Стејт департмент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stejt-department/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 08:37:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стејт департмент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stejt-department/ 32 32 Стејт департмент: Политиката на САД за користење американско оружје од страна на Украина не е променета https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stejt-department-politikata-na-sad-za-koristene-amerikansko-oruzhje-od-strana-na-ukraina-ne-e-promeneta/ Tue, 19 Nov 2024 08:37:10 +0000 https://republika.mk/?p=839460

Од Стејт департментот синоќа изјавија дека политиката на САД во однос на користењето американско оружје од страна на Украина за напади во руска територија не е променета, и дека Вашингтон дозволува „адаптација и корекција“ на оваа политика доколку „тоа е соодветно“.

Не поседувам никакви нови информации за оваа политика. Како што знаете, уште пред Русија да ја започне својата сеопфатна инвазија, САД формираа коалиција од над 50 земји за да ѝ помогнат на Украина и да ја повикаат Русија на одговорност за нејзините дејствија. Јасно ставивме до знаење дека ќе ги адаптираме и коригираме потенцијалите што ѝ ги обезбедуваме на Украина кога тоа е соодветно, и видовте дека тоа го потврдуваме со нашите дејствија во изминатите неколку години, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер на прашањето каква е политиката на САД во однос на употребата на американските ракетени системи АТАКМС од страна на Украина против цели на територијата на Русија.

Милер исто така ги истакна дејствијата на Москва кои можат да доведат до ескалација на конфликтот.

Ако зборуваме за ескалација на овој конфликт, се гледа дека токму Русија постојано ескалира. Вклучувајќи ги неодамнешните дејствија со руската мобилизација на над 11 илјади севернокорејски војници, кои сега се на првата борбена линија во Курската област и учествуваат во борбите против украинската армија. Ова е сериозна ескалација од страна на Русија – да се вклучи војска од Азија во конфликт во Европа, изјави тој.

Како што веќе истакна државниот секретар (Блинкен), нашиот одговор на ова ќе биде решителен, и реакцијата на сојузниците на Украина… треба да биде подеднакво решителна. Ние ќе продолжиме да преземаме мерки за да ја повикаме Русија на одговорност за нејзините дејствија, вклучувајќи ги и оние што го ескалираат конфликтот, како и Северна Кореја за нејзините ескалациски постапки, нагласи Милер.

Претставникот на Стејт департментот одби да ја потврди веродостојноста на информациите дека Франција и Велика Британија, во договор со САД, решиле да ѝ дозволат на Украина да користи далекусежно оружје за напади врз територијата на Русија, вклучувајќи ги ракетите Storm Shadow.

Не сум подготвен да ги потврдам овие информации во име на САД, нема да зборувам во име на други земји, рече Милер.

The post Стејт департмент: Политиката на САД за користење американско оружје од страна на Украина не е променета appeared first on Република.

]]>

Од Стејт департментот синоќа изјавија дека политиката на САД во однос на користењето американско оружје од страна на Украина за напади во руска територија не е променета, и дека Вашингтон дозволува „адаптација и корекција“ на оваа политика доколку „тоа е соодветно“. Не поседувам никакви нови информации за оваа политика. Како што знаете, уште пред Русија да ја започне својата сеопфатна инвазија, САД формираа коалиција од над 50 земји за да ѝ помогнат на Украина и да ја повикаат Русија на одговорност за нејзините дејствија. Јасно ставивме до знаење дека ќе ги адаптираме и коригираме потенцијалите што ѝ ги обезбедуваме на Украина кога тоа е соодветно, и видовте дека тоа го потврдуваме со нашите дејствија во изминатите неколку години, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер на прашањето каква е политиката на САД во однос на употребата на американските ракетени системи АТАКМС од страна на Украина против цели на територијата на Русија. Милер исто така ги истакна дејствијата на Москва кои можат да доведат до ескалација на конфликтот. Ако зборуваме за ескалација на овој конфликт, се гледа дека токму Русија постојано ескалира. Вклучувајќи ги неодамнешните дејствија со руската мобилизација на над 11 илјади севернокорејски војници, кои сега се на првата борбена линија во Курската област и учествуваат во борбите против украинската армија. Ова е сериозна ескалација од страна на Русија – да се вклучи војска од Азија во конфликт во Европа, изјави тој. Како што веќе истакна државниот секретар (Блинкен), нашиот одговор на ова ќе биде решителен, и реакцијата на сојузниците на Украина… треба да биде подеднакво решителна. Ние ќе продолжиме да преземаме мерки за да ја повикаме Русија на одговорност за нејзините дејствија, вклучувајќи ги и оние што го ескалираат конфликтот, како и Северна Кореја за нејзините ескалациски постапки, нагласи Милер. Претставникот на Стејт департментот одби да ја потврди веродостојноста на информациите дека Франција и Велика Британија, во договор со САД, решиле да ѝ дозволат на Украина да користи далекусежно оружје за напади врз територијата на Русија, вклучувајќи ги ракетите Storm Shadow. Не сум подготвен да ги потврдам овие информации во име на САД, нема да зборувам во име на други земји, рече Милер.

The post Стејт департмент: Политиката на САД за користење американско оружје од страна на Украина не е променета appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stejt-department-na-ukraina-ne-i-treba-dozvola-od-sad-za-koristene-sopstveno-oruzhje-vo-napadi-vrz-rusija/ Tue, 01 Oct 2024 07:23:15 +0000 https://republika.mk/?p=821208

Украина, како суверена држава, може да носи свои одлуки во врска со нападите врз цели во Русија со сопствено оружје, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, одговарајќи на прашање за можноста Украина да добие дозвола од САД за напади со американско оружје длабоко на територијата на Русија.

Пред сè, на Украина не и треба наша дозвола да гаѓа руски цели. Тие се суверена држава и можат самостојно да го користат оружјето што го создадоа, а го има многу, рече Милер, пренесе Стејт департментот.

Во тој поглед, Милер ги нагласи одбранбените програми што Украина ги спроведе во изминатата година. Дополнително, додаде тој, САД не им забрануваат на вооружените сили да напаѓаат руски цели во близина на границата, од каде што руската војска започнува офанзивни операции.

Затоа, додаде Милер, Украина има голем потенцијал да се одбрани.

Портпаролот на Стејт департментот потсети дека минатата недела американскиот претседател Џо Бајден најави издвојување на нови осум милијарди долари за помош во безбедноста на Украина.

-И ние ќе продолжиме да ги поддржуваме, уверуваше претставникот на американскиот Стејт департмент.

Киев постојано ги повика западните партнери да дозволат употреба на западно оружје на аеродромите и другите воени цели длабоко во Русија, од каде се изведуваат ракетни и бомбашки напади врз Украина.

The post Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија appeared first on Република.

]]>

Украина, како суверена држава, може да носи свои одлуки во врска со нападите врз цели во Русија со сопствено оружје, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, одговарајќи на прашање за можноста Украина да добие дозвола од САД за напади со американско оружје длабоко на територијата на Русија. Пред сè, на Украина не и треба наша дозвола да гаѓа руски цели. Тие се суверена држава и можат самостојно да го користат оружјето што го создадоа, а го има многу, рече Милер, пренесе Стејт департментот. Во тој поглед, Милер ги нагласи одбранбените програми што Украина ги спроведе во изминатата година. Дополнително, додаде тој, САД не им забрануваат на вооружените сили да напаѓаат руски цели во близина на границата, од каде што руската војска започнува офанзивни операции. Затоа, додаде Милер, Украина има голем потенцијал да се одбрани. Портпаролот на Стејт департментот потсети дека минатата недела американскиот претседател Џо Бајден најави издвојување на нови осум милијарди долари за помош во безбедноста на Украина. -И ние ќе продолжиме да ги поддржуваме, уверуваше претставникот на американскиот Стејт департмент. Киев постојано ги повика западните партнери да дозволат употреба на западно оружје на аеродромите и другите воени цели длабоко во Русија, од каде се изведуваат ракетни и бомбашки напади врз Украина.

The post Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија appeared first on Република.

]]>
Стејт департментот не поддржува никакви промени на статусот на мостот во Митровица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/stejt-departmentot-ne-poddrzhuva-nikakvi-promeni-na-statusot-na-mostot-vo-mitrovitsa/ Wed, 14 Aug 2024 12:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=806497

мериканскиот Стејт департмент денеска соопшти дека не поддржува никакви промени на сегашниот статус на мостот во Митровица на Ибар, додека КФОР повтори дека секоја одлука за мостот мора да се реши со дијалог, јави дописникот на МИА од Белград.

САД во овој момент не поддржуваат никакви потези за промена на сегашниот статус на мостот во Митровица.

Отворањето на мостот за сообраќај на возила во моментов го зголемува потенцијалот за насилство и го загрозува локалното население, како и војниците на КФОР, вклучително и Американците, кои работи на поддршка на мирот и безбедноста на Косово, изјави портпаролот на Стејт департментот за порталот „Павловиќ тудеј“.

