столе наумов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stole-naumov/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 07:50:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png столе наумов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stole-naumov/ 32 32 ОМО „Илинден“ – ПИРИН реагира на изјавата на Столе Наумов: На крајот на линијата на неговите „извори“ е бугарската разузнавачка служба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/omo-ilinden-pirin-reagira-na-izjavata-na-stole-naumov-na-krajot-na-linijata-na-negovite-izvori-e-bugarskata-razuznavachka-sluzhba/ Wed, 03 Jul 2024 07:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=792900

ОМО „Илинден“ - ПИРИН со свои аргументи контра настапот на новинарот Столе Наумов

Реакцијата на ОМО „Илинден“ - ПИРИН ја пренесуваме во целост:

Во врска со изјавите на новинарот Столе Наумов во „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија (02.06.2024), дека наводно:

– пресудите во Стразбур во корист на Македонците во Бугарија, а против бугарската држава биле не 14, туку 6;

– Бугарскиот суд во последно време започнал да покажува добра волја во однос на регистрација на македонски организации , НО

– во тоа го спречиле дејствијата на ОМО „Илинден“, а имено дека таа станала членка на лига на сепаратистички движења во Европа и поради та судот се колеба да ја регистрира;

– соодветно поставува прашање дали некој и од македонска страна намерно не ја мати водата, за танго требале двајца.

Кажаното е истовремено БЕСКРАЈНО ДАЛЕКО ОД ВИСТИНАТА и претставува ЧИСТА МАНИПУЛАЦИЈА!

1️⃣ Новинарот не го познава прашањето – во прашање се навистина 14 пресуди, а не 6 како што тој мисли, а уште 20 жалби се во процедура. Ништо од кажаното од новинарот не се однесува до организацијата ОМО „Илинден“, која тој е меша со партијата ОМО „Илинден“-ПИРИН. Авторот и не знае дека се во прашање и уште неколку македонски организации кои исто не можат да се регистрираат.

2️⃣ Бугарскиот суд ни најмалку нема покажано во последно време добра волја спрема ОМО „Илинден“ или ОМО „Илинден“-ПИРИН, тоа е чиста лага. Последниот и единствен пат кога бугарскиот суд пројави добра волја спрема нашата партија беше во 1998 г.

3️⃣ ОМО „Илинден“ не е член на Европската слободна алијанса, ОМО „Илинден“-ПИРИН е и тоа од 2005 г. не од последно време, ОМО „Илинден“-ПИРИН не се обидува да се регистрира од 2008 г. наваму. Според тоа смешниот претекст дека судот наводно не можел да регистрира ОМО „Илинден“, или ОМО „Илинден“-ПИРИН во последно време поради некаков сепаратизам е очевидна лага и дезинформација.

4️⃣ Дезинформација е и карактеризацијата на Европската слободна алијанса како сепаратистичка лига каква што таа не е. Таа е доминантно составена од малцински и регионални и автономистички движења. Само една од 35 партии членки би можела да се категоризира како сепаратистичка, но не и движењето.

Сите македонски организации во Бугарија, вклучително споменатите потпишаа општа платформа за соработка во 2022 г. во која директно е посочено дека ништо во нивните заеднички цели не може да се толкува како „шовинизам, екстремизам, сепаратизам, повик кон насилство или како насочено против мирот, демократијата, правата на човекот, законите, моралот и добрите нарави“

Не само за валс требаат двајца – и за дискриминација исто требаат двајца, само што едниот е вршител а другиот жртва.

Нашето реагирање и не е толку до изјавите на дезинформираниот дезинформатор – такви секогаш ќе се случат. Тој и самиот не е свесен дека „изворите“ од кои ги добива овие информации се на крајот на линијата – соодветни бугарски служби за дезинформација, а улогата што му е доделена од нив е на „корисен идиот“.

Нашето појаснување е од една страна да не дозволиме ширење на таква дезинформација.

Од друга – да го свртиме вниманието кон застрашувачката наивност на многу македонски политичари и новинари, толку спремни да ја голтаат секоја пропагандна приказна стокмена од Софија, особено кога истата им доаѓа како правдање за да напаѓаат други Македонци или да си ги измијат рацете за својата пасивност спрема бугарската политика на асимилација. Доволно е некој „доверлив извор“ од Бугарија да им ја открие тајната или некој пореден „добронамерен“ мисионер-дезинформатор, некој Иван Динев да помине на турнеја низ македонските медиуми со торбата со лаги и полувистини. Таквите лесно ја шират легендата дека треба ние Македонците да сме виновни за се, никој друг.

Повеќе пати сме се судирале со такво стокмување на „приказна за наивни“ од Софија кои понатаму се шират преку македонски политичари и новинари кои не сакаат да си направат труд навистина да се запознаат со прашањата за кои зборуваат, а и никако да им текне да се обратат и да не прашат и нас – белки знаеме што ни се случува.

