странски инвестиции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stranski-investicii/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 08:08:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png странски инвестиции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stranski-investicii/ 32 32 Странските инвестиции на Косово 700 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stranskite-investitsii-na-kosovo-700-milioni-evra/ Wed, 04 Sep 2024 06:11:29 +0000 https://republika.mk/?p=812913

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека годишниот просек на странски директни инвестиции за време на владата на неговата партија, Движење Самоопределување, е 705,6 милиони евра, што, според него, е за 2,4 пати повеќе од годишниот просек за време на претходните влади, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на Фејсбук, Курти тврди дека годишниот просек на директни странски инвестиции од 2007 година до пред неговото доаѓање на чело на Владата на Косово бил 299,8 милиони евра.

„Со доброто и чесно владеење, висока доверливост и задоволство на граѓаните, владеењето на правото, демократскиот напредок, институционалната стабилност, економските реформи, фискалната одговорност, соодветните даночни политики, поддршката на инвестициите преку гаранции за заеми, квалификуваната работна сила и со шеми за вработување субвенционирани од Владата, ја правиме нашата држава сè поатрактивна дестинација за инвестиции и сè поповолна опција за странските инвеститори“, напиша Курти.

The post Странските инвестиции на Косово 700 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека годишниот просек на странски директни инвестиции за време на владата на неговата партија, Движење Самоопределување, е 705,6 милиони евра, што, според него, е за 2,4 пати повеќе од годишниот просек за време на претходните влади, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на неговата страница на Фејсбук, Курти тврди дека годишниот просек на директни странски инвестиции од 2007 година до пред неговото доаѓање на чело на Владата на Косово бил 299,8 милиони евра.
„Со доброто и чесно владеење, висока доверливост и задоволство на граѓаните, владеењето на правото, демократскиот напредок, институционалната стабилност, економските реформи, фискалната одговорност, соодветните даночни политики, поддршката на инвестициите преку гаранции за заеми, квалификуваната работна сила и со шеми за вработување субвенционирани од Владата, ја правиме нашата држава сè поатрактивна дестинација за инвестиции и сè поповолна опција за странските инвеститори“, напиша Курти.

The post Странските инвестиции на Косово 700 милиони евра appeared first on Република.

]]>
15 милијарди евра странски инвестиции ќе влезат во Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/15-milijardi-evra-stranski-investitsii-ke-vlezat-vo-frantsija/ Mon, 13 May 2024 13:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=777608

Францускиот претседател Емануел Макрон по средбата наречена „Избери ја Франција“ со странски деловни претставници соопшти дека земјата ќе добие странски инвестиции во висина од над 15 милијарди евра.

„Мајкрософт“ (Microsoft) вчера најави дека ќе инвестира четири милијарди евра во центри за обработка на податоци. Предвидено е нов центар за податоци да се изгради во источна Франција, додека постоечките локации во регионот на Париз и во Марсеј ќе се прошират.

Претходно, „Амазон“ (Amazon) најави дека ќе инвестира повеќе од 1,2 милијарди евра во Франција и ќе отвори над 3.000 работни места.

Исто така и неколку фармацевтски компании, меѓу кои американската групација „Фајзер“ (Pfizer) и британската „АстраЗенека“ (AstraZeneca) најавија дека ќе инвестираат повеќе од една милијарда евра повеќе во францускиот здравствен сектор.

Најголемиот индустриски проект најавен досега е фабрика за ѓубрива, која би можела значително да ги намали емисиите на јаглерод диоксид

The post 15 милијарди евра странски инвестиции ќе влезат во Франција appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон по средбата наречена „Избери ја Франција“ со странски деловни претставници соопшти дека земјата ќе добие странски инвестиции во висина од над 15 милијарди евра. „Мајкрософт“ (Microsoft) вчера најави дека ќе инвестира четири милијарди евра во центри за обработка на податоци. Предвидено е нов центар за податоци да се изгради во источна Франција, додека постоечките локации во регионот на Париз и во Марсеј ќе се прошират. Претходно, „Амазон“ (Amazon) најави дека ќе инвестира повеќе од 1,2 милијарди евра во Франција и ќе отвори над 3.000 работни места. Исто така и неколку фармацевтски компании, меѓу кои американската групација „Фајзер“ (Pfizer) и британската „АстраЗенека“ (AstraZeneca) најавија дека ќе инвестираат повеќе од една милијарда евра повеќе во францускиот здравствен сектор. Најголемиот индустриски проект најавен досега е фабрика за ѓубрива, која би можела значително да ги намали емисиите на јаглерод диоксид

The post 15 милијарди евра странски инвестиции ќе влезат во Франција appeared first on Република.

]]>
Странски инвестиции: Во Србија 4 милијарди евра, во Македонија само 600 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/stranski-investitsii-vo-srbija-4-milijardi-evra-vo-makedonija-samo-600-milioni-evra/ Mon, 13 May 2024 06:08:23 +0000 https://republika.mk/?p=777417

Минатата година во Србија влегле повеќе од 4,5 милијарди евра директни странски инвестиции, покажуваат податоците на Народната банка на Србија (НБС), што е за околу 100 милиони евра повеќе од 2022 година, кога нивната вредност беше 4,4 милијарди, објави Данас.

Најголемиот дел од таквите инвестиции во 2023 година се од Европската унија, а тоа е нешто помалку од половина од вкупниот број, односно околу 2,2 милијарди евра. Сепак, тоа не беше случај само една година порано.

Тогаш од ЕУ пристигнаа значително помалку директни странски инвестиции, за околу 800 милиони евра, бидејќи нивната вкупна вредност беше околу 1,4 милијарди, наведува весникот.

Поединечно по земји, убедливо најголемиот прилив на странски директни инвестиции во Србија доаѓа од Кина, од каде лани се слеале околу 1,4 милијарди евра. Кина ја постигна истата вредност на овие инвестиции во 2022 година.

На второ место е Холандија, од каде во Србија во 2023 година пристигнале над 738 милиони евра, додека вредноста на тие инвестиции само една година претходно била нешто повеќе од 148 милиони евра.

Зад неа, со речиси двојно повеќе странски директни инвестиции, е Велика Британија со вложени 383 милиони евра. За разлика од Холандија, инвестициите од таа земја се намалени, бидејќи во 2022 година изнесуваа околу 330 милиони евра.

По првите пет земји со најголеми инвестиции, Русија се најде на шестото место со придонес од нешто повеќе од 162 милиони евра во странски директни инвестиции. Ова е значителна промена во однос на претходната година кога странските директни инвестиции од оваа земја изнесуваа 464 милиони евра.

Убедливо најголем број странски директни инвестиции доаѓаат од преработувачката индустрија, нешто помалку од 1,2 милијарди евра. Од тоа лани најмногу пари донело производството на производи од гума и пластика, 476 милиони евра. На второ место се најде производството на моторни возила, приколки и полуприколки, што донесе странски директни инвестиции во вредност од 288 милиони евра.

Втората дејност по бројот на овие инвестиции е градежништвото, чија вредност во 2023 година изнесува 853 милиони евра.

За разлика од Србија, во 2023 година вкупните директни инвестиции во Македонија изнесувале 616,7 милиони евра, покажуваат новите податоци на Народната банка.

The post Странски инвестиции: Во Србија 4 милијарди евра, во Македонија само 600 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Минатата година во Србија влегле повеќе од 4,5 милијарди евра директни странски инвестиции, покажуваат податоците на Народната банка на Србија (НБС), што е за околу 100 милиони евра повеќе од 2022 година, кога нивната вредност беше 4,4 милијарди, објави Данас. Најголемиот дел од таквите инвестиции во 2023 година се од Европската унија, а тоа е нешто помалку од половина од вкупниот број, односно околу 2,2 милијарди евра. Сепак, тоа не беше случај само една година порано. Тогаш од ЕУ пристигнаа значително помалку директни странски инвестиции, за околу 800 милиони евра, бидејќи нивната вкупна вредност беше околу 1,4 милијарди, наведува весникот. Поединечно по земји, убедливо најголемиот прилив на странски директни инвестиции во Србија доаѓа од Кина, од каде лани се слеале околу 1,4 милијарди евра. Кина ја постигна истата вредност на овие инвестиции во 2022 година. На второ место е Холандија, од каде во Србија во 2023 година пристигнале над 738 милиони евра, додека вредноста на тие инвестиции само една година претходно била нешто повеќе од 148 милиони евра. Зад неа, со речиси двојно повеќе странски директни инвестиции, е Велика Британија со вложени 383 милиони евра. За разлика од Холандија, инвестициите од таа земја се намалени, бидејќи во 2022 година изнесуваа околу 330 милиони евра. По првите пет земји со најголеми инвестиции, Русија се најде на шестото место со придонес од нешто повеќе од 162 милиони евра во странски директни инвестиции. Ова е значителна промена во однос на претходната година кога странските директни инвестиции од оваа земја изнесуваа 464 милиони евра. Убедливо најголем број странски директни инвестиции доаѓаат од преработувачката индустрија, нешто помалку од 1,2 милијарди евра. Од тоа лани најмногу пари донело производството на производи од гума и пластика, 476 милиони евра. На второ место се најде производството на моторни возила, приколки и полуприколки, што донесе странски директни инвестиции во вредност од 288 милиони евра. Втората дејност по бројот на овие инвестиции е градежништвото, чија вредност во 2023 година изнесува 853 милиони евра. За разлика од Србија, во 2023 година вкупните директни инвестиции во Македонија изнесувале 616,7 милиони евра, покажуваат новите податоци на Народната банка.

