Стериино позорје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/steriino-pozorje/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jun 2024 08:36:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стериино позорје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/steriino-pozorje/ 32 32 Сандра Грибовска Илиевска од Битолски театар ја доби наградата за најдобра млада актерка на Стеријино Позорје во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sandra-gribovska-ilievska-od-bitolski-teatar-ja-dobi-nagradata-za-najdobra-mlada-akterka-na-sterijino-pozorje-vo-novi-sad/ Mon, 03 Jun 2024 08:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=784291

Со гордост и среќа, објавуваме дека Сандра Грибовска Илиевска е добитник на наградата за најдобра млада актерка, на штотуку завршеното 69то по ред Стеријино Позорје во Нови Сад, Србија, соопштија од Народен театар Битола.

Стеријината награда од Фондот „Дара Даринка Чалениќ“ за најдобра млада актерка – САНДРА ГРИБОВСКА ИЛИЕВСКА за улогите на Малата сестра, Алиса, Снежана и Марика во претставата БРОД ЗА КУКЛИ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ, Национален театар од Битола (Македонија). Одлуката е донесена едногласно.

Честититки од срце!

Селекторката на програмата на Стеријино позорје, Ана Тасиќ, за претставата „Брод за кукли“ пишува дека ансамблот на Битолскиот театар суверено го изведува стилизираното дејствие, во драмски и музички делови, во заводливи песни, во целото естетски заокружено обликување на трагичната положба на жената во апокалиптичната патријархалност.

Оваа година Народниот театар слави 80 години постоење. На 14 ноември 1944 е прикажана првата театарска претстава на македонски јазик во Македонија, едночинката „Ѓоре Магаревски” од Владо Малески. Јубилејот ќе го прослави со повеќе гостувања надвор од Македонија, но НТБ ќе биде домаќин и на театри од Балканот.

The post Сандра Грибовска Илиевска од Битолски театар ја доби наградата за најдобра млада актерка на Стеријино Позорје во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Со гордост и среќа, објавуваме дека Сандра Грибовска Илиевска е добитник на наградата за најдобра млада актерка, на штотуку завршеното 69то по ред Стеријино Позорје во Нови Сад, Србија, соопштија од Народен театар Битола.
Стеријината награда од Фондот „Дара Даринка Чалениќ“ за најдобра млада актерка – САНДРА ГРИБОВСКА ИЛИЕВСКА за улогите на Малата сестра, Алиса, Снежана и Марика во претставата БРОД ЗА КУКЛИ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ, Национален театар од Битола (Македонија). Одлуката е донесена едногласно. Честититки од срце! Селекторката на програмата на Стеријино позорје, Ана Тасиќ, за претставата „Брод за кукли“ пишува дека ансамблот на Битолскиот театар суверено го изведува стилизираното дејствие, во драмски и музички делови, во заводливи песни, во целото естетски заокружено обликување на трагичната положба на жената во апокалиптичната патријархалност.
  Оваа година Народниот театар слави 80 години постоење. На 14 ноември 1944 е прикажана првата театарска претстава на македонски јазик во Македонија, едночинката „Ѓоре Магаревски” од Владо Малески. Јубилејот ќе го прослави со повеќе гостувања надвор од Македонија, но НТБ ќе биде домаќин и на театри од Балканот.  

The post Сандра Грибовска Илиевска од Битолски театар ја доби наградата за најдобра млада актерка на Стеријино Позорје во Нови Сад appeared first on Република.

]]>
Битолски театар со „Брод за кукли“ ќе учествува на Стериино позорје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bitolski-teatar-so-brod-za-kukli-ke-uchestvuva-na-steriino-pozorje/ Thu, 02 May 2024 06:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=773204

Годинава, на 69. издание на Стериино позорје, ансамблот на Народен театар Битола ќе се натпреварува со претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ.

Фестивалот ќе се одржи од 26 мај до 3 јуни во Нови Сад.

Во претставата играат: Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.

„Брод за кукли“ е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки.

Во процесот на селекција д-р Ана Тасиќ, театролог и театарски критичар информира дека погледнала 70 претстави од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Унгарија и Србија, а приоритетен критериум во изборот на претставите бил нивниот уметнички квалитет, вредноста на драмскиот текст, режијата, глумата, музиката, сценографијата и костимите, а како единствен македонски претставник избран е НУ Народен театар-Битола.

Стериино позорје е еден од најначајните фестивали во регионот. На оваа престижна манифестација ќе се натпреваруваме по пауза од 33 години и повторно во силна конкуренција. Учеството на фестивалот го сметам како еден од најголемите успеси во поновата историја на Народен театар-Битола и македонскиот театар воопшто. Селекцијата што ја направи селекторката Ана Тасиќ сама по себе за нас претставува признание за нашата идеја континуирано да создаваме театар кој е жив, актуелен и говори гласно. Претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ е бајка без среќен крај. Инисценции на текстот се видени неколку пати низ годините на Стериино позорје, и не се сомневам дека тоа ќе биде интересно како за публиката, така и за жирито кое ќе ја оценува нашата претстава. Се надевам на успех, истакна за МИА, Иван Јерчиќ, директор на НУ Народен театар-Битола.

The post Битолски театар со „Брод за кукли“ ќе учествува на Стериино позорје appeared first on Република.

]]>

Годинава, на 69. издание на Стериино позорје, ансамблот на Народен театар Битола ќе се натпреварува со претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ. Фестивалот ќе се одржи од 26 мај до 3 јуни во Нови Сад. Во претставата играат: Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов. „Брод за кукли“ е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки. Во процесот на селекција д-р Ана Тасиќ, театролог и театарски критичар информира дека погледнала 70 претстави од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Унгарија и Србија, а приоритетен критериум во изборот на претставите бил нивниот уметнички квалитет, вредноста на драмскиот текст, режијата, глумата, музиката, сценографијата и костимите, а како единствен македонски претставник избран е НУ Народен театар-Битола.