Стојаноски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stojanoski/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jul 2024 18:26:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стојаноски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stojanoski/ 32 32 Стојаноски: Лага е дека нема средства за зголемување на платите и дека не се прифатени барањата на синдикатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-laga-e-deka-nema-sredstva-za-zgolemuvane-na-platite-i-deka-ne-se-prifateni-baranata-na-sindikatite/ Sat, 27 Jul 2024 14:57:09 +0000 https://republika.mk/?p=800799

Лажана е тезата дека нема средства за покачување на платите, ниту е точно дека не се прифатени барањата на синдикатите, рече денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Реплицирајќи му на колегата од СДСМ Митко Трајчулески во рамки на расправата за ребалансот на Буџетот, Стојаноски напомена дека се што е преземено како договор и обврска од претходната влада, оваа Влада соодветно ќе го испочитува.

Според Стојаноски, за Буџетот во 2025 година сите работници ќе бидат слушнати и сите нивни барања ќе бидат вкалкулирани во планот на ВМРО-ДПМНЕ за следните четири години.

-Лага е дека нема средства за покачување на платите. Апсолутно не е точно и дека не се прифатени барањата на синдикатите. Ова е предлог-ребаланс со кој треба до крајот на годината да бидат исплатени сите обрвски преземени од претходната власт, а за кои нема средства. Во првично панираниот буџет не биле предвидени 4,1 милијарда денари за исплата на плати до крајот на годината. Во многу институции тие средства биле планирани само до шестиот месец, истакна Стојаноски.

Според него, оваа Влада ќе биде исклучително квалитетен партнер во социјалниот дијалог со синдикатите.

-Како што не ги заборавивме пензионерите и до крајот на годината, дури и со ваков дефицит, успеавме да изнајдеме средства за да ги покачиме пензиите за 2 500 денари до крајот на годината, исто така ќе бидат испочитувани и ветувањата кон работниците. Со новиот Буџет ќе бидат пресметани средства за раст на платите зашто концептот на ВМРО-ДПМНЕ за економијата е прво реализација на капиталните инвестиции, а второ - покачување на платите и пензиите, како и стимулирање на потрошувачката со што ќе се покачат и приходите во Буџетот, подвлече Стојаноски.

The post Стојаноски: Лага е дека нема средства за зголемување на платите и дека не се прифатени барањата на синдикатите appeared first on Република.

]]>

Лажана е тезата дека нема средства за покачување на платите, ниту е точно дека не се прифатени барањата на синдикатите, рече денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Реплицирајќи му на колегата од СДСМ Митко Трајчулески во рамки на расправата за ребалансот на Буџетот, Стојаноски напомена дека се што е преземено како договор и обврска од претходната влада, оваа Влада соодветно ќе го испочитува. Според Стојаноски, за Буџетот во 2025 година сите работници ќе бидат слушнати и сите нивни барања ќе бидат вкалкулирани во планот на ВМРО-ДПМНЕ за следните четири години. -Лага е дека нема средства за покачување на платите. Апсолутно не е точно и дека не се прифатени барањата на синдикатите. Ова е предлог-ребаланс со кој треба до крајот на годината да бидат исплатени сите обрвски преземени од претходната власт, а за кои нема средства. Во првично панираниот буџет не биле предвидени 4,1 милијарда денари за исплата на плати до крајот на годината. Во многу институции тие средства биле планирани само до шестиот месец, истакна Стојаноски. Според него, оваа Влада ќе биде исклучително квалитетен партнер во социјалниот дијалог со синдикатите. -Како што не ги заборавивме пензионерите и до крајот на годината, дури и со ваков дефицит, успеавме да изнајдеме средства за да ги покачиме пензиите за 2 500 денари до крајот на годината, исто така ќе бидат испочитувани и ветувањата кон работниците. Со новиот Буџет ќе бидат пресметани средства за раст на платите зашто концептот на ВМРО-ДПМНЕ за економијата е прво реализација на капиталните инвестиции, а второ - покачување на платите и пензиите, како и стимулирање на потрошувачката со што ќе се покачат и приходите во Буџетот, подвлече Стојаноски.  

