Столтенберг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stoltenberg/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 10:57:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Столтенберг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stoltenberg/ 32 32 НАТО нема да испраќа војници во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nato-nema-da-ispraka-vojnitsi-vo-ukraina/ Thu, 09 May 2024 10:57:15 +0000 https://republika.mk/?p=776311

НАТО нема намера директно да се вклучи во конфликтот во Украина и нема да испрати војници, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг.

„НАТО нема намера директно да учествува во конфликтот“, изјави генералниот секретар на НАТО во интервју за италијанскиот весник „Република“.

Според него, алијансата се соочува со две главни задачи: да го поддржи Киев и да го спречи ширењето на конфликтот надвор од Украина.

„Претседателот Путин не веруваше дека ќе му пружиме толкава помош на Зеленски, но во исто време јасно ставивме до знаење дека нема да испраќаме војници. Украина не ги побара од нас, тие од нас бараат поддршка, муниција и офанзива, артилерија“, рече Столтенберг.

Столтенберг нагласи дека не гледа „непосреден ризик од каков било воен напад врз кој било сојузник на НАТО“ од страна на Русија. Истовремено, тој ја нарече „непромислена руска нуклеарна реторика“, според него, НАТО не гледа никакви промени во позицијата на Москва од оваа гледна точка.

The post НАТО нема да испраќа војници во Украина appeared first on Република.

]]>

НАТО нема намера директно да се вклучи во конфликтот во Украина и нема да испрати војници, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг.
„НАТО нема намера директно да учествува во конфликтот“, изјави генералниот секретар на НАТО во интервју за италијанскиот весник „Република“. Според него, алијансата се соочува со две главни задачи: да го поддржи Киев и да го спречи ширењето на конфликтот надвор од Украина. „Претседателот Путин не веруваше дека ќе му пружиме толкава помош на Зеленски, но во исто време јасно ставивме до знаење дека нема да испраќаме војници. Украина не ги побара од нас, тие од нас бараат поддршка, муниција и офанзива, артилерија“, рече Столтенберг. Столтенберг нагласи дека не гледа „непосреден ризик од каков било воен напад врз кој било сојузник на НАТО“ од страна на Русија. Истовремено, тој ја нарече „непромислена руска нуклеарна реторика“, според него, НАТО не гледа никакви промени во позицијата на Москва од оваа гледна точка.

The post НАТО нема да испраќа војници во Украина appeared first on Република.

]]>
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-svika-krizen-sostanok-na-sovetot-nato/ Wed, 17 Apr 2024 18:06:00 +0000 https://republika.mk/?p=767234

На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина. Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во средата во Брисел. На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир

Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО, Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.

The post Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО appeared first on Република.

]]>

На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина. Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во средата во Брисел. На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО, Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.

The post Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО appeared first on Република.

]]>
Столтенберг контра Макрон: НАТО нема да испрати војници во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-kontra-makron-nato-nema-da-isprati-vojnitsi-vo-ukraina/ Tue, 12 Mar 2024 11:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=753998

НАТО не планира да распореди војници во Украина, кажа генералниот секретар на блокот предводен од САД, Јенс Столтенберг. Неговите забелешки се во спротивност со предлозите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој се соочи со бурни реакции минатиот месец кога рече дека Западот „не може да ја исклучи“ можноста да испрати војници да ѝ помогнат на Украина во конфликтот со Русија.

Столтенберг ја отфрли идејата веднаш по првичната изјава на Макрон и го повтори својот став во интервјуто за Ројтерс објавено во понеделникот.

„НАТО нема планови да испрати војници во Украина и НАТО не е страна во конфликтот, ниту пак НАТО сојузници“, рече тој. Столтенберг предупреди дека дури и ако поединечни членки одлучат да испратат војници во зоната на конфликтот, целиот НАТО ќе биде погоден бидејќи неговите членки се обврзани со пакт за колективна одбрана.

На прашањето дали коментарите на Маркон во врска со недостигот на консензус за распоредување војници во Украина се грешка, Столтенберг не одговори директно, но посочи дека се неопходни дискусии.

„Мислам дека е важно да се консултираме и да имаме заеднички пристап кон овие важни теми бидејќи тие се важни за сите нас“, рече тој.

Бројни членки на НАТО ги отфрлија забелешките на Макрон, при што мнозинството вети дека нема чизми на теренот во Украина и сугерираше дека блокот наместо тоа треба да се фокусира на воена и финансиска помош за Киев.

САД и сојузниците испратија финансиска, воена и материјална помош во вредност од над 278 милијарди долари на украинската влада по ескалацијата на конфликтот со Русија во февруари 2022 година, според податоците на Килскиот институт за светска економија.

Москва предупреди дека трупите на НАТО во Украина најверојатно ќе го направат неизбежен директен судир меѓу Русија и блокот предводен од САД. Русија смета дека конфликтот во Украина е прокси војна против неа и постојано повторува дека со помошта на Киев, членките на НАТО ги продолжуваат непријателствата.

The post Столтенберг контра Макрон: НАТО нема да испрати војници во Украина appeared first on Република.

]]>

НАТО не планира да распореди војници во Украина, кажа генералниот секретар на блокот предводен од САД, Јенс Столтенберг. Неговите забелешки се во спротивност со предлозите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој се соочи со бурни реакции минатиот месец кога рече дека Западот „не може да ја исклучи“ можноста да испрати војници да ѝ помогнат на Украина во конфликтот со Русија. Столтенберг ја отфрли идејата веднаш по првичната изјава на Макрон и го повтори својот став во интервјуто за Ројтерс објавено во понеделникот. „НАТО нема планови да испрати војници во Украина и НАТО не е страна во конфликтот, ниту пак НАТО сојузници“, рече тој. Столтенберг предупреди дека дури и ако поединечни членки одлучат да испратат војници во зоната на конфликтот, целиот НАТО ќе биде погоден бидејќи неговите членки се обврзани со пакт за колективна одбрана. На прашањето дали коментарите на Маркон во врска со недостигот на консензус за распоредување војници во Украина се грешка, Столтенберг не одговори директно, но посочи дека се неопходни дискусии. „Мислам дека е важно да се консултираме и да имаме заеднички пристап кон овие важни теми бидејќи тие се важни за сите нас“, рече тој. Бројни членки на НАТО ги отфрлија забелешките на Макрон, при што мнозинството вети дека нема чизми на теренот во Украина и сугерираше дека блокот наместо тоа треба да се фокусира на воена и финансиска помош за Киев. САД и сојузниците испратија финансиска, воена и материјална помош во вредност од над 278 милијарди долари на украинската влада по ескалацијата на конфликтот со Русија во февруари 2022 година, според податоците на Килскиот институт за светска економија. Москва предупреди дека трупите на НАТО во Украина најверојатно ќе го направат неизбежен директен судир меѓу Русија и блокот предводен од САД. Русија смета дека конфликтот во Украина е прокси војна против неа и постојано повторува дека со помошта на Киев, членките на НАТО ги продолжуваат непријателствата.

