Страхил Петровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strahil-petrovski/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 07:58:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Страхил Петровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/strahil-petrovski/ 32 32 Публикацијата „Синергија во времето“ на Страхил Петровски ќе има промоција во Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/publikatsijata-sinergija-vo-vremeto-na-strahil-petrovski-ke-ima-promotsija-vo-veles/ Wed, 14 Feb 2024 07:58:04 +0000 https://republika.mk/?p=743860

„Синергија во времето“ е насловена публикацијата на визуелниот и мултимедијален уметник Страхил Петровски, која ќе биде промовира денеска во Ликовниот салон во Велес. Промотори на публикацијата ќе бидат Златко Теодосиевски, историчар на уметност,Лазе Трипков, визуелен уметник и Дарко Николовски, историчар на уметноста.

Публикацијата е поддржана од Министерството за култура и Музеј Велес.

Како што пишува историчарот на уметноста Златко Теодосиевски, секој ќе си пронајде своја приказна во ангажманот на Страхил да му вдахне (нова?) душа на ремек делото на тројцата спомнати автори на Спомен-костурницата.

Многу современи критичари велат дека интерпретацијата на уметничкото дело е непотребна, тоа или се доживува, или – не, пишува Теодосиевски.

Тој додава дека за уметникот, реалното време не постои, а светот, па и уметноста, се движење, акција, синергија. Уметникот ги собира импресиите од движењето низ времето.

Ако останеме настрана, ако не го следиме – загубата е наша, ускратени сме од несекојдневно доживување на интерполација на едно уметничко дело, ова на Страхил, во друго уметничко дело, она на Суботин, Денковиќ и Мазев, наречено Спомен-костурница во Велес. Дали е тоа таа синергија за којашто говори насловот на видео делото на Страхил? Да-синергиите помеѓу современото и минатото, историското и уметничкото, естетското и херојското, миговното и вечното пишува Теодосиевски.

Страхил Петровски е роден во Куманово. Тој е претставник на средната генерација визуелни и мултимедијални уметници. Дипломира и завршува постдипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, на Факултет за ликовни уметности, работи како надворешен соработник на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а ангажиран е и во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје како надворешен соработник и работи на научноистражувачки проект „Брестал“. Неговата уметничка практика опфаќа повеќе форми и медиуми на изразување, како што се: сликарство, инсталација, концептуална уметност, фотографија и видеоуметност. Петровски, особено во последните години, користи теми поврзани со егзистенцијализмот и социополитички прашања како постконцептуален дискурс, но и длабоко естетски решенија како формалистички интерес. Голем број негови дела се наоѓаат во јавни и во приватни колекции, вклучувајќи музеи и галерии во земјава и во странство.

Член е на ДЛУМ од 1997 година, на ИКОМОС од 2001 до 2007 година и на ИКОМ од 2011 до денес. Работи како советник конзерватор – реставратор во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје и како доцент по предметите фотографија и мултимедија на Факултетот за арт и дизајн при Европски Универзитет, Скопје.

Реализирал бројни самостојни изложби во државава и странство, во Братислава, Париз, Њујорк, Виена. Учествувал на повеќе од 80 групни изложби, ликовни колонии, симпозиуми и семинари во државава и во странство, добитник е на бројни награди.

 

The post Публикацијата „Синергија во времето“ на Страхил Петровски ќе има промоција во Велес appeared first on Република.