The post Стојаноски: Лага е дека нема средства за зголемување на платите и дека не се прифатени барањата на синдикатите appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: Јавното обвинителство да отвори случај за Електра солушн https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-javnoto-obvinitelstvo-da-otvori-sluchaj-za-elektra-solushn/ Sun, 26 Mar 2023 10:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=623769

Како е можно фирма како Електра Солушн која немала ниту лиценца за надзор кога се отвора тендерот од 22 милиони евра, да оформи Конзорциум, да го добие тендерот и да наплати најголем дел од колачот, ако нема други работи кои не и се познати на јавноста?, рече на прес конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

ЈО мора да отвори постапка и да утврди како Електра Солушн која поднесува за лиценца за надзор во сред јавен повик за прибирање понуди, и ја добива за само 5 дена успева да го добие тендерот?

Мора да се даде одговор на прашањето кога Електра Солушн ги контактирала ЕПТИСА и ИРД, како и Евро Консалтинг на бараниот со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ и како успеале да направат договор за заеднички настап во само неколку дена? Зошто ИРД за која како што велат од владата е фирма со меѓународно искуство чекала Електра Солушн фирма за производство на долна облека да добие лиценца за да поднесат понуда за учество на тендер од 22 милиони евра?

Како Електра Солушн ги убедила ИРД и ЕПТИСА дека иако немаат лиценца за надзор истата ќе ја добијат за 5 дена? Но и како ги убедиле дека ќе можат да се носат со проектот иако дотогаш произведувале долна облека?

ЈО треба да утврди како Електра Солушн добива најголем дел од колачот, иако ИРД на хартија е носител на Конзорциумот?

Во изминатиов период поставивме и голем број други прашања, одговори бараа и медиумите и стручната јавност. Очекуваме ЈО да се охрабри и да отвори случај. Доколку ЈО остане немо на овие индиции за криминал, се става во одбрана на истиот и ќе треба еден ден да даде одговор зошто тоа го правеле.

https://www.youtube.com/watch?v=bK85PQ9_6QE

The post Стојаноски: Јавното обвинителство да отвори случај за Електра солушн appeared first on Република.

Дали власта ги измени тендерските услови за Коридорите 8 и 10д за да го намести 22 милионскиот тендер за „Ептиса“? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-vlasta-gi-izmeni-tenderskite-uslovi-za-koridorite-8-i-10d-za-da-go-namesti-22-milionskiot-tender-za-eptisa/ Sun, 05 Mar 2023 12:40:32 +0000 https://republika.mk/?p=616063

Денес ќе откриеме нови детали, кои отвораат сомнеж дека Ковачевски и Груби го местеле тендерот за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д, истакна во неделата за медиумите Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако министерството за транспорт и врски дава потврда на ЕПТИСА за надзор при изградба, по веќе претходна забрана од страна на владата, за што зборувавме вчера, сега ќе обелодениме информации како се менувани условите во тендерската постапка, за на крај ЕПТИСА да биде фирмата која ќе ги исполни и ќе го добие тендерот.

7 дена пред истекот на рокот за поднесување на понудите од страна на заинтересираните фирми за вршење на надзорот тежок 22 милиони евра, власта го продолжува рокот од 17.10.2022 на 25.10.2022, односно за цели 8 дена.

Ова не е единствена измена, покрај продолжување на рокот за поднесување, е изменет и условот со кој се бара понудувачот да приложи Извештај за билансна состојба и податоци од биланси за 2019, 2020 и 2021 година, кои треба да бидат позитивни и да бидат издадена од странска реномирана институција, регистрирана за вршење на ревизија. Со измената се брише позитивни и се бараат само билансни состојби, но не и повторувам позитивни, туку тие може да бидат и негативни, т.е. фирмата која ќе го земе 22 милионскиот тендер за надзор владата смета дека може да биде и во загуба 3 финансиски години по ред.

