стокови резерви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stokovi-rezervi/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 17:54:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стокови резерви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stokovi-rezervi/ 32 32 Трипуновски: Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15 илјади тони пченица исклучиво од македонско производство https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-agentsijata-za-stokovi-rezervi-ke-nabavi-15-iljadi-toni-pchenitsa-iskluchivo-od-makedonsko-proizvodstvo/ Wed, 03 Jul 2024 18:11:57 +0000 https://republika.mk/?p=793179

Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15 илјади тони пченица исклучиво од македонско производство, нема да бидат од увозен карактер, најави попладнево министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски по одржаната средба со претставници од здруженија на земјоделци и откупувачи на жито.

Министерот информира дека Владата на вчерашната седница на Влада беше стопирана одлуката за објавата за набавка со цел, како што рече, „да се сменат сите правила на игра за македонската пченица да биде таа што ќе биде откупена“. Дополнително, Трипуновски соопшти дека ќе го продолжат рокот на мерката за складирање на пченица и јачмен со цел сите она што ќе го продолжиме како мерка за да излеземе во оваа тешка ситуација е да ја продолжиме мерката за складирање на пченица и јачмен со цел сите земјоделци кои не ќе можат или нема да сакаат да ја предадат пченицата, да им се овозможи да ја складираат и овој трошок ќе го покрие државата.

Ќе го следиме процесот на жетва и на откуп на лебното жито. Ситуацијата во моментов која што ја наследува Министерството е релативно тешка, меѓутоа она што е многу битно а тоа е по завршување на оваа жетва ќе работиме на структурни промени со цел идната реколта 2025 да немаме вакви проблеми и секоја година во текот на жетвата се решаваат ситуациите и се дефинираат цените. Тоа значи структурни реформи кои што ќе бидат на пиедестал земени земјоделците, рече Трипуновски.

Претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска нагласи дека како организација ќе лобираат во иднина да се почитува договореното производство, односно Законот за земјоделство и рурален развој. Потенцира дека ќе ја следат целата ситуација при откупот на пченица и согласно анализите од нивните членови ќе донесат препораки во иднина како да се делува стратешки за да се зачуваат пченицата и јачменот кои ни се неопходни.

Сите знаеме дека Македонија може да произведува храна и ние тоа треба да го направиме за сите култури, а особено за лебот. Ќе се залагаме за навремена исплата на субвенциите, ќе лобираме заедно со откупувачите за повисоки цени не само за пченицата туку и за сите земјоделски култури, рече Мојсовска.

Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарска индустрија во Стопанската комора рече дека тие како групација откупуваат по пазарни цени и соопшти дека максималната цена на пченицата во моментот што е понудена на пазарот изнесува околу 12 денари. Потенцира дека го поддржуваат Министерството во напорите за во иднина да се направат напори како би се заштитиле земјоделците, да се изнајде најдобар начин, во програмата и која програма ќе донесе поголем род и поголем квалитет во иднина.

The post Трипуновски: Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15 илјади тони пченица исклучиво од македонско производство appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15 илјади тони пченица исклучиво од македонско производство, нема да бидат од увозен карактер, најави попладнево министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски по одржаната средба со претставници од здруженија на земјоделци и откупувачи на жито. Министерот информира дека Владата на вчерашната седница на Влада беше стопирана одлуката за објавата за набавка со цел, како што рече, „да се сменат сите правила на игра за македонската пченица да биде таа што ќе биде откупена“. Дополнително, Трипуновски соопшти дека ќе го продолжат рокот на мерката за складирање на пченица и јачмен со цел сите она што ќе го продолжиме како мерка за да излеземе во оваа тешка ситуација е да ја продолжиме мерката за складирање на пченица и јачмен со цел сите земјоделци кои не ќе можат или нема да сакаат да ја предадат пченицата, да им се овозможи да ја складираат и овој трошок ќе го покрие државата.
Ќе го следиме процесот на жетва и на откуп на лебното жито. Ситуацијата во моментов која што ја наследува Министерството е релативно тешка, меѓутоа она што е многу битно а тоа е по завршување на оваа жетва ќе работиме на структурни промени со цел идната реколта 2025 да немаме вакви проблеми и секоја година во текот на жетвата се решаваат ситуациите и се дефинираат цените. Тоа значи структурни реформи кои што ќе бидат на пиедестал земени земјоделците, рече Трипуновски.
Претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска нагласи дека како организација ќе лобираат во иднина да се почитува договореното производство, односно Законот за земјоделство и рурален развој. Потенцира дека ќе ја следат целата ситуација при откупот на пченица и согласно анализите од нивните членови ќе донесат препораки во иднина како да се делува стратешки за да се зачуваат пченицата и јачменот кои ни се неопходни.
Сите знаеме дека Македонија може да произведува храна и ние тоа треба да го направиме за сите култури, а особено за лебот. Ќе се залагаме за навремена исплата на субвенциите, ќе лобираме заедно со откупувачите за повисоки цени не само за пченицата туку и за сите земјоделски култури, рече Мојсовска.
Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарска индустрија во Стопанската комора рече дека тие како групација откупуваат по пазарни цени и соопшти дека максималната цена на пченицата во моментот што е понудена на пазарот изнесува околу 12 денари. Потенцира дека го поддржуваат Министерството во напорите за во иднина да се направат напори како би се заштитиле земјоделците, да се изнајде најдобар начин, во програмата и која програма ќе донесе поголем род и поголем квалитет во иднина.

The post Трипуновски: Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15 илјади тони пченица исклучиво од македонско производство appeared first on Република.

]]>
Домашната пченица ќе се откупи за стокови резерви https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/domashnata-pchenitsa-ke-se-otkupi-za-stokovi-rezervi/ Wed, 19 Jul 2023 11:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=663109

Владата на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство усвои Информацијата за состојбата со очекуваното производство и планираниот откуп на пченица, род 2023 година.

Владата ја задолжи Агенцијата за стокови резерви, планираната јавна набавка на 15.000 тони пченица, за потребите на стоковите резерви, наместо во еден, да ја подели во пет лотови од 3.000 тони, давајќи предност на домашните количини пченица. Ова беше барање на подсекторската група за жито, која министерството ја поддржа и достави информација до Владата, а Владата го прифати барањето и на вчерашната седница ја задолжи Агенцијата за стокови резерви да постапи согласно барањето, со продолжен рок на набавката за дополнителни десет дена.

Исто така, за поддршка за производителите на јачмен и пченица министерството веќе креираше две нови мерки кои се предложени до Владата и очекуваме нивно усвојување на некоја од следните владини седници.

Преку Интервентната програма креиравме нова мерка со која даваме поддршка за пченицата, преку дополнителни 3 денари поддршка за продаден килограм пченица кај регистрирани откупувачи во период до 31 август 2023 година.

Преку измена на Уредбата за директни плаќања креираме мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерката е наменета за производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 кг/ха и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми, или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година.

The post Домашната пченица ќе се откупи за стокови резерви appeared first on Република.

]]>

Владата на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство усвои Информацијата за состојбата со очекуваното производство и планираниот откуп на пченица, род 2023 година. Владата ја задолжи Агенцијата за стокови резерви, планираната јавна набавка на 15.000 тони пченица, за потребите на стоковите резерви, наместо во еден, да ја подели во пет лотови од 3.000 тони, давајќи предност на домашните количини пченица. Ова беше барање на подсекторската група за жито, која министерството ја поддржа и достави информација до Владата, а Владата го прифати барањето и на вчерашната седница ја задолжи Агенцијата за стокови резерви да постапи согласно барањето, со продолжен рок на набавката за дополнителни десет дена. Исто така, за поддршка за производителите на јачмен и пченица министерството веќе креираше две нови мерки кои се предложени до Владата и очекуваме нивно усвојување на некоја од следните владини седници. Преку Интервентната програма креиравме нова мерка со која даваме поддршка за пченицата, преку дополнителни 3 денари поддршка за продаден килограм пченица кај регистрирани откупувачи во период до 31 август 2023 година. Преку измена на Уредбата за директни плаќања креираме мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерката е наменета за производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 кг/ха и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми, или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година.    

The post Домашната пченица ќе се откупи за стокови резерви appeared first on Република.

]]>
Ковачевски тврди дека немаме проблем со резерви на храна и нафта, одбива да каже колкави се https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-tvrdi-deka-nemame-problem-so-rezervi-na-hrana-i-nafta-odbiva-da-kaze-kolkavi-se/ Mon, 06 Jun 2022 14:38:42 +0000 https://republika.mk/?p=511842

Стоковите резерви се на ниво пропишано со закон и тековно се менаџираат. Нема потреба да се активираат бидејќи нема недостаток на храна и енергенси, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

– Кога зборуваме за стоковите резерви, веројатно мислите на храната и на нафтени деривати. Во моментов има непречено снабдување со нафтени, кое е постојано од почетокот на кризата бидејќи се снабдуваме од солунското пристаниште и тоа над 70 проценти се работи за нафта која не е од руско потекло туку од друго потекло, посочи Ковачевски.

Во однос на храната, премиерот истакна дека се управува дневно и неделно во однос на резервите кои ги има државата и кои обезбедуваат непречено снабдување на пазарот во услови кога има недостатоци. Тој додаде дека нема недостаток на храна во државата, бидејќи обезбеден е непречен проток на прехранбени производи преку соседните држави Албанија, Грција и Србија.

За цените на производите во малопродажбата, премиерот информираше дека е запознаен со одредени злоупотреби и оти нема да дозволи дел од дистрибутерите да вештачки да ги покачуваат цените со големи маржи. Најави дека инспекциите ќе работат на терен и ќе нема селекција во инспекциите и спроведување на законот на добрите практики на однесување во услови на најголема криза.

The post Ковачевски тврди дека немаме проблем со резерви на храна и нафта, одбива да каже колкави се appeared first on Република.

]]>

Стоковите резерви се на ниво пропишано со закон и тековно се менаџираат. Нема потреба да се активираат бидејќи нема недостаток на храна и енергенси, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
– Кога зборуваме за стоковите резерви, веројатно мислите на храната и на нафтени деривати. Во моментов има непречено снабдување со нафтени, кое е постојано од почетокот на кризата бидејќи се снабдуваме од солунското пристаниште и тоа над 70 проценти се работи за нафта која не е од руско потекло туку од друго потекло, посочи Ковачевски.
Во однос на храната, премиерот истакна дека се управува дневно и неделно во однос на резервите кои ги има државата и кои обезбедуваат непречено снабдување на пазарот во услови кога има недостатоци. Тој додаде дека нема недостаток на храна во државата, бидејќи обезбеден е непречен проток на прехранбени производи преку соседните држави Албанија, Грција и Србија. За цените на производите во малопродажбата, премиерот информираше дека е запознаен со одредени злоупотреби и оти нема да дозволи дел од дистрибутерите да вештачки да ги покачуваат цените со големи маржи. Најави дека инспекциите ќе работат на терен и ќе нема селекција во инспекциите и спроведување на законот на добрите практики на однесување во услови на најголема криза.

The post Ковачевски тврди дека немаме проблем со резерви на храна и нафта, одбива да каже колкави се appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-vladata-da-intervenira-so-40-000-toni-pchenica-od-stokovite-rezervi-za-lebot-da-ne-stane-luksuz/ Fri, 03 Jun 2022 11:12:27 +0000 https://republika.mk/?p=510615

Брашното и лебот како основни намирници достигнаа рекордно високи цени како никогаш до сега. Килограм брашно и една векна леб се продаваат и по 60 денари.

