стојко стојков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stojko-stojkov/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 18:34:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стојко стојков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stojko-stojkov/ 32 32 Повеќе од 18 години Бугарија не ги спроведува пресудите на ЕСЧП, Советот на Европа бара одговори до 16 декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poveke-od-18-godini-bugarija-ne-gi-sproveduva-presudite-na-eschp-sovetot-na-evropa-bara-odgovori-do-16-dekemvri/ Sat, 21 Sep 2024 19:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=818582

Чекор напред е последниот извештај на Комитетот на министри на Советот на Европа во кој се укажува дека Бугарија се уште не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права, оценува првиот човек на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков.

Стојков, во изјава за Канал 5, посочува дека Бугарија од 2016 година е ставена под силен мониторинг и била принудена да прави разни мерки за избегне казни, но не успеала во тоа.

- Ова е чекор напред. Веќе од 2016 година Бугарија е ставена под засилен мониторинг и беше принудена да прави повеќе маневри за да избегне казнени одлуки. Меѓутоа во тоа Република Бугарија не успеа, напротив секоја следна одлука беше се појасна. Полека се сфати во Комитетот на министрите дека не е во прашање некои грешки од страна на македонските организации, туку случај на системска дискриминација, вели Стојков.

Повеќе години Бугарија не ги спроведува пресудите на ЕСЧП и не дозволува да се регистрираат здруженија на македонското малцинство во Бугарија.

Комитетот на министри на Советот на Европа во својота последна одлука, објавена по кварталниот состанок за мониторинг над извршувањето на пресудите и одлуките на судот во Стразбур одржана од 17 до 19 септември, на бугарските власти им дава рок до 16 декември да даде одговор на сите овие прашања и одлучува да го продолжат испитувањето на овие случаи на нивниот состанок во март 2025 година

-   Изрази жалење што, и покрај мерките усвоени од властите помеѓу 2018 и 2024 година, усвојувањето на Привремената резолуција CM/ResDH(2020)197 и последователните одлуки, повеќе од 18 години по првата правосилна пресуда во оваа група, здруженијата кои имаат за цел „да го постигнат признавање на македонското малцинство“ и понатаму рутински им се одбива регистрацијата главно поради поширокиот проблем на неодобрување на нивните цели; забележа, исто така, дека очигледно неконзистентната примена на формалните барања покренува прашања за правна сигурност за апликантот и слични здруженија, се вели во извештајот на Комитетот.

Во одлуката Комитетот потсетува дека оваа група случаи се однесува на неоправдано одбивање на судовите, во периодот од 1999 до 2015 година, да ги регистрираат здруженијата апликанти врз основа на размислувањата за националната безбедност, заштитата на јавниот ред и правата на другите (цели кои имаат за цел „признавање на македонското малцинство “ и наводни сепаратистички идеи) и за уставната забрана за здруженија кои остваруваат политички цели, како и неисполнување на формално-правните барања (повреда на член 11).

-  Силно ги повика властите да преземат решителна акција што Комитетот ја повика во своите претходни одлуки за да се осигура дека секое ново барање за регистрација на здруженијата апликанти или слични здруженија се испитува во целосна согласност со обврската од член 11 од Конвенцијата за заштита правото на слобода на здружување, се вели во извештајот.

Во меѓувреме и македонското МНР изрази задоволство од последниот годишен Извештај на Комитетот на министри на Советот на Европа за состојбата со имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права, групата случаи “ОМО Илинден и другите против Бугарија”, во врска со одбивањето на Бугарија да ги регистрира здруженијата на Македонците во државата.

The post Повеќе од 18 години Бугарија не ги спроведува пресудите на ЕСЧП, Советот на Европа бара одговори до 16 декември appeared first on Република.