The post Столтенберг контра Макрон: НАТО нема да испрати војници во Украина appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Русија мора да одговори на прашањата за околностите за смртта на Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-rusija-mora-da-odgovori-na-prashanata-za-okolnostite-za-smrtta-na-navalni/ Fri, 16 Feb 2024 13:26:28 +0000 https://republika.mk/?p=744898

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Русија да одговори на прашањата поврзани со смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални и додаде дека е неопходно да се утврдат фактите поврзани со неговата смрт.

Треба да ги утврдиме сите факти, а Русија мора да одговори на сите сериозни прашања за околностите за неговата смрт“, рече Столтенберг.

Канцеларијата на Федералната казнео-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненецка во соопштение наведува дека Навални се чувствувал лошо по прошетката и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран, а причината за смртта се утврдува.

Тој отслужуваше 30-годишна затворска казна во тој руски регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ.

The post Столтенберг: Русија мора да одговори на прашањата за околностите за смртта на Навални appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Русија да одговори на прашањата поврзани со смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални и додаде дека е неопходно да се утврдат фактите поврзани со неговата смрт.

Треба да ги утврдиме сите факти, а Русија мора да одговори на сите сериозни прашања за околностите за неговата смрт“, рече Столтенберг.
Канцеларијата на Федералната казнео-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненецка во соопштение наведува дека Навални се чувствувал лошо по прошетката и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран, а причината за смртта се утврдува. Тој отслужуваше 30-годишна затворска казна во тој руски регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ.

The post Столтенберг: Русија мора да одговори на прашањата за околностите за смртта на Навални appeared first on Република.

]]>
Заради кршењето, Столтенберг ќе се обрати во „Голема Купола“ наместо во салата „Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaradi-krsheneto-stoltenberg-ke-se-obrati-vo-golema-kupola-namesto-vo-salata-makedonija/ Tue, 21 Nov 2023 13:52:58 +0000 https://republika.mk/?p=714812

Поради неможноста да се одржуваат седници во пленарната сала „Македонија“ во Собранието до санирање на штетата предизвикана вчера од пратеникот на Левица, Борислав Крмов, идните седници ќе се одржуваат во салата „Голема купола“, вклучително и денешното закажано обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг до пратениците.

Синоќа Министерството за внатрешни работи извршило увид на штетите во пленарната сала. Претседателот на Собранието, Талат Џафери информира дека висината на материјалната штета дополнително ќе биде соопштена, но таа мора да биде покриена од страна на пратеникот Борислав Крмов.

Вчера на расправата за измените на новиот деловник за работа на парламентот, пратениците од опозициската партија Левица три пати ја прекинаа седницата, а Крмов и лидерот на Левица, Димитар Апасиев ги искршија мониторот и микрофоните од местото на претседателот на Собранието.

The post Заради кршењето, Столтенберг ќе се обрати во „Голема Купола“ наместо во салата „Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Поради неможноста да се одржуваат седници во пленарната сала „Македонија“ во Собранието до санирање на штетата предизвикана вчера од пратеникот на Левица, Борислав Крмов, идните седници ќе се одржуваат во салата „Голема купола“, вклучително и денешното закажано обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг до пратениците. Синоќа Министерството за внатрешни работи извршило увид на штетите во пленарната сала. Претседателот на Собранието, Талат Џафери информира дека висината на материјалната штета дополнително ќе биде соопштена, но таа мора да биде покриена од страна на пратеникот Борислав Крмов. Вчера на расправата за измените на новиот деловник за работа на парламентот, пратениците од опозициската партија Левица три пати ја прекинаа седницата, а Крмов и лидерот на Левица, Димитар Апасиев ги искршија мониторот и микрофоните од местото на претседателот на Собранието.

The post Заради кршењето, Столтенберг ќе се обрати во „Голема Купола“ наместо во салата „Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Вучиќ на средба со Столтенберг: „Наша работа е каде ќе ја распоредиме војската“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-na-sredba-so-stoltenberg-nasha-rabota-e-kade-ke-ja-rasporedime-vojskata/ Tue, 21 Nov 2023 11:27:36 +0000 https://republika.mk/?p=714726

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката.

Столтенберг се заблагодарил за гостопримството, велејќи дека Србија е важен регионален партнер.

„Разговаравме и за можноста повторно да започнеме заеднички воени вежби. Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата соработка“, навел Столтенберг, пренесе „Блиц.рс“.

Како што рече, со Вучиќ разговарал и за ситуацијата на Косово. Тој додава дека НАТО испратил дополнителни 1.000 војници на Косово.

„Сметам на сите страни да ги намалат тензиите и да се воздржат од ескалирани постапки“, подвлекол генералниот секретар на НАТО.

Додава дека „не помага акумулацијата на сили во близина на административната линија“, и дека го поддржува формирањето на ЗСО.

„Ги повикувам Белград и Приштина на дијалог, тоа е единствениот пат до стабилност“, заклучи Столтенберг.

„Единствено Србите беа загрозени и напаѓани“

Претседателот на Србија навел дека Столтенберг е поврзан со Србија на многу начини, и дека секогаш лично се трудел „да биде фер кон нашата земја“.

„Тоа е важно за нас, а тоа го кажа и Столтенберг, со НАТО и КФОР, со надеж дека ќе ја обезбедиме безбедноста на Србите на Косово што е можно повеќе“, изјави Вучиќ, додавајќи дека едиствено Србите биле загрозени и напаѓани на Косово.

Вучиќ додал дека се знае кои се барањата на Западот.

„Наша работа е каде ќе ја распоредиме војската“, посочи тој.

Столтенберг денеска ќе разговара и со премиерката Ана Брнабиќ.

Тој синоќа пристигна во главниот град на Србија, каде на аеродромот го пречека министерот за одбрана Милош Вучевиќ.

Генералниот секретар на НАТО е во посета на регионот во која ги посети Сараево и Приштина, денеска е во Белград, по што ќе замине за Скопје.

