Стела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stela/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Aug 2022 14:11:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stela/ 32 32 Првиот македонски филм за деца „Стела“ вечерва на „Кино на отворено” во Кисела Вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/prviot-makedonski-film-za-deca-stela-vecherva-na-kino-na-otvoreno-vo-kisela-voda/ Wed, 10 Aug 2022 14:11:11 +0000 https://republika.mk/?p=538736

Првиот македонски филм за деца „Стела“ ќе се прикажува вечер во паркот „Македонија“ во Општина Кисела Вода, во рамки на манифестацијата „Кино на отворено“.

На почетокот на настанот најпрвин ќе бидат прикажани анимирани филмови за најмладите од архивата на „МакеДокс“, а потоа ќе почне и емитувањето на „Стела“.

На проекцијата на првиот македонски филм за деца ќе присуствуваат и продуцентот Огнен Антов, режисерот Стојан Вујичиќ, како и главниот актер Дејан Лилиќ кои ќе одговараат на прашањата на посетителите.

Општинските власти, кои се реализатори на фестивалот, соопштија дека синоќешната прва вечер предизвика огромен интерес, со околу 300 посетители.

Огромен интерес предизвика синоќешната прва вечер од манифестацијата „Кино на отворено” која ја реализира Општината со поддршка од „МакеДокс“. Околу 300 посетители ја посетија проекцијата на првите два филма од програмата која ќе трае до недела и опфаќа повеќе интересни - соопштија од Општина Кисела Вода.

Фестивалот синоќа беше отворен со филмот „Cinema Komunisto“ на режисерката Мила Турајлиќ, а на репертоарот беше и „My world is upside down“ во режија на Петра Селискар.

Фестивалот ќе трае до недела и опфаќа документарни и играни кинематографски остварувања. Поточно,  ќе бидат прикажани и филмовите „Grand mothers of Revolution“, „Mother Europe“ во режија на Петра Селискар, краткометражниот филм „Другарот“ во режија на Димитар Оровчанец, „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески.

The post Првиот македонски филм за деца „Стела“ вечерва на „Кино на отворено” во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Првиот македонски филм за деца „Стела“ ќе се прикажува вечер во паркот „Македонија“ во Општина Кисела Вода, во рамки на манифестацијата „Кино на отворено“. На почетокот на настанот најпрвин ќе бидат прикажани анимирани филмови за најмладите од архивата на „МакеДокс“, а потоа ќе почне и емитувањето на „Стела“. На проекцијата на првиот македонски филм за деца ќе присуствуваат и продуцентот Огнен Антов, режисерот Стојан Вујичиќ, како и главниот актер Дејан Лилиќ кои ќе одговараат на прашањата на посетителите. Општинските власти, кои се реализатори на фестивалот, соопштија дека синоќешната прва вечер предизвика огромен интерес, со околу 300 посетители.
Огромен интерес предизвика синоќешната прва вечер од манифестацијата „Кино на отворено” која ја реализира Општината со поддршка од „МакеДокс“. Околу 300 посетители ја посетија проекцијата на првите два филма од програмата која ќе трае до недела и опфаќа повеќе интересни - соопштија од Општина Кисела Вода.
Фестивалот синоќа беше отворен со филмот „Cinema Komunisto“ на режисерката Мила Турајлиќ, а на репертоарот беше и „My world is upside down“ во режија на Петра Селискар. Фестивалот ќе трае до недела и опфаќа документарни и играни кинематографски остварувања. Поточно,  ќе бидат прикажани и филмовите „Grand mothers of Revolution“, „Mother Europe“ во режија на Петра Селискар, краткометражниот филм „Другарот“ во режија на Димитар Оровчанец, „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески.

The post Првиот македонски филм за деца „Стела“ вечерва на „Кино на отворено” во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Петар Маниќ од првиот македонски филм за деца „Стела“ ја освои наградата за најдобар актер на Фестивалот на Југоисточна Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/petar-manikj-od-prviot-makedonski-film-za-deca-stela-ja-osvoi-nagradata-za-najdobar-akter-na-festivalot-na-jugoistochna-evropa/ Wed, 08 Jun 2022 11:27:16 +0000 https://republika.mk/?p=512653

Главниот актер од првиот македонски филм за деца „Стела“, Петар Маниќ ја освои наградата за најдобар актер на Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа.