]]>

„Синергија во времето“ е насловена публикацијата на визуелниот и мултимедијален уметник Страхил Петровски, која ќе биде промовира денеска во Ликовниот салон во Велес. Промотори на публикацијата ќе бидат Златко Теодосиевски, историчар на уметност,Лазе Трипков, визуелен уметник и Дарко Николовски, историчар на уметноста. Публикацијата е поддржана од Министерството за култура и Музеј Велес. Како што пишува историчарот на уметноста Златко Теодосиевски, секој ќе си пронајде своја приказна во ангажманот на Страхил да му вдахне (нова?) душа на ремек делото на тројцата спомнати автори на Спомен-костурницата.
Многу современи критичари велат дека интерпретацијата на уметничкото дело е непотребна, тоа или се доживува, или – не, пишува Теодосиевски.
Тој додава дека за уметникот, реалното време не постои, а светот, па и уметноста, се движење, акција, синергија. Уметникот ги собира импресиите од движењето низ времето.
Ако останеме настрана, ако не го следиме – загубата е наша, ускратени сме од несекојдневно доживување на интерполација на едно уметничко дело, ова на Страхил, во друго уметничко дело, она на Суботин, Денковиќ и Мазев, наречено Спомен-костурница во Велес. Дали е тоа таа синергија за којашто говори насловот на видео делото на Страхил? Да-синергиите помеѓу современото и минатото, историското и уметничкото, естетското и херојското, миговното и вечното пишува Теодосиевски.
Страхил Петровски е роден во Куманово. Тој е претставник на средната генерација визуелни и мултимедијални уметници. Дипломира и завршува постдипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, на Факултет за ликовни уметности, работи како надворешен соработник на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а ангажиран е и во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје како надворешен соработник и работи на научноистражувачки проект „Брестал“. Неговата уметничка практика опфаќа повеќе форми и медиуми на изразување, како што се: сликарство, инсталација, концептуална уметност, фотографија и видеоуметност. Петровски, особено во последните години, користи теми поврзани со егзистенцијализмот и социополитички прашања како постконцептуален дискурс, но и длабоко естетски решенија како формалистички интерес. Голем број негови дела се наоѓаат во јавни и во приватни колекции, вклучувајќи музеи и галерии во земјава и во странство. Член е на ДЛУМ од 1997 година, на ИКОМОС од 2001 до 2007 година и на ИКОМ од 2011 до денес. Работи како советник конзерватор – реставратор во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје и како доцент по предметите фотографија и мултимедија на Факултетот за арт и дизајн при Европски Универзитет, Скопје. Реализирал бројни самостојни изложби во државава и странство, во Братислава, Париз, Њујорк, Виена. Учествувал на повеќе од 80 групни изложби, ликовни колонии, симпозиуми и семинари во државава и во странство, добитник е на бројни награди.  

The post Публикацијата „Синергија во времето“ на Страхил Петровски ќе има промоција во Велес appeared first on Република.

]]>
Реминисценции: изложба на цртежи на Страхил Петровски во Струмица https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/reministsentsii-izlozhba-na-tsrtezhi-na-strahil-petrovski-vo-strumitsa/ Wed, 24 Jan 2024 16:11:52 +0000 https://republika.mk/?p=736401

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“, во соработка со кафе-барот „Нагоре“ во Струмица, како дел од неформалниот тековен концепт-проект #ЅидНаУметноста, оваа сабота, 27 јануари 2024 година, во 21 часот, ќе ја отворат изложбата на цртежи со наслов „Реминисценции“ на Страхил Петровски.

Митко Гогов, организатор на оваа серија изложби за колекцијата „Реминисценции“, ќе напише:

„Реминисцении“ содржи 12 дела, кои меѓусебно се надополнуваат, дејствуваат и го окупираат просторот со експресија, која е препознатлива во неговиот визуелен израз. Мрачни предели, брзи, храбри движења, перфекционистички минимализам, независно преку кои димензии и формат се изразува, спектарот не останува рамнодушен. Страхил Петровски комуницира интуитивно, жестоко, дури и сурово, структурата на неговиот ликовен јазик е впечатлива, иако дводимензионални, тие откриваат повеќе слоеви, просторни димензии, кои како камелеон се адаптираат во разни, по можност отворени, широки простори. Може да се почувствува инхалирање на космичкиот мир, а да се види конкретниот хаос, кој е во некоја неповторлива хармонија со линиите и потезите. Тој прави духовно поврзување и изнудува филозофско истражување и преиспитување на досега познатото апстракно, во контекст на задолжително присуство во сегашниот момент, притоа посегнувајќи кон реверзија, или како што кажува самиот наслов, реминисценции. Преку таквиот интимен однос со минатато лично и колективно, оваа изложба е пресек на времепловот, оска од која може да се види наназад, но и убедливо кон идните општествено психолошки расплети.

„Реминисценции“ претставува склоп од ангажирани микрокосмоси, длабоки како и самиот карактер на авторот, мистериозни и со силен интензитет на препознатливост. Со неговиот манир и начин на изразување тој гради кумулативна атмосфера, истовремено илузиорна и сеприсутна.