]]>

Чекор напред е последниот извештај на Комитетот на министри на Советот на Европа во кој се укажува дека Бугарија се уште не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права, оценува првиот човек на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков. Стојков, во изјава за Канал 5, посочува дека Бугарија од 2016 година е ставена под силен мониторинг и била принудена да прави разни мерки за избегне казни, но не успеала во тоа.
- Ова е чекор напред. Веќе од 2016 година Бугарија е ставена под засилен мониторинг и беше принудена да прави повеќе маневри за да избегне казнени одлуки. Меѓутоа во тоа Република Бугарија не успеа, напротив секоја следна одлука беше се појасна. Полека се сфати во Комитетот на министрите дека не е во прашање некои грешки од страна на македонските организации, туку случај на системска дискриминација, вели Стојков.
Повеќе години Бугарија не ги спроведува пресудите на ЕСЧП и не дозволува да се регистрираат здруженија на македонското малцинство во Бугарија. Комитетот на министри на Советот на Европа во својота последна одлука, објавена по кварталниот состанок за мониторинг над извршувањето на пресудите и одлуките на судот во Стразбур одржана од 17 до 19 септември, на бугарските власти им дава рок до 16 декември да даде одговор на сите овие прашања и одлучува да го продолжат испитувањето на овие случаи на нивниот состанок во март 2025 година
-   Изрази жалење што, и покрај мерките усвоени од властите помеѓу 2018 и 2024 година, усвојувањето на Привремената резолуција CM/ResDH(2020)197 и последователните одлуки, повеќе од 18 години по првата правосилна пресуда во оваа група, здруженијата кои имаат за цел „да го постигнат признавање на македонското малцинство“ и понатаму рутински им се одбива регистрацијата главно поради поширокиот проблем на неодобрување на нивните цели; забележа, исто така, дека очигледно неконзистентната примена на формалните барања покренува прашања за правна сигурност за апликантот и слични здруженија, се вели во извештајот на Комитетот.
Во одлуката Комитетот потсетува дека оваа група случаи се однесува на неоправдано одбивање на судовите, во периодот од 1999 до 2015 година, да ги регистрираат здруженијата апликанти врз основа на размислувањата за националната безбедност, заштитата на јавниот ред и правата на другите (цели кои имаат за цел „признавање на македонското малцинство “ и наводни сепаратистички идеи) и за уставната забрана за здруженија кои остваруваат политички цели, како и неисполнување на формално-правните барања (повреда на член 11).
-  Силно ги повика властите да преземат решителна акција што Комитетот ја повика во своите претходни одлуки за да се осигура дека секое ново барање за регистрација на здруженијата апликанти или слични здруженија се испитува во целосна согласност со обврската од член 11 од Конвенцијата за заштита правото на слобода на здружување, се вели во извештајот.
Во меѓувреме и македонското МНР изрази задоволство од последниот годишен Извештај на Комитетот на министри на Советот на Европа за состојбата со имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права, групата случаи “ОМО Илинден и другите против Бугарија”, во врска со одбивањето на Бугарија да ги регистрира здруженијата на Македонците во државата.

The post Повеќе од 18 години Бугарија не ги спроведува пресудите на ЕСЧП, Советот на Европа бара одговори до 16 декември appeared first on Република.

]]>
Лога се сретна со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-se-sretna-so-stojko-stojkov-kopretsedatel-na-omo-ilinden-pirin/ Thu, 20 Apr 2023 15:42:36 +0000 https://republika.mk/?p=632931

 Министерот Кренар Лога се сретна со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин. На средбата Лога беше информиран за статусот и правата на Македонците во Бугарија .

Стојков изрази благодарност до Лога за неговиот интерес за правата на Македонците во Бугарија и посочи дека тој е првиот министер за правда кој ги повикал на разговор.

 Се дискутираше и за годишниот извештај на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во кој е посочено дека Република Бугарија не ја спроведува пресудата за основните човекови права на слободно здружување која  ОМО Илинден Пирин не може да ја реализира  и да се регистрира.За неспроведувањето на 14-те пресуди на судот во Стразбур во корист на македонците во Бугарија ќе бидат информирани и меѓународните фактори.

The post Лога се сретна со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин appeared first on Република.

