Стоилковаки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stoilkovaki/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Jan 2023 12:10:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стоилковаки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stoilkovaki/ 32 32 Стоилковски: Дали последното бегство од затвор е договорено со СДС? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-dali-poslednoto-begstvo-od-zatvor-e-dogovoreno-so-sds/ Sun, 15 Jan 2023 12:10:06 +0000 https://republika.mk/?p=597089

Затворот во Македонија постои само за оние коишто немаат врска со власта, СДС, организираниот криминал и корупцијата! Овозможувањето на ладнокрвен убиец да избега од затвор уште еднаш ја потврдува оваа теза! Рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Последното бегство на затвореник, ладнокрвен убиец, се случува со насилство, пукање, ранети полицајци, и веројатно неминовно во дослух со затворските служби. Командир на смената на затворската полиција, којшто и претходно има досие за поткупливост, е човек близок на СДС! И тоа е факт! Толку близок што на фотографија со генералниот секретар на СДС, Миле Зечевиќ, пред неколку недели порачува „со шефот до крај“.

Ова е таа фотографија!

Со оглед на оваа фотографија и оваа порака, Миле Зечевиќ мора да ја објасни пораката, за каков крај пишува командирот на затворската смена? Дали и што било договарано пред да настане оваа фотографија и пред да биде напишана оваа порака? Дали спектакуларното бегство било дел од некаква планирана стратегија? Дали е ова цената за враќањето на докажано поткуплив службеник на работа и неговото поставување на позицијата во затворската полиција? И последно, но можеби најважно, зошто, кои се мотивите за вакво организирано бегство во веројатен дослух со член на СДС верен како што вели „со шефот до крај“? Дали бегството е договорено со СДС? Праша Стоилковски.

Нема безбедносен скандал во Македонија, нема криминал, нема криминалец којшто нема конекција со СДС, системот за казни и ресоцијализација е продолжена рака на корумпираното МВР и Правда. Во затвор остануваат и отслужуваат казна само оние коишто не се во дослух со СДС и владејачката коалиција на криминалот и корупцијата! Само избори се излез од оваа состојба во која што не втурна СДС, додаде Стоилковски.

https://www.youtube.com/watch?v=9TWrhpgtbTI

The post Стоилковски: Дали последното бегство од затвор е договорено со СДС? appeared first on Република.

]]>

Затворот во Македонија постои само за оние коишто немаат врска со власта, СДС, организираниот криминал и корупцијата! Овозможувањето на ладнокрвен убиец да избега од затвор уште еднаш ја потврдува оваа теза! Рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. -Последното бегство на затвореник, ладнокрвен убиец, се случува со насилство, пукање, ранети полицајци, и веројатно неминовно во дослух со затворските служби. Командир на смената на затворската полиција, којшто и претходно има досие за поткупливост, е човек близок на СДС! И тоа е факт! Толку близок што на фотографија со генералниот секретар на СДС, Миле Зечевиќ, пред неколку недели порачува „со шефот до крај“. Ова е таа фотографија! Со оглед на оваа фотографија и оваа порака, Миле Зечевиќ мора да ја објасни пораката, за каков крај пишува командирот на затворската смена? Дали и што било договарано пред да настане оваа фотографија и пред да биде напишана оваа порака? Дали спектакуларното бегство било дел од некаква планирана стратегија? Дали е ова цената за враќањето на докажано поткуплив службеник на работа и неговото поставување на позицијата во затворската полиција? И последно, но можеби најважно, зошто, кои се мотивите за вакво организирано бегство во веројатен дослух со член на СДС верен како што вели „со шефот до крај“? Дали бегството е договорено со СДС? Праша Стоилковски. Нема безбедносен скандал во Македонија, нема криминал, нема криминалец којшто нема конекција со СДС, системот за казни и ресоцијализација е продолжена рака на корумпираното МВР и Правда. Во затвор остануваат и отслужуваат казна само оние коишто не се во дослух со СДС и владејачката коалиција на криминалот и корупцијата! Само избори се излез од оваа состојба во која што не втурна СДС, додаде Стоилковски. https://www.youtube.com/watch?v=9TWrhpgtbTI

The post Стоилковски: Дали последното бегство од затвор е договорено со СДС? appeared first on Република.

]]>