Столе Стоилов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stole-stoilov/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 06:08:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Столе Стоилов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stole-stoilov/ 32 32 Столе со пораз дебитираше на клупата на Вардар https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/stole-so-poraz-debitirashe-na-klupata-na-vardar/ Wed, 30 Oct 2024 07:30:20 +0000 https://republika.mk/?p=832273

Македонскиот ракометен клуб Вардар 1961 и вторпат во една седмица загуби од португалски Порто, овој пат на гостински терен со 37-24 и така ги загуби шансите за прогрес во следната рунда од Европската лига на ЕХФ.

Најдобар стрелец кај португалскиот тим беше Веитиа Валдеш со девет гола, пред Гомеш Силва Фернандеш со пет гола, додека кај Вардар, Марко Срдановиќ даде шест гола, а Георгиевски и Крсманчиќ погодија по три пати.

До крајот на Европската лига за Вардар остануваат уште два меча, тоа се против Мелсунген на домашен терен и против Валур на гостински терен. Последните два меча од групната фаза се играат во месец ноември.

The post Столе со пораз дебитираше на клупата на Вардар appeared first on Република.

]]>

Македонскиот ракометен клуб Вардар 1961 и вторпат во една седмица загуби од португалски Порто, овој пат на гостински терен со 37-24 и така ги загуби шансите за прогрес во следната рунда од Европската лига на ЕХФ. Најдобар стрелец кај португалскиот тим беше Веитиа Валдеш со девет гола, пред Гомеш Силва Фернандеш со пет гола, додека кај Вардар, Марко Срдановиќ даде шест гола, а Георгиевски и Крсманчиќ погодија по три пати. До крајот на Европската лига за Вардар остануваат уште два меча, тоа се против Мелсунген на домашен терен и против Валур на гостински терен. Последните два меча од групната фаза се играат во месец ноември.

The post Столе со пораз дебитираше на клупата на Вардар appeared first on Република.

]]>
Столе привремен тренер на Вардар, Недановски си поднесе оставка https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/stole-privremen-trener-na-vardar-nedanovski-si-podnese-ostavka/ Sun, 27 Oct 2024 14:49:12 +0000 https://republika.mk/?p=831423

Владо Недановски повеќе не е тренер ракометниот клуб Вардар.

За крајот на соработката со досегашниот тренер „црвено-црните“ информираа попладнево преку соопштение кое го пренесуваме во целост:

- Почитувани навивачи на Вардар, поддржувачи, спонзори и сите оние на кои „црвено-црната“ боја им значи нешто.

Вардар отсекогаш имал цел високи цели, се борел за титули, за висок пласман, и така ќе биде и во иднина. Горди сме што и покриј сите пречки кои стојат на патот на успехот, во изминатите години, па и сега, успеавме да го стабилизираме клубот, и да направиме чекори со кои повторно се враќаме на местото каде заслужуваме да бидеме.

Благодарни сме им на сите кои го поддржуваат клубот, на сите спонзори кои веруваат во Вардар. На добар пат сме клубот целосно финансиски да се консолидира, во многу брзо време, и сакам да упатам благодарност и до Министерот за спорт, Борко Ристовски кој првпат обезбеди средства за клубовите кои играат во Европа.

На тој пат до големи успеси секогаш ќе има ситуации кои треба да се решаваат, и понекогаш да бидат и „болни“. Пријателствата остануваат пријателства, но во професионализмот најголемо мерило се резултатите. Затоа сметаме дека во овој момент треба нешто да се смени и кај нас. Потребна е промена која ќе донесе нова сила, нов мотив за докажување, и на крајот и резултати.

Последните четири години клубот двапати освојуваше двојна круна, и уште еден Куп на Македонија, и игравме во осмина-финалето на Лига на шампионите. На клупата на Вардар во тој период беше Владо Недановски кој ја доби нашата целосна поддршка, како човек кој долги години е лојален на клубот, и беше дел и од шампионската екипа на Вардар од Келн. Сакам да му изразам благодарност на Недановски за неговата професионална посветеност во тој период и напорите кои ги вложи за постигнување на резултатите.

Нашите планови, желби и амбиции се годинава да ја вратиме титултата, да го освоим екупот и достојно да се презентираме во Лига Европа. Сакајќи да ја вратиме титулата, пред почеток на сезонава се засиливме со доста квалитетни играчи: Танкоски, Стојановски, Еспиња, Горига, Коиј, Ашраф, Пинто и Крсманчиќ. Со овие засилувања оценката на стручниот штаб и на клубот беше дека екипата е најмалку 30 отсто посилна од лани и желбите и целта беа да се освои титулата, купот и достојно да се претставиме во Лига Европа. Дополнително го ангажиравмне и Вуко Борозан.

