Стејт Деартмент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stejt-deartment/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Apr 2024 08:06:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стејт Деартмент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stejt-deartment/ 32 32 Грција реагира што во кампањата се користи името „Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grtsija-reagira-shto-vo-kampanata-se-koristi-imeto-makedonija/ Fri, 12 Apr 2024 07:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=765189

САД очекуваат Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа, а јавниот дискурс да биде базиран на факти, соопштија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик.

Пред претстојните претседателски и парламентарни избори во државата, медиумите во Грција пишуваат дека Атина одблизу ги следи политичките изјави поврзани со Преспанскиот договор и употребата на името Македонија во изборната кампања на некои кандидати.

- Исто како што САД остануваат посветени на Договорот од Преспа, ние очекуваме Македонија да го одржи овој дух и јавниот дискурс да остане базиран на факти и вкоренет во посветеноста на иднината на Македонија во ЕУ, одговори портпарол на Стејт департментот, на прашањето дали САД се загрижени за можно поткопување на Договорот од Преспа.

Претседателот на САД Џо Бајден, во 2021 година потпиша извршна наредба, со која се предвиде замрзнување на имот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор.

- Оние кои се одговорни или се вклучени, директно или индиректно, во нарушување или во дејствие кое ја попречува или е закана за имплементацијата на кој било регионален безбедносен, мировен или договор за соработка, или рамковен договор поврзан со Западен Балкан, вклучувајќи ги Договорот од Преспа од 2018 година, Охридскиот рамковен договор од 2001 година“, стои во извршната наредба на Бајден.

Стејт департментот тогаш појасни дека извршната наредба не се однесува само на лица во државите на Западен Балкан кои го загрозуваат Договорот од Преспа, туку и во други држави.

Ова дојде како одговор на прашање на Гласот на Америка на македонски, дали администрацијата на Бајден планира да ги прошири санкциите и во Грција, која е потписник на Преспанскиот договор.

„Извршната наредба 14033 дозволува санкции против оние што ја потценуваат стабилноста на Западниот Балкан, каде и да се наоѓаат, под услов да ги исполнуваат релевантните критериуми за таргетирање“.

САД нагласија дека охрабруваат силна дискусија и дебата меѓу граѓаните глобално и на Западен Балкан, и оти намерата на извршната наредба не е да се спречат приватни лица да изразуваат мислење.

- Извршната наредба се однесува на постапки кои ги потценуваат демократските процеси, на обиди за прекршување, опструкција или закана за имплементација на меѓународни мировни договори, учество во сериозна злоупотреба на човекови права, или корупција, меѓу други активности, соопшти тогаш Стејт департментот.

По извршната наредба на Бајден, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, во писмено соопштение, рече дека не учествувала во преговори и носење на Преспанскиот договор во Парламентот, како и дека тој е спротивен на македонските национални интереси.

Договорот од Преспа и неговата имплементација се спомнуваат во изборната кампања на опозицијата пред претседателските избори, кои ќе се одржат на 24 април, а вториот круг на 8 мај, заедно со парламентарните избори.

Гласот на Америка наведува дека побарал коментар и од владата на Грција. Грчкиот парламент сѐ уште нема ратификувано меморандуми поврзани со Преспанскиот договор

The post Грција реагира што во кампањата се користи името „Македонија“ appeared first on Република.

]]>

САД очекуваат Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа, а јавниот дискурс да биде базиран на факти, соопштија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик. Пред претстојните претседателски и парламентарни избори во државата, медиумите во Грција пишуваат дека Атина одблизу ги следи политичките изјави поврзани со Преспанскиот договор и употребата на името Македонија во изборната кампања на некои кандидати.
- Исто како што САД остануваат посветени на Договорот од Преспа, ние очекуваме Македонија да го одржи овој дух и јавниот дискурс да остане базиран на факти и вкоренет во посветеноста на иднината на Македонија во ЕУ, одговори портпарол на Стејт департментот, на прашањето дали САД се загрижени за можно поткопување на Договорот од Преспа.
Претседателот на САД Џо Бајден, во 2021 година потпиша извршна наредба, со која се предвиде замрзнување на имот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор.
- Оние кои се одговорни или се вклучени, директно или индиректно, во нарушување или во дејствие кое ја попречува или е закана за имплементацијата на кој било регионален безбедносен, мировен или договор за соработка, или рамковен договор поврзан со Западен Балкан, вклучувајќи ги Договорот од Преспа од 2018 година, Охридскиот рамковен договор од 2001 година“, стои во извршната наредба на Бајден.
Стејт департментот тогаш појасни дека извршната наредба не се однесува само на лица во државите на Западен Балкан кои го загрозуваат Договорот од Преспа, туку и во други држави. Ова дојде како одговор на прашање на Гласот на Америка на македонски, дали администрацијата на Бајден планира да ги прошири санкциите и во Грција, која е потписник на Преспанскиот договор.
„Извршната наредба 14033 дозволува санкции против оние што ја потценуваат стабилноста на Западниот Балкан, каде и да се наоѓаат, под услов да ги исполнуваат релевантните критериуми за таргетирање“.
САД нагласија дека охрабруваат силна дискусија и дебата меѓу граѓаните глобално и на Западен Балкан, и оти намерата на извршната наредба не е да се спречат приватни лица да изразуваат мислење.
- Извршната наредба се однесува на постапки кои ги потценуваат демократските процеси, на обиди за прекршување, опструкција или закана за имплементација на меѓународни мировни договори, учество во сериозна злоупотреба на човекови права, или корупција, меѓу други активности, соопшти тогаш Стејт департментот.
По извршната наредба на Бајден, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, во писмено соопштение, рече дека не учествувала во преговори и носење на Преспанскиот договор во Парламентот, како и дека тој е спротивен на македонските национални интереси. Договорот од Преспа и неговата имплементација се спомнуваат во изборната кампања на опозицијата пред претседателските избори, кои ќе се одржат на 24 април, а вториот круг на 8 мај, заедно со парламентарните избори. Гласот на Америка наведува дека побарал коментар и од владата на Грција. Грчкиот парламент сѐ уште нема ратификувано меморандуми поврзани со Преспанскиот договор