Високата цена на брашното и лебот пред се е предизвикана од неспособноста и криминогеноста на владата предводена од СДСМ. Од почетокот на кризата до денес владата не интервенираше ниту еднаш на пазарот со пуштање во оптек на дел од државните резерви. И второ 5 години по ред производството на пченица во Република Македонија паѓа. Па така ако во 2016 година се произвеле над 310.000 тони пченица што е доволно за задоволување на домашните потреби, сега се произведуваат помалку од 250.000 тони, тоа е за 60.000 тони помалку производство,изјави на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој додаде дека погрешните политики на СДСМ ја направија Македонија увозно зависна на храна и поранлива на ценовни шокови.

Трипуновски истакна доколку продолжи ова темпо на негрижа на власта, ни се заканува глад.

ВМРО-ДПМНЕ предлага Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз.

Со ослободување на 40.000 тони пченица до почетокот на жетвата ќе се спречи зголемување на цената на брашното и лебот, воедно и ќе влијае на намалување на истата цена.

Ваквиот потег беше преземан во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ како тогашна власт кога имаше ценовен шок во светот, но ние тогаш не дозволивме народот да го почувствува тоа . За разлика од тогаш, сега СДСМ е на власт и затоа лебот и брашното се плаќаат по цена и од 60 денари.

СДСМ нема капацитет да се справи со кризата, и затоа подобро и за нив и за државата е да има предвремени парламентарни избори час поскоро, за да се формира нова влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и која ќе ја извлече државата од оваа тешка криза, изјави Трипуновски.

The post Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз appeared first on Република.

]]>

Брашното и лебот како основни намирници достигнаа рекордно високи цени како никогаш до сега. Килограм брашно и една векна леб се продаваат и по 60 денари. Високата цена на брашното и лебот пред се е предизвикана од неспособноста и криминогеноста на владата предводена од СДСМ. Од почетокот на кризата до денес владата не интервенираше ниту еднаш на пазарот со пуштање во оптек на дел од државните резерви. И второ 5 години по ред производството на пченица во Република Македонија паѓа. Па така ако во 2016 година се произвеле над 310.000 тони пченица што е доволно за задоволување на домашните потреби, сега се произведуваат помалку од 250.000 тони, тоа е за 60.000 тони помалку производство,изјави на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој додаде дека погрешните политики на СДСМ ја направија Македонија увозно зависна на храна и поранлива на ценовни шокови. Трипуновски истакна доколку продолжи ова темпо на негрижа на власта, ни се заканува глад. ВМРО-ДПМНЕ предлага Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз. Со ослободување на 40.000 тони пченица до почетокот на жетвата ќе се спречи зголемување на цената на брашното и лебот, воедно и ќе влијае на намалување на истата цена. Ваквиот потег беше преземан во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ како тогашна власт кога имаше ценовен шок во светот, но ние тогаш не дозволивме народот да го почувствува тоа . За разлика од тогаш, сега СДСМ е на власт и затоа лебот и брашното се плаќаат по цена и од 60 денари. СДСМ нема капацитет да се справи со кризата, и затоа подобро и за нив и за државата е да има предвремени парламентарни избори час поскоро, за да се формира нова влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и која ќе ја извлече државата од оваа тешка криза, изјави Трипуновски.

The post Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз appeared first on Република.

]]>
ССК бара активирање на државните резерви https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssk-bara-aktiviranje-na-drzavnite-rezervi/ Thu, 02 Jun 2022 12:09:37 +0000 https://republika.mk/?p=510167

Итно да се елиминираат непотребните и комплицирани бирократски процедури за инсталирање обновливи извори на енергија кои траат по 60 до 90 дена, да се зголеми домашното производство на основните земјоделски култури и да се активираат државните резерви ако сакаме полесно да ги пребродиме ценовните шокови, апелира денеска Сојузот на стопански комори (ССК).

Според ССК, компаниите се подготвени да инвестираат во обновливи извори, но главна пречка им се сложените административни постапки. Иако некои веќе ја имаат обезбедено опремата и треба да ја монтираат, губат време за вадење дозволи и документи, „трчајќи“ во општините и низ институциите.

Бараме решителна реакција, сега и веднаш. Има најави, но бараме дела. Ако сакаме да се заштитиме од ценовни шокови, треба да одиме во еден правец – домашно производство и на енергенти и на прехранбени производи. На тој начин шоковите би биле помали и ситуацијата би се држела некако под контрола. Производството може да се зголеми, можеби не драстично, но секојдневно секако да, рече претседателот на ССК Трајан Ангелоски, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектот за Сертификат за деловна успешност.

Според Ангелоски, главното прашање, сепак, е енергетиката и државата мора да реагира веднаш. Доцниме со инвестициите и сега, кога приватниот сектор презема иницијативи, тие се закочени, не можат да се реализираат.

Од тука доаѓаат сите ценовни шокови и тука имаме апсолутно барање: реакција веднаш – укинување на комплицираните процедури за добивање дозволи за инсталирање обновливи извори. Компаниите можат добар дел од енергетските потреби сами да ги задоволат, а неопходното ќе го купат. Нема потреба да имаме толку сложени процедури, да губиме време по општини за градежни дозволи или по институции за вадење документи. Чекаме по 60 – 90 дена. Според неофицијални информации, само во една од скопските општини има 30 – 40 предмети за обновливи извори. Денес не е проблем да се обезбеди опремата, но на обезбедена опрема и можност таа да се монтира, ние сме закочени во административните процедури, подвлече Ангелоски.

Тој укажа дека земјава годишно увезува преку една милијарда евра енергенти.

Веќе доаѓаат новите понуди и има две алтернативи: да инвестирате во обновливи извори и инвестицијата да ја вратите за три до четири години или да платите високи сметки и ништо да не добиете. Мислам дека е најпаметно да се инвестира во обнолниви извори, овој бран да се искористи во позитивен правец. Има многу површини на кои може да се инсталираат уредите, достапни се на пазарот, многу компании навлегоа во нивна монтажа и поставување, бирократските процедури се навистина непотребни. Затоа бараме се што е бирократска процедура да се симплифицра и тоа веднаш да се стори. Во оваа криза така најадекватно сите што можат да инвестираат, ќе се заштитат од ценовните шокови, потенцира претседателот на ССК.

Во однос на мелничко-пекарската индустрија, тој потсети дека подолго време се бара интервенција и активирање на државните резерви.

-Не ни е јасно зошто нема интервенција. Можеби владините структури имаат други методологии на активирање, но ние сметаме дека резервите служат за кога има недостаоци на пазарот или на високи ценовни шокови. Еден услов е исполнет. Не можам да кажам дали активирањето е задоцнето, но нашето барање е да се актиираат резервите сега, во услови на ценовни шокови, истакна Ангелоски и додаде дека „сега е моментот да покажеме дали сме навистина земјоделска земја како што постојано велиме“.

Коментирајќи ги цените во светски рамки, Ангелоски рече дека повеќето производи се на стабилно ниво.

-Три групи производи беа идентификувани како пробматични во февруари и март: металите, енергетните и прехранебите производи. Металите се горе-долу стабилизирани, со прехранбените се случува нешто слично ако се занемари делот со даноците, а во однос на енергентите, летен период е и не можеме да кажеме точно што ќе се случува со оглед и на новите санцкии кои ги наметнува ЕУ. Непознаница е следната зима во кој правец ќе одат цените, оцени претседателот на ССК.

Сојузот нема дилеми дека ценовниот шок од вчера до денеска е резултат на непродолжувањето на владината одлука за висината на ДДВ. Водно оценува и дека беше сосема нелогична одлуката со која се укина маржата за некои производи.

-Нашите очекувања беа постепено да се нивелираат даночните ослободувања, рече Ангелоски.

The post ССК бара активирање на државните резерви appeared first on Република.

]]>

Итно да се елиминираат непотребните и комплицирани бирократски процедури за инсталирање обновливи извори на енергија кои траат по 60 до 90 дена, да се зголеми домашното производство на основните земјоделски култури и да се активираат државните резерви ако сакаме полесно да ги пребродиме ценовните шокови, апелира денеска Сојузот на стопански комори (ССК). Според ССК, компаниите се подготвени да инвестираат во обновливи извори, но главна пречка им се сложените административни постапки. Иако некои веќе ја имаат обезбедено опремата и треба да ја монтираат, губат време за вадење дозволи и документи, „трчајќи“ во општините и низ институциите.
Бараме решителна реакција, сега и веднаш. Има најави, но бараме дела. Ако сакаме да се заштитиме од ценовни шокови, треба да одиме во еден правец – домашно производство и на енергенти и на прехранбени производи. На тој начин шоковите би биле помали и ситуацијата би се држела некако под контрола. Производството може да се зголеми, можеби не драстично, но секојдневно секако да, рече претседателот на ССК Трајан Ангелоски, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектот за Сертификат за деловна успешност.
Според Ангелоски, главното прашање, сепак, е енергетиката и државата мора да реагира веднаш. Доцниме со инвестициите и сега, кога приватниот сектор презема иницијативи, тие се закочени, не можат да се реализираат.
Од тука доаѓаат сите ценовни шокови и тука имаме апсолутно барање: реакција веднаш – укинување на комплицираните процедури за добивање дозволи за инсталирање обновливи извори. Компаниите можат добар дел од енергетските потреби сами да ги задоволат, а неопходното ќе го купат. Нема потреба да имаме толку сложени процедури, да губиме време по општини за градежни дозволи или по институции за вадење документи. Чекаме по 60 – 90 дена. Според неофицијални информации, само во една од скопските општини има 30 – 40 предмети за обновливи извори. Денес не е проблем да се обезбеди опремата, но на обезбедена опрема и можност таа да се монтира, ние сме закочени во административните процедури, подвлече Ангелоски.
Тој укажа дека земјава годишно увезува преку една милијарда евра енергенти.
Веќе доаѓаат новите понуди и има две алтернативи: да инвестирате во обновливи извори и инвестицијата да ја вратите за три до четири години или да платите високи сметки и ништо да не добиете. Мислам дека е најпаметно да се инвестира во обнолниви извори, овој бран да се искористи во позитивен правец. Има многу површини на кои може да се инсталираат уредите, достапни се на пазарот, многу компании навлегоа во нивна монтажа и поставување, бирократските процедури се навистина непотребни. Затоа бараме се што е бирократска процедура да се симплифицра и тоа веднаш да се стори. Во оваа криза така најадекватно сите што можат да инвестираат, ќе се заштитат од ценовните шокови, потенцира претседателот на ССК.
Во однос на мелничко-пекарската индустрија, тој потсети дека подолго време се бара интервенција и активирање на државните резерви. -Не ни е јасно зошто нема интервенција. Можеби владините структури имаат други методологии на активирање, но ние сметаме дека резервите служат за кога има недостаоци на пазарот или на високи ценовни шокови. Еден услов е исполнет. Не можам да кажам дали активирањето е задоцнето, но нашето барање е да се актиираат резервите сега, во услови на ценовни шокови, истакна Ангелоски и додаде дека „сега е моментот да покажеме дали сме навистина земјоделска земја како што постојано велиме“. Коментирајќи ги цените во светски рамки, Ангелоски рече дека повеќето производи се на стабилно ниво. -Три групи производи беа идентификувани како пробматични во февруари и март: металите, енергетните и прехранебите производи. Металите се горе-долу стабилизирани, со прехранбените се случува нешто слично ако се занемари делот со даноците, а во однос на енергентите, летен период е и не можеме да кажеме точно што ќе се случува со оглед и на новите санцкии кои ги наметнува ЕУ. Непознаница е следната зима во кој правец ќе одат цените, оцени претседателот на ССК. Сојузот нема дилеми дека ценовниот шок од вчера до денеска е резултат на непродолжувањето на владината одлука за висината на ДДВ. Водно оценува и дека беше сосема нелогична одлуката со која се укина маржата за некои производи. -Нашите очекувања беа постепено да се нивелираат даночните ослободувања, рече Ангелоски.