За жал имавме неколку пехови со повреди на играчи, Пинто, Горига, Јагуриновски, Танкоски, а свесен сум дека треба период на воигрување на тимот. Меѓутоа во првото коло не изнанади Алкалоид, и тие покрај Вардар и Еурофарм Пелистер станаа сериозен кандидат за титулата. Меѓутоа првенството е долго, ќе има и други изненадувања, и се надевам дека ние нашата зацртана цел ќе ја реализираме.

Со сегашниот тренер Владо Недановски заеднички се договоривме дека во овој момент, и во интересен на клубот е најдобро некој друг тренер да продолжи со тимот, и да се обидеме заеднички да го оствариме она што е наша цел сезонава.

Во овој период е тешко да се најде квалитетен а слободен тренер, но веќе преговараме со тројца добри тренери, кои не се од блиското опркужување. Сигурен сум дека до среда (30 октомври) ќе го имаме името на новиот тренер. За сите условот е најдоцна до 15 ноември да почнат да работат со тимот. До тогаш тимот ќе го води Стојанче Стоилов, сегашниот помошник тренер.

Во ракомет е пракса дека кога нешто не оди, прво да се смени тренерот, иако не сме задоволни ниту од дел од играчите кои не го дадоа она што го очекуваме од нив, и тие треба да се замислат за својот иден статус во РК Вардар. Најважно е максимумот да го дадат на тренинзите, бидејќи како се тренира, така и се игра.

Со досегашниот тренер, Владо Недановски пријателски се договоривме да остане и понатаму дел од клубот, и заедно сите да работиме на постигнување на подобри резултати на сите полиња. Верувам дека ќе успееме во тоа, бидејќи патот е веќе трасиран, и треба само да бидеме упорни во одењето кон врвот, стои во соопштението на поранешниот двократен европски шампион

The post Столе привремен тренер на Вардар, Недановски си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Владо Недановски повеќе не е тренер ракометниот клуб Вардар. За крајот на соработката со досегашниот тренер „црвено-црните“ информираа попладнево преку соопштение кое го пренесуваме во целост: - Почитувани навивачи на Вардар, поддржувачи, спонзори и сите оние на кои „црвено-црната“ боја им значи нешто. Вардар отсекогаш имал цел високи цели, се борел за титули, за висок пласман, и така ќе биде и во иднина. Горди сме што и покриј сите пречки кои стојат на патот на успехот, во изминатите години, па и сега, успеавме да го стабилизираме клубот, и да направиме чекори со кои повторно се враќаме на местото каде заслужуваме да бидеме. Благодарни сме им на сите кои го поддржуваат клубот, на сите спонзори кои веруваат во Вардар. На добар пат сме клубот целосно финансиски да се консолидира, во многу брзо време, и сакам да упатам благодарност и до Министерот за спорт, Борко Ристовски кој првпат обезбеди средства за клубовите кои играат во Европа. На тој пат до големи успеси секогаш ќе има ситуации кои треба да се решаваат, и понекогаш да бидат и „болни“. Пријателствата остануваат пријателства, но во професионализмот најголемо мерило се резултатите. Затоа сметаме дека во овој момент треба нешто да се смени и кај нас. Потребна е промена која ќе донесе нова сила, нов мотив за докажување, и на крајот и резултати. Последните четири години клубот двапати освојуваше двојна круна, и уште еден Куп на Македонија, и игравме во осмина-финалето на Лига на шампионите. На клупата на Вардар во тој период беше Владо Недановски кој ја доби нашата целосна поддршка, како човек кој долги години е лојален на клубот, и беше дел и од шампионската екипа на Вардар од Келн. Сакам да му изразам благодарност на Недановски за неговата професионална посветеност во тој период и напорите кои ги вложи за постигнување на резултатите. Нашите планови, желби и амбиции се годинава да ја вратиме титултата, да го освоим екупот и достојно да се презентираме во Лига Европа. Сакајќи да ја вратиме титулата, пред почеток на сезонава се засиливме со доста квалитетни играчи: Танкоски, Стојановски, Еспиња, Горига, Коиј, Ашраф, Пинто и Крсманчиќ. Со овие засилувања оценката на стручниот штаб и на клубот беше дека екипата е најмалку 30 отсто посилна од лани и желбите и целта беа да се освои титулата, купот и достојно да се претставиме во Лига Европа. Дополнително го ангажиравмне и Вуко Борозан. За жал имавме неколку пехови со повреди на играчи, Пинто, Горига, Јагуриновски, Танкоски, а свесен сум дека треба период на воигрување на тимот. Меѓутоа во првото коло не изнанади Алкалоид, и тие покрај Вардар и Еурофарм Пелистер станаа сериозен кандидат за титулата. Меѓутоа првенството е долго, ќе има и други изненадувања, и се надевам дека ние нашата зацртана цел ќе ја реализираме. Со сегашниот тренер Владо Недановски заеднички се договоривме дека во овој момент, и во интересен на клубот е најдобро некој друг тренер да продолжи со тимот, и да се обидеме заеднички да го оствариме она што е наша цел сезонава.
Во овој период е тешко да се најде квалитетен а слободен тренер, но веќе преговараме со тројца добри тренери, кои не се од блиското опркужување. Сигурен сум дека до среда (30 октомври) ќе го имаме името на новиот тренер. За сите условот е најдоцна до 15 ноември да почнат да работат со тимот. До тогаш тимот ќе го води Стојанче Стоилов, сегашниот помошник тренер.
Во ракомет е пракса дека кога нешто не оди, прво да се смени тренерот, иако не сме задоволни ниту од дел од играчите кои не го дадоа она што го очекуваме од нив, и тие треба да се замислат за својот иден статус во РК Вардар. Најважно е максимумот да го дадат на тренинзите, бидејќи како се тренира, така и се игра. Со досегашниот тренер, Владо Недановски пријателски се договоривме да остане и понатаму дел од клубот, и заедно сите да работиме на постигнување на подобри резултати на сите полиња. Верувам дека ќе успееме во тоа, бидејќи патот е веќе трасиран, и треба само да бидеме упорни во одењето кон врвот, стои во соопштението на поранешниот двократен европски шампион