Сомнежите се дека овие измени се направени за фирмата ЕПТИСА, која и го добива тендерот од 22 милиони евра, бидејќи според податоците до кои дојдовме истата во 2019 година работела со загуба од 6.7 милиони евра, 2020 година со 6.9 милиони евра, а 2021 година со 8.5 милиони евра минус.

Со менувањето на условот понудувачите да не треба да имаат позитивни биланси последните 3 финансиски години, се отвора можност фирмата ЕПТИСА да учествува. И истата таа на 01.12.2022 е избрана како добитник на тендерот тежок 22 милиони евра.

Дали владата смета дека на тендер од 22 милиони евра за надзор не може и нема да се јават фирми со позитивни биланси, па мора да овозможи на истиот да се јават и загубари? Ковачевски и Груби свесно го минираат проектот за изградба на автопати со фирми и бизнис шеми со фирми во загуба, со сомнителни средства и текови.

Дали тендерските услови се менувани токму за ЕПТИСА? Дали владата мести тендер и зошто?

ЈО не смее да молчи. Одговори веднаш.

The post Дали власта ги измени тендерските услови за Коридорите 8 и 10д за да го намести 22 милионскиот тендер за „Ептиса“? appeared first on Република.

Стојаноски: Мерките за помош на граѓаните се понижувачки, ќе поднесеме амандмани со цел мерките поинаку да бидат дизајнирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoski-merkite-za-pomosh-na-gragjanite-se-ponizuvachki-kje-podneseme-amandmani-so-cel-merkite-poinaku-da-bidat-dizajnirani/ Tue, 18 Oct 2022 19:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=562720

Самата сума која треба да им помогне на граѓаните е понижувачка, затоа ние сметаме дека со домаќински добро искреирани мерки оваа сума треба да биде многу поголема заради тоа што е несериозно да му кажете некому дека ќе му дадете 3,000 денари или 750 денари во услови кога има 19% инфлација и кога цените безмалку на храна и потрошувачката кошничка е 50,000 илјади денари, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во дебатната емисија „Објектив“ на Македонската телевизија.

Затоа ние сметаме дека мерки треба да има, кон граѓаните, ранливите групи и кон стопанството, но треба да бидат повеќе и малку пошироко поставени. Конкретно не знам од каде е логиката само до 14,000 денари пензионери кои земаат пензија кога во државата има пензионери кои имаат малку поголеми примања кои исто така се на работ на егзистенција, рече Стојаноски.

Стојаноски посочи дека овие мерки за помош на граѓаните ќе се поддржат, но ќе има сериозни амандмани на собраниските комисии заради тоа што сметаме дека пари има и дека мерките треба поинаку да бидат дизајнирани за да достигнат до што поголема група на луѓе и граѓани.

Се она што е во интерес на граѓаните ќе го поддржиме затоа што сметаме дека секој еден денар наместо во централниот буџет да биде искористен за тендер или јавни набавки тој треба да заврши кај граѓаните и ќе го поддржиме тоа. Но од друга страна е многу понижувачки на некому да му речете ќе му дадете 3,000 денари или 750 денари месечно а при тоа имате буџет од 4,4 милијарди евра, тоа не е во ред“, потенцираше Стојаноски.

The post Стојаноски: Мерките за помош на граѓаните се понижувачки, ќе поднесеме амандмани со цел мерките поинаку да бидат дизајнирани appeared first on Република.

Стојаноски до Ковачевски: Ако вие и СДСМ верувате дека туркате исправна политика, тогаш зошто е проблем да се организира референдум и од што се плашите? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-do-kovachevski-ako-vie-i-sdsm-veruvate-deka-turkate-ispravna-politika-togash-zoshto-e-problem-da-se-organizira-referendum-i-od-shto-se-plashite/ Thu, 28 Jul 2022 11:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=534244

На денешната собраниска седница за пратенички прашања до Владата се обрати пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој од собраниската говорница во однос на Францускиот предлог со кој билатералниот протокол со Бугарија стана составен дел од преговарачката рамка со Европската унија, го запраша премиерот Димитар Ковачевски, ако тој и СДСМ се сигурни и верувате дека туркаат исправна политика, тогаш зошто е проблем да се организира референдум и од што се плашат, зошто бегаат и зошто се плашите од референдум и соочување со народот?