The post ССК бара активирање на државните резерви appeared first on Република.

]]>
Николовски договорил леб да јадеме и од Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-dogovoril-leb-da-jademe-i-od-bugarija/ Wed, 06 Apr 2022 07:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=483888

Освен Србија, со дополнителни количини на пченица ќе нè снабдува и Бугарија, соопшти министерот за земјоделство Љупчо Николовски преку социјалните мрежи.

Доцна вечерва би сакал да ја соопштам и оваа позитивна вест директно од овде, од Берлин. Со мојот колега, министерот за земјоделие на Република Бугарија, Иван Иванов, договоривме дека од Република Бугарија ќе обезбедиме дополнителни количества на пченица. Заедно со нашите соседи на ваков начин градиме вистинско добрососедство и сплотени многу полесно ќе ја пребродиме и ќе се справиме со постоечката криза, напиша Николовски.

На покана на германскиот министер за храна и земјоделство Џем Оздемир Николовски учествуваше на министерската Конференција во Берлин која е во рамките на Берлинскиот процес и Дијалогот за земјоделска политика меѓу Германија и Западен Балкан.

На конференцијата министрите од Западен Балкан и претставниците од меѓународните организации дискутираа како заеднички да се надмине глобалнаta економска криза и моменталниот геополитички контекст, потенцирајќи дека заеднички ќе работата на имплементација на 5-те столба утврдени во Зелената агенда за Западен Балкан.

На министерската конференција учествуваа сите министри од регионот,  претседавач беше германскиот министер за храна и земјоделство, Џем Оздемир а  копретседавач беше генерален секретар на Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (SWG) Бобан Илиќ.

Министерот Николовски во рамки на Министерската Конференција го посети и меѓународниот саем посветен на свежи производи „FRUIT LOGISTICA“.

The post Николовски договорил леб да јадеме и од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Освен Србија, со дополнителни количини на пченица ќе нè снабдува и Бугарија, соопшти министерот за земјоделство Љупчо Николовски преку социјалните мрежи. Доцна вечерва би сакал да ја соопштам и оваа позитивна вест директно од овде, од Берлин. Со мојот колега, министерот за земјоделие на Република Бугарија, Иван Иванов, договоривме дека од Република Бугарија ќе обезбедиме дополнителни количества на пченица. Заедно со нашите соседи на ваков начин градиме вистинско добрососедство и сплотени многу полесно ќе ја пребродиме и ќе се справиме со постоечката криза, напиша Николовски.

На покана на германскиот министер за храна и земјоделство Џем Оздемир Николовски учествуваше на министерската Конференција во Берлин која е во рамките на Берлинскиот процес и Дијалогот за земјоделска политика меѓу Германија и Западен Балкан.

На конференцијата министрите од Западен Балкан и претставниците од меѓународните организации дискутираа како заеднички да се надмине глобалнаta економска криза и моменталниот геополитички контекст, потенцирајќи дека заеднички ќе работата на имплементација на 5-те столба утврдени во Зелената агенда за Западен Балкан.

На министерската конференција учествуваа сите министри од регионот,  претседавач беше германскиот министер за храна и земјоделство, Џем Оздемир а  копретседавач беше генерален секретар на Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (SWG) Бобан Илиќ.

Министерот Николовски во рамки на Министерската Конференција го посети и меѓународниот саем посветен на свежи производи „FRUIT LOGISTICA“.

The post Николовски договорил леб да јадеме и од Бугарија appeared first on Република.

]]>
Триесет дена забранет извозот на житарки и масло https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trieset-dena-zabranet-izvozot-na-zitarki-i-maslo/ Sat, 12 Mar 2022 08:16:02 +0000 https://republika.mk/?p=471604

Пченицата, јачменот, пченката, пченичното брашно, семето од сончеглед и сончогледовото масло од вчера се забранети за извоз. Мерката е времена и ќе трае десет дена, а се воведе за да се заштитат домашното производство, домашниот пазар и граѓаните, како и за да се избегнат секакви шпекулативни дејства на трговците.

Надлежните уверуваат дека простор за паника нема. Државните резерви се полни и ако се оцени дека е потребно, ќе бидат активирани. Се следи и движењето на цените.

Како што истакна министерот за економија Крешник Бектеши, сега не е време за политикантство и шпекулации. Сите чинители, и економски и политички, треба да покажат разбирање и да придонесат за намалување на негативните последици од кризата.

– Граѓаните да бидат мирни и да не стравуваат. Им гарантирам дека државните резерви се стабилни и дека има доволно залихи пченица и пченка за покривање на домашните потреби. Приватните млинови, приватните компании во земјата располагаат со преку 50 илјади тони залихи пченица, преку 10 илјади тони пченка и над 8 илјади тони јачмен што се должи на растот на домашното производство на пченица од 195 илјади тони во 2017 година на 253 илјади тони во 2021 година. Секако, ако се појави потреба, државата е подготвена за дополнување на резервите, но засега за тоа нема потреба. Граѓаните да не потклекнуваат на шпекулации и да не се грижат, рече Бектеши.

Според него, забраната за извоз се носи превентивно, за да не настанат поглеми нарушувања на пазарот.

-Треба да се има предвид дека во вакви времиња одредени трговци се обидуваат да направат поголеми профити. Домашните производители и трговци прво треба да се грижат за домашниот пазар, а не по потреба и по добивање одредени понуди, поголеми цени од странство, да го пренасочат производството за експорт, порача Бектеши.

Презентирајќи ги бројките од Царинската управа, министерот рече дека само во последните 10 дена од земјава се извезени 416 тони масло од сончоглед, 700 тони пченка, 166 тони брашно од обична пченица, два тона брашно од наполица и 174 тони тврда пченица.

-Македонија е држава членува во одредени форуми, вклучувајќи ја и ЦЕФТА, и имаме договори со сите, но кога имаме еднострана одлука од наш сосед секако дека ние мора ние да се грижиме за нашите граѓани првично, а секако дека кога ќе имаме дополнителни количини како што имаме и сега, затоа е и времена мерката, ќе дозволиме и извоз, но најважно од се е трговците, производителите да знаат дека сите овие мерки, овие 400 милиони евра кои ги дава Владата се средства на граѓаните, се со цел да нема ценовни шокови од страна на домашното производство, од страна на трговците на големо на овие одредени производи. Првично, треба целосно да се покрие домашниот пазар со подобри цени, а се што е повеќе од тоа ние ќе дозволиме да се извезува, објасни Бектеши.

И државниот советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски потврди дека во моментов нема поголемо нарушување на пазарот, поради што нема ниту потреба од активирање на државните резерви пченица.

-Има доволно лебно жито во млиновите, а планот на кој работиме со коморите во наредните денови ќе го доставиме до српската Влада и во тој дел ќе продолжиме со разгоговорите со цел редовно снабдување, истакна Димковски.

Тој информира дека се разгледуваат и други мерки за поддршка: 25 отсто субвенција на вештачките ѓубрива кои се главни во прихранување на посевите, пред се на пченицата и јачменот, зголемување на поддршката за „зелена нафта“ ако продолжат да поскапуваат бензините, а калкулацијата ќе се направи во април, како и обезбедување финансиска поддршка за складирање на пченицата за што трошоците на земјоделците ќе бидат покриени. Моментно, дополни, има и 7.000 хекатри државно земјоделско земјиште кое набргу ќе биде објавено на повик. Земјоделците ќе може да аплицираат, но со назнака дека земјиштето треба да е наменето за производство на пченица и јачен, односно за поледелски култури.

Прогнозите во светски рамки се дека поради урско-украинскиот конфликт цените на храната може да се зголемат од осум до 20 отсто. Според Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), не е јасно дали Украина ќе може да собира житни култури за време на долготрајниот конфликт, а има неизвесност и околу рускиот извоз на храна. Како што посочува ФАО, Русија беше најголемиот светски извозник на пченица, додека Украина беше петта по големина. Двете земји, заедно, обезбедуваат 19 отсто од светската понуда на јачмен, 14 од пченица, четири проценти од пченка, сочинувајќи над една третина од глобалниот извоз на житни култури.

The post Триесет дена забранет извозот на житарки и масло appeared first on Република.

]]>

Пченицата, јачменот, пченката, пченичното брашно, семето од сончеглед и сончогледовото масло од вчера се забранети за извоз. Мерката е времена и ќе трае десет дена, а се воведе за да се заштитат домашното производство, домашниот пазар и граѓаните, како и за да се избегнат секакви шпекулативни дејства на трговците. Надлежните уверуваат дека простор за паника нема. Државните резерви се полни и ако се оцени дека е потребно, ќе бидат активирани. Се следи и движењето на цените. Како што истакна министерот за економија Крешник Бектеши, сега не е време за политикантство и шпекулации. Сите чинители, и економски и политички, треба да покажат разбирање и да придонесат за намалување на негативните последици од кризата.
– Граѓаните да бидат мирни и да не стравуваат. Им гарантирам дека државните резерви се стабилни и дека има доволно залихи пченица и пченка за покривање на домашните потреби. Приватните млинови, приватните компании во земјата располагаат со преку 50 илјади тони залихи пченица, преку 10 илјади тони пченка и над 8 илјади тони јачмен што се должи на растот на домашното производство на пченица од 195 илјади тони во 2017 година на 253 илјади тони во 2021 година. Секако, ако се појави потреба, државата е подготвена за дополнување на резервите, но засега за тоа нема потреба. Граѓаните да не потклекнуваат на шпекулации и да не се грижат, рече Бектеши.
Според него, забраната за извоз се носи превентивно, за да не настанат поглеми нарушувања на пазарот.
-Треба да се има предвид дека во вакви времиња одредени трговци се обидуваат да направат поголеми профити. Домашните производители и трговци прво треба да се грижат за домашниот пазар, а не по потреба и по добивање одредени понуди, поголеми цени од странство, да го пренасочат производството за експорт, порача Бектеши.
Презентирајќи ги бројките од Царинската управа, министерот рече дека само во последните 10 дена од земјава се извезени 416 тони масло од сончоглед, 700 тони пченка, 166 тони брашно од обична пченица, два тона брашно од наполица и 174 тони тврда пченица.
-Македонија е држава членува во одредени форуми, вклучувајќи ја и ЦЕФТА, и имаме договори со сите, но кога имаме еднострана одлука од наш сосед секако дека ние мора ние да се грижиме за нашите граѓани првично, а секако дека кога ќе имаме дополнителни количини како што имаме и сега, затоа е и времена мерката, ќе дозволиме и извоз, но најважно од се е трговците, производителите да знаат дека сите овие мерки, овие 400 милиони евра кои ги дава Владата се средства на граѓаните, се со цел да нема ценовни шокови од страна на домашното производство, од страна на трговците на големо на овие одредени производи. Првично, треба целосно да се покрие домашниот пазар со подобри цени, а се што е повеќе од тоа ние ќе дозволиме да се извезува, објасни Бектеши.
И државниот советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски потврди дека во моментов нема поголемо нарушување на пазарот, поради што нема ниту потреба од активирање на државните резерви пченица.
-Има доволно лебно жито во млиновите, а планот на кој работиме со коморите во наредните денови ќе го доставиме до српската Влада и во тој дел ќе продолжиме со разгоговорите со цел редовно снабдување, истакна Димковски.
Тој информира дека се разгледуваат и други мерки за поддршка: 25 отсто субвенција на вештачките ѓубрива кои се главни во прихранување на посевите, пред се на пченицата и јачменот, зголемување на поддршката за „зелена нафта“ ако продолжат да поскапуваат бензините, а калкулацијата ќе се направи во април, како и обезбедување финансиска поддршка за складирање на пченицата за што трошоците на земјоделците ќе бидат покриени. Моментно, дополни, има и 7.000 хекатри државно земјоделско земјиште кое набргу ќе биде објавено на повик. Земјоделците ќе може да аплицираат, но со назнака дека земјиштето треба да е наменето за производство на пченица и јачен, односно за поледелски култури. Прогнозите во светски рамки се дека поради урско-украинскиот конфликт цените на храната може да се зголемат од осум до 20 отсто. Според Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), не е јасно дали Украина ќе може да собира житни култури за време на долготрајниот конфликт, а има неизвесност и околу рускиот извоз на храна. Како што посочува ФАО, Русија беше најголемиот светски извозник на пченица, додека Украина беше петта по големина. Двете земји, заедно, обезбедуваат 19 отсто од светската понуда на јачмен, 14 од пченица, четири проценти од пченка, сочинувајќи над една третина од глобалниот извоз на житни култури.