The post Столе привремен тренер на Вардар, Недановски си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Му вратија за пивото – „Чкембари“ со колбаси за Стоилов https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/mu-vratija-za-pivoto-chkembari-so-kolbasi-za-stoilov/ Sun, 01 May 2022 19:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=496136

По победата на Еурофарм Пелистер во Скопје, капитенот на вардарци Столе Стоилов ја почести противничката екипа со гајби пиво.

На денешниот празник пред натпреварот, тој од „Чкембарите“ во првиот ред доби првомајски колбаси за подарок, пренесува „Гол.мк“.

The post Му вратија за пивото – „Чкембари“ со колбаси за Стоилов appeared first on Република.

]]>

По победата на Еурофарм Пелистер во Скопје, капитенот на вардарци Столе Стоилов ја почести противничката екипа со гајби пиво. На денешниот празник пред натпреварот, тој од „Чкембарите“ во првиот ред доби првомајски колбаси за подарок, пренесува „Гол.мк“.

The post Му вратија за пивото – „Чкембари“ со колбаси за Стоилов appeared first on Република.

]]>
РК Вардар: Легендите доаѓаат тивко и влегуваат во историјата https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rk-vardar-legendite-doagjaat-tivko-i-vleguvaat-vo-istorijata/ Mon, 18 Apr 2022 14:00:43 +0000 https://republika.mk/?p=490124

Легендите доаѓаат тивко и влегуваат во историјата.

Овие зборови, ракометниот клуб Вардар, му ги посветува на еден од најмаркантните и најуспешни ракометари во историјата, Столе Стоилов, кој најави дека се повлекува од репрезентацијата .

Тој е повеќе од легенда, ракометна икона, и идол на сите млади ракометари. Беспоштеден борец, фајтер до крај.

Со пласман на СП 2023 година и триумф во квалификациите против Чешка, нашиот капитен Стојанче Стоилов ја заврши репрезентативната кариера. Им остави трасиран пат на младите да продолжат по неговите стапки.

Повеќе од една деценија беше еден од бедемите на македонската ракометна репрезентација.

Столе ти си наша икона! - се наведува во пораката на Вардар.

The post РК Вардар: Легендите доаѓаат тивко и влегуваат во историјата appeared first on Република.

