Столе Попов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stole-popov/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Oct 2024 08:06:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Столе Попов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stole-popov/ 32 32 Режисерот Столе Попов, добитник на наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rezhiserot-stole-popov-dobitnik-na-nagradata-zhivojin-zhika-pavlovik-za-promotsija-na-balkanskata-kinematografija/ Wed, 16 Oct 2024 08:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=827410

Македонскиот режисер Столе Попов е годинашниот лауреат на почесната награда „Живојин Жика Павловиќ“ во Србија за промоција на балканската кинематографија во светот, јави дописникот на МИА од Белград.

Оваа престижна награда ќе му биде врачена на годишното доделување на наградите за режисер на 17 октомври во Нови Сад.

По повод оваа награда, на 16 октомври во 20:30 часот во Арена Синеплекс во Нови Сад ќе биде организирана проекција на неговиот филм Gipsy Magic. Влезот за проекцијата е бесплатен.

Досегашни лауреати на ова признание се: Горан Марковиќ, Слободан Шијан, Емир Кустурица, Раде Шербеџија, Предраг Мики Манојловиќ, Лазар Ристовски, Драган Николиќ, Велимир Бата Живојиновиќ, Славко Штимац, Богдан Дикљиќ, Горан Паскаљевиќ, Милчо Манчевски и Миша Радивојевиќ.

Гала церемонијата за доделување на Годишната награда за режисер ќе се одржи на 17 октомври 2024 година во „Хотел Пупин“ во Нови Сад, во организација на продуцентската куќа „Магична Линија“. На гала вечерата со номинираните режисери и гости ќе бидат доделени Годишните режисерски награди за две категории ТВ серии и за најдобра режија на филм од просторот на поранешна Југославија.

Во рамки на оваа манифестација, на 16 и 17 октомври, бројни гости ќе присуствуваат на конференцијата на Организацијата за заштита на авторските права и на панел-серијата на Здружението на режисери на Балканот.

Столе Попов кариерата ја започна со режија на документарни филмови, а негов прв игран филм е „Црвен коњ“ од 1980 година. Најпознати играни филмови што ги режираше се „Тетовирање“, „До Балчак“ и „Џипси Меѓик“. Тој ги напиша и сценаријата за повеќето негови дела што ги режираше.

Добитник е на над 50 европски и светски награди и значајни признанија, меѓу кои 8 Гран при награди на различни меѓународни фестивали и две номинации за „Оскар“ (Американска филмска академија) за документарниот филм „Дае“ и „Феликс“ на (Европска филмска академија) за филмот „Тетовирање“.

 

The post Режисерот Столе Попов, добитник на наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот режисер Столе Попов е годинашниот лауреат на почесната награда „Живојин Жика Павловиќ“ во Србија за промоција на балканската кинематографија во светот, јави дописникот на МИА од Белград. Оваа престижна награда ќе му биде врачена на годишното доделување на наградите за режисер на 17 октомври во Нови Сад. По повод оваа награда, на 16 октомври во 20:30 часот во Арена Синеплекс во Нови Сад ќе биде организирана проекција на неговиот филм Gipsy Magic. Влезот за проекцијата е бесплатен. Досегашни лауреати на ова признание се: Горан Марковиќ, Слободан Шијан, Емир Кустурица, Раде Шербеџија, Предраг Мики Манојловиќ, Лазар Ристовски, Драган Николиќ, Велимир Бата Живојиновиќ, Славко Штимац, Богдан Дикљиќ, Горан Паскаљевиќ, Милчо Манчевски и Миша Радивојевиќ. Гала церемонијата за доделување на Годишната награда за режисер ќе се одржи на 17 октомври 2024 година во „Хотел Пупин“ во Нови Сад, во организација на продуцентската куќа „Магична Линија“. На гала вечерата со номинираните режисери и гости ќе бидат доделени Годишните режисерски награди за две категории ТВ серии и за најдобра режија на филм од просторот на поранешна Југославија. Во рамки на оваа манифестација, на 16 и 17 октомври, бројни гости ќе присуствуваат на конференцијата на Организацијата за заштита на авторските права и на панел-серијата на Здружението на режисери на Балканот. Столе Попов кариерата ја започна со режија на документарни филмови, а негов прв игран филм е „Црвен коњ“ од 1980 година. Најпознати играни филмови што ги режираше се „Тетовирање“, „До Балчак“ и „Џипси Меѓик“. Тој ги напиша и сценаријата за повеќето негови дела што ги режираше. Добитник е на над 50 европски и светски награди и значајни признанија, меѓу кои 8 Гран при награди на различни меѓународни фестивали и две номинации за „Оскар“ (Американска филмска академија) за документарниот филм „Дае“ и „Феликс“ на (Европска филмска академија) за филмот „Тетовирање“.  

The post Режисерот Столе Попов, добитник на наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија appeared first on Република.

]]>
„Бекни бе, ќе ми снема лента“ – Мастерклас со Столе Попов викендов на „МакеДокс“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/bekni-be-ke-mi-snema-lenta-masterklas-so-stole-popov-vikendov-na-makedoks/ Fri, 16 Aug 2024 08:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=807105

Во рамките на јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс, во сабота на 17 август 2024 година во Културниот Центар Лабораториум во Скопје, со почеток во 11:00 часот, ќе имате можност да присуствувате на мастеркласот на Столе Попов со наслов „Бекни бе, ќе ми снема лента“.

Модераторка: Илинденка Петрушева

 

Настанот е отворен за јавност

Во светот на филмот, величината на режисерот се остварува низ неговите визии, иновации и способноста да ги воведе гледачите во нови светови. Столе Попов е режисер којшто со своето уметничко кредо и креативност го обликува величието на филмот. Неговите филмови го менуваат начинот на кој го гледаме и разбираме светот околу нас. Столе Попов останува водечка фигура на современата кинематографија, во полна смисла на зборот, инспирирајќи ги следните генерации креативци, режисери и љубители на филмот. Сите негови филмски остварувања остануваат врежани во срцата и меморијата на гледачите, оставајќи трајни отпечатоци во културата и историјата на кинематографијата.

