стево пендаровска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stevo-pendarovska/ За подобро да се разбереме Sun, 05 May 2024 18:59:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стево пендаровска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stevo-pendarovska/ 32 32 Пендаровски од Ресен: Размислувајте за иднината на државата во целина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-od-resen-razmisluvajte-za-idninata-na-drzhavata-vo-tselina/ Sun, 05 May 2024 18:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=774607

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу жителите на Ресен.

Повикувајќи ги граѓаните да се обединат и помасовно да излезат на гласање на 8 мај, Пендаровски посочи дека неговата и понудата на противкандидатката се дијаметрално спротивни.

„Јас нудам прогрес, тие нудат враќање назад. Ние ја внесовме државата во НАТО и почнавме преговори со ЕУ, тие најавуваат репреговарање на договорите кои го овозможија тоа. Со нас има слобода на говор, тие, ако се дограбат до власт, ќе апсат новинари и ќе имаме режим број 2", рече Пендаровски пред ресенчани.

Во оваа насока, истакна Пендаровски, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, државата беше во приватна сопственост и ги деградираа граѓаните во зависност од тоа дали некој гласал за нив или не. Истовремено, го осиромашија народот, а за себе и за своите фамилии грабаа без контрола.

„Дојдоа скромни, си заминаа како мултимилионери", потенцираше Пендаровски.

И додаде дека граѓаните не смеат да дозволат да се вратат пак на власт и да ја уназадат државата. Пендаровски ги повика жителите на Ресен во среда да размислуваат за иднината на државата во целина, бидејќи само опцијата број 1 нуди просперитетна иднина.

The post Пендаровски од Ресен: Размислувајте за иднината на државата во целина appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу жителите на Ресен. Повикувајќи ги граѓаните да се обединат и помасовно да излезат на гласање на 8 мај, Пендаровски посочи дека неговата и понудата на противкандидатката се дијаметрално спротивни.