Стевче Антовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stevche-antovski/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Feb 2024 13:54:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стевче Антовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stevche-antovski/ 32 32 Антовски: Власта и дала уште еден тендер од 4 милиони евра на омилената фирма „Марковски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antovski-vlasta-i-dala-ushte-eden-tender-od-4-milioni-evra-na-omilenata-firma-markovski/ Sat, 17 Feb 2024 13:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=745154

Во АД ЕСМ продолжуваат епизодите со милионските договори за јавни набавки со нивната омилена фирма – МАРКОВСКИ КОМПАНИ Борче ДООЕЛ од Битола, како да се работи за индиска серија. Овој конзул на држава под санкции на ЕУ изминативе години додека СДС и ДУИ се власт свртел стотици и стотици милиони евра тендери во РЕК Битола. После оние 150 милиони евра кои ВМРО-ДПМНЕ ги објави пред два дена, следуваат нови 4 милиони евра. Власта во заминување направи пепел, народните пари безмилосно ги троши, обвинува Стевче Антовски од ВМРО- ДПМНЕ на прес-конференција.

-Но, после изборите на 8-ми мај одговорност ќе има за сите кои се огрешиле пред правдата. Имено, пред два дена објавивме дека власта во заминување на СДС и ДУИ непосредно пред избори подготвува два тендери во РЕК Битола од 9 милијарди денари. Од овие мултимилионски јавни набавки на ЕСМ во изминатиов период најголеми придобивки имаа неколку компании, најчесто на тајкуните од земјите блиски до Русија и блиски до фамилијата на екс премиерот. Најпрво СДС и ДУИ на мала врата, незаконски и на сила сакаат да спроведат тендер за набавка и увоз на јаглен од 6 милијарди денари, со кој ќе доделат тендер за ископ на јаглен и јаловина на омилена фирма на еден конзул на земја под санкции на ЕУ. Потоа следеше нов тендер од 46 милиони евра, за сега да следи трет тендер во висина од 4 милион евра. „Европскиот фронт“ е само на хартија, а во реалноста оваа власт дава милиони на бизнисмени поврзани со Русија и нивни сателити, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

The post Антовски: Власта и дала уште еден тендер од 4 милиони евра на омилената фирма „Марковски“ appeared first on Република.

]]>

Стевче Антовски покажа документи од кои се гледа судир на интереси при набавки во РЕК Битола во случајот со фирмата КОМПАКТ МСФ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stevche-antovski-pokaza-dokumenti-od-koi-se-gleda-sudir-na-interesi-pri-nabavki-vo-rek-bitola-vo-sluchajot-so-firmata-kompakt-msf/ Mon, 28 Nov 2022 17:24:17 +0000 https://republika.mk/?p=579324

Директорот на РЕК Битола Пеце Матевски имаше јавна реакција на одржаните прес конференции од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо закани за тужби, Пеце Матевски да се заблагодари за јавно изнесените податоци од страна на ВМРО-ДПМНЕ за начинот на кој се фактурираат извршените услуги од надворешните компании и да изврши контрола во РЕК Битола, секако доколку не е запознаен со истото.

Директорот Пеце Матевски јавно бара докази за неправилностите во работата на РЕК Битола, во начинот на кој се извршуваат тендерските постапки. На одржаната прес конференција од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Стевче Антовски јавно ги прикажа склучените договори помеѓу РЕК Битола и фирмата КОМПАКТ МСФ Дооел Битола. Овие договори се доволен доказ дека во РЕК Битола постои директен судир на интереси кога станува збор за тендерски постапки. Фирмата КОМПАКТ МСФ која што е во фамилијарна сопственост на првиот синдикалец на РЕК Битола Менде Фидановски, добива тендери од неговата сопруга која што е вработена во РЕК Битола во 2020 година во службата за деловно техничка апликација како организатор на обработка. Многу е едноставно, фирмата на фамилијата на првиот синдикалец во РЕК Битола учествува на тендерите и неговата сопруга извршува верификација на истите.

Пеце Матевски наместо да се заканува да одговори на следните прашања:

Зашто Директорот на РЕК Битола во своето јавно излагање воопшто не ги спомна јавно прикажаните документи, дали мисли дека со премолчување ќе успее да го скрие недомаќинското управување во РЕК Битола, прашуваат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Дали Директорот може да разбере дека тој е единствениот кој што ги понижува повеќе од 2000 вработени во РЕК Битола со начинот на неговото управување а со тоа и сите граѓани на Македонија?