Стојков: Отстранувањето на букви од натписот на клубот е дело на бугарски хулигани https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/stojkov-otstranuvanjeto-na-bukvi-od-natpisot-na-klubot-e-delo-na-bugarski-huligani/ Mon, 31 Oct 2022 08:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=567620

Oткако слегнаа впечатоците од отворањето на македонскиот клуб во Благоевгад на сите еден детал им остави впечаток-а тоа е фалењето на букви во натписот на клубот.

Уште кога се подготвуваше отворањето на клубот забележително беше дека недостасува почетната буква „м“ во зборот „македонски“. Тогаш сите помислија дека можеби буквата самата се одлепила.

Но, на вчерашното отворање се виде дека ова не е случајност. Буквата „м“ беше вратена но сега фалеше „е“ апа се читаше дека клубот е „мак-донски“ а не македонски“.

Стојко Стојков од ОМО Илинден-Пирин за „Република“ објаснува зошто е тоа така.

Тоа е дело на хулиганите бугарски. Ова е втора таква буква. Сепак задоволни сме како помина отворањето на клубот-нагласува Стојков.

https://republika.mk/vesti/balkan/osnovachot-na-nikola-vapcarov-maznov-nashiot-klub-e-ranet-edna-bukva-popravivme-no-gledate-deka-fali-druga-bukva/

The post Стојков: Отстранувањето на букви од натписот на клубот е дело на бугарски хулигани appeared first on Република.

]]>

Oткако слегнаа впечатоците од отворањето на македонскиот клуб во Благоевгад на сите еден детал им остави впечаток-а тоа е фалењето на букви во натписот на клубот. Уште кога се подготвуваше отворањето на клубот забележително беше дека недостасува почетната буква „м“ во зборот „македонски“. Тогаш сите помислија дека можеби буквата самата се одлепила. Но, на вчерашното отворање се виде дека ова не е случајност. Буквата „м“ беше вратена но сега фалеше „е“ апа се читаше дека клубот е „мак-донски“ а не македонски“. Стојко Стојков од ОМО Илинден-Пирин за „Република“ објаснува зошто е тоа така.
Тоа е дело на хулиганите бугарски. Ова е втора таква буква. Сепак задоволни сме како помина отворањето на клубот-нагласува Стојков.
https://republika.mk/vesti/balkan/osnovachot-na-nikola-vapcarov-maznov-nashiot-klub-e-ranet-edna-bukva-popravivme-no-gledate-deka-fali-druga-bukva/  

The post Стојков: Отстранувањето на букви од натписот на клубот е дело на бугарски хулигани appeared first on Република.

]]>
Стојков за „Република“: Ќе се жалиме за затворањето на Клубот, прво во Бугарија а потоа и во Стразбур https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/stojkov-za-republika-kje-se-zalime-za-zatvoranjeto-na-klubot-prvo-vo-bugarija-a-potoa-i-vo-strazbur/ Tue, 18 Oct 2022 11:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=562511

Стојко Стојков од ОМО Илинден-Пирин излезе со првична реакција за затворањето на клубот „Никола Вапцаров“. Неговото незадоволство доаѓа откако Советот на Општина Благоевград го забрани македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет.

Се уште не сме ја добиле ништо од Општината. Сигурно ќе се жалиме на оваа одлука. Прво во Бугарија а потоа и во Стразбур-вели Стојков за „Република“.

Образоложението на Советот на Благоеврад е дека нема да се дозволи „општината да биде центар на слични провокации.“

Македонските здруженија во Бугарија веќе имаат добиено над 10 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур но властите во Софија не ги почитуваат.

The post Стојков за „Република“: Ќе се жалиме за затворањето на Клубот, прво во Бугарија а потоа и во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Стојко Стојков од ОМО Илинден-Пирин излезе со првична реакција за затворањето на клубот „Никола Вапцаров“. Неговото незадоволство доаѓа откако Советот на Општина Благоевград го забрани македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет.
Се уште не сме ја добиле ништо од Општината. Сигурно ќе се жалиме на оваа одлука. Прво во Бугарија а потоа и во Стразбур-вели Стојков за „Република“.
Образоложението на Советот на Благоеврад е дека нема да се дозволи „општината да биде центар на слични провокации.“ Македонските здруженија во Бугарија веќе имаат добиено над 10 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур но властите во Софија не ги почитуваат.    

