Стјуарт Пич Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stjuart-pich/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Mar 2023 08:09:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стјуарт Пич Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stjuart-pich/ 32 32 Стјуарт Пич: Македонија и Бугарија треба да го земат предвид поширокиот контекст и геостратешките поместувања во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stjuart-pich-makedonija-i-bugarija-treba-da-go-zemat-predvid-poshirokiot-kontekst-i-geostrateshkite-pomestuvana-vo-regionot/ Sat, 11 Mar 2023 08:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=618380

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич во интервју за МИА порачува дека сите македонски политичари треба добро да размислат што е во најдобар интерес за државата и за граѓаните, кои живеат во неа и нагласи дека е време сите политички чинители да помогнат во пристапувањето на Македонија во Европската Унија.

Одговарајќи на прашање за уставните измени и фактичката состојба дека реално во моментов не е обезбедено потребното двотретинското мнозинство, со оглед на тоа што опозицијата е децидна дека нема да поддржи промена на Уставот и опстојува на ставот за предвремени избори, Пич изјави дека би било нечесно кон луѓето од оваа земја да се одложи европскиот пат на кој различни влади напорно работеле во текот на многу години.

На ова не треба да се гледа само како победа на Владата што е на власт сега, тоа е победа на сите претходни влади и пред се за македонските граѓани. Свесни сме дека патот не беше лесен и дека имаше многу препреки во текот на годините и затоа ги охрабрувам сите политичари да не дозволат политиката да влијае врз една од најважните стратешки цели уште од осамостојувањето на Македонија. Потребен е заеднички напор за Македонија да стигне до повеќе од заслуженото членство во ЕУ, нагласува Пич.

Тој изразува загриженост поради неодамнешните тензии во билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија, но додаде и дека е уверен оти постои значителен степен на добра волја кај сите страни и верува дека ќе се најде решение.

Македонија и Бугарија се земји членки на НАТО, сојузници и со исти гледишта. Во однос на моменталните односи, двете земји треба да го земат предвид поширокиот контекст и геостратешките поместувања во регионот. Обединетото Кралство продолжува да ги охрабрува и Македонија и Бугарија да продолжат да работат на подобрување на билатералните односи што ја поддржуваат Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, вели Пич.

Во однос на бугарските клубови во земјава, кои имаат називи поврзани со фашистичкото минато, Пич нагласува дека е потребна сензитивност околу моќта на симболите, јазикот и историјата, особено во контекст на Западниот Балкан.

Знаеме дека ова е регион каде историските личности различно се паметат од различни заедници и затоа е многу важно изразувањето на идентитети да не дава дополнителни основи за поделби. Слободата на здружување и изразување се важни, но исто така е важно, би рекол императив, да се избегнуваат навреди, вели Пич.

The post Стјуарт Пич: Македонија и Бугарија треба да го земат предвид поширокиот контекст и геостратешките поместувања во регионот appeared first on Република.