Првото прашање ми е во врска со актуелната тема која што е наречена референдум. Референдумот е врвна демократска алатка во која што за вакви суштински прашања народот мора да биде консултиран, особено за она што се случуваше во изминатиот месец. Вие цело време говорите дека ова што и се случува на Република Македонија е историски чин, историски успех и голема радост. Но, сепак вашата историска радост ја прославивте во четири ѕида, со неколку илјадно полициско обезбедување. Сметам дека вие како Влада немате апсолутно никаков кредибилитет да одлучувате за вакви прашања, без притоа да се соочите со волјата на народот и да го запрашате директно народот што мисли за вакви протоколи, за вакви преговарачки рамки или за вакви договори во кои што комплетно се асимилира македонските идентитет. Она што е особено важно е дека СДСМ бега од соочување со референдумот, бегате од избори и се плашите од народот. Вие знаете дека предлогот што го туркате на сила е штетен за Македонија и не значи ништо повеќе, освен бугаризација за државата и затоа бегате од истиот референдум. Вие знаете дека народот ќе излезе на референдум и масовно ќе биде против ваквите предлози на асимилација и бугаризација која што ја туркате вие како премиер и оние кои што ве поддржуваат и затоа за гола власт бегате и сакате да купите ден повеќе. Конкретно, прашањето ми е следново, ако вие СДСМ верувате дека туркате исправна политика, тогаш зошто е проблем да се организира референдум и од што се плашите? Конкретно, зошто бегате и зошто се плашите од референдум и соочување со народот, праша Стојаноски.

Второто прашање на пратеникот Стојаноски е за скандалот „Нечиста крв“ кој што излезе во јавноста и кој не престанува да ја бранува јавноста. Тој го праша претседателот на Владата, Ковачевски зошто не преземаат поробусни мерки за расветлување на случајот и до кога ќе го кријат поранешниот министер за здравство и поранешен потпретседател на СДСМ, Венко Филипче во чие време на владеење се случувал скандалот?

Господине Ковачевски, овде се работи за класично затајување на системот во кој што се вмешани неколку институции како министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, агенцијата за лекови Малмед, Центарот за јавно здравје и Финансова полиција. Не е возможно две години овој скандал да се случувал, а никој од овие институции да не реагира. Не е возможно, за ваков скандал да не знаел поранешнито ваш потпретседател на партија, министер за здравство Венко Филипче. Загубените животи и трагедиите кои што се случувале таму, никој нема да ги врати назад. Зошто не превземавте порубусни чекори за расветлување на случајот, зошто не ги оддалечивте овие кои што ги управуваат овие пет институции, кој што ги напоменав и кои што се под директна надлежност на вас, како премиер и претседател на владата и зошто не обезбедите до крај јасна истрага која што ќе покаже кој бил виновен за изгубените животи и за профитот кој што таа клиника го имала и на крајот, што уште неуспешно се обидувате да го скриете Венко Филипче, праша Стојаноски.

Стојаноски до Ковачевски упати уште едно трето прашање во врска со аферата за набавка на битумен од страна на јавното претпријатие „Македонија пат“ со кое раководи неговиот сопартиец, Костадин Ацевски кој го набавил за десет пати повисока цена од пазарната, при што запраша зошто нема реакција од владата и зошто како премиер не ги повика на одговорност оние кои што ја прават оваа пљачка од парите на граѓаните?