The post Триесет дена забранет извозот на житарки и масло appeared first on Република.

]]>
Гошев: Владата се однесува како слон во продавница на порцелан, во мерките нема ништо темелно обмислено https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/goshev-vladata-se-odnesuva-kako-slon-vo-prodavnica-na-porcelan-vo-merkite-nema-nishto-temelno-obmisleno/ Fri, 11 Mar 2022 13:09:01 +0000 https://republika.mk/?p=471337

Владата треба да знае, бездруго и опозицијата, дека најскап производ е оној што го нема. Со административните интервенции во областа на цените таа се однесува како слон во продавница на порцелан. Во нив нема ништо темелно обмислено, вели за „Фокус“ поранешниот гувернер на Народната банка и аналитичар Петар Гошев.

Како да реагираат луѓе во паника, опседнати со емитирање на популистички сигнали. Се води натпревар со опозицијата, која секогаш предничи, кој ќе исплука поглема и поштетна популистичка плуканица. Мерките за смирување пак или ублажување на инфлацијата не сметат да бидат контрадикторни: едни да се насочени кон нејзино смирување, други кон нејзино забрзување. Во Македонија, во моментов, токму тоа се случува, додава тој.

Според Гошев, во моментов, со зголемена инфлација и последиците од неа, кои траат веќе две години, се соочуваат најголемиот број држави во светот. И, сите влади се критикувани, зашто насекаде е нападнат животниот стандард и „вообичаеното спокојство“ на граѓаните – некаде повеќе, некаде помалку.

Повеќе на „Фокус

The post Гошев: Владата се однесува како слон во продавница на порцелан, во мерките нема ништо темелно обмислено appeared first on Република.

]]>

Владата треба да знае, бездруго и опозицијата, дека најскап производ е оној што го нема. Со административните интервенции во областа на цените таа се однесува како слон во продавница на порцелан. Во нив нема ништо темелно обмислено, вели за „Фокус“ поранешниот гувернер на Народната банка и аналитичар Петар Гошев.
Како да реагираат луѓе во паника, опседнати со емитирање на популистички сигнали. Се води натпревар со опозицијата, која секогаш предничи, кој ќе исплука поглема и поштетна популистичка плуканица. Мерките за смирување пак или ублажување на инфлацијата не сметат да бидат контрадикторни: едни да се насочени кон нејзино смирување, други кон нејзино забрзување. Во Македонија, во моментов, токму тоа се случува, додава тој.
Според Гошев, во моментов, со зголемена инфлација и последиците од неа, кои траат веќе две години, се соочуваат најголемиот број држави во светот. И, сите влади се критикувани, зашто насекаде е нападнат животниот стандард и „вообичаеното спокојство“ на граѓаните – некаде повеќе, некаде помалку. Повеќе на „Фокус

The post Гошев: Владата се однесува како слон во продавница на порцелан, во мерките нема ништо темелно обмислено appeared first on Република.

]]>
Николовски: Граѓани да не бидат загрижени, во моментов Македонија има доволно храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-gragjani-da-ne-bidat-zagrizeni-vo-momentov-makedonija-ima-dovolno-hrana/ Wed, 09 Mar 2022 12:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=470061

Соработката да продолжи, да биде ефикасна и функционална, а владите да се воздржат од воведувања унилатерални мерки од секаков вид. Граѓаните да бидат спокојни, бидејќи заеднички работиме и се заложуваме да го одржиме стабилно снабдувањето со храна, порачаа на денешниот онлајн состанок министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и неговите колеги, министрите за земјоделство на Србија, Албанија, Црна Гора, Република Српска и Косово.

Николовски, кој го иницираше состанокот, потенцира дека во моментов Македонија е снабдена со доволни количини храна. Тој повика да се одржуваат отворени каналите за комуникација меѓу земјите и регионалните министерства за потребите од примарни земјоделски и преработени прехранбени производи, како и влезни резерви за земјоделско производство, но и на регионално ниво да се споделуваат информации за можните извори за увоз и преземање соодветни активности за задоволување на тие потреби билатерално или мултилатерално.

Заеднички заклучок е дека македонските, како и граѓаните од регионот не треба да бидат загрижени. Потенциравме дека регионалната соработка треба да продолжи и владите да се воздржат од воведувања унилатерални мерки од било каков вид. Министрите од регионот ја поздравија иницијативата и се согласија дека соработката помеѓу земјите од регионот треба да биде ефикасна и функционална, а граѓаните од сите држави од западен Балкан да бидат сталожени бидејќи заедно работиме да го одржиме стабилно снабдувањето со храна, рече Николовски.

На состанокот стана збор за руско-украинскиот конфликт и потенцијалните влијанија на тековната геополитика врз земјоделскиот сектор на земјите од регионот, состојбата со одржување на пазарите и снабдување со храна.

The post Николовски: Граѓани да не бидат загрижени, во моментов Македонија има доволно храна appeared first on Република.

]]>

Соработката да продолжи, да биде ефикасна и функционална, а владите да се воздржат од воведувања унилатерални мерки од секаков вид. Граѓаните да бидат спокојни, бидејќи заеднички работиме и се заложуваме да го одржиме стабилно снабдувањето со храна, порачаа на денешниот онлајн состанок министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и неговите колеги, министрите за земјоделство на Србија, Албанија, Црна Гора, Република Српска и Косово. Николовски, кој го иницираше состанокот, потенцира дека во моментов Македонија е снабдена со доволни количини храна. Тој повика да се одржуваат отворени каналите за комуникација меѓу земјите и регионалните министерства за потребите од примарни земјоделски и преработени прехранбени производи, како и влезни резерви за земјоделско производство, но и на регионално ниво да се споделуваат информации за можните извори за увоз и преземање соодветни активности за задоволување на тие потреби билатерално или мултилатерално.
Заеднички заклучок е дека македонските, како и граѓаните од регионот не треба да бидат загрижени. Потенциравме дека регионалната соработка треба да продолжи и владите да се воздржат од воведувања унилатерални мерки од било каков вид. Министрите од регионот ја поздравија иницијативата и се согласија дека соработката помеѓу земјите од регионот треба да биде ефикасна и функционална, а граѓаните од сите држави од западен Балкан да бидат сталожени бидејќи заедно работиме да го одржиме стабилно снабдувањето со храна, рече Николовски.
На состанокот стана збор за руско-украинскиот конфликт и потенцијалните влијанија на тековната геополитика врз земјоделскиот сектор на земјите од регионот, состојбата со одржување на пазарите и снабдување со храна.

The post Николовски: Граѓани да не бидат загрижени, во моментов Македонија има доволно храна appeared first on Република.

]]>
Бесими: Стоковите резерви се стабилни https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-stokovite-rezervi-se-stabilni/ Mon, 07 Mar 2022 11:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=468927

Стоковите резерви се стабилни, има доволно државни резерви и во моментов нема потреба од нивно ставање на располагање, вели министерот за финансии, Фатмир Бесими за „Тема на денот“ што се емитуваше вчеравечер на Сител телевизија.

Тој потенцира дека уште од првиот ден од нападот во Украина, одржана е итна седница на Владата на која се разгледани сите аспекти, а како една од точките за кои се дискутирало било и за стоковите резерви.

Има доволно и на соодветно ниво на државни резерви, но и потребни количини на пазарот. Преку Министерството за земјоделство имаме информации колку резерви има од трговците и апсолутно нема простор за шпекулации - вели Бесими.

На прашањето дали во Буџетот се предвидени средства за исплата на ветеното зголемување на пензиите од илјада денари по месец, министерот вели дека во моментов Пензискиот фонд е ликвиден и планираните средства ќе се исплатат од таму, а понатаму зголемувањето на пензиите ќе биде покриено со ребаланс на Буџетот за 2022.

Притоа, нагласи министерот, зголемувањето на пензиите нема да подразбира зголемување на придонесите.

Јавниот долг согласно Стратегијата за управување со јавен долг до 2026 е планирано да се намали на 56,5 проценти од БДП. Буџетскиот дефицит до 2026 треба да се намали до 2,2 проценти од БДП. Значајно е што во Собрание е Законот за буџети со којшто се предвидуваат фискални правила за буџетски дефицит до 3 проценти и јавен долг до 60 проценти.

Министерот за финансии за денеска најави седница на Економскиот совет на која заедно со надворешни експерти ќе се дискутира за сет мерки на кои веќе се работи, меѓу кои и мерки во делот на цената на електричната енергија.

Ние имаме најниски цени во регионот, но тоа не значи дека не работиме на можни мерки. Веќе се работи на дизајнирање мерки за справување со кризата како резултат од порастот на цените на прехранбените производи и на енергенсите, особено зајакнати по руско-украинската војна. Утре на Економски совет на Владата, свикан од претседателот на владата, во проширен состав заедно со надворешни експерти кои ќе дадат свој придонес ќе се дискутира за предлози на можни решенија кои ќе следат, за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на стопанството - рече Бесими.

Според него, варијабилната акциза на горивата предвидена со последните измени на Законот за акцизи во моментов, дава ефект за ублажување на ценовниот шок. Дополнително, во делот на енергесите, со последните измени на Законот за царинска тарифа се намали царината на природниот гас на нула, а во Собрание е и Закон за измени на Законот за Данокот на додадена вредност со кој во делот на природен гас, ДДВ наместо да се наплаќа при увоз, би се наплаќал при промет во земјата, укажа Бесими.

The post Бесими: Стоковите резерви се стабилни appeared first on Република.

]]>

Стоковите резерви се стабилни, има доволно државни резерви и во моментов нема потреба од нивно ставање на располагање, вели министерот за финансии, Фатмир Бесими за „Тема на денот“ што се емитуваше вчеравечер на Сител телевизија. Тој потенцира дека уште од првиот ден од нападот во Украина, одржана е итна седница на Владата на која се разгледани сите аспекти, а како една од точките за кои се дискутирало било и за стоковите резерви.
Има доволно и на соодветно ниво на државни резерви, но и потребни количини на пазарот. Преку Министерството за земјоделство имаме информации колку резерви има од трговците и апсолутно нема простор за шпекулации - вели Бесими.
На прашањето дали во Буџетот се предвидени средства за исплата на ветеното зголемување на пензиите од илјада денари по месец, министерот вели дека во моментов Пензискиот фонд е ликвиден и планираните средства ќе се исплатат од таму, а понатаму зголемувањето на пензиите ќе биде покриено со ребаланс на Буџетот за 2022. Притоа, нагласи министерот, зголемувањето на пензиите нема да подразбира зголемување на придонесите. Јавниот долг согласно Стратегијата за управување со јавен долг до 2026 е планирано да се намали на 56,5 проценти од БДП. Буџетскиот дефицит до 2026 треба да се намали до 2,2 проценти од БДП. Значајно е што во Собрание е Законот за буџети со којшто се предвидуваат фискални правила за буџетски дефицит до 3 проценти и јавен долг до 60 проценти. Министерот за финансии за денеска најави седница на Економскиот совет на која заедно со надворешни експерти ќе се дискутира за сет мерки на кои веќе се работи, меѓу кои и мерки во делот на цената на електричната енергија.
Ние имаме најниски цени во регионот, но тоа не значи дека не работиме на можни мерки. Веќе се работи на дизајнирање мерки за справување со кризата како резултат од порастот на цените на прехранбените производи и на енергенсите, особено зајакнати по руско-украинската војна. Утре на Економски совет на Владата, свикан од претседателот на владата, во проширен состав заедно со надворешни експерти кои ќе дадат свој придонес ќе се дискутира за предлози на можни решенија кои ќе следат, за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на стопанството - рече Бесими.
Според него, варијабилната акциза на горивата предвидена со последните измени на Законот за акцизи во моментов, дава ефект за ублажување на ценовниот шок. Дополнително, во делот на енергесите, со последните измени на Законот за царинска тарифа се намали царината на природниот гас на нула, а во Собрание е и Закон за измени на Законот за Данокот на додадена вредност со кој во делот на природен гас, ДДВ наместо да се наплаќа при увоз, би се наплаќал при промет во земјата, укажа Бесими.