]]>

Легендите доаѓаат тивко и влегуваат во историјата. Овие зборови, ракометниот клуб Вардар, му ги посветува на еден од најмаркантните и најуспешни ракометари во историјата, Столе Стоилов, кој најави дека се повлекува од репрезентацијата .
Тој е повеќе од легенда, ракометна икона, и идол на сите млади ракометари. Беспоштеден борец, фајтер до крај.   Со пласман на СП 2023 година и триумф во квалификациите против Чешка, нашиот капитен Стојанче Стоилов ја заврши репрезентативната кариера. Им остави трасиран пат на младите да продолжат по неговите стапки.   Повеќе од една деценија беше еден од бедемите на македонската ракометна репрезентација.   Столе ти си наша икона! - се наведува во пораката на Вардар.

The post РК Вардар: Легендите доаѓаат тивко и влегуваат во историјата appeared first on Република.

]]>
Манасков: Фала ви за сè, мангупишта! https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/manaskov-fala-vi-za-se-mangupishta/ Mon, 18 Apr 2022 07:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=489776

Дејан Манасков ги пропушти двата бараж двомечи за пласман на Светското првенство поради тешката повреда на коленото од која се уште се рехабилитира, но повеќе од јасно е дека ќе биде огромно засилување за Светското првенство.

Во драматична завршница и фантастична атмосфера во „Борис Трајковски“, Македонија победи над Чешка на завршниот меч во бараж финалето со 27:25. Но, на Светското првенство наредната година најавено е дека нема да гледаме две големи имиња.

Заминувањето на Филип Миркуловски беше најавено и тој беше почесно испратен уште пред почетокот на мечот. Но по победата над Чешка крај на репрезентативната кариера најави и пивотот Столе Стоилов.

Кирил Лазаров секако очекуваше заминување од „Жути“, но одлуката на Столе е голем шок и за него и најави дека ќе се обиде да го премисли до мундијалот во јануари.

Дали Кире ќе успее да го премисли Столе има време да видиме. Во меѓувреме соиграчите ги поздравуваат легендите.

Што да кажам за вас двајца, ако тргнам да пишувам ќе ми требаат неколку дена. Ми беше чест и задоволство што заедно ги делевме и добрите и лошите моменти во репрезентацијата сите овие години. Сите победи и порази, сите наши заеднички дружења. Фала ви за сè мангупишта. Ќе фалите, порача Манасков.

The post Манасков: Фала ви за сè, мангупишта! appeared first on Република.

]]>

Дејан Манасков ги пропушти двата бараж двомечи за пласман на Светското првенство поради тешката повреда на коленото од која се уште се рехабилитира, но повеќе од јасно е дека ќе биде огромно засилување за Светското првенство. Во драматична завршница и фантастична атмосфера во „Борис Трајковски“, Македонија победи над Чешка на завршниот меч во бараж финалето со 27:25. Но, на Светското првенство наредната година најавено е дека нема да гледаме две големи имиња. Заминувањето на Филип Миркуловски беше најавено и тој беше почесно испратен уште пред почетокот на мечот. Но по победата над Чешка крај на репрезентативната кариера најави и пивотот Столе Стоилов. Кирил Лазаров секако очекуваше заминување од „Жути“, но одлуката на Столе е голем шок и за него и најави дека ќе се обиде да го премисли до мундијалот во јануари. Дали Кире ќе успее да го премисли Столе има време да видиме. Во меѓувреме соиграчите ги поздравуваат легендите.
Што да кажам за вас двајца, ако тргнам да пишувам ќе ми требаат неколку дена. Ми беше чест и задоволство што заедно ги делевме и добрите и лошите моменти во репрезентацијата сите овие години. Сите победи и порази, сите наши заеднички дружења. Фала ви за сè мангупишта. Ќе фалите, порача Манасков.

The post Манасков: Фала ви за сè, мангупишта! appeared first on Република.

]]>
Столе најави крај: Фала на цела македонска јавност, ми беше чест да играм за Македонија https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/stole-najavi-kraj-fala-na-cela-makedonska-javnost-mi-beshe-chest-da-igram-za-makedonija/ Mon, 18 Apr 2022 06:54:13 +0000 https://republika.mk/?p=489743

Пивотот Стојанче Стоилов синоќа го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес. Тој по големата победа над Чешка и обезбедениот пласман на Мундијалот следната година, ја соопшти одлуката дека се повлекува од репрезентацијата, оставајќи простор на помладите.

