стенд ап шоу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stend-ap-shou/ За подобро да се разбереме Sun, 21 May 2023 16:52:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стенд ап шоу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stend-ap-shou/ 32 32 Со стенд-ап шоу на Жарко Јовановиќ вечер завршува фестивалот „5 ре“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-stend-ap-shou-na-zharko-jovanovik-vecher-zavrshuva-festivalot-5-re/ Sun, 21 May 2023 16:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=643317

Во aмфитеатарот на Младинскиот парк во Велес вечер ќе се одржи стенд-ап шоу на Жарко Јовановиќ, со кое ќе биде затворен годинашниот втор по ред Фестивал „5 ре“.

Фестивалот „5 ре“е посветен на еден од најголемите македонски актери, велешанецот Петре Прличко, а го организира Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, под покровителство на Општина Велес.

Инаку, вчера вечер во салата на велешкиот театар, ансамблот на Штипскиот театар ја изведе претставата „Ле Кретен“ од Френсис Вебер, во режија на Никола Ристов.

Вчера на пладне на отворено во амфитеатарот на Младинскиот парк за децата беше прикажана претставата „Сказна за рибарот и рипката“, во изведба на Театарот „Колозов“.

Второто издание на „5 ре“ почна во понеделникот, 15 мај. На фестивалот беа изведени шест претстави од која една за деца, а заедно со вечерашното и две станд ап шоуа.

 

The post Со стенд-ап шоу на Жарко Јовановиќ вечер завршува фестивалот „5 ре“ appeared first on Република.

]]>

Во aмфитеатарот на Младинскиот парк во Велес вечер ќе се одржи стенд-ап шоу на Жарко Јовановиќ, со кое ќе биде затворен годинашниот втор по ред Фестивал „5 ре“. Фестивалот „5 ре“е посветен на еден од најголемите македонски актери, велешанецот Петре Прличко, а го организира Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, под покровителство на Општина Велес. Инаку, вчера вечер во салата на велешкиот театар, ансамблот на Штипскиот театар ја изведе претставата „Ле Кретен“ од Френсис Вебер, во режија на Никола Ристов. Вчера на пладне на отворено во амфитеатарот на Младинскиот парк за децата беше прикажана претставата „Сказна за рибарот и рипката“, во изведба на Театарот „Колозов“. Второто издание на „5 ре“ почна во понеделникот, 15 мај. На фестивалот беа изведени шест претстави од која една за деца, а заедно со вечерашното и две станд ап шоуа.  

The post Со стенд-ап шоу на Жарко Јовановиќ вечер завршува фестивалот „5 ре“ appeared first on Република.

]]>
Стенд-ап шоу на познатиот водител и комичар Срѓан Динчиќ во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/stend-ap-shou-na-poznatiot-voditel-i-komichar-srgjan-dinchikj-vo-mkc/ Fri, 21 Oct 2022 12:59:39 +0000 https://republika.mk/?p=564059

На 22-ри октомври во Кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) со почеток во 20:30 часот, публиката ќе има можност за прв пат во Скопје да го гледа новото стенд-ап шоу на познатиот српски водител и комичар Срѓан Динчиќ со наслов „Во Процес“.

Балканската публика за прв пат го запознава Срѓан Динчиќ од реалното шоу „Survivor“ по кое својот талент да ја насмее публиката го користи неуморно пробивајќи се во телевизиските води и константно творејќи комични материјали. На публиката во Македонија и е познат по неговиот авторски проект, но пред се како водител на квизот „Столици“, а најверојатно нема да се зачуди никој ако чуе дека е и сценарист на познатото ток-шоу „Вечер со Иван Ивановиќ“.

Срѓан Динчиќ од 2011-та година неуморно работи и на белградската стенд-ап сцена каде има бројни успешни настапи со повеќе соло стенд-ап шоуа како: „Под невидливиот чадор“, „Лага заснована на вистински настан“, „Ѓаволот јагода“ и „Трета држава“. Со последното стенд-ап шоу доживува голем успех и настапува низ целиот Балкан и пошироко, а има отварано шоуа и за познатите комичари Еди Изард и Дилан Моран.

Пред публиката во Скопје за прв пат ќе се претстави со своето петто стенд-ап шоу наречено „Во Процес“ каде ќе не води низ неговите животни ситуации со неговиот многу специфичен поглед на светот. Работи кои на сите ни се случиле, но не ни биле толку смешни. Можеби е време да ги погледнеме сите проблеми на поинаков начин, а можеби само треба да дојдеме на стенд-ап шоу за да го видиме хуморот во тоа.

Билетите се достапни на bileti.mkc.mk и на билетарницата на МКЦ.

The post Стенд-ап шоу на познатиот водител и комичар Срѓан Динчиќ во МКЦ appeared first on Република.

]]>

На 22-ри октомври во Кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) со почеток во 20:30 часот, публиката ќе има можност за прв пат во Скопје да го гледа новото стенд-ап шоу на познатиот српски водител и комичар Срѓан Динчиќ со наслов „Во Процес“. Балканската публика за прв пат го запознава Срѓан Динчиќ од реалното шоу „Survivor“ по кое својот талент да ја насмее публиката го користи неуморно пробивајќи се во телевизиските води и константно творејќи комични материјали. На публиката во Македонија и е познат по неговиот авторски проект, но пред се како водител на квизот „Столици“, а најверојатно нема да се зачуди никој ако чуе дека е и сценарист на познатото ток-шоу „Вечер со Иван Ивановиќ“. Срѓан Динчиќ од 2011-та година неуморно работи и на белградската стенд-ап сцена каде има бројни успешни настапи со повеќе соло стенд-ап шоуа како: „Под невидливиот чадор“, „Лага заснована на вистински настан“, „Ѓаволот јагода“ и „Трета држава“. Со последното стенд-ап шоу доживува голем успех и настапува низ целиот Балкан и пошироко, а има отварано шоуа и за познатите комичари Еди Изард и Дилан Моран. Пред публиката во Скопје за прв пат ќе се претстави со своето петто стенд-ап шоу наречено „Во Процес“ каде ќе не води низ неговите животни ситуации со неговиот многу специфичен поглед на светот. Работи кои на сите ни се случиле, но не ни биле толку смешни. Можеби е време да ги погледнеме сите проблеми на поинаков начин, а можеби само треба да дојдеме на стенд-ап шоу за да го видиме хуморот во тоа. Билетите се достапни на bileti.mkc.mk и на билетарницата на МКЦ.

The post Стенд-ап шоу на познатиот водител и комичар Срѓан Динчиќ во МКЦ appeared first on Република.

]]>