Стелт омикрон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stelt-omikron/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Feb 2022 08:04:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стелт омикрон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stelt-omikron/ 32 32 Ова се првите симтпоми на стелт омикрон сојот кој се шири низ светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ova-se-prvite-simtpomi-na-stelt-omikron-sojot-koj-se-shiri-niz-svetot/ Thu, 10 Feb 2022 08:04:15 +0000 https://republika.mk/?p=456557

Стелт омикрон сојот се шири низ светот, а според информациите кои ни доаѓаат од некои земји, тој е и до два пати позаразен од оригиналната варијанта на омикрон.

Експертите открија дека сѐ уште е рано да се зборува за оваа подваријанта на вирусот, бидејќи малку се знае за него, а многумина се прашуваат колку е опасен и како изгледаат неговите симптоми.

Иако експертите сè уште ги проучуваат ефектите на стелт омикрон сојот, новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека „BA.2“ се разликува од претходните мутации поради неговата клеточна структура.

Се сметаше дека симптомите се слични на претходната подваријанта, но сега е откриено дека еден од најчестите симптоми на стелт омикрон сојот е вртоглавицата.

Друг вообичаен симптом кој се јавува доста рано е замор. Д-р Анџелик Коце, претседател на Јужноафриканската медицинска асоцијација, која првпат ги предупреди властите за омикрон во ноември минатата година, рече дека заморот со болки во мускулите може да биде меѓу раните знаци на оваа варијанта.

Кои се вообичаените симптоми?

Симптомите на стелт омикрон се опишани како речиси идентични со оние во оригиналната варијанта: суво болно грло, кивање, благи болки во мускулите и замор.

Невообичаени знаци вклучуваат несвестица, конгестија, магла во мозокот, осип на кожата, конјунктивитис, гадење или повраќање.

Додека „BA.2“ сѐ уште е под истрага, научниците од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) издадоа предупредување за оригиналниот омикрон, барајќи од луѓето да внимаваат на бледата, сива или сина кожа, усни или нокти. Ова може да укажува на ниско ниво на кислород во крвта и да побараат итна медицинска помош.

The post Ова се првите симтпоми на стелт омикрон сојот кој се шири низ светот appeared first on Република.

]]>

Стелт омикрон сојот се шири низ светот, а според информациите кои ни доаѓаат од некои земји, тој е и до два пати позаразен од оригиналната варијанта на омикрон. Експертите открија дека сѐ уште е рано да се зборува за оваа подваријанта на вирусот, бидејќи малку се знае за него, а многумина се прашуваат колку е опасен и како изгледаат неговите симптоми. Иако експертите сè уште ги проучуваат ефектите на стелт омикрон сојот, новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека „BA.2“ се разликува од претходните мутации поради неговата клеточна структура. Се сметаше дека симптомите се слични на претходната подваријанта, но сега е откриено дека еден од најчестите симптоми на стелт омикрон сојот е вртоглавицата. Друг вообичаен симптом кој се јавува доста рано е замор. Д-р Анџелик Коце, претседател на Јужноафриканската медицинска асоцијација, која првпат ги предупреди властите за омикрон во ноември минатата година, рече дека заморот со болки во мускулите може да биде меѓу раните знаци на оваа варијанта. Кои се вообичаените симптоми? Симптомите на стелт омикрон се опишани како речиси идентични со оние во оригиналната варијанта: суво болно грло, кивање, благи болки во мускулите и замор. Невообичаени знаци вклучуваат несвестица, конгестија, магла во мозокот, осип на кожата, конјунктивитис, гадење или повраќање. Додека „BA.2“ сѐ уште е под истрага, научниците од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) издадоа предупредување за оригиналниот омикрон, барајќи од луѓето да внимаваат на бледата, сива или сина кожа, усни или нокти. Ова може да укажува на ниско ниво на кислород во крвта и да побараат итна медицинска помош.

The post Ова се првите симтпоми на стелт омикрон сојот кој се шири низ светот appeared first on Република.

]]>