The post Странски инвестиции: Во Србија 4 милијарди евра, во Македонија само 600 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Се сечеа ленти и се ветуваа работни места – ова се сите откажани странски инвестиции за време на оваа власт https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-sechea-lenti-i-se-vetuvaa-rabotni-mesta-ova-se-site-otkazhani-stranski-investitsii-za-vreme-na-ovaa-vlast/ Wed, 13 Mar 2024 16:52:48 +0000 https://republika.mk/?p=754502

Македонија е меѓу земјите од регионот кои се уште не можат да го надминат годишниот праг на странски инвестиции од една милијарда евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека во 2023 година вкупните директни инвестиции во Македонија изнесувале 616,7 милиони евра, што е слично на нивото на БиХ, Црна Гора и Косово.

Значителни зголемувања на странските инвестиции нема и покрај ветувањата на власта дека тоа ќе се случи откако земјата ќе стане членка на НАТО. Србија која не е членка на НАТО, во 2023 година имала нето приливи од директни странски инвестиции од 4,5 милијарди евра. Меѓу земјите од ЕУ и НАТО кои го надминуваат прагот од милијарда евра на годишно ниво се Хрватска, Словенија, Албанија и Бугарија.

Власта на СДСМ и покрај тоа што ја критикуваше политиката на ВМРО-ДПМНЕ за привлекување на странски инвестиции, таа не направи значителни промени во стратегијата, ниту, пак, воспостави нова, a во меѓувреме најавуваше големи странски инвестиции, од кои дел пропаднаа.

Целата сторија тука

The post Се сечеа ленти и се ветуваа работни места – ова се сите откажани странски инвестиции за време на оваа власт appeared first on Република.

]]>

Македонија е меѓу земјите од регионот кои се уште не можат да го надминат годишниот праг на странски инвестиции од една милијарда евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека во 2023 година вкупните директни инвестиции во Македонија изнесувале 616,7 милиони евра, што е слично на нивото на БиХ, Црна Гора и Косово. Значителни зголемувања на странските инвестиции нема и покрај ветувањата на власта дека тоа ќе се случи откако земјата ќе стане членка на НАТО. Србија која не е членка на НАТО, во 2023 година имала нето приливи од директни странски инвестиции од 4,5 милијарди евра. Меѓу земјите од ЕУ и НАТО кои го надминуваат прагот од милијарда евра на годишно ниво се Хрватска, Словенија, Албанија и Бугарија. Власта на СДСМ и покрај тоа што ја критикуваше политиката на ВМРО-ДПМНЕ за привлекување на странски инвестиции, таа не направи значителни промени во стратегијата, ниту, пак, воспостави нова, a во меѓувреме најавуваше големи странски инвестиции, од кои дел пропаднаа. Целата сторија тука

The post Се сечеа ленти и се ветуваа работни места – ова се сите откажани странски инвестиции за време на оваа власт appeared first on Република.

]]>
Мизо: Факт е дека Македонија нема стратегија за привлекување на странски инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mizo-fakt-e-deka-makedonija-nema-strategija-za-privlekuvane-na-stranski-investitsii/ Mon, 13 Nov 2023 20:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=701223

Политичката нестабилност во Македонија сериозно го „разниша“ бизнисот и затоа во земјава има се помалку нови странски инвестиции. Од Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, за Алфа велат дека на земјава и фали сериозен пристап до привлекување на странски капитал.

Според претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо, државата мора да го остави популизмот на страна и да се огледа на земјите од регионот кои обезбедуваат далеку подобра бизнис клима за разлика од Македонија.

Државата мора да го остави популизмот на страна и да се огледа на земјите од регионот кои обезбедуваат далеку подобра бизнис клима за разлика од Македонија. Во државата треба да се води сметка како да се применат светските стандарди за да се развие профитабилен бизнис, вели Мизо за Алфа.

Дека состојбата со економската стабилност не чини, алармира и советникот на Стопанската комора, Кристофер Сендерс. Тој вели дека политиката го кочи бизнисот и затоа Македонија нема стратегија за развој на економијата, која наместо да се развива, тапка в место.

Политиката во Македонија сè уште е кочница за развој на бизнисите. Политиката ја нарушува визијата и стратегијата за иднината на државата. Вистинскиот потенцијал на земјата не се остварува. Не постои стратегија за развој на индустријата, образованието, вели Кристофер Сандерс, специјален советник на претседателот на Стопанска комора на Македонија и главен оперативен директор и извршен потпретседател на „Костал“.

Сандерс порачува дека како држава мора да имаме визија и стратегија и да знаеме каде ќе ја примениме таа стратегија.

За жал, политиката ги нарушува тие аспекти. Вистинскиот потенцијал на земјата не се остварува. Не постои стратегија за развој на индустријата, образованието…Нема нови планови, нови визии. Како очекувате една компанија да инвестира во држава на која единствена аспирација ѝ е да стане членка на Европската Унија. Многу луѓе ја напуштија земјата, нема работници. Нема фокус за да се надминат овие проблеми. Немањето на работна сила е голем ризик за инвеститорите да дојдат и да инвестираат во Македонија, изјави Сандерс во своето обраќање на тема „Глобалните геополитички случувања – предизвик за интернационализација на бизнисот и следење на новите трендови во индустријата“.

Во последниве пет години во Македонија речиси и да нема политика за нови странски инвестиции, а уште помалку за грижа на веќе постоечките инвеститори.  Недостасува стратегија за нивно привлекување. Но и покрај ваквата состојба, слушаме најава за нови концепти, политики и како и недостаток од квалитетен кадар.

Во првите три месеци од годинава вкупните странски директни инвестиции во земјава изнесувале 126,5 милиони евра, а во споредба со истиот период лани, регистрирано е намалување за дури 10,4 милиони евра, поради лошото менаџирање со странскиот капитал.

https://www.youtube.com/watch?v=C3q-pPvnEjg&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Falfa.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Мизо: Факт е дека Македонија нема стратегија за привлекување на странски инвестиции appeared first on Република.

]]>

Политичката нестабилност во Македонија сериозно го „разниша“ бизнисот и затоа во земјава има се помалку нови странски инвестиции. Од Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, за Алфа велат дека на земјава и фали сериозен пристап до привлекување на странски капитал. Според претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо, државата мора да го остави популизмот на страна и да се огледа на земјите од регионот кои обезбедуваат далеку подобра бизнис клима за разлика од Македонија.
Државата мора да го остави популизмот на страна и да се огледа на земјите од регионот кои обезбедуваат далеку подобра бизнис клима за разлика од Македонија. Во државата треба да се води сметка како да се применат светските стандарди за да се развие профитабилен бизнис, вели Мизо за Алфа.
Дека состојбата со економската стабилност не чини, алармира и советникот на Стопанската комора, Кристофер Сендерс. Тој вели дека политиката го кочи бизнисот и затоа Македонија нема стратегија за развој на економијата, која наместо да се развива, тапка в место.
Политиката во Македонија сè уште е кочница за развој на бизнисите. Политиката ја нарушува визијата и стратегијата за иднината на државата. Вистинскиот потенцијал на земјата не се остварува. Не постои стратегија за развој на индустријата, образованието, вели Кристофер Сандерс, специјален советник на претседателот на Стопанска комора на Македонија и главен оперативен директор и извршен потпретседател на „Костал“.
Сандерс порачува дека како држава мора да имаме визија и стратегија и да знаеме каде ќе ја примениме таа стратегија.
За жал, политиката ги нарушува тие аспекти. Вистинскиот потенцијал на земјата не се остварува. Не постои стратегија за развој на индустријата, образованието…Нема нови планови, нови визии. Како очекувате една компанија да инвестира во држава на која единствена аспирација ѝ е да стане членка на Европската Унија. Многу луѓе ја напуштија земјата, нема работници. Нема фокус за да се надминат овие проблеми. Немањето на работна сила е голем ризик за инвеститорите да дојдат и да инвестираат во Македонија, изјави Сандерс во своето обраќање на тема „Глобалните геополитички случувања – предизвик за интернационализација на бизнисот и следење на новите трендови во индустријата“.
Во последниве пет години во Македонија речиси и да нема политика за нови странски инвестиции, а уште помалку за грижа на веќе постоечките инвеститори.  Недостасува стратегија за нивно привлекување. Но и покрај ваквата состојба, слушаме најава за нови концепти, политики и како и недостаток од квалитетен кадар.
Во првите три месеци од годинава вкупните странски директни инвестиции во земјава изнесувале 126,5 милиони евра, а во споредба со истиот период лани, регистрирано е намалување за дури 10,4 милиони евра, поради лошото менаџирање со странскиот капитал. https://www.youtube.com/watch?v=C3q-pPvnEjg&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Falfa.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Мизо: Факт е дека Македонија нема стратегија за привлекување на странски инвестиции appeared first on Република.

]]>
Битиќи со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста за нови инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-so-stranskite-investitori-sistemski-ja-zasiluvame-predvidlivosta-za-novi-investitsii/ Mon, 16 Oct 2023 19:25:17 +0000 https://republika.mk/?p=691816

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи одржа работен состанок со претставници на повеќе од 30 странски компании членови на Советот за странски инвестиции при Стопанската комора на Македонија.

На состанокот, што се одржа во компанијата „Амфенол“, во Кочани, се дискутираше за повеќе актуелни економски прашања и владини политики кои директно влијаат на работата на странските компании во земјава.

Вицепремиерот Битиќи нагласи дека Владата покажува инклузивност и конзистентност во креирањето на економски стратегии и политики кои се насочени кон подобрување на конкурентноста на економијата и создавање на цврсти основи за нејзин одржлив раст и развој, процес во кој неизоставен дел се и странските компании.