И третото прашање за аферата за набавка на битумен на една институција во која што директор е член на Извршниот одбор на вашата партија, Извршен одбор со кој вие заседавате. Тој директор набавил битумен поскап и до десет пати од тоа што плаќаат другите претпријатија кои се занимаваат со слична дејност, како што е ЈП Улици и патишта на Скопје. Замислете ист договор за битумен, овој пат од градското скопско јавно претпријатие Улици и патишта, направен е два месеци подоцна откако овој ја склучил набавката, каде што за променливиот дел на цената на битуменот според формулата, од една страна е 38 илјади денари, додека за фиксниот дел каде што е направена проневерата, е она што го определува транспортот и ја определува сумата на тендерот, цената на транспорт по тон е 2.915 денари. Само за споредба, Костадин Ацески директорот од СДСМ, цената на транспорт за еден тон ја платил 29.295 денари, а улици и патишта 2.915 денари. Десет пати повеќе платил вашиот директор. Она што вие мора да го одговорите, зошто и покрај тоа што исклучително е наведено во законот за јавни набавки, дека кога има ваков случај во кој ќе има три заинтересирани претпријатија, а на крај на тендерот ќе се пријави замо едно и тоа со цена која што е многу повисока од пазарната цена, односно ако имате пример каде што истата количина по транспорт, како е возможно, едно јавно претпријатие во Скопје да ги набавува од слични дестинации и набавката да го чини илјада евра, а истото претпријатие во кој што вашиот директор директорува, да го чини 12 илјади евра. Прашањето ми е, зошто нема реакција од владата и зошто вие како премиер не ги повикате на одговорност оние кои што ја прават евидентно оваа пљачка од парите на граѓаните“, праша Стојаноски.

The post Стојаноски до Ковачевски: Ако вие и СДСМ верувате дека туркате исправна политика, тогаш зошто е проблем да се организира референдум и од што се плашите? appeared first on Република.

Стојаноски: Скандалозното однесување на Џафери ги поттикнува и другите пратеници да се однесуваат како него https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-skandaloznoto-odnesuvanje-na-dzaferi-gi-pottiknuva-i-drugite-pratenici-da-se-odnesuvaat-kako-nego/ Thu, 30 Jun 2022 16:39:05 +0000 https://republika.mk/?p=521706

На денешната седница во Собранието пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски обраќајќи се кон претседателот на Собранието на Талат Џафери му потенцираше дека суштината на претседателот на Собранието е да биде прв меѓу еднаквите. Главните одлики за функционирањето на парламентот во изминатите години, според Стојаноски се кршењето на деловникот, непочитувањето на одредбите, толкувањето на деловникот, создавање на атмосфера кој повеќе личи на агресија наместо на коректно разбирање меѓусебе.

-Сум пробал неколку пати да размислам самиот зошто е тоа така и морам да кажам дека е најверојатно заради комотноста што ја чуствувате во оваа зграда и сметате дека може да се однесувате како сакате, притоа криејќи се вешто низ процедурите коишто можеби ги познавате подоро од општата јавност, но на крајот на денот сепак јавноста треба како што кажувате вие да донесе одлука дали нечиво однесување е нормално или во овој случај е пренагласено, изјави Стојаноски.

Однесувањето на Џафери, бегањето од одговорноста, заобиколување на судот на јавноста која јасно го кажа своето мислење за однесувањето на Џафери и неговиот однос кон вработените, но тоа не бил само еден изолиран инцидент, туку ова однесување на Џафери е неколку време наназад според Стојаноски поттикнува такво однесување и кај други пратеници.

-Господине Џафери сметам дека вашиот кредибилитет е сериозно нарушен и како пратеник и како претседател на Собранието и не постои можност за понатамошно успешно управување со оваа институција. Јавноста треба да знае дека атмосферата во Собранието е тензична, остра, едноставно нема нормална атмосфера за соработување помеѓу сите пратеници. Ќе се повикам на членот 63 став 2 каде што вели дека претседателот на Собранието треба да работи врз основа на усогласување на ставови помеѓу пратеничките групи, во овој момент сметам дека тоа вие неможете да го направите заради тоа што со вашето однесување и со вашето покажување на дело како се однесувавте во изминатиот период едноставно немате повеќе можност односно вашето делување нема повеќе компресија да ги седне заедно пратеничките групи за да си ги усогласат ставовите и да продолжи Собранието да функционира поуспешно од тоа што функционира до сега, рече тој.