– Сакам да најавам крај на репрезентативната кариера. Ми беше чест и задоволство 15 години да бидам тука, со гордост го носев овој дрес. Има многу играчи што треба да се набројат. Ќе почнам со Кире, ти благодарам за сЕ што направивме и не направиме. Тука е и Жути (Миркуловски) кој го остави здравјето настапувајќи за репрезентацијата. Оваа моја одлука е поради тоа што веќе чувствувам дека телото не ги издржува овие напори. Фала на цела македонска јавност, ми беше чест да играм за Македонија, изјави Стоилов.

Одлуката за репрезентативна пензија на Стоилов, предизвика многу емоции кај селекторот Кире Лазаров кој не успеа да ги задржи солзите на заедничката прес-конференција.

– Според мене Столе ни е потребен. Меѓутоа, ја почитувам неговата одлука. Нема да биде лесно без него и без Миркуловски. Капа доле, рече Лазаров.

Македонската репрезентација синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ ја победи Чешка со 27:25 и избори учество на Светското првенство 2023 година во Полска и Шведска.

The post Столе најави крај: Фала на цела македонска јавност, ми беше чест да играм за Македонија appeared first on Република.

РФМ: Вардар 1961 парично казнет, суспензија за Стоилов https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rfm-vardar-1961-parichno-kaznet-suspenzija-za-stoilov/ Thu, 31 Mar 2022 13:55:04 +0000 https://republika.mk/?p=481471

Актуелниот шампион Вардар 1961 е парично казнет поради слаба организација на саботното прволигашко дерби против Еурофарм Пелистер, а капитенот на „црвено – црните“ Стојанче Стоилов е суспендиран поради неспортско однесување на теренот, одлучи денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Поради пропусти во организација на натпреварот, кој Еурофарм Пелистер го реши во своја корист, Вардар 1961 е санкциониран со парична казна во износ од 60.000 денари.

Во финишот на натпреварот капитенот на Вардар, Стоилов, поради неспортско однесување беше исклучен и е казнет со забрана за настап од еден натпревар,

Стојанче Стоилов, ракометар на РК Вардар 1961 лиценца бр. 21, му се изрекува дисциплинска санкција, забрана на настап од еден натпревар согласно член 114 од ДП на РФМ, објави РФМ.

The post РФМ: Вардар 1961 парично казнет, суспензија за Стоилов appeared first on Република.

]]>

Актуелниот шампион Вардар 1961 е парично казнет поради слаба организација на саботното прволигашко дерби против Еурофарм Пелистер, а капитенот на „црвено – црните“ Стојанче Стоилов е суспендиран поради неспортско однесување на теренот, одлучи денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Поради пропусти во организација на натпреварот, кој Еурофарм Пелистер го реши во своја корист, Вардар 1961 е санкциониран со парична казна во износ од 60.000 денари. Во финишот на натпреварот капитенот на Вардар, Стоилов, поради неспортско однесување беше исклучен и е казнет со забрана за настап од еден натпревар,
Стојанче Стоилов, ракометар на РК Вардар 1961 лиценца бр. 21, му се изрекува дисциплинска санкција, забрана на настап од еден натпревар согласно член 114 од ДП на РФМ, објави РФМ.

The post РФМ: Вардар 1961 парично казнет, суспензија за Стоилов appeared first on Република.

]]>
Стоилов: Оваа репрезентација покажа дека може и без Лазаров https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/stoilov-ovaa-reprezentacija-pokaza-deka-moze-i-bez-lazarov/ Thu, 13 Jan 2022 20:07:02 +0000 https://republika.mk/?p=444335

Пикерот на македонската ракометна репрезентација, Стојанче Стоилов, гледа позитивни моменти во нашата селекција и покрај поразот од Словенија на отворањето на Европското првенство.

Прво честитки до Словенија за победата. Денеска не одиграа најдобро затоа што ние ги натеравме да играат така. На оваа репрезентација и недостасува искуство, немавме и среќа да освоивме бод или да победиме денес. Се надевам дека ваква игра само со помалку технички грешки ќе прикажеме и на следните два натпревари - вели Стоилов.

Тој вели селекцијата играла добро и покрај тоа што многу недостасувал Кире Лазаров, кој поради повреда на првенството ќе ја има само улогата на селектор.

Кире не ги играше пријателските натпревари и се навикнавме и без него, момците видоа дека можат без него. Правевме грешки во одредени моменти поради избрзувањето и неискуството. Видовме дека можеме и вака, промена на генерации мора да има, а оваа репрезентација е на вистинскиот пат - вели Стоилов.

Следниот натпревар нашата репрезентација го игра против Црна Гора во сабота.

The post Стоилов: Оваа репрезентација покажа дека може и без Лазаров appeared first on Република.