The post Бесими: Стоковите резерви се стабилни appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Ако државата има доволно стокови резерви на пченица, зошто не ги пушти во оптек, за да спречи зголемување на цените на брашното и лебот?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-ako-drzavata-ima-dovolno-stokovi-rezervi-na-pchenica-zoshto-ne-gi-pushti-vo-optek-za-da-sprechi-zgolemuvanje-na-cenite-na-brashnoto-i-lebot/ Sun, 06 Mar 2022 08:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=468400

Ако државата има доволно стокови резерви на пченица, тогаш зошто владата не ги пушти во оптек за да спречи зголемување на цените на брашното и лебот?! Се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Владата тврди дека во државата има доволно стокови резерви на пченица, но ништо не преземаа за да го докажат тоа. Наспроти тврдењата на владата, излезе претседателот на Србија, и кажа дека ќе одвои 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка за Македонија. И дека тоа било на барање на владата од Македонија. Откако излезе оваа изјава СДСМ излезе со конфузни ставови, од има пченица, до нема, па се до, ако сакаат нека дадат. Владата е целосно неодговорна и во очи на светска криза се однесува како маркет пред ликвидација, истакнуваат од опозициската партија.

Владата да преземе веднаш мерки и са пушти пченица во оптек доколку ја има, со што ќе го спречи покачувањето на цените на брашното и лебот кое веќе почна, додаваат од таму.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ако државата има доволно стокови резерви на пченица, зошто не ги пушти во оптек, за да спречи зголемување на цените на брашното и лебот?! appeared first on Република.

]]>

Ако државата има доволно стокови резерви на пченица, тогаш зошто владата не ги пушти во оптек за да спречи зголемување на цените на брашното и лебот?! Се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Владата тврди дека во државата има доволно стокови резерви на пченица, но ништо не преземаа за да го докажат тоа. Наспроти тврдењата на владата, излезе претседателот на Србија, и кажа дека ќе одвои 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка за Македонија. И дека тоа било на барање на владата од Македонија. Откако излезе оваа изјава СДСМ излезе со конфузни ставови, од има пченица, до нема, па се до, ако сакаат нека дадат. Владата е целосно неодговорна и во очи на светска криза се однесува како маркет пред ликвидација, истакнуваат од опозициската партија. Владата да преземе веднаш мерки и са пушти пченица во оптек доколку ја има, со што ќе го спречи покачувањето на цените на брашното и лебот кое веќе почна, додаваат од таму.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ако државата има доволно стокови резерви на пченица, зошто не ги пушти во оптек, за да спречи зголемување на цените на брашното и лебот?! appeared first on Република.

]]>
Ако стоковите резерви се полни, зошто се дозволи и лебот да поскапи? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ako-stokovite-rezervi-se-polni-zoshto-se-dozvoli-i-lebot-da-poskapi/ Sat, 05 Mar 2022 08:19:07 +0000 https://republika.mk/?p=468058

Сите земји во регионот јасно и гласно кажуваат во каква состојба се стоковите резерви, само кај нас власта е со празна реторика, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека загриженоста на граѓаните е поради нивната недоверба во власта на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски.

Патем, да биде уште потрагично, Стево Пендаровски тврди дека уште од ноември месец знаеле што ќе се случи, па логично се поставува прашањето зошто не презеле конкретни чекори Македонија да обезбеди доволни количини од животните потреби на граѓаните? Од српскиот претседател Вучиќ дознаваме дека Македонија побарала пченица и пченка и бараната количина ќе ни биде предадена. Власта невешто се правда и создава уште поголем сомнеж кај народот. Ако стоковите резерви за пченка и пченица се полни, тогаш зошто не се пушти во оптек дел од пченицата со што ќе се спречеше пораст на цената на брашното и лебот? Зошто државата дозволува раст на цената на лебот и дополнително осиромашување на граѓаните кои и онака плаќаат 30% поскапа струја и 70% поскапи горива во споредба со пред извесен период? Владата администрирана од Ковачевски или не знае како да го спаси животниот стандард или не сака. Трето нема, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ако стоковите резерви се полни, зошто се дозволи и лебот да поскапи? appeared first on Република.

Муцунски: Кај граѓаните има паника бидејќи се навикнати на Влада што реагира ненавремено https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mucunski-kaj-gragjanite-ima-panika-bidejkji-se-naviknati-na-vlada-shto-reagira-nenavremeno/ Fri, 04 Mar 2022 21:41:54 +0000 https://republika.mk/?p=468005

Кај граѓаните се создава паника бидејќи тие се навикнати на Влада и институции кои ненавремено и несоодветно постапуваат, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, кој вечерва дебатираше со министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ.

Петровска, пак, смета дека паниката и стравот кај граѓаните е резултат на дезинформациите кои ги шират одредени центри чија цел е токму тоа.

Зборувајќи за тоа дали Владата и институциите навремено реагирале пред да се случи воената инвазија од Русија на Украина, министерката рече дека Министерството за надворешни работи (МНР) уште на 11 февруари – две недели пред да почне воената агресија, ги повикало нашите државјани да ја напуштат украинската територија.

11 февруари е ден кога сè уште немаше никакви воени дејствија и кога сите начини на транспорт, авионски и копнен превоз, беа дозволени и расположливи на сите. Тој повик од МНР, во име на Владата, неколку пати беше потенциран и соопштуван преку различни начини на комуникација. Оттука ја дадов мојата првична оценка дека обвинувањата не се основани, рече Петровска, која додаде дека во насока на одговор е и одлуката нашиот амбасадор да се врати во Украина и лично да асистира во евакуацијата на граѓаните кои останале таму.

Во врска со изјавата на претседателот Стево Пендаровски на Сител ТВ дека уште од 5 ноември властите имале информации за тоа што може да се случи, министерката рече дека иако тогаш не била на функцијата, веројатно тие сознанија од разузнавачки канали тогаш биле земени со помала веројатност.

Во реплика до Петровска, Муцунски рече дека е точно оти има центри кои шират паника и дезинформации, но тој центар тој го лоцира во Владата.

Се согласувам со тоа, но морам да констатирам дека веројатно тој центар се наоѓа на булевар ’Илинденска‘. Ајде да ги споредиме изјавите кои ги слушаме последните денови. Претседателот на држава ни кажува дека ние во ноември сме знаеле дека постојат сериозни индиции преку кредибилни информации дека ова што се случува, ќе се случи. Истовремено, претседателот на државата кажува дека сме побарале од Србија поддршка во пченка и пченица, а претседателот на Србија го потврдува истото. Министерот за локална самоуправа, исто така, вели дека Србија дала поддршка, но не сме побарале, а министерот за економија кажува дека се полни стоковите резерви. Значи, кај граѓаните има паника и страв од импликациите на оваа криза, бидејќи се навикнати на Влада и институции кои постојано ненавремено постапуваат, рече Муцунски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја прозва власта, прашувајќи дали кога се добиени разузнавачките информации бил свикан Советот за безбедност и зошто за тоа што може да се случи во Украина не е брифирано ниту Собранието како што се прави во другите држави.

Дали се преземени и превентивни економски мерки за заштитата на и така погодената домашна економија од ненавремените мерки во текот на ковид-кризата?! Еве слушнавме денеска од премиерот дека сè уште се размислува за точно кои мерки да се преземат. Паниката доаѓа од тоа што граѓаните имаат влада која знаат дека ненавремено постапува за решавање на проблемите со кои се соочува државата. Ние сме знаеле неколку месеци претходно, а ништо не е направено во таа смисла. Затоа, ние како политичка партија, понудивме и пакет мерки во делот на економијата, затоа што мораме да ја заштитиме ценовната стабилност, да се бориме со инфлацијата и мораме, покрај безбедноста, да се грижиме за домашната економија за извозно ориентираниот сектор кој сериозно ќе биде погоден. Паниката кај граѓаните е поттикната од несоодветна реакцијаобвини Муцунски.

Петровска возврати дека во однос на пченицата од Србија уште веднаш кога српскиот претседател Александар Вучиќ даде изјава за тамошните медиуми дека испраќа помош за нашата држава, министерот за земјоделство соопштил дека имаме доволно резерви, а реплицираше и во однос на забелешките зошто не бил свикан Советот за безбедност.

Што се однесува на тоа дека требало уште во ноември да се свика Советот за безбедност, тој се свикува кога добивате разузнавачки информации. Тие се добиваат на дневна основа од различен вид по различни актуелни прашања кои се случуваат во светот и нашето опкружување. Зарем мислите дека треба секојдневно да се свикуваат седници? Јас не би навлегувала во деталите освен она што претседателот го соопшти, но само еве теоретски: во информациите кои се пласираат од разузнавачките служби се соопштува и степен на веројатност, односно кога се очекува работите да бидат придвижувани. Ако таму не биле дадени предупредувања дека треба да се забрзаат чекорите за алармирање на институциите, очигледно е дека нашата држава постапувала согласно целосната информација, реплицираше Петровска.

За економските мерки, пак, таа рече дека кога Владата нудела пакет претходно во екот на ковид-пандемијата, опозицијата обвинувала дека со тоа сака да ги поткупи граѓаните.

Муцунски повторно реплицираше со констатација дека во однос на пченицата од Србија има контрадикторност меѓу изјавите на владините претставници, а за економските мерки кои претходно биле носени, рече дека тие како ВМРО-ДПМНЕ секогаш давале поддршка.

Секогаш сме давале поддршка и сме барале нивно проширување и надградување. Знаете и самата дека секогаш сме ги поддржувале и сме сметале дека се недоволни. Една од мерките беше намалување на ставката за ДДВ за струја каде јас на пленарна седница кажав дека таа не треба да биде времена, туку мерка која ќе трае подолго време. Сега повторно ви предлагаме, рече Муцунски.

The post Муцунски: Кај граѓаните има паника бидејќи се навикнати на Влада што реагира ненавремено appeared first on Република.

