков рече: „Да видиме каков ќе биде режимот, како ќе се однесуваат тие (странските медиуми)“.

Портпаролот на Кремљ додаде дека прашањето за доделување акредитација ќе зависи и од третманот на руските новинари во „непријателските“ земји. Москва го користи овој термин за земји кои воведоа санкции поради руската инвазија врз Украина.

The post Москва ќе акредитира странски новинари во зависност од „однесувањето“ на западните медиуми appeared first on Република.

]]>

При доделувањето акредитација за медиумски работници од западните земји на големите форуми во Русија, официјална Москва ќе го земе предвид „однесувањето“ на нивните медиуми и односот кон руските новинари во странство, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Новинарите од земјите кои Русија ги нарекува „непријателски“ не добија акредитација за Меѓународниот економски форум што се одржува во Санкт Петербург. На прашањето дали Москва во иднина ќе им дозволи на западните новинари да присуствуваат на форуми во Русија, Песков рече: „Да видиме каков ќе биде режимот, како ќе се однесуваат тие (странските медиуми)“. Портпаролот на Кремљ додаде дека прашањето за доделување акредитација ќе зависи и од третманот на руските новинари во „непријателските“ земји. Москва го користи овој термин за земји кои воведоа санкции поради руската инвазија врз Украина.

The post Москва ќе акредитира странски новинари во зависност од „однесувањето“ на западните медиуми appeared first on Република.

]]>