The post Вучиќ на средба со Столтенберг: „Наша работа е каде ќе ја распоредиме војската“ appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката. Столтенберг се заблагодарил за гостопримството, велејќи дека Србија е важен регионален партнер.
„Разговаравме и за можноста повторно да започнеме заеднички воени вежби. Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата соработка“, навел Столтенберг, пренесе „Блиц.рс“.
Како што рече, со Вучиќ разговарал и за ситуацијата на Косово. Тој додава дека НАТО испратил дополнителни 1.000 војници на Косово.
„Сметам на сите страни да ги намалат тензиите и да се воздржат од ескалирани постапки“, подвлекол генералниот секретар на НАТО.
Додава дека „не помага акумулацијата на сили во близина на административната линија“, и дека го поддржува формирањето на ЗСО.
„Ги повикувам Белград и Приштина на дијалог, тоа е единствениот пат до стабилност“, заклучи Столтенберг. „Единствено Србите беа загрозени и напаѓани“
Претседателот на Србија навел дека Столтенберг е поврзан со Србија на многу начини, и дека секогаш лично се трудел „да биде фер кон нашата земја“.
„Тоа е важно за нас, а тоа го кажа и Столтенберг, со НАТО и КФОР, со надеж дека ќе ја обезбедиме безбедноста на Србите на Косово што е можно повеќе“, изјави Вучиќ, додавајќи дека едиствено Србите биле загрозени и напаѓани на Косово.
Вучиќ додал дека се знае кои се барањата на Западот.
„Наша работа е каде ќе ја распоредиме војската“, посочи тој.
Столтенберг денеска ќе разговара и со премиерката Ана Брнабиќ. Тој синоќа пристигна во главниот град на Србија, каде на аеродромот го пречека министерот за одбрана Милош Вучевиќ. Генералниот секретар на НАТО е во посета на регионот во која ги посети Сараево и Приштина, денеска е во Белград, по што ќе замине за Скопје.

The post Вучиќ на средба со Столтенберг: „Наша работа е каде ќе ја распоредиме војската“ appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Досега не видовме вистинска волја од Путин да преговара за прифатливо решение во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-dosega-ne-vidovme-vistinska-volja-od-putin-da-pregovara-za-prifatlivo-reshenie-vo-ukraina/ Tue, 14 Nov 2023 09:07:57 +0000 https://republika.mk/?p=701330

Досега не видовме вистинска волја од страна на рускиот претседател Владимир Путин да преговара за прифатливо решение за Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред денешната средба со европските министри за одбрана во Брисел.

Според него, потребно е Путин да се убеди себеси дека нема да победи на бојното поле.

 Веројатноста за постигнување прифатлив и преговарачки исход се зголемува со обезбедувањето поголема воена поддршка за Украина. Војните се непредвидливи, никој не може да каже кога и како ќе заврши оваа војна, рече Столтенберг.

Тој додаде дека „самата Украина оценува кои се прифатливите услови за почеток на преговори и постигнување договор“.

„Во наш интерес е да ја поддржиме Украина, не можеме да дозволиме Путин да победи“, рече Столтенберг.

Тој посочи дека засега продолжуваат тешките борби и состојбата на бојното поле е тешка.

Столтенберг најави дека ќе разговара со европските министри за прашањето за заштита на критичната подводна инфраструктура на Европа. Тој прецизираше дека по оштетувањето на гасоводот „Северен поток“ и на балтичкиот гасовод, НАТО воведува дополнителни патроли во Северното Море и во регионот на Балтичкото Море.

The post Столтенберг: Досега не видовме вистинска волја од Путин да преговара за прифатливо решение во Украина appeared first on Република.

]]>

Досега не видовме вистинска волја од страна на рускиот претседател Владимир Путин да преговара за прифатливо решение за Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред денешната средба со европските министри за одбрана во Брисел. Според него, потребно е Путин да се убеди себеси дека нема да победи на бојното поле.
 Веројатноста за постигнување прифатлив и преговарачки исход се зголемува со обезбедувањето поголема воена поддршка за Украина. Војните се непредвидливи, никој не може да каже кога и како ќе заврши оваа војна, рече Столтенберг.
Тој додаде дека „самата Украина оценува кои се прифатливите услови за почеток на преговори и постигнување договор“.
„Во наш интерес е да ја поддржиме Украина, не можеме да дозволиме Путин да победи“, рече Столтенберг.
Тој посочи дека засега продолжуваат тешките борби и состојбата на бојното поле е тешка. Столтенберг најави дека ќе разговара со европските министри за прашањето за заштита на критичната подводна инфраструктура на Европа. Тој прецизираше дека по оштетувањето на гасоводот „Северен поток“ и на балтичкиот гасовод, НАТО воведува дополнителни патроли во Северното Море и во регионот на Балтичкото Море.

The post Столтенберг: Досега не видовме вистинска волја од Путин да преговара за прифатливо решение во Украина appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: НАТО сојузниците поддржуваат хуманитарна пауза во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-nato-sojuznitsite-poddrzhuvaat-humanitarna-pauza-vo-gaza/ Thu, 09 Nov 2023 13:23:25 +0000 https://republika.mk/?p=699938

НАТО сојузниците поддржуваат хуманитарни паузи во војната меѓу Израел и Хамас за да се овозможи помошта да стигне до Газа, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Мора да се почитува меѓународното право и цивилите мора да бидат заштитени во конфликтот, изјави тој пред новинарите во Берлин, обраќајќи им се на медиумите пред средбата со германскиот канцелар Олаф Солц.

„Војната во Газа не смее да се претвори во голем регионален конфликт. Иран и Хезболах мора да останат надвор од оваа борба“, додаде тој.

The post Столтенберг: НАТО сојузниците поддржуваат хуманитарна пауза во Газа appeared first on Република.

]]>

НАТО сојузниците поддржуваат хуманитарни паузи во војната меѓу Израел и Хамас за да се овозможи помошта да стигне до Газа, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Мора да се почитува меѓународното право и цивилите мора да бидат заштитени во конфликтот, изјави тој пред новинарите во Берлин, обраќајќи им се на медиумите пред средбата со германскиот канцелар Олаф Солц.
„Војната во Газа не смее да се претвори во голем регионален конфликт. Иран и Хезболах мора да останат надвор од оваа борба“, додаде тој.

The post Столтенберг: НАТО сојузниците поддржуваат хуманитарна пауза во Газа appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Колку Украина е посилна на бојното поле, толку побрзо ќе заврши војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-kolku-ukraina-e-posilna-na-bojnoto-pole-tolku-pobrzo-ke-zavrshi-vojnata/ Wed, 11 Oct 2023 13:20:48 +0000 https://republika.mk/?p=690180

Кога рускиот претседател Владимир Путин ја започна својата целосна инвазија на Украина минатата година мислеше дека Киев ќе падне за неколку дена, а Украина за неколку недели, но не беше во право, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во обраќањето на Контакт групата за одбрана на Украина, што се одржува во рамки на дводневната средба на министрите за одбрана на НАТО.

