Стопанската комора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stopanskata-komora/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Sep 2023 10:51:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стопанската комора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stopanskata-komora/ 32 32 Стопанската комора очекува Законот за солидарен данок да биде повлечен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stopanskata-komora-ochekuva-zakonot-za-solidaren-danok-da-bide-povlechen/ Mon, 25 Sep 2023 10:51:41 +0000 https://republika.mk/?p=684946

Стопанска комора очекува Законот за солидарен данок да биде повлечен. Нејзините правни тимови велат дека ова законско решение „лебди во воздух“ по неколку основи, пред се, зашто е ретроактивно, непринципиелно и зашто не ја исполнува целта за која е наменето.

-Би било несоодветно министерот да каже дека немаме право да го оспориме Законот на Уставен суд. Нашите правни тимови велат дека по неколку основи тој Закон „лебди во воздух“ и има основа да биде оспорен пред Судот. Очекуваме Законот да биде повлечен, пред се зашто е ретроактивен, не е принципиелен, се однесува само на одредена група компании и не ја исполнува целта за која е наменет. Засегнати ќе бидат фирми кои немаат никаква врска со бенефитот од енергетската и КОВИД кризата, изјави денеска извршниот директор на Комората, Антони Пешев пред конференцијата „Водење бизнис со ЕУ – како да се постигне поинтензивна трговска соработка меѓу Македонија и Полска“.

Како што истакна Пешев, иако во текот на договарањето со компаниите околу поевтинувањето на производите Владата ветила дека ќе им каже која дата ќе биде земена како репер, тоа не го сторила,

Тој го повтори ставот на бизнисот, дека секој закон треба да се носи согласно т.н. даночен календар.

-Компаниите треба да знаат порано три до шест месеци за да си го прилагодат своето работење, а не како сега, да донесете закон шест месеци откога е истечен и откако се распределени добивките на компаниите. Како ќе им ги земете кога повеќето се со странски инвеститори и тие ги имаат повлечено парите. Цениме дека овој Закон можеби можел да биде донесен, но порано од што истекол рокот, нагласи Пешев.

По донесувањето на Законот за солидарен данок минатата недела, реагираа сите стопански комори, а Стопанската комора најави, како што и претходно предупредуваше, дека ќе го оспори пред Уставен суд. Министерот за економија Крешник Бектеши во четвртокот, одговорајќи на новинарски прашања, и порача на Комората тоа да го стори. Ако Законот биде оспорен, како што рече, Владата е обврзана тоа да го почитува.

The post Стопанската комора очекува Законот за солидарен данок да биде повлечен appeared first on Република.

]]>

Стопанска комора очекува Законот за солидарен данок да биде повлечен. Нејзините правни тимови велат дека ова законско решение „лебди во воздух“ по неколку основи, пред се, зашто е ретроактивно, непринципиелно и зашто не ја исполнува целта за која е наменето. -Би било несоодветно министерот да каже дека немаме право да го оспориме Законот на Уставен суд. Нашите правни тимови велат дека по неколку основи тој Закон „лебди во воздух“ и има основа да биде оспорен пред Судот. Очекуваме Законот да биде повлечен, пред се зашто е ретроактивен, не е принципиелен, се однесува само на одредена група компании и не ја исполнува целта за која е наменет. Засегнати ќе бидат фирми кои немаат никаква врска со бенефитот од енергетската и КОВИД кризата, изјави денеска извршниот директор на Комората, Антони Пешев пред конференцијата „Водење бизнис со ЕУ – како да се постигне поинтензивна трговска соработка меѓу Македонија и Полска“. Како што истакна Пешев, иако во текот на договарањето со компаниите околу поевтинувањето на производите Владата ветила дека ќе им каже која дата ќе биде земена како репер, тоа не го сторила, Тој го повтори ставот на бизнисот, дека секој закон треба да се носи согласно т.н. даночен календар. -Компаниите треба да знаат порано три до шест месеци за да си го прилагодат своето работење, а не како сега, да донесете закон шест месеци откога е истечен и откако се распределени добивките на компаниите. Како ќе им ги земете кога повеќето се со странски инвеститори и тие ги имаат повлечено парите. Цениме дека овој Закон можеби можел да биде донесен, но порано од што истекол рокот, нагласи Пешев. По донесувањето на Законот за солидарен данок минатата недела, реагираа сите стопански комори, а Стопанската комора најави, како што и претходно предупредуваше, дека ќе го оспори пред Уставен суд. Министерот за економија Крешник Бектеши во четвртокот, одговорајќи на новинарски прашања, и порача на Комората тоа да го стори. Ако Законот биде оспорен, како што рече, Владата е обврзана тоа да го почитува.