 

Столе Попов е роден во 1950 година во Скопје, НР Македонија. Во 1973 година дипломира филмска режија на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград. Во текот на студирањето има снимено 10 краткометражни студентски филмови.

Од 1978 до 1988 година работи како режисер во „Вардар филм“, а од 1985 до 1986 година ја врши должноста директор на таа филмска куќа. Од 1989 година работи како професор по филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и е раководител на катедрата по филмска режија.

 

Уште со своите први филмови (значи, оние од Академијата за филм во Белград) беше јасно дека ефектуираната способност на Столе Попов за таканареченото „филмско размислување“ во иднина ќе се најде пред бројни творечки предизвици. Така и бидна…!

Една од основните задачи на Кинотеката на Македонија е филмовите од националната продукција трајно да ги заштити и да ги направи достапни за широката културна јавност. За таа цел, во 2011 година, во годината кога Кинотеката го славеше својот 35-годишен јубилеј, првпат реализиравме проект за дигитална реставрација на македонски филмови. Во проектот беа опфатени 7 филма на режисерот Столе Попов, играните ЦРВЕНИОТ КОЊ, СРЕЌНА НОВА ‘49, ТЕТОВИРАЊЕ и ЏИПСИ МЕЏИК, како и документарните филмови ОГАН, АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА и ДАЕ. Сите реставрирани филмови беа префрлени на ЛТО4 ленти, за нивно архивирање, како и за изработка на нов дубл-негатив и нови филмски копии.

The post „Бекни бе, ќе ми снема лента“ – Мастерклас со Столе Попов викендов на „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс, во сабота на 17 август 2024 година во Културниот Центар Лабораториум во Скопје, со почеток во 11:00 часот, ќе имате можност да присуствувате на мастеркласот на Столе Попов со наслов „Бекни бе, ќе ми снема лента“. Модераторка: Илинденка Петрушева   Настанот е отворен за јавност Во светот на филмот, величината на режисерот се остварува низ неговите визии, иновации и способноста да ги воведе гледачите во нови светови. Столе Попов е режисер којшто со своето уметничко кредо и креативност го обликува величието на филмот. Неговите филмови го менуваат начинот на кој го гледаме и разбираме светот околу нас. Столе Попов останува водечка фигура на современата кинематографија, во полна смисла на зборот, инспирирајќи ги следните генерации креативци, режисери и љубители на филмот. Сите негови филмски остварувања остануваат врежани во срцата и меморијата на гледачите, оставајќи трајни отпечатоци во културата и историјата на кинематографијата.   Столе Попов е роден во 1950 година во Скопје, НР Македонија. Во 1973 година дипломира филмска режија на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград. Во текот на студирањето има снимено 10 краткометражни студентски филмови. Од 1978 до 1988 година работи како режисер во „Вардар филм“, а од 1985 до 1986 година ја врши должноста директор на таа филмска куќа. Од 1989 година работи како професор по филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и е раководител на катедрата по филмска режија.   Уште со своите први филмови (значи, оние од Академијата за филм во Белград) беше јасно дека ефектуираната способност на Столе Попов за таканареченото „филмско размислување“ во иднина ќе се најде пред бројни творечки предизвици. Така и бидна…! Една од основните задачи на Кинотеката на Македонија е филмовите од националната продукција трајно да ги заштити и да ги направи достапни за широката културна јавност. За таа цел, во 2011 година, во годината кога Кинотеката го славеше својот 35-годишен јубилеј, првпат реализиравме проект за дигитална реставрација на македонски филмови. Во проектот беа опфатени 7 филма на режисерот Столе Попов, играните ЦРВЕНИОТ КОЊ, СРЕЌНА НОВА ‘49, ТЕТОВИРАЊЕ и ЏИПСИ МЕЏИК, како и документарните филмови ОГАН, АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА и ДАЕ. Сите реставрирани филмови беа префрлени на ЛТО4 ленти, за нивно архивирање, како и за изработка на нов дубл-негатив и нови филмски копии.

The post „Бекни бе, ќе ми снема лента“ – Мастерклас со Столе Попов викендов на „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>
Врачен Златниот објектив на Столе Попов: Ме радува што очигледно филмовите што сум ги работел траат во времето, одолеваат на ефемерноста која што особено во филмската уметност честопати е многу видлива https://arhiva3.republika.mk/scena/film/vrachen-zlatniot-objektiv-na-stole-popov-me-raduva-shto-ochigledno-filmovite-shto-sum-gi-rabotel-traat-vo-vremeto-odolevaat-na-efemernosta-koja-shto-osobeno-vo-filmskata-umetnost-chestopati-e-mnogu-vi/ Wed, 29 May 2024 12:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=782791

Денешната свеченост на која во Кинотеката на Македонија беше доделен Златен објектив на режисерот Столе Попов почна со видео записот за песната „Скопје“ на „Леб и сол“, кој во 1987 година беше награден со Grand Prix – Југословенски Видео Фестивал, Белград.

Големиот доајен на филмската уметност Столе Стојан Попов ова признание го добива за својот исклучителен придонес во развојот на македонската кинематографија, плодното творештво и белегот што го остави во домашната филмска индустрија – како филмски автор, продуцент, сценарист и професор, влијателен и конструктивен во градењето на културните политики за развој на домашниот филм.

„Златниот објектив“ е признание кое Кинотеката, како национален филмски архив, го воведе пред повеќе од 15 години, а го доделува по повод роденденот на институцијата – 29 април 1974 година, кога е објавен Законот за формирање на кинотеката. Ова признание е наменето за филмски автори и професионалци, кои преку својот работен ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Досегашни добитници на ова признание биле режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов и Кирил Ценевски, актерот и режисер Коле Ангелов, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митровска, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Луковска-Дончиќ и Спасе Тасевски, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, продуцентот Панта Мижимаков, филсмките критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куновски Доре, композиторот Љупчо Константинов, костимографите Елена Дончева и Зорица Тодорова-Младеновиќ, тон-мајсторот Глигор Паковски, сликарот Коле Манев и филмскиот работник Коста Крпач.