Дали позади јавните заканувачки изјави на директорот се крие страв од соочување со одговорноста за се она што го прави раководството со РЕК Битола изминатите години?

Раководството на Електрани на Македонија треба да разбере дека заврши времето кога можеше да врши притисок и да сее страв. Притосоците и заканите нема да помогнат во затскривањето на оние кои сториле кривични дела и да избегаат од одговорноста. Никакви закани и притисоци нема да ги спречат промените и да донесат правда за сите, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Стевче Антовски покажа документи од кои се гледа судир на интереси при набавки во РЕК Битола во случајот со фирмата КОМПАКТ МСФ appeared first on Република.

]]>

Директорот на РЕК Битола Пеце Матевски имаше јавна реакција на одржаните прес конференции од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо закани за тужби, Пеце Матевски да се заблагодари за јавно изнесените податоци од страна на ВМРО-ДПМНЕ за начинот на кој се фактурираат извршените услуги од надворешните компании и да изврши контрола во РЕК Битола, секако доколку не е запознаен со истото. Директорот Пеце Матевски јавно бара докази за неправилностите во работата на РЕК Битола, во начинот на кој се извршуваат тендерските постапки. На одржаната прес конференција од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Стевче Антовски јавно ги прикажа склучените договори помеѓу РЕК Битола и фирмата КОМПАКТ МСФ Дооел Битола. Овие договори се доволен доказ дека во РЕК Битола постои директен судир на интереси кога станува збор за тендерски постапки. Фирмата КОМПАКТ МСФ која што е во фамилијарна сопственост на првиот синдикалец на РЕК Битола Менде Фидановски, добива тендери од неговата сопруга која што е вработена во РЕК Битола во 2020 година во службата за деловно техничка апликација како организатор на обработка. Многу е едноставно, фирмата на фамилијата на првиот синдикалец во РЕК Битола учествува на тендерите и неговата сопруга извршува верификација на истите. Пеце Матевски наместо да се заканува да одговори на следните прашања: Зашто Директорот на РЕК Битола во своето јавно излагање воопшто не ги спомна јавно прикажаните документи, дали мисли дека со премолчување ќе успее да го скрие недомаќинското управување во РЕК Битола, прашуваат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.
Дали Директорот може да разбере дека тој е единствениот кој што ги понижува повеќе од 2000 вработени во РЕК Битола со начинот на неговото управување а со тоа и сите граѓани на Македонија? Дали позади јавните заканувачки изјави на директорот се крие страв од соочување со одговорноста за се она што го прави раководството со РЕК Битола изминатите години? Раководството на Електрани на Македонија треба да разбере дека заврши времето кога можеше да врши притисок и да сее страв. Притосоците и заканите нема да помогнат во затскривањето на оние кои сториле кривични дела и да избегаат од одговорноста. Никакви закани и притисоци нема да ги спречат промените и да донесат правда за сите, велат од ВМРО ДПМНЕ.  

The post Стевче Антовски покажа документи од кои се гледа судир на интереси при набавки во РЕК Битола во случајот со фирмата КОМПАКТ МСФ appeared first on Република.

]]>
Антовски: На криминалите во РЕК Битола им нема крај https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/antovski-na-kriminalite-vo-rek-bitola-im-nema-kraj/ Mon, 28 Nov 2022 12:25:10 +0000 https://republika.mk/?p=579142

На скандалите и криминалите во РЕК Битола никако да им дојде крајот. После нашето обелоденување на криминалниот тендер за ископ на јаглен, додека невешто се трудат да ги оправдаат своите афери, ги повикуваме да објаснат како ги поделиле 7-те милиони евра повеќе, истакна на денешната прес конференција Стевче Антовски од ВМРО ДПМНЕ.

Да потсетиме, РЕК Битола склучува коруптивен договор во висина од 20.000.000 евра. на тендерот со еден понудувач „Марковски- компани“, а само за споредба кога имало конкуренција за истата намена во 2021 година РЕК Битола платиле 13.000.000 евра што е за 7.000.000 евра помалку.