Тој ја повика Владата на Косово да се воздржи од еднострани дејствија и наместо тоа да се занимава со ова прашање во рамките на дијалогот со поддршка на ЕУ.

Стејт департментот нагласи дека на ист став се и партнерите од Квинта, како и ЕУ и НАТО.

Според соопштението на Стејт департментот, целта е „да се работи со Владата на Косово за да се создадат услови под кои мостот би можел да биде отворен за сообраќај на возила“.

Во тој поглед, САД ја повикуваат Владата на Косово да се врати на блискиот и конструктивен ангажман со САД и другите меѓународни партнери, се наведува во соопштението.

Се огласи и мисијата на КФОР која соопшти дека има постојано присуство на главниот мост на реката Ибар во Митровица и дека врши редовни патроли во областа и дека секоја одлука во врска со мостот на реката Ибар мора да биде донесена преку политички дијалог и на координиран начин и дека во оваа смисла продолжува целосно да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ.

КФОР, исто така, наведува дека има видливо и флексибилно присуство низ Косово и дека командантот на КФОР има овластување да го адаптира по потреба и нема да се двоуми да реагира на секој релевантен безбедносен развој и во согласност со мандатот на ОН.

The post Стејт департментот не поддржува никакви промени на статусот на мостот во Митровица appeared first on Република.

]]>

мериканскиот Стејт департмент денеска соопшти дека не поддржува никакви промени на сегашниот статус на мостот во Митровица на Ибар, додека КФОР повтори дека секоја одлука за мостот мора да се реши со дијалог, јави дописникот на МИА од Белград.
САД во овој момент не поддржуваат никакви потези за промена на сегашниот статус на мостот во Митровица.
Отворањето на мостот за сообраќај на возила во моментов го зголемува потенцијалот за насилство и го загрозува локалното население, како и војниците на КФОР, вклучително и Американците, кои работи на поддршка на мирот и безбедноста на Косово, изјави портпаролот на Стејт департментот за порталот „Павловиќ тудеј“. Тој ја повика Владата на Косово да се воздржи од еднострани дејствија и наместо тоа да се занимава со ова прашање во рамките на дијалогот со поддршка на ЕУ. Стејт департментот нагласи дека на ист став се и партнерите од Квинта, како и ЕУ и НАТО. Според соопштението на Стејт департментот, целта е „да се работи со Владата на Косово за да се создадат услови под кои мостот би можел да биде отворен за сообраќај на возила“.
Во тој поглед, САД ја повикуваат Владата на Косово да се врати на блискиот и конструктивен ангажман со САД и другите меѓународни партнери, се наведува во соопштението.
Се огласи и мисијата на КФОР која соопшти дека има постојано присуство на главниот мост на реката Ибар во Митровица и дека врши редовни патроли во областа и дека секоја одлука во врска со мостот на реката Ибар мора да биде донесена преку политички дијалог и на координиран начин и дека во оваа смисла продолжува целосно да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ. КФОР, исто така, наведува дека има видливо и флексибилно присуство низ Косово и дека командантот на КФОР има овластување да го адаптира по потреба и нема да се двоуми да реагира на секој релевантен безбедносен развој и во согласност со мандатот на ОН.

The post Стејт департментот не поддржува никакви промени на статусот на мостот во Митровица appeared first on Република.

]]>
Стејт депармент: Водењето бизнис во Македонија е лесно, но корупцијата е постојан предизвик https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stejt-deparment-vodeneto-biznis-vo-makedonija-e-lesno-no-koruptsijata-e-postojan-predizvik/ Thu, 18 Jul 2024 10:26:43 +0000 https://republika.mk/?p=798014

Американскиот стејт департмент во извештај за Македонија вели дека водењето бизнис во државава е генерално лесно и правната рамка во голема мера е во согласност со меѓународните стандарди но корупцијата е со постојан предизвик.

Големите странски компании кои работат во Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) генерално известуваат за позитивни инвестициски искуства и одржуваат добри односи со владините претставници. Сепак, целокупното регулаторно опкружување на земјата останува сложено, а честите регулаторни и законодавни промени, заедно со неконзистентно толкување на правилата, создаваат непредвидливо деловно опкружување погодно за корупција. Владата генерално ги спроведува законите, но има бројни извештаи дека некои функционери и понатаму се вклучени во коруптивни активности. Транспаренси Интернешнл ја рангираше Македонија на 76-то место од 180 земји во нејзиниот Индекс на перцепција на корупцијата во 2023 година, девет места повисоко од претходната година, со резултат од 42/100 во апсолутна вредност се вели во извештајот

Во извештајот стои дека и Државната комисија за спречување на корупијата има отворено неколку истраги поврзани со корупција , вклучително и неколку во кои беа вклучени високи функционери, но ниту една досега не резултираше со кривично гонење.

Од 2021 година, Амбасадата Скопје ги идентификуваше дигитализацијата и зелената енергија како области зрели за американски инвестиции поради зголемената посветеност на владата да инвестира во овие стратешки сектори. Локацијата на Македонија, на раскрсницата на паневропските транспортни коридори VIII и X, е предност бидејќи компаниите сметаат дека „речиси го потпираат“ нивното производство да биде поблиску до центрите за потрошувачка во Европа, бидејќи последиците од пандемијата и руската инвазија на Украина продолжуваат да ги кинат глобалните синџири на снабдување.

Се укажува дека руската инвазија во Украина како и забавувањето на инвестициите го попречиле растот на БДП во 2023 година.

Целиот извештај на Стејт депарментот можете да го видите тука.

The post Стејт депармент: Водењето бизнис во Македонија е лесно, но корупцијата е постојан предизвик appeared first on Република.

Се укажува дека руската инвазија во Украина како и забавувањето на инвестициите го попречиле растот на БДП во 2023 година. Целиот извештај на Стејт депарментот можете да го видите тука.

The post Стејт депармент: Водењето бизнис во Македонија е лесно, но корупцијата е постојан предизвик appeared first on Република.

]]>
САД: Ќе работиме со Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа https://arhiva3.republika.mk/vesti/sad-ke-rabotime-so-s-makedonija-i-grtsija-da-go-odrzhat-dogovorot-od-prespa/ Fri, 12 Jul 2024 11:18:12 +0000 https://republika.mk/?p=796136

САД ќе работат со Македонија и Грција да ги одржат придобивките од Договорот од Преспа, соопштиле од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик во врска со реакциите на официјална Атина за употребата на уставното име на државата од страна новите власти во Скопје.

Договорот од Преспа беше историско достигнување во отклучувањето на безбедносните придобивки во јужна и источна Европа. САД го поддржуваат овој витален договор, ја повторуваат важноста од почитување на истиот и ќе работат со сите страни за да ги одржат неговите придобивки, велат од Стејт департментот.

Премиерот Христијан Мицкоски кој престојува во Вашингтон на Самитот на НАТО, кога стана премиер, кажа дека дома ќе ја вика државата Македонија, а надвор, во официјален контекст – Cеверна Македонија.

Мицкоски, како што пренесува Гласот на Америка, изминативе три дена во Вашингтон, во јавните изјави и објави на социјалната мрежа Икс, ја нарекуваше државата Македонија, а јавно официјалното име на државата го кажа наколку пати на дебата во Школата на меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

Во Вашингтон е и претседателот на грчката Влада Киријакос Мицотакис, но премиерите на двете земји, иако учествуваа на исти настани на НАТО Самитот, сепак не остварија билатерална средба, нешто што секако не ни беше претходно најавено. Портпаролот на грчката Влада на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, одговарјаќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина зошто Мицкоски и Мицотакис не се сретнаа, кусо одговори дека она што знае е дека не се одржа средба и дека не знае нешто повеќе.

Мицотакис, на прес-конференција за грчки медиуми на Самитот на НАТО во Вашингтон, кажал дека премиерот Мицкоски на официјалните состаноци на сите лидери на НАТО го користел уставното име на државата. Мицотакис, сепак, ги информирал колегите во НАТО оти не се спроведува клучниот член од Договорот од Преспа, а тоа е името Cеверна Македонија да се употребува ерга омнес, што значи внатре и надвор од државата.

Тој кажал и дека „Грција во овој момент нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање за да одговори на евентуалното инсистирање на раководството на соседната земја на оваа тактика“.