Зборувајќи за унифицираноста на политиките за финансиска поддршка на нови инвестиции, вицепремиерот Битиќи пред претставниците на странските инвеститори најави нивно дополнително системско зацврстување преку измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Она што успеавме да го изградиме, да ви овозможиме „One stop shop“ за вашите инвестиции согласно Законот за финансика поддршка на инвестициите и да добиете 100 отсто исплата, од наредната година системски ќе биде втемелено. Подготвуваме измени на Законот со кои дополнително ќе добите предвидливост на деловното опкружување во земјава, односно ќе се воведат законски одредби со кои ќе може да очекувате 100 проценти испалата на финансиска поддршка. Тоа нема да зависи од ничија политичка волја или одлука, порача Битиќи.

Како што информира неговиот Кабинет, дуалното образование и пристапот до квалификувана работна сила беше уште една од темите кои се отворија на состанокот, а за што заеднички беше оценето дека преку дијалог треба да се дојде до олеснување на постоечките законски и административни процедури во насока на олеснет пристап до квалификувана работна сила.

На крајот од состанокот беше изразено задоволство континуираниот дијалог кој се води со претставниците на странските компании во земјава, притоа заеднички оценувајќи дека тој е единствениот пат кој води кон понатамошно унапредување на деловниот амбиент и неговата атрактивност за поттикнување на нови инвестиции во економијата.

The post Битиќи со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста за нови инвестиции appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи одржа работен состанок со претставници на повеќе од 30 странски компании членови на Советот за странски инвестиции при Стопанската комора на Македонија. На состанокот, што се одржа во компанијата „Амфенол“, во Кочани, се дискутираше за повеќе актуелни економски прашања и владини политики кои директно влијаат на работата на странските компании во земјава. Вицепремиерот Битиќи нагласи дека Владата покажува инклузивност и конзистентност во креирањето на економски стратегии и политики кои се насочени кон подобрување на конкурентноста на економијата и создавање на цврсти основи за нејзин одржлив раст и развој, процес во кој неизоставен дел се и странските компании. Зборувајќи за унифицираноста на политиките за финансиска поддршка на нови инвестиции, вицепремиерот Битиќи пред претставниците на странските инвеститори најави нивно дополнително системско зацврстување преку измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Она што успеавме да го изградиме, да ви овозможиме „One stop shop“ за вашите инвестиции согласно Законот за финансика поддршка на инвестициите и да добиете 100 отсто исплата, од наредната година системски ќе биде втемелено. Подготвуваме измени на Законот со кои дополнително ќе добите предвидливост на деловното опкружување во земјава, односно ќе се воведат законски одредби со кои ќе може да очекувате 100 проценти испалата на финансиска поддршка. Тоа нема да зависи од ничија политичка волја или одлука, порача Битиќи.
Како што информира неговиот Кабинет, дуалното образование и пристапот до квалификувана работна сила беше уште една од темите кои се отворија на состанокот, а за што заеднички беше оценето дека преку дијалог треба да се дојде до олеснување на постоечките законски и административни процедури во насока на олеснет пристап до квалификувана работна сила. На крајот од состанокот беше изразено задоволство континуираниот дијалог кој се води со претставниците на странските компании во земјава, притоа заеднички оценувајќи дека тој е единствениот пат кој води кон понатамошно унапредување на деловниот амбиент и неговата атрактивност за поттикнување на нови инвестиции во економијата.

The post Битиќи со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста за нови инвестиции appeared first on Република.

]]>
И според Светска банка Македонија е на дното по странски инвестиции во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/i-spored-svetska-banka-makedonija-e-na-dnoto-po-stranski-investitsii-vo-regionot/ Tue, 25 Apr 2023 11:03:40 +0000 https://republika.mk/?p=633864

Според Редовниот полугодишен економски извештај за Западен Балкан (ЗБ) којшто денеска беше објавен од Светска банка, Македонија покажува катастрофални резултати во економијата споредено со сите земји од регионот, пишува во реакција испратена до медиумите опозициската ВМР-ДПМНЕ.

Така, веќе втора година по ред Македонија има најниска стапка на економски раст од сите земји од ЗБ, којашто во 2022 година изнесува 2,1%, додека просекот на ЗБ е 3,2%, а воедно забележа и највисока стапка на просечна инфлација од 14,2% во 2022 година, додека просекот на инфлацијата во ЗБ беше 11,8%. Уште повеќе се обесхрабрувачки прогнозите според кои во 2023 година за Македонија се очекува подпросечен раст од 2,4% наспроти оној на регионот од 2,6% и надпросечна инфлација од 9,1%, наспроти очекуваната за регионот од 7%.

Со Косово и Албанија, Македонија има најниски приходи како процент од БДП (од 32,5% од БДП во 2022 година), што при задржани високи расходи од 36,9% од БДП генерираат втор највисок дефицит од 4,5% од БДП во 2022 година по Црна Гора (просек на ЗБ за е 3% од БДП).Дополнително, Македонија во 2021 година имаше највисок дефицит и во 2020 година втор највисок дефицит од земјите на ЗБ. Недисциплинираното трошење на оваа Влада по Ковид-19 година се преслика во силно зголемување на јавниот долг, што при силен раст на номиналниот БДП значеше задржување на соодносот на јавниот долг во БДП, наспроти позначајно намалување на овој сооднос кај сите земји од регионот. Ова не сврсти во земјите со надпросечно ниво на јавен долг од 59,6% во БДП (просекот на ЗБ е 51%од БДП).

Од партијата коментираат дека и резултатите на полето на странските директни инвестиции (СДИ) се катастрофални споредено со земјите од Западен Балкан.

Заедно со БиХ, Македонија е на дното на табелата по СДИ во последните три години. Во 2022 година, нето СДИ во Македонија изнесуваат 5,2% од БДП, додека во Црна Гора се 13,5% од БДП, во Србија се 7,1% од БДП, Албанија 6,7% од БДП и Косово 6,6% од БДП. 

The post И според Светска банка Македонија е на дното по странски инвестиции во регионот appeared first on Република.

Неопходно е брендирање на државата за подобра промоција пред странските инвеститори https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/neophodno-e-brendirane-na-drzhavata-za-podobra-promotsija-pred-stranskite-investitori/ Sun, 26 Mar 2023 07:35:46 +0000 https://republika.mk/?p=623713

Промоцијата на Македонија како земја со поволни услови за инвестирање е една од иницијалните начини да се заинтересираат потенцијалните инвеститори за неа. Познавачите во оваа сфера велат дека земјава како мала и зависна економија мора да се промовира многу повеќе од други држави кои се поголеми, поразвиени и етаблирани како алтернативни локации за инвестирање и проширување. Доколку не се промовира и не се работи проактивно на директните контакти со компаниите, како што посочуваат, државата не може да се најде во фокусот на интерес кај странските инвеститори. Недостасува, велат тие, брендирање на државата - унифициран „country branding“.

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, пак, е задоволна од новата практика и пристап во работењето воведени пред две години за што, посочуваат, потврда се бројките односно договорите од над 650 милиони евра инвестиции во последните две години.

Несомнено, промоцијата е важна и таа треба да се прави. Но, она што ми е мене важно е дека сите понатамошни активности поврзани со промоција мора да имаат јасна целна група и јасна економска оправданост, вели директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.

Претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство и потпретседател за владини односи на групацијата „КОСТАЛ“, Виктор Мизо, пак, посочува дека немаме активно промовирање на државата на меѓународен план и оти многу земји попознати од нас, се рекламираат како инвестициски бизнис дестинации.

Дури и Јужна Кореја се рекламира, иако во светот сите знаат кои се нивните технолошки и технички знаења и достигнувања. Египет, Мароко, Србија, Индонезија, Турција – некои од овие земји имаат и над 100 милиони луѓе и бруто домашен производ од над трилион долари, но сепак сеуште сметаат дека на еден или друг начин тоа промовирање е неопходно за да се позиционираат на светската мапа за водење бизнис и привлекување инвестиции. Но јас тврдам дека северно од Виена и јужно од Истанбул, многу малку луѓе знаат за Македонија, а посебно поврзано со бизнис и со потенцијални инвестиции, вели Мизо.

Сличен став дели и поранешниот промотор Дејан Величков, кој сега е дел од тимот на канадската Агенција за промоција и привлекување инвестиции „Инвест Канада“, забележувајќи дека не се вложуваат организирани напори преку директни контакти во таргетирани странски компании за да се позиционира земјата како опција при евентуална експанзија.

Македонија како мала и непозната држава потребно е да се промовира многу повеќе од други држави кои се поголеми, поразвиени и кои се веќе етаблирани како алтернативни пазари за проширување. На пример, овде во Cеверна Америка, никој не ја познава Македонија и ако не се работи проактивно со директни контакти во компаниите каде има потенцијал за нови инвестициски проекти, едноставно Македонија нема да се најде во нивните анализи како опција, смета Величков.

Тој забележува дека државата во последните години не работи на проактивно промовирање на земјата во однос на привлекување странски инвестиции.

Тоа лесно може да се провери ако само се види бројот на организирани посети на странски компании во Македонија за инвестициски проекти во изминати неколку години во споредба со периодот каде странските инвестиции беа поголем приоритет на институциите во државата, посочува Величков.

Директорот на ТИРЗ е согласен дека промоцијата е важна и треба да се прави, но, посочува дека сега Дирекцијата со значително помали финансиски средства од претходно, продолжува со таргетирана кампања во странски медиуми. Акцентот, сега, се става на тоа компаниите да зборуваат за искуството со државата.

Ниту од блиску не може да се споредат парите, кои се потрошиле тогаш и сега за ваков тип на промоција. Можеби за дел од средствата потрошени во тој период и може да се најде некаква економска оправданост пред се гледано преку компаниите кои склучиле договори. Несомнено, промоцијата е важна и таа треба да се прави. Но, она што ми е мене важно е дека сите понатамошни активности поврзани со промоција мора да имаат јасна целна група и јасна економска оправданост. Економската оправданост пред се треба да се огледа во тоа што добива државата за секое евро што го потрошила за таа намена, вели Деспотовски.