Столе Попов е роден 1950 година во Скопје, а во 1973 година дипломира на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград. Снима уште како студент, а со првите документарни филмови како филмски професионалец – ОГАН (1974) и АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА (1977), тој веќе се етаблира како талентиран филмски творец со препознатлив стилски и естетски сензибилитет. Од 1978 година, се вработува во „Вардар филм“ – и веќе следната, 1979 година, со ДАЕ, документарецот за ромското население во Скопје – станува прв македонски автор кој е номиниран за престижниот американски „Оскар“, тогаш како претставник не само на македонскта, туку и на југословенската кинематографија во тоа време. Потоа, снима бројни рекламни филмови – за Алкалоид, ГП Маврово и ХЕК Југохром, а првиот негов игран филм – ЦРВЕНИОТ КОЊ, го реализира во 1981 година. По тоа следуваат долгометражните филмови СРЕЌНА НОВА 49 (1986), ТЕТОВИРАЊЕ (1991), ЏИПСКИ МЕЏИК (1997) и ДО БАЛЧАК (2014), поголем број негови менторски и продуцентски проекти, како и неговиот професорски ангажман на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Член е на Европската филмска академија, а еден период беше и директор на државната продуцентска куќа „Вардар филм“ во тоа време.

Во 2011 година – неговите филмови (три документарни и четири играни дела) беа дигитално реставрирани и објавени во форма на ДВД-издание – што воедно беше и првиот проект за дигитална реставрација реализиран од страна на Кинотеката.

Речиси сите негови филмови – и документарните и играните – се наградувани на бројни регионални и на светски фестивали, а некои од нив – како на пример ТЕТОВИРАЊЕ и СРЕЌНА НОВА 49 – се здобиваат и со култуен статус кај различни генерации од тогашната домашна македонска и југословенска публика, и тој статус само се зголемува и продлабочува со минувањето на времето…! Тоа е и еден од најголемите и вистински показатели за неговата авторска оригиналност и специфична филмска естетика и квалитет – заедно со неговата филмска оставштина и залог помеѓу поновите генерации на филмски автори и промислувачи на филмот кои дошле и доаѓаат по него – поттикнати, окуражени и инспирирани од неговиот длабок естетски и специфичен филмски опус, и од неговиот високо значаен стилски авторски белег кој тој го остава во македонската кинематографија…

За творештвото и достигнувањата на Попов пред присутните говореше Арсим Лесковица филмолог од Кинотеката на Македонија, кој меѓу другото истакна дека да се родиш и да живееш во македонија, а да не си ги погледнал филмовите на Столе Попов, е исто како да си се родил во една древна цивилизација како што е Египет, а никогаш да не си се запознал со величенствените пирамиди.

Се заблагодарувам на Кинотека за ова признание и укажаната чест. Годините бргу летаат и не можам да поверувам дека сево ова што сега имавме можност да го чуеме во излагањата се случило толку одамна. Сега кога дојдов во Кинотека еден од студентите ми рече дека скоро го гледал „Австралија, Австралија“, а филмот е снимен точно пред 50 години - во златното време на „Вардар филм“ кога директор беше Анте Поповски, рече Попов.

По доделувањето на „Златниот објектив“ за 2024 година, Попов говореше за своето филмско творештво и работно искуство со Илинденка Петрушева, познат филмски критичар, автор и истражувач на историјата на македонската и светската кинематографија.

Низ разговорот се потсетија и на снимањето токму на спотот за „Скопје“ од „Леб и сол“, за што, како што рекоа во голема мера е заслужен тогашниот уредник на ТВ Скопје Димитар Масевски.

Тоа сè се должеше на енергијата и на добрата волја на Димитар Масевски, кој ме ангажираше, се нафатив на таа работа и тоа снимање траеше можеби една недела, се присети Попов.

Снимен е во бараката на Влатко Стефановски во Тафталиџе.  Песната „Скопје“ е две минути, но Масевски направи да биде три минути, рече Попов и го поздрави синот на Масе, Александар Масевски кој беше присутен на свеченоста.

Во дел од секунда во спотот се појавува и самиот автор, во вистински хичкоковски манир, во сите свои филмови се појавува мигновено. Меѓу присутните беше и Влатко Стефановски, кој му честиташе на Попов со срдечна прегратка, но и режисери, актери, политичари, претставници на културниот и јавниот живот.

Сакам да се заблагодарам и на сите присутни што дојдовте на оваа свеченост. Ме радува што очигледно филмовите што сум ги работел траат во времето, одолеваат на ефемерноста која што особено во филмската уметност честопати е многу видлива. Но, Кинотеката е таа што треба да ги сочува филмовите и добива една улога како во една винарија да ги остави да созреат филмовите и потоа тие самите го покажуваат своето опстојување. Вкусовите се различни, секој има право на свое видување на филмовите, истакна Попов.

Кинотеката воведе и Специјален „Златен објектив“, кој се доделува на професионалците кои придонеле за филмското архивирање и кинотечната дејност. Ова признание денеска му беше врачено на Киро Велков, долгогодишен филмски техничар, киноапаратер и филмски архивист.

Ова е признание за луѓето од фелата, луѓето кои се задолжени за зачувување на нашето, кинотечното богатство. Овој наш колега го поминал целиот работен век во оваа институција, единствена од ваков вид во државава. Кој учествувал во градење на филмскиот архив, кој има над 50.000 наслови, испишал голем број книги, на неговата работна маса поминале илјадници филмски ленти, документи, фотографии, музејски предмети..., рече Тихомир Кашмировски .

Наградите на Попов и Велков им ги врачи в.д. директор на Кинотека , Бојан Станишиќ.

Вечерва во 20 часот ќе се одржи проекција на култниот ТЕТОВИРАЊЕ (1991), првиот игран филм создаден во независна Република Македонија кој, несомнено, и по својата содржина, одличните актерски достигнувања, познатите реплики и многу други нешта е впечатливо и единствено филмско дело. По проекцијата на филмот Столе Попов ќе одговара на прашања на публиката во Q&A сесија модерирана од Саша Станишиќ,и Јане Алтипармаков режисери од помладата генерација, инаку некогашни студенти на Попов кога тој беше професор на Факултетот за драмски уметности.

https://republika.mk/scena/film/proektsija-na-kultniot-makedonski-film-tetovirane-i-razgovor-so-rezhiserot-stole-popov-vecherva-vo-kinoteka/

The post Врачен Златниот објектив на Столе Попов: Ме радува што очигледно филмовите што сум ги работел траат во времето, одолеваат на ефемерноста која што особено во филмската уметност честопати е многу видлива appeared first on Република.