The post Стојков за „Република“: Ќе се жалиме за затворањето на Клубот, прво во Бугарија а потоа и во Стразбур appeared first on Република.

]]>
Македонците од Бугарија: За власта никогаш сме немале вредност, би нè дале и за беспари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedoncite-od-bugarija-za-vlasta-nikogash-sme-nemale-vrednost-bi-ne-dale-i-za-bespari/ Wed, 10 Aug 2022 11:20:54 +0000 https://republika.mk/?p=538707

Македонците во Бугарија го поздравуваат барањето на Обединетите нации преку Канцеларијата за човекови права да побара нивната матична земја да признае постоењето на македонско малцинство.

Оттаму велат дека е крајно време некој да и предочи на Бугарија дека мора да ги почитува правата на граѓаните кои не се чуствуваат за Бугари и да им овозможи слободно да ги практикуваат своите образовни и национални права.

Но, нашинците од Бугарија се разочарани од односот на актуелната власт која најпрво со Договорот со Грција а потоа и со тој за пријателство со Софија практично се откажа од грижата за македонското малцинство во соседните земји.

 Владата се интересира само од влегување во Европа по секоја цена. За властите ние никогаш не сме имале некоја вредност, така што сме евтини, нешто што тие би го дале и беспари-вели за „Република“ Стојко Стојков од Омо Илинден-Пирин.

Овој извештај забележува дека Владата на Бугарија „негира постоење на етничко македонското малцинство“, тврдејќи дека припадниците на оваа заедница се всушност етнички Бугари.

Во него се вели и дека „македонскиот јазик не се признава, ниту се учи во училиштата и Македонците не се застапени во Националниот совет за соработка на етничките и интегративните прашања“.

https://republika.mk/vesti/balkan/obedineti-nacii-bara-bugarija-da-go-priznae-makedonskoto-malcinstvo-samo-vlasta-na-sdsm-se-otkaza-od-nashincite/

The post Македонците од Бугарија: За власта никогаш сме немале вредност, би нè дале и за беспари appeared first on Република.

]]>

Македонците во Бугарија го поздравуваат барањето на Обединетите нации преку Канцеларијата за човекови права да побара нивната матична земја да признае постоењето на македонско малцинство. Оттаму велат дека е крајно време некој да и предочи на Бугарија дека мора да ги почитува правата на граѓаните кои не се чуствуваат за Бугари и да им овозможи слободно да ги практикуваат своите образовни и национални права. Но, нашинците од Бугарија се разочарани од односот на актуелната власт која најпрво со Договорот со Грција а потоа и со тој за пријателство со Софија практично се откажа од грижата за македонското малцинство во соседните земји.
 Владата се интересира само од влегување во Европа по секоја цена. За властите ние никогаш не сме имале некоја вредност, така што сме евтини, нешто што тие би го дале и беспари-вели за „Република“ Стојко Стојков од Омо Илинден-Пирин.
Овој извештај забележува дека Владата на Бугарија „негира постоење на етничко македонското малцинство“, тврдејќи дека припадниците на оваа заедница се всушност етнички Бугари. Во него се вели и дека „македонскиот јазик не се признава, ниту се учи во училиштата и Македонците не се застапени во Националниот совет за соработка на етничките и интегративните прашања“. https://republika.mk/vesti/balkan/obedineti-nacii-bara-bugarija-da-go-priznae-makedonskoto-malcinstvo-samo-vlasta-na-sdsm-se-otkaza-od-nashincite/

The post Македонците од Бугарија: За власта никогаш сме немале вредност, би нè дале и за беспари appeared first on Република.

]]>
Власта потпиша дека нашинците во Грција и во Бугарија не зборуваат на дијалект на македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-potpisha-deka-nashincite-vo-grcija-i-vo-buarija-ne-zboruvaat-na-dijalekt-na-makedoskiot-jazik/ Wed, 20 Jul 2022 09:13:37 +0000 https://republika.mk/?p=531249

Декларацијата на МНР за македонскиот јазик во делот за дијалектите предизвика револт кај нашинците во соседните земји.