]]>

Кај граѓаните се создава паника бидејќи тие се навикнати на Влада и институции кои ненавремено и несоодветно постапуваат, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, кој вечерва дебатираше со министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ. Петровска, пак, смета дека паниката и стравот кај граѓаните е резултат на дезинформациите кои ги шират одредени центри чија цел е токму тоа. Зборувајќи за тоа дали Владата и институциите навремено реагирале пред да се случи воената инвазија од Русија на Украина, министерката рече дека Министерството за надворешни работи (МНР) уште на 11 февруари – две недели пред да почне воената агресија, ги повикало нашите државјани да ја напуштат украинската територија.
11 февруари е ден кога сè уште немаше никакви воени дејствија и кога сите начини на транспорт, авионски и копнен превоз, беа дозволени и расположливи на сите. Тој повик од МНР, во име на Владата, неколку пати беше потенциран и соопштуван преку различни начини на комуникација. Оттука ја дадов мојата првична оценка дека обвинувањата не се основани, рече Петровска, која додаде дека во насока на одговор е и одлуката нашиот амбасадор да се врати во Украина и лично да асистира во евакуацијата на граѓаните кои останале таму.
Во врска со изјавата на претседателот Стево Пендаровски на Сител ТВ дека уште од 5 ноември властите имале информации за тоа што може да се случи, министерката рече дека иако тогаш не била на функцијата, веројатно тие сознанија од разузнавачки канали тогаш биле земени со помала веројатност. Во реплика до Петровска, Муцунски рече дека е точно оти има центри кои шират паника и дезинформации, но тој центар тој го лоцира во Владата.
Се согласувам со тоа, но морам да констатирам дека веројатно тој центар се наоѓа на булевар ’Илинденска‘. Ајде да ги споредиме изјавите кои ги слушаме последните денови. Претседателот на држава ни кажува дека ние во ноември сме знаеле дека постојат сериозни индиции преку кредибилни информации дека ова што се случува, ќе се случи. Истовремено, претседателот на државата кажува дека сме побарале од Србија поддршка во пченка и пченица, а претседателот на Србија го потврдува истото. Министерот за локална самоуправа, исто така, вели дека Србија дала поддршка, но не сме побарале, а министерот за економија кажува дека се полни стоковите резерви. Значи, кај граѓаните има паника и страв од импликациите на оваа криза, бидејќи се навикнати на Влада и институции кои постојано ненавремено постапуваат, рече Муцунски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја прозва власта, прашувајќи дали кога се добиени разузнавачките информации бил свикан Советот за безбедност и зошто за тоа што може да се случи во Украина не е брифирано ниту Собранието како што се прави во другите држави.
Дали се преземени и превентивни економски мерки за заштитата на и така погодената домашна економија од ненавремените мерки во текот на ковид-кризата?! Еве слушнавме денеска од премиерот дека сè уште се размислува за точно кои мерки да се преземат. Паниката доаѓа од тоа што граѓаните имаат влада која знаат дека ненавремено постапува за решавање на проблемите со кои се соочува државата. Ние сме знаеле неколку месеци претходно, а ништо не е направено во таа смисла. Затоа, ние како политичка партија, понудивме и пакет мерки во делот на економијата, затоа што мораме да ја заштитиме ценовната стабилност, да се бориме со инфлацијата и мораме, покрај безбедноста, да се грижиме за домашната економија за извозно ориентираниот сектор кој сериозно ќе биде погоден. Паниката кај граѓаните е поттикната од несоодветна реакцијаобвини Муцунски.
Петровска возврати дека во однос на пченицата од Србија уште веднаш кога српскиот претседател Александар Вучиќ даде изјава за тамошните медиуми дека испраќа помош за нашата држава, министерот за земјоделство соопштил дека имаме доволно резерви, а реплицираше и во однос на забелешките зошто не бил свикан Советот за безбедност.
Што се однесува на тоа дека требало уште во ноември да се свика Советот за безбедност, тој се свикува кога добивате разузнавачки информации. Тие се добиваат на дневна основа од различен вид по различни актуелни прашања кои се случуваат во светот и нашето опкружување. Зарем мислите дека треба секојдневно да се свикуваат седници? Јас не би навлегувала во деталите освен она што претседателот го соопшти, но само еве теоретски: во информациите кои се пласираат од разузнавачките служби се соопштува и степен на веројатност, односно кога се очекува работите да бидат придвижувани. Ако таму не биле дадени предупредувања дека треба да се забрзаат чекорите за алармирање на институциите, очигледно е дека нашата држава постапувала согласно целосната информација, реплицираше Петровска.
За економските мерки, пак, таа рече дека кога Владата нудела пакет претходно во екот на ковид-пандемијата, опозицијата обвинувала дека со тоа сака да ги поткупи граѓаните. Муцунски повторно реплицираше со констатација дека во однос на пченицата од Србија има контрадикторност меѓу изјавите на владините претставници, а за економските мерки кои претходно биле носени, рече дека тие како ВМРО-ДПМНЕ секогаш давале поддршка.
Секогаш сме давале поддршка и сме барале нивно проширување и надградување. Знаете и самата дека секогаш сме ги поддржувале и сме сметале дека се недоволни. Една од мерките беше намалување на ставката за ДДВ за струја каде јас на пленарна седница кажав дека таа не треба да биде времена, туку мерка која ќе трае подолго време. Сега повторно ви предлагаме, рече Муцунски.

The post Муцунски: Кај граѓаните има паника бидејќи се навикнати на Влада што реагира ненавремено appeared first on Република.

]]>
Илиевска: Власта иако знаела за војната во Украина, 5 месеци не преземала ништо за да ги наполни државните резерви https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ilievska-vlasta-iako-znaela-za-vojnata-vo-ukraina-5-meseci-ne-prezemala-nishto-za-da-gi-napolni-drzavnite-rezervi/ Fri, 04 Mar 2022 11:08:50 +0000 https://republika.mk/?p=467699

Изминативе денови, покрај ситуацијата што се случува во Украина, имавме прилика на медиуми да слушнеме изјава од Пендаровски дека тој знаел уште на 8 ноември минатата година, дека ќе има војна меѓу Русија и Украина, и цели 5 месеци државниот врв не преземал ништо во однос на обезбедување на залихи и подготовка за кризна ситуација. Дури по четири месеци ,на 24 Февруари, е свикан Советот за безбедност, на кој очигледно не се донесени мерки за заштита на нашите граѓани од последиците кои ги предизвикува оваа војна“, вели Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ја чувствуваат неизвесноста за основните прехранбени продукти, затоа што во еден ден имавме можност да слушнеме 3 различни изјави во врска со стоковите резерви, дека истите се стабилни ,за истиот ден од соседна Србија да слушнеме дека Владата на Македонија испратила барање за испорака на 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка. Дали стоковите резерви биле празни што Владата се решила на ваков чекор и на тој начин Македонија е ставена во ситуација на неизвесност?

Ако стоковите резерви за пченка и пченица се полни, тогаш зошто не се пушти во оптек дел од пченицата со што ќе се спречеше пораст на цената на брашното и лебот? Или можеби и ова е уште една невистина, па пченицата која ќе ја добиеме од Србија е единствената на која може да сметаме?

Владата треба да одговори и што направила во врска со неопходните залихи на гориво, и дали во земјава има доволно?

Во овој момент покрај што имаме потреба од полнење и зголемување на државните резерви, Владата сериозно и што поскоро треба да ги прифати предлог мерките на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за горивата за 50%. Со ова ќе се спречи неминовниот ценовен шок. Доколку се прифати предлогот на ВМРО-ДПМНE, цената на литар бензин ќе се намали за 13 денари ,а цената на литар дизел гориво за 9,5 денари,што ќе биде олеснување за домашните буџети, воедно и олеснување на компаниите кој нема да одразува зголемување на цените на производите.

Дополнително во поглед на храната,предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на повластената даночна стапка на данокот на додадена вредност од 5% на 0% на граѓаните, дирекно ќе им влијае за подобрување на семејниот буџет и полесно обезбедување на основните потреби за живот.

Потребни се мерки веднаш, зошто ненавременоста ќе ја чини државата стотици милиони денари, понизок стандард, зголемена сиромаштија и глад.

Начинот на кој се грижиш за својот народ, е начин со кој се сака својата држава.

https://www.youtube.com/watch?v=s_M_fLpar-w

The post Илиевска: Власта иако знаела за војната во Украина, 5 месеци не преземала ништо за да ги наполни државните резерви appeared first on Република.

]]>

Изминативе денови, покрај ситуацијата што се случува во Украина, имавме прилика на медиуми да слушнеме изјава од Пендаровски дека тој знаел уште на 8 ноември минатата година, дека ќе има војна меѓу Русија и Украина, и цели 5 месеци државниот врв не преземал ништо во однос на обезбедување на залихи и подготовка за кризна ситуација. Дури по четири месеци ,на 24 Февруари, е свикан Советот за безбедност, на кој очигледно не се донесени мерки за заштита на нашите граѓани од последиците кои ги предизвикува оваа војна“, вели Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните ја чувствуваат неизвесноста за основните прехранбени продукти, затоа што во еден ден имавме можност да слушнеме 3 различни изјави во врска со стоковите резерви, дека истите се стабилни ,за истиот ден од соседна Србија да слушнеме дека Владата на Македонија испратила барање за испорака на 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка. Дали стоковите резерви биле празни што Владата се решила на ваков чекор и на тој начин Македонија е ставена во ситуација на неизвесност? Ако стоковите резерви за пченка и пченица се полни, тогаш зошто не се пушти во оптек дел од пченицата со што ќе се спречеше пораст на цената на брашното и лебот? Или можеби и ова е уште една невистина, па пченицата која ќе ја добиеме од Србија е единствената на која може да сметаме? Владата треба да одговори и што направила во врска со неопходните залихи на гориво, и дали во земјава има доволно? Во овој момент покрај што имаме потреба од полнење и зголемување на државните резерви, Владата сериозно и што поскоро треба да ги прифати предлог мерките на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за горивата за 50%. Со ова ќе се спречи неминовниот ценовен шок. Доколку се прифати предлогот на ВМРО-ДПМНE, цената на литар бензин ќе се намали за 13 денари ,а цената на литар дизел гориво за 9,5 денари,што ќе биде олеснување за домашните буџети, воедно и олеснување на компаниите кој нема да одразува зголемување на цените на производите. Дополнително во поглед на храната,предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на повластената даночна стапка на данокот на додадена вредност од 5% на 0% на граѓаните, дирекно ќе им влијае за подобрување на семејниот буџет и полесно обезбедување на основните потреби за живот. Потребни се мерки веднаш, зошто ненавременоста ќе ја чини државата стотици милиони денари, понизок стандард, зголемена сиромаштија и глад. Начинот на кој се грижиш за својот народ, е начин со кој се сака својата држава.
https://www.youtube.com/watch?v=s_M_fLpar-w

The post Илиевска: Власта иако знаела за војната во Украина, 5 месеци не преземала ништо за да ги наполни државните резерви appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Србија ќе има доволно бензин, храна и сè што ни треба https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-srbija-kje-ima-dovolno-benzin-hrana-i-se-shto-ni-treba/ Fri, 04 Mar 2022 10:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=467680

Во Србија синоќа на некои бензински пумпи се створија редици, а медиумите јавуваат дека е зголемена и побарувачката за намирници во продавниците. Владата на Србија објави дека „некој намерно шири паника и дека Србија нема проблеми со снабдувањето со деривати“, а денес се огласи и претседателот Александар Вучиќ, кој порача дека „да не се наседнува на провокации и дека ќе има доволно бензин и храна“, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ на својот Инстаграм профил им се обрати на граѓаните на Србија и им порача дека Србија ќе ги зачува мирот и стабилноста, како и да не наседнуваат на „трикови, глупости и провокации кои велат дека немаме доволно нафта, нафтени деривати, дека се проверуваат засолништата и дека нема да има доволно храна“.

Србија не е во никаква војна, ниту ќе биде. Ќе има доволно храна, доволно бензин, доволно се што ни треба во иднина, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека „нема потреба никаде да се брза, нема потреба да се бара нешто посебно, однесувајте се нормално како и секој втор ден, затоа што ќе го зачуваме мирот и ќе гледаме како забрзано ќе напредува српската економија. Ви благодариме за почитта и вербата во српската држава, порача Вучиќ.

Во врска со ова денеска се огласија и од Министерството за рударство и енергетика со порака дека „државата обезбедила доволно од сите нафтени деривати и апсолутно нема потреба граѓаните да прават турканици на бензинските пумпи, како и да прават залихи на гориво.