The post САД: Ќе работиме со Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>

САД ќе работат со Македонија и Грција да ги одржат придобивките од Договорот од Преспа, соопштиле од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик во врска со реакциите на официјална Атина за употребата на уставното име на државата од страна новите власти во Скопје.
Договорот од Преспа беше историско достигнување во отклучувањето на безбедносните придобивки во јужна и источна Европа. САД го поддржуваат овој витален договор, ја повторуваат важноста од почитување на истиот и ќе работат со сите страни за да ги одржат неговите придобивки, велат од Стејт департментот.
Премиерот Христијан Мицкоски кој престојува во Вашингтон на Самитот на НАТО, кога стана премиер, кажа дека дома ќе ја вика државата Македонија, а надвор, во официјален контекст – Cеверна Македонија. Мицкоски, како што пренесува Гласот на Америка, изминативе три дена во Вашингтон, во јавните изјави и објави на социјалната мрежа Икс, ја нарекуваше државата Македонија, а јавно официјалното име на државата го кажа наколку пати на дебата во Школата на меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон. Во Вашингтон е и претседателот на грчката Влада Киријакос Мицотакис, но премиерите на двете земји, иако учествуваа на исти настани на НАТО Самитот, сепак не остварија билатерална средба, нешто што секако не ни беше претходно најавено. Портпаролот на грчката Влада на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, одговарјаќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина зошто Мицкоски и Мицотакис не се сретнаа, кусо одговори дека она што знае е дека не се одржа средба и дека не знае нешто повеќе. Мицотакис, на прес-конференција за грчки медиуми на Самитот на НАТО во Вашингтон, кажал дека премиерот Мицкоски на официјалните состаноци на сите лидери на НАТО го користел уставното име на државата. Мицотакис, сепак, ги информирал колегите во НАТО оти не се спроведува клучниот член од Договорот од Преспа, а тоа е името Cеверна Македонија да се употребува ерга омнес, што значи внатре и надвор од државата. Тој кажал и дека „Грција во овој момент нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање за да одговори на евентуалното инсистирање на раководството на соседната земја на оваа тактика“.

The post САД: Ќе работиме со Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>
„Се лаже во извештајот за Газа“, откри службеничка од Стејт департмент и даде отказ поради тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-lazhe-vo-izveshtajot-za-gaza-otkri-sluzhbenichka-od-stejt-department-i-dade-otkaz-poradi-toa/ Fri, 31 May 2024 13:09:20 +0000 https://republika.mk/?p=783389

Службенчка на Стејт департментот, која поднесе оставка оваа недела, изјави дека причината за нејзиното заминување е извештајот на администрацијата до Конгресот во кој таа рече дека погрешно е наведено оти Израел не ја блокира хуманитарната помош за Појасот Газа.

Вработената Стејси Гилберт, од Бирото за население, бегалци и миграција на Стејт департментот, била експерт за извештајот, но поднесе оставка во знак на протест против политиката на претседателот Џо Бајден кон Израел.

Постои толку јасна разлика помеѓу доброто и погрешното, а она што е во овој извештај е погрешно, рече Гилберт во интервју.

ОН и организациите за хуманитарна помош долго време изразуваат загриженост за опасностите и пречките за примање и дистрибуција на помош во Појасот Газа.

The post „Се лаже во извештајот за Газа“, откри службеничка од Стејт департмент и даде отказ поради тоа appeared first on Република.

]]>

Службенчка на Стејт департментот, која поднесе оставка оваа недела, изјави дека причината за нејзиното заминување е извештајот на администрацијата до Конгресот во кој таа рече дека погрешно е наведено оти Израел не ја блокира хуманитарната помош за Појасот Газа. Вработената Стејси Гилберт, од Бирото за население, бегалци и миграција на Стејт департментот, била експерт за извештајот, но поднесе оставка во знак на протест против политиката на претседателот Џо Бајден кон Израел.
Постои толку јасна разлика помеѓу доброто и погрешното, а она што е во овој извештај е погрешно, рече Гилберт во интервју.
ОН и организациите за хуманитарна помош долго време изразуваат загриженост за опасностите и пречките за примање и дистрибуција на помош во Појасот Газа.

The post „Се лаже во извештајот за Газа“, откри службеничка од Стејт департмент и даде отказ поради тоа appeared first on Република.

]]>
САД и ЕУ ќе го заштитуваат Западен Балкан од странски пропаганди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sad-i-eu-ke-go-zashtituvaat-zapaden-balkan-od-stranski-propagandi/ Sat, 25 May 2024 06:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=781555

Стејт департмент и Службата за надворешна акција на Европската Унија (ЕЕАС) отворија заеднички механизам за координација за Западен Балкан, фокусиран на манипулации со информации и надворешни влијанија (ФИМИ), што вклучува дезинформации и пропаганда.

Препознавајќи ја нашата споделена политика кон Западен Балкан и странските актери кои го таргетираат регионот со операциите на ФИМИ, овој механизам ќе го зајакне интегритетот на информацискиот простор на Западен Балкан, соопштија синоќа од Стејт департментот.

Во дописот се вели дека „механизмот ќе даде можност на партнерите истомисленици да станат независни во справувањето со заканата од ФИМИ и да работат заедно за да ја намалат способноста на Русија и Народна Република Кина да користат кампањи за пропаганда и манипулација со информации во регионот“.

Оваа мерка има за цел да ја зајакне Европа како геостратешки партнер, да го зајакне демократското владеење и владеењето на правото, како и да ги направи регионалните партнери побезбедни и попросперитетни, кажа Стејт департментот.

Продолжуваме, додаваат, да работиме за интеграција на регионот во евроатлантските структури.

САД и Македонија лани во мај потпишаа меморандум за соработка во борбата против дезинформациите.

Овој Меморандум за разбирање уследи по состаноците одржани во Скопје на 11 април 2023 година, меѓу Владата и Стејт департментот на САД. За време на тие состаноци, двете страни изразија загриженост за напорите на Русија и други да шират дезинформации за поткопување на демократијата и националната безбедност низ целиот свет, соопшти тогаш Стејт департментот.

Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на Стејт департментот, на 20 мај беше во посета на Македонија за да се сретне со експерти за странско злонамерно влијание и да го посети археолошиот локалитет Стоби.

Ален беше и во Србија, Косово и Босна и Херцеговина.

The post САД и ЕУ ќе го заштитуваат Западен Балкан од странски пропаганди appeared first on Република.

]]>

Стејт департмент и Службата за надворешна акција на Европската Унија (ЕЕАС) отворија заеднички механизам за координација за Западен Балкан, фокусиран на манипулации со информации и надворешни влијанија (ФИМИ), што вклучува дезинформации и пропаганда.
Препознавајќи ја нашата споделена политика кон Западен Балкан и странските актери кои го таргетираат регионот со операциите на ФИМИ, овој механизам ќе го зајакне интегритетот на информацискиот простор на Западен Балкан, соопштија синоќа од Стејт департментот.
Во дописот се вели дека „механизмот ќе даде можност на партнерите истомисленици да станат независни во справувањето со заканата од ФИМИ и да работат заедно за да ја намалат способноста на Русија и Народна Република Кина да користат кампањи за пропаганда и манипулација со информации во регионот“. Оваа мерка има за цел да ја зајакне Европа како геостратешки партнер, да го зајакне демократското владеење и владеењето на правото, како и да ги направи регионалните партнери побезбедни и попросперитетни, кажа Стејт департментот. Продолжуваме, додаваат, да работиме за интеграција на регионот во евроатлантските структури. САД и Македонија лани во мај потпишаа меморандум за соработка во борбата против дезинформациите.
Овој Меморандум за разбирање уследи по состаноците одржани во Скопје на 11 април 2023 година, меѓу Владата и Стејт департментот на САД. За време на тие состаноци, двете страни изразија загриженост за напорите на Русија и други да шират дезинформации за поткопување на демократијата и националната безбедност низ целиот свет, соопшти тогаш Стејт департментот.
Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на Стејт департментот, на 20 мај беше во посета на Македонија за да се сретне со експерти за странско злонамерно влијание и да го посети археолошиот локалитет Стоби. Ален беше и во Србија, Косово и Босна и Херцеговина.

The post САД и ЕУ ќе го заштитуваат Западен Балкан од странски пропаганди appeared first on Република.

]]>
Заменик-државната секретарка на САД, Елизабет Ален, во посета на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zamenik-drzhavnata-sekretarka-na-sad-elizabet-alen-vo-poseta-na-makedonija/ Tue, 14 May 2024 09:11:56 +0000 https://republika.mk/?p=777860

Заменик-државниот секретар на САД за јавна дипломатија, Елизабет Ален ја започнала посетата на регионот, при што до 20 мај ќе ги посети Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово.

Како што се наведува во соопштението на Стејт департментот, главна цел на посетите е продлабочување на партнерството со земјите од Западен Балкан и унапредување на заедничките цели за регионална соработка и европска интеграција

За време на разговорите, Ален ќе ги нагласи основните демократски вредности кои САД ги споделуваат со луѓето од Западен Балкан и важноста да се работи заедно за заштита на слободните и отворени општества од злонамерно влијание.

Ален во Скопје ќе се сретне со „експерти за странско малигно влијание“.