Tие прашуваат како е можно македонскиот јазик да бил создаден само од дијалекти кои биле на теритроријата на денешна Република Македонија.

По таа логика македонците од леринско зборуваат на некој друг дијалект а не на еден дијалектите на македонскиот јазик. Иако леринскиот говор припаѓа на еден од централните македонски дијалекти според кои е кодифициран македонскиот литературен јазик.

Павле Васкопулос од „Виножито“ за Република“ објаснува дека дијалекти постојат и таму кај нив во Грција а не пак во Македонија.

Но, едно е официјален јазик во една држава а друго е дека има има многу дијалекти токму на државата каде што е официјален и во соседните држави каде што малцинствата живееле. Во минатато едно население зборувало ист јазик со разни дијалекти а немало национални држави и граници-објаснува Васкопулус.

Тој додава додава дека ако една држава не почитува и не признава малцински јазик тоа не значи дека јазикот не потои.

Нема дилеми дека македонската изјава за јазикот е полоша дири и од бугарската каде што се тврди дека македонскиот јазик е еден од дијалектите на бугарскиот.
Ова значи дека се откажуваме од егејските и пиринските дијалекти кои се лингивстички признати во славистиката.

Стојко Стојков од „Омо Илинден-Пирин“За жал и ова еднострана декларација е формулирана на начин, ако може да ја налути помалку бугарската држава, така што како територијален континуитет на македонскиот јазик се посочуваат „дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна Република Македонија“.

Дијалектите кои се зборуваат во Македонија се зборуваат и надвор од неа во поголем дел од Пиринска и Егејска Македонија. Дури и во Рамковната позиција на Бугарија има директно признание дека јазикот што се зборува во Македонија се зборува и во регионите на Бугарија кои се гранични со Македонија. Територијалното ограничување на базата на македонскиот јазик и оди директно во прилог на бугарската теза дека македонскиот јазик, базираните врз него култура и нација се територијално а од таму и временски ограничени во рамките на политиката творба Македонија и не се протегаат надвор од неа ниту временски ниту просторно. Тажно е што дури и во еднострани декларации се нема доволно храброст да се заштити целосно македонската позиција, туку се бара избегнување конфронтација-објаснува Стојков за „Република“.

Според дијалектичката поделба на македонскиот јазик постои северно наречје во кое спаѓаат тетовскиот и горанскиот заедно со скопскиот и кумановскиот, југозападното кое спаѓа костурското наречје, западното со гостиварското и реканското, источното наречје во кое влегуваат стумичкиот и малешвско-пиринскиот говор и југоисточното во кое спаѓаа солунско-воденскиот говор.