Нема ограничувања во понудата на деривати и доколку некоја компанија има воведено ограничувања во испораката, тоа е навистина недозволиво. Ќе побараме, согласно владината уредба, пазарната инспекција да го провери тоа, соопштија од ова министерство.

Синоќа пазарната инспекција на повеќе продажни места на нафта и нафтени деривати утврди прекршување на Законот за заштита на потрошувачите, каде трговците имаа истакнато соопштенија за лимитот на количините на продажбата.

Во првата од контролите, извршена врз основа на пријават која пристигнала на е-маил адресата во 22 часот, било утврдено дека малопродажниот објект истакнал соопштение за лимит во висина на продажба за патничките автомобили максимум до 20 литри, 50 литри за трактори и 100 литри за камиони, што е спротивно на член 25 став 1 од Законот за заштита на потрошувачите, соопштија од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации.

The post Вучиќ: Србија ќе има доволно бензин, храна и сè што ни треба appeared first on Република.

]]>

Во Србија синоќа на некои бензински пумпи се створија редици, а медиумите јавуваат дека е зголемена и побарувачката за намирници во продавниците. Владата на Србија објави дека „некој намерно шири паника и дека Србија нема проблеми со снабдувањето со деривати“, а денес се огласи и претседателот Александар Вучиќ, кој порача дека „да не се наседнува на провокации и дека ќе има доволно бензин и храна“, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ на својот Инстаграм профил им се обрати на граѓаните на Србија и им порача дека Србија ќе ги зачува мирот и стабилноста, како и да не наседнуваат на „трикови, глупости и провокации кои велат дека немаме доволно нафта, нафтени деривати, дека се проверуваат засолништата и дека нема да има доволно храна“.
Србија не е во никаква војна, ниту ќе биде. Ќе има доволно храна, доволно бензин, доволно се што ни треба во иднина, кажа Вучиќ.
Тој додаде дека „нема потреба никаде да се брза, нема потреба да се бара нешто посебно, однесувајте се нормално како и секој втор ден, затоа што ќе го зачуваме мирот и ќе гледаме како забрзано ќе напредува српската економија. Ви благодариме за почитта и вербата во српската држава, порача Вучиќ. Во врска со ова денеска се огласија и од Министерството за рударство и енергетика со порака дека „државата обезбедила доволно од сите нафтени деривати и апсолутно нема потреба граѓаните да прават турканици на бензинските пумпи, како и да прават залихи на гориво.
Нема ограничувања во понудата на деривати и доколку некоја компанија има воведено ограничувања во испораката, тоа е навистина недозволиво. Ќе побараме, согласно владината уредба, пазарната инспекција да го провери тоа, соопштија од ова министерство.
Синоќа пазарната инспекција на повеќе продажни места на нафта и нафтени деривати утврди прекршување на Законот за заштита на потрошувачите, каде трговците имаа истакнато соопштенија за лимитот на количините на продажбата.
Во првата од контролите, извршена врз основа на пријават која пристигнала на е-маил адресата во 22 часот, било утврдено дека малопродажниот објект истакнал соопштение за лимит во висина на продажба за патничките автомобили максимум до 20 литри, 50 литри за трактори и 100 литри за камиони, што е спротивно на член 25 став 1 од Законот за заштита на потрошувачите, соопштија од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации.

The post Вучиќ: Србија ќе има доволно бензин, храна и сè што ни треба appeared first on Република.

]]>
Влада: Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlada-imame-rezervi-na-nafteni-derivati-i-zito-gragjanite-da-bidat-smireni/ Fri, 04 Mar 2022 08:41:36 +0000 https://republika.mk/?p=467535

Република Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката.

Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не чекаат во колони на бензинските пумпи и да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини.

Дополнително, Владата уште еднаш ги информира граѓаните да бидат смирени државата има доволна количина на житарици во стоковните резерви. Како што информира и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта.

Важно е граѓаните да знаат дека согласно официјалните статистички податоци, имаме зголемување на производството на пченица кое од 195 илјади тони во 2017 година, лани е зголемено на 253 илјади тони. Владата и во следниот период продолжува со ова темпо на инвестиции во земјоделското производство, сé со единствена цел да обезбедиме сигурност во производството на стратешките земјоделски гранки.

Познато е дека ако домашното производство на пченица изнесува 253 илјади тони, а годишните потреби за пченица се околу 300 илјади тони, секоја година остатокот на пченица се обезбедува од увоз од Србија. Вкупниот увоз на пченица во 2017 година изнесувал 87 илјади тони, додека во 2021 година е намален и изнесува 74 илјади тони.

Увозот на брашно во 2017 година изнесува 53 илјади тони, додека во 2021 година изнесува 41 илјади тони. Увозот на јачмен во 2017 година изнесува 15 илјади тони, а во 2021 година само 950 тони. Ова значи веќе целосно задоволување на домашните потреби од производство на јачмен.

Имајќи предвид дека домашното производство е стратешко за секоја сериозна држава, Владата и ресорното министерство, континуирано презема мерки коишто значат зголемување на домашното производство на житарици. За прв пат оваа Влада воведе мерка за кофинансирање на трошоците за набавка на нафта која со новите законски измени ќе изнесува 100%. Ја зголемивме субвенцијата за пченица за земјоделците кои имаат површини од 5 до 50 хектари и за прв пат започнавме неселективна распределба на државното земјоделско земјиште. Годинава дополнително преку интерветниот фонд е планирана субвенција за ублажување на трошоците за набавка на ѓубриво за житните култури.

The post Влада: Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени appeared first on Република.

]]>

Република Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката. Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не чекаат во колони на бензинските пумпи и да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини. Дополнително, Владата уште еднаш ги информира граѓаните да бидат смирени државата има доволна количина на житарици во стоковните резерви. Како што информира и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта. Важно е граѓаните да знаат дека согласно официјалните статистички податоци, имаме зголемување на производството на пченица кое од 195 илјади тони во 2017 година, лани е зголемено на 253 илјади тони. Владата и во следниот период продолжува со ова темпо на инвестиции во земјоделското производство, сé со единствена цел да обезбедиме сигурност во производството на стратешките земјоделски гранки. Познато е дека ако домашното производство на пченица изнесува 253 илјади тони, а годишните потреби за пченица се околу 300 илјади тони, секоја година остатокот на пченица се обезбедува од увоз од Србија. Вкупниот увоз на пченица во 2017 година изнесувал 87 илјади тони, додека во 2021 година е намален и изнесува 74 илјади тони. Увозот на брашно во 2017 година изнесува 53 илјади тони, додека во 2021 година изнесува 41 илјади тони. Увозот на јачмен во 2017 година изнесува 15 илјади тони, а во 2021 година само 950 тони. Ова значи веќе целосно задоволување на домашните потреби од производство на јачмен. Имајќи предвид дека домашното производство е стратешко за секоја сериозна држава, Владата и ресорното министерство, континуирано презема мерки коишто значат зголемување на домашното производство на житарици. За прв пат оваа Влада воведе мерка за кофинансирање на трошоците за набавка на нафта која со новите законски измени ќе изнесува 100%. Ја зголемивме субвенцијата за пченица за земјоделците кои имаат површини од 5 до 50 хектари и за прв пат започнавме неселективна распределба на државното земјоделско земјиште. Годинава дополнително преку интерветниот фонд е планирана субвенција за ублажување на трошоците за набавка на ѓубриво за житните култури.

The post Влада: Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени appeared first on Република.

]]>
Николовски: Пченицата и пченката од Србија не се за стоковните резерви https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-pchenicata-i-pchenkata-od-srbija-ne-se-za-stokovnite-rezervi/ Thu, 03 Mar 2022 13:03:59 +0000 https://republika.mk/?p=467070

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски преку својот фејсбук профил соопшти дека пченицата и пченката што Србија вчера најави дека ќе и ги испорача на земјава, се за стопанските субјекти, а не за потребите на државата или за стоковните резерви.

Како што наведува Николовски, државава има сосема доволно пченица и пченка. Домашните млинови располагаат со залиха од 45 000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта.

Нашето и Министервото за земјоделство на Србија имаат континуирана комуникација за сите земјоделски производи што се извезуваат и узвезуваат од двете страни, вклучително и за пченица и пченка. Спомнатите количини се во годишните планови за увоз на стопанските субјекти до почеток на жетва со цел, како и секоја година, да бидат покриени потребите на домашниот пазар и работата на млиновите, пекарите и други субјекти, не за потребите на државата или стоковите резерви, објаснува Николовски.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во синоќешното вонредно обраќање за полититичката и економската криза, како и околу воениот руско-украински конфликт, изјави дека Србија на барање на Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка.

Ние денеска ги добивме потребите на Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за БиХ, изјави Вучиќ.

ВМРО-ДПМНЕ веднаш испрати реакција, оценувајќи дека Вучиќ со ова открил дека земјава нема стоковни резерви на пченица.

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше со денови дека нивото на стокови резерви е алармантно ниско, како и тоа дека тие се под законскиот минимум. Владата, Ковачевски, Бесими и Битиќи поитаа да ги демантираат ваквите информации кои сега се покажаа за точни. Вечерва се демантирани и од претседателот на Србија, Вучиќ, кој кажа дека ќе дадат 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка на барање на Македонија за потребите на нашите стокови резерви. Тоа значи дека Ковачевски барал пченица и пченка затоа што на време не набавил. Предупредувањата на ВМРО – ДПМНЕ беа исправни, но Владата наместо работа одбра лага. Односот на власта е крајно неодговорен. Што ќе се случеше доколку Србија немаше доволно пченица? Кој ќе сноси одговорност за неодговорноста при управувањето на државата? Недостатокот на стоковни резерви ли е причината што не се ослободуваат во прометот со цел да се заштити стандардот? Каде завршиле стоковните резерви? Што друго недостасува од државните резерви?, наведе ВМРО-ДПМНЕ.

Претходните денови Владата и надлежните министерства неколку пати апелираа – граѓаните да не стравуваат, зашто прехранбени производи и државни резерви има, а не се очекуваат ниту ценовни шокови. Состојбата се следи и доколку се процени дека е потребно, ќе се интервенира.

Земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните да бидат смирени. Не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Моментно нема потреба да се стават во функција стоковните резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат залихи за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви. Продолжуваме со снабдување на државните резерви, како што е предвидено во годишната програма, а ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто, тврдат од Владата.

