сто дена Влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sto-dena-vlada/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Oct 2024 15:33:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сто дена Влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sto-dena-vlada/ 32 32 Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност, туку транспарентно ќе се избираат членовите, вели Фетаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli-veke-nema-da-ima-politiziranost-tuku-transparentno-ke-se-izbiraat-chlenovite-veli-fetai/ Sun, 13 Oct 2024 15:54:21 +0000 https://republika.mk/?p=826180

Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи на денешната прес-конференција прашан за коментар во врска со случајот на неизбирањето на директор во Академијата за судии и јавни обвинители, посочи дека не може да се меша во работата на независните органи. Сепак, додаде дека во минатото оваа Академија се соочувала со голема политизираност, напоменувајќи дека во иднина ќе има транспарентни процеси на избирање на членови во ваквите институции.

Како вицепремиер и Влада не сакаме да се мешаме во работата на независните органи. Ние имаме ветување пред меѓународните партнери во рамките на реформската агенда со ЕУ за системски реформи во правосудниот систем. Ќе има сеопфатен процес кој ќе биде консултативен со заинтересираните странки и ќе излеземе со најдобрите можни решенија, вклучувајќи ја и Академијата, рече Фетаи.

Тој додаде дека во иднина ќе има транспарентни процеси за избирање на кандидати во академии, соодветно на нивните квалификации, потенцирајќи дека нема да има случаи каде членови ќе стануваат луѓе без положен правосуден тест.

The post Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност, туку транспарентно ќе се избираат членовите, вели Фетаи appeared first on Република.

]]>

Влада: За 100 дена, повеќе од 100 нови проекти и мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlada-za-100-dena-poveke-od-100-novi-proekti-i-merki/ Wed, 02 Oct 2024 07:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=821561

100 дена нова Влада значи повеќе од 100 нови проекти и мерки за сите граѓани, велат од Владата од каде го набројуваат реализираното во првите три месеци:

Се обврзавме да работиме и да ја трансформираме државата напред, да го подобриме животниот стандард, да отвориме нови работни места, да инвестираме отворање на нови детски градинки, повисоки пензии за над 330.000 пензионери, да инвестираме во инфраструктурни проекти и многу други капитални проекти за доброто на граѓаните.

Владата работи посветено, одговорно и домаќински.

За само 100 дена реализиравме дел од проекти:

ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ преку линеарно покачување на пензиите на над 330.000 пензионери!

Историски највисоки 250 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ОПШТИНИТЕ! Пристигнати 357 проекти од 80 општини на јавниот повик.

ПОЕФТИНИ ЛЕКОВИ преку проширување на позитивната листа со 9 генерици, вкупно 87 лекови!

ВРАБОТУВАЊЕ на 600 СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ во јавните здравствени установи!

За 100 дена 4 СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ во износ од 600 МИЛИОНИ ЕВРА за нови над 1.500 вработувања!

Странска инвестиција за изградба на ветерници во државата со капацитет до 400MW на „Aлказар Енерџи“ во вредност од 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ. Оваа инвестиција ќе се реализира во општините Радовиш, Штип и Карбинци, а ќе бидат инсталирани 55 ветерници и 630 нови вработувања, со што 100.000 граѓани ќе се снабдат со електрична енергија.

Германско-белгиска на „Епсотех Аим“ инвестира во развојно истражувачки центар, алерти центар во индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец. Вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра и нови 110 ВРАБОТУВАЊА.

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра и нови над 100 вработувања!

ИНВЕСТИЦИЈА на германската компанија „BMZ Group“ за производство на литиум јонски батерии во вредност од 65 милиони евра и отворање нови 700 вработувања!

Обезбедени средства за исплата на регрес за над 84 илјади вработени во вредност од 11.000 денари!

Исплатени над 1 милијарда денари за СУБВЕНЦИИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО заостанати од претходната влада!

ИСПЛАТЕНИ ЗАОСТАНАТИ ПЛАТИ во износ од половина милијарда денари на 3000 вработени во Национални шуми и АД Водостопанство!

Исплатен долг од 2 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ на Фондот за здравство!

ОТКОЧЕНА ИЗГРАДБАТА на Штипската болница!

После 7 години обезбедени БЕСПЛАТНИ УЧЕБНИЦИ ЗА СИТЕ!

„Помалку трошоци – повеќе за сите“- НАМАЛЕНИ ЦЕНИ И МАРЖИ за купување на училишен прибор!

ПОЕВТИНИ КАТАСТАРСКИ УСЛУГИ - до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните!

Рекордно НАЈВИСОКА ОТКУПНА ЦЕНА за сортите Вранец и Смедеревка!

ДВОЈНО ПОВИСОКИ субвенции за хектар јачмен – зголемување за 100% - од 6.000 денари на 12.000 денари!

Во месец јули 2024 година на патарините собран промет од 470.194.563 денари што е за ЦЕЛИ 16.071.251 ДЕНАРИ ПОВЕЌЕ, споредено со истиот период лани, со што се потврдува домаќинското работење на оваа Влада споредено со претходната!

РЕКОРДНИ ПРИХОДИ - Царинската управа со 12 милијарди денари приход, УЈП со 13.4 милијарди денари приход!

ПОМАЛКУ ТРОШОЦИ ПОВЕЌЕ ЗА ТЕБЕ - Ограничена маржа на над 70 производи!

Издавање на ПАСОШИ И ЛИЧНИ КАРТИ ВО РЕДОВЕН РОК!

18 милиони евра за РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ!

Отпочната процедура за влез на трет мобилен оператор за ПОНИСКИ ЦЕНИ НА УСЛУГИ!

Одлука за формирање на СОВЕТ ЗА УПРАВУВАЊЕ со јавни финансии!

200.000 НОВИ ПАТНИЦИ во Македонија со новата финансиска поддршка за нови авио дестинации!

ПОРАСТ НА ПРОСЕЧНИТЕ НЕТО ПЛАТИ - по вработен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година за 12%!

РАСТ НА ИНСУСТРИСКОТО ПРОИВОДСТВО од 3,8%

БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА - Обемна акција за основан сомнеж и предистрага за случајот Крмзов и злоупотреба на десетици милиони евра.

Пуштање во употреба на НОВ БУЛЕВАР со кој Гевгелија се поврзува со автопатот, за што се инвестираа 19 милиони денари!