Според Мизо, потребно е светот да слушне за нашите бизнис потенцијали. Навраќајќи се на периодот пред 15-тина години кога почна процесот на привлекување инвестиции, Мизо посочува дел од компаниите кои се одлучиле да инвестираат кај нас, разбрале за можностите за инвестирање од рекламите.

Сето она што значеше промоција на државата креираше еден вид препознавање и презентирање на Македонија. Имавме и директно коментари од компании како дознале за нас. „Кемет“ потврдија дека нивниот извршен директор ја видел рекламата за Македонија на CNN, додека бил во хотелска соба во Лондон. Сопственикот на „Техникал текстајлс“ на лет за Дубаи во бизнис магазин ја видел рекламата за Македонија. Ова се директни коментари како некоја компанија дознала за нас, посочува Мизо.

Во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга денеска официјално почна со работа канадската компанија „Магна мирорс“, која произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се и

Тој смета дека вредноста на нивните инвестиции и креираните работните места се многукратно поголеми отколку трошоците за брендирање на државата. Брендирањето, нагласува, не треба да се гледа како трошок, туку како инвестиција. Како пример го посочува брендот „кока кола“, кој се рекламира континуирано, иако сите знаат за него.

Кога државата активно работеше на привлекување инвестиции се креираше критична маса на инвеститори, а добар дел од нив реинвестираат сега (циклус од 10 години од првобитната одлука за инвестирање тука) и/или сеуште креираат позитивен имиџ за државата. Без тоа претходно, многу малку ќе имаше сега, истакнува Мизо.

Без стратегија нема резултати

Како промотор во Агенцијата во Отава, за Величков несериозно делуваат изјавите дека земјава нема потреба од стратегија за организирано привлекување инвестиции и како инвеститорите сами си доаѓале во државата.

Во релноста тоа значи дека сме имале шанса да оствариме многу подобар резултат, меѓутоа многу од компаниите кои инвестирале во регионот ниту ја анализирале сериозно Македонија. Не сакам да звучам дека оправдувам еден период, а го критикувам сегашниот. Работите и претходно не беа идеални и можеби беа неизбалансирани, вели Величков.

Според него, земјава во период од шест-седум години успела да привлече клучни инвестициски проекти во остра конкуренција со земји од соседството.

Тие компании сега како што гледаме се носители на извозот и се водечки во однос на стандардите за човечки ресурси и пристап со вработените. Денес, Македонија далеку заостанува во споредба со она што земјите од регионот успеваат да го испорачаат како резултат при привлекување нови инвестициски проекти, оценува Величков.

Резултати без стратегија не очекува ниту претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство. Мизо смета дека е потребна анализа на сите релевантни сектори во кои имаме конкурентска предност, кои се топ 100 компании од секој сектор, да се знаат инвестициските портфолија на тие компании и директно да бидат контактирани и да им се презентираат можностите за инвестирање или да се прашаат каде се во нивните инвестициски циклуси.

Тој дел е нешто што сметам дека или недостасува или нема доволно фокус. Истовремено тешко дека ќе имаме мерливи резултати без државна стратегија. Која компанија сакаме да ја привлечеме и како да се поставиме наспроти конкурентните земји и како да ги убедиме инвеститорите дека ние сме соодветното место за инвестирање, додава Мизо.

Тој вели дека стратегиите се прават за период од три до пет години и претрпуваат континуирани адаптации зависно од глобалните економски случувања или геостратешки активности.

Директорот на ТИРЗ посочува дека имаме изработена важечка стратегија, како дел од еден поширок документ за економски политики уште од 2016 година, но оти сега се применува нов концепт за привлекување инвестиции. Резултатите ги очекува допрва.

Бројките најдобро зборуваат за тоа колку е ефикасен новиот концепт на ТИРЗ. Последниве две години се постигнати договори од над 650 милиони евра инвестиции, што е над половина од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години. Само минатата година во компаниите во зоните се отворени 2.300 нови работни места и достигнавме највисоко ниво на извоз од 3.7 милијарди евра. Со овој паметен пристап ја донесовме и најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на земјава – германската фармацевтска компанија Гересхајмер инвестира над 126 милиони евра во нова, втора фабрика, подвлекува Деспотовски.

Новиот концепт во работењето на ТИРЗ се базира на четири столба: привлекување странски инвестиции со поголем квалитет, отворање кон домашните инвеститори, нов систем на државна помош „по мерка“ на потенцијалниот инвеститор дополнет со сет мерки за зголемување на плати и поголема продуктивност на трудот, како и грижа за корисници.

На сите што ни пристапуваат, правиме длабинска проценка и анализа на профилот на инвеститорот - колку се сериозни, колку „тежи“ постојниот и новиот бизнис што го предлагаат, каков тек на приходи планираат, ниво на плати и работни места. Од оваа анализа, односно профилирање, однапред ќе знаеме колку и кога државата и граѓаните ќе добијат назад за секое евро што би се дало како поттик за инвестирање, за секој метар квадратен државно земјиште. Овој пристап подразбира и отворање кон други сектори на економијата, особено во делот на услугите, каде и додадената вредност е повисока. Согласно овие бројки, потоа креираме пакет за поттикнување на секоја инвестиција за која сметаме дека е од интерес за државата, но и за инвеститорот. Воведовме динамичен модел на работа, наместо претходниот, што беше доста статичен и нефлексибилен, истакнува Деспотовски.

Во делот на корисничка грижа воведен е принцип на „една влезна точка“, односно поедноставен пристап до услугите за компаниите.

Дијалогот Влада-странски инвеститори клучен за понатамошен развој

Претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство забележува дека постои дијалог со Владата, но оти нема реализација. Нагласува дека сите компании, треба да имаат ист третман и иста поддршка, бидејќи само така можат да помогнат во процесот на реинвеститрање.

Анкетата од крајот на минатата година покажа дека бројот на компании кои би реинвестирале падна од 75 на 52 проценти, а причината е недоволно адресирање на нивните забелешки за подобрување на условите за работа или намалување на нивото на бирократија или комуникација. Не е само да одржуваме состаноци со економскиот тим на Владата, туку треба активно некој да не прашува што и како ни е потребно и на кој начин да се подобри бизнис климата и да се зголеми нашата конкурентност, забележува Мизо.

Како позитивен чекор го посочува усогласувањето на царинските стапки и хармонизацијата на над 250 царински стапки со оние во Европската унија.

Мизо пподвлекува дека според сентиментот на инвеститорите, потребна е поголема посветеност и ажурност во решавање на проблемите. - Исполнување на договорните обврски, усогласување со меѓународните финансиски и сметководствени стандарди и униформен пристап од давателите на помош за начинот на пресметување на инвестициски трошоци. Неопходен е и многу поголем фокус на подобрување на образовниот систем и креирање соодветен работен кадар, додава претседателот на Асоцијацијата.

Деспотовски е задоволен од постигнатото. За тоа, вели, говорат резултатите постигнати во зоните. Уверува дека доследно се почитуваат и исполнуваат договорите со сите инвеститори, без разлика од која влада се склучени и во кој период.

Фокусот во изминативе две години е ставен на унапредување на деловната клима и условите на работење на самите инвеститори. Само во рамки на зоните во делот на инфраструктура во изминативе две години имаме вложено и се реализираат инфраструктурни проекти од над 1,1 милијарда денари. Дополнително воведени се нови услуги и унапреден е делот за грижа за корисници. Доследно ги почитуваме и исполнуваме договорите со сите инвеститори, без разлика од која влада се склучени и во кој период. Воведовме и систем на предвремени исплати на обврските за оние компании кои предвреме ги исполнуваат своите обврски од договорите. Целта е да поттикнеме забрзана динамика на реализација на инвестициските планови, нагласува Деспотовски.

Според него, државата е позиционирана високо на мапата на земји со услови и капацитет да реализира инвестиции и се натпреварува со земји членки на Европската унија.

Во моментов сме во напредна фаза на преговори за инвестиции од над 500 милиони евра и веќе не се „натпреваруваме“ во регионалната лига, туку со земји членки на Европската унија. Сето ова е потврда дека со новиот концепт успеавме да ја ставиме нашата земја доста високо на мапата земји кои имаат капацитет и услови да реализираат висококвалитетни инвестиции од кои ќе имаме бенефит и како држава, но уште поважно кои носат директен бенефит за граѓаните, истакнува Деспотовски.

Но, Мизо забележа дека Србија иако била далеку зад нас и на почетокот била насочена на трудоинтензивни компании, сега е далеку пред нас. Нивото на технолошка развиеност на компаниите, кои инвестирале кај нас, според него, не еволуирало премногу од пред 15-тина години.

Во Србија е малку поразлично. Од тие трудоинтензивни компании на почетокот, последните четири-пет години инвестициите се со напредни технологии, воопшто не трудоинтензивни. Технологии каде што има техничко развојни центри, каде што има производство на комплексни системи за автономно возење, специјални дисплеи во возила, електрични мотори... Србија не има претекнато многу не само во нивото на инвестиции, туку и во квалитетот на компании кои инвестираат таму во изминатите неколку години, забележува Мизо.

Мизо додава дека колку повеќе инвеститори имаме, толку повеќе кластери и можности од некои индустрии ќе имаме и ќе одиме напред.

Инвестициите доаѓаат заради државата, а не поради политичка партија или влада. И за доброто на државата е да има што повеќе инвестиции без разлика што на постоечките инвеститори, нови инвеститори им креираат конкурентност, за исти и слични кадри, смета Мизо.

Според директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, перцепцијата дека сме мала држава, треба да се претвори во предност, односно да бидеме пофлексибилни и подобро да се разберат потребите на инвеститорите.