- Украинските вооружени сили повторно и повторно ги надминаа очекувањата. Повратија 50 проценти од територијата што ја зазеде Русија од февруари минатата година. Нанесуваат големи загуби на руските сили. Русија е воено деградирана, економски послаба и политички поизолирана. Но, нема знаци дека Путин се откажал од своите амбиции. Напротив, истакна Столтенберг.

Тој посочи дека Русија ги засили нападите врз критичната инфраструктура во Украина и повторно се подготвува да ја користи зимата како оружје за војна.

- Затоа, ние мора да продолжиме да го засилуваме и да го одржуваме постојаниот проток на оружје и муниција во Украина. Колку Украина е посилна на бојното поле, толку посилни ќе бидат на преговарачката маса и толку побрзо ќе заврши оваа војна, додаде Столтенберг во обраќањето на средбата на која присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг потенцира дека треба да се постави долгорочна рамка која ќе обезбеди историјата да не се повторува и затоа сите сојузници од Алијансата се согласуваат Украина да стане членка на НАТО.

- На нашиот самит во Вилнус во јули, сојузниците го отстранија условот за Акцискиот план за членство. Воведовме програма за да ги направиме вооружените сили на Украина целосно интероперабилни со вашите идни сојузници и формиравме Совет НАТО-Украина, каде сојузниците и Украина седат како рамноправни страни, додаде генералниот секретар на Алијансата.

Изразувајќи задоволство од присуството на Зеленски на средбата, Столтенберг му порача дека неговото лидерство, хероизмот на украинските вооружени сили и решителноста на украинскиот народ ги импресионираа сите.

- Вашата борба е наша борба. Вашата безбедност е наша безбедност. Вашите вредности се наши вредности. Ќе стоиме покрај Украина онолку колку што е потребно, додаде Столтенберг во обраќањето.

The post Столтенберг: Колку Украина е посилна на бојното поле, толку побрзо ќе заврши војната appeared first on Република.

]]>

Кога рускиот претседател Владимир Путин ја започна својата целосна инвазија на Украина минатата година мислеше дека Киев ќе падне за неколку дена, а Украина за неколку недели, но не беше во право, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во обраќањето на Контакт групата за одбрана на Украина, што се одржува во рамки на дводневната средба на министрите за одбрана на НАТО. - Украинските вооружени сили повторно и повторно ги надминаа очекувањата. Повратија 50 проценти од територијата што ја зазеде Русија од февруари минатата година. Нанесуваат големи загуби на руските сили. Русија е воено деградирана, економски послаба и политички поизолирана. Но, нема знаци дека Путин се откажал од своите амбиции. Напротив, истакна Столтенберг. Тој посочи дека Русија ги засили нападите врз критичната инфраструктура во Украина и повторно се подготвува да ја користи зимата како оружје за војна. - Затоа, ние мора да продолжиме да го засилуваме и да го одржуваме постојаниот проток на оружје и муниција во Украина. Колку Украина е посилна на бојното поле, толку посилни ќе бидат на преговарачката маса и толку побрзо ќе заврши оваа војна, додаде Столтенберг во обраќањето на средбата на која присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг потенцира дека треба да се постави долгорочна рамка која ќе обезбеди историјата да не се повторува и затоа сите сојузници од Алијансата се согласуваат Украина да стане членка на НАТО. - На нашиот самит во Вилнус во јули, сојузниците го отстранија условот за Акцискиот план за членство. Воведовме програма за да ги направиме вооружените сили на Украина целосно интероперабилни со вашите идни сојузници и формиравме Совет НАТО-Украина, каде сојузниците и Украина седат како рамноправни страни, додаде генералниот секретар на Алијансата. Изразувајќи задоволство од присуството на Зеленски на средбата, Столтенберг му порача дека неговото лидерство, хероизмот на украинските вооружени сили и решителноста на украинскиот народ ги импресионираа сите. - Вашата борба е наша борба. Вашата безбедност е наша безбедност. Вашите вредности се наши вредности. Ќе стоиме покрај Украина онолку колку што е потребно, додаде Столтенберг во обраќањето.

The post Столтенберг: Колку Украина е посилна на бојното поле, толку побрзо ќе заврши војната appeared first on Република.

]]>
Османи – Столтенберг во Брисел: Заедничкиот пристап на НАТО и ЕУ во Западен Балкан клучен за регионалната стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-stoltenberg-vo-brisel-zaednichkiot-pristap-na-nato-i-eu-vo-zapaden-balkan-kluchen-za-regionalnata-stabilnost/ Wed, 13 Sep 2023 12:17:32 +0000 https://republika.mk/?p=681597

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во рамки на работната посета на Брисел.

На средбата стана збор за актуелните безбедносни предизвици, како и  активностите на НАТО во насока на адаптирање кон новата безбедносна реалност, справување со предизвиците и зајакнување на одбраната и одвраќањето.

Во посебен фокус на разговорите беа актуелните состојби во Западен Балкан, како регион од стратешки интерес за Алијансата.

“Блиската координација и заеднички активности на НАТО и ЕУ во Западен Балкан, како и забрзување на европската и евроатлантската интеграција на земјите од регионот претставуваат клучни алатки за консолидирање на регионалната стабилност и затворање на вакуумот за потенцијални дестабилизирачки влијанија од трети страни.”- нагласи Османи

Воедно, Османи истакна дека Македонија како кредибилен сојузник, останува посветена во својата определба за придонес кон глобалниот мир, колективната безбедност и стабилноста на регионот. Во таа насока, се осврна на нашиот придонес во мисиите и борбените групи на НАТО, како и определбата за одвојување на 2% од целокупниот БДП за одбраната.

На средбата, стана збор и за руската воена агресија врз Украина, како и поддршката за украинскиот народ, а во тој контекст и беа нагласени и значајните одлуки од неодамнешниот Самит на НАТО во Вилнус со кои уште еднаш се потврди единството на Алијансата.

The post Османи – Столтенберг во Брисел: Заедничкиот пристап на НАТО и ЕУ во Западен Балкан клучен за регионалната стабилност appeared first on Република.

Зеленски и Столтенберг разговарале за деблокирање на коридорот за жито во Црното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-i-stoltenberg-razgovarale-za-deblokirane-na-koridorot-za-zhito-vo-tsrnoto-more/ Sat, 22 Jul 2023 13:49:18 +0000 https://republika.mk/?p=664230

ретседателот на Украина Володимир Зеленски, соопшти дека дека телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во врска со деблокирањето на Црноморскиот коридор за жито.

Со г. Столтенберг ги идентификувавме приоритетните и идните неопходни чекори за деблокирање и трајно функционирање на коридорот за жито во Црното Море, наведува Зеленски во кратката објава на Твитер.

The post Зеленски и Столтенберг разговарале за деблокирање на коридорот за жито во Црното Море appeared first on Република.

