Стеријно позорје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sterijno-pozorje/ За подобро да се разбереме Thu, 30 May 2024 07:38:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стеријно позорје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sterijno-pozorje/ 32 32 „Брод за кукли“ на Битолски театар вечерва на Фестивалот „Стеријно позорје“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/brod-za-kukli-na-bitolski-teatar-vecherva-na-festivalot-sterijno-pozorje/ Thu, 30 May 2024 07:38:06 +0000 https://republika.mk/?p=782997

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечерва ќе настапи на фестивалот „Стериино позорје“ чие 69. издание е во тек и се одржува во Српскиот народен театар во Нови Сад.

Во натпреварот за награди, битолчани ќе настапат со претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ која во процесот на селекција беше избрана од д-р Ана Тасиќ, театролог и театарски критичар.

На петтото по ред учество на Стериино позорје ќе настапат актерките Сандра Грибовска-Илиевска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска, Валентина Грамосли и актерите Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.

Како што е познато, ансамблот на НУ Народен театар-Битола прв пат во Нови Сад настапи во 1977 година со претставата „Свадбата на Мара“ на Владимир Костов во режија на Љубиша Георгиевски, потоа во 1978 година со претставата „Време за пеење“ на Петре М. Андреевски во режија на Слободан Унковски, во 1987 година битолчани ја одиграа „Магна карта“ на Марио Роси во режија на Златко Свибен, а последен пат учествуваа во 1991 година со „Подземна република“ на Јордан Плевнеш во режија на Владо Цветановски.

 

The post „Брод за кукли“ на Битолски театар вечерва на Фестивалот „Стеријно позорје“ appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечерва ќе настапи на фестивалот „Стериино позорје“ чие 69. издание е во тек и се одржува во Српскиот народен театар во Нови Сад. Во натпреварот за награди, битолчани ќе настапат со претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ која во процесот на селекција беше избрана од д-р Ана Тасиќ, театролог и театарски критичар. На петтото по ред учество на Стериино позорје ќе настапат актерките Сандра Грибовска-Илиевска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска, Валентина Грамосли и актерите Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов. Како што е познато, ансамблот на НУ Народен театар-Битола прв пат во Нови Сад настапи во 1977 година со претставата „Свадбата на Мара“ на Владимир Костов во режија на Љубиша Георгиевски, потоа во 1978 година со претставата „Време за пеење“ на Петре М. Андреевски во режија на Слободан Унковски, во 1987 година битолчани ја одиграа „Магна карта“ на Марио Роси во режија на Златко Свибен, а последен пат учествуваа во 1991 година со „Подземна република“ на Јордан Плевнеш во режија на Владо Цветановски.  

The post „Брод за кукли“ на Битолски театар вечерва на Фестивалот „Стеријно позорје“ appeared first on Република.

]]>
Битолскиот театар ќе учествува на Стеријино позорје во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bitolskiot-teatar-ke-uchestvuva-na-sterijino-pozorje-vo-novi-sad/ Tue, 26 Mar 2024 14:04:19 +0000 https://republika.mk/?p=758988

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е избран, и ќе учествува во официјалната конкуренција за награди на меѓународниот театарски фестивал Стеријино позорје во Нови Сад.

Македонските актери, на 69. фестивалско издание во Нови Сад ќе ја одиграат претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ.

Драмскиот текст „Брод за кукли“ на фестивалот Стеријино позорје досега бил два пати изведуван. На сцената во Нови Сад оваа претстава ја играле актерите на Српски народен театар (Српско народно позориште) и Словенечко народно гледалиште (СНГ-Љубљана), а оваа година за прв пат со „Брод за кукли“ ќе настапат македонски актери, информираа за МИА од НУ Народен театар-Битола.

Годинешното Стеријино позорје во Нови Сад ќе се почне на 26 мај и ќе заврши на 3 јуни.