Ги слушаме нивните барања, но и јасно ставаме до знаење што државата очекува, па така заедно да најдеме најсоодветен модел за реализација на нивната инвестиција во државата. Дополнително, нашата предност е тоа што преку новата методологија која ја изработивме заедно со компаниите, како и преку детална анализа на десетгодишните инвестициски планови обезбедуваме основа и аргументи да им дадеме подинамична поддршка на инвеститорите кои носат поголема додадена вредност. Она што не прави различни особено во изминативе две години со новиот концепт, е што престанавме да бидеме предвидливи и изготвуваме пакет на поддршка според потребите и на инвеститорот и на државата. Едноставно е, настапуваме со јасни правила на игра и однапред им го презентираме нашиот интерес како држава, а тоа се поголеми уплати во буџетот и повисоки плати за нашите сограѓани, вели Деспотовски.

Носењето инвестиции е тежок и долгорочен процес 

Според познавачите, носењето инвестиции е долгорочен процес, почнувајќи од средби на различни нивоа, посети во централата...., до усогласување на тајмингот на нивниот инвестициски циклус. Процес, кој од од првиот контакт до инвестиција може да трае од една до над 10 години. Но, забележуваат дека традиционална слабост е и нискиот капацитет за привлекување нови странски инвестиции од страна на општинските администрации што не е случај со земјите во опкружувањето.

Величков, кој ја промовираше земјава како дестинација за инвестирање пред неколку години, а сега тоа го прави со Канада, нагласува дека е потребно институциите кои се занимаваат со привлекување странски инвестиции да имаат квалитетен кадар кој зборува странски јазици, кој има бизнис искуство и образование да ја извршува оваа функција беспрекорно.

Промоцијата да биде ефективна потребна е опсежна подготовка и анализа на пазарот, да се селектираат правилно компаниите од приоритетните области за Македонија и да се подготви таргет листа на компании каде реално има потенцијал за експанизија за кој Македонија објективно би можела да биде решение од аспект на профил на работна сила, логистика, располагање на материјали како инпут за производство итн, појаснува Величков.

Откако промоторот длабински ќе ја анализира компанијата и ќе ги идентификува клучните луѓе кои имаат влијание при носењето одлука, според него, настапува процес на контактирање за што е се потребни различни пристапи и стратегии и многу упорност да се дојде до вистинките луѓе и да се убедат да одвојат време за состанок.

Клучен индикатор дека една компанија почнува активно со анализа за нов инвестициски проект е кога ќе почнат да бараат конкретни аналитички информации за земјата и ќе одвојат време да ја посетат за да се запознаат со потенцијалните локации и остварат состаноци на повисоко ниво со клучните институции. Во оваа фаза тимот во Македонија кој ги пречекува инвеститорите и поминува време со нив игра клучна улога затоа што нивното искуство од самата посета често знае да биде одлучувачко, подвлекува Величков.

Вчерашната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче во врска со коронавирусот остави неколку отворени прашања кои предизвикаа несигурност кај локалните компании и мора да би

И директорот на ТИРЗ Деспотовски посочува дека процесот од почеток на преговори до реализија е долг процес кој може да трае од неколку месеци до над една година. Согласно актуелниот начин за привлекување инвеститори согласно новата методологија на ДТИРЗ, од потенцијалниот инвеститор се побара да достави деловен план и проекции за инвестиција.

Процесот од почеток на преговори до реализација може да трае од неколку месеци до над една година. Во тој период се водат разговори со инвеститорите, во кои учествуваат и претставници на владата, вклучително и со претседателот на владата. Откако ќе се постигне начелен договор, задолжително се испраќа до Комисијата за заштита од конкуренција, како прв и важен филтер по што договорот се испраќа кај повеќе институции и се обезбедува конечно одобрување пред да биде потпишан, појаснува Деспотовски.

Дополнителна пречка кај инвеститорите во државата е лошата инфраструктура што предизвикува проблем во мобилноста на работната сила, но и сконцентираноста на индустријата во главниот град.

The post Неопходно е брендирање на државата за подобра промоција пред странските инвеститори appeared first on Република.

]]>

Промоцијата на Македонија како земја со поволни услови за инвестирање е една од иницијалните начини да се заинтересираат потенцијалните инвеститори за неа. Познавачите во оваа сфера велат дека земјава како мала и зависна економија мора да се промовира многу повеќе од други држави кои се поголеми, поразвиени и етаблирани како алтернативни локации за инвестирање и проширување. Доколку не се промовира и не се работи проактивно на директните контакти со компаниите, како што посочуваат, државата не може да се најде во фокусот на интерес кај странските инвеститори. Недостасува, велат тие, брендирање на државата - унифициран „country branding“. Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, пак, е задоволна од новата практика и пристап во работењето воведени пред две години за што, посочуваат, потврда се бројките односно договорите од над 650 милиони евра инвестиции во последните две години.
Несомнено, промоцијата е важна и таа треба да се прави. Но, она што ми е мене важно е дека сите понатамошни активности поврзани со промоција мора да имаат јасна целна група и јасна економска оправданост, вели директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.
Претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство и потпретседател за владини односи на групацијата „КОСТАЛ“, Виктор Мизо, пак, посочува дека немаме активно промовирање на државата на меѓународен план и оти многу земји попознати од нас, се рекламираат како инвестициски бизнис дестинации.
Дури и Јужна Кореја се рекламира, иако во светот сите знаат кои се нивните технолошки и технички знаења и достигнувања. Египет, Мароко, Србија, Индонезија, Турција – некои од овие земји имаат и над 100 милиони луѓе и бруто домашен производ од над трилион долари, но сепак сеуште сметаат дека на еден или друг начин тоа промовирање е неопходно за да се позиционираат на светската мапа за водење бизнис и привлекување инвестиции. Но јас тврдам дека северно од Виена и јужно од Истанбул, многу малку луѓе знаат за Македонија, а посебно поврзано со бизнис и со потенцијални инвестиции, вели Мизо.
Сличен став дели и поранешниот промотор Дејан Величков, кој сега е дел од тимот на канадската Агенција за промоција и привлекување инвестиции „Инвест Канада“, забележувајќи дека не се вложуваат организирани напори преку директни контакти во таргетирани странски компании за да се позиционира земјата како опција при евентуална експанзија.
Македонија како мала и непозната држава потребно е да се промовира многу повеќе од други држави кои се поголеми, поразвиени и кои се веќе етаблирани како алтернативни пазари за проширување. На пример, овде во Cеверна Америка, никој не ја познава Македонија и ако не се работи проактивно со директни контакти во компаниите каде има потенцијал за нови инвестициски проекти, едноставно Македонија нема да се најде во нивните анализи како опција, смета Величков.
Тој забележува дека државата во последните години не работи на проактивно промовирање на земјата во однос на привлекување странски инвестиции.
Тоа лесно може да се провери ако само се види бројот на организирани посети на странски компании во Македонија за инвестициски проекти во изминати неколку години во споредба со периодот каде странските инвестиции беа поголем приоритет на институциите во државата, посочува Величков.
Директорот на ТИРЗ е согласен дека промоцијата е важна и треба да се прави, но, посочува дека сега Дирекцијата со значително помали финансиски средства од претходно, продолжува со таргетирана кампања во странски медиуми. Акцентот, сега, се става на тоа компаниите да зборуваат за искуството со државата.
Ниту од блиску не може да се споредат парите, кои се потрошиле тогаш и сега за ваков тип на промоција. Можеби за дел од средствата потрошени во тој период и може да се најде некаква економска оправданост пред се гледано преку компаниите кои склучиле договори. Несомнено, промоцијата е важна и таа треба да се прави. Но, она што ми е мене важно е дека сите понатамошни активности поврзани со промоција мора да имаат јасна целна група и јасна економска оправданост. Економската оправданост пред се треба да се огледа во тоа што добива државата за секое евро што го потрошила за таа намена, вели Деспотовски.
Според Мизо, потребно е светот да слушне за нашите бизнис потенцијали. Навраќајќи се на периодот пред 15-тина години кога почна процесот на привлекување инвестиции, Мизо посочува дел од компаниите кои се одлучиле да инвестираат кај нас, разбрале за можностите за инвестирање од рекламите.
Сето она што значеше промоција на државата креираше еден вид препознавање и презентирање на Македонија. Имавме и директно коментари од компании како дознале за нас. „Кемет“ потврдија дека нивниот извршен директор ја видел рекламата за Македонија на CNN, додека бил во хотелска соба во Лондон. Сопственикот на „Техникал текстајлс“ на лет за Дубаи во бизнис магазин ја видел рекламата за Македонија. Ова се директни коментари како некоја компанија дознала за нас, посочува Мизо.
Во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга денеска официјално почна со работа канадската компанија „Магна мирорс“, која произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се и Тој смета дека вредноста на нивните инвестиции и креираните работните места се многукратно поголеми отколку трошоците за брендирање на државата. Брендирањето, нагласува, не треба да се гледа како трошок, туку како инвестиција. Како пример го посочува брендот „кока кола“, кој се рекламира континуирано, иако сите знаат за него.
Кога државата активно работеше на привлекување инвестиции се креираше критична маса на инвеститори, а добар дел од нив реинвестираат сега (циклус од 10 години од првобитната одлука за инвестирање тука) и/или сеуште креираат позитивен имиџ за државата. Без тоа претходно, многу малку ќе имаше сега, истакнува Мизо.