Бројките се немилосрдни. Кога имало конкуренција цените биле далеку пониски. Ете на пример во минатото кога имало негативно наддавање за тендер, цената на јагленот по GJ (гига џул) достигнувала цена од 99 денари/GJ (единечна цена во која се наплаќа донесениот јаглен во сооднос квалитет и количина). Напротив, кога немало наддавање во 2021 година цената била неверојатни 130 денари на тендерот кој го договориле во четири очи со фирмата која ја фаворизираат. За истата услуга во 2022 година цената достигнала до 153 денари со ДДВ, повторно на тендер кој е договорен во четири очи - рече Антовски.

Ете затоа тендерите стануваат се поскапи, а РЕК Битола тоне се повеќе.

Лакомоста на раководството на РЕК Битола не завршува тука. Криминалот е многу поголем при реализација на овие тендери, кога истиот камион неколку пати поминува на вага со товарениот материјал без да го истовари на депониите за јаглен, т.е. истиот товар се наплаќа и фактурира неколкукратно, па оваа цена неколкукратно ја надминува цената по GJ.

Но, ова е само еден од начините за испумпување на средства од РЕК Битола. Денес ќе објавиме зошто синдикалниот лидер на РЕК Битола Менде Фидановски молчи и нема ниту збор за бројните афери поврзани со РЕК Битола, за теророт, за отпуштањата, за немањето ХТЗ опрема. Зошто нема ниту збор од него за уништувањето на компанијата и за туркањето во загуба?! Зошто од синдикатот нема ниту збор за потенцијалното затворање на работните места во ЕЛЕМ!

Менде Фидановски откако е главен синдикалец има наплатено 1.200.000 евра од РЕК Битола на име тендери, преку сопствената семејна компанија која до 2020 година била водена од неговата сопруга. Истата таа од 2020 година е вработена во РЕК Битола, во службата за деловно техничка апликација како организатор на обработка. Сега семејната фирма со еден вработен КОМПАКТ МСФ ДООЕЛ Битола, ја води нивниот син Мартин Фидановски.

Договорите кои ги објавуваме сведочат за тоа како преку семејната фирма на синдикалниот лидер Менде Фидановски „КОМПАКТ МСФ“ ДООЕЛ Битола се испумпуваат народни пари од РЕК Битола. Фирмата учествува на тендер во РЕК Битола и го добива тендерот. За тоа сведочат договорите од 21.6.2022 година и од 26.8.2022 година. Разликата од оние договори од 2020 година е што тогаш тие се потпишувани од сопругата на Менде, а во 2022 година од синот, бидејќи како награда, сопругата на Менде веќе е вработена во РЕК Битола.

Неколку пати предупредуваме дека во РЕК Битола безмилосно се краде.
Ги повикуваме истражните органи да реагираат по допрен глас за лица кои ги крадат нашите и вашите пари.

ПРЕМНОГУ Е! Одговорност ќе има за сите!

Избори што побргу и нова влада за да се престане со раскрчмувањето и крадењето во РЕК Битола, рече Антовски

The post Антовски: На криминалите во РЕК Битола им нема крај appeared first on Република.