Столтенберг по средбата со Вучиќ: Нападите на НАТО на Косово се неприфатливи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/stoltenberg-po-sredbata-so-vuchik-napadite-na-nato-na-kosovo-se-neprifatlivi/ Thu, 20 Jul 2023 11:16:56 +0000 https://republika.mk/?p=663498

Столтенберг синоќа се сретна со Вучиќ и ги повика двете страни да ги смират тензиите, истакнувајќи дека НАТО цврсто го поддржува дијалогот на Белград и Приштина под закрила на Европската Унија.

Столтенберг истакна дека Србија веќе долго е „сигурен партнер“ на НАТО и уверен е дека ќе се ангажира во дијалогот на конструктивен начин.

Порача дека НАТО ќе ја продолжи мисијата со која на Косово ја осигурува безбедноста на движење на сите жители.

Истовремено, за неодамнешните инциденти во кои се повредени десетици припадници на мисијата на Кфор, предупреди дека напади на војниците на НАТО се неприфатливи.

„Го засиливме присуството како реакција на зголемените тензии на северот на Косово и ќе продолжиме да го обезбедуваме спроведувањето на нашиот мандат на непристрасен начин“, кажа Столтенберг.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека на Србија ѝ се потребни Кфор и НАТО, кои досега дејствувале професионално на Косово.

Тој истакна и дека на Приштина никој не ѝ верува, „бидејќи нивната цел е да се спроведе политиката на (поранешниот претседател на Албанија) Енвер Хоџа, што значи „Косово без Срби“ и „обединување со Албанија“.

The post Столтенберг по средбата со Вучиќ: Нападите на НАТО на Косово се неприфатливи appeared first on Република.

]]>

Столтенберг синоќа се сретна со Вучиќ и ги повика двете страни да ги смират тензиите, истакнувајќи дека НАТО цврсто го поддржува дијалогот на Белград и Приштина под закрила на Европската Унија. Столтенберг истакна дека Србија веќе долго е „сигурен партнер“ на НАТО и уверен е дека ќе се ангажира во дијалогот на конструктивен начин. Порача дека НАТО ќе ја продолжи мисијата со која на Косово ја осигурува безбедноста на движење на сите жители. Истовремено, за неодамнешните инциденти во кои се повредени десетици припадници на мисијата на Кфор, предупреди дека напади на војниците на НАТО се неприфатливи. „Го засиливме присуството како реакција на зголемените тензии на северот на Косово и ќе продолжиме да го обезбедуваме спроведувањето на нашиот мандат на непристрасен начин“, кажа Столтенберг. Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека на Србија ѝ се потребни Кфор и НАТО, кои досега дејствувале професионално на Косово. Тој истакна и дека на Приштина никој не ѝ верува, „бидејќи нивната цел е да се спроведе политиката на (поранешниот претседател на Албанија) Енвер Хоџа, што значи „Косово без Срби“ и „обединување со Албанија“.

The post Столтенберг по средбата со Вучиќ: Нападите на НАТО на Косово се неприфатливи appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Во Белорусија сè уште нема многу војници на Вагнер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-vo-belorusija-se-ushte-nema-mnogu-vojnitsi-na-vagner/ Thu, 06 Jul 2023 17:02:08 +0000 https://republika.mk/?p=658725

Не многу војници на руските платенички сили Вагнер се преместени во Белорусија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесе ДПА.

Видовме одредени подготовки за прием на големи групи војници на Вагнер во Белорусија, рече Столтенберг, говорејќи во Брисел.

Досега не сме виделе толку многу од нив да одат во Белорусија, додаде тој.

НАТО, исто така, регистрира дека лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин „малку се движел наоколу“, рече Столтенберг, без да даде дополнителни детали.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко претходно денеска изјави дека Пригожин се вратил во Русија по краткиот егзил во Белорусија, додека неговите војници остануваат во кампови.

На Пригожин и на неговите војници им беше понудено безбедно засолниште во Белорусија за да го прекинат кусиот бунт на неговата платеничка сила во јуни.

НАТО внимателно ги следи движењата на трупите на Вагнер и Пригожин, рече Столтенберг

The post Столтенберг: Во Белорусија сè уште нема многу војници на Вагнер appeared first on Република.

]]>

Не многу војници на руските платенички сили Вагнер се преместени во Белорусија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесе ДПА.
Видовме одредени подготовки за прием на големи групи војници на Вагнер во Белорусија, рече Столтенберг, говорејќи во Брисел. Досега не сме виделе толку многу од нив да одат во Белорусија, додаде тој.
НАТО, исто така, регистрира дека лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин „малку се движел наоколу“, рече Столтенберг, без да даде дополнителни детали. Белорускиот претседател Александар Лукашенко претходно денеска изјави дека Пригожин се вратил во Русија по краткиот егзил во Белорусија, додека неговите војници остануваат во кампови. На Пригожин и на неговите војници им беше понудено безбедно засолниште во Белорусија за да го прекинат кусиот бунт на неговата платеничка сила во јуни. НАТО внимателно ги следи движењата на трупите на Вагнер и Пригожин, рече Столтенберг

The post Столтенберг: Во Белорусија сè уште нема многу војници на Вагнер appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Украина нема да добие формална покана за НАТО на самитот во јули https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-ukraina-nema-da-dobie-formalna-pokana-za-nato-na-samitot-vo-juli/ Mon, 19 Jun 2023 12:01:22 +0000 https://republika.mk/?p=653104

Лидерите на НАТО нема да упатат официјална покана до Украина да и се придружи на Алијансата на самитот во Вилнус во средината на јули, изјави во понеделникот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„На самитот во Вилнус и во подготовките за самитот не разговараме за прашањето за официјална покана“, изјави Столтенберг за новинарите по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин.

Испраќањето официјална покана е првиот чекор во процесот на приклучување кон Северноатлантскиот договор. Столтенберг додаде дека лидерите на алијансата ќе разговараат како Украина да се приближи до НАТО. Тој, исто така, предупреди да не се прифати замрзнат конфликт во Украина во замена за прекин на војната.

„Сите сакаме оваа војна да заврши, но праведен мир не може да значи замрзнување на конфликтот и прифаќање на договор диктиран од Русија“, рече тој.

Столтенберг се осврна и на ситуацијата во Косово, повикувајќи ги сите страни да престанат со секоја понатамошна ескалација и веднаш да се вратат на дијалогот предводен од ЕУ.

„Нашите сили, КФОР, ќе продолжат да ги преземаат сите неопходни мерки за да гарантираат безбедна средина“, додаде тој.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика ги покани српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на кризна средба во Брисел следната недела. Сепак, ниту еден од нив не потврди дека ќе одговори на поканата.