Филмски фестивал на Југоисточна Европа е меѓународен филмски фестивал на 15 земји од Југоисточна Европа. На фестивалот се прикажува избор на играни, кратки, документарни и анимирани филмови од: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Молдавија, Романија, Србија, Словенија и Турција. Покрај овие 15 земји, во изборот на фестивалот се вклучени и сите други земји-членки на МЕДИА програмата како продуценти или копродуценти на „SEE films“. Фестивалот се организира во соработка со универзитетите Еуропа Прима од Скопје, ИНАЛКО од Париз, Хумболд од Берлин и American University од Вашингтон. Наградaта на американското жири, за најдобар актер, составено од Роман Костовски, претседател, Патриша Корбет и Жаклин Хедингтон му ја додели токму на Петар Маниќ за својот актерски перформанс во „Стела“.

Ова е втора награда за младиот Петар Маниќ, а за „Стела“ ова е шесто гран при во својат богат фестивалски живот.

Во филмот главен лик е младата шарпланинка Стела, за првпат на долгометражен филм е младиот Петар Маниќ, а во филмот играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ, позната од филмскиот хит Парада.

Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Горѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, монтажер е Данчо Стефков, а композитор Оливер Јосифовски од Љубојна. Долгометражниот игран филм „Стела“ е копродукција меѓу македонската продукциска куќа „Дрим Фектори“ – продуцент Огнен Антов, српската продукција „Акција Продукција“ – продуцент Јована Караулиќ и германската „Моуна“ – продуцент: Никол Акер-ман.

СТЕЛА беше препознаен како проект од исклучителна важност и доби финансиска подршка од „Агенцијата за Филм на Република Македонија“, „Филмскиот центар на Србија“ и Филмскиот фонд Баден Вунтерберг во Штутгарт, Германија.

Стојан Вујичиќ е еден од водечките македонски режисери, чиј опус вклучува бројни кратки играни и документарни филмови и телевизиски проекти.

The post Петар Маниќ од првиот македонски филм за деца „Стела“ ја освои наградата за најдобар актер на Фестивалот на Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>

Главниот актер од првиот македонски филм за деца „Стела“, Петар Маниќ ја освои наградата за најдобар актер на Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа. Филмски фестивал на Југоисточна Европа е меѓународен филмски фестивал на 15 земји од Југоисточна Европа. На фестивалот се прикажува избор на играни, кратки, документарни и анимирани филмови од: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Молдавија, Романија, Србија, Словенија и Турција. Покрај овие 15 земји, во изборот на фестивалот се вклучени и сите други земји-членки на МЕДИА програмата како продуценти или копродуценти на „SEE films“. Фестивалот се организира во соработка со универзитетите Еуропа Прима од Скопје, ИНАЛКО од Париз, Хумболд од Берлин и American University од Вашингтон. Наградaта на американското жири, за најдобар актер, составено од Роман Костовски, претседател, Патриша Корбет и Жаклин Хедингтон му ја додели токму на Петар Маниќ за својот актерски перформанс во „Стела“. Ова е втора награда за младиот Петар Маниќ, а за „Стела“ ова е шесто гран при во својат богат фестивалски живот. Во филмот главен лик е младата шарпланинка Стела, за првпат на долгометражен филм е младиот Петар Маниќ, а во филмот играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ, позната од филмскиот хит Парада. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Горѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, монтажер е Данчо Стефков, а композитор Оливер Јосифовски од Љубојна. Долгометражниот игран филм „Стела“ е копродукција меѓу македонската продукциска куќа „Дрим Фектори“ – продуцент Огнен Антов, српската продукција „Акција Продукција“ – продуцент Јована Караулиќ и германската „Моуна“ – продуцент: Никол Акер-ман. СТЕЛА беше препознаен како проект од исклучителна важност и доби финансиска подршка од „Агенцијата за Филм на Република Македонија“, „Филмскиот центар на Србија“ и Филмскиот фонд Баден Вунтерберг во Штутгарт, Германија. Стојан Вујичиќ е еден од водечките македонски режисери, чиј опус вклучува бројни кратки играни и документарни филмови и телевизиски проекти.

