странска инвестиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stranska-investicija/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 11:12:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png странска инвестиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stranska-investicija/ 32 32 Мицкоски: Нова странска инвестиција од 65 милиони евра и 700 вработувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-nova-stranska-investitsija-od-65-milioni-evra-i-700-vrabotuvana/ Wed, 04 Sep 2024 11:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=813061

Денеска присуствував во ТИРЗ Скопје на одбележување на почетокот на градбата на новата инвестиција на германската компанија BMZ Group која се занимава со изградба на литиум јонски батерии, објави премиерот Христијан Мицкоски.

Во првите години ќе имаме 35, 40 милиони евра, максимум 60 милиони во првите три години извоз, понатаму може тој извоз да достигне и до 130, па и повеќе милиони евра, нешто што позитивно ќе влијае за нашата македонска економија. Инвестиција од 65 милиони евра и 700 нови вработувања

The post Мицкоски: Нова странска инвестиција од 65 милиони евра и 700 вработувања appeared first on Република.

]]>

На почетокот на септември нова инвестиција, најави Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/na-pochetokot-na-septemvri-nova-investitsija-najavi-mitskoski/ Tue, 27 Aug 2024 05:26:07 +0000 https://republika.mk/?p=810375

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во првата недела од септември очекува да биде поставен камен темелник на нова инвестиција во државата.

- Очекувам првата недела во септември да имаме камен темелник на нова инвестиција, со што уште еднаш ќе покажеме посветеност на тоа што ние како Влада го работиме. Сакам да и се заблагодарам на претходната влада што работеле на оваа инвестиција, но било потребно да се промени владата па оваа инвестиција да биде реалност, рече вчера Мицкоски.

Многу скоро, како што рече, ќе биде поставен и камен темелник на фирмата „Ипсотек“.

- Фирмата „Ипсотек“ ја најавивме кога станавме влада. За неколку недели оваа инвестиција ја ставивме во функција, а последно што знам е дека е добиено мислење од Комисијата за заштита на конкуренцијата и многу скоро, за неколку недели, ќе имаме и камен темелник на оваа институција. Исто така, има две инвестиции на постојани компании што очекувам да бидат потврдени до крајот на годината. Станува збор за огромни компании кои веќе се присутни кај нас, огромни инвестиции кои значително ќе влијаат врз БДП, рече Мицкоски.

Тој напомена дека се преговара и за една нова инвестиција во вредност од 150 милиони евра, за која, што рече, дека сме во најтесна конкуренција со една европска држава, членка на ЕУ и поранешна членка на источниот блок.

Информираше дека многу скоро ќе биде донесено и законското решение за данокот на добивка за мултинационалните компании кои ќе консолидираат профит поголем од 50 милиони евра.

- Има многу работи кои уште треба да ги дефинираме, но во следните месец-два мислам дека овој закон ќе се најде во владина седница, а потоа и во парламентарна процедура, со што ќе бидеме држава со убедливо најнизок данок во Европа, мислам дека и во светот, рече Мицкоски.

The post На почетокот на септември нова инвестиција, најави Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во првата недела од септември очекува да биде поставен камен темелник на нова инвестиција во државата. - Очекувам првата недела во септември да имаме камен темелник на нова инвестиција, со што уште еднаш ќе покажеме посветеност на тоа што ние како Влада го работиме. Сакам да и се заблагодарам на претходната влада што работеле на оваа инвестиција, но било потребно да се промени владата па оваа инвестиција да биде реалност, рече вчера Мицкоски. Многу скоро, како што рече, ќе биде поставен и камен темелник на фирмата „Ипсотек“.
- Фирмата „Ипсотек“ ја најавивме кога станавме влада. За неколку недели оваа инвестиција ја ставивме во функција, а последно што знам е дека е добиено мислење од Комисијата за заштита на конкуренцијата и многу скоро, за неколку недели, ќе имаме и камен темелник на оваа институција. Исто така, има две инвестиции на постојани компании што очекувам да бидат потврдени до крајот на годината. Станува збор за огромни компании кои веќе се присутни кај нас, огромни инвестиции кои значително ќе влијаат врз БДП, рече Мицкоски.
Тој напомена дека се преговара и за една нова инвестиција во вредност од 150 милиони евра, за која, што рече, дека сме во најтесна конкуренција со една европска држава, членка на ЕУ и поранешна членка на источниот блок. Информираше дека многу скоро ќе биде донесено и законското решение за данокот на добивка за мултинационалните компании кои ќе консолидираат профит поголем од 50 милиони евра.
- Има многу работи кои уште треба да ги дефинираме, но во следните месец-два мислам дека овој закон ќе се најде во владина седница, а потоа и во парламентарна процедура, со што ќе бидеме држава со убедливо најнизок данок во Европа, мислам дека и во светот, рече Мицкоски.