Камен темелник на изградба на НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА во општина Бутел за што се инвестирани 100 милиони денари.

Почеток на реконструкција на спортската сала ДТВ ,,Партизан" во Битола за што се ИНВЕСТИРААТ 16 милиони денари!

Камен темелник на изградба на СПОРТСКА САЛА во ЛЕСКОЕЦ, Охрид!

Нов изглед на ВЛЕЗОТ во Битола! Реконструкција на коловозните и тротоарски површини, изградба на нова велосипедска патека, изградба на атмосферска канализација во должина од 700 метри

Пуштање во употреба на детско ПОВЕЌЕНАМЕНСКО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ Видобишта, Охрид!

Камен темелник за изградба на НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА во Трубарево, општина Гази Баба за што се инвестираат 19.000.000 денари!

Изградба на НОВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ Свети Климент Охридски во Драчево, општина Кисела Вода!

Започнување на градежни активности за доградба на објектот Изворче во ДЕТСКА ГРАДИНКА Срничка за што инвестираат 120.000.000 денари!

Комплетно РЕНОВИРАНО ОДДЕЛЕНИЕ за дигестивна хирургија!

НОВА АПАРАТУРА во износ од 1 000 000 евра за Дигестивна хирургија Скопје за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст!

Камен темелник на НОВ ГРАДСКИ ПАЗАР во Неготино!

Камен темелник на изградба на СПОРТСКА САЛА во Огњанци, Петровец!

Пуштање во употреба на ДОГРАДБА на градинката „Гоце Делчев“ во Илинден!

Пуштен во употреба спортско – РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР „БРАНИТЕЛИ“ во Бутел!

Обезбедени се 68 милиони денари за изградба на КОЛЕКТОРОТ Трпејца и дополнителни 53 милиони денари за ВОДОВОДИ И КАНАЛИЗАЦИИ во повеќе општини!

Камен темелник на изградба на СПОРТСКА САЛА во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром, Ѓорче Петров!

Камен темелник за изградба на ДОМ НА КУЛТУРА со СПОРТСКА САЛА во село Дреново, Кавадарци!

ПОПЛОЧУВАЊЕ на улица Ванчо Прќе и ПРЕНАМЕНА НА СООБРАЌАЈНИЦА во шеталиште во Штип!

Почеток на ДОГРАДБА на ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин, Општина Аеродром!

УКИНАТ ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНИ НАУКИ во Струга на Мерко!

УКИНАТИ ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА!

Владата за само 100 дена покажа дека може и мора поинаку и подобро!

Владата продолжува да го реализира она кое што го вети пред граѓаните.

Никој нема да биде заборавен, на оваа Влада главен приоритет се граѓаните и нивните барања и потреби.

100% посветени. За тебе!

The post Влада: За 100 дена, повеќе од 100 нови проекти и мерки appeared first on Република.