]]>

На скандалите и криминалите во РЕК Битола никако да им дојде крајот. После нашето обелоденување на криминалниот тендер за ископ на јаглен, додека невешто се трудат да ги оправдаат своите афери, ги повикуваме да објаснат како ги поделиле 7-те милиони евра повеќе, истакна на денешната прес конференција Стевче Антовски од ВМРО ДПМНЕ. Да потсетиме, РЕК Битола склучува коруптивен договор во висина од 20.000.000 евра. на тендерот со еден понудувач „Марковски- компани“, а само за споредба кога имало конкуренција за истата намена во 2021 година РЕК Битола платиле 13.000.000 евра што е за 7.000.000 евра помалку.
Бројките се немилосрдни. Кога имало конкуренција цените биле далеку пониски. Ете на пример во минатото кога имало негативно наддавање за тендер, цената на јагленот по GJ (гига џул) достигнувала цена од 99 денари/GJ (единечна цена во која се наплаќа донесениот јаглен во сооднос квалитет и количина). Напротив, кога немало наддавање во 2021 година цената била неверојатни 130 денари на тендерот кој го договориле во четири очи со фирмата која ја фаворизираат. За истата услуга во 2022 година цената достигнала до 153 денари со ДДВ, повторно на тендер кој е договорен во четири очи - рече Антовски.
Ете затоа тендерите стануваат се поскапи, а РЕК Битола тоне се повеќе. Лакомоста на раководството на РЕК Битола не завршува тука. Криминалот е многу поголем при реализација на овие тендери, кога истиот камион неколку пати поминува на вага со товарениот материјал без да го истовари на депониите за јаглен, т.е. истиот товар се наплаќа и фактурира неколкукратно, па оваа цена неколкукратно ја надминува цената по GJ. Но, ова е само еден од начините за испумпување на средства од РЕК Битола. Денес ќе објавиме зошто синдикалниот лидер на РЕК Битола Менде Фидановски молчи и нема ниту збор за бројните афери поврзани со РЕК Битола, за теророт, за отпуштањата, за немањето ХТЗ опрема. Зошто нема ниту збор од него за уништувањето на компанијата и за туркањето во загуба?! Зошто од синдикатот нема ниту збор за потенцијалното затворање на работните места во ЕЛЕМ! Менде Фидановски откако е главен синдикалец има наплатено 1.200.000 евра од РЕК Битола на име тендери, преку сопствената семејна компанија која до 2020 година била водена од неговата сопруга. Истата таа од 2020 година е вработена во РЕК Битола, во службата за деловно техничка апликација како организатор на обработка. Сега семејната фирма со еден вработен КОМПАКТ МСФ ДООЕЛ Битола, ја води нивниот син Мартин Фидановски.
Договорите кои ги објавуваме сведочат за тоа како преку семејната фирма на синдикалниот лидер Менде Фидановски „КОМПАКТ МСФ“ ДООЕЛ Битола се испумпуваат народни пари од РЕК Битола. Фирмата учествува на тендер во РЕК Битола и го добива тендерот. За тоа сведочат договорите од 21.6.2022 година и од 26.8.2022 година. Разликата од оние договори од 2020 година е што тогаш тие се потпишувани од сопругата на Менде, а во 2022 година од синот, бидејќи како награда, сопругата на Менде веќе е вработена во РЕК Битола. Неколку пати предупредуваме дека во РЕК Битола безмилосно се краде. Ги повикуваме истражните органи да реагираат по допрен глас за лица кои ги крадат нашите и вашите пари. ПРЕМНОГУ Е! Одговорност ќе има за сите! Избори што побргу и нова влада за да се престане со раскрчмувањето и крадењето во РЕК Битола, рече Антовски

The post Антовски: На криминалите во РЕК Битола им нема крај appeared first on Република.

]]>
Антовски: Владата ја креираше енергетската криза и општините мака мачат со ликвидност, но ги спроведуваат и ветените проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/antovski-vladata-ja-kreirashe-energetskata-kriza-i-opshtinite-maka-machat-so-likvidnost-no-gi-sproveduvaat-i-vetenite-proekti/ Sat, 05 Nov 2022 16:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=570117

Енергетската криза која трае повеќе од една година е директна последица од недомаќинското и нестручното работење на Владата. Политиките кои Владата ги води од доаѓање на власта се директна последица и не ја гледам владата како решение, туку како продуцира проблеми, рече Стевче Антовски, член на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него проблемите ги започна самата Влада со усвојување на тн. зелено сценарио за до 2040 година, според кое треба да се исфрлат фосилните горива од употреба за прозиводство на енергија.

Кога Владата започна да го реалзиира ова сценарио кое е нереално за нашата ситуација и воопшто не одговара на состојбата на нашата енергетика и дојдовме до ова лошо сценарио. Ветија инвестиции во обновливи извори на енергија, а тие се симболични. Поважен процес според мене е затворање на термоцентралите и тие престана да вложуваат во нивно одржување и бевме сведоци на секојдневни хаварии во РЕК Битола. Тоа води кон несоодветно искористување на рудниците. Има и нестручно работење со хидроцентралите, рече Антовски.

Последиците од енергетската криза, додаде Антовски, ги чувсвтува и локалната самоуправа.