„Препознавајќи ја културната разновидност и богатото наследство на Македонија, потсекретарката Ален ќе го посети античкиот римски форум во Стоби, каде поддршката на американската влада преку Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата помага да се зачува еден од најскапоцените археолошки локалитети во Македонија. Додека е таму, таа ќе разговара со локалните партнери за потенцијалот на проектот за натамошно проширување на економскиот развој и туризмот“, се наведува во соопштението.

The post Заменик-државната секретарка на САД, Елизабет Ален, во посета на Македонија appeared first on Република.

]]>

Заменик-државниот секретар на САД за јавна дипломатија, Елизабет Ален ја започнала посетата на регионот, при што до 20 мај ќе ги посети Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово. Како што се наведува во соопштението на Стејт департментот, главна цел на посетите е продлабочување на партнерството со земјите од Западен Балкан и унапредување на заедничките цели за регионална соработка и европска интеграција За време на разговорите, Ален ќе ги нагласи основните демократски вредности кои САД ги споделуваат со луѓето од Западен Балкан и важноста да се работи заедно за заштита на слободните и отворени општества од злонамерно влијание. Ален во Скопје ќе се сретне со „експерти за странско малигно влијание“.
„Препознавајќи ја културната разновидност и богатото наследство на Македонија, потсекретарката Ален ќе го посети античкиот римски форум во Стоби, каде поддршката на американската влада преку Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата помага да се зачува еден од најскапоцените археолошки локалитети во Македонија. Додека е таму, таа ќе разговара со локалните партнери за потенцијалот на проектот за натамошно проширување на економскиот развој и туризмот“, се наведува во соопштението.
 
The post Заменик-државната секретарка на САД, Елизабет Ален, во посета на Македонија appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент: САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и евроатлантските интеграции на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stejt-department-sad-ostanuvaat-tsvrsto-posveteni-na-dogovorot-od-prespa-i-evroatlantskite-integratsii-na-makedonija/ Mon, 13 May 2024 20:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=777755

САД се целосно посветени на Преспанскиот договор и повикуваат на негово почитување, изјави портпарол на Стејт департментот по положувањето на заклетвата од страна на избраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во Собранието кога таа не го употреби уставното име на земјата, што предизвика реакции од ЕУ, од грчкото МНР и од Американската амбасада во Скопје.

САД остануваат целосно посветени на Преспанскиот договор и евроатлантската интеграција на Македонија. Додека новата влада се формира и се избира премиер ние ќе продолжиме да го зацврстуваме значењето на почитувањето на меѓународните договори и бенефициите од целосно членство во ЕУ, изјави денеска за МИА портпарол на Стејт департментот.

Тој истакна и дека САД продолжуваат со поддршка на безбедноста, просперитетот и евроатлантската интеграција на Македонија и со нетрпение очекуваат да работат со новата влада што наскоро ќе биде формирана како и со претседателот Гордана Сиљановска-Давкова во продолжување на унапредувањето на многу споделени цели.

Тој додаде и дека САД се и остануваат лојален партнер на Македонија во остварување на главните цели на земјата.

Ние отскекогаш сме биле и ќе бидеме лојален партнер во остварување на вашите главни цели – просперитетна демократија и стабилна економија вкотвена во евроатлантската заедница. Ќе продолжиме со подршката за Македонија во нејзините напори да го зазеде заслужното место како безбеден и просперитетент член на евроатлантската заедница, рече портпаролот.

САД исто така охрабруваат продолжување на дијалогот меѓу Скопје и Софија.

Го охрабруваме продолжувањето на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, во рамките на заедничките заложби за идното полноправно членство на Македонија во ЕУ, посочи портпаролот на Стејт департментот.

-Како што се формира нова влада и се избира премиер, очекуваме билатералната соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија да остане силна и фокусирана на важноста од зајакнување на демократските институции, реформите на владеењето на правото и регионалната енергетска безбедност. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат безбедноста, просперитетот и целосната евроатланска интеграција на Македонија., укажаа од Стејт департментот.

The post Стејт департмент: САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и евроатлантските интеграции на Македонија appeared first on Република.

]]>

САД се целосно посветени на Преспанскиот договор и повикуваат на негово почитување, изјави портпарол на Стејт департментот по положувањето на заклетвата од страна на избраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во Собранието кога таа не го употреби уставното име на земјата, што предизвика реакции од ЕУ, од грчкото МНР и од Американската амбасада во Скопје.
САД остануваат целосно посветени на Преспанскиот договор и евроатлантската интеграција на Македонија. Додека новата влада се формира и се избира премиер ние ќе продолжиме да го зацврстуваме значењето на почитувањето на меѓународните договори и бенефициите од целосно членство во ЕУ, изјави денеска за МИА портпарол на Стејт департментот.
Тој истакна и дека САД продолжуваат со поддршка на безбедноста, просперитетот и евроатлантската интеграција на Македонија и со нетрпение очекуваат да работат со новата влада што наскоро ќе биде формирана како и со претседателот Гордана Сиљановска-Давкова во продолжување на унапредувањето на многу споделени цели. Тој додаде и дека САД се и остануваат лојален партнер на Македонија во остварување на главните цели на земјата.
Ние отскекогаш сме биле и ќе бидеме лојален партнер во остварување на вашите главни цели – просперитетна демократија и стабилна економија вкотвена во евроатлантската заедница. Ќе продолжиме со подршката за Македонија во нејзините напори да го зазеде заслужното место како безбеден и просперитетент член на евроатлантската заедница, рече портпаролот.
САД исто така охрабруваат продолжување на дијалогот меѓу Скопје и Софија.
Го охрабруваме продолжувањето на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, во рамките на заедничките заложби за идното полноправно членство на Македонија во ЕУ, посочи портпаролот на Стејт департментот.
-Како што се формира нова влада и се избира премиер, очекуваме билатералната соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија да остане силна и фокусирана на важноста од зајакнување на демократските институции, реформите на владеењето на правото и регионалната енергетска безбедност. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат безбедноста, просперитетот и целосната евроатланска интеграција на Македонија., укажаа од Стејт департментот.

The post Стејт департмент: САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и евроатлантските интеграции на Македонија appeared first on Република.

]]>
Присилни исчезнувања, тортура и понижувачко постапување: Стејт департментот открил сериозни прекршувања на човековите права во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prisilni-ischeznuvana-tortura-i-ponizhuvachko-postapuvane-stejt-departmentot-otkril-seriozni-prekrshuvana-na-chovekovite-prava-vo-ukraina/ Sun, 05 May 2024 12:11:36 +0000 https://republika.mk/?p=774506

Стејт департментот открил случаи на сериозни прекршувања на човековите права во Украина.

Како што е наведено од американската администрација, мачење и киднапирања биле забележани во 2023 година, но украинските власти не презеле ништо во врска со тоа и не ги казниле сторителите.

Постојат веродостојни извештаи за присилни исчезнувања, тортура и сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, сурови и опасни по живот услови при апсење или притвор, како и сериозни проблеми со независноста на судството“, соопшти Стејт департментот.

Во извештајот се споменува дека во Украина, исто така, е забележано ограничување на слободата на говорот и прогон на новинарите, факти за цензура, како и „сериозна корупција во владата“ и „најлоши форми на експлоатација на малолетници“.

The post Присилни исчезнувања, тортура и понижувачко постапување: Стејт департментот открил сериозни прекршувања на човековите права во Украина appeared first on Република.

]]>

Стејт департментот открил случаи на сериозни прекршувања на човековите права во Украина. Како што е наведено од американската администрација, мачење и киднапирања биле забележани во 2023 година, но украинските власти не презеле ништо во врска со тоа и не ги казниле сторителите.
Постојат веродостојни извештаи за присилни исчезнувања, тортура и сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, сурови и опасни по живот услови при апсење или притвор, како и сериозни проблеми со независноста на судството“, соопшти Стејт департментот.
Во извештајот се споменува дека во Украина, исто така, е забележано ограничување на слободата на говорот и прогон на новинарите, факти за цензура, како и „сериозна корупција во владата“ и „најлоши форми на експлоатација на малолетници“.

The post Присилни исчезнувања, тортура и понижувачко постапување: Стејт департментот открил сериозни прекршувања на човековите права во Украина appeared first on Република.

]]>
Стејт Департментот е разочаран што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/stejt-department-e-razocharan-shto-dve-sanktsionirani-litsa-ke-bidat-ministri-vo-vladata-na-srbija/ Wed, 01 May 2024 09:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=772959

По соопштувањето на составот на новата српска Влада реагираше Стејт департментот на САД дека се „разочарани што гледаат две санкционирани лица предложени за функции во новата влада“, јави дописникот на МИА од Белград.

Според најавите од мандатарот Милош Вучевиќ, во новата Влада на Србија ќе има и двајца членови кои се под санкции на САД- Александар Вулин, кој е предложен за вицепремиер и Ненад Поповиќ, кој е предложен за министер без ресор.

-Нашиот став за господинот Вулин е добро познат. Тој останува под санкции на САД, се наведува во соопштението на портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка, во кое се додава дека САД не играат никаква улога во кадровските решенија на српската влада.