The post На почетокот на септември нова инвестиција, најави Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Параглајдингот го донесе менаџерот на „Бреинчајлд“ во Македонија, планира две нови компании од 13,5 милиони евра во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/paraglajdingot-go-donese-menadherot-na-breinchajld-vo-makedonija-planira-dve-novi-kompanii-od-13-5-milioni-evra-vo-bitola/ Thu, 20 Apr 2023 11:21:14 +0000 https://republika.mk/?p=632437

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска во Битола ја посети компанијата „Бреинчајлд“ специјализирана за производство на спортска опрема наменета за сурфање на водени површини и за параглајдинг.

Како што истакна вицепремиерот Битиќи, „Бреинчајлд“ е новоформирана, прогресивна и амбициозна компанија која својот развој го планира во Македонија, за што потврда е дека во нашата земја имаме атрактивен и стимулативен економски амбиент.

„Бреинчајлд“ планира основање на две нови компании, од една во делот на производството, а другата фокусирана во активности на истражување и развој, со вкупна вредност од 13,5 милиони евра. Вредноста на планираната инвестиција во производство е 11,5 милиони евра и притоа во наредните пет години ќе се отворат 275 нови работни места, а со проектираната цел за 10 години, да се реализираат вкупно 530 вработувања, додека во делот за истражување и развој се планирани 35 нови работни места, посочи вицепремиерот Битиќи.

За реализација на инвестициите, компанијата „Бреинчајлд“ има обезбедено градежни парцели во индустриската зона Жабени.

Со реализацијата на оваа инвестиција уште еднаш се покажа дека како држава имаме изградено реален капацитет и услови за поттикнување и реализација на нови инвестиции во делот на реалниот сектор, кои отвораат нови добро платени работни места, нагласи вицепремиерот Битиќи.

Компанијата „Бреинчајлд“ е специјализирана за спортски производи изработени од еколошки одржливи материјали и со користење на најсовремена технологија за производство.

Како германски граѓанин одлучив да инвестирам тука, затоа што Македонија е во срцето на Европа. Претходно инвестирав во Украина, Азија и Кина. Нашата новосоздадена лабораторија со седиште во Битола ќе примени нови стандарди и ќе има нови работни места, посочи Ралф Хенинг Гросел, менаџер на компанијата и додаде дека сака параглајдинг и учествувал на натпреварите во Крушево и на Галичица.

На прес-конференцијата во Битола беше соопштено дека во моментов во Македонија има портфолио со над 600 компании кои добиле државна помош, од кои 98 отсто се домашни, а само два проценти странски компании.

The post Параглајдингот го донесе менаџерот на „Бреинчајлд“ во Македонија, планира две нови компании од 13,5 милиони евра во Битола appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска во Битола ја посети компанијата „Бреинчајлд“ специјализирана за производство на спортска опрема наменета за сурфање на водени површини и за параглајдинг. Како што истакна вицепремиерот Битиќи, „Бреинчајлд“ е новоформирана, прогресивна и амбициозна компанија која својот развој го планира во Македонија, за што потврда е дека во нашата земја имаме атрактивен и стимулативен економски амбиент.