Дополонително, Стојаноски посочи дека ирелевантно е денес гласањето, тоа што е битно е впечатокот на јавноста. Впечатокот на јавноста дали Џафери успешно или неуспешно го води Собранието. Можеби Џафери денес ќе го надмине овој предизвик, но со неговото однесување Стојаноски не верува дека Џафери ќе ја убеди јавноста дека тој треба да остане претседател.

-Сметам дека треба да заминете од функцијата претседател бидејќи мора да докажеме дека сите што се огрешиле мора да бидат еднакви дали бил пратеник, обичен граѓанин, поранешен функционер или актуелен претседател на Собранието, истакна Стојаноски.

The post Стојаноски: Скандалозното однесување на Џафери ги поттикнува и другите пратеници да се однесуваат како него appeared first on Република.

]]>

На денешната седница во Собранието пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски обраќајќи се кон претседателот на Собранието на Талат Џафери му потенцираше дека суштината на претседателот на Собранието е да биде прв меѓу еднаквите. Главните одлики за функционирањето на парламентот во изминатите години, според Стојаноски се кршењето на деловникот, непочитувањето на одредбите, толкувањето на деловникот, создавање на атмосфера кој повеќе личи на агресија наместо на коректно разбирање меѓусебе. -Сум пробал неколку пати да размислам самиот зошто е тоа така и морам да кажам дека е најверојатно заради комотноста што ја чуствувате во оваа зграда и сметате дека може да се однесувате како сакате, притоа криејќи се вешто низ процедурите коишто можеби ги познавате подоро од општата јавност, но на крајот на денот сепак јавноста треба како што кажувате вие да донесе одлука дали нечиво однесување е нормално или во овој случај е пренагласено, изјави Стојаноски. Однесувањето на Џафери, бегањето од одговорноста, заобиколување на судот на јавноста која јасно го кажа своето мислење за однесувањето на Џафери и неговиот однос кон вработените, но тоа не бил само еден изолиран инцидент, туку ова однесување на Џафери е неколку време наназад според Стојаноски поттикнува такво однесување и кај други пратеници. -Господине Џафери сметам дека вашиот кредибилитет е сериозно нарушен и како пратеник и како претседател на Собранието и не постои можност за понатамошно успешно управување со оваа институција. Јавноста треба да знае дека атмосферата во Собранието е тензична, остра, едноставно нема нормална атмосфера за соработување помеѓу сите пратеници. Ќе се повикам на членот 63 став 2 каде што вели дека претседателот на Собранието треба да работи врз основа на усогласување на ставови помеѓу пратеничките групи, во овој момент сметам дека тоа вие неможете да го направите заради тоа што со вашето однесување и со вашето покажување на дело како се однесувавте во изминатиот период едноставно немате повеќе можност односно вашето делување нема повеќе компресија да ги седне заедно пратеничките групи за да си ги усогласат ставовите и да продолжи Собранието да функционира поуспешно од тоа што функционира до сега, рече тој. Дополонително, Стојаноски посочи дека ирелевантно е денес гласањето, тоа што е битно е впечатокот на јавноста. Впечатокот на јавноста дали Џафери успешно или неуспешно го води Собранието. Можеби Џафери денес ќе го надмине овој предизвик, но со неговото однесување Стојаноски не верува дека Џафери ќе ја убеди јавноста дека тој треба да остане претседател. -Сметам дека треба да заминете од функцијата претседател бидејќи мора да докажеме дека сите што се огрешиле мора да бидат еднакви дали бил пратеник, обичен граѓанин, поранешен функционер или актуелен претседател на Собранието, истакна Стојаноски.