Без стратегија нема резултати

Како промотор во Агенцијата во Отава, за Величков несериозно делуваат изјавите дека земјава нема потреба од стратегија за организирано привлекување инвестиции и како инвеститорите сами си доаѓале во државата.
Во релноста тоа значи дека сме имале шанса да оствариме многу подобар резултат, меѓутоа многу од компаниите кои инвестирале во регионот ниту ја анализирале сериозно Македонија. Не сакам да звучам дека оправдувам еден период, а го критикувам сегашниот. Работите и претходно не беа идеални и можеби беа неизбалансирани, вели Величков.
Според него, земјава во период од шест-седум години успела да привлече клучни инвестициски проекти во остра конкуренција со земји од соседството.
Тие компании сега како што гледаме се носители на извозот и се водечки во однос на стандардите за човечки ресурси и пристап со вработените. Денес, Македонија далеку заостанува во споредба со она што земјите од регионот успеваат да го испорачаат како резултат при привлекување нови инвестициски проекти, оценува Величков.
Резултати без стратегија не очекува ниту претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство. Мизо смета дека е потребна анализа на сите релевантни сектори во кои имаме конкурентска предност, кои се топ 100 компании од секој сектор, да се знаат инвестициските портфолија на тие компании и директно да бидат контактирани и да им се презентираат можностите за инвестирање или да се прашаат каде се во нивните инвестициски циклуси.
Тој дел е нешто што сметам дека или недостасува или нема доволно фокус. Истовремено тешко дека ќе имаме мерливи резултати без државна стратегија. Која компанија сакаме да ја привлечеме и како да се поставиме наспроти конкурентните земји и како да ги убедиме инвеститорите дека ние сме соодветното место за инвестирање, додава Мизо.
Тој вели дека стратегиите се прават за период од три до пет години и претрпуваат континуирани адаптации зависно од глобалните економски случувања или геостратешки активности. Директорот на ТИРЗ посочува дека имаме изработена важечка стратегија, како дел од еден поширок документ за економски политики уште од 2016 година, но оти сега се применува нов концепт за привлекување инвестиции. Резултатите ги очекува допрва.
Бројките најдобро зборуваат за тоа колку е ефикасен новиот концепт на ТИРЗ. Последниве две години се постигнати договори од над 650 милиони евра инвестиции, што е над половина од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години. Само минатата година во компаниите во зоните се отворени 2.300 нови работни места и достигнавме највисоко ниво на извоз од 3.7 милијарди евра. Со овој паметен пристап ја донесовме и најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на земјава – германската фармацевтска компанија Гересхајмер инвестира над 126 милиони евра во нова, втора фабрика, подвлекува Деспотовски.
Новиот концепт во работењето на ТИРЗ се базира на четири столба: привлекување странски инвестиции со поголем квалитет, отворање кон домашните инвеститори, нов систем на државна помош „по мерка“ на потенцијалниот инвеститор дополнет со сет мерки за зголемување на плати и поголема продуктивност на трудот, како и грижа за корисници.
На сите што ни пристапуваат, правиме длабинска проценка и анализа на профилот на инвеститорот - колку се сериозни, колку „тежи“ постојниот и новиот бизнис што го предлагаат, каков тек на приходи планираат, ниво на плати и работни места. Од оваа анализа, односно профилирање, однапред ќе знаеме колку и кога државата и граѓаните ќе добијат назад за секое евро што би се дало како поттик за инвестирање, за секој метар квадратен државно земјиште. Овој пристап подразбира и отворање кон други сектори на економијата, особено во делот на услугите, каде и додадената вредност е повисока. Согласно овие бројки, потоа креираме пакет за поттикнување на секоја инвестиција за која сметаме дека е од интерес за државата, но и за инвеститорот. Воведовме динамичен модел на работа, наместо претходниот, што беше доста статичен и нефлексибилен, истакнува Деспотовски.
Во делот на корисничка грижа воведен е принцип на „една влезна точка“, односно поедноставен пристап до услугите за компаниите.

Дијалогот Влада-странски инвеститори клучен за понатамошен развој

Претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство забележува дека постои дијалог со Владата, но оти нема реализација. Нагласува дека сите компании, треба да имаат ист третман и иста поддршка, бидејќи само така можат да помогнат во процесот на реинвеститрање.
Анкетата од крајот на минатата година покажа дека бројот на компании кои би реинвестирале падна од 75 на 52 проценти, а причината е недоволно адресирање на нивните забелешки за подобрување на условите за работа или намалување на нивото на бирократија или комуникација. Не е само да одржуваме состаноци со економскиот тим на Владата, туку треба активно некој да не прашува што и како ни е потребно и на кој начин да се подобри бизнис климата и да се зголеми нашата конкурентност, забележува Мизо.
Како позитивен чекор го посочува усогласувањето на царинските стапки и хармонизацијата на над 250 царински стапки со оние во Европската унија. Мизо пподвлекува дека според сентиментот на инвеститорите, потребна е поголема посветеност и ажурност во решавање на проблемите. - Исполнување на договорните обврски, усогласување со меѓународните финансиски и сметководствени стандарди и униформен пристап од давателите на помош за начинот на пресметување на инвестициски трошоци. Неопходен е и многу поголем фокус на подобрување на образовниот систем и креирање соодветен работен кадар, додава претседателот на Асоцијацијата. Деспотовски е задоволен од постигнатото. За тоа, вели, говорат резултатите постигнати во зоните. Уверува дека доследно се почитуваат и исполнуваат договорите со сите инвеститори, без разлика од која влада се склучени и во кој период.
Фокусот во изминативе две години е ставен на унапредување на деловната клима и условите на работење на самите инвеститори. Само во рамки на зоните во делот на инфраструктура во изминативе две години имаме вложено и се реализираат инфраструктурни проекти од над 1,1 милијарда денари. Дополнително воведени се нови услуги и унапреден е делот за грижа за корисници. Доследно ги почитуваме и исполнуваме договорите со сите инвеститори, без разлика од која влада се склучени и во кој период. Воведовме и систем на предвремени исплати на обврските за оние компании кои предвреме ги исполнуваат своите обврски од договорите. Целта е да поттикнеме забрзана динамика на реализација на инвестициските планови, нагласува Деспотовски.
Според него, државата е позиционирана високо на мапата на земји со услови и капацитет да реализира инвестиции и се натпреварува со земји членки на Европската унија.
Во моментов сме во напредна фаза на преговори за инвестиции од над 500 милиони евра и веќе не се „натпреваруваме“ во регионалната лига, туку со земји членки на Европската унија. Сето ова е потврда дека со новиот концепт успеавме да ја ставиме нашата земја доста високо на мапата земји кои имаат капацитет и услови да реализираат висококвалитетни инвестиции од кои ќе имаме бенефит и како држава, но уште поважно кои носат директен бенефит за граѓаните, истакнува Деспотовски.
Но, Мизо забележа дека Србија иако била далеку зад нас и на почетокот била насочена на трудоинтензивни компании, сега е далеку пред нас. Нивото на технолошка развиеност на компаниите, кои инвестирале кај нас, според него, не еволуирало премногу од пред 15-тина години.
Во Србија е малку поразлично. Од тие трудоинтензивни компании на почетокот, последните четири-пет години инвестициите се со напредни технологии, воопшто не трудоинтензивни. Технологии каде што има техничко развојни центри, каде што има производство на комплексни системи за автономно возење, специјални дисплеи во возила, електрични мотори... Србија не има претекнато многу не само во нивото на инвестиции, туку и во квалитетот на компании кои инвестираат таму во изминатите неколку години, забележува Мизо.
Мизо додава дека колку повеќе инвеститори имаме, толку повеќе кластери и можности од некои индустрии ќе имаме и ќе одиме напред.
Инвестициите доаѓаат заради државата, а не поради политичка партија или влада. И за доброто на државата е да има што повеќе инвестиции без разлика што на постоечките инвеститори, нови инвеститори им креираат конкурентност, за исти и слични кадри, смета Мизо.
Според директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, перцепцијата дека сме мала држава, треба да се претвори во предност, односно да бидеме пофлексибилни и подобро да се разберат потребите на инвеститорите.
Ги слушаме нивните барања, но и јасно ставаме до знаење што државата очекува, па така заедно да најдеме најсоодветен модел за реализација на нивната инвестиција во државата. Дополнително, нашата предност е тоа што преку новата методологија која ја изработивме заедно со компаниите, како и преку детална анализа на десетгодишните инвестициски планови обезбедуваме основа и аргументи да им дадеме подинамична поддршка на инвеститорите кои носат поголема додадена вредност. Она што не прави различни особено во изминативе две години со новиот концепт, е што престанавме да бидеме предвидливи и изготвуваме пакет на поддршка според потребите и на инвеститорот и на државата. Едноставно е, настапуваме со јасни правила на игра и однапред им го презентираме нашиот интерес како држава, а тоа се поголеми уплати во буџетот и повисоки плати за нашите сограѓани, вели Деспотовски.