]]>

100 дена нова Влада значи повеќе од 100 нови проекти и мерки за сите граѓани, велат од Владата од каде го набројуваат реализираното во првите три месеци: Се обврзавме да работиме и да ја трансформираме државата напред, да го подобриме животниот стандард, да отвориме нови работни места, да инвестираме отворање на нови детски градинки, повисоки пензии за над 330.000 пензионери, да инвестираме во инфраструктурни проекти и многу други капитални проекти за доброто на граѓаните. Владата работи посветено, одговорно и домаќински. За само 100 дена реализиравме дел од проекти: ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ преку линеарно покачување на пензиите на над 330.000 пензионери! Историски највисоки 250 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ОПШТИНИТЕ! Пристигнати 357 проекти од 80 општини на јавниот повик. ПОЕФТИНИ ЛЕКОВИ преку проширување на позитивната листа со 9 генерици, вкупно 87 лекови! ВРАБОТУВАЊЕ на 600 СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ во јавните здравствени установи! За 100 дена 4 СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ во износ од 600 МИЛИОНИ ЕВРА за нови над 1.500 вработувања! Странска инвестиција за изградба на ветерници во државата со капацитет до 400MW на „Aлказар Енерџи“ во вредност од 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ. Оваа инвестиција ќе се реализира во општините Радовиш, Штип и Карбинци, а ќе бидат инсталирани 55 ветерници и 630 нови вработувања, со што 100.000 граѓани ќе се снабдат со електрична енергија. Германско-белгиска на „Епсотех Аим“ инвестира во развојно истражувачки центар, алерти центар во индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец. Вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра и нови 110 ВРАБОТУВАЊА. НОВА ИНВЕСТИЦИЈА за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра и нови над 100 вработувања! ИНВЕСТИЦИЈА на германската компанија „BMZ Group“ за производство на литиум јонски батерии во вредност од 65 милиони евра и отворање нови 700 вработувања! Обезбедени средства за исплата на регрес за над 84 илјади вработени во вредност од 11.000 денари! Исплатени над 1 милијарда денари за СУБВЕНЦИИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО заостанати од претходната влада! ИСПЛАТЕНИ ЗАОСТАНАТИ ПЛАТИ во износ од половина милијарда денари на 3000 вработени во Национални шуми и АД Водостопанство! Исплатен долг од 2 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ на Фондот за здравство! ОТКОЧЕНА ИЗГРАДБАТА на Штипската болница! После 7 години обезбедени БЕСПЛАТНИ УЧЕБНИЦИ ЗА СИТЕ! „Помалку трошоци – повеќе за сите“- НАМАЛЕНИ ЦЕНИ И МАРЖИ за купување на училишен прибор! ПОЕВТИНИ КАТАСТАРСКИ УСЛУГИ - до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните! Рекордно НАЈВИСОКА ОТКУПНА ЦЕНА за сортите Вранец и Смедеревка! ДВОЈНО ПОВИСОКИ субвенции за хектар јачмен – зголемување за 100% - од 6.000 денари на 12.000 денари! Во месец јули 2024 година на патарините собран промет од 470.194.563 денари што е за ЦЕЛИ 16.071.251 ДЕНАРИ ПОВЕЌЕ, споредено со истиот период лани, со што се потврдува домаќинското работење на оваа Влада споредено со претходната! РЕКОРДНИ ПРИХОДИ - Царинската управа со 12 милијарди денари приход, УЈП со 13.4 милијарди денари приход! ПОМАЛКУ ТРОШОЦИ ПОВЕЌЕ ЗА ТЕБЕ - Ограничена маржа на над 70 производи! Издавање на ПАСОШИ И ЛИЧНИ КАРТИ ВО РЕДОВЕН РОК! 18 милиони евра за РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ! Отпочната процедура за влез на трет мобилен оператор за ПОНИСКИ ЦЕНИ НА УСЛУГИ! Одлука за формирање на СОВЕТ ЗА УПРАВУВАЊЕ со јавни финансии! 200.000 НОВИ ПАТНИЦИ во Македонија со новата финансиска поддршка за нови авио дестинации! ПОРАСТ НА ПРОСЕЧНИТЕ НЕТО ПЛАТИ - по вработен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година за 12%! РАСТ НА ИНСУСТРИСКОТО ПРОИВОДСТВО од 3,8% БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА - Обемна акција за основан сомнеж и предистрага за случајот Крмзов и злоупотреба на десетици милиони евра. Пуштање во употреба на НОВ БУЛЕВАР со кој Гевгелија се поврзува со автопатот, за што се инвестираа 19 милиони денари! Камен темелник на изградба на НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА во општина Бутел за што се инвестирани 100 милиони денари. Почеток на реконструкција на спортската сала ДТВ ,,Партизан" во Битола за што се ИНВЕСТИРААТ 16 милиони денари! Камен темелник на изградба на СПОРТСКА САЛА во ЛЕСКОЕЦ, Охрид! Нов изглед на ВЛЕЗОТ во Битола! Реконструкција на коловозните и тротоарски површини, изградба на нова велосипедска патека, изградба на атмосферска канализација во должина од 700 метри Пуштање во употреба на детско ПОВЕЌЕНАМЕНСКО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ Видобишта, Охрид! Камен темелник за изградба на НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА во Трубарево, општина Гази Баба за што се инвестираат 19.000.000 денари! Изградба на НОВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ Свети Климент Охридски во Драчево, општина Кисела Вода! Започнување на градежни активности за доградба на објектот Изворче во ДЕТСКА ГРАДИНКА Срничка за што инвестираат 120.000.000 денари! Комплетно РЕНОВИРАНО ОДДЕЛЕНИЕ за дигестивна хирургија! НОВА АПАРАТУРА во износ од 1 000 000 евра за Дигестивна хирургија Скопје за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст! Камен темелник на НОВ ГРАДСКИ ПАЗАР во Неготино! Камен темелник на изградба на СПОРТСКА САЛА во Огњанци, Петровец! Пуштање во употреба на ДОГРАДБА на градинката „Гоце Делчев“ во Илинден! Пуштен во употреба спортско – РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР „БРАНИТЕЛИ“ во Бутел! Обезбедени се 68 милиони денари за изградба на КОЛЕКТОРОТ Трпејца и дополнителни 53 милиони денари за ВОДОВОДИ И КАНАЛИЗАЦИИ во повеќе општини! Камен темелник на изградба на СПОРТСКА САЛА во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром, Ѓорче Петров! Камен темелник за изградба на ДОМ НА КУЛТУРА со СПОРТСКА САЛА во село Дреново, Кавадарци! ПОПЛОЧУВАЊЕ на улица Ванчо Прќе и ПРЕНАМЕНА НА СООБРАЌАЈНИЦА во шеталиште во Штип! Почеток на ДОГРАДБА на ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин, Општина Аеродром! УКИНАТ ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНИ НАУКИ во Струга на Мерко! УКИНАТИ ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА! Владата за само 100 дена покажа дека може и мора поинаку и подобро! Владата продолжува да го реализира она кое што го вети пред граѓаните. Никој нема да биде заборавен, на оваа Влада главен приоритет се граѓаните и нивните барања и потреби. 100% посветени. За тебе!

The post Влада: За 100 дена, повеќе од 100 нови проекти и мерки appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: За 100 дена реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-100-dena-realiziravme-donesovme-ili-otpochnavme-nad-100-proekti-merki-i-odluki/ Tue, 01 Oct 2024 10:18:14 +0000 https://republika.mk/?p=821314

Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни - каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму. Но, најважно покажавме дека сме одлучни и посветени да се справиме со предизвиците без разлика на опструкциите со кои се среќаваме и проблемите и стапиците што се поставени пред нас, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата за одбележување на првите 100 дена од работата на новата Влада, наследената состојба била многу полоша отколку што кој било очекуваше, а состојбите се далеку од идеални. За 100 дена, нагласи, реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки важни за граѓаните.

Колку повеќе знаеме дека состојбата е пооптоварувачка отколку што очекуваме, нашата решителност станува поцврста. Наследивме потрошен годишен буџет за само шест месеци. Држава од која младите се иселуваат, 600 илјади кои живеат само со 150 денари на ден и многу други горливи проблеми. Но, тоа само ги засили нашите ангажмани и мотивираност да ги исправиме и да излеземе на правиот пат. Денешната цел е недвосмислена - 100 проценти посветеност кон реализација на проектите и исполнување на ветувањата, рече Мицкоски.

Овие 100 дена, како што кажа, не беа лесни, но беа само почеток.

Нашата примарна задача и фокус беше да ги стабилизираме финансиските текови, да ги затвориме буџетските дупки и да се справиме со дефицитите и хаосот оставени од претходната влада. Работиме на враќање на долговите, затворање на задолженоста на институциите и јавните претпријатија и имплементација на конкретни мерки во даночната и социјалната политика. Подготвуваме и екипиравме институции, договараме инвестиции кои се значајни за нашата економија и кои ќе отворат многу нови работни места, и работевме и подготвуваме стотици нови проекти, посочи Мицкоски.

Се грижиме, додаде, за сите, за најмладите, за нивното образование и за старите со првата половина од зголемување на пензиите и други нови проекти што ги планираме.

Не ги забораваме ни земјоделците, ниту работниците, ниту наставниците и професорите, ниту лекарите. Обезбедивме за првпат бесплатни учебници за сите на време после долго време. За пасоши и лични документи нема редици, покачивме пензии, исплативме долгови и заостанати плати. Секој ден се обидуваме да покажеме дека делуваме, дека сме присутни со активности, но и да донесеме по некоја нова мерка и се обидуваме да се подобриме, да покажеме дека може поинаку и може подобро, рече Мицкоски и нагласи дека со поддршка на општините се обидуваат да ја развиваат државата и да обезбедуваат проекти кои ќе подобрат нешто.