Мандатарот за состав на новата Влада на Србија и претседателот на Српската напредна партија (СНС) Милош Вучевиќ го именуваше Александар Вулин, еден од најконтроверзните актери на српската политичка сцена, кој се смета за лице со силни руски врски и кој од 11 јули минатата година е на листата на санкции на Министерството за финансии на САД за „коруптивни и дестабилизирачки акти“, заради унапредување на сопствени политички агенди и лични интереси, на штета на мирот и стабилноста на Западен Балкан.

-Тие коруптивни зделки го олеснуваат ширењето на руските злонамерни активности во Србија и во регионот, се наведува во соопштението на Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) кога санкциите беа воведени во јули 2023 година.

Во ноември 2023 година, американскиот Стејт департмент воведе санкции и против Ненад Поповиќ, поранешен министер без ресор во Владата на Србија, и компаниите поврзани со него.

-Поповиќ одржува блиски врски со Кремљ и ја користи својата мрежа за коруптивни шеми за лично да се збогати, наведе во соопштението портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Поповиќ е поранешен потпретседател на Народното собрание на Република Србија и претседател на парламентарната група за пријателство со Руската Федерација. Тој е поранешен потпретседател на Демократската партија на Србија (ДСС).

-Од 1990-тите, Поповиќ ги користи своите деловни зделки во Русија за да се збогати и да стекне блиски врски со високи лидери на Кремљ. Поповиќ продолжи да ги користи своите врски со Кремљ за да обезбеди бизнис за неговите холдинг компании, од кои повеќето работат во консултантскиот сектор, за недвижности и електроника за руската економија, за да го изгради своето лично богатство преку проневера и даночни шеми. Стејт департментот го означи Ненад Поповиќ како некој кој работи за електронскиот сектор на Руската Федерација. Главните холдинзи на Поповиќ со седиште во Русија ги вклучуваат „Asset Electro LLC“ и „Asset Automation LLC“. „Mosen Asset Management LLC“ управува со секојдневното работење на холдинзите на Поповиќ во Русија, соопштија американските власти

The post Стејт Департментот е разочаран што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија appeared first on Република.

]]>

По соопштувањето на составот на новата српска Влада реагираше Стејт департментот на САД дека се „разочарани што гледаат две санкционирани лица предложени за функции во новата влада“, јави дописникот на МИА од Белград. Според најавите од мандатарот Милош Вучевиќ, во новата Влада на Србија ќе има и двајца членови кои се под санкции на САД- Александар Вулин, кој е предложен за вицепремиер и Ненад Поповиќ, кој е предложен за министер без ресор. -Нашиот став за господинот Вулин е добро познат. Тој останува под санкции на САД, се наведува во соопштението на портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка, во кое се додава дека САД не играат никаква улога во кадровските решенија на српската влада. Мандатарот за состав на новата Влада на Србија и претседателот на Српската напредна партија (СНС) Милош Вучевиќ го именуваше Александар Вулин, еден од најконтроверзните актери на српската политичка сцена, кој се смета за лице со силни руски врски и кој од 11 јули минатата година е на листата на санкции на Министерството за финансии на САД за „коруптивни и дестабилизирачки акти“, заради унапредување на сопствени политички агенди и лични интереси, на штета на мирот и стабилноста на Западен Балкан. -Тие коруптивни зделки го олеснуваат ширењето на руските злонамерни активности во Србија и во регионот, се наведува во соопштението на Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) кога санкциите беа воведени во јули 2023 година. Во ноември 2023 година, американскиот Стејт департмент воведе санкции и против Ненад Поповиќ, поранешен министер без ресор во Владата на Србија, и компаниите поврзани со него. -Поповиќ одржува блиски врски со Кремљ и ја користи својата мрежа за коруптивни шеми за лично да се збогати, наведе во соопштението портпаролот на Стејт департментот Метју Милер. Поповиќ е поранешен потпретседател на Народното собрание на Република Србија и претседател на парламентарната група за пријателство со Руската Федерација. Тој е поранешен потпретседател на Демократската партија на Србија (ДСС). -Од 1990-тите, Поповиќ ги користи своите деловни зделки во Русија за да се збогати и да стекне блиски врски со високи лидери на Кремљ. Поповиќ продолжи да ги користи своите врски со Кремљ за да обезбеди бизнис за неговите холдинг компании, од кои повеќето работат во консултантскиот сектор, за недвижности и електроника за руската економија, за да го изгради своето лично богатство преку проневера и даночни шеми. Стејт департментот го означи Ненад Поповиќ како некој кој работи за електронскиот сектор на Руската Федерација. Главните холдинзи на Поповиќ со седиште во Русија ги вклучуваат „Asset Electro LLC“ и „Asset Automation LLC“. „Mosen Asset Management LLC“ управува со секојдневното работење на холдинзите на Поповиќ во Русија, соопштија американските власти

The post Стејт Департментот е разочаран што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија appeared first on Република.

]]>
Во Македонија има сериозна владина корупција и насилство врз новинари, се вели во Извештајот на Стејт департментот за човекови права https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-makedonija-ima-seriozna-vladina-koruptsija-i-nasilstvo-vrz-novinari-se-veli-vo-izveshtajot-na-stejt-departmentot-za-chovekovi-prava/ Mon, 22 Apr 2024 20:22:12 +0000 https://republika.mk/?p=769479

Сериозна владина корупција и сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, вклучително и насилство и закани со насилство врз новинари, се регистрирани во извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Македонија во 2023 година, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

Извештајот наведува дека законот предвидува кривични казни за корупција од страна на функционери, но оти владата не го спровела ефективно.

Имаше бројни извештаи за владина корупција. Во септември, владата усвои измени на Кривичниот законик, значително намалувајќи ги обвиненијата и казните за кривични дела поврзани со корупција. Невладините организации тврдеа дека како најголем работодавач во земјата, доминантната улога на владата во економијата, создава широки можности за корупција, се вели во документот.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) забележала дека корупцијата генерално се влошила.

Извештајот нотира значителни „одложувања во судењата кои вклучуваат сериозна корупција, при што само неколку беа завршени до септември, вклучително и оние против поранешни владини функционери. ОЈО Скопје покрена истрага за наводите дека персоналот на Државната клиника за онкологија крадел лекови за рак и ги продавал на црниот пазар. Граѓаните во многу наврати протестираа поради овие наводи, а полицијата и обвинителството на 1 септември упаднаа во клиниката за да соберат докази“.

Уставот предвидува независно судство, но владата не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност, стои во извештајот.

Веродостојните извештаи за неоправдано судско несоодветно однесување, непотребен политички и деловен притисок врз судиите, непотизам, клиентелизам, долготрајна правда, несоодветно финансирање, отпор кон користење на законски задолжителна технологија и недоволен кадар, ја попречија судската ефикасност и влијаеше на довербата на јавноста во владеењето на правото, забалежува Стејт департментот.

Анкетите покажаа силна недоверба на јавноста кон судството, се посочува во извештајот. „Унапредување под политичко влијание без заслуга или транспарентност се случи во судството и обвинителството. Во јануари, Судскиот совет утврди дека двајца судии на Апелациониот суд во Скопје свесно ги одложиле одлуките за да ги истуркаат обвинетите да го поминат рокот на застареност. На 26 април, Судскиот совет го разреши својот претседател, потег што критичарите тврдеа дека укажува на политичко мешање. Двајца членови поднесоа оставки од Судскиот совет како одговор, а неколку истакнати граѓански организации побараа целосна оставка на Советот“.

Според медиумите и граѓанските организации, слободата на изразување била поткопана од неефикасноста на правосудниот систем, недостатокот на транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции, несоодветното однесување во име на јавните службеници во нивната интеракција со новинарите, притисокот врз новинарите кои истражуваат корупција, дезинформациите, говорот на омраза во онлајн и социјалните медиуми, и самоцензура.

Независните медиумски здруженија изразиле стравување во врска со предложените измени на Законот за аудио и аудио-визуелни услуги, кои би можеле да дозволат владини кампањи од „висок јавен интерес“ да се рекламираат преку комерцијалните радиодифузери. Критичарите тврдат дека ова може да ја влоши медиумската корупција и уредувачкото мешање, вели извештајот.

Медиумскиот синдикат известил за случаи на притисоци и закани врз членовите поради спротивставување на овие амандмани.

Законот забранува говор кој поттикнува национална, верска или етничка омраза и предвидува казни за прекршоци. Покрај телевизијата и социјалните медиуми, овие ограничувања ги опфатија печатените и радиодифузните медиуми, објавувањето книги и онлајн весниците и списанијата. Владата презеде ограничени чекори за да ги идентификува и казни службениците кои можеби извршиле кршење на човековите права, забележува извештајот.