Србија држи во притвор тројца косовски полицајци, уапсени во средата. Приштина чинот го опишува како „киднапирање“, а Белград тврди дека станува збор за „терористичка банда“ која преминала на српска територија, што косовските власти го отфрлаат. Во средата, владата во Приштина забрани влез на српска стока во Косово поради апсењето на полицајци, што Белград го оцени како спротивно на „сите европски принципи“.

The post Столтенберг: Украина нема да добие формална покана за НАТО на самитот во јули appeared first on Република.

]]>

Лидерите на НАТО нема да упатат официјална покана до Украина да и се придружи на Алијансата на самитот во Вилнус во средината на јули, изјави во понеделникот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„На самитот во Вилнус и во подготовките за самитот не разговараме за прашањето за официјална покана“, изјави Столтенберг за новинарите по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин.
Испраќањето официјална покана е првиот чекор во процесот на приклучување кон Северноатлантскиот договор. Столтенберг додаде дека лидерите на алијансата ќе разговараат како Украина да се приближи до НАТО. Тој, исто така, предупреди да не се прифати замрзнат конфликт во Украина во замена за прекин на војната.
„Сите сакаме оваа војна да заврши, но праведен мир не може да значи замрзнување на конфликтот и прифаќање на договор диктиран од Русија“, рече тој.
Столтенберг се осврна и на ситуацијата во Косово, повикувајќи ги сите страни да престанат со секоја понатамошна ескалација и веднаш да се вратат на дијалогот предводен од ЕУ.
„Нашите сили, КФОР, ќе продолжат да ги преземаат сите неопходни мерки за да гарантираат безбедна средина“, додаде тој.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика ги покани српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на кризна средба во Брисел следната недела. Сепак, ниту еден од нив не потврди дека ќе одговори на поканата. Србија држи во притвор тројца косовски полицајци, уапсени во средата. Приштина чинот го опишува како „киднапирање“, а Белград тврди дека станува збор за „терористичка банда“ која преминала на српска територија, што косовските власти го отфрлаат. Во средата, владата во Приштина забрани влез на српска стока во Косово поради апсењето на полицајци, што Белград го оцени како спротивно на „сите европски принципи“.

The post Столтенберг: Украина нема да добие формална покана за НАТО на самитот во јули appeared first on Република.

]]>
Столтенберг на „Преспа форум“: НАТО секогаш ќе го избере патот што води кон надеж, демократија и мир https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoltenberg-na-prespa-forum-nato-sekogash-ke-go-izbere-patot-shto-vodi-kon-nadezh-demokratija-i-mir/ Fri, 16 Jun 2023 08:56:16 +0000 https://republika.mk/?p=652024

Светот се наоѓа на крстопат, од каде едната насока води кон страв, опресија и војна, додека другата страна води кон надеж, демократија и мир. Тоа е патот кој НАТО секогаш ќе го одбере. Ова го истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во своето видео-обраќање на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ организирана од претседателот Република Македонија, Стево Пендаровски во рамки на „Преспа форумот“ што е одржува во Струга.

Столтенберг потсети на договорот од Преспа, што овозможи пристапувањето на Македонија во НАТО, но, како што рече, придонесе и кон добрососедски односи и ја отворила идината на земјата.

Според него, договорите како Преспанскиот се важен дел од меѓународниот поредок заснован врз правила, нагласувајќи дека таквите договори ја обезбедуваат слободата, овозможуваат напредок, отвораат перспективна иднина.

Алтернативата на тоа е катастрофа, како што можеме да видиме во Украина. Руската инвазија врз Украина го уништи мирот низ Европа и темелно ја промени нашата споделена безбедност. Кога и да заврши војната во Украина, односите со Москва драматично се променети, а безбедносниот пејзаж во Европа никогаш повеќе нема да биде ист, рече генералниот секретар на НАТО.

Зборувајќи за процесот на зајакнување на руско-кинеските осноси, Столтенберг рече дека тие се „предизвик за нашата безбедност, нашите интереси и вредности“.

Како што авторитарните режими ја зголемуваат својата соработка, дотолку поважно е оние што веруваат во слободата и демократијата да застанат рамо до рамо и да го промовираат мирот, да ја штитат споделената безбедност и да ги бранат глобалните правила. Тоа го покажуваме јасно преку институциите како ЕУ и НАТО, рече првиот човек на Алијансата.

За Македонија генералниот секретар на НАТО рече дека е валиден сојузник, кој придонесува во мировната мисија во Косово која е од витално значење за безбедноста на Западниот Балкан, особено во време на зголемени тензии.

Изминатите неколку дена нашата мисија на КФОР ја зајакнавме со стотици трупи, а Македонија го зголеми буџетот за одбрана и дава поддршка на нашиот партнер Украина. НАТО може да смета на Македонија и обратно. Јасен показател се авионите на НАТО кои во рамки на патролната служба го контролираат небото над земјата, рече Столтенберг.

Што се иднесува на прашањето за проширување на европското семејство до 2030 година, тој рече дека тоа не само што е возможно, туку и се случува во моментов.

Следејќи ги стапките на Македонија, Финска како одговор на руската инвазија се придружи на Алијансата. Сакам да ве уверам дека и шведското присоединување кон НАТО ќе биде комплетрирано што е мошно побрзо. Тоа важи и за Украина, сите наши сојузници се согласија земјата да стане дел од НАТО, а во Алијансата Русија нема право на вето, рече Јенс Столтенберг во видео обраќањето на „Преспа форум“ што се одржува во Струга.

На оваа сесија обраќање имаа и претседателот Стево Пендаровски, потоа претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и на на Албанија, Бајрам Бегај.

The post Столтенберг на „Преспа форум“: НАТО секогаш ќе го избере патот што води кон надеж, демократија и мир appeared first on Република.

