Стибера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stibera/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Sep 2024 12:18:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стибера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stibera/ 32 32 Прва конзервација на агората во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prva-konzervatsija-na-agorata-vo-antichkiot-lokalitet-stibera-kaj-prilep/ Sun, 22 Sep 2024 12:18:42 +0000 https://republika.mk/?p=818720

Прилепскиот Завод и музеј ги заокружува првите конзерваторски работи на агората, средиштето на античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп. Агората е плоштадот и јадрото на стопанскиот и на културниот живот во античкиот град „Стибера“, најпознат по мермерните статуи. Агората е единствена градба од таков вид, откриена на тлото во Македонија.

Конзерваторските работи ќе се одвиваат во етапи.

Оваа година почнуваме со првата фаза на градба, согласно со проектот за конзервација и делумна реконструкција на агората, што е непосредно до храмот на божицата Тихе, заштитничка на Стибера. Во агората се најдени многу ексклузивни движни наоди. Еден од нив е мерната маса за течни продукти која беше изложена во Музејот на Македонија. Исто така, во едната ниша е пронајдена мермерна ара со натпис кој сведочи за нејзиното настанување и кој ја донирал мерната маса. Конзервацијата на вакви значајни објекти од античкиот период е многу комплексна. Многу е специфичен изборот на материјали. Годинава имавме среќни околности и е куриозитет да откупиме куќа која е правена со камен токму од Стибера и е од 1920 година. Дури најдовме и една монета, објаснува Кире Јованоски, архитект, конзерватор советник во прилепскиот Завод и музеј.

Стибера го имала најголемиот подем во првите три века од нашата ера. Досега се откриени градбите на Гимназиумот, на храмот на божицата Тихе, заштитничка на градот кој броел околу 20 000 жители, потоа Собранието, а агората е средишниот дел, јадрото, плоштадот каде се одвивале стопанските и културните активности и е единствена градба од таков вид откриена во Македонија.

Стибера е македонската Помпеја поради зачуваноста на големиот број артефакти, мермерни статуи. Административната зграда на агората е вид објект првпат откриен кај нас. Тоа бил градскиот плоштад каде покрај тоа што се вршела купопродажба на продукти и намирници, се одржувале манифестации и настани, јавни собири. Агората е центар, јадро, на секој антички град, смета архелогот Душко Темелкоски при прилепскиот Завод и музеј.

Минатата година првпат со опрема на Археолошкиот музеј на Македонија беше направено подземно сондирање, скенирање на тлото со што се потврди претпоставката дека на овој простор кај агората и плоштадот се наоѓаат уште неколку градби со различни функции. Но, најголем проблем се парцелите под кои „лежи“ градот, а се во приватна сопственост.

Во соработка со Министерството за култура, се надевам дека ќе излезат во пресрет, да можеме да добиеме поголеми средства за да се направи и откуп на дел од парцелите на кои е предвидено истражување. Во соработка со архелогот Душко Темелкоски ќе се направи соодветна документација и сета состојба да биде презентирана пред Министерството за култура за да се добијат поголеми средства за да може да продолжиме со работа и да се обезбеди просторот во кој ќе може да се извршат археолошките ископувања. Стибера е голем археолошки град со кој треба да се гордееме и да не бидеме во ситуација да го затвораме за туристите и туризмот зашто е атрактивен и привлекува големо внимание, објаснува в.д. директорката на прилепскиот Завод и музеј, Мимоза Христоска.

Проектот за конзервација е 1,7 милини денари. Сега се работеше со 500 000 денари буџет. Првите козерваторски работи завршуваат денес, а траеја 20-тина дена. Стибера привлекува големо внимание на посетители и туристи. Жителите на селото Чепигово сведочат за посета на туристи од Грција, Турција.

The post Прва конзервација на агората во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп appeared first on Република.