]]>

Денешната свеченост на која во Кинотеката на Македонија беше доделен Златен објектив на режисерот Столе Попов почна со видео записот за песната „Скопје“ на „Леб и сол“, кој во 1987 година беше награден со Grand Prix – Југословенски Видео Фестивал, Белград. Големиот доајен на филмската уметност Столе Стојан Попов ова признание го добива за својот исклучителен придонес во развојот на македонската кинематографија, плодното творештво и белегот што го остави во домашната филмска индустрија – како филмски автор, продуцент, сценарист и професор, влијателен и конструктивен во градењето на културните политики за развој на домашниот филм.

„Златниот објектив“ е признание кое Кинотеката, како национален филмски архив, го воведе пред повеќе од 15 години, а го доделува по повод роденденот на институцијата – 29 април 1974 година, кога е објавен Законот за формирање на кинотеката. Ова признание е наменето за филмски автори и професионалци, кои преку својот работен ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Досегашни добитници на ова признание биле режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов и Кирил Ценевски, актерот и режисер Коле Ангелов, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митровска, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Луковска-Дончиќ и Спасе Тасевски, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, продуцентот Панта Мижимаков, филсмките критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куновски Доре, композиторот Љупчо Константинов, костимографите Елена Дончева и Зорица Тодорова-Младеновиќ, тон-мајсторот Глигор Паковски, сликарот Коле Манев и филмскиот работник Коста Крпач.

Столе Попов е роден 1950 година во Скопје, а во 1973 година дипломира на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград. Снима уште како студент, а со првите документарни филмови како филмски професионалец – ОГАН (1974) и АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА (1977), тој веќе се етаблира како талентиран филмски творец со препознатлив стилски и естетски сензибилитет. Од 1978 година, се вработува во „Вардар филм“ – и веќе следната, 1979 година, со ДАЕ, документарецот за ромското население во Скопје – станува прв македонски автор кој е номиниран за престижниот американски „Оскар“, тогаш како претставник не само на македонскта, туку и на југословенската кинематографија во тоа време. Потоа, снима бројни рекламни филмови – за Алкалоид, ГП Маврово и ХЕК Југохром, а првиот негов игран филм – ЦРВЕНИОТ КОЊ, го реализира во 1981 година. По тоа следуваат долгометражните филмови СРЕЌНА НОВА 49 (1986), ТЕТОВИРАЊЕ (1991), ЏИПСКИ МЕЏИК (1997) и ДО БАЛЧАК (2014), поголем број негови менторски и продуцентски проекти, како и неговиот професорски ангажман на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Член е на Европската филмска академија, а еден период беше и директор на државната продуцентска куќа „Вардар филм“ во тоа време.

Во 2011 година – неговите филмови (три документарни и четири играни дела) беа дигитално реставрирани и објавени во форма на ДВД-издание – што воедно беше и првиот проект за дигитална реставрација реализиран од страна на Кинотеката.

Речиси сите негови филмови – и документарните и играните – се наградувани на бројни регионални и на светски фестивали, а некои од нив – како на пример ТЕТОВИРАЊЕ и СРЕЌНА НОВА 49 – се здобиваат и со култуен статус кај различни генерации од тогашната домашна македонска и југословенска публика, и тој статус само се зголемува и продлабочува со минувањето на времето…! Тоа е и еден од најголемите и вистински показатели за неговата авторска оригиналност и специфична филмска естетика и квалитет – заедно со неговата филмска оставштина и залог помеѓу поновите генерации на филмски автори и промислувачи на филмот кои дошле и доаѓаат по него – поттикнати, окуражени и инспирирани од неговиот длабок естетски и специфичен филмски опус, и од неговиот високо значаен стилски авторски белег кој тој го остава во македонската кинематографија…

За творештвото и достигнувањата на Попов пред присутните говореше Арсим Лесковица филмолог од Кинотеката на Македонија, кој меѓу другото истакна дека да се родиш и да живееш во македонија, а да не си ги погледнал филмовите на Столе Попов, е исто како да си се родил во една древна цивилизација како што е Египет, а никогаш да не си се запознал со величенствените пирамиди.
Се заблагодарувам на Кинотека за ова признание и укажаната чест. Годините бргу летаат и не можам да поверувам дека сево ова што сега имавме можност да го чуеме во излагањата се случило толку одамна. Сега кога дојдов во Кинотека еден од студентите ми рече дека скоро го гледал „Австралија, Австралија“, а филмот е снимен точно пред 50 години - во златното време на „Вардар филм“ кога директор беше Анте Поповски, рече Попов.

По доделувањето на „Златниот објектив“ за 2024 година, Попов говореше за своето филмско творештво и работно искуство со Илинденка Петрушева, познат филмски критичар, автор и истражувач на историјата на македонската и светската кинематографија.