The post Грција реагира што во кампањата се користи името „Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Владо Мисајловски во посета на САД, учествува на Програмата за меѓународни лидери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlado-misajlovski-vo-poseta-na-sad-uchestvuva-na-programata-za-megunarodni-lideri/ Tue, 03 Oct 2023 18:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=687641

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски е во работна посета на Вашингтон, каде што на покана на Амбасадата на САД во Македонија, има можност да учествува на Програмата за меѓународни лидери, организирана од американската влада.

Денеска остваривме повеќе средби со високи претставници на Стејт Департментот, како и различни организации од политичкиот и општествениот живот во Вашингтон. Разговаравме за предизвците во надворешната политика во Европа, но и за можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете држави.
Благодарност до Амбасадата на САД за оваа можност, да бидам дел од оваа програма каде што учествуваат новинари од медиумите од цела Европа, претставници од ЕУ, невладиниот сектор и различни експерти од различни институции во Европа, објави Мисајловски на својот профил на Фејсбук.

The post Владо Мисајловски во посета на САД, учествува на Програмата за меѓународни лидери appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски е во работна посета на Вашингтон, каде што на покана на Амбасадата на САД во Македонија, има можност да учествува на Програмата за меѓународни лидери, организирана од американската влада.
Денеска остваривме повеќе средби со високи претставници на Стејт Департментот, како и различни организации од политичкиот и општествениот живот во Вашингтон. Разговаравме за предизвците во надворешната политика во Европа, но и за можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете држави. Благодарност до Амбасадата на САД за оваа можност, да бидам дел од оваа програма каде што учествуваат новинари од медиумите од цела Европа, претставници од ЕУ, невладиниот сектор и различни експерти од различни институции во Европа, објави Мисајловски на својот профил на Фејсбук.

The post Владо Мисајловски во посета на САД, учествува на Програмата за меѓународни лидери appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент: Русија мора да има јасни барања за да го решиме проблемот со извозот на жито https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stejt-department-rusija-mora-da-ima-jasni-barana-za-da-go-reshime-problemot-so-izvozot-na-zhito/ Fri, 04 Aug 2023 15:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=668787

Координаторот за санкции на американскиот Стејт департмент Џејмс О'Брајан денеска изјави дека Русија треба да биде појасна за тоа што бара за да се врати на договорот за жито.

Во разговор со новинарите, тој рече дека САД се подготвени да помогнат, но дека „не е јасно што Русија смета за успех“.

Тоа е проблемот... Русија извезува рекордни количини на жито, тие соопштија дека се работи за количина од 61,8 милиони тони минатата година, што мислам дека е 10 до 15 проценти повеќе од која било година претходно. Ако нашата мерка е количината на храна на глобално ниво, тогаш треба да се фокусираме на процесот со посредство на ОН и Турција, кој и помага на Русија да извезува, а тие се жалат на ситниците во системот кој работи многу добро, рече О'Брајан.

Тој истакна дека во изминатата година и половина, светскиот пазар почна да се опоравува од шокот предизвикан од инвазијата на Украина, но работите неодамна се влошија „бидејќи Русија одлучи да се обиде воопшто да ја спречи Украина да извезува“.

Русија го напаѓа глобалниот систем за безбедност на храната и мислам дека не треба да замижуваме пред тоа. Русија мора да остане изолирана, изразувањето солидарност за ова прашање е многу важна позиција што светот сака да го види од Русија во контекст од оваа војна, рече О'Брајан.

Тој смета дека целта на излегувањето на Москва од договорот е зголемување на цените за да се сврти вниманието на барањата на Русија.

Пред војната, Украина обезбедуваше околу 10 проценти од житото на глобалниот пазар и околу 40 до 50 проценти од она што Светскиот фонд за храна го испраќаше до најсиромашните земји во светот, рече О'Брајан.

Покрај тоа што Русија го блокира извозот и најави дека секој брод што ќе исплови ќе биде легитимна воена цел, О'Брајан истакна дека Русија бомбардира магацини и дека до вчера биле уништени 2.200 тони складирано жито.

The post Стејт департмент: Русија мора да има јасни барања за да го решиме проблемот со извозот на жито appeared first on Република.

]]>

Координаторот за санкции на американскиот Стејт департмент Џејмс О'Брајан денеска изјави дека Русија треба да биде појасна за тоа што бара за да се врати на договорот за жито. Во разговор со новинарите, тој рече дека САД се подготвени да помогнат, но дека „не е јасно што Русија смета за успех“.