Во однос на заштитата на припадниците на расните или етничките групи од насилство и дискриминација, извештајот регистрира оти коалицијата Маргини пријавила 24 случаи на прекршувања кон Ромите во однос на пристап до здравје, социјална заштита, пристап до добра и услуги, заштита од родово засновано насилство и несоодветно внесување податоци во лични документи.

Во извештајот се вели и дека министерот за правда ги затворил бугарските културни клубови „Цар Борис Трети“ и „Иван (Ванчо) Михајлов“, повикувајќи се на законот од 2022 година, со кој се бара од организациите именувани по поддржувачи или соработници на фашизмот да ги променат своите имиња.

Стејт департментот ја нотира состојбата со човековите права во речиси 200 земји и територии низ светот.

Властите на Бугарија продолжиле да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Во однос на слобода на здружување во Бугарија, извештајот вели дека законот предвидува право на слобода на здружување и оти владата генерално го почитувала, но оти „властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединета македонска организација-Илинден, Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија-жртви на комунистичкиот терор, Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права 2023 година и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров““.

И покрај бројните претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите, се наведува во извештајот.

Во него се додава дека во февруари, Окружниот суд во Пловдив ја потврдил одлуката на Агенцијата за регистрација со која се одбива регистрацијата на Обединетата македонска организација Илинден-Пловдив, со образложение дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонското етничко малцинство, биле насочени кон поделба на нацијата и ќе создадат услови за етнички конфликт.

Во мај, Апелациониот суд во Пловдив ја потврди одлуката на понискиот суд, нотира извештајот на Стејт департментот.

The post Во Македонија има сериозна владина корупција и насилство врз новинари, се вели во Извештајот на Стејт департментот за човекови права appeared first on Република.

]]>

Сериозна владина корупција и сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, вклучително и насилство и закани со насилство врз новинари, се регистрирани во извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Македонија во 2023 година, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик. Извештајот наведува дека законот предвидува кривични казни за корупција од страна на функционери, но оти владата не го спровела ефективно. Имаше бројни извештаи за владина корупција. Во септември, владата усвои измени на Кривичниот законик, значително намалувајќи ги обвиненијата и казните за кривични дела поврзани со корупција. Невладините организации тврдеа дека како најголем работодавач во земјата, доминантната улога на владата во економијата, создава широки можности за корупција, се вели во документот. Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) забележала дека корупцијата генерално се влошила. Извештајот нотира значителни „одложувања во судењата кои вклучуваат сериозна корупција, при што само неколку беа завршени до септември, вклучително и оние против поранешни владини функционери. ОЈО Скопје покрена истрага за наводите дека персоналот на Државната клиника за онкологија крадел лекови за рак и ги продавал на црниот пазар. Граѓаните во многу наврати протестираа поради овие наводи, а полицијата и обвинителството на 1 септември упаднаа во клиниката за да соберат докази“. Уставот предвидува независно судство, но владата не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност, стои во извештајот. Веродостојните извештаи за неоправдано судско несоодветно однесување, непотребен политички и деловен притисок врз судиите, непотизам, клиентелизам, долготрајна правда, несоодветно финансирање, отпор кон користење на законски задолжителна технологија и недоволен кадар, ја попречија судската ефикасност и влијаеше на довербата на јавноста во владеењето на правото, забалежува Стејт департментот. Анкетите покажаа силна недоверба на јавноста кон судството, се посочува во извештајот. „Унапредување под политичко влијание без заслуга или транспарентност се случи во судството и обвинителството. Во јануари, Судскиот совет утврди дека двајца судии на Апелациониот суд во Скопје свесно ги одложиле одлуките за да ги истуркаат обвинетите да го поминат рокот на застареност. На 26 април, Судскиот совет го разреши својот претседател, потег што критичарите тврдеа дека укажува на политичко мешање. Двајца членови поднесоа оставки од Судскиот совет како одговор, а неколку истакнати граѓански организации побараа целосна оставка на Советот“. Според медиумите и граѓанските организации, слободата на изразување била поткопана од неефикасноста на правосудниот систем, недостатокот на транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции, несоодветното однесување во име на јавните службеници во нивната интеракција со новинарите, притисокот врз новинарите кои истражуваат корупција, дезинформациите, говорот на омраза во онлајн и социјалните медиуми, и самоцензура. Независните медиумски здруженија изразиле стравување во врска со предложените измени на Законот за аудио и аудио-визуелни услуги, кои би можеле да дозволат владини кампањи од „висок јавен интерес“ да се рекламираат преку комерцијалните радиодифузери. Критичарите тврдат дека ова може да ја влоши медиумската корупција и уредувачкото мешање, вели извештајот. Медиумскиот синдикат известил за случаи на притисоци и закани врз членовите поради спротивставување на овие амандмани. Законот забранува говор кој поттикнува национална, верска или етничка омраза и предвидува казни за прекршоци. Покрај телевизијата и социјалните медиуми, овие ограничувања ги опфатија печатените и радиодифузните медиуми, објавувањето книги и онлајн весниците и списанијата. Владата презеде ограничени чекори за да ги идентификува и казни службениците кои можеби извршиле кршење на човековите права, забележува извештајот. Во однос на заштитата на припадниците на расните или етничките групи од насилство и дискриминација, извештајот регистрира оти коалицијата Маргини пријавила 24 случаи на прекршувања кон Ромите во однос на пристап до здравје, социјална заштита, пристап до добра и услуги, заштита од родово засновано насилство и несоодветно внесување податоци во лични документи. Во извештајот се вели и дека министерот за правда ги затворил бугарските културни клубови „Цар Борис Трети“ и „Иван (Ванчо) Михајлов“, повикувајќи се на законот од 2022 година, со кој се бара од организациите именувани по поддржувачи или соработници на фашизмот да ги променат своите имиња. Стејт департментот ја нотира состојбата со човековите права во речиси 200 земји и територии низ светот. Властите на Бугарија продолжиле да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи Во однос на слобода на здружување во Бугарија, извештајот вели дека законот предвидува право на слобода на здружување и оти владата генерално го почитувала, но оти „властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединета македонска организација-Илинден, Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија-жртви на комунистичкиот терор, Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права 2023 година и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров““. И покрај бројните претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите, се наведува во извештајот. Во него се додава дека во февруари, Окружниот суд во Пловдив ја потврдил одлуката на Агенцијата за регистрација со која се одбива регистрацијата на Обединетата македонска организација Илинден-Пловдив, со образложение дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонското етничко малцинство, биле насочени кон поделба на нацијата и ќе создадат услови за етнички конфликт. Во мај, Апелациониот суд во Пловдив ја потврди одлуката на понискиот суд, нотира извештајот на Стејт департментот.

The post Во Македонија има сериозна владина корупција и насилство врз новинари, се вели во Извештајот на Стејт департментот за човекови права appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент: Украина спроведува тешка цензура на информации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stejt-department-ukraina-sproveduva-teshka-tsenzura-na-informatsii/ Mon, 01 Apr 2024 14:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=760986

Од американскиот Стејт департмент реагираа дека властите на Украина спроведуваат тешка цензура на информации.

Украинската влада треба да биде поотворена за јавноста во соопштувањето на тешката вистина за ситуацијата на бојното поле, изјави високиот функционер на Стејт департментот, Џејмс Рубин.

Во интервју за „Политико“, Рубин, кој го предводи Глобалниот центар за ангажман, агенција задолжена да се спротивстави на дезинформациите, истакнува дека иако Украина „се движи во вистинската насока“, таа сè уште не е „целосно развиена демократија“, што имплицира одредени ограничувања за медиумите во земјата.

Дипломатот ја повика украинската влада да биде помалку рестриктивна во контролирањето на медиумското покривање на конфликтот.

The post Стејт департмент: Украина спроведува тешка цензура на информации appeared first on Република.

]]>

Од американскиот Стејт департмент реагираа дека властите на Украина спроведуваат тешка цензура на информации.
Украинската влада треба да биде поотворена за јавноста во соопштувањето на тешката вистина за ситуацијата на бојното поле, изјави високиот функционер на Стејт департментот, Џејмс Рубин.
Во интервју за „Политико“, Рубин, кој го предводи Глобалниот центар за ангажман, агенција задолжена да се спротивстави на дезинформациите, истакнува дека иако Украина „се движи во вистинската насока“, таа сè уште не е „целосно развиена демократија“, што имплицира одредени ограничувања за медиумите во земјата. Дипломатот ја повика украинската влада да биде помалку рестриктивна во контролирањето на медиумското покривање на конфликтот.

The post Стејт департмент: Украина спроведува тешка цензура на информации appeared first on Република.

