странски јазици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stranski-jazici/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Aug 2024 10:07:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png странски јазици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stranski-jazici/ 32 32 Јаневска: Освен за странски јазици, учебници на 1 септември ќе има и дистрибуцијата веќе почна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-osven-za-stranski-jazitsi-uchebnitsi-na-1-septemvri-ke-ima-i-distributsijata-veke-pochna/ Wed, 21 Aug 2024 10:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=808604

Освен учебниците за странски јазици, по сите други предмети учебници ќе има во училиштата на почетокот на учебната година, повтори денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во однос на контролата во високото образование, за што со одлука на Владата ќе се основа посебно тело, Јаневска информираше дека тоа се формира и дека од Просветниот инспекторат веќе е побаран увид во работата на неколку универзитети.

Сите учебници кои оваа влада ги вети, оваа година ќе стигнат до почетокот на школската година. Веќе објавивме дека е почната дистрибуцијата, сѐ уште имаме учебници во печат, но според договорот, и тие до 1 септември би требало да бидат во училиштата. Јас длабоко се надевам дека тоа ќе биде испочитувано од дистрибутерите. Повторувам дека ќе нема учебници по странски јазици, не по вина на оваа Влада, туку по вина на претходната Влада, затоа што тендерот е поништен и сѐ уште е во жалбена постапка и ништо што би било во склоп на закон не би можело да се преземе надвор од тоа, да ја чекаме да заврши таа процедура. Другото, се надевам ќе биде сѐ во ред, изјави Јаневска по увидот во активностите за реконструкција на ОУ„Тошо Велков-Пепето“ во Кавадарци.

Како што рече, она што многу ги интересира и наставниците и родителите - ќе има историја и општество за петто и шесто, и историја и географија за седмо одделение.

Нив ги видов како урнек и навистина се убави учебници, додаде Јаневска.

Во врска со најавата од Владата за тело/комисија за што ќе биде надлежно Министерството за образование и наука, со задача да ја контролира работата на високообразовните установи, министерката рече дека сѐ уште е во фаза на формирање, но дека од ДПИ е побарана контрола на неколку универзитети.

Комисијата е сѐ уште во формирање, но секторите во Министерството работат. Ние сме побарале од Државниот просветен инспекторат да направи увид во неколку универзитети, направивме силни напори да овозможиме годинава неколку евалуации на неколку универзитети. Сѐ е тоа во процедура, но тој процес е тргнат и нема да запре. Ќе заврши така како што треба заврши, се разбира по закон, нагласи министерката Јаневска.

The post Јаневска: Освен за странски јазици, учебници на 1 септември ќе има и дистрибуцијата веќе почна appeared first on Република.

]]>

Над 68 отсто од македонските граѓани знаат втор јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nad-68-otsto-od-makedonskite-gragani-znaat-vtor-jazik/ Thu, 23 Feb 2023 08:32:33 +0000 https://republika.mk/?p=612185

Македонија е над европскиот просек според познавањето странски јазици. Во земјава јазик различен од мајчиниот зборуваат 68,3 отсто од граѓаните.

Според податоците на Евростат што ги објави Еуроњуз по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Европа околу 65 отсто од населението знае барем еден странски јазик. За споредба, во САД само околу 20 отсто од возрасната популација зборува друг јазик.

Постојат значителни варијации меѓу регионите на Стариот континент. Во нордиските земји голем процент од луѓето знаат најмалку два јазика, додека во Јужна Европа тоа не е случај.

Спротивно на тоа, во Велика Британија, Босна и Херцеговина, Романија, Албанија, Унгарија и Бугарија помалку од 50 отсто од луѓето се повеќејазични.

Луѓето во земјите каде што англискиот е мајчин јазик не изгледаат заинтересирани за учење друг јазик, па затоа само половина од Ирците зборуваат и разбираат барем уште еден странски јазик, а најлошо во Европа стои Велика Британија, каде што јазик различен од мајчиниот знае едвај 34 отсто од населението.

Од земјите во нашето опкружување, најдобро позиционирана е Србија каде што 79,3 отсто знаат и друг јазик, следува Хрватска со 73,2 отсто, Грција 66,5, а на дното се Бугарија со 49,5, Албанија со 40 проценти и Босна и Херцеговина со 39 проценти.

The post Над 68 отсто од македонските граѓани знаат втор јазик appeared first on Република.

]]>

Македонија е над европскиот просек според познавањето странски јазици. Во земјава јазик различен од мајчиниот зборуваат 68,3 отсто од граѓаните. Според податоците на Евростат што ги објави Еуроњуз по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Европа околу 65 отсто од населението знае барем еден странски јазик. За споредба, во САД само околу 20 отсто од возрасната популација зборува друг јазик. Постојат значителни варијации меѓу регионите на Стариот континент. Во нордиските земји голем процент од луѓето знаат најмалку два јазика, додека во Јужна Европа тоа не е случај. Спротивно на тоа, во Велика Британија, Босна и Херцеговина, Романија, Албанија, Унгарија и Бугарија помалку од 50 отсто од луѓето се повеќејазични. Луѓето во земјите каде што англискиот е мајчин јазик не изгледаат заинтересирани за учење друг јазик, па затоа само половина од Ирците зборуваат и разбираат барем уште еден странски јазик, а најлошо во Европа стои Велика Британија, каде што јазик различен од мајчиниот знае едвај 34 отсто од населението. Од земјите во нашето опкружување, најдобро позиционирана е Србија каде што 79,3 отсто знаат и друг јазик, следува Хрватска со 73,2 отсто, Грција 66,5, а на дното се Бугарија со 49,5, Албанија со 40 проценти и Босна и Херцеговина со 39 проценти.

The post Над 68 отсто од македонските граѓани знаат втор јазик appeared first on Република.

]]>