стоматолошки факултет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stomatoloshki-fakultet/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Apr 2023 15:44:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стоматолошки факултет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stomatoloshki-fakultet/ 32 32 Стдуентите на Стоматолошки можат да останат без потпис од деканот зашто не биле на предавањето на визитинг професорка?! https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/stduentite-na-stomatoloshki-mozhat-da-ostanat-bez-potpisot-zashto-ne-bile-na-predavaneto-na-viziting-profesorka/ Sat, 01 Apr 2023 15:44:26 +0000 https://republika.mk/?p=626109

Дел од студентите на Стоматолошкиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се соочуваат со закани, дека нема да добијат потпис на крајот од семестарот, од страна на деканот Ќиро Ивановски. Заканите се упатени кон студенти кои минатата недела не присуствувале на две визитинг предавања на проф. д-р Драгана Габриќ од Универзитетот во Загреб. Уште позапрепастувачки е тоа што овие предавања не биле задолжителни, што е напишано и на страната на факултетот.

Во новонастанатата ситуација, студенти кои биле редовни и ги посетувале вежбите и предавањата без изостаноци, сега се соочуваат со закана да не добијат потпис, а со тоа и да изгубат право да полагаат.

Студентите стравуваат дека неприсуството на незадолжителното предавање ќе има влијание покрај на предметот тематски „поврзан” со тоа предавање, дополнително со полагањето на сосема друг предмет кој никако не е поврзан со Деканот или предавањето со професорката од Загреб.
Студентски Отпор најостро ги осудува заканите испратени од Деканот до студентите. Бараме извинување за испратените закани за потписи по предметот за студентите кои биле редовни на наставата, кои и така им следуваат и за редовноста на вежбите.

Ги повикуваме ФСС на Стоматолошкиот Факултет и студентскиот Правобранител да реагираат затоа што во овој случај се прекршени студентските права. Од каде е тоа дискреционо право на Деканот да одлучува дека баш овие предавања се услов за потпис, кога самиот универзитет и факултет има свои правилници?

The post Стдуентите на Стоматолошки можат да останат без потпис од деканот зашто не биле на предавањето на визитинг професорка?! appeared first on Република.

]]>

Дел од студентите на Стоматолошкиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се соочуваат со закани, дека нема да добијат потпис на крајот од семестарот, од страна на деканот Ќиро Ивановски. Заканите се упатени кон студенти кои минатата недела не присуствувале на две визитинг предавања на проф. д-р Драгана Габриќ од Универзитетот во Загреб. Уште позапрепастувачки е тоа што овие предавања не биле задолжителни, што е напишано и на страната на факултетот. Во новонастанатата ситуација, студенти кои биле редовни и ги посетувале вежбите и предавањата без изостаноци, сега се соочуваат со закана да не добијат потпис, а со тоа и да изгубат право да полагаат. Студентите стравуваат дека неприсуството на незадолжителното предавање ќе има влијание покрај на предметот тематски „поврзан” со тоа предавање, дополнително со полагањето на сосема друг предмет кој никако не е поврзан со Деканот или предавањето со професорката од Загреб. Студентски Отпор најостро ги осудува заканите испратени од Деканот до студентите. Бараме извинување за испратените закани за потписи по предметот за студентите кои биле редовни на наставата, кои и така им следуваат и за редовноста на вежбите. Ги повикуваме ФСС на Стоматолошкиот Факултет и студентскиот Правобранител да реагираат затоа што во овој случај се прекршени студентските права. Од каде е тоа дискреционо право на Деканот да одлучува дека баш овие предавања се услов за потпис, кога самиот универзитет и факултет има свои правилници?

The post Стдуентите на Стоматолошки можат да останат без потпис од деканот зашто не биле на предавањето на визитинг професорка?! appeared first on Република.

]]>