]]>

Прилепскиот Завод и музеј ги заокружува првите конзерваторски работи на агората, средиштето на античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп. Агората е плоштадот и јадрото на стопанскиот и на културниот живот во античкиот град „Стибера“, најпознат по мермерните статуи. Агората е единствена градба од таков вид, откриена на тлото во Македонија. Конзерваторските работи ќе се одвиваат во етапи.
Оваа година почнуваме со првата фаза на градба, согласно со проектот за конзервација и делумна реконструкција на агората, што е непосредно до храмот на божицата Тихе, заштитничка на Стибера. Во агората се најдени многу ексклузивни движни наоди. Еден од нив е мерната маса за течни продукти која беше изложена во Музејот на Македонија. Исто така, во едната ниша е пронајдена мермерна ара со натпис кој сведочи за нејзиното настанување и кој ја донирал мерната маса. Конзервацијата на вакви значајни објекти од античкиот период е многу комплексна. Многу е специфичен изборот на материјали. Годинава имавме среќни околности и е куриозитет да откупиме куќа која е правена со камен токму од Стибера и е од 1920 година. Дури најдовме и една монета, објаснува Кире Јованоски, архитект, конзерватор советник во прилепскиот Завод и музеј.
Стибера го имала најголемиот подем во првите три века од нашата ера. Досега се откриени градбите на Гимназиумот, на храмот на божицата Тихе, заштитничка на градот кој броел околу 20 000 жители, потоа Собранието, а агората е средишниот дел, јадрото, плоштадот каде се одвивале стопанските и културните активности и е единствена градба од таков вид откриена во Македонија.
Стибера е македонската Помпеја поради зачуваноста на големиот број артефакти, мермерни статуи. Административната зграда на агората е вид објект првпат откриен кај нас. Тоа бил градскиот плоштад каде покрај тоа што се вршела купопродажба на продукти и намирници, се одржувале манифестации и настани, јавни собири. Агората е центар, јадро, на секој антички град, смета архелогот Душко Темелкоски при прилепскиот Завод и музеј.
Минатата година првпат со опрема на Археолошкиот музеј на Македонија беше направено подземно сондирање, скенирање на тлото со што се потврди претпоставката дека на овој простор кај агората и плоштадот се наоѓаат уште неколку градби со различни функции. Но, најголем проблем се парцелите под кои „лежи“ градот, а се во приватна сопственост.
Во соработка со Министерството за култура, се надевам дека ќе излезат во пресрет, да можеме да добиеме поголеми средства за да се направи и откуп на дел од парцелите на кои е предвидено истражување. Во соработка со архелогот Душко Темелкоски ќе се направи соодветна документација и сета состојба да биде презентирана пред Министерството за култура за да се добијат поголеми средства за да може да продолжиме со работа и да се обезбеди просторот во кој ќе може да се извршат археолошките ископувања. Стибера е голем археолошки град со кој треба да се гордееме и да не бидеме во ситуација да го затвораме за туристите и туризмот зашто е атрактивен и привлекува големо внимание, објаснува в.д. директорката на прилепскиот Завод и музеј, Мимоза Христоска.
Проектот за конзервација е 1,7 милини денари. Сега се работеше со 500 000 денари буџет. Првите козерваторски работи завршуваат денес, а траеја 20-тина дена. Стибера привлекува големо внимание на посетители и туристи. Жителите на селото Чепигово сведочат за посета на туристи од Грција, Турција.

The post Прва конзервација на агората во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп appeared first on Република.

]]>
Во Стибера откриени остатоци од градба од 1 век https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-stibera-otkrieni-ostatotsi-od-gradba-od-1-vek/ Sun, 28 Jul 2024 12:53:56 +0000 https://republika.mk/?p=801032

Завршија годинашните археолошки истражувања на античкиот урбан центар Стибера кај селото Чепигово, Прилепско. Од Заводот и музеј во Прилеп информираат дека новооткриената градба е прилепена до административната зграда на главниот градски пазариштен плоштад – агората.

Според наодите што ги откривме, констатираме дека градбата е подоцнежна, односно датира од средината на третиот век, кога Стибера по насилните упаѓања на варварските племиња Херули и Готи ги губи својот сјај и високата политичка позиција што ја имала во рамките на Римската Империја. Под неа откривме и остатоци од постара градба од првиот век.

The post Во Стибера откриени остатоци од градба од 1 век appeared first on Република.

По 70 години од почетокот на истражувањата на локалитетот Стибера се прави гео скенирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/po-70-godini-od-pochetokot-na-istrazhuvanata-na-lokalitetot-stibera-se-pravi-geo-skenirane/ Sun, 05 Nov 2023 13:14:43 +0000 https://republika.mk/?p=698414

За првпат после 70 години од започнувањето на истражувањата на локалитетот Стибера се прави негово гео скенирање со посебен уред на кој се отчитува каде би можеле да се наоѓаат неоткриените градби. Во иднина овие испитувања ќе помогнат многу, ќе се заштеди време и пари, а археолозите точно ќе знаат каде да копаат и што да очекуваат дека може да се открие под земјата.

Овие истражувања се работат во соработка со Археолошкиот музеј на Македонија и првичните податоци покажуваат дека под земјата има мноштво на ѕидови и градби, но за тоа што поконкретно би можело да има закопано тука ќе треба сите овие добиени податоци потоа да се обработат во посебен софтвер.

До сега со овој уред, кој е единствен од ваков тип во Македонија биле покриени 15 локалитети, а на 5 до 6 од нив веќе биле направени археолошки истражувања и биле потврдени податоците добиени со овој скенер.

Инаку од Стибера досега се откриени само 5%, скоро целиот град е се уште под земја. Во тоа време Стибеа имал 20.000 жители, што во денешни рамки тоа би било еквивалент на една огромна метропола. Градот е на ранг на Стопи, Хераклеа и Скупи.

The post По 70 години од почетокот на истражувањата на локалитетот Стибера се прави гео скенирање appeared first on Република.

]]>

За првпат после 70 години од започнувањето на истражувањата на локалитетот Стибера се прави негово гео скенирање со посебен уред на кој се отчитува каде би можеле да се наоѓаат неоткриените градби. Во иднина овие испитувања ќе помогнат многу, ќе се заштеди време и пари, а археолозите точно ќе знаат каде да копаат и што да очекуваат дека може да се открие под земјата. Овие истражувања се работат во соработка со Археолошкиот музеј на Македонија и првичните податоци покажуваат дека под земјата има мноштво на ѕидови и градби, но за тоа што поконкретно би можело да има закопано тука ќе треба сите овие добиени податоци потоа да се обработат во посебен софтвер. До сега со овој уред, кој е единствен од ваков тип во Македонија биле покриени 15 локалитети, а на 5 до 6 од нив веќе биле направени археолошки истражувања и биле потврдени податоците добиени со овој скенер. Инаку од Стибера досега се откриени само 5%, скоро целиот град е се уште под земја. Во тоа време Стибеа имал 20.000 жители, што во денешни рамки тоа би било еквивалент на една огромна метропола. Градот е на ранг на Стопи, Хераклеа и Скупи.