The post Петар Маниќ од првиот македонски филм за деца „Стела“ ја освои наградата за најдобар актер на Фестивалот на Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>
Петар Маниќ награден на Филмскиот фестивал во Севиља за улогата во филмот „Стела“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/petar-manikj-nagraden-na-filmskiot-festival-vo-sevilja-za-ulogata-vo-filmot-stela/ Tue, 01 Mar 2022 11:57:22 +0000 https://republika.mk/?p=465842

Младиот актер Петар Маниќ ја освои наградата за најдобар млад актер на филмскиот фестивал „Sevilla Indie Film Festival“ – SEVIFF во Шпанија. Наградата се доделува за неговиот уникатен актерски пристап за улогата на Никола, во првиот македонски филм за деца „Стела”, во режија на Стојан Вујичиќ, продуциран од „Дрим Фектори“.

Стојан Вујичиќ е еден од водечките македонски режисери, чиј опус вклучува бројни кратки играни и документарни фил-мови и телевизиски проекти.

Како што соопштија од „Дрим Фектори“, оваа награда е петта награда по ред која што ја освојува филмот „Стела“, со што се потврдува уште еднаш квалитетот на филмот, а воедно и успехот на Македонската кинематографија во целост.

Во реализацијата на овој прв и единствен македонски долгометражен филм за деца е вклучена и меѓународна екипа. Во филмот главен лик е младата шарпланинка Стела. За првпат на долгометражен филм е младиот Петар Маниќ, а во филмот играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ, позната од филмскиот хит Парада. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Горѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, монтажер е Данчо Стефков, а композитор Оливер Јосифовски од „Љубојна“.

Долгометражниот игран филм „Стела“ е копродукција помеѓу македонската продукциска куќа „Дрим Фектори“ (продуцент: Огнен Антов), српската продукција „Акција Продукција“ (продуцент: Јована Караулиќ) и германската „Моуна“ (продуцент: Никол Акер-ман). Филмот „Стела“ беше препознаен како проект од исклучителна важност и доби финансиска подршка од „Агенцијата за Филм на Република Македонија“, „Филмскиот центар на Србија“ и Филмскиот фонд Баден Вунтерберг во Штутгарт, Германија, а спонзор на филмот е и Витаминка.

„Стела“ е приказна за едно куче, шарпланинка, едно дете и еден дедо. Звучи идилчично, но не е. Откако детето Николa ќе проба да се самоубие заради булинг во училиштето, изгледа дека никој не ќе може да допре до него. Престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствена која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори, се наведува во соопштението на „Дрим Фектори“.

The post Петар Маниќ награден на Филмскиот фестивал во Севиља за улогата во филмот „Стела“ appeared first on Република.

]]>

Младиот актер Петар Маниќ ја освои наградата за најдобар млад актер на филмскиот фестивал „Sevilla Indie Film Festival“ – SEVIFF во Шпанија. Наградата се доделува за неговиот уникатен актерски пристап за улогата на Никола, во првиот македонски филм за деца „Стела”, во режија на Стојан Вујичиќ, продуциран од „Дрим Фектори“. Стојан Вујичиќ е еден од водечките македонски режисери, чиј опус вклучува бројни кратки играни и документарни фил-мови и телевизиски проекти. Како што соопштија од „Дрим Фектори“, оваа награда е петта награда по ред која што ја освојува филмот „Стела“, со што се потврдува уште еднаш квалитетот на филмот, а воедно и успехот на Македонската кинематографија во целост. Во реализацијата на овој прв и единствен македонски долгометражен филм за деца е вклучена и меѓународна екипа. Во филмот главен лик е младата шарпланинка Стела. За првпат на долгометражен филм е младиот Петар Маниќ, а во филмот играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ, позната од филмскиот хит Парада. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Горѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, монтажер е Данчо Стефков, а композитор Оливер Јосифовски од „Љубојна“. Долгометражниот игран филм „Стела“ е копродукција помеѓу македонската продукциска куќа „Дрим Фектори“ (продуцент: Огнен Антов), српската продукција „Акција Продукција“ (продуцент: Јована Караулиќ) и германската „Моуна“ (продуцент: Никол Акер-ман). Филмот „Стела“ беше препознаен како проект од исклучителна важност и доби финансиска подршка од „Агенцијата за Филм на Република Македонија“, „Филмскиот центар на Србија“ и Филмскиот фонд Баден Вунтерберг во Штутгарт, Германија, а спонзор на филмот е и Витаминка.
„Стела“ е приказна за едно куче, шарпланинка, едно дете и еден дедо. Звучи идилчично, но не е. Откако детето Николa ќе проба да се самоубие заради булинг во училиштето, изгледа дека никој не ќе може да допре до него. Престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствена која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори, се наведува во соопштението на „Дрим Фектори“.