Суштината на софиските приказни од 1001 ноќ е секогаш иста: дека всушност Бугарија е 100 % добронамерна, но еве Македонците намерно прават невозможно таа да ја изрази својата братска љубов спрема нив, Македонците водат непријателска антибугарска политика и ги создаваат проблемите. Бугарија е сосема невина. Таа е жртвата во случајот.

Досега сме слушнале серија такви објаснувања:

– Дека не сме Македонци туку некој ни плаќа да лажеме за да ѝ создаваме проблеми на Бугарија (тука според потребата се ставаат: САД, Русија, Србија, Грција и Македонија).

– Дека намерно не сакаме да се регистрираме и затоа подаваме погрешни документи, за да ја компромитираме Бугарија и да печалиме од Судот во Стразбур.

– Дека сакаме да отцепиме територија и затоа судот не може да не регистрира

– Дека никој не не дискриминира, ние само си измислуваме за да ја оцрнуваме Бугарија

– Дека иако немаме малцински права и не можеме да си регистрираме организации и партии – сепак ниту едно наше човечко право не ни било нарушено.

– Дека Бугарија наводно не давала малцински права и затоа не можело да бидеме регистрирани или признаени.

– Дека не можеле да не признаат како малцинство зашто немало меѓународна дефиниција што е малцинство и дека немало практика и механизам за признавање малцинства (но очигледно има за нивно негирање и дискриминирање).

– Дека наводно сме етничка партија (каква што не сме) и затоа не било можно да не регистрираат.

– Дека иако не постоиме сепак никој не ни го нарушува правото на самоопределување.

– Дека намерно измислуваме проблеми за да ги расипеме односите меѓу Македонија и Бугарија

– Дека сакаме да го спречиме влегувањето на Македонија во Европската унија (а порано и НАТО) и слично.

Сите се до една – ЛАГА и извираат од ист валкан извор – “Македонци нема и не може да има”, значи очевидното објаснување – дека постојат и им ги нарушуваат правата не може да се прими, треба да се измисли некакво алтернативно сценарио во кое тие самите си се криви дека постојат, а Бугарија е нивната невина жртва.

И ќе продолжат да се произведуваат и шират додека има наивни луѓе кои ќе паѓаат на информации од „доверливи“ бугарски извори.

Ниту нашите поплаки кои траат веќе 62 години, ниту изнесените констатации и заклучоци во последните 25 години, во извештаите на сите набљудувачки правозаштитни институции од Стразбур, на Стејт Депатманот на САД, разни меѓународни организации, на Бугарскиот Хелсиншки комитет, пресудите на Судот во Стразбур, Одлуките на Комитетот на министрите – сето тоа не вреди ништо.

Вие само продолжете да ги слушате бајките од Софија и играјте валс со нив.

The post ОМО „Илинден“ – ПИРИН реагира на изјавата на Столе Наумов: На крајот на линијата на неговите „извори“ е бугарската разузнавачка служба appeared first on Република.

