Стефче Трпковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stefche-trpkovski/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Feb 2022 09:05:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стефче Трпковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/stefche-trpkovski/ 32 32 Трпковски: Министерството за економија издава концесии во Сопиште иако има негативно мислење од општината https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trpkovski-ministerstvoto-za-ekonomija-izdava-koncesii-vo-sopishte-iako-ima-negativno-mislenje-od-opshtinata/ Fri, 04 Feb 2022 09:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=453947

Градоначалникот на Општина Сопиште, Стефче Трпковски, објави дека испратил допис до Министерството за економија да ја прекине постапката за издавање на концесии за ископ на варовник на локалитетите Чифлик, Казан и Кожарево.

Градоначалникот вели дека добил известување за постапување на Министерството за Економија за доделување на концесии и покрај негативното мислење од страна на општината.

Трпковски информира дека направил увид во работата на министерството и констатирал дека сепак продолжува постапката за доделување на концесии за детални геолошки истражувања на трите локалитети за минералната суровина.

Негативните мислења се издадени во периодот од 2019 до 2020 година на барање на локалните жители, а Трпковски во дописот наведува дека министерството ќе се соочи со негативна реакција од страна на граѓаните.

Секое продолжување на постапката и издавање на дозволи и согласности од Ваша страна кои се спротивни на доставените мислења од страна на општина Сопиште ќе предизвикаат негативни реакции од страна на граѓаните и нарушување на верба во системот од овие населени места и пошироко, се вели во дописот испратен од страна на Трпковски.

The post Трпковски: Министерството за економија издава концесии во Сопиште иако има негативно мислење од општината appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Сопиште, Стефче Трпковски, објави дека испратил допис до Министерството за економија да ја прекине постапката за издавање на концесии за ископ на варовник на локалитетите Чифлик, Казан и Кожарево. Градоначалникот вели дека добил известување за постапување на Министерството за Економија за доделување на концесии и покрај негативното мислење од страна на општината. Трпковски информира дека направил увид во работата на министерството и констатирал дека сепак продолжува постапката за доделување на концесии за детални геолошки истражувања на трите локалитети за минералната суровина. Негативните мислења се издадени во периодот од 2019 до 2020 година на барање на локалните жители, а Трпковски во дописот наведува дека министерството ќе се соочи со негативна реакција од страна на граѓаните.
Секое продолжување на постапката и издавање на дозволи и согласности од Ваша страна кои се спротивни на доставените мислења од страна на општина Сопиште ќе предизвикаат негативни реакции од страна на граѓаните и нарушување на верба во системот од овие населени места и пошироко, се вели во дописот испратен од страна на Трпковски.

The post Трпковски: Министерството за економија издава концесии во Сопиште иако има негативно мислење од општината appeared first on Република.

]]>