]]>
Блинкен има кредибилни информации, Јакимовски ја злоупотребил функцијата за лична корист https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/blinken-ima-kredibilni-informatsii-jakimovski-ja-zloupotrebil-funktsijata-za-lichna-korist/ Wed, 20 Mar 2024 16:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=756783

Стевчо Јакимовски ја злоупотребил својата јавна функција со мешање во јавните процеси, кои се однесуваат, меѓу другото, на јавни набавки и урбанистичко планирање, за лична корист и во корист на неговите соработници, изјавија за Гласот на Америка на македонски од прес-службата на Стејт департментот, на барањето да ја искоментираат изјавата на Јакимовски оти одлуката на САД да го стават на црна листа е „мешање на странски разузнавачки служби во изборот на претседател на државата“.

– Делот 7031(c) предвидува дека функционерите на странски влади за кои државниот секретар има кредибилни информации за директна или индиректна вмешаност во значителна корупција или грубо кршење на човековите права, не се подобни за влез во САД, изјавија од Стејт департментот.

Функцијата државен секретар на САД сега ја извршува Ентони Блинкен. Инаку, САД вчера ги санкционираа градоначалникот на Општина Карпош и претседателски кандидат Јакимовски, како и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, заедно со членови на нивните потесни семејства, за вклученост во коруптивни дела, поткопување на владеење на правото и довербата на јавноста во демократските институции. Јакимовски најави кривична пријава против непознат сторител за мешање во внатрешни работи.

The post Блинкен има кредибилни информации, Јакимовски ја злоупотребил функцијата за лична корист appeared first on Република.

Стејт департмент: Итно да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина за динарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stejt-department-itno-da-prodolzhi-dijalogot-megu-belgrad-i-prishtina-za-dinarot/ Wed, 20 Mar 2024 07:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=756532

Стејт департментот смета дека дијалогот со поддршка на ЕУ е вистинскиот канал за решавање на прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и дека дискусиите за динарот треба да продолжат што е можно поскоро, изјави заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

Тој на синоќешната прес-конференција ги поздрави разговорите на делегациите на Србија и Косово предводени од Петар Петковиќ и Бесник Бислими со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак.

Пател ја повтори загриженоста на Вашингтон поради декретот за ограничување на увозот и употребата на српскиот динар во Косово и повторно ги повика Белград и Приштина да ги деескалираат тензиите.

Тој нагласи дека ставот на САД е дека разговорите треба да продолжат итно.

The post Стејт департмент: Итно да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина за динарот appeared first on Република.

]]>

Стејт департментот смета дека дијалогот со поддршка на ЕУ е вистинскиот канал за решавање на прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и дека дискусиите за динарот треба да продолжат што е можно поскоро, изјави заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател. Тој на синоќешната прес-конференција ги поздрави разговорите на делегациите на Србија и Косово предводени од Петар Петковиќ и Бесник Бислими со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак. Пател ја повтори загриженоста на Вашингтон поради декретот за ограничување на увозот и употребата на српскиот динар во Косово и повторно ги повика Белград и Приштина да ги деескалираат тензиите. Тој нагласи дека ставот на САД е дека разговорите треба да продолжат итно.

The post Стејт департмент: Итно да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина за динарот appeared first on Република.

]]>
Стејт департментот одобри продажба на тактички возила на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stejt-departmentot-odobri-prodazhba-na-taktichki-vozila-na-makedonija/ Sun, 10 Mar 2024 14:29:09 +0000 https://republika.mk/?p=753345

Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на лесни тактички воени возила на Владата на Македонија, опрема и програми, чија вредност се проценува на околу 111 милиони долари, објави Американската агенција за одбранбена безбедносна соработка (DSCA).

Вчера DSCA достави соодветна документација до Конгресот за можна продажба, беше објавено на веб-страницата на Стејт департментот.

Нагласено е дека предложената продажба ќе ја поддржи надворешната политика и националната безбедност на САД бидејќи ќе ја зајакне безбедноста на сојузниците во НАТО.

Предложената продажба ќе го зајакне капацитетот на Македонија да се справи со сегашните и идните закани со тактички возила за одвраќање на противниците и учество во операциите на НАТО, се вели во соопштението.

Се додава дека предложената продажба на опрема нема да ја наруши воената рамнотежа во регионот.

The post Стејт департментот одобри продажба на тактички возила на Македонија appeared first on Република.

]]>

Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на лесни тактички воени возила на Владата на Македонија, опрема и програми, чија вредност се проценува на околу 111 милиони долари, објави Американската агенција за одбранбена безбедносна соработка (DSCA). Вчера DSCA достави соодветна документација до Конгресот за можна продажба, беше објавено на веб-страницата на Стејт департментот. Нагласено е дека предложената продажба ќе ја поддржи надворешната политика и националната безбедност на САД бидејќи ќе ја зајакне безбедноста на сојузниците во НАТО. Предложената продажба ќе го зајакне капацитетот на Македонија да се справи со сегашните и идните закани со тактички возила за одвраќање на противниците и учество во операциите на НАТО, се вели во соопштението. Се додава дека предложената продажба на опрема нема да ја наруши воената рамнотежа во регионот.

The post Стејт департментот одобри продажба на тактички возила на Македонија appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент: Силно ги поддржуваме сите напори за истрага на корупција во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stejt-department-silno-gi-poddrzhuvame-site-napori-za-istraga-na-koruptsija-vo-severna-makedonija/ Thu, 01 Feb 2024 14:04:23 +0000 https://republika.mk/?p=739440

Силно ги поддржуваме напорите на Македонија да бара одговорност од оние што ја злоупотребуваат довербата на јавноста за лична корист, изјави за Гласот на Америка на македонски портпарол на Стејт департментот, на прашање за иницијативата на Министерството за надворешни работи да се санкционираат и дома лицата и субјектите што се ставаат на црната листа на САД.

Иако не коментираме за законодавството што се очекува, ние поздравуваме и силно поддржуваме какви било и сите напори за истрага на наводни коруптивни криминални активности и да се повикаат на одговорност оние кои ja злоупотребуваат јавната доверба за лична корист, изјавија од Стејт департментот.

Оттаму велат дека „институционалните и законски реформи кои ја зголемуваат транспарентноста и ја зајакнуваат борбата против корупцијата би биле добредојдени не само од меѓународната заедница, туку и од сите граѓани на Македонија“.

Согласно предложените измени на Законот за рестриктивни мерки, правните акти на САД и Обединетото Кралство ќе бидат валидна основа за ставање на лица или компании на домашниот список на санкции.

Целта, како што рече министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе биде одржување на меѓународниот мир, безбедноста, почитување на човековите права и основни слободи, како и борба против корупцијата.

Поради вмешаност во значителна корупција, САД во текот на изминативе две години ги санкционираа поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, градоначалникот на Струга Рамис Мерко, Ратка Камчева, Сергеј и Ирина Самсонеко и фирми, Орце Камчев, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.

Сепак, лани, со европско знаменце и во забрзана постапка, Собранието ги помина измените на Кривичниот законик, кои предвидуваат пониски казни за службени лица и функционери кои ќе ја злоупотребат својата позиција.

The post Стејт департмент: Силно ги поддржуваме сите напори за истрага на корупција во Македонија appeared first on Република.

Стејт департментот го заобиколи Конгресот и одобри итна продажба на оружје на Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stejt-departmentot-go-zaobikoli-kongresot-i-odobri-itna-prodazhba-na-oruzhje-na-izrael/ Sat, 30 Dec 2023 09:06:04 +0000 https://republika.mk/?p=728115

Американскиот Стејт департмент по втор пат овој месец,го заобиколи Конгресот за да одобри итна продажба на оружје на Израел.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го извести Конгресот дека донел втора итна одлука, која ја покрива продажбата на опрема од 147,5 милиони долари на Израел, вклучително и осигурувачи и муниција потребни за опремување на гранати од 155 мм што Израел веќе ги има, соопшти Стејт департментот.

Со оглед на итноста на израелските одбранбени потреби, секретарот го извести Конгресот дека го искористил своето делегирано овластување за да утврди постоење на вонредна состојба, што бара итно одобрување на трансферот, се вели во соопштението.

Стејт департментот додава дека САД се посветени на безбедноста на Израел и наведува дека од витално значење за националните интереси на САД е да обезбедат Израел да биде во состојба да се брани од заканите со кои се соочува.

Во него се додава дека САД постојано ѝ нагласиле на израелската Влада дека Израел мора да го почитува меѓународното хуманитарно право и да ги преземе сите мерки за да спречи цивилни жртви за време на операциите во Појасот Газа.

The post Стејт департментот го заобиколи Конгресот и одобри итна продажба на оружје на Израел appeared first on Република.