]]>

Светот се наоѓа на крстопат, од каде едната насока води кон страв, опресија и војна, додека другата страна води кон надеж, демократија и мир. Тоа е патот кој НАТО секогаш ќе го одбере. Ова го истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во своето видео-обраќање на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ организирана од претседателот Република Македонија, Стево Пендаровски во рамки на „Преспа форумот“ што е одржува во Струга. Столтенберг потсети на договорот од Преспа, што овозможи пристапувањето на Македонија во НАТО, но, како што рече, придонесе и кон добрососедски односи и ја отворила идината на земјата. Според него, договорите како Преспанскиот се важен дел од меѓународниот поредок заснован врз правила, нагласувајќи дека таквите договори ја обезбедуваат слободата, овозможуваат напредок, отвораат перспективна иднина.
Алтернативата на тоа е катастрофа, како што можеме да видиме во Украина. Руската инвазија врз Украина го уништи мирот низ Европа и темелно ја промени нашата споделена безбедност. Кога и да заврши војната во Украина, односите со Москва драматично се променети, а безбедносниот пејзаж во Европа никогаш повеќе нема да биде ист, рече генералниот секретар на НАТО.
Зборувајќи за процесот на зајакнување на руско-кинеските осноси, Столтенберг рече дека тие се „предизвик за нашата безбедност, нашите интереси и вредности“.
Како што авторитарните режими ја зголемуваат својата соработка, дотолку поважно е оние што веруваат во слободата и демократијата да застанат рамо до рамо и да го промовираат мирот, да ја штитат споделената безбедност и да ги бранат глобалните правила. Тоа го покажуваме јасно преку институциите како ЕУ и НАТО, рече првиот човек на Алијансата.
За Македонија генералниот секретар на НАТО рече дека е валиден сојузник, кој придонесува во мировната мисија во Косово која е од витално значење за безбедноста на Западниот Балкан, особено во време на зголемени тензии.
Изминатите неколку дена нашата мисија на КФОР ја зајакнавме со стотици трупи, а Македонија го зголеми буџетот за одбрана и дава поддршка на нашиот партнер Украина. НАТО може да смета на Македонија и обратно. Јасен показател се авионите на НАТО кои во рамки на патролната служба го контролираат небото над земјата, рече Столтенберг.
Што се иднесува на прашањето за проширување на европското семејство до 2030 година, тој рече дека тоа не само што е возможно, туку и се случува во моментов.
Следејќи ги стапките на Македонија, Финска како одговор на руската инвазија се придружи на Алијансата. Сакам да ве уверам дека и шведското присоединување кон НАТО ќе биде комплетрирано што е мошно побрзо. Тоа важи и за Украина, сите наши сојузници се согласија земјата да стане дел од НАТО, а во Алијансата Русија нема право на вето, рече Јенс Столтенберг во видео обраќањето на „Преспа форум“ што се одржува во Струга.
На оваа сесија обраќање имаа и претседателот Стево Пендаровски, потоа претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и на на Албанија, Бајрам Бегај.

The post Столтенберг на „Преспа форум“: НАТО секогаш ќе го избере патот што води кон надеж, демократија и мир appeared first on Република.

]]>
Столтенберг денеска на гости кај Бајден https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-deneska-na-gosti-kaj-bajden/ Mon, 12 Jun 2023 07:05:26 +0000 https://republika.mk/?p=650284

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Белата куќа ќе го прими генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Средбата ќе се одржи во време на засилена трка за избор на наследник на Норвежанецот, чиј мандат истекува подоцна оваа година.

Се очекува Бајден и Столтенберг да разговараат и за конфликтот во Украина и за напорите на сојузниците да ја убедат Турција да се согласи да го деблокира пристапот на Шведска во Алијансата.

Столтенберг, ја водеше алијансата од 2014 година и трипати му беше продолжен мандатот, и на почетокот на годинава објави дека нема да бара реизбор. Неговиот мандат истекува на крајот на септември, а во таа насока започна трката за негов наследник, која во последно време се интензивираше, особено во контекст на претстојната средба следниот месец на шефовите на држави и влади на 31 членка на пактот во главниот град на Литванија, Вилнус.

Минатата недела, британскиот премиер Риши Сунак пред Бајден се заложи за избор на британскиот министер за одбрана Бен Валас за наследник на Столтенберг. Американскиот претседател се сретна и со данската премиерка Мете Фредериксен, која, исто така, се смета за потенцијален кандидат.

The post Столтенберг денеска на гости кај Бајден appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Белата куќа ќе го прими генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Средбата ќе се одржи во време на засилена трка за избор на наследник на Норвежанецот, чиј мандат истекува подоцна оваа година. Се очекува Бајден и Столтенберг да разговараат и за конфликтот во Украина и за напорите на сојузниците да ја убедат Турција да се согласи да го деблокира пристапот на Шведска во Алијансата. Столтенберг, ја водеше алијансата од 2014 година и трипати му беше продолжен мандатот, и на почетокот на годинава објави дека нема да бара реизбор. Неговиот мандат истекува на крајот на септември, а во таа насока започна трката за негов наследник, која во последно време се интензивираше, особено во контекст на претстојната средба следниот месец на шефовите на држави и влади на 31 членка на пактот во главниот град на Литванија, Вилнус. Минатата недела, британскиот премиер Риши Сунак пред Бајден се заложи за избор на британскиот министер за одбрана Бен Валас за наследник на Столтенберг. Американскиот претседател се сретна и со данската премиерка Мете Фредериксен, која, исто така, се смета за потенцијален кандидат.

The post Столтенберг денеска на гости кај Бајден appeared first on Република.

]]>
За Столтенберг најважно е Путин да биде запрен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-stoltenberg-najvazhno-e-putin-da-bide-zapren/ Thu, 08 Jun 2023 06:57:50 +0000 https://republika.mk/?p=649009

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека доколку Украина не победи, нема да има смисла да се размислува за нејзино членство во Алијансата.

Денеска е најважно да се осигураме дека претседателот на Русија Владимир Путин нема да победи... И дека Украина е зачувана како суверена држава бидејќи, во спротивно, ако Украина нема можност да постои како независна суверена демократска држава во Европа, нема смисла да се размислува за нејзино членство, кажа шефот на НАТО на форум во Брисел.

Тој додаде дека во оваа ситуација НАТО сега мора да покаже единство за поддршка на Украина.

Столтенберг, исто така, кажа дека во Киев е доставено многу оружје за контраофанзива.

Генералниот секретар на Алијансата, инаку, следната недела ќе ги посети САД. Тој ќе биде во Вашингтон на 12 и 13 јуни и ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

The post За Столтенберг најважно е Путин да биде запрен appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека доколку Украина не победи, нема да има смисла да се размислува за нејзино членство во Алијансата.
Денеска е најважно да се осигураме дека претседателот на Русија Владимир Путин нема да победи... И дека Украина е зачувана како суверена држава бидејќи, во спротивно, ако Украина нема можност да постои како независна суверена демократска држава во Европа, нема смисла да се размислува за нејзино членство, кажа шефот на НАТО на форум во Брисел.
Тој додаде дека во оваа ситуација НАТО сега мора да покаже единство за поддршка на Украина. Столтенберг, исто така, кажа дека во Киев е доставено многу оружје за контраофанзива. Генералниот секретар на Алијансата, инаку, следната недела ќе ги посети САД. Тој ќе биде во Вашингтон на 12 и 13 јуни и ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

The post За Столтенберг најважно е Путин да биде запрен appeared first on Република.