The post Власта потпиша дека нашинците во Грција и во Бугарија не зборуваат на дијалект на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Декларацијата на МНР за македонскиот јазик во делот за дијалектите предизвика револт кај нашинците во соседните земји. Tие прашуваат како е можно македонскиот јазик да бил создаден само од дијалекти кои биле на теритроријата на денешна Република Македонија. По таа логика македонците од леринско зборуваат на некој друг дијалект а не на еден дијалектите на македонскиот јазик. Иако леринскиот говор припаѓа на еден од централните македонски дијалекти според кои е кодифициран македонскиот литературен јазик. Павле Васкопулос од „Виножито“ за Република“ објаснува дека дијалекти постојат и таму кај нив во Грција а не пак во Македонија.
Но, едно е официјален јазик во една држава а друго е дека има има многу дијалекти токму на државата каде што е официјален и во соседните држави каде што малцинствата живееле. Во минатато едно население зборувало ист јазик со разни дијалекти а немало национални држави и граници-објаснува Васкопулус.
Тој додава додава дека ако една држава не почитува и не признава малцински јазик тоа не значи дека јазикот не потои. Нема дилеми дека македонската изјава за јазикот е полоша дири и од бугарската каде што се тврди дека македонскиот јазик е еден од дијалектите на бугарскиот. Ова значи дека се откажуваме од егејските и пиринските дијалекти кои се лингивстички признати во славистиката. Стојко Стојков од „Омо Илинден-Пирин“За жал и ова еднострана декларација е формулирана на начин, ако може да ја налути помалку бугарската држава, така што како територијален континуитет на македонскиот јазик се посочуваат „дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна Република Македонија“.
Дијалектите кои се зборуваат во Македонија се зборуваат и надвор од неа во поголем дел од Пиринска и Егејска Македонија. Дури и во Рамковната позиција на Бугарија има директно признание дека јазикот што се зборува во Македонија се зборува и во регионите на Бугарија кои се гранични со Македонија. Територијалното ограничување на базата на македонскиот јазик и оди директно во прилог на бугарската теза дека македонскиот јазик, базираните врз него култура и нација се територијално а од таму и временски ограничени во рамките на политиката творба Македонија и не се протегаат надвор од неа ниту временски ниту просторно. Тажно е што дури и во еднострани декларации се нема доволно храброст да се заштити целосно македонската позиција, туку се бара избегнување конфронтација-објаснува Стојков за „Република“.
Според дијалектичката поделба на македонскиот јазик постои северно наречје во кое спаѓаат тетовскиот и горанскиот заедно со скопскиот и кумановскиот, југозападното кое спаѓа костурското наречје, западното со гостиварското и реканското, источното наречје во кое влегуваат стумичкиот и малешвско-пиринскиот говор и југоисточното во кое спаѓаа солунско-воденскиот говор.

The post Власта потпиша дека нашинците во Грција и во Бугарија не зборуваат на дијалект на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>
Стојков му одговори на Петков дека ОМО Илинден е провокација: Ова е продолжување на срамната тодорживковска традиција на дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/stojkov-mu-odgovori-na-petkov-deka-omo-ilinden-e-provokacija-ova-e-prodolziuvanje-na-sramnata-todorzivkovska-tradicija-na-diskriminacija/ Fri, 28 Jan 2022 16:00:44 +0000 https://republika.mk/?p=450792

Оваа влада не би ја отворила темата за македонското малцинство, јас не би ја ни коментирал, рече бугарскиот премиер Кирил Петков денеска во Собранието и вети дека „нема да подлегнува на провокации“.

ОМО Илинден е провокација кон новиот македонски премиер Димитар Ковачевски“.

Оваа денешна изјава на бугарскиот премиер предизвика револт кај Македонците во Бугарија.

Стојко Стојков, еден од најистакнатите Македонци во Бугарија вели дека изјавата на Петков не е изненадување и оти тој и се придружува на срамната тодорживковска традиција на дискриминација и прогонување на  на македонското малцинство во Бугарија.

Срамно е за премиер на европска земја осудена 14 пати за крешење на правата на Македонците да одбива дури и да разговара. Уште подволично е да велиш дека не е доволно бугарско малцинство влезе во Уставот на Македонија а од друга страна одвиваш и да говориш за правата на македонското малцинство во Бугарија. Провокација се неговите искажувања а бугарската политика против македонското малцинство е провокација за европскиот вредносен систем-вели Стојков за „Република“.

Интересно е и тоа што за време на одржувањето на денешната средба на ОМО Илинден Пирин со претседателот Пендаровски фејсбук страната на партијата беше блокирана како „спам“.

The post Стојков му одговори на Петков дека ОМО Илинден е провокација: Ова е продолжување на срамната тодорживковска традиција на дискриминација appeared first on Република.

]]>

Оваа влада не би ја отворила темата за македонското малцинство, јас не би ја ни коментирал, рече бугарскиот премиер Кирил Петков денеска во Собранието и вети дека „нема да подлегнува на провокации“.
ОМО Илинден е провокација кон новиот македонски премиер Димитар Ковачевски“.
Оваа денешна изјава на бугарскиот премиер предизвика револт кај Македонците во Бугарија. Стојко Стојков, еден од најистакнатите Македонци во Бугарија вели дека изјавата на Петков не е изненадување и оти тој и се придружува на срамната тодорживковска традиција на дискриминација и прогонување на  на македонското малцинство во Бугарија.