Низ разговорот се потсетија и на снимањето токму на спотот за „Скопје“ од „Леб и сол“, за што, како што рекоа во голема мера е заслужен тогашниот уредник на ТВ Скопје Димитар Масевски. Тоа сè се должеше на енергијата и на добрата волја на Димитар Масевски, кој ме ангажираше, се нафатив на таа работа и тоа снимање траеше можеби една недела, се присети Попов. Снимен е во бараката на Влатко Стефановски во Тафталиџе.  Песната „Скопје“ е две минути, но Масевски направи да биде три минути, рече Попов и го поздрави синот на Масе, Александар Масевски кој беше присутен на свеченоста. Во дел од секунда во спотот се појавува и самиот автор, во вистински хичкоковски манир, во сите свои филмови се појавува мигновено. Меѓу присутните беше и Влатко Стефановски, кој му честиташе на Попов со срдечна прегратка, но и режисери, актери, политичари, претставници на културниот и јавниот живот.
Сакам да се заблагодарам и на сите присутни што дојдовте на оваа свеченост. Ме радува што очигледно филмовите што сум ги работел траат во времето, одолеваат на ефемерноста која што особено во филмската уметност честопати е многу видлива. Но, Кинотеката е таа што треба да ги сочува филмовите и добива една улога како во една винарија да ги остави да созреат филмовите и потоа тие самите го покажуваат своето опстојување. Вкусовите се различни, секој има право на свое видување на филмовите, истакна Попов.
Кинотеката воведе и Специјален „Златен објектив“, кој се доделува на професионалците кои придонеле за филмското архивирање и кинотечната дејност. Ова признание денеска му беше врачено на Киро Велков, долгогодишен филмски техничар, киноапаратер и филмски архивист.
Ова е признание за луѓето од фелата, луѓето кои се задолжени за зачувување на нашето, кинотечното богатство. Овој наш колега го поминал целиот работен век во оваа институција, единствена од ваков вид во државава. Кој учествувал во градење на филмскиот архив, кој има над 50.000 наслови, испишал голем број книги, на неговата работна маса поминале илјадници филмски ленти, документи, фотографии, музејски предмети..., рече Тихомир Кашмировски .
Наградите на Попов и Велков им ги врачи в.д. директор на Кинотека , Бојан Станишиќ. Вечерва во 20 часот ќе се одржи проекција на култниот ТЕТОВИРАЊЕ (1991), првиот игран филм создаден во независна Република Македонија кој, несомнено, и по својата содржина, одличните актерски достигнувања, познатите реплики и многу други нешта е впечатливо и единствено филмско дело. По проекцијата на филмот Столе Попов ќе одговара на прашања на публиката во Q&A сесија модерирана од Саша Станишиќ,и Јане Алтипармаков режисери од помладата генерација, инаку некогашни студенти на Попов кога тој беше професор на Факултетот за драмски уметности. https://republika.mk/scena/film/proektsija-na-kultniot-makedonski-film-tetovirane-i-razgovor-so-rezhiserot-stole-popov-vecherva-vo-kinoteka/

The post Врачен Златниот објектив на Столе Попов: Ме радува што очигледно филмовите што сум ги работел траат во времето, одолеваат на ефемерноста која што особено во филмската уметност честопати е многу видлива appeared first on Република.

]]>
Проекција на култниот македонски филм „Тетовирање“ и разговор со режисерот Столе Попов вечерва во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/proektsija-na-kultniot-makedonski-film-tetovirane-i-razgovor-so-rezhiserot-stole-popov-vecherva-vo-kinoteka/ Wed, 29 May 2024 08:51:51 +0000 https://republika.mk/?p=782677

Вечерва, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан култниот македонски филм „Тетовирање“, во режија на легендата на нашата филмска сцена, авторот Столе Попов.

Режисерот, по подолго време, официјално ќе биде присутен на настанот, а по проекцијата ќе следи разговор со него модериран од филмаџиите и кино куратори Саша Станишиќ и Јане Алтипармаков.

ТЕТОВИРАЊЕ
(Тatoo)
Игран филм, Македонија
1991, 132 мин, ДЦП
Режија: Столе Попов (Stole Popov)
Сценарио: Mирко Коваќ, Живојин Павловиќ, Столе Попов ( Mirko Kovac, Zivojin Pavlovic, Stole Popov)
Улоги: Мето Јовановски, Лиљана Меџеши, Стојан Аранџеловиќ (Meto Jovanovski, Liljana Medjesi, Stojan Arandzelovic)

 

Приказната на овој антологиски домашен филм е за кантеларна, но симпатична индивидуа која се наоѓа во затвор од апсурдни причини, а потоа умира како жртва на полициска бруталност.

Култниот игран филм ТЕТОВИРАЊЕ е еден од најгледаните, најцитирани и највлијателни долгометражни играни филмови во поновата македонска историја. Особено се истакнува брилијантната ролја на Мето Јовановски, кој всушност за цело време стои како стожерна актерска фигура во проектот. Како основа за филмот послужи текстот на писателот Мирко Ковач, а неговата финална структура ја направија заеднички режисерот Попов и белградскиот синеаст Живоин Павловиќ.

 

Режисерот Попов во овој филм го остава настрана предложениот сценаристички преттекст и се обидува да направи посебна визуелна структура, каде што апсурдното ќе го најде својот изразен простор. Во „Тетовирање“, егзистенцијалните, односно судбинските проблеми и прашања, се судираат со проблемите на човековата вера, која не мора нужно да биде религиозен чин, и тие проблеми го доведуваат јунакот до една етичка конфронтација со себе, но и со другите. Режисерската постапка на места е строго реалистичка, на места дури и со натуралистички навеви, но сите тие елементи само помагаат да се ослободи онаа вистинска драмска енергија што ова дело, без сомнение, ја содржи во голема мера. Снимателот на филмот, Мишо Самоиловски, успева да постигне максимална функционалност на секој кадар, а тоа истото важи и за сценографијата на Никола Лазаревски.

Рон ХОЛОВЕЈ (1933-2009), познат и признат американски критичар, историчар на филм, режисер и дописник, беше голем поборник на ТЕТОВИРАЊЕ. Во еден негов осврт кон филмот, тој го опиша како „уште еден извонреден актерски перформанс од Мето Јовановски како ’губитникот’ Илија и беше еден вид навремен социокритички филмски документ што придонесува за едно демократско општество“„.