]]>
НАТО никогаш не бил закана за Русија, му одговори Столтенберг на Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nato-nikogash-ne-bil-zakana-za-rusija-mu-odgovori-stoltenberg-na-putin/ Wed, 05 Apr 2023 19:41:42 +0000 https://republika.mk/?p=627702

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска му одговори на рускиот претседател Владимир Путин дека НАТО никогаш не бил закана за Русија.

Коментирајќи ги наводите на рускиот претседател за иницирање на геополитичка конфронтација меѓу Европската унија и Русија, Столтенберг изјави дека тоа не е конфронтација почната ниту од ЕУ, ниту од НАТО, и дека Алијансата никогаш не била закана за Русија.

Тоа не е конфронтација ниту од ЕУ, ниту од НАТО. НАТО е одбранбен сојуз, НАТО и Финска никогаш не биле закана за Русија, изјави Столтенберг во интервју за Си-ен-ен.

Според него, со влезот во НАТО Финска ќе биде побезбедна, а НАТО ќе стане посилен.

Столтенберг додаде дека Русија не треба да одлучува кој може да влезе во Алијансата, туку тоа е одлука на секоја независна земја.

Путин претходно изјави дека односите меѓу Русија и ЕУ во последно време се влошени, како и дека конфликтот со Русија го иницираше Европа.

The post НАТО никогаш не бил закана за Русија, му одговори Столтенберг на Путин appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска му одговори на рускиот претседател Владимир Путин дека НАТО никогаш не бил закана за Русија. Коментирајќи ги наводите на рускиот претседател за иницирање на геополитичка конфронтација меѓу Европската унија и Русија, Столтенберг изјави дека тоа не е конфронтација почната ниту од ЕУ, ниту од НАТО, и дека Алијансата никогаш не била закана за Русија. Тоа не е конфронтација ниту од ЕУ, ниту од НАТО. НАТО е одбранбен сојуз, НАТО и Финска никогаш не биле закана за Русија, изјави Столтенберг во интервју за Си-ен-ен. Според него, со влезот во НАТО Финска ќе биде побезбедна, а НАТО ќе стане посилен. Столтенберг додаде дека Русија не треба да одлучува кој може да влезе во Алијансата, туку тоа е одлука на секоја независна земја. Путин претходно изјави дека односите меѓу Русија и ЕУ во последно време се влошени, како и дека конфликтот со Русија го иницираше Европа.  

The post НАТО никогаш не бил закана за Русија, му одговори Столтенберг на Путин appeared first on Република.

]]>
Столтенберг предупреди дека Бахмут може да падне во рацете на Русија во наредните денови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-predupredi-deka-bahmut-mozhe-da-padne-vo-ratsete-na-rusija-vo-narednite-denovi/ Fri, 10 Mar 2023 09:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=618034

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди дека по неколкумесечните интензивни борби, градот Бахмут во Источна Украина би можел да падне во рацете на Русија во наредните денови.

Неговите коментари дојдоа откако руската паравоена група „Вагнер“, која го предводи нападот на Бахмут, објави дека го освоила источниот брег на градот уништен во најдолгата битка од руската инвазија на Украина.

Шефот на „Вагнер“ и сојузник на Кремљ, Евгениј Пригожин, денеска објави дека неговите сили го зазеле целиот источен дел на Бахмут.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американската СНН рече дека неговите вооружени сили се решени да останат во Бахмут, но предупреди што може да се случи доколку градот падне во рацете на Русија.

The post Столтенберг предупреди дека Бахмут може да падне во рацете на Русија во наредните денови appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди дека по неколкумесечните интензивни борби, градот Бахмут во Источна Украина би можел да падне во рацете на Русија во наредните денови. Неговите коментари дојдоа откако руската паравоена група „Вагнер“, која го предводи нападот на Бахмут, објави дека го освоила источниот брег на градот уништен во најдолгата битка од руската инвазија на Украина. Шефот на „Вагнер“ и сојузник на Кремљ, Евгениј Пригожин, денеска објави дека неговите сили го зазеле целиот источен дел на Бахмут. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американската СНН рече дека неговите вооружени сили се решени да останат во Бахмут, но предупреди што може да се случи доколку градот падне во рацете на Русија.

The post Столтенберг предупреди дека Бахмут може да падне во рацете на Русија во наредните денови appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Украина ќе стане членка на НАТО, но „во долгорочна перспектива“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-ukraina-ke-stane-chlenka-na-nato-no-vo-dolgorochna-perspektiva/ Tue, 28 Feb 2023 14:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=614316

Украина ќе стане членка на НАТО, но „во долгорочна перспектива“, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Земјите на НАТО се согласни дека Украина треба да стане членка на Алијансата, но во исто време тоа е долгорочна перспектива“, рече Столтенберг за време на посетата на Финска, повикувајќи да се изгради „рамка“ за да се спречи во иднина Украина повторно да биде нападната.

Влезот на Украина во НАТО е апсолутна црвена линија за Москва, која ги наведува ризиците поврзани со таквата интеграција како аргумент за оправдување на нејзината инвазија.

„Прашањето сега е да се осигураме дека Украина ќе остане независна и суверена држава, а за тоа мора да ја поддржиме Украина. Војната на претседателот Путин во Украина продолжува и нема знаци дека тој ги менува своите планови. Тој сака да ја контролира Украина и не се подготвува за мир, туку за продолжување на војната. Ние исто така треба да разработиме рамки кои ќе гарантираат дека претседателот Путин и Русија нема повторно да ја нападнат Украина, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со финската премиерка Сана Марин.

The post Столтенберг: Украина ќе стане членка на НАТО, но „во долгорочна перспектива“ appeared first on Република.

]]>

Украина ќе стане членка на НАТО, но „во долгорочна перспектива“, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. „Земјите на НАТО се согласни дека Украина треба да стане членка на Алијансата, но во исто време тоа е долгорочна перспектива“, рече Столтенберг за време на посетата на Финска, повикувајќи да се изгради „рамка“ за да се спречи во иднина Украина повторно да биде нападната. Влезот на Украина во НАТО е апсолутна црвена линија за Москва, која ги наведува ризиците поврзани со таквата интеграција како аргумент за оправдување на нејзината инвазија. „Прашањето сега е да се осигураме дека Украина ќе остане независна и суверена држава, а за тоа мора да ја поддржиме Украина. Војната на претседателот Путин во Украина продолжува и нема знаци дека тој ги менува своите планови. Тој сака да ја контролира Украина и не се подготвува за мир, туку за продолжување на војната. Ние исто така треба да разработиме рамки кои ќе гарантираат дека претседателот Путин и Русија нема повторно да ја нападнат Украина, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со финската премиерка Сана Марин.

The post Столтенберг: Украина ќе стане членка на НАТО, но „во долгорочна перспектива“ appeared first on Република.

]]>