]]>

ОМО „Илинден“ - ПИРИН со свои аргументи контра настапот на новинарот Столе Наумов Реакцијата на ОМО „Илинден“ - ПИРИН ја пренесуваме во целост: Во врска со изјавите на новинарот Столе Наумов во „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија (02.06.2024), дека наводно: – пресудите во Стразбур во корист на Македонците во Бугарија, а против бугарската држава биле не 14, туку 6; – Бугарскиот суд во последно време започнал да покажува добра волја во однос на регистрација на македонски организации , НО – во тоа го спречиле дејствијата на ОМО „Илинден“, а имено дека таа станала членка на лига на сепаратистички движења во Европа и поради та судот се колеба да ја регистрира; – соодветно поставува прашање дали некој и од македонска страна намерно не ја мати водата, за танго требале двајца. Кажаното е истовремено БЕСКРАЈНО ДАЛЕКО ОД ВИСТИНАТА и претставува ЧИСТА МАНИПУЛАЦИЈА! 1️⃣ Новинарот не го познава прашањето – во прашање се навистина 14 пресуди, а не 6 како што тој мисли, а уште 20 жалби се во процедура. Ништо од кажаното од новинарот не се однесува до организацијата ОМО „Илинден“, која тој е меша со партијата ОМО „Илинден“-ПИРИН. Авторот и не знае дека се во прашање и уште неколку македонски организации кои исто не можат да се регистрираат. 2️⃣ Бугарскиот суд ни најмалку нема покажано во последно време добра волја спрема ОМО „Илинден“ или ОМО „Илинден“-ПИРИН, тоа е чиста лага. Последниот и единствен пат кога бугарскиот суд пројави добра волја спрема нашата партија беше во 1998 г. 3️⃣ ОМО „Илинден“ не е член на Европската слободна алијанса, ОМО „Илинден“-ПИРИН е и тоа од 2005 г. не од последно време, ОМО „Илинден“-ПИРИН не се обидува да се регистрира од 2008 г. наваму. Според тоа смешниот претекст дека судот наводно не можел да регистрира ОМО „Илинден“, или ОМО „Илинден“-ПИРИН во последно време поради некаков сепаратизам е очевидна лага и дезинформација. 4️⃣ Дезинформација е и карактеризацијата на Европската слободна алијанса како сепаратистичка лига каква што таа не е. Таа е доминантно составена од малцински и регионални и автономистички движења. Само една од 35 партии членки би можела да се категоризира како сепаратистичка, но не и движењето. Сите македонски организации во Бугарија, вклучително споменатите потпишаа општа платформа за соработка во 2022 г. во која директно е посочено дека ништо во нивните заеднички цели не може да се толкува како „шовинизам, екстремизам, сепаратизам, повик кон насилство или како насочено против мирот, демократијата, правата на човекот, законите, моралот и добрите нарави“ Не само за валс требаат двајца – и за дискриминација исто требаат двајца, само што едниот е вршител а другиот жртва. Нашето реагирање и не е толку до изјавите на дезинформираниот дезинформатор – такви секогаш ќе се случат. Тој и самиот не е свесен дека „изворите“ од кои ги добива овие информации се на крајот на линијата – соодветни бугарски служби за дезинформација, а улогата што му е доделена од нив е на „корисен идиот“. Нашето појаснување е од една страна да не дозволиме ширење на таква дезинформација. Од друга – да го свртиме вниманието кон застрашувачката наивност на многу македонски политичари и новинари, толку спремни да ја голтаат секоја пропагандна приказна стокмена од Софија, особено кога истата им доаѓа како правдање за да напаѓаат други Македонци или да си ги измијат рацете за својата пасивност спрема бугарската политика на асимилација. Доволно е некој „доверлив извор“ од Бугарија да им ја открие тајната или некој пореден „добронамерен“ мисионер-дезинформатор, некој Иван Динев да помине на турнеја низ македонските медиуми со торбата со лаги и полувистини. Таквите лесно ја шират легендата дека треба ние Македонците да сме виновни за се, никој друг. Повеќе пати сме се судирале со такво стокмување на „приказна за наивни“ од Софија кои понатаму се шират преку македонски политичари и новинари кои не сакаат да си направат труд навистина да се запознаат со прашањата за кои зборуваат, а и никако да им текне да се обратат и да не прашат и нас – белки знаеме што ни се случува. Суштината на софиските приказни од 1001 ноќ е секогаш иста: дека всушност Бугарија е 100 % добронамерна, но еве Македонците намерно прават невозможно таа да ја изрази својата братска љубов спрема нив, Македонците водат непријателска антибугарска политика и ги создаваат проблемите. Бугарија е сосема невина. Таа е жртвата во случајот. Досега сме слушнале серија такви објаснувања: – Дека не сме Македонци туку некој ни плаќа да лажеме за да ѝ создаваме проблеми на Бугарија (тука според потребата се ставаат: САД, Русија, Србија, Грција и Македонија). – Дека намерно не сакаме да се регистрираме и затоа подаваме погрешни документи, за да ја компромитираме Бугарија и да печалиме од Судот во Стразбур. – Дека сакаме да отцепиме територија и затоа судот не може да не регистрира – Дека никој не не дискриминира, ние само си измислуваме за да ја оцрнуваме Бугарија – Дека иако немаме малцински права и не можеме да си регистрираме организации и партии – сепак ниту едно наше човечко право не ни било нарушено. – Дека Бугарија наводно не давала малцински права и затоа не можело да бидеме регистрирани или признаени. – Дека не можеле да не признаат како малцинство зашто немало меѓународна дефиниција што е малцинство и дека немало практика и механизам за признавање малцинства (но очигледно има за нивно негирање и дискриминирање). – Дека наводно сме етничка партија (каква што не сме) и затоа не било можно да не регистрираат. – Дека иако не постоиме сепак никој не ни го нарушува правото на самоопределување. – Дека намерно измислуваме проблеми за да ги расипеме односите меѓу Македонија и Бугарија – Дека сакаме да го спречиме влегувањето на Македонија во Европската унија (а порано и НАТО) и слично. Сите се до една – ЛАГА и извираат од ист валкан извор – “Македонци нема и не може да има”, значи очевидното објаснување – дека постојат и им ги нарушуваат правата не може да се прими, треба да се измисли некакво алтернативно сценарио во кое тие самите си се криви дека постојат, а Бугарија е нивната невина жртва. И ќе продолжат да се произведуваат и шират додека има наивни луѓе кои ќе паѓаат на информации од „доверливи“ бугарски извори. Ниту нашите поплаки кои траат веќе 62 години, ниту изнесените констатации и заклучоци во последните 25 години, во извештаите на сите набљудувачки правозаштитни институции од Стразбур, на Стејт Депатманот на САД, разни меѓународни организации, на Бугарскиот Хелсиншки комитет, пресудите на Судот во Стразбур, Одлуките на Комитетот на министрите – сето тоа не вреди ништо. Вие само продолжете да ги слушате бајките од Софија и играјте валс со нив.

The post ОМО „Илинден“ – ПИРИН реагира на изјавата на Столе Наумов: На крајот на линијата на неговите „извори“ е бугарската разузнавачка служба appeared first on Република.

]]>