The post Николовски: Пченицата и пченката од Србија не се за стоковните резерви appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски преку својот фејсбук профил соопшти дека пченицата и пченката што Србија вчера најави дека ќе и ги испорача на земјава, се за стопанските субјекти, а не за потребите на државата или за стоковните резерви. Како што наведува Николовски, државава има сосема доволно пченица и пченка. Домашните млинови располагаат со залиха од 45 000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта.
Нашето и Министервото за земјоделство на Србија имаат континуирана комуникација за сите земјоделски производи што се извезуваат и узвезуваат од двете страни, вклучително и за пченица и пченка. Спомнатите количини се во годишните планови за увоз на стопанските субјекти до почеток на жетва со цел, како и секоја година, да бидат покриени потребите на домашниот пазар и работата на млиновите, пекарите и други субјекти, не за потребите на државата или стоковите резерви, објаснува Николовски.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во синоќешното вонредно обраќање за полититичката и економската криза, како и околу воениот руско-украински конфликт, изјави дека Србија на барање на Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка.
Ние денеска ги добивме потребите на Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за БиХ, изјави Вучиќ.
ВМРО-ДПМНЕ веднаш испрати реакција, оценувајќи дека Вучиќ со ова открил дека земјава нема стоковни резерви на пченица.
ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше со денови дека нивото на стокови резерви е алармантно ниско, како и тоа дека тие се под законскиот минимум. Владата, Ковачевски, Бесими и Битиќи поитаа да ги демантираат ваквите информации кои сега се покажаа за точни. Вечерва се демантирани и од претседателот на Србија, Вучиќ, кој кажа дека ќе дадат 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка на барање на Македонија за потребите на нашите стокови резерви. Тоа значи дека Ковачевски барал пченица и пченка затоа што на време не набавил. Предупредувањата на ВМРО – ДПМНЕ беа исправни, но Владата наместо работа одбра лага. Односот на власта е крајно неодговорен. Што ќе се случеше доколку Србија немаше доволно пченица? Кој ќе сноси одговорност за неодговорноста при управувањето на државата? Недостатокот на стоковни резерви ли е причината што не се ослободуваат во прометот со цел да се заштити стандардот? Каде завршиле стоковните резерви? Што друго недостасува од државните резерви?, наведе ВМРО-ДПМНЕ.
Претходните денови Владата и надлежните министерства неколку пати апелираа – граѓаните да не стравуваат, зашто прехранбени производи и државни резерви има, а не се очекуваат ниту ценовни шокови. Состојбата се следи и доколку се процени дека е потребно, ќе се интервенира.
Земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните да бидат смирени. Не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Моментно нема потреба да се стават во функција стоковните резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат залихи за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви. Продолжуваме со снабдување на државните резерви, како што е предвидено во годишната програма, а ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто, тврдат од Владата.

The post Николовски: Пченицата и пченката од Србија не се за стоковните резерви appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Нема ценовни шокови, има задоволителна количина на залихи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sdsm-nema-cenovni-shokovi-ima-zadovolitelna-kolichina-na-zalihi/ Thu, 03 Mar 2022 11:56:57 +0000 https://republika.mk/?p=467008

Владата предводена од СДСМ внимателно ги следи глобалните економски текови и последиците од агресијата врз Украина, вели Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ.

Се преземаат сите мерки за да се зачува и унапреди стандардот на граѓаните, да се сочува економијата во услови на криза. Апелираме до граѓаните да бидат спокојни, не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Откако цените беа замрзнати, Владата донесе одлука за ограничување на маржите во трговијата на основните продукти на 10 отсто на мало и на пет отсто на трговијата на големо. Истовремено, државата има задоволителна количина на потребните прехранбени производи и нафтени деривати во стоковите резерви. Се разгледуваат и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви. Централната банка изминатиот период информираше дека девизниот курс на денарот е стабилен а стабилна е состојбата и со девизните резерви, рече таа.

Додава дека СДСМ помага и во надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните од енергетската криза.

Го намаливме ДДВ-то за струјата од 18 на 5%, ја субвенционираме струјата и спречивме големо поскапување. Околу 7.500 домаќинства добиваат месечни субвенции од 600 до 800 денари за сметки за електрична енергија. Следејќи ја ситуацијата Владата предводена од СДСМ веќе подготвува нови пакети за помош на граѓаните и економијата, врз основа на анализи. Продолжува социјалниот дијалог, по покачувањето на миниминалната плата се работи на методологија за ново покачување на пензиите како и за дополнителна помош на пензионерите во услови на криза. Како парламентарно мнозинство продолжуваме со реализација на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и ја помагаат домашната економија, додава таа.

The post СДСМ: Нема ценовни шокови, има задоволителна количина на залихи appeared first on Република.

Митева: Дали Владата, иако знаела за ризикот, ја остави државата без стокови резерви на пченица? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-dali-vladata-iako-znaela-za-rizikot-ja-ostavi-drzavata-bez-stokovi-rezervi-na-pchenica/ Thu, 03 Mar 2022 11:07:34 +0000 https://republika.mk/?p=466949

Предупредувањето на ВМРО-ДПМНЕ за алармантното ниво стокови резерви се покажаа за вистинито. Откако излеговме со сознанија дека има недостаток на стокови резерви, Ковачевски, Бесими и Битиќи експресно ги демантираа ваквите информации кои сега се покажаа за точни. Иако уверуваа дека стоковите резерви се стабилни и полни, вчера, соседна Србија ни откри дека владата на Македонија испратила барање за испорака на вкупно 75.000 тони пченка и пченица, истакна на денешната прес-конференција, Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на Митева:

Ова е вистинското лице на власта. Вака ја манипулираат и лажат јавноста функционерите на СДСМ и ДУИ, што и не е некој нов и невообичаен скандал за нив. И повторно за жал, предупредувањето на ВМРО-ДПМНЕ за алармантното ниво стокови резерви се покажаа за вистинито. Откако излеговме со сознанија дека има недостаток на стокови резерви, Ковачевски, Бесими и Битиќи експресно ги демантираа ваквите информации кои сега се покажаа за точни. Иако уверуваа дека стоковите резерви се стабилни и полни, вчера, соседна Србија ни откри дека владата на Македонија испратила барање за испорака на вкупно 75.000 тони пченка и пченица.

Владата ја донесе Македонија во опасност и веднаш треба да одговори дали стоковите резерви биле празни и поради тоа владата не интервенираше на пазарот?! Ако ја земам за веродостојна и изјавата на Пендаровски дека уште пред 5 месеци имале сознанија за војната во Украина, што чекале до сега и зошто до сега не обезбедиле неопходни резерви? Владата треба да одговори и зошто дозволи цените на брашното и лебот да се зголемат и не презема ништо против тоа?

Ковачевски не ги употреби државните резерви со цел да се обезбеди намалување на притисокот врз мелничарите и да спречи покачување на брашното и лебот. Сега гледаме дека причината можеби била во тоа што тие биле празни.

Што правеше владата до сега и зошто не беа преземени чекори за полнење на државните резерви? Што доколку Србија немала можност да ни испорача и од каде и како ќе набавеле?

Бектеши, Бесими и Ковачевски уверуваа дека стоковите резерви се полни и дека ништо не недостасува, а сега гледаме побарале 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка.

Колкава е бесрамноста на овие лица од власта штом дозволуваат вакви изјави и тоа најпрво од директорот на Агенцијата за стокови резерви Реси Абдурахмани, кој кажа – цитирам: Имаме стокови резерви колку што треба. Потоа, Пендаровски изјави: Имавме потреба и побаравме од Србија пченица и пченка. За на крај, да биде срамот уште поголем Горан Милевски вели: Србија сама се понуди, ние не сме побарале пченица и пченка.

Ова се изјави кои можат да го потврдат тоа што сите веќе го знаеме, во Македонија ја имаме најнеспособната влада која после ваква дестабилизација на државата, после огромното оштетување на буџетот и после загрозувањето на граѓаните во секоја смисла време е да понесе одговорност. Владата мора да одговори каде завршиле стоковите резерви и што друго недостасува од државните резерви? И за крај треба да одговорат зошто не ги слушаа предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ?, прашува Митева.

https://youtu.be/0gfZ8Tazuwo

The post Митева: Дали Владата, иако знаела за ризикот, ја остави државата без стокови резерви на пченица? appeared first on Република.

]]>

Предупредувањето на ВМРО-ДПМНЕ за алармантното ниво стокови резерви се покажаа за вистинито. Откако излеговме со сознанија дека има недостаток на стокови резерви, Ковачевски, Бесими и Битиќи експресно ги демантираа ваквите информации кои сега се покажаа за точни. Иако уверуваа дека стоковите резерви се стабилни и полни, вчера, соседна Србија ни откри дека владата на Македонија испратила барање за испорака на вкупно 75.000 тони пченка и пченица, истакна на денешната прес-конференција, Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на Митева: Ова е вистинското лице на власта. Вака ја манипулираат и лажат јавноста функционерите на СДСМ и ДУИ, што и не е некој нов и невообичаен скандал за нив. И повторно за жал, предупредувањето на ВМРО-ДПМНЕ за алармантното ниво стокови резерви се покажаа за вистинито. Откако излеговме со сознанија дека има недостаток на стокови резерви, Ковачевски, Бесими и Битиќи експресно ги демантираа ваквите информации кои сега се покажаа за точни. Иако уверуваа дека стоковите резерви се стабилни и полни, вчера, соседна Србија ни откри дека владата на Македонија испратила барање за испорака на вкупно 75.000 тони пченка и пченица. Владата ја донесе Македонија во опасност и веднаш треба да одговори дали стоковите резерви биле празни и поради тоа владата не интервенираше на пазарот?! Ако ја земам за веродостојна и изјавата на Пендаровски дека уште пред 5 месеци имале сознанија за војната во Украина, што чекале до сега и зошто до сега не обезбедиле неопходни резерви? Владата треба да одговори и зошто дозволи цените на брашното и лебот да се зголемат и не презема ништо против тоа? Ковачевски не ги употреби државните резерви со цел да се обезбеди намалување на притисокот врз мелничарите и да спречи покачување на брашното и лебот. Сега гледаме дека причината можеби била во тоа што тие биле празни. Што правеше владата до сега и зошто не беа преземени чекори за полнење на државните резерви? Што доколку Србија немала можност да ни испорача и од каде и како ќе набавеле? Бектеши, Бесими и Ковачевски уверуваа дека стоковите резерви се полни и дека ништо не недостасува, а сега гледаме побарале 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка. Колкава е бесрамноста на овие лица од власта штом дозволуваат вакви изјави и тоа најпрво од директорот на Агенцијата за стокови резерви Реси Абдурахмани, кој кажа – цитирам: Имаме стокови резерви колку што треба. Потоа, Пендаровски изјави: Имавме потреба и побаравме од Србија пченица и пченка. За на крај, да биде срамот уште поголем Горан Милевски вели: Србија сама се понуди, ние не сме побарале пченица и пченка. Ова се изјави кои можат да го потврдат тоа што сите веќе го знаеме, во Македонија ја имаме најнеспособната влада која после ваква дестабилизација на државата, после огромното оштетување на буџетот и после загрозувањето на граѓаните во секоја смисла време е да понесе одговорност. Владата мора да одговори каде завршиле стоковите резерви и што друго недостасува од државните резерви? И за крај треба да одговорат зошто не ги слушаа предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ?, прашува Митева. https://youtu.be/0gfZ8Tazuwo

The post Митева: Дали Владата, иако знаела за ризикот, ја остави државата без стокови резерви на пченица? appeared first on Република.

]]>
Tри контрадикторни изјави околу стоковите резерви потврдуваат дека „Каква влада, таква криза“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tri-kontradiktorni-izjavi-okolu-stokovite-rezervi-potvrduvaat-deka-kakva-vlada-takva-kriza/ Wed, 02 Mar 2022 21:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=466681

Каква влада, таква криза, вели пратеникот Антонио Милошоски споделувајќи ги трите контрадикторни изјави околу стоковите резерви соопштени денеска:

1.Реси Абдурахмани, директор: имаме стокови резерви колку што треба.
2.Пендаровски, претседател: имаме потреба и побаравме од Србија пченица и пченка.
3.Горан Милевски, министер: Србија сама се понуди, ние не сме побарале пченица и пченка.

The post Tри контрадикторни изјави околу стоковите резерви потврдуваат дека „Каква влада, таква криза“ appeared first on Република.

]]>

Каква влада, таква криза, вели пратеникот Антонио Милошоски споделувајќи ги трите контрадикторни изјави околу стоковите резерви соопштени денеска:
1.Реси Абдурахмани, директор: имаме стокови резерви колку што треба. 2.Пендаровски, претседател: имаме потреба и побаравме од Србија пченица и пченка. 3.Горан Милевски, министер: Србија сама се понуди, ние не сме побарале пченица и пченка.

The post Tри контрадикторни изјави околу стоковите резерви потврдуваат дека „Каква влада, таква криза“ appeared first on Република.

]]>