The post Битолскиот театар ќе учествува на Стеријино позорје во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е избран, и ќе учествува во официјалната конкуренција за награди на меѓународниот театарски фестивал Стеријино позорје во Нови Сад. Македонските актери, на 69. фестивалско издание во Нови Сад ќе ја одиграат претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ. Драмскиот текст „Брод за кукли“ на фестивалот Стеријино позорје досега бил два пати изведуван. На сцената во Нови Сад оваа претстава ја играле актерите на Српски народен театар (Српско народно позориште) и Словенечко народно гледалиште (СНГ-Љубљана), а оваа година за прв пат со „Брод за кукли“ ќе настапат македонски актери, информираа за МИА од НУ Народен театар-Битола. Годинешното Стеријино позорје во Нови Сад ќе се почне на 26 мај и ќе заврши на 3 јуни.

The post Битолскиот театар ќе учествува на Стеријино позорје во Нови Сад appeared first on Република.

]]>
„Моето име е Горан Стефановски” на 67-то „Стеријино позорје” во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/moeto-ime-e-goran-stefanovski-na-67-to-sterijino-pozorje-vo-novi-sad/ Thu, 26 May 2022 10:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=507208

Драмски театар Скопје, со претставата „Се викам Горан Стефановски" во режија на Бранислав Миќуновиќ, ќе гостува на 67-то „Стеријино позорје" во Нови Сад. По повеќегодишна пауза Драмски театар – Скопје се враќа на сцената на Српско народно позориште во Нови Сад со изведба на претставата во меѓународната програма „Кругови". „Се викам Горан Стефановски" ќе биде изведена в недела на 29. мај. Драматург на претставата е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во период од 1987 до 2021 година („Црна дупка", „Лонг плеј", „Сараево", „Казабалкан", „Хотел Европа", „Euroalian" и „Одисеј")

Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

Ансамблот на Драмски театар-Скопје со ова гостување на 67-то „Стеријино позорје" ја продолжува повеќедецениската традицијата на успешни изведби и наградувани претстави на еден од најпрестижните театарски фестивали во регионот. Првото учество на Драмски театар Скопје на „Стеријино позорје" било во 1966 година со претставата „Богомилска балада"

Наградени претстави и поединци:

• 1967: Покојник – награда за најдобра претстава во целина- режија Љубиша Георгиевски;

• 1970: Адам и Ева и Јов – Крум Стојанов – награда за најдобро актерско остварување;

• 1975: Јане Задрогаз – Ѓорѓи Здравев – награда за најдобри костими; награда на тркалезната маса на критиката најдобра претстава во целина; Тодорка Кондова – награда за учество; Слободан Унковски – награда за млад театарски работник; Горан Стефановски – награда од Книжевна младина на Војводина за млад писател;

• 1980: Диво месо – награда за најдобра претстава во целина; Горан Стефановски, награда за оригинален драмски текст; Слободан Унковски – вонредна награда за режија; Благој Чоревски – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Стеван Андреевиќ; награда за најдобра претстава од Тркалезната маса на критиката; Ненад Стојановски – награда за млад уметник за улогата Андреја Андеевиќ.

• 1982: Еригон – вонредна награда за најдобра претстава; Мери Бошкова – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Мадам Дибуа; Драмски театар Скопје – Плакета за најчест гостин на Стеријино позорје, Нови Сад.

• 1984: Дупло дно – Милица Стојанова – награда најдобро актерско остварување за улогата на Параскева; Динка Јеричевиќ – награда за најдобра сценографија; Силвија Стојановска – награда за млад актер за улогата на Кристина.

• 1987: Р – Петар Темелковски – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Максим Бродски; Ненад Милосаљевиќ – награда за најдобра епизода улога.

• 1989: Сили во воздухот – Снежана Стамеска – награда за најдобро актерско остварување за улогата на; Ненад Стојановски – награда за улогата на Миле; Благој Чоревски – награда за најдобра епизодна улога за улогата на Благоја; Небојша Ромчевиќ – награда од Стерииниот град Вршац за современа комедија.

• 1990: Кула вавилонска – награда за најдобра претстава; Слободан Унковски – награда за најдобра режија; Љиљана Богоевиќ – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Рина; Марина Чутрурило – награда за најдобра сценографија; Драмски театар Скопје – награда за најчест гостин на Стеријино позорје, Нови Сад.