Потсети дека за само 100 дена новата влада преку линеарното покачување на пензиите овозможи повисоки пензии за над 330 илјади пензионери, нови странски инвестиции, поевтини катастарски услуги, поевтини лекови преку проширување на позитивната листа, највисока откупна цена за винското грозје, ограничена маржа за над 70 прехранбени производи, ...

Следуваат многу повеќе проекти, мерки и реформи за кои ќе работиме со целата наша енергија, со целото наше срце. Следуваат нови инвестиции, ценовни намалувања, одлуки за инвестиции, но и мерки за младите, и можам да кажам дека даноците ќе се намалат. Во наредните четири недели очекувајте одлука за дополнително намалување на даноците со што ќе станеме држава со најниски даноци во Европа, вети Мицкоски.

https://www.youtube.com/live/WQc4Wo4UgJI?si=33rZOs4DuobzCEwh

The post Мицкоски: За 100 дена реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки appeared first on Република.

]]>

Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни - каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму. Но, најважно покажавме дека сме одлучни и посветени да се справиме со предизвиците без разлика на опструкциите со кои се среќаваме и проблемите и стапиците што се поставени пред нас, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата за одбележување на првите 100 дена од работата на новата Влада, наследената состојба била многу полоша отколку што кој било очекуваше, а состојбите се далеку од идеални. За 100 дена, нагласи, реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки важни за граѓаните.
Колку повеќе знаеме дека состојбата е пооптоварувачка отколку што очекуваме, нашата решителност станува поцврста. Наследивме потрошен годишен буџет за само шест месеци. Држава од која младите се иселуваат, 600 илјади кои живеат само со 150 денари на ден и многу други горливи проблеми. Но, тоа само ги засили нашите ангажмани и мотивираност да ги исправиме и да излеземе на правиот пат. Денешната цел е недвосмислена - 100 проценти посветеност кон реализација на проектите и исполнување на ветувањата, рече Мицкоски.
Овие 100 дена, како што кажа, не беа лесни, но беа само почеток.
Нашата примарна задача и фокус беше да ги стабилизираме финансиските текови, да ги затвориме буџетските дупки и да се справиме со дефицитите и хаосот оставени од претходната влада. Работиме на враќање на долговите, затворање на задолженоста на институциите и јавните претпријатија и имплементација на конкретни мерки во даночната и социјалната политика. Подготвуваме и екипиравме институции, договараме инвестиции кои се значајни за нашата економија и кои ќе отворат многу нови работни места, и работевме и подготвуваме стотици нови проекти, посочи Мицкоски.
Се грижиме, додаде, за сите, за најмладите, за нивното образование и за старите со првата половина од зголемување на пензиите и други нови проекти што ги планираме.
Не ги забораваме ни земјоделците, ниту работниците, ниту наставниците и професорите, ниту лекарите. Обезбедивме за првпат бесплатни учебници за сите на време после долго време. За пасоши и лични документи нема редици, покачивме пензии, исплативме долгови и заостанати плати. Секој ден се обидуваме да покажеме дека делуваме, дека сме присутни со активности, но и да донесеме по некоја нова мерка и се обидуваме да се подобриме, да покажеме дека може поинаку и може подобро, рече Мицкоски и нагласи дека со поддршка на општините се обидуваат да ја развиваат државата и да обезбедуваат проекти кои ќе подобрат нешто.
Потсети дека за само 100 дена новата влада преку линеарното покачување на пензиите овозможи повисоки пензии за над 330 илјади пензионери, нови странски инвестиции, поевтини катастарски услуги, поевтини лекови преку проширување на позитивната листа, највисока откупна цена за винското грозје, ограничена маржа за над 70 прехранбени производи, ...
Следуваат многу повеќе проекти, мерки и реформи за кои ќе работиме со целата наша енергија, со целото наше срце. Следуваат нови инвестиции, ценовни намалувања, одлуки за инвестиции, но и мерки за младите, и можам да кажам дека даноците ќе се намалат. Во наредните четири недели очекувајте одлука за дополнително намалување на даноците со што ќе станеме држава со најниски даноци во Европа, вети Мицкоски.
https://www.youtube.com/live/WQc4Wo4UgJI?si=33rZOs4DuobzCEwh

The post Мицкоски: За 100 дена реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски по повод 100 дена од нејзиниот избор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-pres-konferentsija-na-pretsedatelot-na-vladata-hristijan-mitskoski-po-povod-100-dena-od-nejziniot-izbor/ Tue, 01 Oct 2024 10:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=821299

Следете ја во живо прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски по повод 100 дена од нејзиниот избор

The post ВО ЖИВО: Прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски по повод 100 дена од нејзиниот избор appeared first on Република.

Сто дена Влада – Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sto-dena-vlada-mitskoski-ke-ja-prezentira-dosegashnata-rabota/ Tue, 01 Oct 2024 05:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=821186

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе ги презентира резултатите од првите 100 дена од работата на Владата. Под слоганот „100 проценти посветени, за тебе!“, премиерот ќе ги прикаже постигнувањата, проектите и мерките кои беа реализирани од новото раководство откако ја презеде извршната власт.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека доколку има средба со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис на престојниот Самит на НАТО во Вашингтон се надева дека ќе го задржат достоинството

Меѓу активностите што го одбележаа работењето на Владата, покрај  транзициите на  функционерските позиции и ребалансот на Буџетот, се и задолжувањето од половина  милијарда евра од Унгарија, од кои средства ќе се реализира повикот за финасирање  инфраструктурни проекти на општините, како и поддршка на стопанството. Исто така и линеарното зголемување на пензиите што стартува од денеска  во износ од 2.500 денари, а за уште толкав износ пензионерите ќе имаат покачување  и од март следната година, како што е предвидено во неодамна донесените измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Покрај борбата против криминалот и корупцијата  и реформите во судството и во администрацијата што ги ветува Владата, меѓу предизвиците остануваат и високите цени на храната, за што неодамна донесе одлука за ограничување на профитните бруто маржи на 73 прехранбени производи, а се очекуваат пониски цени и со Законот за забрана на нефер трговски практики, што беше донесен пред шест месеци. Исто така, барањата за зголемување на платите од Сојузот на синдикатите на Македонија, од Синдикатот на вработените во образованието и науката....