Носењето инвестиции е тежок и долгорочен процес 

Според познавачите, носењето инвестиции е долгорочен процес, почнувајќи од средби на различни нивоа, посети во централата...., до усогласување на тајмингот на нивниот инвестициски циклус. Процес, кој од од првиот контакт до инвестиција може да трае од една до над 10 години. Но, забележуваат дека традиционална слабост е и нискиот капацитет за привлекување нови странски инвестиции од страна на општинските администрации што не е случај со земјите во опкружувањето. Величков, кој ја промовираше земјава како дестинација за инвестирање пред неколку години, а сега тоа го прави со Канада, нагласува дека е потребно институциите кои се занимаваат со привлекување странски инвестиции да имаат квалитетен кадар кој зборува странски јазици, кој има бизнис искуство и образование да ја извршува оваа функција беспрекорно.
Промоцијата да биде ефективна потребна е опсежна подготовка и анализа на пазарот, да се селектираат правилно компаниите од приоритетните области за Македонија и да се подготви таргет листа на компании каде реално има потенцијал за експанизија за кој Македонија објективно би можела да биде решение од аспект на профил на работна сила, логистика, располагање на материјали како инпут за производство итн, појаснува Величков.
Откако промоторот длабински ќе ја анализира компанијата и ќе ги идентификува клучните луѓе кои имаат влијание при носењето одлука, според него, настапува процес на контактирање за што е се потребни различни пристапи и стратегии и многу упорност да се дојде до вистинките луѓе и да се убедат да одвојат време за состанок.
Клучен индикатор дека една компанија почнува активно со анализа за нов инвестициски проект е кога ќе почнат да бараат конкретни аналитички информации за земјата и ќе одвојат време да ја посетат за да се запознаат со потенцијалните локации и остварат состаноци на повисоко ниво со клучните институции. Во оваа фаза тимот во Македонија кој ги пречекува инвеститорите и поминува време со нив игра клучна улога затоа што нивното искуство од самата посета често знае да биде одлучувачко, подвлекува Величков.
Вчерашната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче во врска со коронавирусот остави неколку отворени прашања кои предизвикаа несигурност кај локалните компании и мора да би И директорот на ТИРЗ Деспотовски посочува дека процесот од почеток на преговори до реализија е долг процес кој може да трае од неколку месеци до над една година. Согласно актуелниот начин за привлекување инвеститори согласно новата методологија на ДТИРЗ, од потенцијалниот инвеститор се побара да достави деловен план и проекции за инвестиција.
Процесот од почеток на преговори до реализација може да трае од неколку месеци до над една година. Во тој период се водат разговори со инвеститорите, во кои учествуваат и претставници на владата, вклучително и со претседателот на владата. Откако ќе се постигне начелен договор, задолжително се испраќа до Комисијата за заштита од конкуренција, како прв и важен филтер по што договорот се испраќа кај повеќе институции и се обезбедува конечно одобрување пред да биде потпишан, појаснува Деспотовски.
Дополнителна пречка кај инвеститорите во државата е лошата инфраструктура што предизвикува проблем во мобилноста на работната сила, но и сконцентираноста на индустријата во главниот град.

The post Неопходно е брендирање на државата за подобра промоција пред странските инвеститори appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Не се плашам за кластерите на ЕУ, туку за странските инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-ne-se-plasham-za-klasterite-na-eu-tuku-za-stranskite-investitsii/ Mon, 23 Jan 2023 13:18:19 +0000 https://republika.mk/?p=600016

Моја работа на луѓето е да им говорам она што е непопуларно бидејќи некој мора да се грижи за нив, нагласи претседателот Вучиќ во емисијата „Кирилица“.

Не се плашам за кластерите на ЕУ, дали ќе не држат како Турција или не знам како кој. Никој друг пред нас нема да го пуштат во ЕУ. Она за што сум загрижен се инвестициите и тоа многу. Гледав како ги напуштаа во Русија каде што имаа поголем интерес отколку кај нас-посочува Вучиќ.

The post Вучиќ: Не се плашам за кластерите на ЕУ, туку за странските инвестиции appeared first on Република.

Деспотовски: До крајот на 2024 година една милијарда евра инвестиции и удвојување на бројот вработени во ТИРЗ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/despotovski-do-krajot-na-2024-godina-edna-milijarda-evra-investicii-i-udvojuvanje-na-brojot-vraboteni-vo-tirz/ Fri, 11 Nov 2022 21:06:43 +0000 https://republika.mk/?p=572921

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски очекува до крајот на 2024 година да се оствари зацртаната цел од една милијарда евра инвестиции и удвојување на бројот вработени.

Деспотовски смета и дека во зоните ќе продолжи трендот на раст на платите, како и растот на приходите во Буџетот.

Во вечерашното гостување на ТВ Сител, Деспотовски истакна дека само лани во Буџетот се слеале близу две милијарди денари по однос на придонеси и персонален данок на доход што за три пати го надминува нивото на државна поддршка исплатено за компаниите. Тоа се, како што напомена, три пати повеќе средства за надминување на последиците од енергетската и останатите предизвици со кои се соочува македонската економија.

-Анализите на ТИРЗ покажуваат дека за едно вложено евро од државата, компаниите враќаат три, што е реален позитивен ефект од инвестициите и новиот концепт. Со новиот концепт, инвестициските договори на компаниите веќе вклучуваат врзување на дел од субвенциите со одредена динамика на раст на платите. Очекувам да продолжи растот од 2021 година кога платите во зоните првпат го надминаа државниот просек, рече директорот.

Според Деспотовски, граѓаните се уморни од програми, ветувања, зборови и стратегии. Сакаат конкретни  резултати и мерливи ефекти.

-Само од почетокот на годинава имаме 2 000 нови работни места и тоа е нешто за кое треба да се радуваме сите. Крајно време е да се научи и оваа и секоја следна опозиција дека треба да се радува на заедничките, македонски успеси. Само во изминативе две години се отворени 3 500 нови работни места, а во последниве шест години во компаниите во зоните над 10 000 наши сограѓани добиле можност за работа. Овие бројки се реален резултат, а за да го постигнеме не е доволно само да имаме убаво напишани документи и ветувања, туку треба и да испорачаме, истакна Деспотовски.

The post Деспотовски: До крајот на 2024 година една милијарда евра инвестиции и удвојување на бројот вработени во ТИРЗ appeared first on Република.

]]>

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски очекува до крајот на 2024 година да се оствари зацртаната цел од една милијарда евра инвестиции и удвојување на бројот вработени. Деспотовски смета и дека во зоните ќе продолжи трендот на раст на платите, како и растот на приходите во Буџетот. Во вечерашното гостување на ТВ Сител, Деспотовски истакна дека само лани во Буџетот се слеале близу две милијарди денари по однос на придонеси и персонален данок на доход што за три пати го надминува нивото на државна поддршка исплатено за компаниите. Тоа се, како што напомена, три пати повеќе средства за надминување на последиците од енергетската и останатите предизвици со кои се соочува македонската економија. -Анализите на ТИРЗ покажуваат дека за едно вложено евро од државата, компаниите враќаат три, што е реален позитивен ефект од инвестициите и новиот концепт. Со новиот концепт, инвестициските договори на компаниите веќе вклучуваат врзување на дел од субвенциите со одредена динамика на раст на платите. Очекувам да продолжи растот од 2021 година кога платите во зоните првпат го надминаа државниот просек, рече директорот. Според Деспотовски, граѓаните се уморни од програми, ветувања, зборови и стратегии. Сакаат конкретни  резултати и мерливи ефекти.
-Само од почетокот на годинава имаме 2 000 нови работни места и тоа е нешто за кое треба да се радуваме сите. Крајно време е да се научи и оваа и секоја следна опозиција дека треба да се радува на заедничките, македонски успеси. Само во изминативе две години се отворени 3 500 нови работни места, а во последниве шест години во компаниите во зоните над 10 000 наши сограѓани добиле можност за работа. Овие бројки се реален резултат, а за да го постигнеме не е доволно само да имаме убаво напишани документи и ветувања, туку треба и да испорачаме, истакна Деспотовски.

The post Деспотовски: До крајот на 2024 година една милијарда евра инвестиции и удвојување на бројот вработени во ТИРЗ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски охрабрен од германската инвестиција во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-ohrabren-od-germanskata-investicija-vo-tetovo/ Thu, 11 Aug 2022 15:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=539199

Во Република Македонија првпат ќе се произведуваат електричните возила e-GO. На денешната владина седница ја одобривме владината поддршка за да се реализира оваа мултимилионска германска инвестиција, која ќе даде голем придонес во македонската економија, напиша попладнево на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.

Тој посочува дека првата фабрика од автомобилската индустрија во која првпат ќе се произведуваат целосни електрични автомобили се гради во ТИРЗ Тетово.

-Со изградбата на новата фабрика обезбедуваме нови работни места за нашите граѓани, договори за дополнитена соработка со други локални компании, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии. Ова е можност Македонија да биде мапирана од странските инвеститори од автомобилската индустрија. Како Влада правиме сѐ за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.

The post Ковачевски охрабрен од германската инвестиција во Тетово appeared first on Република.

]]>

Во Република Македонија првпат ќе се произведуваат електричните возила e-GO. На денешната владина седница ја одобривме владината поддршка за да се реализира оваа мултимилионска германска инвестиција, која ќе даде голем придонес во македонската економија, напиша попладнево на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски. Тој посочува дека првата фабрика од автомобилската индустрија во која првпат ќе се произведуваат целосни електрични автомобили се гради во ТИРЗ Тетово.
-Со изградбата на новата фабрика обезбедуваме нови работни места за нашите граѓани, договори за дополнитена соработка со други локални компании, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии. Ова е можност Македонија да биде мапирана од странските инвеститори од автомобилската индустрија. Како Влада правиме сѐ за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.

The post Ковачевски охрабрен од германската инвестиција во Тетово appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Отвораме нови работни места, Азовстал ќе го префрли производството во Македонија https://arhiva3.republika.mk/dvogled/kovachevski-otvorame-novi-rabotni-mesta-azovstal-kje-go-prefrli-proizvodstvoto-vo-makedonija/ Tue, 17 May 2022 12:04:48 +0000 https://republika.mk/?p=503341

Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски денес во вонредно обраќање на фејсбук соопшти дека сме на прагот на нова голема инвестиција, металуршкиот комбинат Азовстал кој ќе го префрли своето производство во нашата земја.

Според Ковачевски, оваа инвестиција ќе донесе нови работни места и голем напредок за државата.

Чест ми е да соопштам дека успеавме да привлечеме еден голем инвеститор. Тоа е металуршиот комбинат Азовстал кој ќе го пресели своето производство од Украина во Македонија. Се грижиме за народот, ја унапредуваме економијата! Градиме нови фабрики за среќен народ и подобра иднина, напишта Ковачевски на фејсбук.

Тој додаде дека 18.000 денари плата била основната причина зошто челниците на Азовстал се одлучиле да се преселат во Македонија.