]]>

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич во интервју за МИА порачува дека сите македонски политичари треба добро да размислат што е во најдобар интерес за државата и за граѓаните, кои живеат во неа и нагласи дека е време сите политички чинители да помогнат во пристапувањето на Македонија во Европската Унија. Одговарајќи на прашање за уставните измени и фактичката состојба дека реално во моментов не е обезбедено потребното двотретинското мнозинство, со оглед на тоа што опозицијата е децидна дека нема да поддржи промена на Уставот и опстојува на ставот за предвремени избори, Пич изјави дека би било нечесно кон луѓето од оваа земја да се одложи европскиот пат на кој различни влади напорно работеле во текот на многу години.
На ова не треба да се гледа само како победа на Владата што е на власт сега, тоа е победа на сите претходни влади и пред се за македонските граѓани. Свесни сме дека патот не беше лесен и дека имаше многу препреки во текот на годините и затоа ги охрабрувам сите политичари да не дозволат политиката да влијае врз една од најважните стратешки цели уште од осамостојувањето на Македонија. Потребен е заеднички напор за Македонија да стигне до повеќе од заслуженото членство во ЕУ, нагласува Пич.
Тој изразува загриженост поради неодамнешните тензии во билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија, но додаде и дека е уверен оти постои значителен степен на добра волја кај сите страни и верува дека ќе се најде решение.
Македонија и Бугарија се земји членки на НАТО, сојузници и со исти гледишта. Во однос на моменталните односи, двете земји треба да го земат предвид поширокиот контекст и геостратешките поместувања во регионот. Обединетото Кралство продолжува да ги охрабрува и Македонија и Бугарија да продолжат да работат на подобрување на билатералните односи што ја поддржуваат Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, вели Пич.
Во однос на бугарските клубови во земјава, кои имаат називи поврзани со фашистичкото минато, Пич нагласува дека е потребна сензитивност околу моќта на симболите, јазикот и историјата, особено во контекст на Западниот Балкан.
Знаеме дека ова е регион каде историските личности различно се паметат од различни заедници и затоа е многу важно изразувањето на идентитети да не дава дополнителни основи за поделби. Слободата на здружување и изразување се важни, но исто така е важно, би рекол императив, да се избегнуваат навреди, вели Пич.

The post Стјуарт Пич: Македонија и Бугарија треба да го земат предвид поширокиот контекст и геостратешките поместувања во регионот appeared first on Република.

]]>
Заедницата на српски општини не е закана за Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zaednicata-na-srpski-opshtini-ne-e-zakana-za-kosovo/ Sat, 29 Oct 2022 16:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=567211

Стјуарт Пич, специјален пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, смета дека создавањето Заедница на општини со српско мнозинство не треба да се сфати како закана за Косово. Тој во интервју за „Коха.нет“ вели дека Приштина и Белград мора да ги спроведат постигнатите договори, вклучително и договорот за Заедницата, кој, додаде, не е во спротивност со Уставот на Косово.

Како што пренесе Агенцијата Бета, Пич потенцирал дека Заедницата не е иста како Република Српска во Босна и Херцеговина.

– Како ќе изгледа Здружението зависи од страните во дијалогот. Исто така, важно е партиите да го променат наративот и да разбијат некои од митовите за „Република Српска“ кои ја направија идејата за Здружението толку токсична. Одлуката на Уставниот суд на Косово отиде дотаму што рече дека тоа не е можно според постојното законодавство, но исто така се покажа дека Заедницата на општини со српско мнозинство како целина не е против Уставот на Косово, нагласи Пич.

Тој додаде дека „новата реалност предизвикана од руската окупација на Украина го направи дијалогот поитен напредок“. Пич потсети дека преговорите „се за компромис и за давање и земање“.

-Исто како што не можеме да ги избереме нашите соседи, не можеме да избереме со кого ќе преговараме и ретко преговараме со луѓе кои го гледаат светот исто како што го гледаме ние. На крајот, преговорите мора да доведат до решение прифатливо и за двете страни. Нема да има губитници“, рече Пич.

Зборувајќи за француско-германскиот предлог, тој рече дека „во моментов има многу дискусии за нов предлог за дијалог. Мислам дека секоја иницијатива што може да помогне да се даде нов импулс на процесот, вреди да се разгледа“.

Пич рече дека Велика Британија се противи на каква било размена на територии или обиди за поделба на дел од Косово.

The post Заедницата на српски општини не е закана за Косово appeared first on Република.