На внатрешно-политички план актуелен предизвик е Предлог законот за бранители, што предизвика превирања меѓу коалициските партнери, а на полето на евроинтеграциите минатонеделната одлука за одвојување на Албанија од државава на европскиот пат, односно одложувањето на стартот на преговорите до исполнување на обврската за уставните измени.

Во периодот на новата Влада, Уставниот суд на иницијатива на поранешниот состав на Антикорупциската комисија донесе времена мерка за запирање на вработувањата по етнички клуч преку  алатката „Балансер“, а ресорното Министерство  за јавна администрација веќе испрати насоки до институциите како да постапувааат при јавните огласи.

Првите 100 дена од Владата веќе ги одбележа коалицискиот партнер Вреди, а лидерите на партиите од коалицијата на настан под слоганот „Преминуваме на дела“, порачаа дека следува институционална борба за санкционирање на сите кои се огрешиле пред законот од минатата Влада. Оценија дека  за изминатите сто дена имаат направено значителна разлика со албанската опозиција и оти приоритети за иднината вклучуваат реформи во јавната администрација, енергетска транзиција и развој на човечки капитал.

Со слоганот „Преминуваме на дела“, денеска Коалицијата „Вреди“ ги одбележа првите сто дена на новата Влада каде свои обраќања имаа лидерите на политичките партии од Коалицијата.

Новата Влада беше избрана на 23 јуни и ја сочинуваат партиите ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и коалицијата Вреди. Владата има вкупно 20 министерства, додека владиниот кабинет брои 24 члена. Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Има пет вицепремиери  и еден прв вицепремиер. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

На гласањето на Владата со таков состав претходеа измени и дополнувања на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со двотретинско мнозинство. Со нив се изврши промена на бројот на министерствата и менување на делокругот на надлежностите на дел од постоечките министерства во Владата.  По ангажманот на градоначалниците на Аеродром, Сарај и Гостивар во извршната власт, со двотретинско мнозинство, обезбедено со дел од пратениците од опозицискиот Европски фронт, неодамна беа изгласани и измени на Законот за локална самоуправа, со кои се продолжи до следните локални избори мандатот на в.д. градоначалниците.

The post Сто дена Влада – Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе ги презентира резултатите од првите 100 дена од работата на Владата. Под слоганот „100 проценти посветени, за тебе!“, премиерот ќе ги прикаже постигнувањата, проектите и мерките кои беа реализирани од новото раководство откако ја презеде извршната власт. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека доколку има средба со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис на престојниот Самит на НАТО во Вашингтон се надева дека ќе го задржат достоинството Меѓу активностите што го одбележаа работењето на Владата, покрај  транзициите на  функционерските позиции и ребалансот на Буџетот, се и задолжувањето од половина  милијарда евра од Унгарија, од кои средства ќе се реализира повикот за финасирање  инфраструктурни проекти на општините, како и поддршка на стопанството. Исто така и линеарното зголемување на пензиите што стартува од денеска  во износ од 2.500 денари, а за уште толкав износ пензионерите ќе имаат покачување  и од март следната година, како што е предвидено во неодамна донесените измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Покрај борбата против криминалот и корупцијата  и реформите во судството и во администрацијата што ги ветува Владата, меѓу предизвиците остануваат и високите цени на храната, за што неодамна донесе одлука за ограничување на профитните бруто маржи на 73 прехранбени производи, а се очекуваат пониски цени и со Законот за забрана на нефер трговски практики, што беше донесен пред шест месеци. Исто така, барањата за зголемување на платите од Сојузот на синдикатите на Македонија, од Синдикатот на вработените во образованието и науката.... На внатрешно-политички план актуелен предизвик е Предлог законот за бранители, што предизвика превирања меѓу коалициските партнери, а на полето на евроинтеграциите минатонеделната одлука за одвојување на Албанија од државава на европскиот пат, односно одложувањето на стартот на преговорите до исполнување на обврската за уставните измени. Во периодот на новата Влада, Уставниот суд на иницијатива на поранешниот состав на Антикорупциската комисија донесе времена мерка за запирање на вработувањата по етнички клуч преку  алатката „Балансер“, а ресорното Министерство  за јавна администрација веќе испрати насоки до институциите како да постапувааат при јавните огласи. Првите 100 дена од Владата веќе ги одбележа коалицискиот партнер Вреди, а лидерите на партиите од коалицијата на настан под слоганот „Преминуваме на дела“, порачаа дека следува институционална борба за санкционирање на сите кои се огрешиле пред законот од минатата Влада. Оценија дека  за изминатите сто дена имаат направено значителна разлика со албанската опозиција и оти приоритети за иднината вклучуваат реформи во јавната администрација, енергетска транзиција и развој на човечки капитал. Со слоганот „Преминуваме на дела“, денеска Коалицијата „Вреди“ ги одбележа првите сто дена на новата Влада каде свои обраќања имаа лидерите на политичките партии од Коалицијата.   Новата Влада беше избрана на 23 јуни и ја сочинуваат партиите ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и коалицијата Вреди. Владата има вкупно 20 министерства, додека владиниот кабинет брои 24 члена. Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Има пет вицепремиери  и еден прв вицепремиер. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ. На гласањето на Владата со таков состав претходеа измени и дополнувања на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со двотретинско мнозинство. Со нив се изврши промена на бројот на министерствата и менување на делокругот на надлежностите на дел од постоечките министерства во Владата.  По ангажманот на градоначалниците на Аеродром, Сарај и Гостивар во извршната власт, со двотретинско мнозинство, обезбедено со дел од пратениците од опозицискиот Европски фронт, неодамна беа изгласани и измени на Законот за локална самоуправа, со кои се продолжи до следните локални избори мандатот на в.д. градоначалниците.

The post Сто дена Влада – Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа appeared first on Република.