The post Петар Маниќ награден на Филмскиот фестивал во Севиља за улогата во филмот „Стела“ appeared first on Република.

]]>
Со „Стела“ и Петко завршува Кино утро во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-stela-i-petko-zavrshuva-kino-utro-vo-kinoteka/ Thu, 27 Jan 2022 19:18:47 +0000 https://republika.mk/?p=450357

Со продолжувањето на зимскиот распуст, Кинотеката реши да ги почести најмладите посетители со уште филмска недела и својата програма КИНО УТРО ја надополни со нови филмски проекции кои се одржаа од 24 до 28 јануари.

Утре на големото платно ќе можете да го погледнете филмот СТЕЛА и Петко.

ТАЈНИОТ ИЗУМ

(The Secret Invention)

ТВ филм за деца

2021, 61 мин., ХД

Сценарио: Билјана Црвенковска

Режија: Дина Дума

Другарите од 5+ стокатницата се загрижени: нешто се случува со Комшо. Мошне е нерасположен, но не сака со никого да разговара за тоа. Тие се обидуваат да дознаат што се случува, а откако ќе откријат дека тој се сели во странство, измислуваат начини како да го задржат Комшо да не замине.

А во меѓувреме, Цвајштајн и Комшо подготвуваат проштално изненадување за другарите. Што е тоа? Тоа е еден фантастичен, неверојатен и секако - ТАЕН изум.

Но, дури и со тајните и неверојатни изуми на генијалецот Цвајштајн нешто може да тргне во погрешен правец, особено ако во целата работа замеша прсти - кој друг ако не бељаџијата Џими.

СТЕЛА

(Stela)

Игран филм, Македонија / Србија / Германија

2020, 90 мин., колор, ДЦП

Режија: Стојан Вујичиќ (Stojan Vujichikj)

Сценарио: Ева Камчевска (Eva Kamchevska)

Улоги: Симеон Мони Дамевски, Дејан Лилиќ, Петар Маниќ, Тони Михајловски, Христина Поповиќ (Simeon Moni Damevski, Dejan Lilikj, Petar Manikj, Toni Mihajlovski, Hristina Popović)

СТЕЛА е приказна за едно куче-шарпланинка, едно дете и еден дедо. Откако детето Николa (Петар Маниќ, за прв пат на филм) ќе се обиде да се самоубие поради малтретирањето од врсниците на училиште, изгледа дека никој не ќе може да допре до него. Престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствената која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори. Доволно е неговото постоење и среќна е од неговата близина. Детето ќе почне да се поистоветува со неа, па неговиот глас може да се слушне единствено кога лае. Дедото, кој избегал од луѓето за да живее сам на бачилото, неволно ќе го прифати Никола, но во текот на оваа авантура ќе станат семејство, бегајќи од своето вистинско семејство.

СТЕЛА е прв македонски долгометражен игран филм од детскиот жанр и неговото дејствие се одвива во Македонија (во Скопје, потоа продолжува и во живописниот Галичник), како и во Штутгарт (Германија). СТЕЛА годинава го отвори најголемиот регионален фестивал за детски филмови „КИДС ФЕСТ“.

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 100 денари

The post Со „Стела“ и Петко завршува Кино утро во Кинотека appeared first on Република.