Стивен Сегал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stiven-segal/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Mar 2023 12:27:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стивен Сегал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stiven-segal/ 32 32 Путин му додели врвна државна награда на холивудскиот актер Стивен Сигал за неговата меѓународна хуманитарна и културна работа https://arhiva3.republika.mk/scena/film/putin-mu-dodeli-vrvna-drzhavna-nagrada-na-holivudskiot-akter-stiven-sigal-za-negovata-megunarodna-humanitarna-i-kulturna-rabota/ Wed, 01 Mar 2023 12:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=614679

Рускиот претседател Владимир Путин му додели врвна државна награда на холивудскиот актер Стивен Сигал во знак на признание на неговата меѓународна хуманитарна и културна работа, стои во државниот декрет објавен во понеделникот.

Во декретот се наведува дека 70-годишниот Сигал, ѕвезда на десетици акциони филмови, меѓу кои „Под опсада“, веќе бил одликуван со Орден за пријателство.

Наградата беше објавена на интернет-порталот на руската влада во понеделникот. Сигал не сподели јавна реакција за укажаната чест.

Во указот се споменува работата на Сигал како специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за хуманитарни врски со САД и Јапонија.

Американскиот актер и практичар на борачки вештини работел во Јапонија и долго време му се восхитувал на Путин, од кого во 2016 година доби руски пасош.

Медиумите потсетуваат дека Сигал, чест посетител на Русија, ја поддржа московската анексија на украинскиот регион Крим во 2014 година како многу разумна, се приклучи на про-Кремљ партија во 2021 година и посети дел од источна Украина под руска контрола минатото лето, каде што се сретна со сепаратистички лидер поддржан од Русија.

Украина во 2017 година му забрани на Сигал да влегува пет години од причини поврзани со националната безбедност.

The post Путин му додели врвна државна награда на холивудскиот актер Стивен Сигал за неговата меѓународна хуманитарна и културна работа appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин му додели врвна државна награда на холивудскиот актер Стивен Сигал во знак на признание на неговата меѓународна хуманитарна и културна работа, стои во државниот декрет објавен во понеделникот. Во декретот се наведува дека 70-годишниот Сигал, ѕвезда на десетици акциони филмови, меѓу кои „Под опсада“, веќе бил одликуван со Орден за пријателство. Наградата беше објавена на интернет-порталот на руската влада во понеделникот. Сигал не сподели јавна реакција за укажаната чест. Во указот се споменува работата на Сигал како специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за хуманитарни врски со САД и Јапонија. Американскиот актер и практичар на борачки вештини работел во Јапонија и долго време му се восхитувал на Путин, од кого во 2016 година доби руски пасош. Медиумите потсетуваат дека Сигал, чест посетител на Русија, ја поддржа московската анексија на украинскиот регион Крим во 2014 година како многу разумна, се приклучи на про-Кремљ партија во 2021 година и посети дел од источна Украина под руска контрола минатото лето, каде што се сретна со сепаратистички лидер поддржан од Русија. Украина во 2017 година му забрани на Сигал да влегува пет години од причини поврзани со националната безбедност.

The post Путин му додели врвна државна награда на холивудскиот актер Стивен Сигал за неговата меѓународна хуманитарна и културна работа appeared first on Република.

]]>
Нико го обвини Зеленски за воени злосторства: Ги убивате своите затвореници за да не ја откријат вистината https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/niko-go-obvini-zelenski-za-voeni-zlostorstva-gi-ubivate-svoite-zatvorenici-za-da-ne-ja-otkrijat-vistinata/ Fri, 12 Aug 2022 18:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=539556

Актерот Стивен Сегал, кој е и голем поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин, сугерираше дека украинските сили наводно нападнале затворски логор под руска контрола со цел да ги убијат сопствените воени заробеници.

Како што пренесува Индепендент, Сегал тврди дека тоа го направиле за да ги спречат „да зборуваат за злосторствата на Зеленски против човештвото“.

Поддржувачот на Владимир Путин зборуваше од местото на експлозијата на 29 јули, во која загинаа најмалку 50 луѓе.

– Еден од убиените е нацист кој штотуку почна многу да зборува за Зеленски, а Зеленски е одговорен за наредбата за тортура – тврди Сегал.

– Зеленски беше вмешан во злосторства против човештвото. Се прашувам дали затоа е убиен овој човек? – прашува познатиот актер.

Во вторникот Стивен Сигал го посети уништениот затвор во Украина под руска окупација, каде ги повтори зборовите на Кремљ во улога на официјален портпарол.

Снимката емитувана од руските државни медиуми го покажува актерот во урнатините на зградата идентификувана како затвор Оленивка во Доњецк, каде што на крајот на јули беа убиени повеќе од 50 украински воени заробеници во спорни околности.

Додека Русија ја обвинува Украина дека го погодила центарот со ракетниот систем ХИМАРС испорачана од САД, Украина за тоа го обвини руското гранатирање – и во двата случаи, ова е воено злосторство.

Сегал беше таму за да ја промовира руската страна, во својство на специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи задолжен за американско-руските односи. Сигал, долгогодишен обожавател на Русија и на претседателот Владимир Путин, ја доби титулата во 2018 година, пишува Инсајдер.

И покрај тоа што Сигал доби пристап до локацијата, Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кој сака да им помогне на жртвите од нападот, сè уште не добил дозвола да ја посети, пишува „Москва тајмс“.

Да потсетиме, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на 3 август најави дека ќе започне мисија за утврдување на фактите, на барање и на Русија и на Украина, со цел да се разбере што се случило таму, пишува Укринформ.