]]>
Влада: Четири нови странски инвестиции и нови над 1500 вработувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlada-chetiri-novi-stranski-investitsii-i-novi-nad-1500-vrabotuvana/ Wed, 11 Sep 2024 06:44:57 +0000 https://republika.mk/?p=815131

Владата за само два месеци донесе 4 странски инвестиции и нови над 1500 вработувања, велат од Генералниот секретаријат.

Првата инвестиција Претседателот на Владата Мицкоски ја промовираше само еден ден по формирање на Владата. Станува збор за изградба на ветерници во државата со капацитет до 400MW на „Aлказар Енерџи“ во вредност од 500 милиони долари. Оваа инвестиција ќе се реализира во општините Радовиш, Штип и Карбинци, а ќе бидат инсталирани 55 ветерници и 630 нови вработувања, со што 100.000 граѓани ќе се снабдат со електрична енергија.

Германско-белгиска на „Епсотех Аим“ е втората инвестиција за изградба на развојно истражувачки центар, алерти центар во индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец. Вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра и нови 110 вработувања.

Третата странска инвестиција е за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра. Со оваа инвестиција ќе се отворат нови над 100 вработувања, а истата ќе се реализира во Технолошко индустриско развојната зона Скопје.

И четврта инвестиција која ја донесе Владата е производство на литиум јонски батерии во Технолошко индустриско развојната зона Скопје. Инвестицијата на германската компанија „BMZ Group“ е во вредност од 65 милиони евра и отвора нови 700 вработувања.

Уште во првите два месеци се гледаат позитивните ефекти од владеењето на Владата и Претседателот Христијан Мицкоски. Приоритет на Владата е силен економски развој и целосна трансформација на државата, се со цел поквалитетен и подобар животен стандард на граѓаните. Владата и во иднина ќе продолжи да работи на носење на нови странски инвестиции и отворање на нови работни места, велат оттаму.

The post Влада: Четири нови странски инвестиции и нови над 1500 вработувања appeared first on Република.

]]>

Владата за само два месеци донесе 4 странски инвестиции и нови над 1500 вработувања, велат од Генералниот секретаријат. Првата инвестиција Претседателот на Владата Мицкоски ја промовираше само еден ден по формирање на Владата. Станува збор за изградба на ветерници во државата со капацитет до 400MW на „Aлказар Енерџи“ во вредност од 500 милиони долари. Оваа инвестиција ќе се реализира во општините Радовиш, Штип и Карбинци, а ќе бидат инсталирани 55 ветерници и 630 нови вработувања, со што 100.000 граѓани ќе се снабдат со електрична енергија. Германско-белгиска на „Епсотех Аим“ е втората инвестиција за изградба на развојно истражувачки центар, алерти центар во индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец. Вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра и нови 110 вработувања. Третата странска инвестиција е за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра. Со оваа инвестиција ќе се отворат нови над 100 вработувања, а истата ќе се реализира во Технолошко индустриско развојната зона Скопје. И четврта инвестиција која ја донесе Владата е производство на литиум јонски батерии во Технолошко индустриско развојната зона Скопје. Инвестицијата на германската компанија „BMZ Group“ е во вредност од 65 милиони евра и отвора нови 700 вработувања. Уште во првите два месеци се гледаат позитивните ефекти од владеењето на Владата и Претседателот Христијан Мицкоски. Приоритет на Владата е силен економски развој и целосна трансформација на државата, се со цел поквалитетен и подобар животен стандард на граѓаните. Владата и во иднина ќе продолжи да работи на носење на нови странски инвестиции и отворање на нови работни места, велат оттаму.

The post Влада: Четири нови странски инвестиции и нови над 1500 вработувања appeared first on Република.

]]>
Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-prvite-sto-dena-od-novata-vlada-mitskoski-najavi-proekt-vo-energetikata-dve-investitsii-i-proshiruvane-na-drugi-dve/ Thu, 06 Jun 2024 13:19:22 +0000 https://republika.mk/?p=785295

Мандатарот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање рече дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ еден од основните столбови е реалоцирање на средства од централаниот буџет кон буџетите на општините, а во септември ќе биде првото нивелирање на пензиите. Мицкоски исто така најави дека првиот ребаланс на државниот Буџет ќе биде во втората половина на јули, како и огромен проект во енергетиката, две нови инвестиции и проширување на две други во првите сто дена од владата.

-Целта на оваа наша активност е да ја доближиме работата на Владата со што е можно поголем број домаќинства, преку реализирање на проекти коишто се од огромно значење на граѓаните како што се нови булевари и улици, канализациски системи, и 20 проценти од територијата или од потребите на граѓаните не е поврзано со канализација. Потоа вода за пиење онаму каде што е потребно нови градинки, нови училшта, паркови итн, рече Мицкоски.

Цениме, истакна мандатарот, дека со оваа политика ќе успееме во овој прв мандат да дојдеме до најмалку 300 илјади домаќинства.

Тоа се да 250 милиони евра годишно реалоцирани средства од буџетот кон општините. А после ребалансот којшто ќе се случи во втората половина на јули оваа година половина од таа сума да биде реалоцирана. Тоа е практично 125 милиона евра. Таму некаде прва половина на септември месец да биде објавен јавниот повик до сите општини да достават проекти коишто ќе бидат веднаш во можност да бидат реализирани. Тоа подразбира проект реализиран, проект одобрение за градба, се разбира, или одобрение за реконструкција онаму каде што е потребно. И веднаш на посебна сметка тие пари да бидат пренесени, веднаш тендерирани да ја фатима есенската градежна сезона колку побргу можеме тоа да го направиме, рече Мицкоски.

Најави дека лично ќе го мониторира реализирањето на овој проект.

Тоа е една милијарда за реалните потреби на граѓаните. Нас граѓаните не гласаа. Ние мора на граѓаните да им се одолжиме. Но исто така во септември очекуваме да биде првото нивелирање на пензиите. Ние рековме во првата година ќе имаме линеарно зголемување на пензиите на пензионерите. Тој процес го почнуваме сега во септември, го завршуваме на следното нивелирање во март. Значи побргу од една година, тоа ќе биде, рече Мицкоски.

Мандатарот исто така најави, како што кажа, огромен инвестициски проект во делот на енергетиката.

Никогаш до сега немало во регионот, не зборувам во Македонија. Очекувајте две големи странски инвестиции и проширување на две веќе присутни странски инвестиции овде во Македонија во првите сто дена. Очекувајте многу убави позитивни работи нешто коешто граѓаните го очекуваат. Тоа ќе биде мој личен фокус и моја заложба и моја инспирација како како прв човек во Владата да работам, рече Мицкоски.