 

Награди:
• 1992 Номинација за наградата “Феликс“ на Европска Филмска Академија соодветна на Американскиот “Оскар“ -најдобри 7)
• 1991 ФФ, Херцег Нови, Гранд При, Прва награда „Златна мимоза“ за режија на Столе Попов
• 1991 ФФ, Ниш, Гранд
• 1992 Македонски кандидат за Оскар
• 1993 Виена, Збогом Југославија – Виенале ‘93, Антологија од 33 филма

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

The post Проекција на култниот македонски филм „Тетовирање“ и разговор со режисерот Столе Попов вечерва во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Вечерва, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан култниот македонски филм „Тетовирање“, во режија на легендата на нашата филмска сцена, авторот Столе Попов. Режисерот, по подолго време, официјално ќе биде присутен на настанот, а по проекцијата ќе следи разговор со него модериран од филмаџиите и кино куратори Саша Станишиќ и Јане Алтипармаков.
ТЕТОВИРАЊЕ (Тatoo) Игран филм, Македонија 1991, 132 мин, ДЦП Режија: Столе Попов (Stole Popov) Сценарио: Mирко Коваќ, Живојин Павловиќ, Столе Попов ( Mirko Kovac, Zivojin Pavlovic, Stole Popov) Улоги: Мето Јовановски, Лиљана Меџеши, Стојан Аранџеловиќ (Meto Jovanovski, Liljana Medjesi, Stojan Arandzelovic)   Приказната на овој антологиски домашен филм е за кантеларна, но симпатична индивидуа која се наоѓа во затвор од апсурдни причини, а потоа умира како жртва на полициска бруталност. Култниот игран филм ТЕТОВИРАЊЕ е еден од најгледаните, најцитирани и највлијателни долгометражни играни филмови во поновата македонска историја. Особено се истакнува брилијантната ролја на Мето Јовановски, кој всушност за цело време стои како стожерна актерска фигура во проектот. Како основа за филмот послужи текстот на писателот Мирко Ковач, а неговата финална структура ја направија заеднички режисерот Попов и белградскиот синеаст Живоин Павловиќ.   Режисерот Попов во овој филм го остава настрана предложениот сценаристички преттекст и се обидува да направи посебна визуелна структура, каде што апсурдното ќе го најде својот изразен простор. Во „Тетовирање“, егзистенцијалните, односно судбинските проблеми и прашања, се судираат со проблемите на човековата вера, која не мора нужно да биде религиозен чин, и тие проблеми го доведуваат јунакот до една етичка конфронтација со себе, но и со другите. Режисерската постапка на места е строго реалистичка, на места дури и со натуралистички навеви, но сите тие елементи само помагаат да се ослободи онаа вистинска драмска енергија што ова дело, без сомнение, ја содржи во голема мера. Снимателот на филмот, Мишо Самоиловски, успева да постигне максимална функционалност на секој кадар, а тоа истото важи и за сценографијата на Никола Лазаревски. Рон ХОЛОВЕЈ (1933-2009), познат и признат американски критичар, историчар на филм, режисер и дописник, беше голем поборник на ТЕТОВИРАЊЕ. Во еден негов осврт кон филмот, тој го опиша како „уште еден извонреден актерски перформанс од Мето Јовановски како ’губитникот’ Илија и беше еден вид навремен социокритички филмски документ што придонесува за едно демократско општество“„.   Награди: • 1992 Номинација за наградата “Феликс“ на Европска Филмска Академија соодветна на Американскиот “Оскар“ -најдобри 7) • 1991 ФФ, Херцег Нови, Гранд При, Прва награда „Златна мимоза“ за режија на Столе Попов • 1991 ФФ, Ниш, Гранд • 1992 Македонски кандидат за Оскар • 1993 Виена, Збогом Југославија – Виенале ‘93, Антологија од 33 филма Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари

The post Проекција на култниот македонски филм „Тетовирање“ и разговор со режисерот Столе Попов вечерва во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Во Кинотека во чест на добитникот на „Златен објектив“, режисерот Столе Попов, денеска ќе може да се види „Среќна Нова 1949“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/vo-kinoteka-vo-chest-na-dobitnikot-na-zlaten-objektiv-rezhiserot-stole-popov-deneska-ke-mozhe-da-se-vidi-srekna-nova-1949/ Mon, 20 May 2024 09:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=779746

На големото платно во кино салата на Кинотека во чест на добитникот на Златен објектив, режисерот Столе Попов, може да се види СРЕЌНА НОВА 1949.

20 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
СРЕЌНА НОВА`49
(Happy New `49)
Игран филм, Македонија
1986 г., 125 мин., колор, 35 мм
Режија: Столе Попов (Stole Popov)
Сценарио: Гордан Михиќ (Gordan Mihić)
Улоги: Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ, Петар Арсовски, Мите Грозданов, Душко Костовски (Svetozar Cvetković, Meto Jovanovski, Vladica Milosavljević, Petar Arsovski, Aleksandar Gjorchev, Mite Grozdanov, Dushko Kostovski)

Дејството на филмот започнува во јуни 1948 година. Група југословенски студенти, на школување во СССР, по несогласувањата меѓу двете земји се враќаат дома. Меѓу нив се и Драгослав, неговата девојка Вера и блискиот пријател Градимир, кого раздвојувањето со СССР го доведува до низа внатрешни конфликтни ситуации, кои конечно кулминираат со чинот на неговото самоубиство на железничката станица во Суботица. Истрагата во врска со самоубиството започнува веднаш. Семејството на Драгослав го очекува неговото враќање, дотолку повеќе што мајка му, тешко болна, е пред умирање. Таткото Стојан, по професија каменорезец, се грижи за егзистенцијата на семејството. Тука се уште и неговата сестра Нела во годините кога престанува да биде дете, и браќата, помалиот Коле и Коста, гимназијалец, кој пред матурата заминува од училиштето. Тој се занимава со црноберзијански работи. За него нема повеќе авторитети, како што нема ни непознаници во живеењето „на работ“. Драгослав дома ја доведува и Вера со која сака да се ожени. Првата средба на Драгослав и Коста завршува со тепачка поради желбата на постариот брат Коста да живее и да се однесува во согласност со нормите на граѓанскиот живот. Непосредно потоа Драгослав е одведен од ОЗНА. Тој е обвинет дека е советски агент и е задржан во истражниот затвор.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

The post Во Кинотека во чест на добитникот на „Златен објектив“, режисерот Столе Попов, денеска ќе може да се види „Среќна Нова 1949“ appeared first on Република.