Перспективите и среќата кои ги носат мерките на владиниот економски тим беа неодоливи за овој голем инвеститор. Иако финансиски тоа за нив ќе значи дека ќе плаќаат високи плати на работниците, сепак им беше чест да остваруваат помал профит но сепак да ја заживеат Македонија, додаде Ковачевски.

Според него, ова е само прва од многуте инвестиции кои Македонија ќе ги преземе од Украина, но и од светот.

На ред се фабриките на Гугл и Фејсбук, како и формула 1 трката која од Русија ќе ја преселиме да се одржува околу Свети Николе, со што уште еден завет на големиот Зоран Заев ќе биде реализиран, вели премиерот.

Фабриката на Азовстал се очекува да биде лоцирана во регионот на Криволак.

The post Ковачевски: Отвораме нови работни места, Азовстал ќе го префрли производството во Македонија appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски денес во вонредно обраќање на фејсбук соопшти дека сме на прагот на нова голема инвестиција, металуршкиот комбинат Азовстал кој ќе го префрли своето производство во нашата земја. Според Ковачевски, оваа инвестиција ќе донесе нови работни места и голем напредок за државата.
Чест ми е да соопштам дека успеавме да привлечеме еден голем инвеститор. Тоа е металуршиот комбинат Азовстал кој ќе го пресели своето производство од Украина во Македонија. Се грижиме за народот, ја унапредуваме економијата! Градиме нови фабрики за среќен народ и подобра иднина, напишта Ковачевски на фејсбук.
Тој додаде дека 18.000 денари плата била основната причина зошто челниците на Азовстал се одлучиле да се преселат во Македонија.
Перспективите и среќата кои ги носат мерките на владиниот економски тим беа неодоливи за овој голем инвеститор. Иако финансиски тоа за нив ќе значи дека ќе плаќаат високи плати на работниците, сепак им беше чест да остваруваат помал профит но сепак да ја заживеат Македонија, додаде Ковачевски.
Според него, ова е само прва од многуте инвестиции кои Македонија ќе ги преземе од Украина, но и од светот.
На ред се фабриките на Гугл и Фејсбук, како и формула 1 трката која од Русија ќе ја преселиме да се одржува околу Свети Николе, со што уште еден завет на големиот Зоран Заев ќе биде реализиран, вели премиерот.
Фабриката на Азовстал се очекува да биде лоцирана во регионот на Криволак.

The post Ковачевски: Отвораме нови работни места, Азовстал ќе го префрли производството во Македонија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Платите во ТИР зоните од 2017 година пораснаа за 7.000 денари, а компаниите ги зголемија инвестициите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-platite-vo-tir-zonite-od-2017-godina-porasnaa-za-7-000-denari-a-kompaniite-gi-zgolemija-investiciite/ Mon, 07 Feb 2022 13:48:45 +0000 https://republika.mk/?p=455176

Премиерот Ковачевски ги посети реномираните и успешни компании „Адиент“ и „Кондево“ во Трговско индустриската и развојна зона Штип каде вработените работат во современи, и пред сѐ безбедни услови. „Адиент“ и „Кондево“ се компании во кои постојано се вложува во опрема и иновации согласно најновите светски трендови, и каде вработените придонесуваат за извоз на производи со врвен квалитет.

Согласно анализите на Дирекцијата на ТИРЗ, после 2017 година бројот на вработени и на платите во фабриките во зоните е во постојан раст. Во периодот 2010 – 2016 година просечната плата во ТИРЗ изнесувала 21.700 денари, додека во периодот 2017 – 2020 година нето платите во просек достигнуваат 28.686 денари. Дополнително, просечниот број на вработени во ТИРЗ зголемен е повеќе од двојно. Во 2016 година регистрирани се 6.282 вработени, а во 2020, 12. 963 наши сограѓани работат во капацитетите изградени во зоните.

„Менаџментот на компанијата „Адиент“ вложува и во раст на платите на годишно ниво на 1.700 вработени наши сограѓани. Дополнително, инвестицијата на „Адиент“ во земјава, изнесува 20 милиони евра. Покрај оваа фабрика, тука во Штип, активно работи и нивната фабриката во ТИРЗ Струмица. Оваа реномирана компанија минатата година постигна нето извоз од скоро 12 милиони евра, при што извозот изнесува 69 милиони евра, а увозот е 57 милиони евра“, истакна Ковачевски.

Буџетот на државата во досегашниот период остварил близу 11 милијарди денари приходи по различни основи од компаниите во ТИРЗ. Во 2020, компаниите во ТИРЗ уплатиле над 2,4 милијарди денари во државната каса на име придонеси од задолжително социјално осигурување, трошоци за даноци на плати и надоместоци на плата и данок на добивка. Тоа е речиси четирикратно зголемување во однос на 2016 година.

И во услови на пандемија и глобална криза, постигнати се договори за инвестиции во вкупен обем од 188 милиони евра кои треба да донесат нови 2.700 работни места. Во напредна фаза на преговори се дополнителни инвестиции близу 300 милиони евра со нови над 1.500 вработувања. Трендот на зголемување на инвестициите и во овој мандат од 2021 – 2024 година се очекува да продолжи уште повеќе да расте.

Во оваа насока, Ковачевски го потенцираше и го поздрави амбициозниот план за новата инвестиција на компанијата „Кондево“. Станува збор за инвестиција од над 35 милиони евра за која веќе менаџментот на „Кондево“ достави план до Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони, а тоа значи и нови 288 вработувања.

Во ТИР зоната Штип во тек е реализацијата на најголема капитална инвестиција во инфраструктура во зоните до сега, во износ од 430 милиони денари, со што значително ќе се унапредат условите за влез на нови инвестиции.

The post Ковачевски: Платите во ТИР зоните од 2017 година пораснаа за 7.000 денари, а компаниите ги зголемија инвестициите appeared first on Република.

]]>

Премиерот Ковачевски ги посети реномираните и успешни компании „Адиент“ и „Кондево“ во Трговско индустриската и развојна зона Штип каде вработените работат во современи, и пред сѐ безбедни услови. „Адиент“ и „Кондево“ се компании во кои постојано се вложува во опрема и иновации согласно најновите светски трендови, и каде вработените придонесуваат за извоз на производи со врвен квалитет. Согласно анализите на Дирекцијата на ТИРЗ, после 2017 година бројот на вработени и на платите во фабриките во зоните е во постојан раст. Во периодот 2010 – 2016 година просечната плата во ТИРЗ изнесувала 21.700 денари, додека во периодот 2017 – 2020 година нето платите во просек достигнуваат 28.686 денари. Дополнително, просечниот број на вработени во ТИРЗ зголемен е повеќе од двојно. Во 2016 година регистрирани се 6.282 вработени, а во 2020, 12. 963 наши сограѓани работат во капацитетите изградени во зоните. „Менаџментот на компанијата „Адиент“ вложува и во раст на платите на годишно ниво на 1.700 вработени наши сограѓани. Дополнително, инвестицијата на „Адиент“ во земјава, изнесува 20 милиони евра. Покрај оваа фабрика, тука во Штип, активно работи и нивната фабриката во ТИРЗ Струмица. Оваа реномирана компанија минатата година постигна нето извоз од скоро 12 милиони евра, при што извозот изнесува 69 милиони евра, а увозот е 57 милиони евра“, истакна Ковачевски. Буџетот на државата во досегашниот период остварил близу 11 милијарди денари приходи по различни основи од компаниите во ТИРЗ. Во 2020, компаниите во ТИРЗ уплатиле над 2,4 милијарди денари во државната каса на име придонеси од задолжително социјално осигурување, трошоци за даноци на плати и надоместоци на плата и данок на добивка. Тоа е речиси четирикратно зголемување во однос на 2016 година. И во услови на пандемија и глобална криза, постигнати се договори за инвестиции во вкупен обем од 188 милиони евра кои треба да донесат нови 2.700 работни места. Во напредна фаза на преговори се дополнителни инвестиции близу 300 милиони евра со нови над 1.500 вработувања. Трендот на зголемување на инвестициите и во овој мандат од 2021 – 2024 година се очекува да продолжи уште повеќе да расте. Во оваа насока, Ковачевски го потенцираше и го поздрави амбициозниот план за новата инвестиција на компанијата „Кондево“. Станува збор за инвестиција од над 35 милиони евра за која веќе менаџментот на „Кондево“ достави план до Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони, а тоа значи и нови 288 вработувања. Во ТИР зоната Штип во тек е реализацијата на најголема капитална инвестиција во инфраструктура во зоните до сега, во износ од 430 милиони денари, со што значително ќе се унапредат условите за влез на нови инвестиции.

The post Ковачевски: Платите во ТИР зоните од 2017 година пораснаа за 7.000 денари, а компаниите ги зголемија инвестициите appeared first on Република.

]]>
Србија со 3.9 милијарди евра странски инвестиции, 250 фабрики и 12.000 нови вработувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-so-3-9-milijardi-evra-stranski-investicii-250-fabriki-i-12-000-novi-vrabotuvanja/ Mon, 10 Jan 2022 14:50:51 +0000 https://republika.mk/?p=442575

Србија ја заокружи годината што измина со рекорди. Странските инвестиции достигнаа 3.9 милијарди евра странски инвестиции.

Досега се отворени 12.000 нови работни места и 250 нови фабрики.

Премиерката Ана Бранбиќ вели дека се презадоволни со резултатите.

Ова е рекордна година во време на корона криза. Платите во овие фабрики постојано растат и тоа ме радува-вели Брнабиќ.

The post Србија со 3.9 милијарди евра странски инвестиции, 250 фабрики и 12.000 нови вработувања appeared first on Република.

]]>

Србија ја заокружи годината што измина со рекорди. Странските инвестиции достигнаа 3.9 милијарди евра странски инвестиции. Досега се отворени 12.000 нови работни места и 250 нови фабрики. Премиерката Ана Бранбиќ вели дека се презадоволни со резултатите.