Довербата граѓаните ја дадоа на лица од ВМРО-ДПМНЕ, но имаме енергетска кризна состојба, економска криза и сметките за струја се енорми. Со тоа нарушена е ликвидноста на буџетите на општините. И прашање е како да обезбедите нормален процес и дополнително да ги реализирате проектите, кажа Антовски укажувајќи дека Владата е должна на помогне во ваква ситуација.

The post Антовски: Владата ја креираше енергетската криза и општините мака мачат со ликвидност, но ги спроведуваат и ветените проекти appeared first on Република.

]]>

Енергетската криза која трае повеќе од една година е директна последица од недомаќинското и нестручното работење на Владата. Политиките кои Владата ги води од доаѓање на власта се директна последица и не ја гледам владата како решение, туку како продуцира проблеми, рече Стевче Антовски, член на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Според него проблемите ги започна самата Влада со усвојување на тн. зелено сценарио за до 2040 година, според кое треба да се исфрлат фосилните горива од употреба за прозиводство на енергија.
Кога Владата започна да го реалзиира ова сценарио кое е нереално за нашата ситуација и воопшто не одговара на состојбата на нашата енергетика и дојдовме до ова лошо сценарио. Ветија инвестиции во обновливи извори на енергија, а тие се симболични. Поважен процес според мене е затворање на термоцентралите и тие престана да вложуваат во нивно одржување и бевме сведоци на секојдневни хаварии во РЕК Битола. Тоа води кон несоодветно искористување на рудниците. Има и нестручно работење со хидроцентралите, рече Антовски.
Последиците од енергетската криза, додаде Антовски, ги чувсвтува и локалната самоуправа.
Довербата граѓаните ја дадоа на лица од ВМРО-ДПМНЕ, но имаме енергетска кризна состојба, економска криза и сметките за струја се енорми. Со тоа нарушена е ликвидноста на буџетите на општините. И прашање е како да обезбедите нормален процес и дополнително да ги реализирате проектите, кажа Антовски укажувајќи дека Владата е должна на помогне во ваква ситуација.
 
The post Антовски: Владата ја креираше енергетската криза и општините мака мачат со ликвидност, но ги спроведуваат и ветените проекти appeared first on Република.

]]>
Антовски: Народот ќе плаќа поскапа струја затоа што власта го уништи РЕК https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/antovski-narodot-kje-plakja-poskapa-struja-zatoa-shto-vlasta-go-unishti-rek/ Mon, 27 Jun 2022 10:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=520218

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОМЕ за периодот јули-декември 2022 година достави понуда со која ќе се покријат 100% потребите на ЕВН ХОМЕ на регулираниот пазар на електрична енергија, по цена од 48 евра/MWh. Оваа цена е за 17% поголема од досегашната цена која изнесуваше 41 евра/MWh, истакна на денешната прес-конференција Стевче Антовски, член на комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека ова е доволен доказ дека нẻ чека ново големо зголемување на цената на струјата од јули годинава.

-Срамно е што одговорните лица на СДСМ оправдувањето за новото покачување на цената го бараат во поскапите цени на енергенсите на берзите. Кога веќе сакаат да прават споредби на производната цена на АД ЕЛЕМ со цените на берзите, нека кажат за потрошените 200 милиони евра добиени од буџетот во последните 7 месеци за купување на електрична енергија од берзите поради неможноста на АД ЕЛЕМ да произведува домашна електрична енергија. Дали новото покачување на струјата е директна последица на најниското домашно производство на електрична енергија за 2021 година од 3200 GWh? Раководството на АД ЕЛЕМ наместо да се правда и да го релативизира новото покачување, да објасни како од општествена одговорна компанија стана загубар со 17 милиони евра за 2020 година, со 23 милиони евра за 2021 година и е еден од најголемите должници во државата кон своите доверители, вели Антовски.

Како што истакна денеска сите компании што произведуваат електрична енергија во светот остваруваат големи профити, поради високите цени на берзите. Само нашата домашна компанија за производство на електрична енергија АД ЕЛЕМ генерира загуби.