Роден 1974 година во Куманово, Република Македонија, Страхил Петровски е претставник на средната генерација визуелни и мултимедијални уметници. Тој дипломира сликарство во 1997 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Факултет за ликовни уметности, во класата на ред. проф. Родољуб Анастасов, по што во 2000 година завршува постдипломски студии на истиот факултет кај истиот ментор. Од 2000 до 2002 година работи како надворешен соработник демонстратор по предметот Сликарска технологија и сликарски техники, кај проф. Момчило Петровски и проф. Вело Ташовски на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а од 2002 до 2010 година хонорарно е ангажиран во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје како надворешен соработник конзерватор во лабораторијата за конзервација и реставрација на икони. Учествува и во реализацијата на првиот научноистражувачки проект „Брестал“, под менторство на проф. Момчило Петровски, на Факултетот за ликовни уметности – Скопје.

Неговата уметничка практика опфаќа повеќе форми и медиуми на изразување, како што се: сликарство, инсталација, концептуална уметност, фотографија и видеоуметност. Петровски, особено во последните години, користи теми поврзани со егзистенцијализмот и социополитичките прашања како постконцептуален дискурс, но и длабоко естетски решенија како формалистички интерес.

Член е на ДЛУМ од 1997 година, на ИКОМОС од 2001 до 2007 година и на ИКОМ од 2011 до денес. Работи како советник конзерватор – реставратор во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје и како доцент по предметите Фотографија и мултимедија на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Скопје.

Досега реализирал повеќе од 20 самостојни изложби во Македонија и надвор, учествувал на повеќе од 80 групни изложни и добитник е на повеќе национални и меѓународни награди и признанија.

 

The post Реминисценции: изложба на цртежи на Страхил Петровски во Струмица appeared first on Република.

]]>

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“, во соработка со кафе-барот „Нагоре“ во Струмица, како дел од неформалниот тековен концепт-проект #ЅидНаУметноста, оваа сабота, 27 јануари 2024 година, во 21 часот, ќе ја отворат изложбата на цртежи со наслов „Реминисценции“ на Страхил Петровски. Митко Гогов, организатор на оваа серија изложби за колекцијата „Реминисценции“, ќе напише: „Реминисцении“ содржи 12 дела, кои меѓусебно се надополнуваат, дејствуваат и го окупираат просторот со експресија, која е препознатлива во неговиот визуелен израз. Мрачни предели, брзи, храбри движења, перфекционистички минимализам, независно преку кои димензии и формат се изразува, спектарот не останува рамнодушен. Страхил Петровски комуницира интуитивно, жестоко, дури и сурово, структурата на неговиот ликовен јазик е впечатлива, иако дводимензионални, тие откриваат повеќе слоеви, просторни димензии, кои како камелеон се адаптираат во разни, по можност отворени, широки простори. Може да се почувствува инхалирање на космичкиот мир, а да се види конкретниот хаос, кој е во некоја неповторлива хармонија со линиите и потезите. Тој прави духовно поврзување и изнудува филозофско истражување и преиспитување на досега познатото апстракно, во контекст на задолжително присуство во сегашниот момент, притоа посегнувајќи кон реверзија, или како што кажува самиот наслов, реминисценции. Преку таквиот интимен однос со минатато лично и колективно, оваа изложба е пресек на времепловот, оска од која може да се види наназад, но и убедливо кон идните општествено психолошки расплети. „Реминисценции“ претставува склоп од ангажирани микрокосмоси, длабоки како и самиот карактер на авторот, мистериозни и со силен интензитет на препознатливост. Со неговиот манир и начин на изразување тој гради кумулативна атмосфера, истовремено илузиорна и сеприсутна. Роден 1974 година во Куманово, Република Македонија, Страхил Петровски е претставник на средната генерација визуелни и мултимедијални уметници. Тој дипломира сликарство во 1997 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Факултет за ликовни уметности, во класата на ред. проф. Родољуб Анастасов, по што во 2000 година завршува постдипломски студии на истиот факултет кај истиот ментор. Од 2000 до 2002 година работи како надворешен соработник демонстратор по предметот Сликарска технологија и сликарски техники, кај проф. Момчило Петровски и проф. Вело Ташовски на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а од 2002 до 2010 година хонорарно е ангажиран во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје како надворешен соработник конзерватор во лабораторијата за конзервација и реставрација на икони. Учествува и во реализацијата на првиот научноистражувачки проект „Брестал“, под менторство на проф. Момчило Петровски, на Факултетот за ликовни уметности – Скопје. Неговата уметничка практика опфаќа повеќе форми и медиуми на изразување, како што се: сликарство, инсталација, концептуална уметност, фотографија и видеоуметност. Петровски, особено во последните години, користи теми поврзани со егзистенцијализмот и социополитичките прашања како постконцептуален дискурс, но и длабоко естетски решенија како формалистички интерес. Член е на ДЛУМ од 1997 година, на ИКОМОС од 2001 до 2007 година и на ИКОМ од 2011 до денес. Работи како советник конзерватор – реставратор во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје и како доцент по предметите Фотографија и мултимедија на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Скопје. Досега реализирал повеќе од 20 самостојни изложби во Македонија и надвор, учествувал на повеќе од 80 групни изложни и добитник е на повеќе национални и меѓународни награди и признанија.  