]]>

Американскиот Стејт департмент по втор пат овој месец,го заобиколи Конгресот за да одобри итна продажба на оружје на Израел. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го извести Конгресот дека донел втора итна одлука, која ја покрива продажбата на опрема од 147,5 милиони долари на Израел, вклучително и осигурувачи и муниција потребни за опремување на гранати од 155 мм што Израел веќе ги има, соопшти Стејт департментот.
Со оглед на итноста на израелските одбранбени потреби, секретарот го извести Конгресот дека го искористил своето делегирано овластување за да утврди постоење на вонредна состојба, што бара итно одобрување на трансферот, се вели во соопштението.
Стејт департментот додава дека САД се посветени на безбедноста на Израел и наведува дека од витално значење за националните интереси на САД е да обезбедат Израел да биде во состојба да се брани од заканите со кои се соочува. Во него се додава дека САД постојано ѝ нагласиле на израелската Влада дека Израел мора да го почитува меѓународното хуманитарно право и да ги преземе сите мерки за да спречи цивилни жртви за време на операциите во Појасот Газа.

The post Стејт департментот го заобиколи Конгресот и одобри итна продажба на оружје на Израел appeared first on Република.

]]>
Стејт Департмент: Да се реформира судскиот, здравствениот и образовниот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stejt-department-da-se-reformira-sudskiot-zdravstveniot-i-obrazovniot-sektor/ Thu, 21 Dec 2023 08:58:23 +0000 https://republika.mk/?p=725155

САД ја охрабруваат Владата на Македонија да ги преземе сите можни мерки за да се постигне најдобрата можна иднина на земјата, изјавија од Стејт департментот за МИА.

„Ова вклучува реформи во судскиот, здравствениот и образовниот сектор, со што ќе се поплочи патот за целосна интеграција во ЕУ“, вели портпарол на Стејт департментот.

На прашањето дали дипломатијата на САД помага во надминување на ќор-сокакот со неможноста да се изгласаат уставните измени како предуслов за напредок во претпристапните преговори со ЕУ, портпаролот вели дека одговорот за тоа треба да се бара на претстојните избори.

„Се надеваме дека на претстојните избори гласачите ќе бараат транспарентност и одговорност од избраните лица и ќе побараат посилна, подобра и попросперитена земја која ја заслужуваат“, изјави портпаролот.

Тој потсетува дека државниот секретар Ентони Блинкен и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан при неодамнешната посета на земјата укажале на тоа кој е патот за напредок на Македонија.

The post Стејт Департмент: Да се реформира судскиот, здравствениот и образовниот сектор appeared first on Република.

САД: Македонија е клучен НАТО сојузник и стратешки партнер на Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sad-severna-makedonija-e-kluchen-nato-sojuznik-i-strateshki-partner-na-balkanot/ Wed, 29 Nov 2023 20:20:55 +0000 https://republika.mk/?p=717770

Македонија е наш клучен НАТО сојузник и стратешки партнер на Балканот и ги поддржуваме стремежите на земјата за целосна интеграција во евроатлантските институции, се вели во соопштение објавено денес од Стејт департментот, а во заднина на средбата на државниот секретар Ентони Блинкен со премиерот Димитар Ковачевски во Скопје.

Во него се вели и дека Македонија покажала огромно лидерство на глобалната сцена како претседавач со ОБСЕ, предводејќи ја Европа пред рускиот „опструкционизам“ во организацијата.

САД се исто така посветени во помошта на нашата земја да развива инклуизвна демократија и граѓанска власт, како и да се бори против корупцијата и дискриминацијата.

Вашингтон помага на нашата земја во зајакнување на владеењето на правото; зајакнување и диверзификација на економијата; промовирање на слободата на медиумите; и изградба на поголеми демократски институции во целосно, инклузивно, мултиетничко општество.

Во соопштението се вели дека „билатералната соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија е силна и се фокусира на зајакнување на демократските институции, реформите на владеењето на правото и економскиот развој кој ја поддржува регионалната интеграција и енергетската безбедност“.

-САД го ценат безбедноснот партнерство со Македонија како цврст сојузник во НАТО. Членството на Македонија во НАТО ја зајакнува безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион на Западен Балкан, се вели во соопштението од Стејт департментот.

Од информациите објавени овде се потсетува дека Македонија е членка на Светската трговска организација од 2003 година, а од неодамна се приклучи на Договорот за државни набавки на СТО и има преговарано за Договори за слободна трговија со многу од нејзините соседи.

Во 2022 година, вкупната трговска размена меѓу Македонија и САД изнесувала 270 милиони долари. Американските електро машини и опрема се особено привлечни за увозниците во земјава.

Главниот извоз на нашата земја во САД е тутун, облека, железо и челик.

Понатаму, помошта на САД за Македонија се фокусира на зајакнување на демократските и економските реформи потребни за зајакнување на напредокот кон пристапувањето во ЕУ... Промовирање на економски реформи и можности, стимулирајќи ја енергетската и кибер еластичноста и развивајќи разновидна работна сила.

Од 1993 година досега САД доделиле повеќе од 1.3 милијарди долари помош за Македонија.

Се потсетува дека Македонија е членка на повеќе меѓународи организации во кои тесно соработува со САД, вклучувајќи ги ОН, ОБСЕ, Јадранската повелба, ММФ. Земјата е и официјален кандидат за членство во ЕУ откако Европскиот совет одлучи да ги отвори преговорите за пристапување во ЕУ со Македонија во 2020 година.

-Македонија покажа огромно лидерство на глобалната сцена како претседавач со ОБСЕ, предводејќи ја Европа пред рускиот опструкционизам. Земјата е претседавач со Групата А5 за 2023 година, чија цел е да ги зајакне демократските институции, да промовира мир и стабилност и подлабоко да ги интегрира земјите од регионот во евроатлантската заедница. Историскиот договор од Преспа од 2019 година го реши спорот меѓу Грција и Македонија што го отежнуваше пристапувањето на земјата во НАТО и ЕУ, се вели во соопштението од Стејт департментот.

The post САД: Македонија е клучен НАТО сојузник и стратешки партнер на Балканот appeared first on Република.

]]>

Македонија е наш клучен НАТО сојузник и стратешки партнер на Балканот и ги поддржуваме стремежите на земјата за целосна интеграција во евроатлантските институции, се вели во соопштение објавено денес од Стејт департментот, а во заднина на средбата на државниот секретар Ентони Блинкен со премиерот Димитар Ковачевски во Скопје. Во него се вели и дека Македонија покажала огромно лидерство на глобалната сцена како претседавач со ОБСЕ, предводејќи ја Европа пред рускиот „опструкционизам“ во организацијата. САД се исто така посветени во помошта на нашата земја да развива инклуизвна демократија и граѓанска власт, како и да се бори против корупцијата и дискриминацијата. Вашингтон помага на нашата земја во зајакнување на владеењето на правото; зајакнување и диверзификација на економијата; промовирање на слободата на медиумите; и изградба на поголеми демократски институции во целосно, инклузивно, мултиетничко општество. Во соопштението се вели дека „билатералната соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија е силна и се фокусира на зајакнување на демократските институции, реформите на владеењето на правото и економскиот развој кој ја поддржува регионалната интеграција и енергетската безбедност“. -САД го ценат безбедноснот партнерство со Македонија како цврст сојузник во НАТО. Членството на Македонија во НАТО ја зајакнува безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион на Западен Балкан, се вели во соопштението од Стејт департментот. Од информациите објавени овде се потсетува дека Македонија е членка на Светската трговска организација од 2003 година, а од неодамна се приклучи на Договорот за државни набавки на СТО и има преговарано за Договори за слободна трговија со многу од нејзините соседи. Во 2022 година, вкупната трговска размена меѓу Македонија и САД изнесувала 270 милиони долари. Американските електро машини и опрема се особено привлечни за увозниците во земјава. Главниот извоз на нашата земја во САД е тутун, облека, железо и челик. Понатаму, помошта на САД за Македонија се фокусира на зајакнување на демократските и економските реформи потребни за зајакнување на напредокот кон пристапувањето во ЕУ... Промовирање на економски реформи и можности, стимулирајќи ја енергетската и кибер еластичноста и развивајќи разновидна работна сила. Од 1993 година досега САД доделиле повеќе од 1.3 милијарди долари помош за Македонија. Се потсетува дека Македонија е членка на повеќе меѓународи организации во кои тесно соработува со САД, вклучувајќи ги ОН, ОБСЕ, Јадранската повелба, ММФ. Земјата е и официјален кандидат за членство во ЕУ откако Европскиот совет одлучи да ги отвори преговорите за пристапување во ЕУ со Македонија во 2020 година. -Македонија покажа огромно лидерство на глобалната сцена како претседавач со ОБСЕ, предводејќи ја Европа пред рускиот опструкционизам. Земјата е претседавач со Групата А5 за 2023 година, чија цел е да ги зајакне демократските институции, да промовира мир и стабилност и подлабоко да ги интегрира земјите од регионот во евроатлантската заедница. Историскиот договор од Преспа од 2019 година го реши спорот меѓу Грција и Македонија што го отежнуваше пристапувањето на земјата во НАТО и ЕУ, се вели во соопштението од Стејт департментот.

The post САД: Македонија е клучен НАТО сојузник и стратешки партнер на Балканот appeared first on Република.

]]>