Идниот премиер вели дека и кај потенцијалните коалициски партнери гледа дека таму инспирацијата и храборста не недостасува.

Сакаме да функционираме како едно да се посветиме целосно на граѓаните. Ние сме слуги на граѓаните. Секој оној којшто мисли дека е над таа состојба, ќе го изгуби тлото по днозе. Верувате дека лично ќе се занимавам со тој, без разлика дали доаѓа од редовите или таа, дали доаѓа од редовите на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија или некој од потенцијалните коалициони партнери, рече Мицкоски по доделувањето на мандатот во Вила Водно.

The post Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две appeared first on Република.

]]>

Мандатарот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање рече дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ еден од основните столбови е реалоцирање на средства од централаниот буџет кон буџетите на општините, а во септември ќе биде првото нивелирање на пензиите. Мицкоски исто така најави дека првиот ребаланс на државниот Буџет ќе биде во втората половина на јули, како и огромен проект во енергетиката, две нови инвестиции и проширување на две други во првите сто дена од владата. -Целта на оваа наша активност е да ја доближиме работата на Владата со што е можно поголем број домаќинства, преку реализирање на проекти коишто се од огромно значење на граѓаните како што се нови булевари и улици, канализациски системи, и 20 проценти од територијата или од потребите на граѓаните не е поврзано со канализација. Потоа вода за пиење онаму каде што е потребно нови градинки, нови училшта, паркови итн, рече Мицкоски. Цениме, истакна мандатарот, дека со оваа политика ќе успееме во овој прв мандат да дојдеме до најмалку 300 илјади домаќинства.
Тоа се да 250 милиони евра годишно реалоцирани средства од буџетот кон општините. А после ребалансот којшто ќе се случи во втората половина на јули оваа година половина од таа сума да биде реалоцирана. Тоа е практично 125 милиона евра. Таму некаде прва половина на септември месец да биде објавен јавниот повик до сите општини да достават проекти коишто ќе бидат веднаш во можност да бидат реализирани. Тоа подразбира проект реализиран, проект одобрение за градба, се разбира, или одобрение за реконструкција онаму каде што е потребно. И веднаш на посебна сметка тие пари да бидат пренесени, веднаш тендерирани да ја фатима есенската градежна сезона колку побргу можеме тоа да го направиме, рече Мицкоски.
Најави дека лично ќе го мониторира реализирањето на овој проект.
Тоа е една милијарда за реалните потреби на граѓаните. Нас граѓаните не гласаа. Ние мора на граѓаните да им се одолжиме. Но исто така во септември очекуваме да биде првото нивелирање на пензиите. Ние рековме во првата година ќе имаме линеарно зголемување на пензиите на пензионерите. Тој процес го почнуваме сега во септември, го завршуваме на следното нивелирање во март. Значи побргу од една година, тоа ќе биде, рече Мицкоски.
Мандатарот исто така најави, како што кажа, огромен инвестициски проект во делот на енергетиката.
Никогаш до сега немало во регионот, не зборувам во Македонија. Очекувајте две големи странски инвестиции и проширување на две веќе присутни странски инвестиции овде во Македонија во првите сто дена. Очекувајте многу убави позитивни работи нешто коешто граѓаните го очекуваат. Тоа ќе биде мој личен фокус и моја заложба и моја инспирација како како прв човек во Владата да работам, рече Мицкоски.
Идниот премиер вели дека и кај потенцијалните коалициски партнери гледа дека таму инспирацијата и храборста не недостасува.
Сакаме да функционираме како едно да се посветиме целосно на граѓаните. Ние сме слуги на граѓаните. Секој оној којшто мисли дека е над таа состојба, ќе го изгуби тлото по днозе. Верувате дека лично ќе се занимавам со тој, без разлика дали доаѓа од редовите или таа, дали доаѓа од редовите на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија или некој од потенцијалните коалициони партнери, рече Мицкоски по доделувањето на мандатот во Вила Водно.

The post Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две appeared first on Република.

]]>
Сто дена Влада: Посветени на создавање услови за подобар живот и европска иднина, но и на справување со актуелните криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sto-dena-vlada-posveteni-na-sozdavanje-uslovi-za-podobar-zivot-i-evropska-idnina-no-i-na-spravuvanje-so-aktuelnite-kriza/ Wed, 27 Apr 2022 06:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=494060

Справувањето со енергетската криза, ефектите од војната во Украина, заштита на животниот стандард на граѓаните и поддршка на компаниите, исполнување на големите инфраструктурни проекти, но и евроинтграцискиот пат, кој е стратешка цел на земјата, се работите кои биле во фокусот на Владата на премиерот Димитар Ковачевски во првите 100 дена од работењето.

Владата останува на јасна цел – да обезбеди сигурност и  континуитет во создавањето услови за подобар живот, како и европска и просперитетна иднина за граѓаните, порача на вчерашната тематска владина седница премиерот Ковачевски.

Ова беа 100 дена на предизвици – денови на здравствена, енергетска, економска и воена криза и клучна цел беше да се задржи стандардот на граѓаните. Напорно ќе биде и понатаму, бидејќи кризата е се уште присутна, но со јасен план и со јасни мерки што ги спроведуваме и низ дијалог со сите чинители на општеството, сигурно дека Република Македонија ќе излезе како победник од овие предизвици, рече Ковачевски.

Долга е листата на мерки и политики што оваа Влада ги донесе во првите 100 дена, истакна Ковачевски, нагласувајќи дека во првите три недели од работата е остварено ветувањето за зголемување на минимална плата на 18 илјади денари, како и дека е обезбеден континуиран раст на пензиите, но и заштита на граѓаните од поскапувањата со пакетот антикризните мерки во вкупна вредност од над 400 милиони евра, а чие влијание достигнува 615 милиони евра.