The post Реминисценции: изложба на цртежи на Страхил Петровски во Струмица appeared first on Република.

]]>
„Фрагментирани реалности” мултимедијален проект на Страхил Петровски во КИЦ Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/fragmentirani-realnosti-multimedijalen-proekt-na-strahil-petrovski-vo-kits-skopje/ Fri, 24 Nov 2023 07:49:20 +0000 https://republika.mk/?p=715712

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Фрагментирани реалности“ од мултимедијалниот уметник Страхил Петровски. Проектот е субјективна реакција и рефлексија на авторот на она што му (ни) се случува во ова проблематично и турбулентно време (и години наназад).

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, историчар на уметноста.

Авторот вели дека оваа изложба нема цел да ги реши проблемите, туку да генерира прашања, проблеми на свеста и совеста, да ги истражи основните вредности на нашето постоење (онтолошкото во нас како битија), слободата, напредокот, цензурата, самоцензурата – преминувајќи во фрази кои се спротивставуваат на овие принципи и ја ставаат под ризик слободата на човештвото…

Изложбата е дел од културната понуда на Град Скопје, во рамките на иницијативата Европска престолнина на културата 2028, а ќе биде отворена до 4 декември.

The post „Фрагментирани реалности” мултимедијален проект на Страхил Петровски во КИЦ Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Фрагментирани реалности“ од мултимедијалниот уметник Страхил Петровски. Проектот е субјективна реакција и рефлексија на авторот на она што му (ни) се случува во ова проблематично и турбулентно време (и години наназад). Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, историчар на уметноста. Авторот вели дека оваа изложба нема цел да ги реши проблемите, туку да генерира прашања, проблеми на свеста и совеста, да ги истражи основните вредности на нашето постоење (онтолошкото во нас како битија), слободата, напредокот, цензурата, самоцензурата – преминувајќи во фрази кои се спротивставуваат на овие принципи и ја ставаат под ризик слободата на човештвото… Изложбата е дел од културната понуда на Град Скопје, во рамките на иницијативата Европска престолнина на културата 2028, а ќе биде отворена до 4 декември.

The post „Фрагментирани реалности” мултимедијален проект на Страхил Петровски во КИЦ Скопје appeared first on Република.

]]>
Страхил Петровски доби Гран при на 19. Зимски салон на ДЛУМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/strahil-petrovski-dobi-gran-pri-na-19-zimski-salon-na-dlum/ Fri, 11 Feb 2022 21:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=457374

Уметникот Страхил Петровски за триптихот „Лимитиран свет“ – комбинирана техника на панел/видео доби Гран при на 19. Зимски салон на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Наградата е престој во ателјето Cité internationale des arts во Париз, а ја обезбедува Министерството за култура.

Изложбата под наслов „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“ е отворена во Чифте амам во Старата скопска чаршија. Селектор на Зимски салон е романската професорка Анка Боериу од Националниот универзитет за уметности во Букурешт. Претставени дела на 41 македонски автор и петмина автори-гости од Романија.

The post Страхил Петровски доби Гран при на 19. Зимски салон на ДЛУМ appeared first on Република.

]]>

Уметникот Страхил Петровски за триптихот „Лимитиран свет“ – комбинирана техника на панел/видео доби Гран при на 19. Зимски салон на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Наградата е престој во ателјето Cité internationale des arts во Париз, а ја обезбедува Министерството за култура. Изложбата под наслов „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“ е отворена во Чифте амам во Старата скопска чаршија. Селектор на Зимски салон е романската професорка Анка Боериу од Националниот универзитет за уметности во Букурешт. Претставени дела на 41 македонски автор и петмина автори-гости од Романија.

The post Страхил Петровски доби Гран при на 19. Зимски салон на ДЛУМ appeared first on Република.

]]>