стоти роденден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stoti-rodenden/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Feb 2022 08:13:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стоти роденден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stoti-rodenden/ 32 32 Светот денеска ја прославува стогодишнината од објавувањето на „Улис“ на Џејмс Џојс https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svetot-deneska-ja-proslavuva-stogodishninata-od-objavuvanjeto-na-ulis-na-dzejms-dzojs/ Wed, 02 Feb 2022 08:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=452736

Денеска светот ја прославува стогодишнината од отпечатувањето на романот „Улис“ од ирскиот писател Џејмс Џојс. Овој роман, веќе со децении важи за еден од најголемите романи на ХХ век и едно од најважните дела напишани во историјата.

На 2 февруари 1922 година, Силвија Бич, сопственичката на париската книжарница „Шекспир и компани“, за првпат во целост го објавила романот „Улис“. Џојс го пишувал романот седум години додека живеел во Трст, Цирих и Париз и долго време се мачел да го објави своето животно дело, сè додека тоа не се случило, симболично, на неговиот четириесетти роденден.

[caption id="attachment_452754" align="alignnone" width="685"] Силвија Бич и Џејмс Џојс во париската книжарница, 1922[/caption]

Долги години „Улис“ бил сметан за контроверзен роман, забранет за печат во многу земји, па оние што сакале да го читаат морале да го набавуваат на нелегални начини. Сепак, со текот на времето човештвото ја увидело неговата големина и брилијантност и денес „Улис“ со право се смета за ремек-дело на дваесеттиот век.

Низ светот до денес „Улис“ е преведен на повеќе од 40 јазици. На македонски, во неговата интегрална форма, преведен во оригинал и со неопходните анотации романот излезе во 2013 година, во превод на Марија Гиревска, во издание на издавачката куќа „Полица“. Оттогаш „Улис“ доживеа три изданија: 2013, 2017, 2019 година. Гиревска најавува дека по повод роденденот на Улис, годинава подготвува ново издание на „Улис“ на македонски.

[caption id="attachment_452751" align="alignnone" width="679"] Последното издание на „Улис“ од Џејмс Џојс, Полица, 2019 (фото: Наташа Атанасова)[/caption]

По повод стогодишнината, повеќе од стотина писатели, уметници и музичари, меѓу кои и Маргарет Атвуд и Салман Ружди, од 2 февруари до 16 јуни (денот познат како Блумсдеј) здружено ќе го читаат „Улис“. Подкастот може да се следи на следниов линк на денес легендарната книжарница „Шекспир и компани“: https://shakespeareandcompany.com/event/1072/friends-of-shakespeare-and-company-read-ulysses-by-james-joyce

 

 

The post Светот денеска ја прославува стогодишнината од објавувањето на „Улис“ на Џејмс Џојс appeared first on Република.

]]>

Денеска светот ја прославува стогодишнината од отпечатувањето на романот „Улис“ од ирскиот писател Џејмс Џојс. Овој роман, веќе со децении важи за еден од најголемите романи на ХХ век и едно од најважните дела напишани во историјата. На 2 февруари 1922 година, Силвија Бич, сопственичката на париската книжарница „Шекспир и компани“, за првпат во целост го објавила романот „Улис“. Џојс го пишувал романот седум години додека живеел во Трст, Цирих и Париз и долго време се мачел да го објави своето животно дело, сè додека тоа не се случило, симболично, на неговиот четириесетти роденден. [caption id="attachment_452754" align="alignnone" width="685"] Силвија Бич и Џејмс Џојс во париската книжарница, 1922[/caption] Долги години „Улис“ бил сметан за контроверзен роман, забранет за печат во многу земји, па оние што сакале да го читаат морале да го набавуваат на нелегални начини. Сепак, со текот на времето човештвото ја увидело неговата големина и брилијантност и денес „Улис“ со право се смета за ремек-дело на дваесеттиот век. Низ светот до денес „Улис“ е преведен на повеќе од 40 јазици. На македонски, во неговата интегрална форма, преведен во оригинал и со неопходните анотации романот излезе во 2013 година, во превод на Марија Гиревска, во издание на издавачката куќа „Полица“. Оттогаш „Улис“ доживеа три изданија: 2013, 2017, 2019 година. Гиревска најавува дека по повод роденденот на Улис, годинава подготвува ново издание на „Улис“ на македонски. [caption id="attachment_452751" align="alignnone" width="679"] Последното издание на „Улис“ од Џејмс Џојс, Полица, 2019 (фото: Наташа Атанасова)[/caption] По повод стогодишнината, повеќе од стотина писатели, уметници и музичари, меѓу кои и Маргарет Атвуд и Салман Ружди, од 2 февруари до 16 јуни (денот познат како Блумсдеј) здружено ќе го читаат „Улис“. Подкастот може да се следи на следниов линк на денес легендарната книжарница „Шекспир и компани“: https://shakespeareandcompany.com/event/1072/friends-of-shakespeare-and-company-read-ulysses-by-james-joyce    

The post Светот денеска ја прославува стогодишнината од објавувањето на „Улис“ на Џејмс Џојс appeared first on Република.

]]>