-Наместо целосно исправни и ремонтирани производни капацитети со навремен и доволен ископ на јаглен, Владата на СДСМ само за пет години успеа да го уништи РЕК Битола во целост. Без правилно и навремено одржување и модернизација, со чести хаварии и пожари во блоковите, со поплавени рудници и тендери во четири очи, без нови наоѓалишта и откопи на јаглен јасно е дека ЕЛЕМ секоја година ќе произведува сẻ помалку и помалку електрична енергија. Исто така, потсетуваме на непланското користење на водата од нашите акумулациите на хидроцентралите, додека СДСМ се фалеше дека продавале струја на берзите и оствариле профит, но за жал кога цената на берзата е најниска во летните периоди. Таа е почитувани, вистината за состојбата на АД ЕЛЕМ. За да го оправдаат криминалот во енергетиката, СДСМ смисли интересно „зелено“ сценарио, според кое иднината на македонската енергетика е во обновливите извори на енергија. И додека најбогатите европски земји се враќаат кон јагленот како гориво, нашите енергетски експерти од СДСМ нẻ втурнаа во енергетска катастрофа, која тешко дека набргу ќе ја надминеме. Да не заборавиме дека со СДСМ на власт, струјата се покачи за повеќе од 50 % во период од летото 2020 година до сега, а енергетските компании станаа најголеми загубари. Не се доволни ни лагите на Регулаторот, кој се обидува да го сврти вниманието на јавноста од вистинскиот ценовен шок кој што ќе се случи на 1-ви јули, со таканаречените блок тарифи за домаќинставата. Тоа се приказни за оние кои што не знаат дека енергетското цунами наречено СДСМ не може да донесе добро за Македонија. Како што ни го урнаа идентитетот со промената на името, така ја урнаа економијата и енергетиката, истакна тој.

Вели, доста ни е од оправдувања и постојани покачувања на цената на струјата.

На Македонија и треба правилен развој на енергетиката, со цел да може правилно да се развива и стопанството.

Потребни се избори, за што побрзо заминување на СДСМ од власт, за спас на Македонија!

https://youtu.be/Sw9EO4QKQCY

The post Антовски: Народот ќе плаќа поскапа струја затоа што власта го уништи РЕК appeared first on Република.

Вели, доста ни е од оправдувања и постојани покачувања на цената на струјата. На Македонија и треба правилен развој на енергетиката, со цел да може правилно да се развива и стопанството. Потребни се избори, за што побрзо заминување на СДСМ од власт, за спас на Македонија! https://youtu.be/Sw9EO4QKQCY

The post Антовски: Народот ќе плаќа поскапа струја затоа што власта го уништи РЕК appeared first on Република.

]]>
Антовски: СДСМ предлага половични решенија, владата треба да го плати гасот, се друго е лага https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/antovski-sdsm-predlaga-polovichni-reshenija-vladata-treba-da-go-plati-gasot-se-drugo-e-laga/ Thu, 13 Jan 2022 10:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=444065

Во економијата, во финансиите и бизнисот нема половични решенија, во случајов, или владата ќе плати за гас, или ќе ги остави радијаторите студени! Се друго е евтин партиски пи ар, политички купи ден продај, да потсетиме во време на актуелна кризна состојба заради лукративност и неспособноста, ова денеска преку прес-конференција го истакна Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните се смрзнуваат, тие тераат пи-ар. Популистичките полумерки нема да ги решат проблемите. Исто како и за струјата, сега се нудат половични решенија за централното греење. Во економијата, финансиите, бизнисот нема половични решенија- во случајов, или владата ќе плати за гас, или ќе ги остави радијаторите студени! Се друго е лага! Лукративноста и неспособноста на СДСМ ДУИ ја втурна државата во енергетска и финансиска криза, граѓаните плаќаат скапи енергенси, фирмите и општините многукратно повеќе. Лукративноста и неспособноста за струјата ги осиромашува и граѓаните и општините. И сега дополнително се нуди половично решение за греењето на гас. Барајќи од општините и градот Скопје да плаќаат за да го спасуваат парното во Скопје, уште еднаш покажаа дека се целосно изгубени од реалноста. Ги потсетуваме, тоа се истите општини и градот Скопје, кои СДСМ поради неспособност да ја решат енергетската криза, ги втурнаа во банкрот. Фалејќи се дека се справиле со кризата со електричната енергија, за која милуваат да кажат дека не ја покачиле цената на струјата за повеќе од 30-40 %, ама затоа од Буџетот ќе испумпаат 200 милиони евра за компанијата АД ЕЛЕМ. Истите тие ги заборавија и општините и компаниите и сите оние кои се на слободниот пазар, иако прогласија енергетска кризна состојба до јуни 2022 година. Ама за да им бараат пари на општините и градот Скопје, не ги заборавија, вели Антовски.