]]>

На големото платно во кино салата на Кинотека во чест на добитникот на Златен објектив, режисерот Столе Попов, може да се види СРЕЌНА НОВА 1949. 20 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч. СРЕЌНА НОВА`49 (Happy New `49) Игран филм, Македонија 1986 г., 125 мин., колор, 35 мм Режија: Столе Попов (Stole Popov) Сценарио: Гордан Михиќ (Gordan Mihić) Улоги: Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ, Петар Арсовски, Мите Грозданов, Душко Костовски (Svetozar Cvetković, Meto Jovanovski, Vladica Milosavljević, Petar Arsovski, Aleksandar Gjorchev, Mite Grozdanov, Dushko Kostovski) Дејството на филмот започнува во јуни 1948 година. Група југословенски студенти, на школување во СССР, по несогласувањата меѓу двете земји се враќаат дома. Меѓу нив се и Драгослав, неговата девојка Вера и блискиот пријател Градимир, кого раздвојувањето со СССР го доведува до низа внатрешни конфликтни ситуации, кои конечно кулминираат со чинот на неговото самоубиство на железничката станица во Суботица. Истрагата во врска со самоубиството започнува веднаш. Семејството на Драгослав го очекува неговото враќање, дотолку повеќе што мајка му, тешко болна, е пред умирање. Таткото Стојан, по професија каменорезец, се грижи за егзистенцијата на семејството. Тука се уште и неговата сестра Нела во годините кога престанува да биде дете, и браќата, помалиот Коле и Коста, гимназијалец, кој пред матурата заминува од училиштето. Тој се занимава со црноберзијански работи. За него нема повеќе авторитети, како што нема ни непознаници во живеењето „на работ“. Драгослав дома ја доведува и Вера со која сака да се ожени. Првата средба на Драгослав и Коста завршува со тепачка поради желбата на постариот брат Коста да живее и да се однесува во согласност со нормите на граѓанскиот живот. Непосредно потоа Драгослав е одведен од ОЗНА. Тој е обвинет дека е советски агент и е задржан во истражниот затвор. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари

The post Во Кинотека во чест на добитникот на „Златен објектив“, режисерот Столе Попов, денеска ќе може да се види „Среќна Нова 1949“ appeared first on Република.

]]>
Документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов в петок во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dokumentarniot-film-avstralija-avstralija-na-stole-popov-v-petok-vo-kinoteka/ Wed, 08 May 2024 13:13:31 +0000 https://republika.mk/?p=775558

Во петок на 10 мај 2024 година, со почеток во 20:00 часот, во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов.

„Австралиија, Австралија“ на Столе Попов е еден од најпрепознаените документарци во југословенската и македонска кинематографија. Филмот го одразува животот на македонските иселеници и печалбари во Австралија. Со нивното заминување во далечната земја, во туѓина, некои од нив успешно се социјализираат, а некои, пак, постојано остануваат со дилемата за своето враќање.

Филмот е добитник на наградите:

1976 ФЈДКФ, Белград, Гранд При „Голем златен медал“ за Столе Попов
1976 ФФ, Тузла, Награда од публиката
1976 Годишна награда од списанието „Млад борец“
1976 Југословенски кандидат за Оскар
1976 13-Ноемвриска награда за тонската обработка на Глигор Паковски

 

The post Документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов в петок во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Во петок на 10 мај 2024 година, со почеток во 20:00 часот, во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов. „Австралиија, Австралија“ на Столе Попов е еден од најпрепознаените документарци во југословенската и македонска кинематографија. Филмот го одразува животот на македонските иселеници и печалбари во Австралија. Со нивното заминување во далечната земја, во туѓина, некои од нив успешно се социјализираат, а некои, пак, постојано остануваат со дилемата за своето враќање. Филмот е добитник на наградите: 1976 ФЈДКФ, Белград, Гранд При „Голем златен медал“ за Столе Попов 1976 ФФ, Тузла, Награда од публиката 1976 Годишна награда од списанието „Млад борец“ 1976 Југословенски кандидат за Оскар 1976 13-Ноемвриска награда за тонската обработка на Глигор Паковски  

The post Документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов в петок во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов https://arhiva3.republika.mk/scena/film/makedonski-filmovi-vo-majskata-programa-na-kinoteka-so-fokus-na-tvoreshtvoto-na-stole-popov/ Thu, 02 May 2024 09:14:37 +0000 https://republika.mk/?p=773306

На програмата на Кинотеката во мај ќе има проекции на македонски филмови, а фокусот ќе биде на филмското творештво на режисерот, сценарист и продуцент Столе Попов (1950) кому оваа година му е доделена кинотечна награда „Златен објектив“.

-Автор кој во голема мера ја задолжи националната кинематографија – како со својот наградуван филмски опус, така и со својот педагошки и менаџерски ангажман на полето на седмата уметност и филмското образование, соопшти Кинотеката.

Ќе бидат прикажани неговите документарни филмови „Оган“, „Дае“, „Австралија, Австралија“ и играните „Црвениот коњ“, „Среќна Нова ’49“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“, „До Балчак“.

Покрај филмови од Попов, мајската програма на Кинотеката ќе прикаже и ретроспектива на кратки македонски филмови на режисерите Кочо Недков, Дарко Марковиќ и Елеонора Венинова, новиот документарен филм на Игор Иванов – „Време на бетон“. Исто така и „Буре барут“ на Дејан Дуковски во режија на Горан Паскаљевиќ, како и документарецот „Скопје 63“ на Вељко Булајиќ.

-На менито на Кинотека месецов се наоѓа и промоцијата на новиот филм потпишан од францускиот кинопровокатор Франсоа Озон – „Питер фон Кант“. Се работи за еден интересен, постмодерен осврт и своевиден римејк на делата потпишани и креирани од легендата на германскиот нов бран, Рајнер Вернер Фасбиндер, соопшти Кинотеката.

Во рамки на програмата за овој месец, од 13 до 18 мај во Кинотеката ќе биде организирана и Недела на италијанскиот филм.

 

The post Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов appeared first on Република.