Иако снимката од Сигал не е целосно потврдена, сликата на страницата на Би-Би-Си објавена набргу откако беше погодена локацијата е блиска до визуелно совпаѓање со локацијата каде што е снимен Сигал.

Украинскиот весник „Одеса журнал“ исто така објави за посетата.

Сигал, кој со години е проруски настроен, снима документарен филм за војната во регионот, се вели во објавата на Денис Пушилин, водач во регионот Доњецк.

The post Нико го обвини Зеленски за воени злосторства: Ги убивате своите затвореници за да не ја откријат вистината appeared first on Република.

]]>

Актерот Стивен Сегал, кој е и голем поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин, сугерираше дека украинските сили наводно нападнале затворски логор под руска контрола со цел да ги убијат сопствените воени заробеници. Како што пренесува Индепендент, Сегал тврди дека тоа го направиле за да ги спречат „да зборуваат за злосторствата на Зеленски против човештвото“. Поддржувачот на Владимир Путин зборуваше од местото на експлозијата на 29 јули, во која загинаа најмалку 50 луѓе.
– Еден од убиените е нацист кој штотуку почна многу да зборува за Зеленски, а Зеленски е одговорен за наредбата за тортура – тврди Сегал. – Зеленски беше вмешан во злосторства против човештвото. Се прашувам дали затоа е убиен овој човек? – прашува познатиот актер.
Во вторникот Стивен Сигал го посети уништениот затвор во Украина под руска окупација, каде ги повтори зборовите на Кремљ во улога на официјален портпарол. Снимката емитувана од руските државни медиуми го покажува актерот во урнатините на зградата идентификувана како затвор Оленивка во Доњецк, каде што на крајот на јули беа убиени повеќе од 50 украински воени заробеници во спорни околности. Додека Русија ја обвинува Украина дека го погодила центарот со ракетниот систем ХИМАРС испорачана од САД, Украина за тоа го обвини руското гранатирање – и во двата случаи, ова е воено злосторство. Сегал беше таму за да ја промовира руската страна, во својство на специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи задолжен за американско-руските односи. Сигал, долгогодишен обожавател на Русија и на претседателот Владимир Путин, ја доби титулата во 2018 година, пишува Инсајдер. И покрај тоа што Сигал доби пристап до локацијата, Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кој сака да им помогне на жртвите од нападот, сè уште не добил дозвола да ја посети, пишува „Москва тајмс“. Да потсетиме, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на 3 август најави дека ќе започне мисија за утврдување на фактите, на барање и на Русија и на Украина, со цел да се разбере што се случило таму, пишува Укринформ. Иако снимката од Сигал не е целосно потврдена, сликата на страницата на Би-Би-Си објавена набргу откако беше погодена локацијата е блиска до визуелно совпаѓање со локацијата каде што е снимен Сигал. Украинскиот весник „Одеса журнал“ исто така објави за посетата. Сигал, кој со години е проруски настроен, снима документарен филм за војната во регионот, се вели во објавата на Денис Пушилин, водач во регионот Доњецк.

The post Нико го обвини Зеленски за воени злосторства: Ги убивате своите затвореници за да не ја откријат вистината appeared first on Република.

]]>
Стивен Сегал на забава во Москва по повод неговиот 70-ти роденден https://arhiva3.republika.mk/scena/film/stiven-segal-na-zabava-vo-moskva-po-povod-negoviot-70-ti-rodenden/ Thu, 14 Apr 2022 08:06:39 +0000 https://republika.mk/?p=488246

Стивен Сегал ја потврди својата поддршка за Владимир Путин и неговите сојузници на забава во Москва по повод неговиот 70-ти роденден, пишува „Independent“.

Ѕвездата на неколку холивудски акциони филмови наводно присуствувал на вечера одржана во неделата во негова чест, во еден ресторан во Москва.

Според пишувањата на „The Times“, на споменатиот настан присуствувале и рускиот водител на државната телевизија Владимир Соловјов и руската новинарка Маргарита Симонјан кои се ставени на листата на санкции од ЕУ како одговор на нападот на Путин врз Украина.

На снимка која кружи на Твитер, Стивен Сегал кој претходно го нарече Путин „еден од најголемите светски лидери“, се слуша како сите во просторијата ги нарекува свое семејство и пријатели.

Со преведувач покрај себе, Сегал на англиски додал:

Ве сакам сите вас и се држиме заедно и кога е густо.

The post Стивен Сегал на забава во Москва по повод неговиот 70-ти роденден appeared first on Република.

]]>

Стивен Сегал ја потврди својата поддршка за Владимир Путин и неговите сојузници на забава во Москва по повод неговиот 70-ти роденден, пишува „Independent“.
Ѕвездата на неколку холивудски акциони филмови наводно присуствувал на вечера одржана во неделата во негова чест, во еден ресторан во Москва.
Според пишувањата на „The Times“, на споменатиот настан присуствувале и рускиот водител на државната телевизија Владимир Соловјов и руската новинарка Маргарита Симонјан кои се ставени на листата на санкции од ЕУ како одговор на нападот на Путин врз Украина. На снимка која кружи на Твитер, Стивен Сегал кој претходно го нарече Путин „еден од најголемите светски лидери“, се слуша како сите во просторијата ги нарекува свое семејство и пријатели. Со преведувач покрај себе, Сегал на англиски додал:
Ве сакам сите вас и се држиме заедно и кога е густо.

The post Стивен Сегал на забава во Москва по повод неговиот 70-ти роденден appeared first on Република.

]]>