The post Стопанската комора очекува Законот за солидарен данок да биде повлечен appeared first on Република.

]]>
Азески со македонски бизнисмени на средби со американски, норвешки, германски и јапонски компании во Белград и Берлин https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-so-makedonski-biznismeni-na-sredbi-so-amerikanski-norveshki-germanski-i-japonski-kompanii-vo-belgrad-i-berlin/ Tue, 01 Nov 2022 16:32:45 +0000 https://republika.mk/?p=568406

Стопанската комора на Македонија продолжува со редовните, но најавува и повеќе меѓународни активности. Во Белград, Берлин и Скопје, како што информира, ќе се одржат состаноци, дебати и средби за инвестиции, како и за проширување на соработката во енергетиката, дигитализацијата, напредните технологии и иновациите.

И во услови кога енергетската криза е во полн ек со сериозни проблеми во деловното функционирање на компаниите, Комората ги продолжува останатите редовни активности кои се од интерес за нашите компании. Фокусот во претстојниот период е на меѓународните активности. Утре во Белград ќе се одржи средба со 100 влијателни американски компании на тема „Нов пат и можности: Регионот на Западен Балкан во однос на Соединетите Американски Држави“, на која бизнис познавачи од регионот и учесниците од САД ќе имаат можност да разговараат за нивните планови и за тоа како да се соочат, да се прилагодат и да одговорат на новите глобални трендови во ИТ и енергетскиот сектор, обезбедувајќи јасна слика за тековните изгледи на пазарот и идните можности за соработка, вели претседател на Комората, Бранко Азески.

Во Белград ќе се одржи и седница на Управниот одбор на КИФ, каде Азески е копретседател. На седницата, меѓу другото, ќе се разгледува вториот годишен извештај за мерење на постигнувањата во спроведувањето на акцискиот план за заеднички регионален пазар – колку фирмите на терен ги чувствуваат придобивките од одлуките што се носат за регионалното поврзување, во насока на воспоставување единствен регионален економски пазар. На седницата ќе се разговара и за претстојната инвестициска конференција на 22 ноември 2022 година во Љубљана што КИФ ја организира заедно со Регионалниот совет за соработка (РСС) со седиште во Сараево, на кој заеднички ќе се претстават инвестициските потенцијали на регионот на Западен Балкан пред потенцијални инвеститори од Словенија, Хрватска Италија и Австрија.

Во четврток, на 4 ноември, во Берлин, Азески заедно со претседателот на Асоцијацијата за напредни технологии при Комората, Виктор Мизо ќе има средба со германските компании кои потенцијално разгледуваат можности за инвестиции или проширување на нивните инвестициски активности во Македонија.

На 17 ноември, пак, Норвешката амбасада во Белград организира инвестициска конференција за енергетика на тема „Инвестициските можности во обновлива енергија“, на која ќе учествуваат 50-тина норвешки фирми и сите претседатели на влади и министри за економија на балканските земји, но и бизнисмените кои веќе имаат искуства во оваа област.

Во Скопје на 18 ноември ќе се одржи Балкански економски форум, поддржан од Стопанската комора со фокус на развој и имплементација на иновативни стратегии и креативни решенија за тековните економски предизвици со кои се соочуваат балканските земји за да се стимулира економскиот раст кој, пак, ја зајакнува регионалната соработка, мир и безбедност.