Тој додава дека не постои сегмент во енергетиката кој СДСМ не го уништи, почнувајќи од електричната енергија, гасот и топлинската енергија.

Едно е јасно, со ваква власт се уништува енергетиката во Македонија во секој сегмент. Потребни се итни предвремени парламентарни избори за заминување на СДСМ од власт . Сето ова е потребно бидејќи во енергетиката се наталожија толку многу проблеми кои што СДСМ не се способни да ги решат. СДСМ може само да креира проблеми, но не и да понудат решенија. Со СДСМ Македонија нема иднина, вели Антовски.

The post Антовски: СДСМ предлага половични решенија, владата треба да го плати гасот, се друго е лага appeared first on Република.

Не постои сегмент во енергетиката кој СДСМ не го уништи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ne-postoi-segment-vo-energetikata-koj-sdsm-ne-go-unishti/ Sun, 09 Jan 2022 12:57:19 +0000 https://republika.mk/?p=442168

Не постои сегмент во енергетиката кој СДСМ не го уништи. Вонредно ја зголемија цената на струјата за 9,5%. Ја укинаа дневната евтина тарифа за домаќинствата. Компаниите кои набавуваат струја на слободниот пазар каде струјата е 5 до 6 пати поскапа се оставени сами на себе. Го поскапеа парното за 14%. А, во најголем дел од градот или воопшто не греат или пак не се постигнува доволно загревање. Компаниите кои го користат природниот гас како енергенс, поради енормниот пораст на цената на гасот, имаат огромни финансиски проблеми. Поскапе и метанот за 120%, што доведува до тешкотии во работењето на ЈСП во Скопје, чии автобуси користат метан, истакна на денешната прес конференција Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека не постои сегмент во енергетиката кој не го уништи СДСМ.

– АД ЕЛЕМ не е во состојба да ги исполни своите законски обврски кон ЕВН ХОМЕ за што ќе се потрошат повеќе од 200 милиони евра пари од Буџетот за увоз на електрична енергија. СДСМ мора да престанат да ја лажат македонската јавност дека имаме доволно сопствено производство на електрична енергија. Зошто ако е така, Владата носи одлуки за префрлање на пари од Буџетот на сметката на ЕЛЕМ за увоз на електрична енергија? Наместо увоз на скапа струја, требаше да се погрижат за нашите рудници и да отворат нови со кои ќе имаме сопствен јаглен, требаше да отвораат нови инвестиции и нови работни места, за да имавме сега струја со ниска цена од сопствен јаглен, посочи Антовски.

Тој вели дека е јасно дека со државата владеат криминално – мафијашки кланови кои ги користат државните институции за сопствени потреби и се спремни да уништат сé, што сме го граделе децении наназад.

– Едно можеме да кажеме со сигурност! Со ваква власт се уништува енергетиката во Македонија во секој сегмент. Зошто Владата одбира да помогне само на ЕСМ, а не на сите оние кои имаат проблеми со зголемување на цените на сите енергенси? Секој нареден ден на оваа криминална власт значи поголем пораз за Македонија. Потребно е итно заминување од власт на СДСМ, потребни се итни предвремени парламентарни избори затоа што народот тоа го бара, додаде Антовски.

The post Не постои сегмент во енергетиката кој СДСМ не го уништи appeared first on Република.

]]>

Не постои сегмент во енергетиката кој СДСМ не го уништи. Вонредно ја зголемија цената на струјата за 9,5%. Ја укинаа дневната евтина тарифа за домаќинствата. Компаниите кои набавуваат струја на слободниот пазар каде струјата е 5 до 6 пати поскапа се оставени сами на себе. Го поскапеа парното за 14%. А, во најголем дел од градот или воопшто не греат или пак не се постигнува доволно загревање. Компаниите кои го користат природниот гас како енергенс, поради енормниот пораст на цената на гасот, имаат огромни финансиски проблеми. Поскапе и метанот за 120%, што доведува до тешкотии во работењето на ЈСП во Скопје, чии автобуси користат метан, истакна на денешната прес конференција Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека не постои сегмент во енергетиката кој не го уништи СДСМ.