Квалитетните здравствени политики, намалување на цените на околу 230 лекови, посветена и мотивирана работа на полицијата, вложувања за подобри услови за секој припадник на Армијата согласно НАТО стандардите, издавање електронски уверенија преку националниот портал uslugi.gov.mk, инвестициите во патната и железничката инфраструктура, изградба и распределба на социјални станови, националниот план за производство на храна во вредност од 400 милиони денари, распределени 536 милиони денари за инвестиции во културата за 2022 година и потпишани договори во вредност од 5,5 милиони евра за подобрување на условите за заштита на животната средина, за зголемување на мобилноста, подобрување на социјалните услуги и воведување е-услуги во повеќе општини, како и нова фотонапонска електрана Осломеј, учество во проектот за изградба на терминал за течен природен гас во Александрополи во Грција … се само дел од работите кои ги посочи Ковачевски, зборувајќи за работата на Вадата во првите три месеци.

Војната во Украина, Ковачевски рече дека, покажа оти политиката на отворени врати на НАТО била историски успех што обезбедува траен мир и безбедност на целиот европски континент, додека проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја консолидира демократијата.

Аналогно на тоа сметам дека проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја консолидира демократијата и затоа на сите форуми и средби со нашите меѓународни сојузници и партнери истакнавме дека е од исклучителна важност за Македонија да започне преговори за пристапување во ЕУ, без натамошни одложувања, рече Ковачевски.

Во своето обраќање, Ковачевски како прв човек на Владата, повика на издигнување над дневно-политичките случувања и обединување околу приоритетите во општеството.

Дијалогот е единствен начин за постигнување на решенија. Да најдеме сили и мотивација да ги надминеме разликите, да се обединиме околу приоритетите и брзо да напредуваме, ги повика Ковачевски сите чинители во општеството.

Од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, во соопштение до медиумите, реагираа на изјавата на Ковачевски, посочувајќи дека новата влада преставува продолжение на владеењето и навиките од претходните пет години и најавија дека во многу скоро време ќе излезат со детална анализа за владеењето на оваа влада.

Коментирајќи ја работата на Владата, пратеникот на Алијанса за Албанците, Елми Азири, вчера рече дека првите 100 дена на Владата се знаци кои не даваат никаква надеж за оваа земја. Според Азири, овие 100 дена за жал го зголемиле убедувањето кај граѓаните, особено кај младите, дека тешко се живее во Македонија со оваа власт и менталитет.

The post Сто дена Влада: Посветени на создавање услови за подобар живот и европска иднина, но и на справување со актуелните криза appeared first on Република.

]]>

Справувањето со енергетската криза, ефектите од војната во Украина, заштита на животниот стандард на граѓаните и поддршка на компаниите, исполнување на големите инфраструктурни проекти, но и евроинтграцискиот пат, кој е стратешка цел на земјата, се работите кои биле во фокусот на Владата на премиерот Димитар Ковачевски во првите 100 дена од работењето. Владата останува на јасна цел – да обезбеди сигурност и  континуитет во создавањето услови за подобар живот, како и европска и просперитетна иднина за граѓаните, порача на вчерашната тематска владина седница премиерот Ковачевски.
Ова беа 100 дена на предизвици – денови на здравствена, енергетска, економска и воена криза и клучна цел беше да се задржи стандардот на граѓаните. Напорно ќе биде и понатаму, бидејќи кризата е се уште присутна, но со јасен план и со јасни мерки што ги спроведуваме и низ дијалог со сите чинители на општеството, сигурно дека Република Македонија ќе излезе како победник од овие предизвици, рече Ковачевски.
Долга е листата на мерки и политики што оваа Влада ги донесе во првите 100 дена, истакна Ковачевски, нагласувајќи дека во првите три недели од работата е остварено ветувањето за зголемување на минимална плата на 18 илјади денари, како и дека е обезбеден континуиран раст на пензиите, но и заштита на граѓаните од поскапувањата со пакетот антикризните мерки во вкупна вредност од над 400 милиони евра, а чие влијание достигнува 615 милиони евра. Квалитетните здравствени политики, намалување на цените на околу 230 лекови, посветена и мотивирана работа на полицијата, вложувања за подобри услови за секој припадник на Армијата согласно НАТО стандардите, издавање електронски уверенија преку националниот портал uslugi.gov.mk, инвестициите во патната и железничката инфраструктура, изградба и распределба на социјални станови, националниот план за производство на храна во вредност од 400 милиони денари, распределени 536 милиони денари за инвестиции во културата за 2022 година и потпишани договори во вредност од 5,5 милиони евра за подобрување на условите за заштита на животната средина, за зголемување на мобилноста, подобрување на социјалните услуги и воведување е-услуги во повеќе општини, како и нова фотонапонска електрана Осломеј, учество во проектот за изградба на терминал за течен природен гас во Александрополи во Грција … се само дел од работите кои ги посочи Ковачевски, зборувајќи за работата на Вадата во првите три месеци. Војната во Украина, Ковачевски рече дека, покажа оти политиката на отворени врати на НАТО била историски успех што обезбедува траен мир и безбедност на целиот европски континент, додека проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја консолидира демократијата.
Аналогно на тоа сметам дека проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја консолидира демократијата и затоа на сите форуми и средби со нашите меѓународни сојузници и партнери истакнавме дека е од исклучителна важност за Македонија да започне преговори за пристапување во ЕУ, без натамошни одложувања, рече Ковачевски.
Во своето обраќање, Ковачевски како прв човек на Владата, повика на издигнување над дневно-политичките случувања и обединување околу приоритетите во општеството.
Дијалогот е единствен начин за постигнување на решенија. Да најдеме сили и мотивација да ги надминеме разликите, да се обединиме околу приоритетите и брзо да напредуваме, ги повика Ковачевски сите чинители во општеството.
Од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, во соопштение до медиумите, реагираа на изјавата на Ковачевски, посочувајќи дека новата влада преставува продолжение на владеењето и навиките од претходните пет години и најавија дека во многу скоро време ќе излезат со детална анализа за владеењето на оваа влада. Коментирајќи ја работата на Владата, пратеникот на Алијанса за Албанците, Елми Азири, вчера рече дека првите 100 дена на Владата се знаци кои не даваат никаква надеж за оваа земја. Според Азири, овие 100 дена за жал го зголемиле убедувањето кај граѓаните, особено кај младите, дека тешко се живее во Македонија со оваа власт и менталитет.

The post Сто дена Влада: Посветени на создавање услови за подобар живот и европска иднина, но и на справување со актуелните криза appeared first on Република.

]]>