Комората информира и дека почнуваат активностите за основање јапонско-македонска стопанска комора, преку која ќе се спроведат програми специјализирани за Комората како најголема и најбројна бизнис заедница, а се работи и на продолжување на договорот со Јапонската агенција за меѓународната соработка (JICA), која нуди грантови за поддршка на приватниот сектор во развој на инфраструктурни проекти кои ќе придонесат за ублажување на климатските промени и заштита на животната средина, програми за зголемување на менаџментниот капацитет преку обуки, тренинзи и посети на нашите компании, организирани од страна на Јапонија.

The post Азески со македонски бизнисмени на средби со американски, норвешки, германски и јапонски компании во Белград и Берлин appeared first on Република.

]]>

Стопанската комора на Македонија продолжува со редовните, но најавува и повеќе меѓународни активности. Во Белград, Берлин и Скопје, како што информира, ќе се одржат состаноци, дебати и средби за инвестиции, како и за проширување на соработката во енергетиката, дигитализацијата, напредните технологии и иновациите.
И во услови кога енергетската криза е во полн ек со сериозни проблеми во деловното функционирање на компаниите, Комората ги продолжува останатите редовни активности кои се од интерес за нашите компании. Фокусот во претстојниот период е на меѓународните активности. Утре во Белград ќе се одржи средба со 100 влијателни американски компании на тема „Нов пат и можности: Регионот на Западен Балкан во однос на Соединетите Американски Држави“, на која бизнис познавачи од регионот и учесниците од САД ќе имаат можност да разговараат за нивните планови и за тоа како да се соочат, да се прилагодат и да одговорат на новите глобални трендови во ИТ и енергетскиот сектор, обезбедувајќи јасна слика за тековните изгледи на пазарот и идните можности за соработка, вели претседател на Комората, Бранко Азески.
Во Белград ќе се одржи и седница на Управниот одбор на КИФ, каде Азески е копретседател. На седницата, меѓу другото, ќе се разгледува вториот годишен извештај за мерење на постигнувањата во спроведувањето на акцискиот план за заеднички регионален пазар – колку фирмите на терен ги чувствуваат придобивките од одлуките што се носат за регионалното поврзување, во насока на воспоставување единствен регионален економски пазар. На седницата ќе се разговара и за претстојната инвестициска конференција на 22 ноември 2022 година во Љубљана што КИФ ја организира заедно со Регионалниот совет за соработка (РСС) со седиште во Сараево, на кој заеднички ќе се претстават инвестициските потенцијали на регионот на Западен Балкан пред потенцијални инвеститори од Словенија, Хрватска Италија и Австрија. Во четврток, на 4 ноември, во Берлин, Азески заедно со претседателот на Асоцијацијата за напредни технологии при Комората, Виктор Мизо ќе има средба со германските компании кои потенцијално разгледуваат можности за инвестиции или проширување на нивните инвестициски активности во Македонија. На 17 ноември, пак, Норвешката амбасада во Белград организира инвестициска конференција за енергетика на тема „Инвестициските можности во обновлива енергија“, на која ќе учествуваат 50-тина норвешки фирми и сите претседатели на влади и министри за економија на балканските земји, но и бизнисмените кои веќе имаат искуства во оваа област. Во Скопје на 18 ноември ќе се одржи Балкански економски форум, поддржан од Стопанската комора со фокус на развој и имплементација на иновативни стратегии и креативни решенија за тековните економски предизвици со кои се соочуваат балканските земји за да се стимулира економскиот раст кој, пак, ја зајакнува регионалната соработка, мир и безбедност. Комората информира и дека почнуваат активностите за основање јапонско-македонска стопанска комора, преку која ќе се спроведат програми специјализирани за Комората како најголема и најбројна бизнис заедница, а се работи и на продолжување на договорот со Јапонската агенција за меѓународната соработка (JICA), која нуди грантови за поддршка на приватниот сектор во развој на инфраструктурни проекти кои ќе придонесат за ублажување на климатските промени и заштита на животната средина, програми за зголемување на менаџментниот капацитет преку обуки, тренинзи и посети на нашите компании, организирани од страна на Јапонија.

The post Азески со македонски бизнисмени на средби со американски, норвешки, германски и јапонски компании во Белград и Берлин appeared first on Република.

]]>