странски инвеститори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stranski-investitori/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Dec 2023 12:41:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png странски инвеститори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stranski-investitori/ 32 32 ТИРЗ: Странските инвеститори задоволни од услугите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tirz-stranskite-investitori-zadovolni-od-uslugite/ Sun, 24 Dec 2023 12:41:46 +0000 https://republika.mk/?p=726153

Странските инвеститори позитивно ги оценуваат услугите и комуникацијата со Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони покажува Анализата на мерење на задоволство на корисниците на ТИРЗ.

Просечна средна оценка за ТИРЗ добиена од сите корисници е 4,42 од 5. Компаниите највисоко ја вреднуваат комуникацијата со вработените со 4,7. Деталното постапување по барањата е оценето со 4,3, додека во однос на брзината на постапување по доставено барање, корисниците на ТИРЗ даваат просечна средна оценка 4,2. Висока оценка, 4,4 е дадена и за навремено споделување на информации и точноста на информациите кои ги дава институцијата, како и за знаењето, вештините и способноста на вработените. Анализата се спроведува по втор пат, согласно воведените меѓународни ИСО стандарди во ТИРЗ, а во анкетата учествувале над 30 компании членки на семејството на ТИРЗ кои придонесуваат со близу 50% од вкупниот извоз на државата и 6-8% во БДП.

„Задоволен сум од овие резултати, но секогаш се стремиме кон повеќе и подобро. Во изминатите неколку години ТИРЗ прерасна во современа институција која знае и да привлече нови, но и да ги задржи своите постојни клиенти. Растот на инвестициите, новите работни места и приходите од работењето тоа најдобро го потврдуваат. Воведовме нова организациска структура, вклучивме млади луѓе и енергија во нашиот тим. Во 2024 следат уште новини, што ќе не однесат на ниво повисоко квалитет. Со подготвените законски измени, овој квалитет на услуги, на поддршка ќе стане достапен за широк круг на домашни компании,“ вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

Само во последниве три години, две третини од постоечките компании во ТИРЗ реинвестираат и ги прошируваат своите капацитети, а со новите постигнати договори обемот на инвестиции во ТИРЗ достигна 2 милијарди евра.  Од 2020 година до сега, повеќе од 60% од постојните компании во ТИРЗ донеле одлука за повторно инвестирање во проширување и модернизација на производството. Над 80% од компаниите го зголемиле бројот на работните места. Овие резултати се дотолку повеќе значајни ако се има предвид податокот дека кај само 10% од компаниите постоела намера за нова фаза на инвестиција во првичниот деловен план доставен при влез во Македонија.

Инаку, ТИРЗ е прва државна институција која пред година и пол, воведе меѓународни ИСО стандарди за борба против корупција и квалитет за работа со кои се дефинирани внатрешните и екстерните процедури за менаџмент, рано препознавање, разгледување и подобрување на системот против поткуп како и на системот за квалитет и подобрување на процесите во рамки на Дирекцијата.

The post ТИРЗ: Странските инвеститори задоволни од услугите appeared first on Република.

]]>

Странските инвеститори позитивно ги оценуваат услугите и комуникацијата со Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони покажува Анализата на мерење на задоволство на корисниците на ТИРЗ. Просечна средна оценка за ТИРЗ добиена од сите корисници е 4,42 од 5. Компаниите највисоко ја вреднуваат комуникацијата со вработените со 4,7. Деталното постапување по барањата е оценето со 4,3, додека во однос на брзината на постапување по доставено барање, корисниците на ТИРЗ даваат просечна средна оценка 4,2. Висока оценка, 4,4 е дадена и за навремено споделување на информации и точноста на информациите кои ги дава институцијата, како и за знаењето, вештините и способноста на вработените. Анализата се спроведува по втор пат, согласно воведените меѓународни ИСО стандарди во ТИРЗ, а во анкетата учествувале над 30 компании членки на семејството на ТИРЗ кои придонесуваат со близу 50% од вкупниот извоз на државата и 6-8% во БДП. „Задоволен сум од овие резултати, но секогаш се стремиме кон повеќе и подобро. Во изминатите неколку години ТИРЗ прерасна во современа институција која знае и да привлече нови, но и да ги задржи своите постојни клиенти. Растот на инвестициите, новите работни места и приходите од работењето тоа најдобро го потврдуваат. Воведовме нова организациска структура, вклучивме млади луѓе и енергија во нашиот тим. Во 2024 следат уште новини, што ќе не однесат на ниво повисоко квалитет. Со подготвените законски измени, овој квалитет на услуги, на поддршка ќе стане достапен за широк круг на домашни компании,“ вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ. Само во последниве три години, две третини од постоечките компании во ТИРЗ реинвестираат и ги прошируваат своите капацитети, а со новите постигнати договори обемот на инвестиции во ТИРЗ достигна 2 милијарди евра.  Од 2020 година до сега, повеќе од 60% од постојните компании во ТИРЗ донеле одлука за повторно инвестирање во проширување и модернизација на производството. Над 80% од компаниите го зголемиле бројот на работните места. Овие резултати се дотолку повеќе значајни ако се има предвид податокот дека кај само 10% од компаниите постоела намера за нова фаза на инвестиција во првичниот деловен план доставен при влез во Македонија. Инаку, ТИРЗ е прва државна институција која пред година и пол, воведе меѓународни ИСО стандарди за борба против корупција и квалитет за работа со кои се дефинирани внатрешните и екстерните процедури за менаџмент, рано препознавање, разгледување и подобрување на системот против поткуп како и на системот за квалитет и подобрување на процесите во рамки на Дирекцијата.