]]>

На програмата на Кинотеката во мај ќе има проекции на македонски филмови, а фокусот ќе биде на филмското творештво на режисерот, сценарист и продуцент Столе Попов (1950) кому оваа година му е доделена кинотечна награда „Златен објектив“. -Автор кој во голема мера ја задолжи националната кинематографија – како со својот наградуван филмски опус, така и со својот педагошки и менаџерски ангажман на полето на седмата уметност и филмското образование, соопшти Кинотеката. Ќе бидат прикажани неговите документарни филмови „Оган“, „Дае“, „Австралија, Австралија“ и играните „Црвениот коњ“, „Среќна Нова ’49“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“, „До Балчак“. Покрај филмови од Попов, мајската програма на Кинотеката ќе прикаже и ретроспектива на кратки македонски филмови на режисерите Кочо Недков, Дарко Марковиќ и Елеонора Венинова, новиот документарен филм на Игор Иванов – „Време на бетон“. Исто така и „Буре барут“ на Дејан Дуковски во режија на Горан Паскаљевиќ, како и документарецот „Скопје 63“ на Вељко Булајиќ. -На менито на Кинотека месецов се наоѓа и промоцијата на новиот филм потпишан од францускиот кинопровокатор Франсоа Озон – „Питер фон Кант“. Се работи за еден интересен, постмодерен осврт и своевиден римејк на делата потпишани и креирани од легендата на германскиот нов бран, Рајнер Вернер Фасбиндер, соопшти Кинотеката. Во рамки на програмата за овој месец, од 13 до 18 мај во Кинотеката ќе биде организирана и Недела на италијанскиот филм.  

The post Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов appeared first on Република.

]]>
Филмска азбука посветена на творештвото на Столе Попов во „Котур“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/filmska-azbuka-posvetena-na-tvoreshtvoto-na-stole-popov-vo-kotur/ Tue, 18 Apr 2023 19:56:46 +0000 https://republika.mk/?p=631352

Од 18 до 26 април во „Котур“ ќе се одржи четвртата филмска азбука, овој пат посветена на творештвото на еден од најзначајните македонски режисери Столе Попов. За време од две седмици ќе бидат прикажани трите документарни филмови и петте долгометражни играни филмови на Попов.

Освен тоа ќе биде поставена и изложба на филмски постери, карикатури и фотографии од филмовите на Столе Попов, како и од процесот на работа на истите.

Билетите за филмските проекции се со цена од 100 мкд и можете да се набават од Котур.
Програма по денови:

18.04 ВТОРНИК
📽 19.30ч | Котур кино сала | Проекција на документарните филмови на Столе Попов :
ОГАН | 1974 | колор со звук | 12 минути;
ДАЕ | 1979 | колор со звук | 15 минути;
АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА | 1976 | колор со звук, 82 минути.

19.04 СРЕДА
📽 19.30ч | Котур кино сала | ЦРВЕНИОТ КОЊ| 1981 година | игран филм | колор со звук | 124 минути | режија Столе Попов | сценарио Ташко Георгиевски.

21.04 ПЕТОК
📽 19.30ч | Котур кино сала | СРЕЌНА НОВА `49| 1986 | игран филм | колор со звук | 125 минути | режија Столе Попов | сценарио Гордан Михиќ.

🎧 21:30ч | музичка селекција на плочи ЏАЏО ДООЕЛ

24.04 ПОНЕДЕЛНИК
📽 19.30ч | Котур кино сала | ТЕТОВИРАЊЕ | 1991 | игран филм | колор со звук | 128 минути | режија Столе Попов | сценарио Мирко Ковач.

25.04 ВТОРНИК
📽 19.30ч | Котур кино сала | ЏИПСИ МЕЏИК | 1997 | игран филм | колор со звук | 128 минути | режија Столе Попов | сценарио Владимир Блажевски.

26.04 СРЕДА
📽 18.00ч | Котур кино сала | ДО БАЛЧАК | 2014 | игран филм | колор со звук, 35 мм | 165 минути | режија Столе Попов | сценарио Горан Стефановски.

The post Филмска азбука посветена на творештвото на Столе Попов во „Котур“ appeared first on Република.

]]>

Од 18 до 26 април во „Котур“ ќе се одржи четвртата филмска азбука, овој пат посветена на творештвото на еден од најзначајните македонски режисери Столе Попов. За време од две седмици ќе бидат прикажани трите документарни филмови и петте долгометражни играни филмови на Попов. Освен тоа ќе биде поставена и изложба на филмски постери, карикатури и фотографии од филмовите на Столе Попов, како и од процесот на работа на истите. Билетите за филмските проекции се со цена од 100 мкд и можете да се набават од Котур. Програма по денови: 18.04 ВТОРНИК 📽 19.30ч | Котур кино сала | Проекција на документарните филмови на Столе Попов : ОГАН | 1974 | колор со звук | 12 минути; ДАЕ | 1979 | колор со звук | 15 минути; АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА | 1976 | колор со звук, 82 минути. 19.04 СРЕДА 📽 19.30ч | Котур кино сала | ЦРВЕНИОТ КОЊ| 1981 година | игран филм | колор со звук | 124 минути | режија Столе Попов | сценарио Ташко Георгиевски. 21.04 ПЕТОК 📽 19.30ч | Котур кино сала | СРЕЌНА НОВА `49| 1986 | игран филм | колор со звук | 125 минути | режија Столе Попов | сценарио Гордан Михиќ. 🎧 21:30ч | музичка селекција на плочи ЏАЏО ДООЕЛ 24.04 ПОНЕДЕЛНИК 📽 19.30ч | Котур кино сала | ТЕТОВИРАЊЕ | 1991 | игран филм | колор со звук | 128 минути | режија Столе Попов | сценарио Мирко Ковач. 25.04 ВТОРНИК 📽 19.30ч | Котур кино сала | ЏИПСИ МЕЏИК | 1997 | игран филм | колор со звук | 128 минути | режија Столе Попов | сценарио Владимир Блажевски. 26.04 СРЕДА 📽 18.00ч | Котур кино сала | ДО БАЛЧАК | 2014 | игран филм | колор со звук, 35 мм | 165 минути | режија Столе Попов | сценарио Горан Стефановски.

The post Филмска азбука посветена на творештвото на Столе Попов во „Котур“ appeared first on Република.

]]>