• 1991: Медеја – Ѓорѓи Јолевски – награда за најдобро актерско остварување за улогите во Медеја на Драмски театар Скопје и Подземна република на Народен Театар Битола; Вито Тауфер – вонредна награда за успешно афирмирање на амбиенталниот театар во претставата Медеја.

 

 

The post „Моето име е Горан Стефановски” на 67-то „Стеријино позорје” во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје, со претставата „Се викам Горан Стефановски" во режија на Бранислав Миќуновиќ, ќе гостува на 67-то „Стеријино позорје" во Нови Сад. По повеќегодишна пауза Драмски театар – Скопје се враќа на сцената на Српско народно позориште во Нови Сад со изведба на претставата во меѓународната програма „Кругови". „Се викам Горан Стефановски" ќе биде изведена в недела на 29. мај. Драматург на претставата е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград. Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во период од 1987 до 2021 година („Црна дупка", „Лонг плеј", „Сараево", „Казабалкан", „Хотел Европа", „Euroalian" и „Одисеј") Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска. Ансамблот на Драмски театар-Скопје со ова гостување на 67-то „Стеријино позорје" ја продолжува повеќедецениската традицијата на успешни изведби и наградувани претстави на еден од најпрестижните театарски фестивали во регионот. Првото учество на Драмски театар Скопје на „Стеријино позорје" било во 1966 година со претставата „Богомилска балада" Наградени претстави и поединци: • 1967: Покојник – награда за најдобра претстава во целина- режија Љубиша Георгиевски; • 1970: Адам и Ева и Јов – Крум Стојанов – награда за најдобро актерско остварување; • 1975: Јане Задрогаз – Ѓорѓи Здравев – награда за најдобри костими; награда на тркалезната маса на критиката најдобра претстава во целина; Тодорка Кондова – награда за учество; Слободан Унковски – награда за млад театарски работник; Горан Стефановски – награда од Книжевна младина на Војводина за млад писател; • 1980: Диво месо – награда за најдобра претстава во целина; Горан Стефановски, награда за оригинален драмски текст; Слободан Унковски – вонредна награда за режија; Благој Чоревски – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Стеван Андреевиќ; награда за најдобра претстава од Тркалезната маса на критиката; Ненад Стојановски – награда за млад уметник за улогата Андреја Андеевиќ. • 1982: Еригон – вонредна награда за најдобра претстава; Мери Бошкова – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Мадам Дибуа; Драмски театар Скопје – Плакета за најчест гостин на Стеријино позорје, Нови Сад. • 1984: Дупло дно – Милица Стојанова – награда најдобро актерско остварување за улогата на Параскева; Динка Јеричевиќ – награда за најдобра сценографија; Силвија Стојановска – награда за млад актер за улогата на Кристина. • 1987: Р – Петар Темелковски – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Максим Бродски; Ненад Милосаљевиќ – награда за најдобра епизода улога. • 1989: Сили во воздухот – Снежана Стамеска – награда за најдобро актерско остварување за улогата на; Ненад Стојановски – награда за улогата на Миле; Благој Чоревски – награда за најдобра епизодна улога за улогата на Благоја; Небојша Ромчевиќ – награда од Стерииниот град Вршац за современа комедија. • 1990: Кула вавилонска – награда за најдобра претстава; Слободан Унковски – награда за најдобра режија; Љиљана Богоевиќ – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Рина; Марина Чутрурило – награда за најдобра сценографија; Драмски театар Скопје – награда за најчест гостин на Стеријино позорје, Нови Сад. • 1991: Медеја – Ѓорѓи Јолевски – награда за најдобро актерско остварување за улогите во Медеја на Драмски театар Скопје и Подземна република на Народен Театар Битола; Вито Тауфер – вонредна награда за успешно афирмирање на амбиенталниот театар во претставата Медеја.    

The post „Моето име е Горан Стефановски” на 67-то „Стеријино позорје” во Нови Сад appeared first on Република.

]]>