The post ТИРЗ: Странските инвеститори задоволни од услугите appeared first on Република.

]]>
И Светска банка потврди дека Македонија е на дното по странски инвестиции во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/i-svetska-banka-potvrdi-deka-makedonija-e-na-dnoto-po-stranski-investitsii-vo-regionot/ Tue, 25 Apr 2023 14:16:40 +0000 https://republika.mk/?p=634007

Според Редовниот полугодишен економски извештај за Западен Балкан (ЗБ) којшто денеска беше објавен од Светска банка, Македонија покажува катастрофални резултати во економијата споредено со сите земји од регионот.

Така, веќе втора година по ред Македонија има најниска стапка на економски раст од сите земји од ЗБ, којашто во 2022 година изнесува 2,1%, додека просекот на ЗБ е 3,2%, а воедно забележа и највисока стапка на просечна инфлација од 14,2% во 2022 година, додека просекот на инфлацијата во ЗБ беше 11,8%.

Уште повеќе се обесхрабрувачки прогнозите според кои во 2023 година за Македонија се очекува подпросечен раст од 2,4% наспроти оној на регионот од 2,6% и надпросечна инфлација од 9,1%, наспроти очекуваната за регионот од 7%.Со Косово и Албанија, Македонија има најниски приходи како процент од БДП (од 32,5% од БДП во 2022 година), што при задржани високи расходи од 36,9% од БДП генерираат  втор највисок дефицит од 4,5% од БДП во 2022 година по Црна Гора (просек на ЗБ за е 3% од БДП), aнализираат од ВМРО-ДПМНЕ

Дополнително, Македонија во 2021 година имаше највисок дефицит и во 2020 година втор највисок дефицит од земјите на ЗБ. Недисциплинираното трошење на оваа Влада по Ковид-19 година се преслика во силно зголемување на јавниот долг, што при силен раст на номиналниот БДП значеше задржување на соодносот на јавниот долг во БДП, наспроти позначајно намалување на овој сооднос кај сите земји од регионот. Ова не сврсти во земјите со надпросечно ниво на јавен долг од 59,6% во БДП (просекот на ЗБ е 51%од БДП).И резултатите на полето на странските директни инвестиции (СДИ) се катастрофални споредено со земјите од Западен Балкан. Заедно со БиХ, Македонија е на дното на табелата по СДИ во последните три години. Во 2022 година, нето СДИ во Македонија изнесуваат 5,2% од БДП, додека во Црна Гора се 13,5% од БДП, во Србија се 7,1% од БДП, Албанија 6,7% од БДП и Косово 6,6% од БДП.

The post И Светска банка потврди дека Македонија е на дното по странски инвестиции во регионот appeared first on Република.

]]>

Според Редовниот полугодишен економски извештај за Западен Балкан (ЗБ) којшто денеска беше објавен од Светска банка, Македонија покажува катастрофални резултати во економијата споредено со сите земји од регионот. Така, веќе втора година по ред Македонија има најниска стапка на економски раст од сите земји од ЗБ, којашто во 2022 година изнесува 2,1%, додека просекот на ЗБ е 3,2%, а воедно забележа и највисока стапка на просечна инфлација од 14,2% во 2022 година, додека просекот на инфлацијата во ЗБ беше 11,8%. Уште повеќе се обесхрабрувачки прогнозите според кои во 2023 година за Македонија се очекува подпросечен раст од 2,4% наспроти оној на регионот од 2,6% и надпросечна инфлација од 9,1%, наспроти очекуваната за регионот од 7%.Со Косово и Албанија, Македонија има најниски приходи како процент од БДП (од 32,5% од БДП во 2022 година), што при задржани високи расходи од 36,9% од БДП генерираат  втор највисок дефицит од 4,5% од БДП во 2022 година по Црна Гора (просек на ЗБ за е 3% од БДП), aнализираат од ВМРО-ДПМНЕ
Дополнително, Македонија во 2021 година имаше највисок дефицит и во 2020 година втор највисок дефицит од земјите на ЗБ. Недисциплинираното трошење на оваа Влада по Ковид-19 година се преслика во силно зголемување на јавниот долг, што при силен раст на номиналниот БДП значеше задржување на соодносот на јавниот долг во БДП, наспроти позначајно намалување на овој сооднос кај сите земји од регионот. Ова не сврсти во земјите со надпросечно ниво на јавен долг од 59,6% во БДП (просекот на ЗБ е 51%од БДП).И резултатите на полето на странските директни инвестиции (СДИ) се катастрофални споредено со земјите од Западен Балкан. Заедно со БиХ, Македонија е на дното на табелата по СДИ во последните три години. Во 2022 година, нето СДИ во Македонија изнесуваат 5,2% од БДП, додека во Црна Гора се 13,5% од БДП, во Србија се 7,1% од БДП, Албанија 6,7% од БДП и Косово 6,6% од БДП.

The post И Светска банка потврди дека Македонија е на дното по странски инвестиции во регионот appeared first on Република.

]]>