СТО Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sto/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 10:10:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СТО Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sto/ 32 32 Кина бара СТО да реагира поради новите европски давачки за електрични возила https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-bara-sto-da-reagira-poradi-novite-evropski-davachki-za-elektrichni-vozila/ Wed, 30 Oct 2024 10:10:41 +0000 https://republika.mk/?p=832363

Кина соопшти дека покренела прашање за трговскиот спор со ЕУ пред Светската трговска организација (СТО), поради одлуката на Брисел да воведе царински давачки на електрични возила од Кина, што Пекинг го нарече „протекционистички потег“.

Европската комисија усвои правила за дополнителни царински давачки за кинеските електрични возила, поради сомнеж за создавање на нелојална конкуренција. И покрај отпорот на Германија, Брисел одлучи да воведе дополнителен данок до 35 отсто над веќе постоечките 10 отсто за кинеските електрични автомобили.

Одлуката, која ќе важи пет години, беше објавена вчера во Службениот весник на ЕУ.

Кина не го прифаќа ова решение и презеде мерки во рамките на механизмот за решавање спорови на СТО, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за трговија.

Кина ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за заштита на законските права на кинеските компании, изјави портпаролот, критикувајќи го „протекционистичкиот пристап“ на ЕУ.

The post Кина бара СТО да реагира поради новите европски давачки за електрични возила appeared first on Република.

]]>

Кина соопшти дека покренела прашање за трговскиот спор со ЕУ пред Светската трговска организација (СТО), поради одлуката на Брисел да воведе царински давачки на електрични возила од Кина, што Пекинг го нарече „протекционистички потег“. Европската комисија усвои правила за дополнителни царински давачки за кинеските електрични возила, поради сомнеж за создавање на нелојална конкуренција. И покрај отпорот на Германија, Брисел одлучи да воведе дополнителен данок до 35 отсто над веќе постоечките 10 отсто за кинеските електрични автомобили. Одлуката, која ќе важи пет години, беше објавена вчера во Службениот весник на ЕУ. Кина не го прифаќа ова решение и презеде мерки во рамките на механизмот за решавање спорови на СТО, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за трговија. Кина ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за заштита на законските права на кинеските компании, изјави портпаролот, критикувајќи го „протекционистичкиот пристап“ на ЕУ.

The post Кина бара СТО да реагира поради новите европски давачки за електрични возила appeared first on Република.

]]>
СТО: Земјите засилено го ограничуваат извозот на храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sto-zemjite-zasileno-go-ogranichuvaat-izvozot-na-hrana/ Wed, 07 Dec 2022 10:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=582901

Земјите ширум светот ги олабавуваат прописите за увозот, а го ограничуваат извозот, особено на храната и ѓубривата, предупреди Светската трговска организација (СТО).

Во последните 12 месеци, до средината на октомври, членките на СТО воведоа повеќе мерки со кои ја унапредија трговската размена отколку ограничувањата, утврди СТО.

На тој начин, месечно, во просек, воведени се најмногу мерки за унапредување на трговијата од 2012 година, покажуваат пресметките на СТО.

Меѓутоа, со овие мерки, земјите најмногу го поттикнуваа увозот, а најмногу го ограничуваа извозот, предупредува СТО, заклучувајќи дека извозните ограничувања ги надминале ограничувањата на увозот за прв пат од 2009 година, кога почнаа да се следат податоците.

Членките засилено ги применуваа новите ограничувања во трговијата, особено на извозот, прво во контекст на пандемијата, а од неодамна и во контекст на војната во Украина и кризата во снабдувањето со храна, изјави шефицата на СТО, Нгози Окоњо-Ивеала.

Во такви услови земјите првенствено го ограничуваа извозот на храна, утврди СТО.

Од 78 мерки за ограничување на извозот на прехранбени производи, добиточна храна и ѓубрива, воведени од почетокот на војната во Украина, кон крајот на февруари, 57 од нив сè уште се во сила, што одговара на приближно 56,6 милијарди долари трговска размена, наведува генералната директорка на СТО.

The post СТО: Земјите засилено го ограничуваат извозот на храна appeared first on Република.

]]>

Земјите ширум светот ги олабавуваат прописите за увозот, а го ограничуваат извозот, особено на храната и ѓубривата, предупреди Светската трговска организација (СТО). Во последните 12 месеци, до средината на октомври, членките на СТО воведоа повеќе мерки со кои ја унапредија трговската размена отколку ограничувањата, утврди СТО. На тој начин, месечно, во просек, воведени се најмногу мерки за унапредување на трговијата од 2012 година, покажуваат пресметките на СТО. Меѓутоа, со овие мерки, земјите најмногу го поттикнуваа увозот, а најмногу го ограничуваа извозот, предупредува СТО, заклучувајќи дека извозните ограничувања ги надминале ограничувањата на увозот за прв пат од 2009 година, кога почнаа да се следат податоците. Членките засилено ги применуваа новите ограничувања во трговијата, особено на извозот, прво во контекст на пандемијата, а од неодамна и во контекст на војната во Украина и кризата во снабдувањето со храна, изјави шефицата на СТО, Нгози Окоњо-Ивеала. Во такви услови земјите првенствено го ограничуваа извозот на храна, утврди СТО. Од 78 мерки за ограничување на извозот на прехранбени производи, добиточна храна и ѓубрива, воведени од почетокот на војната во Украина, кон крајот на февруари, 57 од нив сè уште се во сила, што одговара на приближно 56,6 милијарди долари трговска размена, наведува генералната директорка на СТО.

The post СТО: Земјите засилено го ограничуваат извозот на храна appeared first on Република.

]]>
Русија планира да ги напушти СТО и СЗО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-planira-da-gi-napushti-sto-i-szo/ Tue, 17 May 2022 15:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=503424

Руското Министерство за надворешни работи му предложи на Парламентот да ги поништи руските договори со Светската трговска организација (СТО) и Светската здравствена организација (СЗО), изјави заменик-претседателот на Државната дума, Пјотр Толстој.

Министерството достави до Државната Дума список на договори кои заедно со (горниот дом на парламентот) Советот на федерацијата ќе предложиме да се поништат, Толстој.

Тој рече дека Русија го напуштила Советот на Европа, и дека „сега на ред се СТО и СЗО“, бидејќи, како што наведе, „договорите со нив не и носат корист на Русија, туку штета“.

Про-Кремљ партија Единствена Русија има двотретинско мнозинство во рускиот парламент, а сите закони донесени по почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, беа донесени речиси едногласно, потсетува Бета.

The post Русија планира да ги напушти СТО и СЗО appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за надворешни работи му предложи на Парламентот да ги поништи руските договори со Светската трговска организација (СТО) и Светската здравствена организација (СЗО), изјави заменик-претседателот на Државната дума, Пјотр Толстој.
Министерството достави до Државната Дума список на договори кои заедно со (горниот дом на парламентот) Советот на федерацијата ќе предложиме да се поништат, Толстој.
Тој рече дека Русија го напуштила Советот на Европа, и дека „сега на ред се СТО и СЗО“, бидејќи, како што наведе, „договорите со нив не и носат корист на Русија, туку штета“. Про-Кремљ партија Единствена Русија има двотретинско мнозинство во рускиот парламент, а сите закони донесени по почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, беа донесени речиси едногласно, потсетува Бета.

The post Русија планира да ги напушти СТО и СЗО appeared first on Република.

]]>