]]>

Стјуарт Пич, специјален пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, смета дека создавањето Заедница на општини со српско мнозинство не треба да се сфати како закана за Косово. Тој во интервју за „Коха.нет“ вели дека Приштина и Белград мора да ги спроведат постигнатите договори, вклучително и договорот за Заедницата, кој, додаде, не е во спротивност со Уставот на Косово. Како што пренесе Агенцијата Бета, Пич потенцирал дека Заедницата не е иста како Република Српска во Босна и Херцеговина.
– Како ќе изгледа Здружението зависи од страните во дијалогот. Исто така, важно е партиите да го променат наративот и да разбијат некои од митовите за „Република Српска“ кои ја направија идејата за Здружението толку токсична. Одлуката на Уставниот суд на Косово отиде дотаму што рече дека тоа не е можно според постојното законодавство, но исто така се покажа дека Заедницата на општини со српско мнозинство како целина не е против Уставот на Косово, нагласи Пич.
Тој додаде дека „новата реалност предизвикана од руската окупација на Украина го направи дијалогот поитен напредок“. Пич потсети дека преговорите „се за компромис и за давање и земање“.
-Исто како што не можеме да ги избереме нашите соседи, не можеме да избереме со кого ќе преговараме и ретко преговараме со луѓе кои го гледаат светот исто како што го гледаме ние. На крајот, преговорите мора да доведат до решение прифатливо и за двете страни. Нема да има губитници“, рече Пич.
Зборувајќи за француско-германскиот предлог, тој рече дека „во моментов има многу дискусии за нов предлог за дијалог. Мислам дека секоја иницијатива што може да помогне да се даде нов импулс на процесот, вреди да се разгледа“. Пич рече дека Велика Британија се противи на каква било размена на територии или обиди за поделба на дел од Косово.

The post Заедницата на српски општини не е закана за Косово appeared first on Република.

]]>
Во Охрид дојде специјалниот претставник на Велика Британија за Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-ohrid-dojde-specijalniot-pretstavnik-na-velika-britanija-za-balkanot/ Fri, 17 Jun 2022 10:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=516281

Претседателот Стево Пендаровски денеска во „Вила Билјана“ во Охрид го прими сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, со кој разговараше за актуелните состојби во регионот во светло на активностите на Пич како специјален претставник на Обединетото кралство за Западен Балкан.

-Во тој контекст, претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на просперитетот и безбедноста на регионот. Обединетото Кралство, посочи претседателот Пендаровски, е докажан пријател на Македонија и силен поддржувач во исполнувањето на нејзините стратешки цели и изрази очекување за продолжување на поддршката за зајакнување на стабилноста, демократијата, владеењето на правото и справувањето со криминалот и корупцијата, соопшти кабинетот на Пендаровски. 

Во контекст на македонските аспирации за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски истакнал дека деблокадата на процесот и отворањето на пристапните преговори за членство со Македонија позитивно ќе се влијае за стабилноста на регионот.

На средбата претседателот Пендаровски и специјалниот претставник Пич размениле мислења и информации во врска на руската инвазија врз Украина, како и делувањето на двете држави во рамки на НАТО Алијансата во однос на ова прашање.

The post Во Охрид дојде специјалниот претставник на Велика Британија за Балканот appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска во „Вила Билјана“ во Охрид го прими сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, со кој разговараше за актуелните состојби во регионот во светло на активностите на Пич како специјален претставник на Обединетото кралство за Западен Балкан. -Во тој контекст, претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на просперитетот и безбедноста на регионот. Обединетото Кралство, посочи претседателот Пендаровски, е докажан пријател на Македонија и силен поддржувач во исполнувањето на нејзините стратешки цели и изрази очекување за продолжување на поддршката за зајакнување на стабилноста, демократијата, владеењето на правото и справувањето со криминалот и корупцијата, соопшти кабинетот на Пендаровски.  Во контекст на македонските аспирации за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски истакнал дека деблокадата на процесот и отворањето на пристапните преговори за членство со Македонија позитивно ќе се влијае за стабилноста на регионот. На средбата претседателот Пендаровски и специјалниот претставник Пич размениле мислења и информации во врска на руската инвазија врз Украина, како и делувањето на двете држави во рамки на НАТО Алијансата во однос на ова прашање.

The post Во Охрид дојде специјалниот претставник на Велика Британија за Балканот appeared first on Република.

]]>